topic of the month
ЛИЧЕН НАПРЕДОК: Како да го искористите вашиот потенцијал
Личниот напредок е процес преку кој поединецот ја развива самосвеста и на тој начин сфаќа каква личност сака да биде и, што е уште поважно, согледува каква личност може да постане. Самосвеста може да ви помогне да ги анализирате сопствените навики и да ги трансформирате во добри. На пример, доволното спиење, вежбањето, здравата исхрана или дури и позитивното размислување за секојдневните обврски, можат многу да придонесат за вашето ментално здравје, самодовербата, мотивацијата...
Понекогаш човек може да се почувствува како да нема контрола над работите, како лист носен од ветрот. Секогаш кога започнувате со нешто ново, важно е да одите чекор по чекор, особено доколку досега не сте практикувале упорност и самодисциплина. Понекогаш премногу се фокусирате
Денес бидете подобри од тоа што бевте вчера, а утре бидете подобри од она што сте денес - Лоренцо Сноу
22 - VOICES
на резултатите, а не на процесот. Преку фокусирањето на целта, морате да изградите мост помеѓу местото каде сте и каде сакате да бидете. Во продолжение прочитајте кои утрински навики можат лесно да се вклопат во вашата рутина: