1 minute read

На ЕСК во Португалија: Авантура што мора да се доживее

На ЕСК во Португалија: Авантура што мора да се доживее

По долгогодишно волонтирање во Волонтерски центар Скопје (ВЦС) и активно младинско учество во мобилноста на Еразмус+, решивме да минеме една година во Португалија преку програмата Европскиот корпус за солидарност (ЕСК).

Advertisement

Тоа е иницијатива што им дава можности на младите да волонтираат во странство или во матичните земји. Да им помогнете на другите, да работите во тимови со различни култури, да бидете активни, да соработувате во активности на здруженија и да ја промовирате програмата „Еразмус +“ се само некои од активностите што можете да ги почувствувате доколку се одлучите да волонтирате. Фактот дека придонесувате кон подобро општество со вашата доброволна работа е необично драгоцена!

Затоа решивме да дојдеме во Арукелас, мало село лоцирано во центарот на Португалија со неверојатен пејзаж, тивка област со пријатни и гостољубиви луѓе. „H2O Associação de Jovens de Arrouquelas“ е младинска организација што има за цел да покаже дека младите во руралните области можат и треба да ги имаат истите можности како и оние во урбаните области. Да се оди на проект на ЕСК за време на епидемиолошката состојба не звучи како најдобра идеја. Но, беше сосема спротивното! Овој период додека сме тука, развивме вештини, запознавме нови луѓе и научивме колку е важно да се придонесува во заедницата. Ние навистина веруваме дека живеењето и волонтирањето во рурална област може да има големо влијание и за нас и за жителите што живеат тука.

И мора да кажеме дека овие два месеци беа неверојатна авантура што сите треба да ја доживеат! За време на оваа пандемиска ситуација - ние никогаш не сопревме. Нашата организацијадомаќин подготви активности што не одржуваат активни и вклучени во секојдневните рутини. Сите активности беа водени согласно безбедносните мерки за зачувување на здравјето. Го чувствуваме „H2O“ како втор дом и возбудени сме што имаме уште 10 месеци да поминеме тука.

И, ако го читате ова и сè уште размислувате дали треба да учествувате во проект на ЕСК - сторете го тоа! Никогаш нема да зажалите! Благодарни сме на ВЦС и на H2O што ни ја дадоа оваа можност!

This article is from: