Различни семејства

Page 1

Различни семејства



РАЗЛИЧНИ СЕМЕЈСТВА


Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада во Скопје.


РАЗЛИЧНИ СЕМЕЈСТВА Автор на текстот: Рената Дедова Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска


С

ите деца од дружината МЕЛА, како што си го викаа децата своето друштво според првите букви од нивните имиња, беа собрани во домот на Луан, освен Ана. Таа беше договорена со мајка ѝ вечерта да одат заедно на концерт на нејзиниот омилен пејач. Децата си играа разни игри, сè додека во еден момент не заѕвони некој на вратата. За кратко време, во собата на Луан влезе Ана. Сите беа многу изненадени што ја гледаат овде со нив. Ениса веднаш ја праша: „Не требаше да си ова време веќе на концерт?“, па Ана ѝ одговори: „Леле, не ме прашувај, те молам! Ќе пукнам колку сум лута!“ И Луан се заинтересира, па рече: „Зошто? Што се случи?“ Тогаш Ана, со мачен глас, им одговори: „Пропадна целиот план! Цел месец го чекав овој ден да дојде и вака да се случи?! Речиси бев подготвена кога на мајка ми ѝ заѕвони телефонот и ја викнаа итно на работа да оди! Ми се стемни! Татко ми е со скршена нога веќе три недели и не може да вози кола, а веќе беше доцна мајка ми да се јавува на родителите од другарка ми за да ме земат и мене со нив на концерт! Уфффф, колку сум лута! Мислам дека 100 години ќе ѝ бидам лута на мајка ми!“ Марко дотогаш мирно слушаше, но сега и тој се вмеша: „Чекај малку, па сигурен сум дека мама би го откажала тоа на работа ако можела. Но, кој знае што било толку итно за така од дома да ја извикаат и да мора да оди“. На ова, Ана уште повеќе се налути: „Те молам, не се ни обидувај да ја браниш! Толку време го чекав овој концерт и вака да се заврши?! Не ми се верува!“

4

На Ениса ѝ падна жал кога ја виде Ана толку вознемирена, па сакаше да ја утеши: „Ај, се надевам дека можеби наскоро ќе има пак таков концерт кај нас, па ќе можеш да одиш...“ Но, Ана тогаш ја крена главата нагоре и гласно рече: „Следен пат ќе одам сама! Ниту некој ќе прашам дали може да одам, ниту нешто ќе барам!“ Марко повторно се вмеша, па рече: „Чекај малку, како тоа мислиш?“, па Ана го погледна остро и му рече: „Ете така, фино! Од вечерва веќе нема да живеам дома со сите четворица!“ Луан многу се изненади од последново, па зачудено праша: „Ана, што ти е на тебе, што зборуваш? Па, кај ќе живееш?“, а таа му дофрли: „Ништо не ми е! Само, решив да почнам да си живеам во паркот пред зградата. Ќе си живеам сама, ќе си правам што сакам, ќе си одам кај сакам, ќе си јадам што ќе ми падне на памет...“


5


К

ога ја слушнаа идејава, некако на сите им се насмевнаа лицата. Ениса тогаш рече: „Ако е за така, јас веднаш ќе ти се придружам! Ќе јадеме еден тон сладолед секој ден и за доручек, и за ручек, и за вечера!“, а Луан додаде: „Да, да... Ќе дојдам тогаш и јас да живеам со вас, па ќе може да играме до ниедно време ноќе!“ Марко, кој дотогаш нешто не ја поддржуваше Ана, сега наеднаш рече: „Чекајте ме и мене, и јас доаѓам со вас да живеам! Така нема да има никој да ни кажува `прави ова, прави она`, туку ќе може да правиме само тоа што ни е по наша желба!“ Ениса легна на патосот, ги затвори очите и рече: „Леле, јас веќе почнав да си замислувам како ќе си направиме некоја куќичка од картон и сите ќе спиеме заедно во една соба!“

6


7


В

о тој момент, Луан се сепна: „Сето тоа е убаво да си го замислуваме, но што ќе јадеме?“, ама Ениса бргу му одговори: „Па, може да понесеме нешто од дома“. Луан не се задоволи со одговорот, па загрижено продолжи: „Колку и да понесеме од дома, тоа ќе ни трае само неколку дена. И потоа, како ќе живееме? Децата не одат на работа, па да имаат пари за да купат самите што им треба...“ Кога го слушна ова Ениса, и таа почна да се колеба: „Така е... И облека кој ќе ни купи кога оваа ќе ни се скине?“ Марко сè уште фантазираше, па рече дека може од лисја да си направат некаква облека, но Ана му рече дека така облечени може да бидат само додека е топло, а што ќе прават кога ќе застуди. Тогаш и Марко некако се пресече, па рече: „Ако веќе мислиме за кога ќе застуди, тогаш што ќе правиме со нашата куќичка од картон? Картонот не држи многу топло, а и кога ќе заврне дожд, снег, целата ќе се уништи...“ Ениса низ воздишка додаде: „Ех, уште ако се разболиме, кој ќе нè носи на лекар?“ Тогаш Марко се сети на уште една грижа: „А навечер, ако се уплашиме од нешто, кај кого да се стуткаме да нè гушне?“ Луан бргу извика: „Еве, кај мене! Јас нема да спијам ноќе и ќе ве чувам сите!“, но Ана бргу го приземји: „Ех, Луан... Колку ноќи можеш така да не спиеш? Една-две ноќи и на крај ќе заспиеш и без да знаеш!“

8


9


П

о сите идеи и грижи, Ениса рече: „Другари, да ви кажам нешто... Вие како сакате, ама јас се откажувам од идејата да живееме сами, без родители! Целата се стресов сега само што помислив како ќе ми биде да не ги видам и да не ме гушнат со денови моите родители!“ Кога го слушна ова, лицето на Ана се разнежни, па рече: „Леле, Ениса, сега вака кога кажуваш ме потсети колку ми е убаво кога ќе потонам во прегратките на татко ми – тогаш мислам дека можам така да останам со денови...“, а Марко дополни: „Да, ти повеќе се гушкаш со тато, а јас со мама!“

10


11


Т

огаш Ана ја наведна главата и тивко рече: „Леле, изгледа не било ниту лесно ниту убаво да си дете и да живееш без родители...“ Луан, пак, се сети: „Знам дека има некои деца кои имаат само еден родител – или само мајка или само татко!“, а Ениса додаде: „Па добро, како и да е – има некој да се грижи за нив. А, не како ние што се занесувавме, ќе сме живееле сами!“, па сите слатко се насмеаја. Марко тогаш се сети дека слушнал и за деца кои не живеат ниту со таа што им е мајка ниту со тој што им е татко, туку живеат со други возрасни луѓе и тие се нивното семејство. На Ениса не ѝ беше јасно каде живеат тие, па Марко ѝ одговори: „Тие живеат во дом. Тоа е како голема куќа во која има многу деца и многу возрасни кои се грижат за нив и сите се како едно големо семејство“. Овој опис ѝ заличи на Ана некако познат, па рече: „Тоа ми личи како она семејство што живее на првиот кат – заедно живеат баба, дедо, мајка, татко, три сина и две ќерки! Колку се вкупно луѓе?“ Марко почна да брои со прстите и рече: „Е па, вкупно девет! Да, слично е, но во домот има уште повеќе деца и уште повеќе возрасни“.

12


13


В

о еден момент се слушна повторно ѕвончето на вратата. Овој пат тоа беше мајката на Ана и Марко. Завршила со работа, па дојде да ги собере децата дома на вечера. Ана кога ја виде, се стрча и силно ја гушна. Таа знаеше дека ова сигурно не беше ни прв, а ни последен пат да ѝ се налути на мајка си, но исто така знаеше, независно од лутината дека многу се сакаат. А, за пропуштениот концерт Ана си рече дека ќе има сигурно пак таков, или нешто друго каде ќе сака да оди и дека тогаш желбата ќе ѝ се оствари до крај.

14


15


Издавач: УНИЦЕФ За издавачот: Нора Шабани Уредник: Виолета Петроска-Бешка Автор на текстот: Рената Дедова Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска Дизајн: КОМА CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) ДЕДОВА, Рената Различни семејства / [автор на текстот Рената Дедова ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција) ISBN 978-9989-116-90-2 1. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98849802

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015


Сите сликовници за дружината МЕЛА Дружината МЕЛА

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Јазикот на Сара

Дедото што беше слеп

Училиштен натпревар

Различни семејства

Различни јазици

И за девојчиња, и за момчиња

ПЕПЕЛАШКО

андреј и мачето

Свадба

Случките на Ениса

Петар Пан

Бајрам

Ѓурѓовден

Велигден

Игра на сенки

Меурчиња од сапуница



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.