Благоја Ангелевски – Мајка
КАВАДАРЧАНИ ВИНО ГРАЃАНИ Знаете ли колку лози имате Знаете ли колку вино пиете Од колено на колено лозје се сади Одвај каде благ маџун сејаде Вино и ракија стално има Пролет лето есен и зима На секоја нива шполир лозје Во секој двор ќош со грозје Есен жолт жолта се вари Се пие ама и си чини пари Во кавадарци е права згода Се пие вино и ракија место вода БИСЕРИ Еј вие морски гусари Оставете ги нашите рибари Бродовите нека пловат Рибарите бисери нека ловат Пловете бродови и глисери Донесете морски бисери По морето се гусарите Во школките се бисерите Ако ги опиете гусарите ќе ги пронајдете бисерите бисери од морската фауна бисери за женската убавина ИСКУСТВО И ЧУСТВО Ако ме сакаш каква ли што ме гледаш Јас ќе ти одговорам веднаш Тоа што си ти стар За мене не менува ствар Повеќе од логично уште поточно е Кај старите парите се Со нови или стари пари Се купуваат и најскапни ствари Парите и искуството од старите Неможе лесно да ги заборавете Затоа што си ти стар Кај мене не менува ствар ОД РАЈОТ ИЗБРИШИ ГИ На некој му се крева адреналинот Некој неможе без пеницилинот И на едниот и на другиот нешчо му фали Му треба нешто луто да ги опали
Дај му господе секому што нема Барем по една жена И ако тогаш погреши Од рајот го избриши Има и такви не озбилни Цел живот не задоволни Господе таквите не жалај ги Во црн врел катран ставај ги
СОН И ЈАВЕ Те оставив да сонуваш А ти и во сонот лудуваш Сонот мој не ме лаже Што на јаве правиш се ќе ми каже Господе дели правда секаде Некој да не биде за никаде Секој треба да живее А за да сонува треба да спие Ако на сонот не му се пропуштиш На ѓаволот в раце ќе му паднеш Господе дели правда секаде Некој да не биде за никаде ПРАВ ПАТ По прав пат ако одиш По него ќе ме најдеш Тој е патот на љубовта Тој е патот и на загубата Ако врне дожд ќе биде влажен Ако капат солзи ќе биде тажен Тој е патот на љубовта Тој е патот на загубата Ако одиш по прав пат кој не е лош Ако одиш по погрешен те чека нож Патот е долг и краток Ако го изодиш е сладок ЗАТВОРЕНО СЕМЕ Ми го затвори бајас куле Во града Солуна Во града солуна во стара елада Од него бараат име да си смени Име да си смени елада да надени Од тогаш па до сега Над Македонија образ се стега Името македонија да се брише
Силниот притисок да се стише Но тогај гркот нема да се смири Се додека македонија не ја покори Но македонија има многу адути Да н ему се даде на тие чифути Името на Александар Македонски На секој грк страв му е в’коски Како и многу артефакти и творци Кои докажуваат дека сме македонци АКО НЕКОЈ САКА Ако некој сака да не дели Треба да го најдиме кој тоа го вели Ако некој сака да не краде Нека знаи бадиала нема да јаде Народот ќе каже гласно За ова треба на секој да му е јасно Секој треба да внимава Колку ќе трае неговата слава Ќе ја браниме нашата дедовнина Ќе ја браниме нашата Македонија КОГА ЌЕ СЕ ЖЕНИШ Внимавај кога ќе се жениш Каква жена ќе земиш После да не ти се смејат сите Ене го ене го глупавиот Мите Ќе го гледаат и момите Ќе му се смејат во очите Мите мите Ти се смејат сите Зошто не гледаше Кога се женеше Со грда жена куќа не се врти Немаш гости немаш пријатели СРЦЕ ШТО ЧУКА Само срце што чука так так Знае колку сум ти драг Срце мое ќе ти каже Колку те сака и не лаже Прими букет цвеќе Не е роден тој што неќе Љубов верна во ноќ се гледа Подај ми рака срце ме стега Ја сакам твојата моќ Што ја осетив во првата ноќ Само срце што чука така так Знае колку сум ти драг
ТАКОВ Е МОЈОВ КРАЈ Ништо на заем не давам Зошто крајов си го познавам Со било кој да фатам работа Нема да трае до првата сабота Таков е мојов крај Секој ти ветува а ништо не прај Ти ветуваат кули и манастири За кусо време се ќе се растури Секој треба да е скептик За да не биде губитник Треба да си го познава крајот Ако сака да оди во рајот МАКЕДОНИЈА КАКО КРСТО ПАТ Најдобра приказна од нашето минато Е она што се раскажува пофторно Такво нешто нема никаде А кај нас го имаме секаде Тоа не е приказна од Котиледонија Тоа се вистински артефакти Од Македонија Се од нашата земја ископано Во светот се цени најскапо Кај нас има остатоци од секоја нација Која поминало по вија Игнација Од секогаш македонија било крстопат Од север и југ од исток и запад Не е историја Ако не е ископано од Македонија ПРОИЗВОДИ Колку производите се раритетни Толку се по квалитетни Колку се по обемни толку се по не подобни рокотворбите се долготрајни а техничките се полуксузни колку повеќе движење толку повеќе живеење нема ем модерно ем долготрајно Секој за себе треба да пази Дури и на земјата кај гази На тие што се луди Ним господ ќе му суди Тие што се добри
Господ ќе ги награди НАЈУБАВА ВО НАШЕТО СЕЛО Ој девојко убава Од горната мала Кога низ село миниш Како ветер да дуваш вееш Кога на чешма дојдеш Како сонце огреваш Те гледам во твоето лице бело Ти си најубава во нашето село Ќе слезам од планина со моите стада Само да те имам за невеста млада Ќе ставам ѓердан бисер на твоето грло Како јагнињата бели во моето трло ОД ШТО Е ВИНОТО Виното не е од крвта на христоса Виното е од крвта на лозјето Никој него убил Христоса За да ги добие вината Од лозата и небото сино Е добиено нашето вино Другото се е магија Од што не се добива вино ни ракија Ни од крвта вино бидува Ни од виното крв се видело Се е зачинета магија Се е бујна фантазија НА ИЗВОРОТ Го слушам жуборот на изворот Тивко газам со чекорот Успех ми е секој мој чекор Да стигнам до ладниот извор На полната месечина женски лик Се скаменив од него за миг Зарем господ те донесе тука Штом те видов срцето ми зачука Иако беше во ноќта темна Кога те видов ми се осамна Ја барам твојата рака Зошто срцето мое те сака АКО САКА СРЕЌА Мајко таа замина А нас не остави дватамина Ако сака среќа Кажи и нека се враќа
Ако мене не ме сака Цел живот ќе и е мака Таа треба да биде озбилна Зошто јас сум и судбина Нема да сме среќни Ако двајцата не сме свесни Ако веридба направиме Весело ќе наздравиме Вино и ракија ќе пиеме Сред село оро ќе виеме Сватови нека се зберат Свадбарски адет да истераат МОЌТА НА ЖЕНАТА Најлошиот маж го прави мирен И најдобриот го прави немирен Иако славата на мажот е голема Моќта на жената е пред неја Мажот е стално посилен Но пред жената е помирен За многу нешта жената што ќе каже Мажот мора да подрже Како жената нема друга Затоа мажот е стално слуга Секој може да каже како сака Но во бракот е секаде така Кој не ја слуша жената Ќе си поти со главата ДАЈ МИ ДА ЖИВЕАМ Дај ми да живеам не пречи ми Дај ми да те љубам не брани ми Сонцето ќе те осветли И да си невин ќе те убие Ќе те затворат без да те праѓат Ќе те убијат без да те судат Не биди проклет заврти се Не е изгубено не е се Ако ме љубиш ќе се спасиш Ако не земјата ќе ја натопиш Не биди проклет заврти се Не е изгубено не е се
ПЛАВО КОСА Надвор врне ситна роса Низ двор шета плавокоса Плавокоса од сите најфина Оф таа срце ми откина Таа плава жена едина Што од небо ѕвезди симиња Има душа благотрајна Таа е најубава и најзгодна Секој не ја сака А таа само одмавнува со рака На себе носи мапа Дека е жена најскапа Таа е чиста како утринска роса Таа е жена плавокоса ГЛЕДАЈ МАЈКО КАКО ЛЕГНАЛА Гледај мајко како легнала Дури и се растегнала Нити вода бистри Нити куќа чисти Цел ден торта мати Цел ден столица клати Црна коса шатира А друго ништо не ја интересира Незнај есап да води Незнам дали и деца ќе роди Подобро е со време да ја сменам За некоја друга да си се оженам Можда таа есап ќе води Сигурно и деца ќе ми роди ОКО ТВОЕ Око твое немирно Око твое како небо сино Час ме гледа час заборава А на други кришум намигнува Кажи око зошто си неверно Кришум гледаш намерно И од тебе око солзи ќе течат А ќе нема лек да те излечат Зошто кај мене не гледаш А по други намигнуваш Тоа посебно мене ме боли Како оган во гради да ми гори
ВДОВИЦИ Младата вдовица Е како домашна комовица Недај боже да ја повредиш Одма ќе се покаеш Вдовица да сакаш не е греф Ама трееба да имаш пари полн сеф Таа што може да ти стори Небарем полиција да те затвори Сите вдовици не се исти Зошто од нив има и нечисти Вдовици вдовици колку да сакаш Само немој по секоја да се акаш Некоја мажот прерано го умрела Некоја го отрула После сите вдовици се исти Но гревовите не му се чисти МОМЧЕ Не ме сака веќе тој А порано беше само мој Колку ли храброст имал тој Да не биде веќе мој Не смеам да губам време Ами да си најдам момче спроти мене Момче да не биде како тој Ами да биде само мој Ако и сега не успејам Во манастир ќе се закалуѓерам Може да така сакал господ Да бидам без момче и без ксмет ТОЈ ШТО САКА Тој што сака преубаво Сигурно незнае што е убаво
Тој што не разликува убаво од неубаво Да е чевок тоа е глупаво Тој што многу се фали На него нешчо му фали Тој што многу јаде Неможе се да изеде Тој шчо нешто ќе напише Треба тоа и да го каже Ами тој што оди полека Ќе стигне подалеко Зошто патиштата се исти Ама некој незнае да ги користи
НИТИ ПИЕШ НИТИ СЕ ОПИВАШ Не е важно кај си била Не е важно колку си пила Важно е да си жива И дека не си се опила Секој може се да каже Но тоа треба и да го докаже Дека негде си била И дека таму и таму си се опила Тоа може да биде само кога Со тебе да нема врска блага Јас те знам од малена Ти си златна ти си галена Нити пиеш нити се опиваш Во животот знајш што правиш ОРО РАЗВИОРИ Облеги бела промена Да бидеш најубава жена Штом свирачи ќе засвират И песни ќе запеат Ти руси коси размрси Бели нозе покажи Оро напред развиори
Секој по тебе да залуди И покажи што имаш на тебе Избери си најдобро за себе Тоа тебе ти следува Иако некој ти завидува Ти само треба да одлучиш Што за себе ке закачиш МАЈКА ПЛАЧИ Мајка плачи за синот свој Замина за Амарика не е тука тој Америко што ми стори Домот мој ми го затвори Синко кај згрешив јас Што не ме имаш за мајка твоја Сину сину мој Врати се во домот свој Мајка пак дате види Кога ќе умрам послено да ми биди Да знаиш мајка ти ја нема Ред е да си најдиш жена
ЧОВЕК Човекот кога е пионер Не е нај мудер А кога е најмудер Тогаш веќе е стар Спортистот покасно ќе остари Но додека остари здрав ќе биди Но на крај и кај него Староста ќе се види На староста и смртта Никој неможе да и се спортистави Но до тогаш да сме живи и здрави На секој во животот нешто ќе му се случи За тоа никој неможе да одлучи Но ако има љубов и толеранција
Ќе има за се и гаранција МЛАДОСТ И РАДОСТ Хармоника нека свири Труба нека труби Тапан нека тупа Песна да се чуе тука Кај што има младост Има песна има и радост Од пушка се слуша стрелба Од младост песна и веселба Во младоста љубов и многу ствари Во старост здравје и пари Не е ништо вредно ништо капитално Ако нема песна и музика стално НЕ БУДИ МЕ Не буди ме мајко олку рано Тек што сум заспало На сон ми дојде едно лудо Ако е моето тое ќе е чудо Не буди ме мајко олку рано Тек што сум заспало Остави ме сонот да го продолжам Можда на сон ќе го прегрнам Знам дека сонот лаже Но сепак може и нешто да ми каже На сон да го љубам На јаве да не го изгубам СО ПУШКА И ПЕСНА Со пушка војуваме Со песна срце освојуваме Со пушка земја браниме Со песна фамилија храниме Џабе ти е убава фалбата Ако ти е лоша песната Само песна душа отвара Само песна тело одмара Со песната железна порта се отвара Со песната леб се заработува Со песна подобро се пие Со песна срцето силно бие ЖЕНА ПОНОСНА Со мислите сум во далечина Дали ќе се вратиш од јабана Од јабана земјо далечна Со нашава ама баш не слична
Зарем само за таа разлика Замина без да оставиш порака Ако си среќен остани таму Но ако не си знај те чекам ваму Овде го имаш домот т вој Го имаш и поносот мој Понос на жена силна и јака Жена која те чека и сака ЛЕДИНА Не ја орете ледината На неа ја создавам иднината Иднина за која треба секој да се бори А не за неја сешто да збори Не ја орете ледината Не ја ништите татковината Таа треба да е зелена А не да е делена Стварајте повеќе од едно Да не биде ништо бедно Не ја орите ледината Нека биде цела На неја нека се редат дела САМИ ДА УЧИМЕ На одморот ќе се видиме На часот ќе си намигниме Задачите ако не ги решиме Од некој друг ќе ги препишиме Ова ќе го правиме Се додека не заглавиме А потоа ќе се разнесе глас Ќе се зборува само за нас Крајно време е да сватиме Подобриот пат да го фатиме Ако почниме само да учиме Во животот нема да се мачиме ПОПОТ ЛАЖЕ Ако го прашаш попот ќе те излаже Но мајка ти се ќе ти каже Ќе ти каже што да правиш Што да земиш што да оставиш Ако имаш многу многу ќе се мачиш Ако имаш малку немој да плачиш Ако ова не ти одговара Прашај си ја мајка ти стара Сигурно таа се ќе ти кажи А не како попот што лажи Попот од секогаш мајака ни ја јаде
Што и да побараш нема да ти даде И за леб да трпиш За неговата летургија ќе му платиш Попот секогаш е во црно А животот лице бело и дебело НИЕ САМИ МОЖЕМЕ Не ни требаат странски мајстори Нити странски пари Ние сами можеме Што знаеме ќе докажеме Песни македонски наши Пеачи весели домашни Имаме гаранција за успехот И задоволство од вкусот Ние сами можеме Што знаеме ќе докажеме Дека сме успешни креативци Дека сме чисти македонци УМНИОТ ГОСТИН Додека газдата слатко спие Умниот гостин со мерак пие иако цените не се ниски умниот гостин пие виски чаши без број празни кога ќе најде попијани газди кај пијаните газди госинот сам си слави си оди без да плати и да се поздрави а потоа бара друго место кајшто се пие уште полесно не судете го гостинот што пие ами газдата што спие КРАЈОТ И РАЈОТ Мојот крај За мене е рај Кој не си го познава крајот Нема да оди во рајот Тоа е така и само така Неможе кој како сака За во рајот господ одредува Кој е лош таму него следува Треба да си поштен на земјата Горе да си барем во мензата Но ако таму поштено храна неделиш Во опеана божја ќе лежиш Тоа значи и горе и доле е исто Како ќе каже бог Ристо ВЕРКА
Нејзината топлина е најсилна Намерата за неа ми е озбилна Таа е жена домородка Таа е вредна македонка За неа ќе платам први чалгии Чалгии баш македонски Да се свири да трешти Да слушнат странци и овдешни Со злато ќе ја платам Сите долгови ќе им ги вратам Верка е мојот изгор Верка е мојот избор
ДОЧЕК НА ЗИМАТА За во зима треба се да се има чушки печени чушки гмечени низа сушени кода пресолни Зелка за расол и расолница Месо свинско месо печеница Кола дрва кола брашно Колку да е зима не е страшно Вино и лута комовица А може да има и топла сливовица Многу песни и свирки За мезе дури печени мисирки Весел дочек за новата година Среќа и радост за идната година ПЕЛАГОНИЈА Е ПЛОДНА Да викам ќе ме изедат ѕверовите Да молчам ќе ме најдат ѓаволите Сакам да бидам слободна Да бидам жена мајка родна Ја сакам пелагонија равна Уште повеќе македонија славна Македонска мајка раѓа здрави деца Пелагонија наша плодна житница Планини високи полиња родни Стада бели домородни Пелагонија од пелистер до Лукас Се што се родило се со вкус ШТО Е СВЕТО Свето е сонцето што не грее Ветерот што не вее Водата што не лади Земјата што не храни
Другото се е предпоставка А може да е и прикаска Човекот колку нешта повеќе прави Толку сме по нездрави Ако хемиски се оплоди Тој и хемиски ќе умри Историчарот ја пишува историјата За да си ја помине сегашноста Во натпреварот за подобар живот Прв умира натпреварувачот Колку луѓето се по учени Толку се повешти арамии
СМРТ Смртта е тивка и изненадна А некогаш касни и е досадна Болеста може да се лечи А смртта тешко да се спречи Сите родени ќе умрат Некој порано некој покасно Тоа ќе го сторат Кој е слаб со крв До смртта ќе стигне прв Кај што време касни Таму и огнот гасни Кај од студ се ѕемне Таму и смрта демне БОБАНЕ На устата бакнежот мој А погледот во џебот твој Каква љубов ќе не зафати Ако треба се да се плати Бобане тој што ќе бакни Треба поштено да си плати За пари се се добива Но и љубената се изгубува Бобане слатка е славата
Но пази си ја и главата Бобане верувај на лицево мое Ако сакаш да биде твое ВО КАФАНА Кога гостите се пијани Газдите се трезни Тогаш газдите се во право А гостите одат здраво здраво Така во кафана се живее Не се работи ама се пие Гостите си одат со празен џеп А газдите остануваат со својот буџет Секој што има некоја мана Ке ја снема ако оди во кафана Во кафана и да пиеш и да кршиш На крајот се ќе си платиш СРЕЌО МОЈА Со магија сме врзани Со вино сме опиени Со вода ладна бистра Со совест наша чиста Љубов на прв поглед Богатство во недоглед По тебе сум луд Бес тебе осеќам студ И да е темно и да гори свеќа Ќе те најдам ти си ми среќа Среќо моја едина Срцето ми вели ти си ми судена
САКА УБАВ И МЛАД Тој ја изгуби цела имовина По нејзината убавина Од неја беше занесен А да не биде свесен Таа како да го зачара А потоа го разочара Болката беше најголема Ко дозна дека таа не го сака Таа не сака грд и богат Таа сака убав и млад Тоа е нејзина одлука Може само аква некој да ја сака Таму кај касни љубовта Ќе се осети загубата
ДЕДОВНИНА Не се продава ни куќа ни околина Таа е куќа таа е моја дедовнина И јас ке ја оставам некому Да се сеќава на дедо му Прстен од баба ми и куќа од дедо ми Не се продаваат Само за спомен се даваат Тој што ќе ги добие И тој не треба да ги продаде Тоа треба да остани во традиција За идната наша генерација Дедовнината ќе остане На некој друг На некој од нашите на некој внук СОЛЗИТЕ НЕ СЕ ИСТИ Плачењата се секогаш исти Само солзите не се исти Некогаш се топли нежни Некогаш ладни снежни Некогаш крвави и солени Некогаш суви и болни Младите плачат без да се мачат А старите плачат зошто се мачат Некој ќе се мачи додека е млад Некој ќе се плачи зошто е слаб Без мака не е ниедна глава Без мака не се стекнува слава ГОСПОД МИ ПОМОГНА Многу мајки ме проколнија Многу мајки ми пререкоја А мене клетва не ме фаќаклетва од секоја Ни клетви ни сторенија Мене не ме уништија Зошто јас сум прав Господ гледа јас сум здрав Господ ми помогна да се заљубам Господ ми помогна како да се чувам Само една мајка може да ме проколни Само мојата може да ме смири НАРКО ЗАВИСНИК Плаче мајка за својот миленик Што стана нарко зависник Волјата за живот го напушти Телото му се исуши
Мајка плаче коса корни Од дрогата неможе да го отргни И двајцата се тешко болни Никој неможе да му помогни Синот ќе умре од дрога А мајката од болка Тој што дрога нема да проба Посреќен ке биде се до гроба Зошто таа е гнасна Зависна болна и опасна РАЗДЕЛБА Се колнам во мајка и во бога Кај тебе нема да стапне моја нога Ќе отидам преку море длабоко Да не те виде друг пат мое око Не мисли дека ова е закана Не ова е крај ова е вистина Неможам да трпам невистина Срцето од болка ми се искина Ќе заминам некаде преку Само да сум од тебе подалеку Ова не е писмо за разонода Ова е писмо за разделба БОРБА ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ Ако некој ти посегне по крвта Тој ти ја посакува смртта Треба да си ја чуваш крвта Да не ти дојди порано смртта Стално треба да се бориш Од смртниот напад да се одбраниш Животот треба да се брани секаде Кога се работи и кога се јаде Некогаш ќе се надеваш на некој Најчесто ќе се браниш без никој Цел живот ќе се бориш и браниш За подобро и подолго да живееш
ЖЕНА Жени жени еден куп А мене ми е ладно осеќам студ Да стигнеш до жена не е тешко Да посегнеш по неја е жешко Жената има јака температура Зема пари а враќа во натура Жената е човечко створење Ама не е за секакво работење Таа треба да се пази и да се мази А не по нејзиното тело да се гази Кој жена не сака и не есапи Поарно нека се обеси Жената го прави среќен Затоа мажот е подолго вечен Ако жената ти е постара Стално за нешто ќе те кара Ако жената ти е помлада Може да си побара замена Најдобра е златна средина Да сте родени во иста година ПОЛИТИКА Ако ме изберете јас да ве водам Сигурно животот ќе ви го подобрам Ако ве водам јас Ќе има храна за сите ќе има спас Не треба да ве води некој слеп Ами да ве води тој што ви дава леб Народот верува во политика Таму кај што има и мотика Тој што ја врти политиката Тој треба да ја заврти и мотиката Ако некој добро суди За успехот нема што да се чуди Тој што лошо суди И во сонот ќе се буди ДРВО Чувајте го дрвото додека да умре Оставете го да си умре а не да изгоре Дрвото помага при ерозијата Дрвото не лади од горештината Тоа што го знаеме првото Тоа е чајот од дрвото
Користа од дрвото е многу голема А уништувањето негово уште поголема Од неговите плодови Се задоволуваат човечките вкусови Дрвото е еден фактор во природата Како земјата воздухот и водата Чувајте го дрвото додека да умре Оставете го да си умре а не да изгоре
ЖЕНИ Жените од што многу знаат Често во животот се каат Жените колку што се убави Толку се и улави Колку да се добри на крајот Пак нема да бидат во рајот Затоа што господ од горе следи Која колку секоја вреди Многу време ти обеќаат На крај бараното не ти го даваат И мажите често се грешни А они не што се грешни ами и се смешни По некоја ќе заакат Незнаат каква жена сакаат А жените што не се паметни Често и се тепани УЧЕНИЧКИ ЧАС Секој час почнува на време А некој завршува пред време На часот некој не ја донел домашната Така беше и со вчерашната На учениците домашните му се тешки А игрите на компјутер му се смешни Сите чекаат ѕвоното да ѕвони Да го уклучат мобилниот сони Ало мамо ја сум без мана А класот ќе го понавлја Тоа се ученици кој не внимаваат Годината ја губат без да полагаат ПРАВДА Тешко е да се живеи тешко се диши Има ли некој правда да напиши
Ако некој ја напиши треба да е за сите А не за поедини и за моќниците Правда е правда ако секој ја ужива А не некој да профитира а некој да умира Правдата секогаш сите ја бараме Без неја сите се караме Правдата го чини човекот праведен А без неја човекот е обесправен Правда е ако праведно се суди А не ради неја живот да се губи ПРЕТСТАВУВАЊЕ Тој што на врата или телефон ќе се јави Најпрво треба учтиво да се претстави Потоа да ти пружи пријателска рака Дури тогаш да кажи што сака Ако така е прифатен Ќе биде слушан ќе биде добредојден Ако не се претстави Вратата или телефонот ќе се затвори Не е како порано не е важно кој сум Важно е да знаеш што сум Сега се се сними За разговорот и ликот не се изуми ЦЕЛА НОЌ ВО МРАК Штом ќе падне првиот мрак Јас со рака ќе ти дадам знак Цела ноќ да сме заедно Цела ноќ да сме до едно Креветот да ми биде полн Во душата да немам бол Искористи ја мојата подадена рака Оти некој друг ќе ја посака Тоа што ќе сториш во мрак Ќе ти се врати како сончев зрак Тоа што се прави во мракот Се ужива во денот РЕЦЕПТИ Луѓето кога живееја без радост Имаа подобар и подолг век Денеска сме засипани од препораки Затоа остануваме со куси ракави На македонија не и требаат Хибриди и суригати Ами работа и добри плати Македонија може и други да храни А од многуте рецепти треба да се брани Рецепт политички технички и прехранбени
За нас се сите прекумерни Македонија има сонце и вода Домашните рецепти треба Да се во мода ЗА МАКЕДОНИЈА Во господ ќе се колниме За македонија ќе се колиме Со сите средства ќе се бориме Од никој не се срамиме Срамно ќе биде да се предадеме Без ништо за неа да не сториме Некој што не мисли како ја Тој не си ја сака земјата своја Тој што се родил во македонија Таа е негова татковина Никој никого не смеј да го убедува Ами да се спремат на одбрана За татковината своја За македонија твоја и моја НЕМОЈ МАЈКО ДА СЕ СЕКИРАШ Мајко ќе ти донесам млада невеста И кај тебе да се види радоста Немој мајко да се секираш Ќе имаш внуци да се радуваш Ќе ти биде топло и во зима Татковото име пак ќе го има Фамилијата ќе ни се зголеми Сите дома ќе сме радосни Мајко сешто неможеш ти Тука сме твоите синови Нема ништо ти да работиш Здрава и долго да ни живееш НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ЗАЉУБИШ Се ти дадов се што бараш Од друга ништо не добиваш Малку ли тоа ти значи Па за кратко време ме одкачи Не је задржа мојата убавина Сега некој друг ќе ја ужива Само ти си незадоволен Нема да ме изненадиш Ако паднеш болен Зошто мојата клетва Ја слуша светот И семоќниот господ Никогаш да не се заљубиш Казнет ќе бидиш да не постоиш
Зошто мене ме искористи А никогаш не ми одговори ЉУБОВТА КАКО ЛЕК Нежно допри малку поиграј Телото ти го давам не го силувај Долго ќе ни треба и тебе и мене Заедно ќе сме нели ѓавол да не земе Кој тоа незнај да го чува Подобро е да не се заљубува Тој што велгува во љубов Треба да не е грд ами убав Љубовните игри не се лесни И двајцата заљубени треба затоа да се свесни Кој од љубовта е задоволен Цел живот нема да е заболен Љубовта е најдобар лек Што на човекот му трае цел век КОГА ТИ МИ НАМИГНА Кога ти со очите ми намигна За мене тоа не беше сигнал Топлина низ телото ми мина Се што ме болеше ми помина Како да ја осетив твојата рака Па си помислив што ли тој сака Знам со нешто ќе те задоволам Но незнам дали ќе те усреќам Љубовта најчесто се бара Само некој да не се служи со превара Во мене се створи позитивна енергија Тогаш ти ми намигна Топлина низ елото м мина Се што ме болеше ми помина
ЉУБОМОРА Тие што многу зборат Тие најмногу љубоморат Таа нигде не води Само прави болни незгоди
Таа често не се гледа Зошто не е среќа ами беда Љубоморните луѓе се несреќни Зошто од тој сој се единствени Со неа неможеш да победиш Тешко од неа да се ослободиш Иако е болна страс Често се појавува кај нас КАКО АНГЕЛ ЌЕ ТЕ ЧУВАМ Јас ангел твој сум Само ти знајш кој сум Знајш дека бев твој Сега ме оставаш без никој Како ангел ќе те чувам Само за тебе ќе живеам Небо и земја ќе спојам Ама тебе ќе те освојам Пред бога ќе се заколнам Цел живот нема да те изневерам Зборот што го ветив ќе го одржам Пред матичар ќе те одведам А потоа ангелче мое Ќе имаме нешто мое и твое НОВ ДЕН Штом зората ќе зазори И сонцето ќе огреи Нов ден ќе започне И сонцето ќе опечи Се до касно до вечер А кога ќе настани ноќта Некој ќе спие Некој ќе почне да пие Некој сонот ќе го завлади А некој ноќта ќе го награди Во ноќта тоа што се прави Во денот затоа треба да се наздрави Ако на сите денот и ноќта му се важни Тие никогаш нема да се тажни
СРЦЕ СЕ ДАВА САМО НА ЕДЕН Дај ми го тоа што го чуваш А сакаш некому да го дадеш Дај ми го дај на мене А што ми фали мене Јас ќе те чувам како капка на рака Јас ќе ти дадам што ти срце сака Дали сакаш пари или рожба Или треќо нешто можда Давај што ти срце сака Гледај што ти око гледа Срце се дава само на еден Само на еден на тој што е нај вреден Тој што ти ја побара твојата рака Тој што вистина те сака ЈАВНО ПРИЗНАВАМ Неможам со скрстени раце да седам Неможам овде беда да гледам Ќе одам на друго место Кај животот ќе го живеам лесно Овде не вредам Зошто никому џабе не давам Секој сака да земи и да замини Мене бос да ме остави Зошто се ми се случува А да незнам затоа ја Јас сум како сите други А само мене ми се суди Зошто никому не давам Затоа јавно признавам ЛЕК И ВЕК Никој човек неќи Кого од телото нешто му се сечи За нешто да се излечи Нешто треба и да се пресечи За потоа да нема рани На крај се да заздрави Народот вели : ако има век има и лек Но во животот е ако има лек има и век Користете го лекот пред да ве заболи За покасно да немате проблеми Така е тоа во светот Овде и секогаш во животот
Некој живеат за да умрат Други умираат за да живеат
ДЕЦАТА И ЈАГНЕНЦАТА Сред село се збрале деца Како во трлото јагненца Едните играат и пејат А другите за мајките блејат Кога се заедно се во игра Така растат без брига Децата кога се мали се најмили Како јагненцата бели Децата растат и учат А јагненцата се колат и печат Ваквиот сооднос е реален Во спротивно ќе беше безвреден ОБИЧНА КОШУЛА За дочек на нова година Облеков обична кошула Сите во свечена облека Само јас во обична кошула Зарем и јас не заслужив кошула друга Та изгледав како обичен слуга Морам да изгледам поинаку Да не бидам во очи секому Не може сите да се во средина А јас да сум понастрана Да ја сменам обичната кошула Да се облечам како сите во одела БЛИЗНАЦИ Нешто ме боли брате А за тоа незнаат ни мама ни тате Кому да се пожалам Кому да се искажам Кога срце ме боли Кога неќе да преболи
Знајш ли брате дека сме единци Знајш ли дека сме близнаци Помогни ми брате да не болувам Како сите да се радувам Да немам во животот пруги Да сум како сите други КОГА ГОСПОД ПЛАЧИ Господе што те мачеше Та и ти што плачеше Твоите солзи да се како дожд На земјава да сечат како нож Ако тебе нешто те расплачи Нема нас што не не мачи На земјава не е како ти што велиш Или и ти незнајш правда да делиш Можда и твоите ангели Се како нашите претседатели Секој сака туѓо да зграби Што повеќе да се збогати Господе господе во што да веруваме Да сме здрави и да не болуваме
МОИТЕ ОЧИ Тоа што било го виделе сите Само да невидов со очите Осетив длабоко во срцето Како ми течат солзи по лицево Дали очите не ми гледаат Или клетви ме следат Дали господ да го молам Или срцето да си го следам Да не ми течат солзите Да ми гледаат очите Треба ли да патам Или книга да фатам Да гледам со очите мои Да гледам секакви бои ТЕ САКАМ ТЕБЕ Од лути солзи лицето ми губи сјај Од твои клетви душата нема да оди во рај Станав твој слуга Само и само да не сакам друга Те сакам тебе и душата твоја Те сакам тебе да бидиш моја Погледни барем еднаш Ќе бидам твој веднаш
Ете така јас мислам Од болка ќе превиенам Кажи што да сторам Да останам жив да не изгорам Те сакам само тебе многу не заминувај од мене без збогум ВИСТИНА Кариерата ми блиста Ама јас не сум веќе иста И телото и лицето ќе кажи Тоа ќе го потврдат и сите мажи Се што се гледа е вистина А другото е лага и не вистина Кога телото се превива Никој тогаш не се сомнева Кога некој плачи Значи дека нешто го мачи И љубовта и слободата се слатки Лоши ќе бидат ако се кратки СВАДБА Наполнете ги сите чаши За сите гости наши Нека пие и кумот Само да си го чува умот Свадба е кога сите се веселат А некој дури и се радуваат Оваа свадба е голема Зошто како не ја друга нема Ако младоженецот има моќ Ќе се знае во првата ноќ Зошто стално може да се љуби Но само еднаш невиноста се губи КАМЕН За камен би се фатила За камен би заплакала Не се плачи за камен пак Ако каменот не е толку скап Обичниот камен толку не се сака Не е обичена ако е на рака Не е важно кој го носи Важно е чија рака краси Рубин или смарагд На женските раце е најдраг Од некој камен ќе се сопниш Од некој богами ќе се збогатиш Каменот најмногу се цени Ако е наменет за жени
ПАРФЕМ Ако оставиш парфем на мојата кошула Тоа си го сторило од љубомора Парфемот ќе потрае Но ќе го открие тој што знае Со парфемот нема да ме освоиш Ако друг го намириса ќе ме изгубиш Затоа мора да пазиш Кај парфемот го оставаш Не биди љубоморна Не оставај парфем на мојата униформа Ако парфемите ни се исти Љубовта и лицето ќе ни се чисти РОДЕНДЕН Роденден не е важно кој Тој роден ден е и мој Се слави кој тогаш е роден Не е важно од каде е дојден Тој ден е пишан во лична карта Иако некој не е роден во марта Тој ден е голема слава Но само за една глава Секој си има свој роденден Со него ќе се легитимира секој ден Секој треба да е среќен Што има свој роден ден ОСТАВЕНА ВО ПУСТИНА Тој отиде на своја страна А мене ме остави сама Ме искористи и замина А мене ме остави во пустина Кај се гази само песок И топол сончев одблесок Устата за вода ми изгоре А сонцето се појако пече озгоре Нема ни камилени стада Ни бедуини да борат вода Очите суви устата жедна Дај боже да е фатаморгана бедна
ЗАВИЕНА ВО ЦРНО Отиде секој на своја страна А мене ме оставија сама Да го чувам нивниот роден праг Како ќе се вратат незнам пак
Ме напуштија Во црно ме завија Зарем господ така решил Или јас некаде згрешив Да се завијам во црно Да останам без лебно зрно Каква е нашава нација Таква е нашава генерација ЗА ГОСПОД Ако господ е куманист За сите ќе биди ист Кај што има неволја Господ таму не гледа Кај се живеи во населби густи Таму има многу гладни усти Кај господ не шета Таму се прави штета Ако господ затоа дознаи Сигурно ред ќе створи На господ секој му се моли Во господ секој се колни Колку сме понесложни веќе И господ почна да не неќе СЕРЕНАДА По снегови бели скијам На твоите коси спијам Од очи солзи ми течат Од бакнати усни ме печат Дај таму чаша вода Од горчини Да се ослобода Како дождот од облаците Како серенада по сокаците Последна моја нада Да испејам една серенада Дожд да се мие од овлаците Серенада да се ечи по сокаците ЌЕ НИ СУДИ ЦРНА ЗЕМЈА Некој за пари одат во војна Но и за останатите одат без волја Како патот да не е за сите ист Затоа сите ќе се најдат во амбис Кога се има многу пари Се прават чудни ствари Но кога парите ќе ги снема На сите ќе ни суди црната земја Не се знаи кој затоа одлучи
Во 21 век светска економска криза се случи Колку таа криза ќе траи Никој во светов не знаи Само земјата знаи колку и тежиме Сепак ќе не прими во неја да лежиме ДОЛГОТ ДА МИ СЕ ИСПЛАТИ Дај ми дај ми не ме лажи Дај ми или откажи ми Оти друг ќе се нафати Долгот да ми го исплати Може да е и пензионер Само да е добар кавалер Да ме пренесе преку праг Да ми е верен да ми е драг Ако не знае топло да ме загрли Со време нека се од кажи Мене ми треба некој да ме прифати Долговите да ми ги исплати Затоа јас ќе му се оддолжам Се што сака ќе му допуштам НА МАТУРСКА Еј јабанџија мој комшија Еве ти дојдов на матурска Матурскава да не е последна Дипломската да е до неја И тогаш ќе ти дојдам И пак ќе ти честитам Докторката деспртација Твојот успек ќе го круниса Тогаш ќе сме највесели Од среќа опијани И тогаш нема да екрајот Среќата и успехот нека те Води се до рајот ЗЛАТНА СРЕДИНА Времето од сонце стана темно И луѓето не се сакаат меѓусебно Луѓе кои за нешто важат И тие почнаа да лажат Зошто ни се случи его Затоа што сите учествуваме во него Никој не ќе го проучи Тоа што ќе ни се случи Во природат асе што е живо се брани Ако го нападнеш може и да те рани Само во аквариум и резерват Не е така Зошто човекот така сака
Човекот треба да знае за златна средина За да живее подобро секоја година
АКО НЕМА ДУШМАНИ Нека пукнат душманите Нека ги изедат кајманите Господ нека ги казни Цел живот да носат лузни Моштите в пекол горат За добрите убавини нека зборат Жените да се трудни а не јалови По смрта сите ќе сме ангели Ние сме како сите други Како и сите господови слуги Ако нема душмани злобни Сите ќе бидиме среќни и слободни Душмани да нема каде и да било И на господ ќе му е мило СЛАВНИТЕ Сиет славни како и пејачите Од снимање и интервјуа ги болат очите За својот изгледа и линија Не смејат да се приближат до кујна Од силно светло глава ги боли А стомакот за храна ги моли Цел живот од пороци се кријат Не смејат да се најадат или опијат Ако се дознае некоја тајна врска Во веснците со сите боји ќе се испрска Секој некого мора дамоли А од тоа страшно глава боли Таков е животот на славните Кој ги имат само парите ПИЈАНИЦА Тој што пие и песни пее Дома ќе си дојде кого сонцето ќе огрее
Ако го прашаш кај цел ноќ лутал Тој ќе рече дека денот рано осамнал Тој никогаш не е во грешка Сал си пие си се смешка Ако нема во готово да плати Ќе плати во рати Пијаницата не гледа кафаната Како е опремена Тој гледа до кога е отворена Ако го прашат која е неговата мана Тој ќе рече било која кафана
БЛАГА КАЗНА Господ на човекот му дал ум Но не секаде да биди кум Тој не е толку заслужен што толку Го има на земјава Тоа е што господ благо казнува Ако господ секогаш со смрт казнува Човекот ќе го немаше на земјава Затоа секој треба да се труди И со свој ум да суди Така секој ќе биде ангел кај господа Ќе лета од земја до небеса Ќе носи секому порака Да се поштува господовата поука НА ТВОЈОТ СКУТ Доста беја мајко страдања Доста беја одење во јабана Ќе се вратам мајко дома Ќе се вратам и да си најдам мома Се има во јабана Само нема слобода Дома ми е твојот скут Кога ќе ми е ладно Да ме заштити од лад и студ
Татковото огниште По топло греи, од сите долари Тешката работа плеќи ми наведна Желба да се вратам срце ми стегна На твојот скут мајко да се исплачам Да не одам во јавана да не се мачам ЦЕЛ ЖИВОТ ЌЕ СИ ПЕЕШ Во една темна ноќ Ми дојде сила ми дојде моќ Да бидам тих и не гласан Да љубам и да бидам страсен Влези само по ноќна роба Ова е нашата заедничка соба Сега што ќе се случи Цел живот ќе не зрачи Ако во ова ноќ не ни заврни Другите ќе ни бидат црни Затоа кажи му на срцето твое Што е твое да е и мое Ако тоа сега го сториш Цел живот ќе си пееш
РЕКАТА ЛУДА МАРА Нашата река луда мара Кавадарци на два дела го ствара Понекогаш коритото и е тесно Па се излива лево и десно Кога таа матна ќе дотече Може сешто да одвлече Тече стално не пресушува Од смедеа не задушува Таа многу тајни крие Па затоа водата не и се пие Ни реката не е чиста Ни водата не е бистра Сите во неа плукаат А неќат да ја исчистат
ПОВРЕДА Ако еднаш се повредиш Немој тоа да го повториш Секоја друга повреда Од првата е поголема Во љубовта таа многу значи По секоја повреда секој ќе те откачи Повредата чини лузни Што никој неможе да ги измазни Колку е поголема повредата Толку е потешка болката Полесна е повредата на рацете Од повредата на емоциите РАЈ ВО СВОЈОТ КРАЈ Да се живеи во својот крај Значи да се живеи во рај Да се пие вино место вода Тоа значи баш згода Ако нема вино како да нема сонце Ако нема сонце како да нема ден Нов ден нов живот За човекот и за животот И да течат солзите И да болат болките Да се живее во рај Може само во својот крај ТРНЛИВ ПАТ Ја изедов нафората од божјиот леб Кој ми ги сочува очите да не бидам слеп Одев по сите беспаќа Од каде ретко назат се враќа Го изодив тој трнлив пат Го осетив животот на својот врат Кој својот живот не си го исправи Тој нема што да оствари Времето е за сите исто Но секој неможе да го користи често Иднината не е за сите Најмногу не е за лошите
ПО СМРТА Кога некој ќе потони Друг треба да се поклони За неговата душа за неговиот покој Не е важно кој е тој
Ако неговата свеќа згасни На тоа никој не треба да се се насмеи Таква судбина секој ќе го фтаса Дали е по душа чист или е гнаса Некој се погребуваат Други се кремираат Некој поводите пепел сеат Но ни тогаш другите да не се смеат Тоа е ритуал по смрта насекому Дали е од тука или е оддалеку ПРЕСЕЛБА Чудна е таа шара таа арабеска Што бара почит и ракоплеска Чуедно е тоа време што го нема Тој воз без возен ред што замина Остана само пусти станици Без џагор без тие патници Ми остана во ум таа лоша кривина Каде возот за последно замина Кај отидоа тие вагони таа композиција Кај се пренесе таа шара таа традиција Колку ли станици тој воз помина За да застани во турција во андолија Таква беше преселбата на тие чафчии Кај замина а не беја криви МАЖОТ И МАШКОСТА Кога мажот ќе ја изгуби потенцијата Неможе да му помогни ни медицината Ако сп нешто сака да се поправи Сигурно уште повеќе ќе остари Годините за се кажуваат Во споротивно мажите се залажуваат Со други стимулации само се губи време Човеку толку е твојата машкост Ѓавол да те земе И медицината кога сака да помогни Најчесто пред време живот се губи ИМАМ ГЛАС Мајко песната ја избрав јас За пеење мајко имам глас Ќе пејам мајко од сега Ќе пејам како никој до сега Зошто мојот глас надеж дава Со мојот глас ќе станам слава Со песна низ цел свет Со песна до сигурен леб Ќе пејам секаде и за секого
Да сум независен од никого Песната мајко ми е судена Со песна ќе ја градам мојата иднина Ти мајко немој да тагуваш Со мене можеш да се гордееш ЛЕК Порано се лекувало за да се остари А денеска се лекува за да се збогати Порано лекот бил за пет пари А денес го нема ни за долари Колку е посовршена науката Се почеста е смртноста Се нуди лек за секоја болест А од лекот нема никаква корист Колку се посовремени аптеките Се се поскапи лековите Колку повеќе користиме лекови Толку повеќе ќе не болат нашите глави Докторите порано гледале колку Ќе излечат Денеска гледаат колку Повеќе да спечалат ЛАГА И ВИСТИНА На лагата нозете и се кратки Затоа завршува зад решетки Со лага далеку не се стигнува Зошто во неја нема вистина А вистината има логика На кој не и е крајот до тука Вистината стално продолжува и само вистина раскажува со лагата се станува криминалец со вистината индустриалец лагата нема долг одраз ами има црн образ ВИНО Со чаша вино во рака Се лекува својата мака И колку да ви се големи маките Винската капка треба да ја сакате Виното треба да го цените До последна капка да го испиете Од секоја течна капка Винската е најдобра голтка Виното плати го со скап чек Зошто виното е најдобриот лек Од виното се станува везир Ако се препие се станува резил
ПРЕД ИЗБОРИ Дајте ми глас јас да ве водам Дајте ми влас од беда да ве ослободам За вашите права јас ќе се борам Мир во земјава јас ќе сторам Само така држава ќе не биде Секој од внатре и однадвор да ни завиде Секој треба да си го најде правото Секој да си е свој на своето Зошто вака како што сме Ама за никаде сме Јас напред ќе ве водам Вас сиет ќе ве обогатам Секој пред избори така вели Се додека во фотелија се всели Потоа само за себе ќе гледа А народот ќе му е во беда СОНЦЕТО И МРАКОТ Месечино што само ноќе светиш Топло сонце што срце ми грееш Во ноќта црна љубов ни се стори Не дај сонце не дај срце да ни изгори Сонец ти си нешто свето Се друго човечко е проклето Кога ќе го снема сончевиот зрак Ќе настани ноќта ќе настани мрак Кога сонцето грее најсилно Ние сме сите заедно ТОПЛИ КРИЛЈА Топло ми беше под твоите крилја Како под сонце да сум била Со тебе се ми годи Како да сум крај студени води
Ти си ми мене суден Ти си топол а не студен Кога сум под твоите крилја Со твојот збор без илја Се ситам на зборот и на твоите крилја На твојата љубов на твојата сила КОМШИЈАТА СТОЈАН Ој стојане море мој комшија Кажи кажи што ти стана Дали куќата ти изгори Или жената те остави Ниту куќата ми изгори Ниту жената ме остави Ами тешка болест ме нападна Целата снага ми ја блокира Ој стојане море мој комшија Појди си горе в’планина Кај што пасат стада бели Пиј води студени Снагата ќе ти се поврати Се што си дал ќе ти се исплати
ПО СМРТТА Додека сме живи земјата ја браниме За по смрта телото да го подариме Секој вели свеќа да запалам Лесно земја да му пожелам А земјата колку е тешка Само тој знаи што го облило пот жешка Земјата е таа што сите не носи Дури и по неја одиме боси Таа не храни Таа ќе не сохрани По смртта живите апело прават Обеќат дека умрените нема Да ги заборават По смрта свеќи палат И храна за душа раздаваат ЗА МАКЕДОНИЈА Куќа моја земја моја Македонија Ти си моја едина домовина Шарена си како во есен Ти сонце да не грее бело како ден Во тебе се родени многу јунаци Славни јунаци се македонци
Карев, Груев Питу Гули Се познати од 1903г од месец јули На тебе се бореле многу борци Низ тебе поминале многу војсководци Во македонија и мртвите се задоволни Зошто во своја земја се закопани ЖИВОТ Животот се мери во години А маките во тешки тони Незнаеме кое е потешко Дали животот или сонцето жешко И едното и другото И првото и второто Не се лажни Во животот се најважни На животот да му се радуваш А на сонцето да не му се криеш Колку повеќе сонцето те грее Толку ветерот помалку те вее Кога си во тек со времето Нема да ти е тешко времето
ПАРИ Парите пусти да останат За нив луѓето се убиваат Тие времето ни го мерат На живот кожата ни ја дерат Некој многу пари имаат Други ич пари немаат Тој што ги има се добро сонува Тој што ги нема ни сонува ни заспива За некој се добра заработувачка За други се отепувачка Тие што парите ги имаат Живеи за да умрат Тие што ги немаат Умираат за да живеат
РАЗЛИКИ Господ ги поделил луѓето На мажи и жени А сите други поделби ги Правиме заедно или не сложни Луѓе ли сме што ли сме Во многу се разликуваме Природата ни дала се А ние се убиваме Животните се борат за опстанок и храна А човекот се бори за Профит и освета Такви се чуствата човекови Кој се господар со векови ЗА НАШИТЕ ВЕЛИКАНИ Нашите великани нити толку Заслужија нити волку задужија Тие работеле на рака а не како сега со техника Денеска многу за нив пишат И ако тие не знаеле да читаат Имаше и такви кои за нас многу сторија А сегашните моќници на нив заборавија Заборавија дека се од наше население И дека сме ние нивно поколение Се зборува за некој случај Но се викал како нас иако овде Не живеел ниту јас За грешките што се прават Сега час побргу од нив треба да се бега На таквите не треба даму се прости Ами треба итно да му се суди
ЗАГРЛИ МЕ СТОПЛИ МЕ Стопли ме да не сум студена Загрли ме ја сум ти жена Кога сум топла и влажна Зарем само тогаш сум ти важна
Љубовта меѓу нас Ќе биде услов ќе биде спас Кажи што ли ти должам Да сторам се што уште можам Ако можам ја можеш и ти Ајде заедно во нови дни Нам ни е судено Да се љубиме да сме заедно МИТЕ Те имав ми беше драг Те љубев ми беше благ Кога го запознав мите Те заборавив тебе и другите сите Мите море мите Ти не си како другите сите Ти си ми од сите по драг Кога те љубам си ми поблаг Благо љубов блага крв Благо тебе мите шчо ми беше прв Мите море мите Има зошто да ти завидуваат сите ПРОКЛЕТСТВО Престана твоето дивеење Згасна твоето владеење Зарем мислиш пај да владееш Зарем пак да убиваш Тоа тебе што ти се случи Никој друг да не го научи Тоа твое проклетсво Тоа е неоправдано и е безумно Секогаш и секаде тоа да престани За да има помалку гладни Проклетството е лоша дума Кое не треба да се спомнува БАБА СО КСМЕТ Мојата љубави Со мене нема што да изгуби И бабата е со голем ксмет Ако ме има мене за зет Ја имам со што ќе се покажам И двете ќе ги задоволам Навечер рано ќе се приберам И цела ноќ нема да спијам Жената не сака да спиеш Ами сака со неа да работиш Добра работа добро се бодува Ако е дупло дупло се наградува
ВНУКОТ ЗА ДЕДОТО ДЕДОТО ЗА СИТЕ Дедо ти си наш куќен праг Ти си ни дедо многу драг Дојди дедо да те гушни Повтори го тоа пак да се слушни Ако моето внуче мисли вака Сигурно тоа е и така Синовите нема што да лажат Останува како внучето да кажат Јас потоа ќе се обидам Сиот имот да му го поделам Се ќе можат да наследат Без да оставам друг аманет БАРАМ БАРАМ Барам женска не љубена Барам со љубов не изгубена Дали ќе ја најдам за ден или час Тоа зависи од среќата на двајцата нас Дали среќа ќе имам незнам Таква жена да си изберам Ќе ја барам меѓу ѕвездите јасни Барам љубов која нема да згасни СПОМЕНИ Си минат годините Остануваат само спомените Времиња каде ли отидоа Зарем со нив се однесоа Се однесоа само спомените останаа Спомени на радоста Спомени на младоста Детската соба не се заборава Младоста брзо поминува А староста колку е подолга Толку е поздодевна МЕ БОЛИ СУДБИНАТА Во солена вода рани измивав А во сон македонија ја сонував Не ме болат раните Ме боли судбината Судбината на македонија До кога душман ќе не гази До кога секој јазик ќе ни плази
Ајде да се збереме Душман проклет да си Овде да те нема да не си
ЖИВОТ ЛИ Е МАКА ЛИ Е Кој да прашаме кој ли знае Колку ова ќе трае Живот ли е мака ли е Или ѓавол некој во нас ни е Треба ли да судиме Или стрпливи да бидиме Зарем стално ќе е вака Друг да не држи во своја рака Време е да се збереме За иднината да се договориме Ако нема со кој да се договориме Ќе има со кој да се бориме ГУЛАБИ Еј гулаби бели Гулаби летачи смели Кога вие летате Со вас писмо носете Некого ќе израдувате Други че расплачите Наколвете се бела пченица И поздравете ги нашите деца А одморете ги вашите крилја Зошто прелетаа многу милја Пак ќе ве чекаме со бела пченица Писма да ни донесете од нашите деца ЖЕНА Јас сум како река понорница Јас сум како небесна птица Птица која само лета И никому не смета Таква мајка ме родила Пораснав сама без дадиља
Научив се саа Зошто остана рано без мома Секоја може се да постигне Само треба срце да стегне Со верба во себе и топла крв Се стигнува до највискиот врв ЖЕНА Тоа што го имаш од мене Не го добивашни од други две Ако бев некоја друга Ќе ви дадев поинаква услуга Јас ништо не сакам од тебе Само да те имам за себе Никој не љуби како ти Жими жими мајка ми Ти што даваш од срце Други не даваат од уста
ВИНО Пијме додека сум горко Кога ќе ти се засладам Може и да те отрујам Поарно да не ме пиеше За да си бидеш каков беше Виното го пиеме и боговите Го пиеле и рекле виното е лек и отров Лек за тие што ме пијат Отров за тие што се опиваат Виното не е од крвта на исуса Ами од лозовата гранка КАЈ ДОКТОРОТ Докторот не го праша болниот што го боли Ами администрација што вели А таа одговара Докторот скапи лекови да не дава А болниот стално се моли Зошто нешто силно го боли Се што болниот ќе кажи За докторот и админстрацијата не важи Со ваков однос на докторите Ќе ни бидат болни сите Кога кај докторот не бива
Треба да се бара алтернатива МАКЕДОНИЈА СЕ ДЕЛИ Македонија нема да е цела Таа ќе се подели на неколку дела На соседите македонија му е цел Па си заземат дел по дел Нема да се забави тоа време Кога Македонците ѓавол ќе ги земе Заради алчноста на некој Кризата ќе ја осети секој Не дека соседите се поумни Него што ние сме неодговорни Нам ни треба некој да се роди Македонија напред да ја води ПОЖАР Телово ми горе ќе ми изгори А нема никаде пожарникари Да ме испрскаат Пожарот да ми го изгаснат Кај сте пожарникари Дојдете и ако сте постари Немора да сте пожарникари Само да сте добри мајстори Кој пожарот ќе ми го згасни И температурата ќе ми ја симни Не му тело ќе му подарам Нему ќе му благодарам
ЉУБОВ МЛАДОСТ И СТАРОСТ Колку е убава радоста Толку е подолга младоста Само со љубов во младоста Среќно се влегува во староста Кај што е љубовта Таму е и убавината А староста некогаш е долга Некогаш е и болна Кога има љубов без казна Тоа ти е животна приказна Ако си казнет од љубов Животот нема да ти е убав ТАМУ
Селото ми е во планина Таму кај што е убавината Убавина има секаде Но колку кај нас нема никаде Секој кај што се родил Таму и името си го добил Таму кај сонцето топло греи Таму е секој среќен и пеи Тоа е моето село Таму е стално весело Таму кај што се пеи Таму најубаво се живеи ЗАЉУБЕНИ Сами бевне кога се видовне Се гледавне и на друго не мислевне Бакнежот твој прв На јазикот ми е на врв Ноќта помина денот задени А ние уште бевне сами Цело време неразделени Цело време со бакнежи Заедно бевне без инат Додека ни се роди синот Од силна љубов во двојка Настана љубов во тројка Ако во љубовта сме среќни И во животот ќе сме вечни СУДБИНА Со судбината не се родил никој Но во животот судбината го прати секој Судбината или се гледа или се замислува Но секој човек ја поседува Пак ќе речеме судбината ти е таква Но кај секого не е иста ами е поинаква Дали некој е добар или не Таква ти е судбината тоа ти е се Дали е со судбина или не Животот треба да се живее Не мислите на судбината За подобро да си ја минете иднината
ЖЕНАТА ЉУБИ И СУДИ Како крвта во вените Такви во животот се жените Жените посебен дар од господа Жените чинат војна и слобода
