Kibritceto patuva niz naseto selo

Page 1

Lesson

Кибритчето патува низ нашето село

Интегриран ден Македпнски јазик,Заппзнаваое на пкплината,Математика

I Одделение Време за реализација Три часа

Метпди – Игра,игра на улпги, разгпвпр,

ИКТ

илустарција, демпнстаритвна метпда, Ликпвнп пбразпвание

Internet, Paint, Windows media player

ЦЕЛИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ПОСТИГНАТ УЧЕНИЦИТЕ:

        

Утврдување на претстава за логична поврзаност на настани (најпрвин-потоа-на крајот) Броење и препознавање на броевите во обем на десет Бележење на податоци во табела (поени) Пребројување на поени, споредување и проценка кој е победник според бројот на бодови Потикнување на творење со раскажување приказни на тема прошетка низ моето село и внесување на креативност со раскажување на делови како прод на фантазијата Утврдување на претстави за местото на живеење (објекти, градби, обичаи, население, работа на населението во село и во град) Развој на креативноста преку цртање на своето село во Paint Доживување на интернетот како средство за информирање и учење


ВОВЕД ВО АКТИВНОСТ Утринска средба – игра на сообраќаен тепих со автомобили и автобуси изработени од амбалажа од лекови и кибритчиња. Наставникот ги поттикнува учениците да размислат какви други игри би можеле да се играат со кибритчиња.

ЗАДАЧИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ:  

   

Учениците даваат предлози што се може да се игра со кибритче. Внимателно следат додека наставникот ја објаснува играта ја играат играта со следење и почитување на правилата при што именуваат цифри се движат низ полиња соодветно на бројот што паднал на кибритчето , раскажуваат измилена приказна Бележат поени во табела Пребројуваат поени и прогласуваат победник Следат видео проекција и разговараат за разлики помеѓу селото и гратдот Во Paint ја цртааат својата куќа

РЕСУРСИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ(Со нив раководи наставникот поради малата возраст на учениците)

http://www.youtube.com/watch?v=YE3fzhB2zrU http://www.youtube.com/watch?v=elh4ub6HCgY


ПРОЦЕС: За реализирање на целите на овој час наставникот ја прилагодува играта кибритче и додава нови задачи. За да биде кибритчето поинтересно обложено е со светлива хартија а на него се испишани точки наместо броеви заради возраста на децата. Наставникот објаснува како се игра играта и кои се нејзините правила. Децата вежбаат шуткање на кибритчето со помош на палецот и показалецот. Се чинваме кој ке биде прв и започнуваме се игра: Играчот шутка и кибритчето паѓа на некоја од страните се точки. Детето ги брои точките и пронаоѓа соодветна цифра од купот понудени цифри до бројот десет. Одбира играчка автомобил и се движи по полињата како за не љути се човече низ макета село. Каде ќе застане треба да раскаже приказна, да измисли каде бил најпрвин каде е сега и каде планира да оди на крајот. За секоја добро извршена задача неговото кибритче се полни со по едно камче, но штом згреши настапува друг играч. Камчињата се пребројуваат и внесуваат во листа со имиња а на крајот се прогласува победник. Преку видео проекција следат два видео записи, еден по еден, и имаат задача да откријат дали на нив е представена селска или градска средина. Разговараат за работата на луѓето во селата и градот, објектите и слично. Во Paint ја цртаат својата куќа и местото на живеење. Изработките се снимаат И чуваат во електронското портфолио на секој ученик.

ЗАКЛУЧОК:

Учениците препознаваа броеви во обем на десет бележеа податоци собираа поени и проценуваа кој е победник. Раскажува измислени приказни. Зборуваа за разликите помеѓу селото и градот. Ги нацртаа своите куќи во Paint.


ДЕЛ ЗА НАСТАВНИКОТ: За играње на играта кибритче потребно е замо едно кибритче и небара специален простор нити исцртување на терени за игра што ја прави погодна за честа примена. Преку оваа игра наставникот добива можност да ги провери знаењата на учениците на сосема неприметлив начин и да изврши проценка за постигањата на секое дете поединечно без да биде детето ставено во позиција да биде уплашено како за време на испитување.

Образовен линк и примена на комјутер : Играта е лесно прилагодлива за остварување на голем дел од цели од наставните предмети во прво одделение. Со нејзино прилагодување и додавање на нови елементи може да се користи на различни часови. Доколку на кибритчето се испишат имиња на животни и се додаде уште едно кибритче во игра учениците можат да го опишуваат животно напишано на сраната на кое им се завртило кибритчето при фрчањето, кажуваат дали е домашно или диво и зборуваат за корста или штетата од него. Слично може да се игра и со гатанки кои се испишани на посебнни листови наредени на масичка а ученикот со шуткање на кибритчето застанува на една и треба да ја одгатне. Потоа може одгатнатото животно да го нацрта во Paint. Во Tool Kids Може да провери како се огласува тоа животно и да го емитира пред другарчињата. Може да клафицира слики во две папки на работна површина (домашни и диви животни).

Кибритче на комјутер: Слична комбинација за оваа игра може да се прилагоди со примена на комјутер, доколку учениците ги распределиме да играат во парови. Тие отвораат празен документ в се проверува точноста на збирот, во зависност од возраста на учениците може да се користи функцијата за собирање од excel или калкулатор ако се помала возраст учениците.

наставник Весела Богдановиќ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.