И за девојчиња, и за момчиња
И за девојчиња, и за момчиња
Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада во Скопје.
И за девојчиња, и за момчиња Автор на текстот: Рената Дедова Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска
Б
еше убав сончев ден, па децата од дружината МЕЛА, како што си го викаа децата своето друштво според првите букви од нивните имиња, си седнаа на ќебе во паркот околу зградата каде што живееја. Зборуваа за разни работи, кога покрај нив помина едно дете од другата зграда. Марко го препозна бидејќи порано одеше заедно со него во градинка. Тој брзаше со мајка му, па само кратко се поздравија. Но, средбата со него на децата од дружината им побуди многу спомени од тоа време. Се сетија кој какво шкафче имал, каде им стоеле играчките, што најмногу сакале да играат, каде шетале, на кое јадење најмногу му се радувале, кои активности со воспитувачката им биле најинтересни... Децата сѐ уште се сеќаваа многу добро и со многу љубов, па дури и посакаа пак да можат да се вратат таму, барем на неколку дена.
4
5
Н
6
о, во еден момент Марко се сепна и рече: „Ајде да се вратиме пак во градинка, но да предложиме неколку работи што ќе бидат најстрого забранети!“ Сите го погледнаа чудно зашто никому не му беше јасно на што мисли точно. Тогаш тој објасни: „Сега се сетив и на некои други работи што се случуваа таму, а што не беа толку убави. На пример, се сетив дека еднаш нешто си цртав и помина едно дете кое намерно ми истури вода врз цртежот. Мене тоа многу ме погоди и заплакав, а воспитувачката само дојде и ми рече: `Ајде, не плачи – машко си! Момчињата не треба да плачат!` Тогаш уште полошо се почувствував...“ Ениса се натажи: „Можам да замислам како ти било! Тебе ти било тешко и ти се плачело, а некој не ти давал да плачеш. Како може така? Мене кога ми се плаче, слободно си плачам“. Но, тогаш и Луан се вмеша: „Добро, ама девојчиња кога плачат, никој ништо не им забранува. А на некое момче, кога ќе заплаче, и јас сум слушнал така да му речат“. Ана многу ја погоди ова што го слушна и рече: „Марко, зошто никогаш до сега не си ми кажал за ова?“ Тој ја наведна главата и тивко одговори: „Па, ми беше срам. Си мислев дека во градинка е така – момчињата не треба таму да плачат“. Ана тогаш објасни: „И девојчињата и момчињата имаат каналчиња во очите од каде им излегуваат солзите. Значи, и едните и другите може да плачат. Не знам од каде ли некому му паднало на памет дека солзите не се за момчињата?! Во болница кога ќе се роди бебе, тоа плаче и ако е женско и ако е машко. А сети се и на тато – и двајцата сме го виделе неколку пати да заплаче“. Ениса додаде: „Кога ти е тешко на душата и ти доаѓаат солзи, подобро е да си поплачеш и барем за малку ќе ти биде полесно отколку да си забрануваш, мислејќи што ќе речат другите!“
7
С
ега Луан беше тој што се сети на нешто друго од градинка: „А јас се сеќавам кога дојде едно момче со розева блуза во градинка, па една група деца кога почнаа да му викаат: `машко петле – шарено девојче`!“ Ениса додаде: „А детето сигурно си било среќно со блузата. Можеби ја добило како подарок за роденден...“ Сега Марко налутено се вмеша: „Тоа е многу без врска кога некој ги дели боите на машки и на женски. Не постои такво нешто. Секоја боја може секој да ја носи. И јас имам една розева кошула што си ја сакам многу“. На тоа Ениса возврати: „Исто како што јас имам омилена блуза што е сина! Толку ја сакам што, да можам, секој ден би ја носела – и лето и зима!“
8
9
А
