Web Quest-Lavot i glusecot

Page 1

Web quest

Наставна содржина:

Интерпретација на басна:Лавот и глушецот(приказна без зборување) Предмет:Македонски јазик Одделение:второ

Предвидено време:2 часа Наставник Весела Богдановиќ


ВОВЕД Ученици во оваа торбичка има нешто.Вашата задача е да извлекувате по еден предмет и според неговата боја да се групирате на обележаните масички. Сега кога екипите се поделени прогласувам натпревар. Како и за што ќе се натпреварувате ќе дознаете подоцна затоа внимателно следете се што ќе правиме во почетокот заедно. Победничката група ќе биде пофалена пред директорот и педагогот

веднаш по завршувањето на задачата.


ЗАДАЧИ -Следење на басната -Анализа(место,ликови,поука) -Поделба во 3 групи-Раскажување свои примери кога помогнале на

некој -Раскажување на басната -Работа во работни листови-опис на ликовите -Презентација на изработките -Печатење и украсување на литературното катче

РЕСУРСИ http://www.youtube.com/watch?v=tOwqgcD_-I0 Работен лист лавот и глушецот

http://issuu.com/vesevesela/docs/____________-________________


ПРОЦЕС Ајде да се потсетиме што беа тоа басни.За што се зборуваше во басните.Сега заедно ќе погледнеме една интересна басна направена како цртан филм.Знам дека ги сакате и басните и цртаните филмови.Но бидете внимателни за да ја разберете содржината, потоа ќе си разговараме на кое место се случува...за кој се зборува...кој како постапил...ќе извлечеме поука

http://www.youtube.com/watch?v=tOwqgcD_-I0 Дали ви се допадна?Забележавте дека немаше зборување но дали успеавте да сватите што се

.

случуваше

Сега ќе го погледнеме уште еднаш и ќе си разговараме додека следиме... http://www.youtube.com/watch?v=tOwqgcD_-I0 Дали вам ви се случила некоја ситуација да помогнете за нешто на некој во невољја? Сега ќе се поделиме во 3 групи:


Прва група

Имате задача да напишете во програмот за пишување неколку примери кога сте помогнале некому и некој вам ви помогнал.Јас ќе ви помогнам за уредување на страната.


Втора група Раскажете ја басната во WRITER

Трета група Пополнете во понудениот лист-под сликата од глушецот-опишете го во целост.Под сликата на лавот-опишете го лавот што подобро.


На крајот сите групи ќе ги презентираат своите изработки едни пред други,ќе дојде и комисија- нашата директорка,педагогот и неколку наставници и тие ќе одлучат која група највредно рабетела,затоа сега,трудетесе најдобро што можете.Изработките ќе ги испечатиме за во литературното катче.

ЗАКЛУЧОК Ви благодарам за соработката.Бевте внимателни,вредни,креативни.Убаво творевте,раскажувавте и опишувавте. Го збогативме и украсивме литературното катче со нови изработки.

Им покажуваме на вработените колку сте вредни и се гордеам со вас.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.