Ѓурѓовден

Page 1

Бајрам



БАЈРАМ


Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада во Скопје.


БАЈРАМ Автор на текстот: Филипина Негриевска Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска


Д

енеска на игралиштето беше помирно од обично. Луан не беше излезен цел ден, а во неговиот стан уште од утрото влегуваа и излегуваа луѓе. Сите се некако убаво облечени и радосни. Децата се чудеа што се случува. Дури попладнето Луан излезе од дома заедно со своите родители, носејќи кеси во рацете. Децата веднаш го прашаа каде ќе оди и тогаш неговите родители застанаа и им кажаа дека ќе одат да однесат малку храна и облека за семејствата што им е потребна, затоа што е Бајрам. Ана не знаеше што е тоа Бајрам и ги праша да ѝ објаснат, а Марко побрза да се пофали дека знае и ѝ рече дека Бајрам е човекот што доаѓа да ја искоси тревата во паркот. Мајка му на Луан се насмевна и ѝ кажа дека тој човек навистина се вика Бајрам, ама и дека празникот што го слават денеска, исто така, се вика Бајрам. Потоа, им рече да ги почекаат да ја однесат храната и облеката, па ќе им раскажат повеќе за празникот.

4


5


П

о некое време се вратија и седнаа на клупата. Сите деца седнаа околу нив и таткото на Луан почна да раскажува: „Бајрам е празник што се слави секоја година. Пред празникот е месецот Рамазан кога голем број муслимани постат”. На тоа Марко рече: „Го знам тоа, кога не се јаде ништо што е од животни: ни салама, ни кашкавал, ни млеко, ни чоколадно млеко!“ Мајката на Луан не се согласи: „Да, тоа е постење, но така се пости пред Велигден или Божик, а пред Бајрам тие што го слават постат така што цел ден ништо не јадат. Се јаде само ноќе, кога ќе зајде сонцето, и наутро пред да изгрее”. Ениса многу се зачуди и праша: „Уф, како може Луан да издржи без јадење цел ден?“

6


7


Т

атко му на Луан ѝ одговори дека децата не постат, постат само возрасните, а мајка му на Луан им објасни што прават децата. Таа им кажа дека во текот на месецот на постот децата, како и возрасните, треба да се обидуваат да прават добри работи, да помагаат, да бидат поскромни, да не се лутат лесно... и додаде: „На денот на празникот Бајрам децата се облекуваат во нова облека и заедно со семејствата одат на гости кај постарите. Таму ги честат со баклава”.

8


9


А

на со воодушевување рече: „Ммммм, јас многу сакам баклава! И баба ми секогаш прави баклава за Божик!“, а мајката на Луан им кажа дека и таа порано правела така: купувала кори, редела врз нив ореви, ги печела во рерна и потоа со шеќер и вода ги полевала. Таткото на Луан се сети на тоа време и рече: „ Да, цела куќа мирисаше на баклава. Оваа година купивме од слаткарница, но и таа беше многу вкусна”.

10


11


П

отоа се сврте кон местото каде што мислеше дека е неговиот син и рече: „Луан, ајде те молам, донеси баклава од дома за твоите пријатели,“ – но Луан не беше таму. Татко му зачудено повика: „Луан, Луан, каде си?“ Децата почнаа да го бараат и го здогледаа Луан, под едно дрво, како седи и брои нешто: „Педесет и пет, шеесет и охохо уште педесет... ” Ениса го здогледа прва како брои пари и го праша: „Луан од каде ти се тие пари?“ Луан без да го крене погледот од парите ѝ одговори дека тоа се парите што му ги давале кога одел на гости за Бајрам и, покажувајќи на џебот, рече: „Види колку собрав. Уште долго ќе ги бројам”. Марко сакаше да знае дали ќе си купи нешто со парите, а Луан му одговори: „Да, ќе си купам. Дел ќе одвојам за децата што имаат потреба од важни работи, а немаат воопшто пари, а со дел ќе си купам топка, затоа што, нели, на Марко му се дупна баскетот, а треба да се подготвуваме за натпреварот во кошарка”. Ана се понуди да му помогнат во броењето на парите за побргу да заврши и побргу да им донесе баклава.

12


13


Л

уан, откако заврши со броењето, отиде по баклава, а Ана ги праша неговите родители: „А, како се честита Бајрам, што да му кажеме на Луан сега кога ќе ни ја донесе баклавата?“ Таткото на Луан се насмевна и ѝ одговори: „Убаво што се сетивте на ова. Може да му речете среќен празник или среќен Бајрам, а ако сакате на албански кажете му: ’Mе фат Бајрамин’ (’Me fat Bajramin’)”. По извесно време Луан се врати со едно чиниче со баклава и три вилушки и сите деца со свечен глас му рекоа: „Ме фат Бајрамин.“ Луан топло им се заблагодари: „Фалеминдерит (Faleminderit), ви благодарам, а сега почестете се“ и им ја подаде баклавата.

14


15


Издавач: УНИЦЕФ За издавачот: Нора Шабани Уредник: Виолета Петроска-Бешка Автор на текстот: Филипина Негриевска Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска Дизајн: КОМА CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) НЕГРИЕВСКА, Филипина Бајрам / [автор на текстот Филипина Негриевска ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција) ISBN 978-608-4787-06-8 1. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98860554

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015


Сите сликовници за дружината МЕЛА Дружината МЕЛА

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Јазикот на Сара

Дедото што беше слеп

Училиштен натпревар

Различни семејства

Различни јазици

И за девојчиња, и за момчиња

ПЕПЕЛАШКО

андреј и мачето

Свадба

Случките на Ениса

Петар Пан

Бајрам

Ѓурѓовден

Велигден

Игра на сенки

Меурчиња од сапуница



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.