на нешто се замисли, па сакаше да сподели: „Кога веќе зборуваме за такви случки што не биле фер – се сетив што ми се случи пред некој ден. Играв фудбал со децата од одделение. Едно девојче, кога виде што правам, ми дофрли дека сум била `машкоданка`. Не знаев што значи точно тој збор, ама разбрав дека сака да ме навреди. Јас само ѝ реков дека уживам да играм фудбал, независно дали со момчиња, со девојчиња или во `мешана` екипа. Таа тогаш кисело се насмеа и си замина“. Луан се насмеа, па рече: „Што не го покани девојчето да проба како изгледа да води топка со нозете и колку вежбање треба за тоа навистина добро да го прави како тебе? Таа не може ни да замисли колку си среќна кога ќе дадеш гол или кога убаво ќе ја подадеш топката на некој од твоја екипа...“ Марко озарено слушаше, па дополни: „Токму вчера гледав на телевизија фудбалски натпревар меѓу две женски екипи. Значи, кој што си сака, тоа може да си игра, ако има каде, со кого и ако никому не му пречи. Тоа е исто како да му се смееш на девојче кога игра со колички. А погледни на улица колку жени денес возат коли! Еднаш дури некои улици беа затворени за пешаци зашто дента имаше трка на жени со автомобили, па моравме да се враќаме со моите од околните улици“.
10
11
И
Ана се сети на слична ситуација: „Слично е и ако момче игра со кукли! Зар се направени тие само за девојчиња? А види колку чудно: кога ќе пораснат момчињата, многу од нив ќе станат татковци и ќе сакаат да играат со своите деца!“ Па и Ениса се сети на една слична нефер случка: „Се сеќавате кога беше многу топло и кога си ја потшишав косата многу кратко? Многу убаво се чувствував зашто ништо не ми пречеше и косата не ми држеше топло. Но, утредента, едни деца почнаа да викаат дека кратка коса била само за момчиња!“ Кога го слушна ова Марко, налутено рече: „Од каде им е таа идеја? Мојата омилена пејачка има кратка коса и изгледа многу убаво! Се сеќавам дека и тебе, Ениса, многу убаво ти стоеше. Тоа е исто како да речеш на некое момче дека не смее да има долга коса затоа што таа била само за девојчиња! А имам видено безброј момчиња со долги коси – пејачи, глумци, фудбалери..., па ништо не им недостасува!“
12
13
Т
ака зборувајќи, децата од дружината МЕЛА не ни забележаа колку бргу почна да се стемнува. Пред да заминат дома, Луан рече: „Бидејќи многу деца мислат дека само девојчињата треба да готват, може ли прво накратко да дојдете сите кај мене дома? Имам одличен рецепт за една прекрасна овошна салата!“ Само што слушнаа, сите со насмеани лица потрчаа кон домот на Луан за да го пробаат неговото најново готвачко чудо! Тој неманема, па знаеше да ги изненади со нешто што научил да направи во кујната и секогаш тоа беше толку вкусно, што на крај сите бараа ако има уште по некоја порција. Никој не се сомневаше дека и овој пат ќе биде така.
14
15
Издавач: УНИЦЕФ За издавачот: Нора Шабани Уредник: Виолета Петроска-Бешка Автор на текстот: Рената Дедова Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска Дизајн: КОМА CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) ДЕДОВА, Рената И за девојчиња, и за момчиња / [автор на текстот Рената Дедова ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција) ISBN 978-9989-116-94-0 1. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98850314
Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015
Сите сликовници за дружината МЕЛА Дружината МЕЛА
ОЧИЛАТА НА ЕНИСА
МАРКО ВО КОЛИЧКА
Јазикот на Сара
Дедото што беше слеп
Училиштен натпревар
Различни семејства
Различни јазици
И за девојчиња, и за момчиња
ПЕПЕЛАШКО
андреј и мачето
Свадба
Случките на Ениса
Петар Пан
Бајрам
Ѓурѓовден
Велигден
Игра на сенки
Меурчиња од сапуница