topic of the month
“Песокот е основниот материјал од кој се изградени денешните градови. Песокот за градовите е она што е брашното за лебот, што се клетките за нашите тела”, вели новинарот Винс Бајзер во неговата книга “Светот во зрно: Приказната за песокот и начинот на кој ја трансформираше цивилизацијата”. Иако песокот е скриен од нашиот видик, тој е насекаде околу нас. Го користиме не само за правење на стакло, челик и бетон, што е буквално основата на еден модерен град, туку и за боја, компјутерски чипови, па дури и паста за заби. Всушност, песокот го користиме толку многу што покрај водата е еден од најважните ресурси во светот.
Н
о не секој вид на песок е погоден за понатамошна преработка. Врз основа на големината на зрното, песокот може да се класифицира во 3 категории: крупен, среден и ситен. Додека крупниот песок главно потекнува од бреговите, реките и езерата и има груби рабови кои се обликувани од водата, ситниот е измазнет од ветерот во пустините. За градежништвото првиот вид е многу посоодветен, бидејќи многу полесно се соединува. Влијанието на ископувањето песок Отстранувањето на песок од бреговите и водните површини е сепак крајно проблематично. Песокот е важен сегмент за екосистемите и е дел од биотопот во кој живеат голем дел специјализирани животни форми вклучувајќи: водни растенија, школки, раковидни животни, птици, риби, полжави и многу други. Сите тие се дел од сложениот биотоп кој е мошне сензитивен на надворешни влијанија. Земањето песок од морските живеалишта директно ги загрозува видовите кои живеат во и на песокот, а тоа придонесува до дисбаланс во синџирот на исхрана. Како на пример морските птици, кои се исхрануваат со црви и школки кои живеат во песокот, можат да го изгубат нивниот најголем извор на храна. Освен тоа, 8 - VOICES
самиот процес на ископување на песок придонесува на загадувањето на површината и подземните води и со себе носи деструктивни последици за морскиот животински свет и за човечката популација која живее на тие простори. Ископувањето на песокот претставува закана за биодиверзитетот. Покрај тоа, песокот делува како природна бариера против ерозија на бреговите и природните катастрофи како што се цунами и урагани. Без природната песочна бариера, солената морска вода може да навлезе во почвата, а тоа би резултирало со правејќи ја неплодна и нестабилна. Обемните плажи постепено ги ублажуваат брановите и можат да ја намалат нивната енергија до 50% на 4,5 метри. Ова е од витално значење за луѓето кои живеат во близина на брегот, а особено за оние што живеат на островите. Ако се одземе премногу песок, тогаш последиците би биле пропаѓање на речните корита, тонење на островите и исчезнување на крајбрежјата. Овој ризик се повеќе и повеќе расте со покачување на нивото на морето како резултат на климатските промени. Последиците од ископувањето на песок може да се видат на секаде низ светот. Над 75% од сите плажи ширум светот веќе се намалуваат. Повеќе од 20 индонезиски острови имаат исчезнато и Малдивите, според The
National Geographic, ќе ги снема до крајот на овој век. Во Индија, Перу и Мароко, загадувањето на водата, ерозијата и губитокот на биодиверзитетот имаат стигнато до незамисливо ниво. Бездруго, ископот на песок не е погоден ниту за економијата. Додека одредени локални гранки, како што се риболовот и туризмот сериозно страдаат, најлошиот дел е што државите извознички како Виетнам, Камбоџа или Малезија, воопшто и не профитираат од тоа. Барем не на начин на кој би очекувале. Навидум, сите овие држави официјално го имаат запрено извозот на песок поради нeговиот недостиг, постојат докази кои укажуваат дека тие имаат голем удел во снабдувањето на Сингапур, кој има потреба од песок со цел вештачки да ја прошири територијата за неговата растечка популација, со стотици тони песок. Па доколку популацијата на државите извознички не профитира, кој профитира тогаш? Песочната мафија Одговорот е: Песочната мафија. Нешто што навидум звучи на шега е всушност една ужасна вистина. Во свет каде градежната индустрија постојано расте и конзумеризмот се зголемува, “гладот” за песок е