erasmus+
Volontiraj С
акам да ви ја раскажам мојата приказна за тоа како станав младински работник и волонтер. После повеќе од 20 години работа во канцеларија, решив да ја напуштам работата и да сменам нешто во мојот живот. Секогаш ме привлекувало да помагам на луѓе кои се нашле во неповолна ситуација и на кои им е потребна помош. За организацијата Волонтерски Центар Скопје знаев од порано, па решив да им се обратам. Се понудив за волонтер. Поради моите години (45) не беше возможно да бидам ЕВС волонтер во странство, но ми понудија да ме обучат за младински работник и да волонтирам на локално ниво. Почнав да учествувам на семинари, тренинзи, младински размени и обуки во странство и во Македонија. Првиот меѓународен тренинг курс беше во Благоевград, Бугарија каде што темата беше развивање на знаења, вештини и компетенции на младинските работници во разрешувањето на конфликтите и градење на мирољубиви решенија. Тоа прво искуство ми остави голем впечаток, бидејќи имав можност да се дружам и работам со млади луѓе и младински работници од неколку европски земји и ја зацврсти мојата определба да се обучувам и работам во
16 - VOICES