„НЕДОЗРЕАНА“ ОД МАРИЈА ТЕМОВА

Page 1

РОБ НА ТВОЕТО БИТИЕ

Смеј ми се! Затоа што сум роб на твоето битие, додека багремите ми шепотат за тебе, а ветерот, шумолејќи, ми го кажува твоето име.

Опцуј ме! Додека пеперугите ми раскажуваат за тебе, додека гласот од славејот цимоли навестувајќи ми дека некој друг ти ги гали косите. Карај ме! Затоа што не те оставаат да дишеш на мир ниту мислите скитарки, кои итаат и скитаат и пак кај тебе се враќаат. Понижи ме! зашто знам, недозреана сум им кажувам и на буките, и на булките дури и на клупите за тебе.

2

Не сакај ме!

Кажи ми да се тргнам, робу на моето битие!

Тогаш ќе те сакам уште повеќе зашто розата што не можам да ја помирисам, послатка е од сите други.

Кажи ми дека не ме сакаш! А јас ќе те сакам и ќе ги лажам другите

дека не те сакам, а, всушност умирам по тебе секој ден

Ќе го мирисам мирисот на испечената пченка во долгите јулски ноќи! Таа ме потсетува на мирисот твој

3
Ќе спијам со отворени очи за
Ќе ги галам сите цветови меки и нежни како свила! Таква е твојата кожа
да те видам! Ако случајно поминеш.

Ќе ти го дадам последниот атом, последниот здив и последниот поглед. ,,Блажено е да се живее, а уште поблажено е да се умира мислејќи на тебе“. вели мојот омилен поет. (Петре М. Андреевски) Ти си за мене „Дениција“

4

МОЕ МОРЕ

Беше мое море. Не, немаше ниту светла коса, ниту сини очи. Носеше некоја бунтовност во себе. како разбеснато море.

Имаше глас како тивките бранови А душа, чиста како бистра морска капка

Ги задеваше сите ситни

каменчиња од песокот, и понекогаш им се насмевнуваше на галебите.

Моето море беше длабоко. Ги галеше сите кои му се восхитуваа, а ми припаѓаше само и единствено мене.

5

Замислете едно море

да Ви припаѓа Вам!

Толку тивко, а бунтовно, толку длабоко, а сепак за вас достижно.

Ех тоа море, мое море...

6

Уметничко дело во движење

Беше мојот најсладок пелин

и мојата најгласна тишина. Го слушав твојот глас и кога молчеше, а низ призмата на солзи ти ја гледав насмевката.

Те познавав уште пред да те запознам. Знаев дека пиеш кафе без шеќер и слушаш само класика.

Обожаваше уметност. Всушност ти беше најубавото уметничко дело во движење, кое Бог го создал.

Знаев дека сакаш море. А под поимот море всушност сфатив дека твое море беа планините и мирот.

Беше возљубена во Бога. А Библијата твое најсвето нешто. Веднаш по љубовта кон Бога, ти беше љубовта кон пишувањето.

Всушност те обожавав!

7

Знаеш, ти беше толку сложена и комплицирана, а на лик обична и скромна.

Обожавам такви луѓе, Скромни, а всушност кријат многу тајни во себе. Те обожавав.

8

Поет

Отсекогаш сонував да бидам поет. Со збор да го искажам она што го чувствувам.

Отсекогаш сонував да напишам нешто што ќе ги допре сите, а мене ќе ми ја разголи душата. Поет да бидеш!

Ех, замисли. Колку ли е тоа лесно, или пак е тешко.

Го пишуваш само она што го шепоти душата, а срцето го диригира, секојдневно и вешто.

Независно тажно или среќно. Пишуваш и лупаш. Дали со чувства или без си олеснуваш на свој начин. Замисли да си поет, ги оздравуваш сите од она што ти секојдневно умираш. Замисли.

9

Бел галеб

Напиши нешто за мене и дозволи ми

со стих да те допрам, онака најдостојно. Нека тоа нешто што ќе го напишеш

го истргне сиот пелин

од устата која везден везе добрина. Кога ти е најтешко

и мислиш дека немаш

ниту глас, а погледот ти е празен, прочитај и ќе оживееш.

Ќе се искачиш највисоко. Над сите ридови, планини и мориња, зашто ти си тој мој бел галеб.

И напиши нешто за мене

и дозволи со стих да дојдам до тебе, иако си предалеку.

Не слетувај кај мене. Врати си се во своето јато.

10

Сети се, пишано е да биде така.

Некогаш во подобри времиња, заедно ќе слетаме во нашата бесконечност.

Ќе оживееме заедно мој галебе.

И живеј, те поздравува твојот бел галеб.

11

Бесмртност

Вреска душава без да испушти ниту еден единствен крик. Завртена со грб, чекорам смело, но не многу храбро.

Нозеве одат назад, но градиве итаат нанапред, чиниш ќе излезат од градниот кош. Чувствувам над мене ѕвездите шепотат нешто, а јас така молкума ко некој пес одам сама.

сив

12
изгледа повторно
ЗАР ЈАС СЕУШТЕ МОЖАМ ДА ПЛАЧАМ? -Извикува внатрешен
Зар останало парче душа од душата искината и раскината од глутницата волци?!
Наеднаш
облак: Заврнаа солзи од очиве, а крвта врела
почна да врие.
глас.

И така молкума, итам, итам, но не знам каде итам. Градов со месеци како да е лут на мене.

Темнината ги надвјаса

моите очи, а предниците веќе одамна почнаа да се тресат.

Морници ли се ова?! Пак сонувам! О, Господи, не! Мртва е душава, без ниту грам чувство, како е ова можно? О, Господи што можам?

Една топлина ми ја обвива половината. Замижувам.

Ги отварам очиве. Пред мене очи познати добро познати.

13

Фосилот скаменет од тебе од последната прегратка пак го чувствувам.

Сонувам! Разбуди се! Ова не е кошмар, нешто полошо е.

Затвори ги очите! Повторно проработува внатрешниот глас. Не можам, не! - извикувам. Зошто, ниту самата не знам.

Јас и мојата маленкост. Сон! Сон е! Не можам да ти дадам и подарам ништо, ништо друго... во себе изговарам, и ги отварам очите насолзени. Само она што може да ти подари еден поет, БЕСМРТНОСТ.

14

Живеј

Ајде излези! Смеј се! Запеј ја твојата омилена песна! Дај засвири некоја на гитара и раскажи ми за некоја добра прочитана лирика.

Прочитај ми го евергринот

што го запиша вчера. Знам дека пишуваш. И те молам, покажи ми го погледот за кој лудуваш често. Покажи ми го звукот на изгрејсонцето и зајдисонцето. Да, добро слушна, не изгледот туку звукот, знаеш за што зборувам.

Дај раскажи ми и за духовниот мир, и те молам, дај му бреме на времето.

Пеј! Смеј се! Радувај се! Пред се ЖИВЕЈ!

15

Прекратко си на овој свет

да го живееш животот молкума и тивко, туку така.

16

Инспирација

Инспирацијо, дај ми светлина и дланка свежина, да трупам и лупам се во еден шепот од душава моја.

Да исцелува угнетени и болни патници со единствена цел само да ги залечат раните.

Дај ми роса или една капка дожд и еден микроскоп, да погледнам длабоко, во нежните очи, та да прочитам се.

Дај ми стрпливост како онаа на шините, или коњите да издржам, да не ослепам од силината на болката нивна.

Дај ми најголем антидепресив, од оние најјаките,

17

да го користам и давам со

мелодија од усната шуплина

или само парче хартија

со мој ракопис.

Некој мора да ги

исцелува

болните и угнетени души.

18

Тешка е, и горка, и голема, и тоа огромна. Со месеци веќе ја презирам, но и ја колнам, очајнички.

Многумина повредила, скршила и докусурила, а за мене е само убав мотив и инспирација.

Знае да биде слатка, но краткотрајна, болна и лукава, да копнееш. Јас одамна веќе копнеам. Копнеж. Тој исчезнува во моментот кога таа се појавува.

19
Копнеж

Ќе те памтам

по тоа што ме допираше вешто и смело.

Така топло

дури на момент да кажам врело, но очајнички добро и милно.

Ме допираше со сета своја машкост

и со сета своја снажна и силна енергија.

Ме давеше со твојот допир, признавам, не можев да ти одолеам. Ти ме допираше многу повеќе од оние што ме допираа со допир.

Ме допираше најнежно, со поглед, додека тие ниту со допир не можеа да ме допрат.

