ЛАРА, ЖОЛТАТА БУБАМАРА ИЛУСТРАЦИИ:
КЕТРИН ХОЛЦХАУЗЕН ТЕКСТ:
МАРТА ЕВАНС ДИЗАЈН:
НАДИН КРИЛ
THINK EQUAL Лара, жолтата бубамара Илустрации: Кетрин Холцхаузен Текст: Марта Еванс Дизајн: Надин Крил со помош на учесниците во БукДаш (BookDash) во Кејптаун на 5 март 2016 година. Текстот на ова дело е лиценциран со лиценца на Криејтив Комонс Атрибјушн 4.0 (http://creativecommons.org/licenses/by/4.0/). Адаптација: Мислиме рамноправно (ThinkEqual) ISBN: 978-1-928318-54-5
EMPOWERING CHANGE THROUGH EDUCATION
1
2
Бубамарата Лара беше посебна бубачка. Од сите нејзини другарчиња, само таа имаше светложолти крилца.
3
4
Сите ги сакаа нејзините жолти крилца.
Секое утро, пеперугата Биби ја поздравуваше, а богомолката Марија секогаш ѝ мавнуваше. 5
Дури и Сеса, намуртениот пајак, беше среќен што ја гледа. 6
На училиште, таа си играше со многу другарчиња.
7
Но, Лара сакаше да биде како другите бубамари. „Камо да имав црвени крилца како тебе, мамо“, плачеше таа.
8
9
И така, еден ден, за да ја развесели, мајка ѝ ѝ ги обои крилцата на Лара во црвено.
10
11
12
Следното утро, никој не ја поздрави Лара одејќи накај училиштето.
13
А кога стигна таму...
14
Никој од другарчињата не ѝ рече „Здраво!“
15
Лара седеше сосема сама. Никој не ги забележа нејзините нови црвени крилца,
16
сè додека учителката Миа не ја виде и ѝ рече: „Си ги обоила твоите прекрасните жолти крилца!“
17
Соучениците на Лара беа зачудени. „Па, твоите крилца се посебни!“ 18
„Единствени се!“ „Ретки!“ 19
„Лара“, рече учителката Миа, „твоите жолти крилца те прават тоа што си ТИ! Како точкичката на Сифа... и ножињата на Сали.“
20
21
Кога се врати дома, Лара долго се капеше и се триеше сè додека нејзините златни крилца не светнаа. 22
„Веќе никогаш нема да си ги бојам крилцата!“ си помисли таа. Освен можеби, еднаш или двапати...
да пробам малку виолетово... или нешто убаво. Но, не засекогаш и само за забава. 23
24
THINK EQUAL EMPOWERING CHANGE THROUGH EDUCATION