А бре девојки а бре мајки а бре жени Вас ништо неможе да ве замени Жените во рацете на мажите Посигурни се код пушките Кога една рака крева таа суди Кога две раце краа таа љуби Кога таа бара пружи и раце Кога таа дава дава од срце КЛУЧОТ НА ЉУБОВТА Дај ми го клучот на мене Од вратата измеѓу мене и тебе Ако таа врата ја минеме Цел живот заедно ќе сме Еден клуч ќе стигне два А одклучуваш ти и ја Очите ќе ги замижеме Срцата ќе ги зближеме Сега мила или никогаш Ако сакаш да сме заедно секогаш И срцето те повикува Од еден клуч да станат два Те повикувам кја и да си Те посакувам каква што си БРОДОВИ Бродовите што тонат Деновите ги колнат Зошто толку лесни биле Та брановите ги потопиле Бранови за сурфање Бранови силни цунами Тие бродови што тонат Вечно на дното гнијат Многу животи со нив потонале Многу богатство во нив скриле Колку бродови потопени Дадени не се изброени ФРИЗУРАТА Ако косата ја прави убавината Жената треба да ја користи фризурата Фризурите шминките и црвилата На жената и ја прават убавината Колку жената е помодерна Толку жената е позгодна И ако таа добро се облечи Ептен убаво ќе заличи Добро облечена фриз и шминка Таа е современа жена а не клинка
И уште многу современи одлики За денешните жени
ЗДРАВ ЧОВЕК Човекот ако е здрав Ќе биде исправен и прав Но ако е болен Че биде од се подолен Но за да не биде вака Тој се ќе стори и да не е така Ќе учи проучува Такво нешто да не му се случува И ако се повреди Тој сам ќе се потруди да оздрави Дали ќе е со лек Или плејбек Треба да оздрави човек КАФАНИТЕ И РАНИТЕ И кафаните ги лечат раните Зависно колку се длабоки џебовите Колку човекот има пари Толку има помали рани И докторите не лекуваат исто Ами прашуваат кој од кое е место Не прашуваат кој од што пати Ами кој повеќе ќе плати Оваа не е новина Така било оддавнина Ако се учи од постарите Не одите често во кафаните КОЈ МНОГУ ЈАДЕ Тој што многу јаде Тој и многу ќе накладе Тој што многу јаде Од ништо не му се годе И колку да јаде се му е малце Затоа тој ќе наклади салце Ако изеди многу лебови Тој и ќе се здебели Тие што не користат кочница Одат порано во мртовечница ПРОМЕНА НА ГЕНЕРАЦИИТЕ Многу луѓе однесени во киаметот Расеани некаде во светот Та незнаат за своите огништа
Та незнаат за своите гробишта Порано се одело од мака од зулуми А сега се оди по најдобрите салони Колку повеќе окупаци Толку промени на генераци Генераци измешани по боја и крв Та не се знаи кој е последен а кој прв Денеска секој мисли дека е во право Та меѓусебно не си викаат ни здраво Генераци кој мислат само на профит Ете таков е денешниов свет
ОТВОРИ ПОРТИ Ме каниш само со очите А не ги отвараш портите Каква љубов ли ќе биде Ако срцето ти се стиде За љубов треба дваица А ти сечиш како ножица Ме каниш само со очите А не ги отвараш портите Размисли вака не оди Отвори ги портите некој да ти дојди Отвори ги портите отвори душа Та и моето срце тоа да го послуша ПРАТЕНИК Пратениците во собранието кога се карат Незначи дека нешто бараат Но ако почнат да се тепаат Тогаш значи дека нешто бранат Ако тепачката е крвава Тоа значи дека е стварна Камерите снимат И кога пратениците се тепаат Потоа следува народно мислење Кој е за пратеник кој не Кој во собранието го прекршил деловникот Тој се тепал за народот Кој пратеник не се однесува како чиновник Тој е народен пратеник ЕСМА Јас есма реџепова теодосиевска Тргнав низ светов распеана Со мојот стево теодосиевски Ги посетив сите континенти
Кај Есма ќе се појавеше Местото полно беше Секаде пееше по нивно Но најмногу по ромско Таа стана најдобра ромска пеачка Без пардон без точка Како човек едноставна Но со песната таа е најславна Најславна ромска пеачка Тоа е Есма реџепова теодосиевска ВО СТАРСКИ ДОМ Кога во главата ќе обелам А чекорите ќе ги намалам Треба нешто друго да смислам Се лошо од мене да истиснам И слугите ќе ги распуштам Таму нема кај да се враќам Ниту имот ќе имам Ниту данок на државата ќе плаќам Нема повеќе за мене љубов Нема ни живот убав Животот ми стана бродолом Треба да одам во старски дом АЛТЕРНАТИВЕЦ Одговорно тврдам дека Се на кожата отстранувам Се што е потопено и непожелно Со еден третман безболно На сув начин правам операција Без сечење без белези и компликација Ова само јас ќе ви го кажам Зошто само јас го можам Отстранувам се од кожата Рак на кожа тртки трници Брадавици кокошници жулеви Кандиломи кератоми авти Егзема надворешни хемороиди и др Се слуша секаков глас Но отсранувањето го знам само јас Може да дојде секој што има мака Да дојде само ако сака Се доаѓа само еднаш А резултатот се гледа веднаш “Мајка” МАНИФЕСТ Во село планинско убаво Таму горе високо
Горе кај што јунак заина Замина по стари патеки Да си збере верни другари Од таму манифест ќе издадат Земјата своја да си ја бранат Од странски агресори И домашни шпиони Манифестот повикува Секој да се јави тука Борбата почнува од човек без замена Се додека сани современа ПРИРОДА И ХРАНА Секој кај ќе се роди Природата таму храна ќе му обезбеди Сите храни не се чисти Па затоа и корисниците не се исти Храна која го задоволува вкусот А не и организмот Таа храна е лоша храна Таа храна не е природна Храна која се нуди а тука не се производи Таа храна никому не годи Природата одредува вака И мора да се живеи така Природата производува храна за сите Но не и за умрените
УТОПИЈА Ако човечкото тело е на природата Тогаш што е на господа Ако природата ни е живот и среќа Тогаш зошто на господ му палиме свеќа За ова нема научна вистина Ами само човекова утопија Колку повеќе се верува во минатото Се полошо ќе ни биде идното Човекот не треба да заборави Што бил Ами што сака да биде Да биде подобар од дедовна нота Да му е добра сегашноста и иднината
ЧОВЕКОТ И ЖИВОТНИТЕ Ако над живнотните нема уништување Од човекот не му треба ни лекување Колку животни има околу човекот Толку му е доста за опстанок Дивиот животински свет ќе си ја краси дивината А пиштолите ќе ја полнат кочината Односот на човекот и животните е многу важен Без нив животот ќе ни е тажен Тоа што го дава земјата и животните Човекот опстојува во годините Внимателен однос кон животните Најмногу кон оните скотните Ако кај животните се намали родот На човекот му се заканува гладот ГОРДОСТ Тој што си ја гази гордоста Како да не си ја сака земјата Сите луѓе на својата земја се горди Како на својата мајка што ги роди И колку да сте далеку некаде Вратете се дома од секаде Вратете се сите од јабана Во својата земја родена Животот пишува страници Најдобри се дома а не преку граници И виното испиено и песната испеана Радоста домашна е највесела ПИЕЊЕ НА РАКИЈА Кај има ракија Таму е весело таму се игра Ракијата не е дрога Дозволено е секој да ја проба Секој да пие по една чашка Од повеќе ќе му никне опашка Кој пие ракија зло не мисли Ако ја препие в затвор ќе скисни Кој ќе испие повеќе чашки Тој веќе не е во родот машки Кај газдата е ракијата и тупаницата Кај пијаницата е велицата ПОТРОШЕНА МЛАДОСТ Зарем може мајка да е злобна Синот свој да не си го сака Слепо мајко ти верував На младоста своја заборавив
Младоста ти ја поклонив И пак не ти погодив Затоа ќе пијам ќе се опивам Да видиш мајко како пијан изгледам Касно е веќе мајко за мене Ништо не очекувај од мене Кафаните ќе ми ја дотрошат младоста А тебе мајко гордоста КОГА КАМЕН ОД СРЦЕ ЌЕ ПАДНЕ Од срце камен ми падна Место да влезиш ти испадна Од мене си одиш И само грешките ми ги броиш Грешки правиме сите На нас ни се во гените Каменот што падна е тежоок Не допирајте го тој е жежок Камен од срце чим ќе падне Како сонце да зајде на пладне И тогаш во мракот е се црно А надежта е мала како зрно НЕМАМ ВОЛЈА Неможам мајко неможам Тебе мајко да не ти кажам За мојата мајко незгода За мојата љубовна приказна Неможам мајко неможам До девојка да се приближам Штом ќе дојдам до него Одма останувам без волја Волја неможам ни да зборам Нити нешто со неја да сторам Мајка синко ќе ти забои И стравот ќе ти помини Потоа волја ќе имаш И моли колку што сакаш ОД КОРЕН ДА СИ Тоа е мојата рода Што ми подаде чаша вода Иако беше еднаш Жедта ми се угаси веднаш Човек без корени Како дрво без корени И да си богат и да си боем Ништо не си ако немаш свој корен Кај да си што и да си Од секаде, од корен да си
Парите те прават раскошен А коренот те држи сигурен
МОЈ ЦВЕТ МОЈ СВЕТ Благо на цвет во ливада Благо како шербет за баклава Од сите дветови најубава Како бистра капка на дланка Со солзи ќе те заливам Како цвет во ливада ќе те гледам За невеста ќе те изберам Како букет на мајка ќе те подарам Срцата наши ко два цвета Да се спојат ко два света Вечно да си мој цвет Вечно да си мој свет МОРАМ ДА МУ ДАДАМ РАКА Дождовите врнат Деновите ми врват Нема тапани да чукнат Нема сватови да запеат До кога само ќе сонувам До кога јас ќе самувам Секој што ќе ме побараше Од мојот одговор ќе се разочараше Морам да му дадам рака На тој што ќе посака Морам самата да повјасам За повеќе да не каснам САМ ВО ТЕСНО Кога се најдов во тесно Ништо не ми беше лесно Утрото сонцето се роди Но и тоа не ме ослободи Наоколу никој немаше Ни господ тука не беше Погледнав лево десно Ништо немаше во ова место Тука само тишината долго траеше И судбината над мене бдееше Тогаш човекот е без моќ Зошто настапи и црната ноќ ШАР ПЛАНИНА Шар планино глава бела Ти ја покриваш македонија цела
Цела зима ти си бела А преку лето си највесела И лето и зима ти си полна Со бело завиена а не си болна Секој сака да биде прв Да стигне до твојот врв Секој што таму ќе биде Цела македонија ќе ја виде
ДОЈДИ И ОСТАНИ Дојди на вечера и остани Дојди вечерата да не се олади После вечерата ќе пиеме Ќе се љубиме без да спиеме Јас ќе дадам се од себе Само да ти погодам тебе После тоа ти ќе кажеш Што понатаму со мене ќе правиш Ќе ме сакаш ќе ме љубиш Или од мене ќе се изгубиш ДЕВОЈКИТЕ ГИ ИЗЛУДУВАМ Јас не сум како сите Јас сум идол на жените Ем сум елегантен Ем сум педантен Уште сум и најсимпатичен Затоа жените ги заведувам А девојките ги излудувам Кај ќе се појавам правам бум Ме прашуваат сите од кој сој сум Син на тато внук на баба не сум сам Затоа сите девојки ги заведувам Разумен висок среден Кога љубам сум сладок меден ТУЃО ЗЕМА СВОЕ НЕ ДАВА Убаво е своето зошчо го Чуваш и не го даваш Убаво е и туѓото зошто го Земаш а не го плаќаш И двете се ризични А не се слични Своето како да го сочуваш
А туѓото како да го присвоиш Горното на секој човек е својсвено Само на секој не е достапно Некој неможе своето да го сочува Друг неможе туѓото да го има Човечката разлика е таа Туѓо зема свое не дава СОЛЗА КАПНА ВРАТА ТРОПНА Од око солза ми капна на врата некој тропна Дали сум солза да бришам Или врата да отворам Не смее никој солза да ми види Ќе му отворам кој сака нека биди Ако е тој што го сакам Со бакнеж ќе го дочекам Ако е некој друг Ќе го вратам налев круг Мојата солза ќе престани Кога саканиот ќе ме загрли
ИДНИНА Кажите нешто за вистината Каква ќе ние иднината Иднина наша тешка иднина од сите посакана со сила да не се нудиме со мерак да си се љубиме МЕ СОПРЕ И МЕ ДОПРЕ Со погледот ти ме сопре Со раката веќе ме допре Ти беше толку смел На устата ми остави бакнеж врел Само што ме допре и бакна Јас му ја дадов мојата рака А кога некој ќе даде рака Другиот ќе прави што сака Тогаш не треба умот да го губиме Ами што повеќе да се љубиме СРЦЕТО САМО ДА НЕ ЧУКА Едно срце а две болки имам Незнам на кого срце да поклонам Ако го чувам можда ќе ме боли Ако го дадам дали тој ќе се задоволи
Незнам што да сторам Да не се разболам и него да не го повредам Срцето ми чука се осеќа Дека ќе биди туѓа среќа Него со љубов ќе му го дадам Само да не го загубам Срцето со друг треба да се радува А не силно и само да чука СВЕЌА И СРЕЌА Не може нешто да се сака Ако се бара со свеќа во рака И свеќата дава светлина Но не дава и топлина Тоа што се гледа на свеќа Најчесто тоа не е среќа Кога среќата ќе се најде Светло ќе биде И кога сонцето ќе зајде Среќен е секој оној Што си јаде од лебот свој Тој што правилно животот ќе го свати Тој стално среќата ќе го прати
СРЕЌАТА САМА НЕ ДОАЃА Немој да ги криеш солзите Нити да ги колниш годините Исплачи се кога ти се плачи Напиј се кога ти се пии Ако сакаш слобода да имаш Немој ништо туѓо да земаш Цел живот ќе работиш На крај ништо ќе немаш Тоа не е стално така Ако човекот работи ако сака Среќата сама не доаѓа Кога се бара таа се наоѓа ГРОМ ДА УДАРИ
Ќе ги урнам сите мостови Да не дојдат нејзините сватови Радост да не се случи Таа по меене да потрчи Ќе палам ќе се фалам Само неја да ја освојам Повече нема да бидам сам Ќе правам се што знам Кога срцето е уморно А небото тмурно Може душата да се преговори Или гром да удари МИСЛИТЕ СО УМ Не фрлај пари за мене Последно е тоа од мене Беше што беше заврши Не се покажа добар ти Ќе си барам нова љубов Некој од тебе поубав И да се лутиш и адвокат да фатиш Ти кај тебе нема да ме вратиш Сите што згрешиле како мене Некои мислат со ум Ѓавол да не ги земе Секоја грешка се поправа Па и грешкава моја ДООДЕНИ ДЕДОВЦИ И колку да сме исти И колку да сме блиски Ние македонците сме староседелци Но сега сме како доодени дедовци Кај зборуваат само за минатото А не ги интересира идното Зошто идното не е нивно време Па затоа ѓавол нека ги земе А ѓаволот прави само ѓаволија Ни историја ни иднина Од секогаш сме биле сами Сами со душата и болни рани
СУДБИНА Ноќ темна излез нема Некој како смрт да ти спрема Ударци лути и болни Ожилци без бројни
Судбина човечка клета На секој жив таа му смета Таа е различна Кај некого дури е неодлична Ударци колку сакаш А помош од никој немаш Животот е тркало што Секој не допира На некој и низ брдо му сопира СЕГА ИЛИ НИКОГАШ Сега или никогаш Тој ќе биде мој засекогаш Дали тоа ќе се случи Времето за тоа ќе одлучи Срцето мое не смее да пати А никој за тоа да не плати Таков крај не посакувам Но саканиот не го оставам Сега или никогаш Тој ќе биде мој засекогаш ТУЃИНА Нашите во туѓина успеваат И од нас подобро живеат Во туѓина како нешто да ги влечи Зошто овде нешто му пречи Додека не настани промена Нашите ќе одат во туѓина Америка пуста да остани Добро ќе е поблизу да ни биди Многу наши таму што заработија И во македонија донесоа Многу пари И многу други ствари АНЃЕЛИ И МАЃИИ Еј само на сон да те сонам Мислам дека најаве ќе те имам Ќе ги молам твоите ангели Да ги раскинат нашите маѓии За да бидиме заедно Срцата да ни се доедно Рака моја да посакаш Топло тело мое да осетиш Само ние за тоа ќе знаеме Двајцата ќе правиме што ќе правиме Ни смрта нема да не раздели Ако се добри нашите анѓели
ТЕАТАР СО КОМЕНТАР Ако животот е театар А децата ни се гледачи Треба да пазиме какви Ќе ни бидат представите Не само што учат од театар Ами и од секојдневниот коментар Коментарите се најчесто различни Во многу дури и долични Најчесто политички и разноврсни Но најмалку поучни и корисни Нема веќе некому друже Нити некому рака да се пруже Сега секому господин А тој личи на аргатин Малку реалност малку искреност Никако топлина нити верност ПРВИОТ БАКНЕЖ Првиот бакнеж за сите нас Најдобар е ако е добиен во првиот час И другите бакнежи ни се слатки Но не како првите и да се кратки Бакнежи бакнежи без број Но не како првиот мој Тој го осеќам на усната моја Тој ме подсетува на усната твоја И колку нешта да остварам Првиот бакнеж неможам да го заборавам ПОРАКА Моево срце порака ви праќа Секоја жена деца да раѓа Кога жената ќе се изроди И земјата ќе ви оплоди Тогаш и државата ќе се зголеми Тогаш на сите ќе ни е мило Ни на господ сеедно не би му било Праќам порака до сите да слушнат Каде и да се сите да се гушнат Никој ништо да не краде Природата што бара се да и се даде Деца и друга придобивка За државата да ни биде најака
АКО МЕ ЗЕМЕ Куќата и целата околина Се моја дедовнина Кој ќе ме земе мене Куќата и околината Негова ќе биде И моето бели лице и моите руси коси И цела дедовнина нека ја носи Изворите наши ладни и бистри За лицата наши да ни бидат чисти Ќе има и кола со два вола И тоа нема дас е дели пола пола Се е моје а не негово Ако ме земе се ќе е негово ДОЈДИ КАЈ МЕНЕ Дојди дојди кај мене Дојди да се љубиме да лудуваме Се ќе затемниме и ќе си легнеме Се што е на мене Ќе ти го дозвлоам на тебе Можда вино си пиел Но вакви усни не си љубел Пораката моја е јасна Дека сум тешко достапна Но ти ако си тој ќе бидеш мој Ако не си ќе си одам по мојот пат Зошто среќата секогаш не е на дофат И господ се возбудува пред Љубовниот чин ако успева ЛАЖНО СРЦЕ Лажно срце што ветува Тоа срце убива Такво срце да не постои Само ги мами чувствата наши Тој што е без срце и душа Тој не треба да се сака да се слуша Такви ги има често За теи не треба да има место За такви и да се бориш Невин за нив ќе изгориш Тоа ни крвта неможе да ја носи Затоа не треба да му се прости КОГА ГРАДОТ СПИЕ Дојди кога градот спие Тогаш да сме само ние Дојди да не заминам Да ти дадам се што имам
Срце мое да не тагува Заедно да сме ти и ја Солзи да не лејам Со топло срце да те грејам На образите мои бели Да ги осетам бакнежите твои врели ЖИВОТ Немој ти да плачиш И на мене да се оставаш Заборавиме за секогаш Како да ме немало никогаш А јас ќе го барам патот свој Зошто овој живот е само мој Животе долг да ми си Каков да си мој си Здрав и долг живот е важно А се друго е пролазно Било жал или љубов Попусто ако животот ти е неубав
ИСТИ ПРЕД БОГА Господе севишни Ние македонците сме невини Да не помножиш да не преброиш Ако сме многу немој немој да не намалиш Ние сме си праведни Ние сме чисти македонци Можда има и други некаде Но ние сме исти секаде Секој стои на своја нота Сеој е ист и пред бога Господ колку да е чист За сите не е ист Тие кој најмногу веруваат во бога Тој најмалку на нив му помага МОЈОТ ЧУВАР НА ТАЈНИТЕ Пази колку ги полниш батериите Да не ги оштетиш артериите Еј мостови вардарски Чувајте ги тајните на сите минувачи Сите заљубени клетва даваат Кога ќе изневерат не признаваат Сите тие грев ќе сторат Од мостот вреќа ќе се фрлат
Силен бил напонот на батериите Пука срцето не работат артериите Ако престани моторот нема возење Ако престани срцето нема живеење ЗЛОБНИЦИ Невин беше затворен Ако мајка му не беше ќе беше изгубен Мајка грст злато даде Од затвор синот да го изваде Од слепата правда Може да се гние во зандана Тогаш парите се ќе решат Каде злобниците ќе згрешат Не се сите злобници Но не се ни поединци Тие најмногу пречат Не напред ами назад влечат ЌЕ НАПУШТИ Татко да си не е лесно Но мајка е уште потешко Ќе се оплоди и ќе се роди А после ќе ти мати води Ќе расте како секое А односто ќе му е како никое Се ќе сториш од себе Само и само оно да се прелебе Од се ќе се исклучиш Како него да го изучиш А потоа ќе ти се случи Ќе замине некаде ќе те напушти Незнам како се децата некаде Но нашите не се како секаде АКО МИ ЈА ДАДЕШ РАКАТА Очите твои езера солени Усните твои се поврели Јас ќе ти ја олеснам маката Ако ми ја дадеш раката На рака ќе ти ставам прстен На грло бисер ѓердан Верувај ми во тоа што велам Не чекај во косата да побелам Времето ни мини А мене срцето ми се кини Ако сега не ме прифатиш На совеста ќе ме имаш ВИНО
Со чаша вино пријател се врзува Со шише се одржува Кога вино пијам Со ангели спијам Кога исто вино пијам Тогаш иста песна пејам Со вино и песна се ќе решам Исправете ме ако грешам Секој што верува во сонот и виното Тој има добро минато Празни чаши испиуени До нив само ја и ти ОД МАЈМУН ЧОВЕК Човекот бил мајмин прво И таков живеел на дрво Со времето се измениле неговите потреби И морал од дрво на земја да слези А потоа од век до век Сталан денешниот човек Човекот станал господар И сака од се да е ќар На месечината се качи во овој век Но пак се врати како човек Не е добро не е фер Но човекот станал ѕвер Сака слобода Но не поштува природа Природата и е иста во секој век Неа неможе да ја промени човек СТРЕЛЕЦ Секогаш стрелата не погодува Но кога ќе погоди до смрт ќе догоди Смрт што стрелецот ја посакува Е кога жртвата смртно паѓа Потоа стрелецот пак некого гаѓа Пак некоја жртва паѓа И сите што ќе стрелаат Нека мислат во што ќе погодат Ех да нема стрелци и стрели Ќе нема жртви нели
ЧОВЕКОТ ПАК ЌЕ ПОСТОИ Ни господ не е праведен Затоа што е само еден Нема друг на кого да се пожалиш Нема на кој да се искажеш
Еден е бог еден е господ А нас многу на овој свет Не има зошто се размножуваме Се намалуваме зошто се убиваме И се да се уништи Пак човек ќе постои Ќе го има од нас или нашите синови Или пак по старо од мајмуни ЗАПЕЈ МАКЕДОНИЈО Запеј запеј македонијо моја Да е жива рожбата твоја Македонио ти си земја моја мила Ти си мала балканска сила Народот твој стално храбар бил Низ векови и живот тој се напатил Ти си распеана весела убавица Ти си наша мајка матица Запеј македонијо мајко Издржи го сјајот од сонцето жешко Твоите стада безброј бели Твоите народи храбри и смели Надалеку да се чуеш дека си жива Кај што наши луѓе биле Кај што они гнездо свиле Запеј песни мераклиски Ти си бисер балкански Ти си горска самовила Ти си ни наша мила татковина ПО СМРТТА После неговата смрт И лебот насушен стана тврд Секој ден ми беше црн Секој цвет ми стана трн Од солзите направив море Секое скалило погоре погоре Вишто веќе неможам Ни цвеќе на гробот да положам Незнам како е во рајот Но ова што го минав е пеколот НЕМОРА СРЦЕ ДА ЗАСТАНИ Кога љубовта ќе престани Немора и срцето да застани Кога раната ќе заздрави Тогаш и срцето ќе преболи И таму кај нож ќе забоди Пак нова љубов ќе има Таму кај што љубов не се раѓа
Ниту ѓаволот ниту господ не доаѓа
ЧОВЕК Тој што народот го води Треба и правилно да суди Човекот најмногу ќе изненади Кога ќе почни да лажи и кради Тогаш тој станал криминалец Кој треба да биде под катанец Ваквиот однос треба да се официјализира Се додека човекот не се ресоцијализира Кога човекот ќе стане свесен Тогаш за се ќе биде интересен Ќе избира ќе биде избран Од секој ќе биде сакан АКО МЕ САКАШ ЗА СЕБЕ Дај ми срце, рака или прстен твој Јас ќе дадам се и живот мој Кај и да одиш не питаш До кога сам ќе скиташ Не оди никаде сам Кажи барем јас да знам Јас те барам секаде Неможам да те најдам никаде Во љубовта глупости ќе направиш А после ќе заборавиш Биди блиску до мене Ако ме сакаш за себе АНГЕЛУ МОЈ Знам дека беше лош ученик Но се покажа како добар љубовник Ајде Ангелу мој бел Да видам колку си смел Дали ќе ме љубиш Или ќе ме изгубиш Ако Ангелу ме изневериш Ќе знам дека и ти лажеш Ангелу Ангелу небесен Зар и ти си несвесен Толку ми чини животот мој Да останам без ангелот свој ОТИДЕ БЕЗ ЗБОГУМ Ти што ми значеше многу Отиде од мене без збогум
Отиде со бисерите мои Без да ги видам очите твои Мораше ли да отидеш Без да ми се поздравиш За се ти благодарам Знај дека нема да те заборвам Утеха ќе барам на друго место Иако знам дека нема да ми е лесно
СЛЕП ВОДАЧ Тој што од себе се ќе даде Мед и млеко ќе јаде На секој тоа нема да му се случи Зошто треба многу да научи Некогаш тие што знаат сешто Одат по тие што незнаат ништо Но кога водачот му е слеп Тие ќе останат и без леб Од толку тој што од себе се ќе даде Ќе дојде ништо да не јаде ЦВРСТА РАКА ДА МЕ СТЕГА Година две мои ништо не се Ама 20 години многу се Со таков ќе имам богатство Но ќе немам задоволство Немој мајко не ме убедувај На постар човек не ме наведувај Како беше во твоето време Зар можеше секој да те земе Затоа мајко јас сакам сега Да имам цврста рака да ме стега Та дури и господ да рекол Не давам животот да ми е пекол РАКИЈА На ракијата не гледај ги степените Ами бројот на бандерите Секој што ќе се опие За бандера ќе допре Ракијата е другар додека ќе ја пиеш А потоа на земја ќе спиеш Ракијата прави задоволство А некогаш и убиство
Затоа секој треба да знае Колку и каква ракија пие САМА ЖЕНА И во манастир отидов И таму мир не најдов На излез бога замолив Кон мене да биде милостив Господе боже кажи ми Вака повеќе неможам Од уста вода ми пиеше Од рака леб ми јадеше И одеднаш го снема А јас останав само жена Зар да барам друга среќа Зар да закуќувам друга куќа
БОГАТИ И СИРМОАСИ Нема богати без сиромашки сој А сиромаси има без број За богатите работат сите И сиромасите и просјаците Богатите сакаат многу да имаат Сирмасите незнаат зошто немаат Кај што има најбогати Има и најсирмоси Богатите не веруваат никому Сиромасите секому ДА СЕ КРИАТ ПАРИ Човекот што неможе да сокрие Белиот снег ќе го покрие За скриеното нема да се знае Се додека снегот постои И потоа човекот пак ќе крии Се додека тој ќе живеи Нешто скриено ќе се најде А од многу нешто ќе нема фајде Најдобро е да се криат пари Зошто од нив најдобро се ќари Иако има многу скапи ствари Сепак се се цени со пари
ВАКА НЕ ЧИНИ Додека беше млад Беше многу познат А кога остари За него се се заборава Ни како беше ни што беше Како воопшто да не постоеше Вакво нешто не чини Дури и човекот да непостои Затоа не треба да сме луди Секој секому да му суди Ако нешто почитуваш Во тоа треба и да веруваш
ГОСПОД ЌЕ ТИ ПРОСТИ Дедо ако лесно се решава секоја ствар Ти бре дедо неможеше да си стар Ајде дедо кај мене на гости Што ќе видиш господ ќе ти прости Се што имам ќе ти покажам Ако дадеш пари се ќе ти дозволам Се што е мое ќе биде твое А парите твои ќе видат мои Ако дојдеш друг пат Дедо ќе ме имаш пак Ако дадеш повеќе пари Ќе ти покажам многу мои ствари Господ ќе ти прости за се А бабата сигурно не.
СМРТА НЕКА ЗАКАСНИ Никој не сака да остари Ниту детството да го заборави Кого човекот ќе снеможи И смрта ќе му се доближи И колку болките да се опасни Сепак смрта нека закасни Се што е живо ќе биде жртва Единствено на смрта Ни досега ни од сега На смрта не може да и избега Лагата го убива пријателството А вистината смрта МОСТОВИ Мостови за премини на реки Мостови за средби за среќи Мостови со граници Мостови со забрани Мостови со обавезен премин Мостови на безбедност и немир Мостови на спојување Мостови на раздвојување Мостови ба раѓање на живот Мостови на одземање живот Мостови за краток пат служат Мостови кој се добри иако служат ПРОВЕРЕНО Е ПРИРОДНО Е Кај мене се е природно Се се гледа се е природно Што му фали на моите гради На моите усти млади Секој што добро ќе плати На мене се може да пофати Јас сум си кротка а не дива Ќе се увери тој што ќе ме има Ќе ме има тој што ќе го одберам За се друго со него ќе се договорам Не е важно млад или стар и Секој треба да дади пари Ако добро плати тој добро ќе клати. ПРАВО Таму кај правдата неможе Криминалот ќе се покаже За тоа да не се случи Правото секој треба да го знаи
Затоа што ќе го стори да не се каи Не е право ако некој добро работи А затоа да не му се плати Правдата до секој треба да стигни А не некој неправедно да го издигни Зошто може да дојде до последици А не задоволни лица со редици ВДОВИЦИ Од сите жени Вдовиците повеќе пазат На гнило не газат Сакаат многу да се мазат Бираат мажи поискусни А богами и повкусни Со добар бизнис да се занимаваат На никој очет да не даваат Сакаат средби весели И џебови полни длабоки Даваат се од себе на тебе Ама и земаат се за себе Кој тоа неможе да го издржи Поарно со нив да не се дружи БЕЗ СРЕЌА Тој што умира со отворени очи Е без среќа и без куќа Отиден некаде да робува Или оставен сам да самува Секој од нив е човек таков Но по многу од другите поинаков Без среќа и без љубов Без живот поубов Во животот ќе се мачи Кога ќе умри никој не го плачи По смрта никој не му благодари Нити свеќа не му пали ЧОВЕКОТ, ЖИВОТНОТО И ПРИРОДАТА Животното убива,јаде се кога му се јаде А после тоа не, што и да му се јаде А човекот и кога е гладен и најаден Убива од завист, корист и освета Од таму човекот е најкрволочното Животно без страв стопостотно Човекот користи се што природата дава А многу природни нешта уништува Тој владее со земјата, воздухот и водата Тој ја дава или зема на се слободата Но на секој нас на земјата и водата
Треба да ни е јасно над се е природата
МОЈОТ КОМШИЈА Добар беше тој Го познавам беше комшија мој Живееше скромно во тесно Но си умре лесно Арен беше арно го снајде Си умре пред сонцето да зајде Се што знаеше кажуваше Се што имаше даваше Тој не сакаше од никој А даваше на секој Таков беше се си се смееше Од ништо во животот не се плашеше Имаше добри идеи и погледи И си умре со очите отворени ВАРДАР Од извор дур до Солуна Наша си е македонска е Што е Нил за Африка Тоа е Вардар за Македонија Не е како Нил пловна Но Вардар е река ловна Рибите од Нил се поскапи Но нашите Вардарски се послатки Од Нил многу води се одливаат А во Вардар сите реки се вливаат Секоја река што во Вардар ќе внесе Вардар во Егејот ќе однесе ПИЈАНИЦИ Кажете бре улици дали сте прави Или сте криви сокаци Или ние што тука минеме сме пијаници Бавно дома си одат Стално други ги водат За дома вјасаат жедта Со вода да ја згаснат Тогаш пијаницата ќе купува Пијте вода многу е убава Пијаниците се секаде исти Раскопчани и секогач нечисти Со алкохолот жедта ја гаснат Со мочка земјата ја квасат
КЛУЧОТ ОД СРЦЕТО Клучот од моето срце кој ќе го пронајди Тој срцето мое ќе го наследи Секој треба да е свесен Патот до клучот од моето срце не е лесен Секој што во мене е заљубен Нека го бара клучот изгубен Тој што нема да одбие Тој срцето мое ќе го добие А потоа се ќе крца Кога ќе бидат заедно нашите срца
ЕДНО УТРЕ ВО БИТОЛА На широк сокак веќе зора зори Нема никој кафана да отвори Жедта да ја згаснам Вјасов да не закаснам Сал Пелистерски ветер веи Нема џагор нема смеи Зарем бабон Битола спие Кај сте битолчани кај сте вие Зарем по широк сокак да шетам Затворените кафани да ги бројам Немој Битола немој битолчани Да сте затворени да сте себични ЈАС СУМ ПРИРОДНА Јас сум цела природна Како мајка што ме родила Се што е мое вреди милиони Зошто е природно а не силикони Кој не верува нека пофати Но за тоа треба прво да плати Јас сум природно створење Фтасано женско за љубење Тој што мене ќе ме има Тело ќе му топлам и во зима ЉУБОВТА НЕ СЕ КУПУВА Ако ни се патиштата исти Треба и лицата да ни се чисти Патиштата се заеднички А лицата само наши Многу зависи од нас сите Дали ќе ни се добри дните Се купува се Само љубовта не
Ако некој сака љубов да води Треба верен да биди Ако повеќе за љубовта се знае Таа сигурно вечно ќе трае СЕРЕНАДА ВО НОЌТА Некој на врата чука Отворите ако има некој тука Ако има нека се јави Или барем глава нека појави Дали серенада во ноќва да пејам Или да чекам кафе да пијам Од мене глас за пеење Од вас кафе за трезнење Отворите ако има некој тука Да престани на врата да чука Серенада во ноќта ќе се ори Се додека врата не се отвори
УСНИ НА УСНИ Очите твои ме гледаат Очите твои ме следаат Солзите нека престанат Прегратките нека ме стоплат Усни твои на усни мои Љуби ме силно и не се бои Од тоа не се откажувам Таква силна љубов посакувам Усни твои на усни мои Љуби ме силно и не се бои НЕМОЖЕ ДА Е ПОЛОШО ОД ВАКА Од господ создадено Од природата сочувано Политичарите го ограбија Уште од народот бараат Со оружје јавно шараат Некој рече дека не е така Зар може да биде полошо од вака Неможе да се заработи за леб А секој гледа никој не е слеп РАЃАЊЕ ЖИВОТ И СВЕТ Животот го пречекува раѓањето
А смрта го испраќа животот Измеѓу раѓањето и смрта е животот Но не е ист секаде во светот Некој живеи за да умри Некој умира за да живеи Некој по раѓањето не знај што ќе биде Некој ќе земе некој ќе даде Некој ќе биде богат и славен Некој немоќен и гладен Некој некого ќе згазни Некој господ ќе го казни И така се додека е жив Бездруго дали е човек или лив ЗАЕДНО ВО РАЈОТ Да беше оган ќе го изгаснав Да беше отров ќе го испиев Вашиот бакнеж врел Ме направи да сум смел За тебе се ќе сторам И со посилен ќе се борам Да ја оправдам љубовта твоја Да си ничија ами само моја И звезда од небо ќе симнам Само и само тебе да те имам Ако ни биде добар крајот И по смрта ќе бидеме заедно во рајот
ПЕСНА Кога песна слушам Јас нова песна пишам И кога песна ќе напишам Пак песна ќе слушам Ред песна слушам Ред песна пишам Цел живот со песна случање Цел живот песна пишување Кога песна се слуша Тогаш човекот се опушта Кој песна пее и слуша Тој човек е со добра душа ПРВ И ПОСЛЕДЕН
Тој што ќе биде прв Тој ќе виде и крв Ако е доследен Тој ќе биде и последен Првиот треба да знаи да сака Да држи се во своја рака Во средината од животот е се Секој да сака и дава да не рече не Тој што ќе е прв и последен Да не биде никогаш досаден Кај сум бил јас прв Таму не тече пак крв КРАЛЕ МАРКО Појави се јунаку Крале Марко Појави се на твојот Шарко Чабур чаша вино да испиеш И шорца вино да напоиш Да скокнеш од планина до планина Да ослободиш робје од синџири Да заигра твојата баздогана Турци да не бараат свадбарина Со сабја да пресечеш Црна Арапина Да не погледне твоја Ангелина Кој шарац траги ќе остави Тамо вода ќе потечи Крале Марко јунак над јунаците Страв и трепет за турците ЖИВОТ Тоа што сте вие бевне ние Тоа што сме ние ќе бидете и вие Тоа е младост тоа е старост Тоа е животен процес Ако сето ова се случи е добро Ако е прерано тоа е кобно Некој работи што умот ќе го фати Друг работи ако за тоа друг плати Живот: е секој да живеи за да умри А не да умри за да живеи
БИТОЛА Битола бабон Битола Низ тебе шета моја Марија Над Битола Баба планина Од под неа никој не си замина
Широк сокак ги красат кафаните А Битола битолчаните РЕК Битола,Стрежево и Пелистер За Битола се како Еликсир Додека ријам во рударската јама Марија по широк сокак шета сама ПО СМРТА Човекот е во боја црно и бело А пос смрта само ладно тело По смрта има и добри спомени Или се да се заборави По смрта некои многу смрдат А други многу вредат На некој се градат скапи спомени На други ни пристојни помени И во животот многу разлики И по смрта видни нееднаквости ПРОЧКА Ако барам прочка од некоја Тоа е од жената моја Таа знаеше се Но не ми замери за ништо бре Колку тоа неја ја болеше Никому таа не кажуваше Можда тоа го правела од страв Но и за тоа јас не сум прав Жал ми е ако таа се мачи Но таа никогаш не заплачи РАДОСТ ОД ДЕЦАТА Децата се најголема радост На родителите кога се во младост Кога родителите ќе остарат Тогаш децата ќе ги напуштат Ќе останат само спомени на радост Како кога боја во раната младост И кому да се учи таа природна поделба Мора да се случи Некогаш по барање на родителите Некогаш од своите од родените
ЧОВЕК БЕЗ ТОПЛИНА Кога јоргованите ќе процветаат Кога птиците од југ ќе долетаат И сонцето земјата ќе ја стопли Тогаш во мене верба ќе се врати Пак назад ќе запловам Во родниот крај ќе се вратам Да го видам мојот куќен праг Да почувствувам топлина пак Во туѓина има се Само топлина не Човек без топлина Е како дрво без корења ТАА МИ ПОДАДЕ РАКА Болен лежев цела недела А мислев дека лежам година Одеднаш ти се појави Како сонце да ме осветли Првиот ден цвеќе ми донесе Вториот ден срцето ми го однесе Потоа како ангели да ме кренаа Со раширени раце се најдов кај неа Таа раце ми подаде Таа раце на мене кладе Почувтствував како болеста ме напушти И како нејзината рака да ме гушка КУКАВИЦА Кукавица си дали знаеш Стално лажеш а не признаваш Удрите молљи и громови Дури земјата да се запали Крај нека е за тие што лошо љубат Од шчо многу луѓе живот губат За друга клетва незнам Но ако јас се слушам многу ќе зезнам Сите што живеат кукавечки Нека ги фтасаат клетви човечки Човечки е и јас да сакам Но кукавица мразам НЕ ЗАСТАНУВАЈ НА СРЕД ПАТ Тргнав по патот од Макадам Својата љубов да ја пронајдам
Дали ќе ме прифати или не Јас ќе му дадам се Во животот треба да се оди напред И никои да неможат да ве запрат Немој да фатиш инат Да застанеш на сред пат Ако се предадеш ја губиш и љубовта
БЕЛО СИ Е БЕЛО Немој да носиш многу црно Немој да броиш зрно по зрно Облечи нешто бело Облечи бело одело Погледни горе кон небото И таму ќе видиш бело Ќе видиш сонце врело И во ноќта ќе биде бела Ако се пушти светлината Бело си е бело Тоа е вистината ОЧИ ФАТАЛНИ Неговите очи ме касат како вода И кога е тие тој гледа Незнам што ќе биди Ако мене ме погледни Јас трпам се Само погледот негов не Неговиот поглед кој што гледа плени Не е важно кој се само да се жени Очи плави очи зелени Неговите се фатални Тој очаен сјај што не гасни Ве гледа а вие не сте свесни. МОЈАТА ВНУКИЧКА Мојата внукичка Е најдобра ученичка Мајка и се што од неа бара Таа не и преговара Таа ги решава сите сметки Во книшката оценките и се петки Меѓу сите ученици се разликува
Таа е мојата внукичка Кристина Дома и на училиште е мирна Со облекувањето таа е беспрекорна Лоша храна таа не признава Затоа и по неа се познава ПЕСНА Песната е мојот занает Неа ја оставам како аманет Песната до небо ќе не крене Сонцето бечно ќе не грее Песна што сите не збира Песна што лице и душа ни отвара И срце да боли и лице да вени Неа ја пеат и мажи и жени Од постела болен ќе стани Само песна да зафани Песна од Бога подарена Од срце за сите испеана
ОД СИТЕ ПОДРУГА Јас сум идол за сите жени Не се родила која да ме замени Знам да пијам и да уживам Секој сака со него да спијам Знам да се љубам во тоа сум најдобра Затоа секој сака да ме проба Нема фалби нема лажи Прашајте ги за тоа сите мои мажи Таква сум од сите по друга На крајот ќе бидам најдобра сопруга
МАРА Солена пот од чело ми капна Тежок камен по нога ме акна Дале е женска убавица Или е некоја рајска птица Мојата убавина со ништо не се мери А со пари скапо се цени Ако дадеш голема пара Ќе си ја имаш убавата Мара За мене тешка порта се отвара
За мене смртовен удар се заговара Жената од секогаш скапа жена Но денеска разликата е голема ЉУБОВ ПАРИ РАЈ И ПЕКОЛ Кога со неа љубов ќе водиш Треба да се ослободиш Љубовта со неа е многу јака Па затоа и многу пари си сака Кој повеќе пари ќе дади Тој убаво со неа ќе се слади Во љубовта тоа нема крај Кога си со неа како да си во рај И тогаш во рајот ако не платиш Ќе одиш во пеколот да патиш ПО СМРТА Целиот живот е судбина А смрта е последна Кога смрта ќе настапи Само земјата ќе не прифати Земјата секој ја гази А таа пак никој не мрази Земјата секој ќе го прими И вечно ќе го смири По смрта на некој Пак продолжува животот на секој И така животот во круг Се додека не настапи смрта кај некој друг
ПРИЛИКА Добра прилика не се пропушта Може во животот таа е најважна Дај ми ја раката твоја Да ставам прстен со рака моја Љубовта нека не води напред Зли гласови да не не запрат Само љубовта да е до крај Таа ќе не однесе до рај Затоа добра прилика не се пропушта Може во животот таа е најважна ЧОВЕКОТ И ОДЕЛОТО Многу е убав кога е облечен Уште поубав кога е соблечен
