VOICES November 2020

Page 8

interview

ЕКО-СВЕСТА ЌЕ СЕ РАЗБУДИ СО ЕДУКАЦИЈА И СО КАЗНИ

ИНТЕРВЈУ СО „ЗА ПОЧИСТА МАКЕДОНИЈА“ Се појавија без голема врева, но за кратко време нивните акции за чистење на природата предизвикаа големо внимание во јавноста. Добија одлични критики и висок одзив за партиципација особено меѓу младите. Препознатливи се како членови на неформалната група „За почиста Македонија“, иницирана како дел од проектот: „European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum”, организиран од Волонтерски Центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку програмите „Ерасмус+“ и „Европските млади заедно“. Петар Стевановиќ, Марко Гапо, Влатко Владевски и Камелија Костовска говорат за „Воисес“ зошто македонските граѓани се однесуваат неодговорно кон животната средина и како да се промени таквиот начин на размислување.

8 - VOICES

Петар, голем број волонтери, активисти и ентузијасти се приклучија во „чистките“ што ги организиравте на Водно, Козјак, Пешти... Значи ли тоа дека, сепак, кај младите постои свест за хигиената и одржување чиста околина? Не можам да кажам дека сите се одговорни, се грижат за природата и сакаат да ја уживаат чиста, но од кога ние почнавме да споделуваме како се грижиме за природата и како може секој на некој начин да придонесе, изненадувачки голем број млади се приклучија кон нашите онлајн екокампањи, а потоа и при самите акции. Тоа покажува дека младите сакаат да направат промена, но можеби се плашат да почнат сами или имаат други изговори. Ме радува фактот што почнува нешто да се менува во врска со загадувањето, бидејки доколку останевме единствено да коментираме преку интернет - ништо немаше да се смени. Марко, генералниот впечаток е дека како земја и како народ воопшто или многу малку посветуваме внимание врз животната средина, загадувањето, ѓубрето и сметот со кој ги затрупуваме природните убавини. Зошто е тоа така, дали станува збор за менталитет, некултура, непостапување на институциите, неказнивоста и немањето страв од санкции...? Постојат повеќе фактори кои влијаат на ова однесување. На пример, местото е веќе загадено со ѓубре. Кога се наоѓаат во средина која е веќе прилично полна со остатоци од ѓубре, луѓето чувствуваат помала одговорност или грижа на совест доколку и тие допринесат во ѓубрето. Самото присуство на расфрлани отпадоци, на некој начин дава чувство на нормалност во фрлањето отпадоци било каде, односно доведува до размислување како: ’Кога веќе е толку загадено, што ќе смени уште едно ѓубренце?’, или:, ’Ѓубриња има насекаде, џабе ќе се мачам моето до канта да го носам’,

па: ’Што ќе се замарам, кога сите други фрлаат каде што ќе стигнат’ и слично... Од друга страна, на место каде што нема ниту еден отпад, многу помали се шансите некој да се осмели да биде првиот што ќе ја наруши чистотата. Колку почиста е околината, толку поголеми се шансите да остане таква, а нејзиното одржување е наша заедничка одговорност. Втора причина е немање канти за отпад. Некои луѓе своето несовесно загадување го оправдуваат со фактот дека немале канта во близина, па немале избор освен да го фрлат на земја. Иако тоа е реален проблем, не го оправдува несовесното загадување. Исто како што секојдневно со нас носиме лични предмети како мобилен, клуч, ранец - така и отпадот што попатно го создаваме е наша лична сопственост и одговорност и треба да се погрижиме да стигне до таму каде што му е местото, односно да го носиме нас додека не најдеме соодветно место каде што ќе го фрлиме. Трета причина е менталитетот. На некои луѓе едноставно не им е грижа каде го оставаат своето ѓубре. Ова може да произлегува од повеќе фактори: недостаток на домашно или образовно воспитување, неоформено чувство на одговорност кон средината и кон природата, влијание на врсниците односно фрлање ѓубре како другите околу нив заради припадност, нивното ѓубре не го сметаат за ѓубре. Ова е најчеста појава кај повеќето пушачи кај кои постои една ’нормалност’ околу фрлањето пикавци на земја. За многу пушачи, фрлањето на остатокот од цигарата е само дел од рутината и не го сметаат за загадување или мислат дека брзо ќе се разгради. На пикавците им е потребно до неколку години да се разградат, а бидејќи секојдневно се фрлаат во голем број - тие секогаш се присутни и многу тешко се собираат. Пикавците се најбројниот отпад во светот. Дел од луѓето сметаат дека ѓубрето не е нивен проблем и оти некој друг


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.