Plocka-Carica

Page 1

Lesson ПЛОЧКА Челик (Царица) Наставен предмет Математика, Ликовно образование, Физичко и здравствено образование

I Одделение Време за реализација Три часа

Методи

ИКТ

Игра,игра на улоги,демонстрација,илустративна метода,практична работа

Microsoft Word

ЦЕЛИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИГНАТ:  

       

Воочување и менување на геометриски форми Креирање на мозаик со комбинирање на формите со примена на ИКТ и апликативен материјал Воведување во конструирање со спојување и комбинирање на формите Поттикнување на креативно изразување Одкривање на водата и песокот како ликовни материјали Отривање на песокот и асфалтот како нестандардни ликовни подлоги Одржување на рамнотежа на сопственото тело и изведувње на движења со една нога Прифаќање и примена на правила на игра Соработка и бзаемна помош Насочување кон позитивна реакција на туѓи успеси и прифаќање на својот неуспех Воведување на примена на алатки за влечење и обојување во Microsoft Word


ВОВЕД ВО АКТИВНОСТ Учениците ја изведуваат драмската игровна активност “Јас сум…”, при која рецитираат учени стихови за математичките форми со помош на кукли – форми на стапчиња Потоа ја играат играта “Кој сум јас? во која секое дете држи во рака по една математичка форма и се запрашуваат меѓусебно за нејзиното име.

ЗАДАЧИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ:

-Изведување на драмска игровна активност-Кој сум јас.... -Претставување на играта ПЛОЧКА од страна на ученици-ментори на земјена површина со исцртување со помошна стапче и шише со вода. -Именување на формите од кои е составена Царицата -Игра со запазување и примена на правилата -Работа во 3 групи за измислување на шема на наша нова Царица ПРВА ГРУПА-Креирање нова шема со форми од картон ВТОРА ГРУПА-Креирање Царица со влечење математички форми поставени во Word ТРЕТА ГРУПА-Креирање шема со комбинирање пластичен дидактички материјал -Одбирање на новата шема во форма на куќа. -Печатење на шемата -Исцртување на шемата со креди на училишното игралиште -Играње на новата шема по старите правила и именување на новите употребени форми. -Анализа на случувања и активности

РЕСУРСИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ: Microsoft Office Word електронски работен лист


ПРОЦЕС: Ученици – ментори ни ја представуваат играта плочка во блиската земјена ширинка до училиштето. Најпрвин ја исцртуваат шемата на стар традиционален начин според кажувањата на постарите лица од селото. Шемата може да биде исцртана на асфалт со креда или керамитка но најчесто се играла и цртала на земја со помош на стапче. За да се познаваат линиите на шемата подобро учениците дојдоа до идеа дека добро би било линиите уште еднаш да се исцртаат со вода и за таа цел користеа пластични шишиња ка чии тапи направивме мали отвори. Учениците од прво одделение ја именуваа формата квадрат од која е составена царицата и помагаа пеи испипување на броевите од еден до осум во полињата за игра. За играта е потребна плочка или камче во кружна форма. Децата одбираат повеќе камчиња а потоа одлучивме кое камче најповеќе одговора за играње на играта плочка. (Детален опис на правилата за играта погледнете во прилог број 1”) Следува играње на играта со меморирање на правилата и придржување кон истите. Потоа се договоривме да озмислиме нова шема за играње на оваа игра. За таа цел се поделивме во три групи. ПРВА ГРУПА: Креирање шема со апликативен дидактички материјал од картон ВТОРА ГРУПА: Комбинирање и обојување на понудени математички форми поставени во Word работен документ ТРЕТА ГРУПА: Креирање нова шема со дидактички материјал пластични математички форми Додека учениците работаат каставникот ги запрашува да ги именуваат формите кои ги користат и добива слика кој ученик колку научил. По завршување на активностите ги разгледуваме изработките и се согласуваме дена формата што сите ја сакаме е всушност во облик на куќа. Ги именуваме формите користени за истата и ги замолуваме учениците-ментори да ни помогнат во нејзиното исцртување. Се договоривме дека оваа царица ке ја нацртаме со креда на училишното игралиште. Ја печатиме шемата. Додека учениците-ментори цртаат учениците од прво оддделение им помагаат со покажување на деловите од новата шема. Потоа сите заедно ја играме играта со прилена на старите традиционални правила применети на нова наша шема. Низ разговор на крајот на часовите се навраќаме на сите претходно реализирани активности од тој ден.