20 Допир

Меланхолија

Ја прегрнував и твојата меланхоличност но, и тебе. Би рекла благодарение на моетотвоето дојде на место.

Но што потоа? Јас останав без моето добивајќи ја само и само твојата меланхолија. Ах, таа моја прегратка, за сите мелем, а за мене исклучителна болка.

21

Плима и осека

Си одиш и доаѓаш повторно како плима и осека. Сакам да ти кажам дека станав резистентна на сите заминувања и повторни идења. Знаеш молчеливо да ме погалиш чиниш сакаш да кажеш нешто, а молчеливо само ме гледаш.

Тоа ме боли. Молчеливо идиш, а уште повеќе ме боли што молчеливо и си одиш. Запомни: Мое море си, со своја плима и осека што често ми ја пара душава која е веќе резистентна на неа.

22

Ветувам

Ќе ме преколнуваш и ќе ме молиш да те погледнам душевно, длабоко.

Ќе ме молиш и ќе кукаш. Кукавички, Копнеејќи.

Ќе кукаш и ќе го изговараш само и само моето име како друго за тебе да не постои. Ќе изговараш и ќе го гледаш само мојот лик пред себе.

Еден ден, ќе стане јасно, а мене ќе ме нема ВЕТУВАМ.

23

Песна

Марија моја Марија, дај напиши нешто за мене Те молам, барем малку. Ниту знам како а ниту знам зошто. Би пишувала јас, но како да го посветам некому она мое најсвето, мојот лек, и моето единствено рамо за плачење на кое можам да му кажам се, а да не ме праша ништо. Како очекуваш јас да напишам нешто, кога за да напишеш нешто, треба да потрошиш нештоЉубов. А денес тоа е најскапо, ретко го има.

24

И еве сега кажи ми, напишав нешто за тебе

но ниту самата не знам што е тоа нешто.

Прочитај меѓу редови, можеби ќе дознаеш, јас важно напишав. Боли

Заради тоа што те сакам па те мразам.

Ми доаѓа да вреснам, вреска душава. Пак те сонувам

и станувам како да сум сонувала кошмар.

25

И плачам

ко мало дете по играчка зашто ме боли

и не можам лесно да преболам.

Зашто сакам да писнам вистински онолку колку што навистина ме боли

и сакам да си завртам шамар да се освестам барем малку.

И боли, боли и боли. На момент мислам

дека сум полумртва

но не е важно и да сум бидејќи знам ти си полужив.

26

Чудо од персона

Чудо од персона е. Полеј ја, ќе созрее, ќе изрти и ќе се издигне до небото. Или гази ја залудно, ко пиреј, колку повеќе ја газиш, толку повеќе расте, повеќе и повеќе.

Нахрани ја, но со душа и малку љубов, а таа ќе ти подари се.

Дај и малку, а таа ќе ти даде многу. Абе ептен чудо од персона е.

Таму каде што е персона нон грата, исто е и персона грата. Да, да.

Не ја знаеш верувај, ќе кажам дека е евергрин во вид на човек. Да.

27

Љубов постои

Ме болиш и ме приморуваш за секој нареден, да сум лоша и да глумам недостижна.

Ме болиш и пополека, пополека ја убиваш секоја надеж во мене дека љубов постои. Ме болиш, но истовремено го пресушуваш и сиот серотонин во мене.

Ме болиш, но и не ме болиш. Се скаменив веќе. Не плачам ниту кога гледам филм, ниту пак кога читам некоја тажна лирика. Ме болиш зашто ме уби за секој нареден, и ме остави да живеам во минатото.

28

Ме болиш и не ме болиш. Понекогаш признавам, заплакувам помалку, останало нешто во мене.

29

Таа ноќ кога се мажеше (,,Ту ноќ кад си се удавала“)

Додека плачев во главата често ми одѕвонуваше

една песна од омилениот бенд (Прљаво казалиште). ,,Ту ноќ кад си се удавала“

Сеќавајки се

на вечерта кога се омажи ти, а јас ја немав честа мојот потпис да стои до твојот. Знаев дека и ти тагуваш по мене, но знаев и дека не можеше повеќе да ме чекаш. Можеби некогаш, јас и ти, повторно заедно, во подобри времиња, на друго место.

30

Мојот најдобар другар

Мојот најдобар другар секој ден со насмевка ме пречекува и со очи полни топлина ме насмевнува.