Убаво му стои оделото Поубаво му е телото Секое човечко тело Треба да е во одело Се што оделото ќе покрие Голото тело ќе покаже И кога е гол и облечен Секогаш е тој свечен ДА НЕ ЗНАЈ НИКОЈ Да не знаат моите Да не знаат ни комшиите Ако дознаат ќе ни се смеат А можи и песни да ни испеат Ако тоа ни се догоди Ни господ нема да ни помогни Ајде однеси ме во твојот дом Таму ќе правиме лом Се што ќе сториме Со вино ќе го залиеме Гледаш ти нудам топла љубов Да имаме живот убав ТРНЛИВ ПАТ Тој што тргнал од исток по прав пат Ќе стигне сигурно на запад Тој што оди и за север и за југ Сигурно интересот му е друг Тој што тргнал по пат далек Патот може да е трнлив а не мек Зошто по патот не тече мед и млеко Нити е послано да се гази на меко Секој што сака да е жив Да не оди по патот крив
НА НОВА ГОДИНА Да ми дојдете на вечера Во недела на нова година Ќе пиеме ќе пеиме Цела ноќ ќе се веселиме
Тука ќе сме само наши Ќе наздравиме со полни чаши На вакви средби свечени Се јадат прасиња печени Среќна да ни е Новата година Целата да ни биде аирлија МАЖ СО СТАЖ Колку ти е полна главата Толку ти е и славата Ако си добар маж Треба да имаш и долг стаж Иако си непознат Стажот ќе те направи најпознат Пак како работиш Така и ќе заработиш Не е се во стажот Ами е во мажот Ако работата не си ја бркаш Може и ќотек да кркаш СЛОБОДА Ни сонцето ни водата Не ни ја земат слободата Слободата се добива со борба И таа да биде се народна Никој не смеј без суд да суди И од слободата некого да одтуѓи Тој што знаи за победа Тој знаи што е слобода Слобода е време од раѓање до смрта Но никако да не бидеш жртва Заблуда е ако се мисли понекогаш На слободата треба да се мисли секогаш ЉУБОВ И на смрта и е досадно Кога сме ние заедно Љубовтаги руши сите бариери Не е битно од какви се материи И каде е најтесно Љубовта влегува најлесно Ако во љубовта не се надеваш Ништо нема да постигнеш И на тие со мала вредност Љубовта м дава предност За љубовта треба многу ствари А треба да се има и пари
ПЕСНА ЗА НАШАТА НАЦИЈА Сите од секоја генерација Да пееме за нашата нација Нашата земја прадедовска И сега е наша македноска Со песна ќе се браниме Пред душмани не се предаваме Ние сме силна генерација Ние сме македонска нација Најголемиот Александар војска води Не е побитно бил македонец Сите од секоја генерација Да пееме за нашава нација ТАКВИ СМЕ Од народот бараме глас Се додека дојдеме на власт За ништо немаме визија А најдобри сме само на телевизија Од страна за нас многу не знаат И да сакат неможат да ни помогнат Треба некој со камен да не акни Што работиме да ни текни Треба да сфатиме од што патиме Време е за работа да се фатиме Да знаеме колку секој вреди Толку и да се награди Не некој само да кради А друг да нема леб да јади СВЕТЛИНА И ЉУБОВ Нема светлина ни среќа На веќе догорена свеќа Животот ќе престани А светлината ќе продолжи И колку луѓето да се клети Светлината пак ќе свети Не ни треба горчина Ами љубов од некој подарена Никој никого да не мами Да сме заедно да не сме сами За се што се случува Природата одлучува ГОСПОД НЕКА СУДИ
Ако е грев да љубам Господ нека ме казни Ако за љубов господ казнува Тоа е неправда господова Затоа секој нека се љуби А господ нека казнува нека суди Кај што има неправди Таму господ не постои Ако господ е некаде горе Нека слегни кај сме ние доле Што кај нај ќе види да не се чуди Ами по негово нека суди
РАЗЛИКИ Сите луѓе од едно место Не живеат сите исто Камоли ние македонците Да живеевме како јапонците Некои луѓе јадат само од тесто А други јадат исклучиво месо Некои носат се од кожа А други одат голи до кожа Некои пијат води чисти Други пијат само виски Некои јадат од фрижидери А некои од контенјери ОТРОВНИ СТРЕЛИ И срцето и телото ми крвари Од стрелите во мене што ги забоди Кај ти беше твојата свест Кога истури толкав бес Дали стрелите беа отровни Но знај дека беа многу болни Заборави ли како тоа го стори Заборави ли дека тоа ќе боли И срце и телото ми крвари Од стрелите во мене што ги забоди Зарем двајцата сме без среќа Или судбината ни е проклета СИРМА ВОЈВОДА Кога Сирма куршум нис прстен испука
Патот на душманот беше до тука Тогаш нејзиниот мијачки крај Почуствува слобода и рај Сирма е жена војвода За неа се знаи одамна Сирма војвода и други со неја Порано Македонија од душмани ја бранеја Сирма и други како неја Останаа во нашата историја ТРЕБАШЕ ДА РЕЧАМ НЕ Зошто ми ги зема очите мои И солзите солени Кај моите моите солзи капнаа Сува земја натопија Ноќи црни неспани А сонот ни да започни Црни мисли тешки мори А во душата оган ми гори Зошто ми ги зема очите мои И солзите солени Проклет да е денот мој Во кој дојде тој Кога му дадов се А требаше да му речам не ПО СМРТА НА ТИТО Кога тој го сплоти цел свет За сите имаше живот и леб После неговата смрт Во светот се појави крт Крт кој рие и подрива Се пред себе уништува Многу нешта тој создаде Сега се се потроши изеде Се створи недоверба и распад Сега сме под ведро небо на крстопат Тешко дека ќе се создаде ЈУ Кога сите станавме МУ ЖЕНА Кој ќе ја разбере љубовта на жената Тој ќе ја осети тежината на земјата Љубивта и жената се вечни Тие што се љубат се среќни Среќа е да љубиш и да бидеш љубен А наеднаш отфрлен и осуден Жената ако ја љубиш ќе ти даде се Ако те посака не вели не Жената е дар на природата Со неја го имаш мирот и слободата
ДОКТОРИ И докторите се од човечкиот род Но кога стануваат доктори стануваат скот Само како да се зобгатат А за болните ама баш не мислат Чекаат болните пак да му се вратат И што подлабоко да му наплатат Тие се заколнаа кај хипократ Дека болните ќе ги лекуваат секој пат Но тоа не е така Ами редовно е вака Ако болниот не подаде нешто Од лекувањето нема ништо Дури тие добро што плаќаат Живи дома не се враќаат
ВЕЛИКАНИ Ако си подруг од другите Ќе бидеш запишан во аналите Ви аналите на великаните На славните на македонците И ако на прсти ги броеме За нив со векови славиме За тој што не бил извалкан Па затоа го добил звањето великан Малкумина се такви Кои од другите се поинакви
И ГОСПОД НЕМОЌЕН Господ е голем и семоќен Но денеска и тој е немоќен Ако тој се гледа и одлучува Зар не гледа денес што се случува Убиства неправда криминал И пред очите не господ за жал Каков е овој сегашен свет Кога и господ неможе долу да стави ред Кога овој неред ни господ не го гледа За жал ќе се убива ќе живееме во беда Ако господ не напушти Тогаш сигурно ѓаволот ќе не гушни ЉУБОВ
Љубовта е како сонцето Изгрева запончнува Заоѓа престанува Љубовта некогаш е вечна Некогаш е не среќна Во љубовта е секој како знак Затоа некогаш кратко трае Љубовта некого ќе усреќи Некого ќе остави без очи Незнам дали е соврешена И со закон заштитена Но знам дека со љубов треба се да се прави Заљубеното да не се заборави Во изгубената љубов ништо не се враќа И ако за неја скапо се плаќа РЕКАТА ЛУДА МАРА Нашата река луда мара Кавадарци на двела го ствара Сега веќе не е луда мара Сега е убава река мара Коритото и го канализиравне Лудоста и ја смиривне Сега не собира по нејзиниот ток Ни го раздвижува нашиот крвоток Богат е денес нејзиниот дар Да се шета покрај неја е ќар МОДА Тие што лудуваат помлади Често западнуваат во незгоди Модата не е за секој Зошто не му личи како на некој Мода си е мода Ама не е за секоја пригода Тие што се многу модерни Најчесто се несреќни Луѓето ни по висина ни по боја Не се слични но по модата Се секогаш различни Некој по мода се носат А други и за леб просат КАФАНА Еј кафано во тебе ракија се точи Затоа нешто во тебе ме влечи Со вино душа напивам Со ракија рани лекувам
Ој кафано проклета ако си Нечиниш затворена ако си Секој во тебе што ќе влезе Нека пије ама не без мезе Песна да не престани Кафаната да не се затвори ЉУБОВТА НЕ СЕ КУПУВА Љубовта која од душата извира Со пари проклети не се купува Таа се подарува На тој што ја заслужува Тешко е да се биде среќен Уште потешко да си неќен Кога во љубовта плачете Не се жртви само очите А кога ќе истечат солзите Ќе настапат и болките Љубвните болки се најсилни А можат да бидат и трагични ВОНЗЕМЈАНЦИ Пази се од твоите А најмногу од непознатите Тие се змии отровници Тие се вонземјанци Они се со душа клета Они се од друга планета Полоши се од сите други Сакаат сите да му се слуги Пази се од незнанци А најмногу од вонземјанци СЕ ОД ТЕБЕ Се што е од тебе допрено Од мене е одобрено Вино ќе пијам и да е отровно Ако е од усните твои допрено Се што е од твоја рака Моето срце го прифаќа Неможам голема ми е маката Ќе дојдам да ти ја побарам раката Добро се да одмериме А потоа да си се вериме
ВКУСОТ НА ЖЕНИТЕ Туѓите жени не што се поубави Ги сакаат зошто се туѓи Своите се најубави Но туѓите се по посакувани Секој вкус е сличен Вкусот кај жените е различен Не затоа што тие се послатки Ами што туѓите се поинакви Вкусот кај секоја жена не е ист Најдобар е ако е од туѓа и чист ЖЕНАТА САКА НЕЖНОСТ Ако е тоа негов погодок Кој ќе фати да остави ожилјак Тој ќе биде отфрлен И засекогаш заборавен Жената сака нежност И никогаш никогаш подчинетост Жената само со поглед Може да освое А со нежност и се од неја Да се добие Таа знае лошо да замрази Ако некој на жуљот ја нагази ИСПОВЕД Со која вода се измијам И пред бога да застанам Да се поклонам и да почнам Се што ме мачи да му кажам Дека цел живот солзи ронам Мајка земја натопувам Зар и господ е против мене Што не дава тој да ме земе Не е важно од кај доаѓам Господе нему му припаѓам Исповед од тебе господе барам Поможи ми без него да не бидам ПОСЛЕДНА РАКИЈА Келнерке донеси ми една комовица Ќе ја испијам да е со змија отровница Ќе ја испијам и гајле си немам
Зошто неја за жена ќе ја земам Ракијата змијата и жената се отровници Но мене ми се миленици Милувам жени убави И кафани до касно отворени Жено те сакам тебе и нашата маѓија Се откажувам од комовата ракија Вечерва пијам последна ракија Зошто во неја не гледам среќа и убавина
ЧИСТА ПЕТКА Кога се прави сметка На жената да и се даде чиста петка Таа заслужува и за повеќе И ако таа скромно неќе Секаде кај таа ќе се појави Секој со неа сака да наздрави Да наздрави со чаша в рака Сигурно тој знаи што сака Затоа кога се прави сметка На жената да и се даде чиста петка ОТРОВИ Да се испие и пелинот Не го дига адреналинот Немој не пиј такви отрови Затоа очите отвори ги Немој да направиш таква грешка Да е опасно по животот да е тешко Не сакам скршена да те видам На такви отрови не те оставам Доаѓам немој да се плашиш Рашири ги рацете да ме прегрниш ТИКВЕШИЈА Црвено вино жолта ракија Ми асоцира само на тиквешија Тиквешија котлино во средина Тиквешијо една во македонија Кој не се напил жолта тиквешка Тој незнае ништо за ракија А тие што пијат ракија Стално бараат само тиквешка Ако е погодено друштвото Со ракија и вино најдобро е чуството
Тиквешија котлина во средина Тиквешија една во македонија СИТЕ МЕ ПРАШУВААТ Сите ме прашуваат Сите не знаат Од мене бараат одговор Дали имаме цврст договор Договараат наш важи Никој никогаш да не лажи Дај ми ја раката твоја Да видат сите дека си моја Нека не пратат сите нас Да најдат во љубовта спас ТОЈ Е ЕДИНСТВЕН Тој е мајко единствен Вистина во мене е заљубен Го сакам мајко лудото На него ќе му го дадам срцето Ќе му дада мајко рака И друго се што ќе посака За него ништо лошо не велам Зошто со него љубовта ќе ја делам Со него ќе сум среќна Со него ќе сум вечна ДВЕ СЕСТРИ Гледај се сестро ова е наше место Кај што сме ние и господ е најчесто Од ова само едно каше Доволно е кога си е наше Татково дедово Од нив ни е наследено Овде кај што сме Сето е на нас две Секој нека мисли вака А не кој како сака ПИЈАН Вракајќи се пијан патот го згрешил Па дури и куќата ја промапил Така пијан во некоја куќа се пикнал Се пикнал а не чукнал Гледа жена сосема гола Па си помислил каква е ова шала Зарем може вакво да ми се случи Жената ми гола да се соблечи Дури покасно кога отрезнал Колку погрешил дознал Тој знаел само за кафани А не за жени голи
ТОШЕ Од сите деца ти делеше Уште од мал ти пееше Песната твоја насекаде се слуша Секој кога те слуша го боли душа Иако беше толку млад Ти створи широк музички пат Кај беше првата македонска република За тебе таму се подигна црква Сите дознаа за мечкин камен Сите дојдоа во славно крушево Среќни бевне со тебе Жал ни е што те изгубивне ВЛЕЗ ВО ТУЃА КОЖА Секој сака да можи Да се допри до туѓи кожи Но дали тоа ќе му се случи Друг треба да омогучи Не е едноставно и лесно Во туѓа кожа да си во тесно Таков допир со туѓи кожи Секој тоа не го можи Да се постигне таков успех Треба да се плати скап цех А тој што ќе влези во неја Тој треба да е генија
СМРТА ЗЕМА СЕ Кога деновите ми се бројат И бродовите ми тонат Тогаш времето ми застанува Само смра се приближува Смрта зема се што е живо Бездруго дали е право или криво Во водите има потонати бродови Колку на земјата гробови Кога човекот несреќа го прати Тоа ни со пари не може да се плати
БЕЗ ОЧИ Кој очи ќе ми гледа Кој другар ќе ми биди сега Кога некој е без очи и без другар Тој е најтежок услугар Тој што е без очи вечно не гледа Тој што е без другар исто страда Ваква маана е кај некого Но да не е кај секого Човек со вакви мани Како да е со болни рани Секоја рана боли и крвари Но ако не се гледа таа само боли