ЗАКЛУЧОК: Учениците низ игра ги утврдија своите знаења за изучените математички форми.Преку соработка со повозрасните ученици од нашето училиште научија нова игра и усвоија нови правила.Стекнаа навика за придржување кон правила,радување на туѓ успех и прифакање на својот неуспех со развивање на желба и интерес да се учи од туѓ позитивен пример.Ја развија својата креативност со креирање шема за нова Царица а истото го правеа преку комбинирање математички форми од дидактички материјал и со користење на алатките за влечење и обојување на Microsoft Office Word.Видоа како се печати .Ги именуваа формите за време на сртање на новата Царица и активно учествуваа во новата игра по старите правила.

ЗА НАСТАВНИКОТ Со помош на играта плочка наставникот доаѓа со сознанија кој колку ги усвоил изучените математички форми. Кој ученик умее да ги препознае, а кој да ги препознае и именува. Наставникот забележува кој од учениците има потешкотии со што добива насока за понатамошни планирања на индивидуален пристап за работа со ученици кои делумно ги постигнале целите. ОБРАЗОВЕН ЛИНК Играта може да се прилагоди за примена на часовите за проверка на знаењата на учениците и по Запознавање на околината за наставна содржина – Денови во седмицата. Додека ученикот скока по полињата на Царицата има за задача гласно да ги именува деновите по правилен редослед. Секоја грешка предизвикува играчот да прекине со игра и шанса добива следниот играч. За време на часовите по физичко и здравствено образование играта е погодна за остварување на голем број цели од наставната пробрама за прво одделение и истата може лесно да се прилагодува според потребите за конкретната наставна содржина. Особено е погодна и интересна да биде ставена како дел од игра Полигон или Штафетна игра со скокање на една или две нозе комбинирана со трчање и прескокнување на препреки. Учениците се оспособуваат за правилно поставување и завземање на положба на телото за одржување на рамнотежа за правилно и непречено изведување на активности. ПЛОЧКА НА КОМПЈУТЕР Учениците од прво одделение можат да ги илустрираат своите впечатоци од играта во Microsoft Paint а со помош на наставникот да ги оспечатат и да ја збогатат својата збирка на изработки.Можат да ги цртаат делови на шемата или да креираат шема со влечење на делови поставени во Word . Во четири папки поставени на работна површина можат да класифицираат математички форми расфрлани по работната површина на компјутерот.Истото може да се изведе и со цел класифицирање по големина или боја на формите...по два или три зададени признаци. Преку Skype можат да ги споделат своите сознанија со ученици од другите училишта и да се пофалат со своите креации.


ПРИЛОГ 1 ПЛОЧКА Играта плочка се игра насекаде во светот. Се сретнуваат различни форми на цртежи за играње плочка. Постојат и различни имиња за оваа игра, во јужниот дел на Македонија ја нарекуваат Царица, во Прилеп се нарекува Куцкамен. Во играта можат да учествуваат повеќе деца. За да се определи редоследот на играње се игра една почетна игра наречена компанија. Три деца испружуваат по една рака, и ги превртуваат дланките на рацете со шаката кон горе или долу. Пеат песна компанија месо боранија....и ги вртат рацете горе долу, без да гледаат, главите им се свртени наназад. Победува оној учесник чија рака е различно поставена од останатите двајца учесници. Потребен материјал: -

Рамна површина за цртање; Креда или мрсна боја; Камче во округла сплесната форма големо колку дланка на дете.

7

8 6 5

3

4 2 1

Сл. 1 Најчеста геометриска форма за играта плочка

Сл. 2

Геометриска форма измислена од учениците

Правила на игра: Секој учесник игра индивидуално со скокање од едно во друго поле со една нога. Основно правило е дека никој не смее да згази со стапало на линијата со која е нацртана геометриската форма на оваа игра. Округлото каменче се нарекува плочка. Плочката се фрла на првото поле со број 1, таа не смее да биде


фрлена на линијата. Ако падне на линија се губи правото на игра, односно треба учесникот да застане на крајот од групата деца кои чекаат да играат, за да се обиде повторно. Ако фрлената плочка е многу блиску до линијата, речиси ја допира нацртаната линија, играчот извикува на глас ЦАР ПИЕ ВОДА што значи дека не може да биде исклучен од игра овој учесник. Кога ќе биде фрлена плочката во првото поле, учесникот скока со една нога во поле 1, поле 2, односно до делот на нацртаната форма каде има два полиња едно до друго 3 и 4. Тука застанува со двете нозе во двете полиња, едната нога е на бр. 3 а другата на бр 4. Потоа продолжува да скока со една нога до бројот 6. На крајот на нацртаната форма, во полињата 7 и 8 застанува со двете нозе во двете полиња и се завртува назад. Повторно скока со една нога до полето каде му е плочката. Сеуште стои на една нога, се наведнува, ја зема плочката и ја фрла надвор од нацртаната форма и продолжува да скока со една нога.

наставник Весела Богдановиќ



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.