Тој е оној што е уште посреќен од мене кога јас сум среќна, а кога сум тажна прави се за да не бидам.

Не, тој не е човек туку нешто поблагодарно, подобро и помило. Има четири шепи и очиња полни љубов.

Знаете, има срце поголемо од било што. Ме сака повеќе отколку самиот себе

Мојот најдобар другар

не е човек, туку нешто што Бог го создал да сфатиме колку ние луѓето сме нечесни, валкани и полни злоба.

31

Мојот најдобар другар

секогаш со насмевка ме пречекува

и со опавчето како да сака да ми каже колку е среќен.

Не може да зборува, но со дела докажува: ЉУБОВТА Е НАЈВАЖНА.

32

Ветер те милува

Кога дува ветер коса ти разбушавува, за мене си најубава.

Носи, занесува дури и понесува тој твој мирис ветер што го шири. Што ли се случува?

Не умеам да објаснам.

Самовила ветер што ја милува, коса што и разнесува, за мене најубава.

Без тебе ѕвезда не засјајува, свет не расцветува самовило моја убава само ветер што те милува.

33

Дојде и јануар, време не чувствувам со тебе ми минува ко брзина на светлина.

Моја инспирација со душа најмека, насмевка најмила

и топла прегратка. Што и да посакам

многу е, имаш се, ти си прекрасен.

34 Јануар

Обои ме

Обои ме. Обои ме во розово. Ќе ги исчитам сите ноти испишани по твојот врат и ќе создадам мелодија.

Ќе диригирам само обои ме во розово, ми треба боја, за да биде волшебно. Ќе ги љубам сите болки кои ќе ги прочитам осознавајќи ја само твојата силуета.

Ќе ги прегрнам

и твоите рани, да исцелат, знам дека ти е потребно.

Ќе ти пишувам и читам поезија по вените, ќе ја почувствуваш, зуи и врие.

Само и само обои ме во розово. А јас ќе те обојам во боја на љубовта.

35

Живот

Темнината? Прегрни ја. Стопли ја. Ќе осветли.

Болката? Негувај ја. Нека исцели. Ќе ја снема. Тишината? Расипи ја. Направи звук. Смени ја. Сивоста? Обои ја. И тоа во розово. Ќе процвета.

Душа празна? Потполни ја. Љуби. Ќе омекне.

36

Омразата? Избегнувај ја. Подалеку од тебе. Нека им стои.

Завидливоста?

Нека ја нема. Нека стои. И тоа таму кај што припаѓа.

Љубовта? Осознај ја. Почувствувај ја. Со душа и тело.

Мудроста? Барај ја. И тоа во повозрасните. Ќе ја најдеш. Живот? Стави запирка. И тоа онаму каде што си ставил точка. Продолжи.

37

Мајка

Најслаба моја точка. Жена со посебна насмевка, топлина и енергија.

Најубава жена на цел свет, со најубави очи и блескава насмевка.

Само пред неа сум она што сум, и само пред неа можам да бидам душевно разголена. Со неа изгревам и на зајдисонце. Најсилна е, со посебна сила.

Ја сакам неописливо. Таа мене ми подари живот, а јас неа смисла за живот и по некој ситен стих, да ја разнежнам.

Само сакам да ти кажам дека сум среќна што токму ти си моја мајка

и дека те сакам премногу.

38

За авторот: Иако поетесата го насловила својот труд „Недозреана“, кој патем речено е нејзина втора поетска збирка, во нејзината поезија силно се чувствува зрелост и сериозност. Во нејзините стихови има длабоко доживеана чувственост која е искажана со изграден став и со дефинирана прецизност. Со философски пристап им приоѓа на загатките и

на животот и ја истражува смислата на

Утврдува факти кои се однесуваат, пред се, на љубовта и се она што таа може да ни го приреди – од најголема среќа до неиздржлива болка. Јасно и се одредени приоритетите во животот и не се откажува лесно од своите намери и „ќе ти го даде последниот атом, последниот здив и последниот поглед“ за да го оствари својот сон. А нејзиниот сон е „да напише нешто што ќе ги допре сите“. Секако дека е се потребни уште многу животни искуства и сознанија за да се постигне саканата поетска нирвана, но пред Марија стојат уште многу животни предизвици кои таа ќе ги совладува и надминува. Проф. Владко Тасев

39
вредностите
постоењето.

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.