ПРИКАЗНА ЗА ТАТО
Текст и илустрации:
Џоел Асогба
„Тато ме сака толку многу“, си помисли гордо ќерката, потсетувајќи се на сите мали нешта што татко ѝ ги направи за таа да порасне во среќно и успешно дете.
Овој тато многу ја сака својата ќерка. Најскапоцените моменти од животот му се годините што ги мина грижејќи се за неа откако беше бебе.
Ја хранеше,
...и ѝ пееше приспивни додека не заспиеше. „Затвори ги очињата мило бебе и сонувај за златното зајдисонце. Сонцето се збогува, оставајќи ѝ го небото на месечината.“
Ја капеше, ја пресоблекуваше.
Ја учеше како да се облече и да си ги врзе врвците на чевлите.
Ја учеше да си го мести креветот и да си ја суредува собата, а и да му помага со работите низ дома.
Ја потсетуваше да си ги исчетка забите по секое јадење и пред да си легне навечер, да го нахрани мачето и да биде добра.
Кога животот изгледаше тежок и мрачен и кога ќерката се плашеше, таткото ја земаше в раце и цврсто ја држеше в прегратка. „Тато, не се плашам веќе, зашто ти си тука да ме утешиш!“ велеше таа.
„Мојот мил татко е многу нежен со мене и внимава на моите чувства, зашто не сака да ми е тешко. Мојот мил татко е секогаш крај мене за да ме ислуша и да ме поддржи.“
Тато, како тебе нема друг − ме сакаш и ме чуваш и секогаш си тука кога барам помош или кога сакам да те видам. Ти благодарам!“ велеше ќерката исполнета со љубов.
Трпеливо, овој прекрасен татко ѝ даде на ќерка си сила да се соочи со светот. Од година во година, тој ѝ покажуваше добрина, разбирање, надеж, но најмногу од сè, бескрајна љубов.