Имам е и н е реш Текст:
Џон Кокс Илустрации:
Шамим Ахмед
Имам е и н е реш Текст:
Џон Кокс
Илустрации:
Шамим Ахмед
Книга на „Мислиме рамноправно“ Авторски права © 2018 Think Equal. Сите права се задржани. Поддржано од фондацијата „Олд посум“
“Еднаш, во едно далечно село, на една спокојна фарма, животни многу живееле сложно и никогаш немало кавга. Овца, крава, кокошка, свиња − најверни другари биле и сите го сакале мачето во дворот, маче со крзно од свила. “ 2
3
“Едно утро, мачето се буди но не е сè ко што треба. Само се тресе, прета и шета, и со сета сила гребе: „Знам што ме мачи“, си рече.
„Знам што да сторам“, му кликна. „На помош сега ќе морам другарите да си ги викнам.“
4
5
6
И мачето отиде кај другарката крава, застаната до плугот права. „Се извинувам, краво, помош ми треба!“ „За тебе, маче? Во секое време!“ „Еве вака, имам една мала мака...“ „Гледам, имам решение за твоето бреме!“ „Ти пристудело малку. Веднаш те познав. Земи, капава ќе те стопли. Со здравје и голем поздрав!“
7
Мачето замина со тивок мрмор: „Зар ваков совет да примам? Друго животно сега ќе прашам, повеќе среќа можеби ќе имам“.
И ете го мачето кај мудрата свиња, со устата полна диња.
8
„Се извинувам, свињо, помош ми треба!“ „За тебе, маче? Во секое време!“ „Еве вака, имам една ситна мака...“ „Гледам, имам решение за твоето бреме!“
9
10
“„Не си многу арен. Јасно е ко бел ден! Земи го ова лекче. Само биди опуштен!“ Мачето тргна мрморејќи по патот: „Не сум болен, така си мислам! Треба само појасно да кажам. До следниот пат, нешто ќе смислам“.
11
“И еве го мачето кај овцата што дреме. „Разбуди се, овцо! Твоја помош сакам!“ „За тебе, маче? Во секое време!“ „Еве вака, имам една смешна мака...“ „Гледам, имам решение за твоето бреме!“
„Ти си многу гладен. Се гледа тоа, знаеш! Од тревава касни, не ќе е лошо. Пробај малку, нема да се каеш! “
12
13
“Мачето негодува, да си оди се крева: „Уф, ама е тешко ова! Кај се видело мачка да јаде трева! Туку, да проверам кој има в двор“.
И ете го мачето кај другарката кокошка што лови една ситна трошка. „Се извинувам, кокошке, ми треба помош!“ „За тебе, маче? Во секое време!“ „Сега вака, имам една мала мака.“ „Гледам, имам решение за твоето бреме!““ 14
15
16
“„Нешто си ми тажен, дај поблиску дојди. Еден танц ќе ти кажам. Смешен е, ќе ти пројде!“ А мачето ниту се смее, ниту шега сака. Кутрото, само да избега гледа. „Пробав да ја кажам мојата мака. Изгледа не ми е денот, ете така.““
17
18
“Овцата, свињата, кокошката и кравата конечно прстот на чело го ставија. „Што може да му биде на мачето? Што ли му се случува во главчето?“ 19
20
“И се собраа околу мачето под дрвјата кај што тажи. „Што те мачи, маченце? Те слушаме, само кажи!“ „Маката ми е толку смешна. Срам ме фати. Зар не гледате? Грпчето многу ме чешка. Ќе може ли да го почешате?“
21
22
„Но, зошто не ни кажа?!“ викнаа животните во хор. „Пробав!“ вели мачето. „Не ме пуштивте да изустам ни збор.“ На другарите им стана многу жал. „Маченце, да се обидеме пак? Ќе те слушаме, без збор да сториме. Прости ни, те молиме, сепак!“ 23
“И мачето веднаш им прости на сите. Се насмевна наместо да плаче. А другарите му го чешкаа грбот сè дури надвор не се смрачи. “
24
Книга на „Мислиме рамноправно“ Авторски права © 2018 Think Equal. Сите права се задржани. Поддржано од фондацијата „Олд посум“