Rabotna prezentacija za nastavnikot i ucenicite-Analiza na prikaznata "Snezana i sedumte djudjinja"

Page 1

Работна презентација за прво одделение

за употреба на час за обработка на приказната за Снежана(после презентирање на приказната од страна на наставникот или следен цртан филм). Најдобро е презентацијата да оди фронтално преку видео-проекција а истата да биде поставена истовремено и на малите компјутери пред децата распоредени во парови или мали групи(поради возраста)Активноста ја води наставникот кој ги чита предизвиците и ги поттикнува учениците на активно вклучување со свои идеи и разговор.Важно е учениците да научиле да се движат низ слајовите следејки го наставникот,да умеат да разместуваат сликички со влечење и да умеат да избришат сликички со користење на копчето за бришење.

Теми опфатени со презентацијата се следните-

Кој залутал во приказната.. Место и време на случување.. Тек на настани... Опис на ликови и нивни карактеристики. Добри-лоши постапки Што се случувало после крајот... Online боенка(работа во парови)-одредување на редослед на настани според обоени слики.


Некои ликови од други приказни залутале во нашата приказна за Снежана... Кој од каде ни доага? Ајде да ги разгледаме еден по еден.Да ги откриеме и избришеме затоа што Снежана е улашена бидејки не ги познава.


Каде се случувале настаните? Ајде да започнеме од самиот почеток. Каде започна нашата приказна.. Ке ми го опишете ли замокот? Ајде да го направиме замокот со коцките и математичките тела на вашите масички(Секоја група на својата маса има кутија со коцки) Со кого живеела Снежана во замокот. Што наредила кралицата. Што потоа и се случуваше на Снежана. (Каде живеат седумте џуџиња.Како Снежана ја најде нивната кукичка...) Што ке кажеме за нив?Ајде да кажемешто повеке пофални зборови за нив-еве се тука и чекаат на нас за да се израдуваат(Наставникот на масата поставил гумени модели и ги наведува дечињата да им се обракаат)За што ќе им кажеме браво.

Ајде сега на следниот слајд да ја одведеме Снежана каде што треба за да ја го пронајдат местото каде што е кукичката на џуџињата бидејки таа малку залутала додека била на прошетка. (Што мислите,каде биле?)Што правеле?)



Што ке кажеме за Снежана а што за кралицата. Ајде да слушнам најпрвин каква е Снежана.

(Наставникот запишува додека децата кажуваат-во зависност од способноста на учениците за примена на ИКТ учениците можат и самите по групи да ги внесуваат зборовите буква по буква по примерот на наставникот)


Што би и кажал на лошата кралица ако ја сретнеш.Како би ја искарал? Ајде сите заедно да и кажеме што лошо направила и што не е добро да се прави.Еве ја донесов овде па нека си слушне самата. Наставникот покажува гињол кукла на која децата се обраќаат(во замена за кукла наставникот може сам да го имитира ликот при што ќе треба да наметне врз себе црно платно и ќе стави круна од хартија на главата)

Кој е овој што го гледаме овде дечиња?Што ли бара?Како завршува нашата приказна?

Ајде сега да ми помогнете да го уредиме следниов слајд бидејки мене гледам сите сликички ми се измешале и не ми се допага овој распоред.



Што мислите,што се случувало потоа...Ајде да замижеме со очињата и да размислиме што понатаму се случувало...Оној што ја пишувал приказната не ни кажал но ајде сите заедно да размислиме што би можело да се случува откако заминале срекни во замокот.Ајде кој прв ќе ми раскаже што гледа со замижани очиња.Каде се сега џуџињата?Каква облека носи Снежана...што прави таа во моментов...


Сега малку ке боиме.Внимателно слушнете која група која боја ја добива за да знаете која сликичка ќе биде ваша.(Со кликање на линковите подолу децата добиваат задача да бојат.На крајот штом групите бидат готови секоја група ја покажува својата слика и раскажува што се случувало во тој дел од приказната.Со поставување на малите компјутери еден до друг децата можат да ги подредат по редослед на настани.Доколку има услови сликите можат да бидат испечатени бидејки самиот сајт го дозволува тоа а може да биде направена и сликовница со нив.)

http://www.hellokids.com/c_3096/coloring/disney-coloring-pages/snow-white-and-the-seven-dwarfs-

http://www.hellokids.com/c_3104/coloring/disney-coloring-pages/snow-white-and-the-seven-dwarfs-coloring-pages/prince-and-snow-white#contenu

http://www.hellokids.com/c_3100/coloring/disney-coloring-pages/snow-white-and-the-seven-dwarfs-c

http://www.hellokids.com/c_3102/coloring/disney-coloring-pages/snow-white-and-the-seven-dwarfs-coloring-pages/witch-and-the-magic-mirror#contenu

http://www.hellokids.com/c_3097/coloring/disney-coloring-pages/snow-white-and-the-seven-dwarfs-

Наставник Весела Богдановиќ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.