5 minute read

Заедница во која моќта ја имаат жените Умоџа - Copy

Next Article
What is Sikhism ?

What is Sikhism ?

Покрај контролата врз жените на социјален план, мажите преку патријахалната структура, и традиционални ритуали на присилен начин во голем број заедници управуваат и со приватниот, сексуалниот живот на жената. Таков чин е обрежувањето на гениталиите на жените кој нема никакви медицински причини, напротив може да предизвика сериозни здраствени проблеми.

Во Кенија, во номатската област Самбуру дури 86% од женската популација, меѓу 14 и 49 годинишна возраст, се жртви на таков грозоморен чин. Токму ваквиот чин на насилство е главната причина на Ребека Лолосоли за формирањето на утописка заедница на слобода и моќ каде што живеат само жени. Ребека била претепана од група мажи до стeпен што била хоспиталзиирана, а потоа и отфрлена од својата заедница поради кревање на бунт против практиката на обрежување на женските гениталии. Ребека после опоравувањето, реализира заедница-село каде мажите се забранети, заедница во која моќта ја имаат жените. Селото е основано во 1990 година и го добило името Умоџа што значи единство на јазикот Свахили. На самиот почеток Ребека

Advertisement

добила подршка од 15 храбри жени кои биле единствените жители во ова ново село. Тие 15 жени биле преживеани жртви на жигосување од нивните семејства поради тоа што биле силувани од британски војници за време на тогашниот бунт, семесјтвата сакале да ги убиат за да се ослободат од гревот кој тие им ,,го нанеле на семејството”. Обидот жените да се убијат поради тоа што биле жртви на силување, за нешто против нивна воља е уште еден од многуте луцидни насилни акти врз жените. Со текот на времето селото добивало се поголема поддршка од други жени жртви, пикот на население е 50 жители, додека според последните податоци моментално брои 37 жени и нивните деца. Куќите во селото се изградени од самите жени, тоа се налик колиби,

како и училиште за нивните деца. Тие сами заработуваат продавајќи мед и рачно изработувајќи ѓердани од монистри кои ги продаваат на големиот број туристи. Ова е само пример дека жените и те како можат да заработуваат, ова само го поништува верувањето дека мажот е тој кој е поспособен да заработува. Умоџа е заедница составена од жени жртви на присилни бракови, циркумцизија на женските органи, силување и други форми на културно насилство врз жената.

Жените во Умоџа имаат матријахат, тоа е поглаварот Ребека, на која ја даваат дневната заработка од продадените ѓердани. Улогата на матријахатот е да додели сума пари доволна за храна на секое семејство базирано на бројот на деца во него.

Исто така матријахатот треба да издвои пари со кои ќе организира успешно образование за младите девојки. Уставот на Кенија како и многу држави и покрај тоа што одобрува жените да поседуваат земјиште речиси секогаш таткото го предава земјиштето на синот, што отежнува жените да поседуваат земјиште. Единствен начин би било доколку таа би платила за свое сопствено земјиште, а тоа е речиси неизводливо бидејќи немаат свој сопствен приход. Жените од Умоџа успеале законски да го купат земјиштето на кое живеат со парите кои ги заработиле како и со помошта од глобални донации.

Статистичките податоци покажуваат дека Умоџа брои дури 200 деца, а при тоа мажите се забранети да влегуваат во селото. Жените имаат право да одат на таканаречен таен состанок за време на ноќта со мажот кој претходно го одбрале тие лично како и нивната заедница, најчесто тоа се мажи од соседните села и целта е прокреирање. Доколку детето е машко тоа може да остане да живее во заедницата на Умоџа се до неговата 18 годишна возраст кога мора да го напушти селото.

Жените во Умоџа се свесни за битната улога на образованието и едукацијата. Токму затоа со иницијативи на матријахатот Ребека, со првите поголеми донации создале свое училиште во кое покрај девојките од селото дозволено е и присуство на момчиња од соседното село. Каде се врши воспитување на момчињата за нужноста од еднаква распределба на моќта меѓу половите. Жителите на Умоџа исто така патуваат во соседните заедници каде ги учат жителите за битната потреба на жените да бидат вклучени во поседување земјиште и битната улога за еднаквост. Врз нивно влијание е формирано и соседното село Начами, кое има матријахална структура но сепак дозволува мажи да живеат со нив доколку успешно се ре-едуцирале за улогата на жената во заедницата.

Жените во Умоџа живеат во еднаков пристап на моќ и ресурси, тие успеале да се изборат и да истраат против големиот број на напади. Но, се чини дека единствен начин жената да има моќ врз сопстевните акти и опшеството е доколку

таа формира заедница одделена од онаа на мажот. Верувам дека многу битна е едукацијата и ре-едукацијата за еднаквост и напуштањето на патријахалното опшество. Патријахалната структура на социјалниот контекст е плодно тло за дизбаланс во моќта и насилство врз жените. Сметам дека за да се постигне еднаквост нужно е мажите да разберат дека поделбата на моќта врз индивидуални компетиции, а не врз полот би водело кон развивање на здраво и целисходно успешно опшество во кое полот би претставувал ништо повеќе од биолошка конструкција.

Даниел Смиљков

Извори: Kiriu, D. (2021). How an Extraordinary Women- Only Village Is Inspiring Land Equality in Rural Kenya. Bindel, J. (2015). The village where men are

This article is from: