2 minute read

Гласот на младите веќе 15 години

Списанието замислено да ги разбие стереотипите во општеството беше креирано во декември 2006 година во соработка на ВЦС и средното училиште „Д-р Панче Караѓозов’.

деалите ни се исти како и кон крајот на есента 2006 година кога го објавивме

Advertisement

Ипрвиот број на магазинот „Воисес“. Во многу поскромна варијанта, но со моќна порака: толеранција. Тогаш бевме загрижени поради насилството меѓу младите од различни етнички заедници во нашата татковина. Не можевме немо да набљудуваме како се крши и онака кревкиот соживот и тоа врз најневините и најнаивните – децата. И затоа го подигнавме гласот. Станавме гласот. Станавме „Воисес“.

„Воисес“ Гласот на младите веќе 15 години

Списанието замислено да ги разбие стереотипите во општеството беше креирано со кариерниот центар во средното училиште „Д-р Панче Караѓозов’.

„Сакавме млади новинари, активисти и волонтери бргу да пренесат ’гласови’ за предрасудите и тензиите на етничка основа што тогаш беа активни меѓу младите. Кратко време, магазинот беше поддржан и од Агенцијата за млади и спорт, а потоа стана и е целосна одговорност, обврска и задоволство на Волонтерски Центар Скопје. Во меѓувреме, списанието прерасна во квалитетен производ, во кој стотици и стотици млади волонтери научија да пишуваат и да размислуваат новинарски, да дизајнираат, да ги подобрат своите јазични способности, да научат тимска работа во интеркултурна средина и да креираат јавно мислење“, се присетува Никола Станкоски, основач и директор на ВЦС.

Линдита, Елмедија, Дамјан, Моника, Силхан, Харис. Амир, Фикрет, Владимир, Валентина и Николче ги уредуваат првите броеви на „Воисес“ со посебна поддршка од професорот Благоја Ѓорчевски. „Сите треба да разбереме дека заедно сме посилни, само заедно можеме да стигнеме до некоја поубава и помирна иднина. Зарем не ни е доста од оддалечување, зарем не разбираме што пропуштаме и со што ни ги полнат главите? Не постои нација без свои проблеми, никој не смее да помисли дека предрасудите се вистина, бидејќи реалноста е поинаква“, апелираа младите.

Деценија и половина подоцна, „Воисес“, во годината кога слави 15-годишен јубилеј, и натаму упорно ги руши стереотипите во општеството. Во нашиот магазин, кој секој месец го објавуваме електронски, а го печатиме три пати годишно (и бесплатно го дистрибуираме), се пишува на македонски, англиски и албански јазик. Во него сега пишуваат Жул, Руте, Дафина, Клариса, Кристофер, Симона, Евелина, Селина, Ана-Марија, Виторија, Елтон, Јосип... Волонтери од странство што престојуваат во ВЦС, локални поддржувачи, активисти и младински работници од Македонија и од странство што имаат потреба да го искажат својот став.

Се трудиме да бидеме актуелни и модерни без да се валкаме со политика или со говор на омраза. На читателската публика и нудиме свежина и оптимизам. Медиумската писменост е важна алатка во подигнување на демократската свест во општеството. Придружете ни се, бидејќи „сите треба да разбереме дека заедно сме посилни, само заедно можеме да стигнеме до некоја поубава и помирна иднина“.

Прво издание на Воисес, печатено во декември 2006 година

Горан Адамовски

This article is from: