Lesson Челик ЏАМИЈА Наставен предмет и спдржина Математика, Мајчин јазик и Ликпвнп пбразпвание
I Одделение Време за реализација три часа слеан тек
Метпди
ИКТ
Игра,разгпвпр, илустративна метпда, демпнстративна
Microsoft Office Paint, Skype, Microsoft Office Word Web-камера, Печатеое
Техники Бура на идеи
ЦЕЛИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ПОСТИГНАТ УЧЕНИЦИТЕ: -МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (Програмско подрачје-Слушање и говорење) -Учениците да стекнат претстава и навика за културно однесување кон познати и непознати лица. -Да се ослободат да прашуваат и да се вклучуваат активно во информативен разговор. -Да се запознаат со Skyp како средство за комуникација и добивање потребни информации. МАТЕМАТИКА -Да се поттикнат на воочување и разликување на кружни и квадратни форми во непосредната околина -Да воочуваат разлики во споредба со други математички форми. -Да умеат да вршат групирање по три зададени признаци- големина дебелина,форма. -Да обојуваат понудени квадратни и кружни форми во Microsoft Word dok штом ги пронајдат помегу многу измешани форми. -Да умеат во Microsoft Paint да ги претстават геометриските форми со исцртување на слободни линии во просторот во две големини и обојување. Печатење на изработките.
ВОВЕД ВО АКТИВНОСТ Преку драмска игровна активност во парови учениците вежбаат –Телефонски разговор и претставуваат различни начини на обракање-културно и некултурно обракање по телефон при што изведуваат заклучоци што е добро што не.
ЗАДАЧИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ: -Со извлекување на математички форми (кругови и квадрати)поделете се во две групи. -Секој нека застане на масичката обележана со извлечената форма и нека се обиде да ја именува својата група. -Раговарајте мегусебно на кои се начини би можеле да се информирате за некоја за вас непозната работа –како се игра играта Џамија која ја играле вашите баби. -Разменете ги идеите со другата група и слушнете што тие ке кажат. -Едната група заминува на прошетка со ученици ментори и тековно разговараат и прибираат податоци за играта Џамија но и сликаат со веб камерата на еден компјутер. -Другата група со помош на наставникот преку Skype контактира со претходно договорени бабички и има задача да постави што повеке прашања за играта и нејзините правила но и да покажат културен однос при обракање кон постари лица. -По завршувањето на задачите двете групи треба да си ги разменат своите впечатоци. ------------------------------------------------------------------------------------------------------ --------------------------Во Paint се цртаат формите за играта според кажувањата што ги слушнавме -Прибираме камења потребни за играта и го цртаме просторот во форма на квадрат. -Сите внимателно го слушаат објаснувањето на настаникот околу правилата на игра. -Со чинвалка се определува која екипа започнува прва. -По завршувањето на играта во подготвени работни листови во Word треба да ги пронајдете кружните и квадратните форми и да ги обоите додека останатите форми остануваат необоени. Со проверка на изработките мегусебно се проверуваат и отценуваат.
РЕСУРСИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ: Skype Работен лист бр.1 Работен лист бр.2
ПРОЦЕС: -
-
-
-
-
-
На почетокот на часот учениците поделени во парови по случаен избор интерпретираат телефонски разговор и претставуваат различни начини на обраќање-културно и некултурно обраќање по телефон при што изведуваат заклучоци што е добро што не. Се развива весела атмосфера и позитивно располижение. Учениците извлекуваат математички форми (кругови и квадрати) ставени во торбичка. Според извлечената форма се групираат во две групи на две обележани масички со истите тие форми со што групите за понатамошна работа се спремни.Првата задача на групите е да разговараат за формата која е заштитен знак на нивната група,да ја именуваат и да посочуваат предмети од околината кои ја имаат истата форма. Потоа наставникот бара од групите да размислат на кој начин би можеле да се информираат за некоја непозната работа – како се игра играта Џамија која ја играле нивните баби и дедовци во минатото. Групите меѓусебно разговараат и даваат идеи. Најчесто споменувани идеи беа дека може да се информираме ако прашаме по телефон или ако посетиме некоја бабичка. Двете групи работаат на посебни задачи. Прва група Учениците одат на прошетка со неколку ученици ментори и посетуваат неколку бабички во блиската околина со кои разговараат, поставуваат прашања, со помош на Web камера фотографираат. Втора група Со помош на наставникот преку Skype контактираат со претходно договорени бабички и имаат задача да постават што повеќе прашања за играта и нејзините правила. Но и да вежбаат културен однос при обраќање кон постари лица. По завршување на задачите двете групи си презентираат што направиле и до какви сознанија дошле. Следува индивидуална работа во Microsoft Paint и ги цртаат формите квадрат и круг во две големини, (големи и мали) а потоа ги обојуваат. Со помош на наставникот ги печатат изработките и ги истакнуваат на математичкото пано. Следува работа на отворено учениците собираат камчиња потребни за играта, ги класифицираат по форма и големина. Со помош на ментори ученици го цртаат просторот во форма на квадрат и круг во средината. Наставникот ги објаснува правилата на играта. Детален опис во прилог бр.1. Со чинвалка која екипа започнува прва. Следува играње на играта со примена на сите правила и издвојување на победничка екипа. По завршувањето на играта во подготвени работни листови во Word треба да ги пронајдат кружните и квадратните форми и да ги обојат додека останатите форми остануваат необоени. Се отценуваат меѓусебно со размена и разгледување на изработките, си помагаат во исправање на грешките.
ЗАКЛУЧОК: Учениците донесуваат заклучок дека успеале низ игра да научат културен однос и обракање кон постари лица ,правилно користење на телефон Skype,поставување прашања кои водат кон добивање корисни информации.Научиле за математиките форми квадрат и круг,да ги пронаогаат во непосредната околина,да ги класифицираат по боја,форма и големина . Додека работеле ги употребиле алатките за цртање, во Microsoft Paint , Обојувале Форми во Microsoft Office Word,користеле Skype како средство за комуникација и собирање информации, со помош на Web камера фотографирале, печателе.
ДЕЛ ЗА НАСТАВНИКОТ: Низ играта се надминува моментот на трема и страв од незнаење пред наставникот или од тестирање. Се развива меморијата и логичкото мислење.Задоволена е природната потреба на децата за играње и учењето се прифака со леснотија .
Образовен линк: Во зависност од возраста на децата можат да се реализираат различни цели од Наставната програма .Освен веке наведените насоки за примена на истата на часови по Математика и Македонски јазик играта е погодна и за реализирање на цели по Ликовно образование и Запознавање на околината при што учениците се запознаваат со други култури и обичаи на други народи и се наочуваат кон почитување на нивната култура и обичаи.Во програмот за цртање можат да цртаат народни шари и други предмети кои асоцираат на дадена култура. Челик на комјутер(прво одделение): Со користење на Skype учениците стекнуваат претстава за различни начини на информирање и собирање на податоци.,вежбаат културен однос и обракање кон постари лица. Во работни листови во Word можат да ги пронајдат кружните и квадратните форми и да ги обојат додека останатите форми остануваат необоени.Можат да цртаат форми во Paint.Kористат Web камера за фотографирање,собирање на податоци и нивно презентирање пред други.Со фотографиите можат да направат Power Point презентација во соработка со ученици ментори.
ПРИЛОГ БРОЈ 1 ЏАМИЈА Играта Џамија потекнува од тетовскиот крај и ја пренесе бабата на Ирем Исмаил, ученичка од V 2 одделение при ОУ Свети Кирил и Методиј Скопје
Потребен материјал: -
Потребни се пет или 9 сплоснати камења во округла форма наредени еден над друг, а може и скршени ќерамиди и се нарекува кула. Рамна површина на која треба да се нацрта квадрат со страна 1 метар, а во средината се црта мал круг во кој се редат камењата Се црта друга линија на оддалеченост од 2 или 3 метри.
Правила на играта. Во играта учествуваат две екипи со поголем број ученици (може и 10 ученици во една група, а вкупно 20 да играат). Се редат округлите камења или може да бидат ќерамиди една над дрига во нацртан квадрат со страна 1 метар, а во средина да се нацрта круг. На оддалеченост од 2 или 3 метри се црта линија позади која стои екипата која со тркалање по земја на топка се обидува да ја сруши кулата. Истата екипа откако ќе ја сруши кулата се разбегува на сите страни криејќи се да не биде удрена со топка од спротивната екипа. Другата екипа чека од спротивната страна. Кога ќе се сруши кулата еден ученик ја фаќа топката и ги удира еден по еден со топка сите играчи кои со трчање ќе ги стигне. Но топката е една и кога ученикот со топка в раце ќе се стрча кон едно дете, останатите од спротивната страна се обидуваат да ја наредат џамијата. Но децата кои ја пазат кулата се довикуваат и му пренесуваат на детето со топка да им ја додаде нив, за да го удрат со топка оној кој се доближил до кулата и сака да ја реди. Ако кулата се нареди се извикува на глас ЏАМИЈА и победата е нивна.
ПРИЛОГ БРОЈ 2 РАБОТЕН ЛИСТ Обои ги формите со квадратна и кружна форма