Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
Број 328
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
10.11.2017
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА СО МАКРОЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ И АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО КРЕИРАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2018 ГОДИНА
2 2
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОДВЛЕЧЕНО
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
ХОЛДИНГОТ КАКО ФОРМА НА ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОДОБРИ ДЕЛОВНИ РЕЗУЛТАТИ Иницијатива на Стопанската комора на Македонија за законско нормирање на холдинг друштвата преку уредување на даночен режим приспособен на специфичностите на нивното функционирање Холдингот како форма на поврзување на компаниите за постигнување на подобри деловни резултати е организациски облик кој постои и успешно функционира во голем број земји во рамките на Европската унија и пошироко. Растот и унапредувањето на работењето на деловните субјекти ја поставува како нужност потребата од поврзување на трговските друштва и овозможување за таквите посебни трговски ентитети да биде уреден посебен режим на функционирање, кој ќе биде приспособен на специфичностите. Уредувањето на прашањата кои се однесуваат за неговото
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ функционирање, а особено даночниот третман за овие субјекти, може значително да придонесе за унапредување на функционирањето на економскиот систем, беше истакнато на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (7.11.2017 година). Во европските законодавства, во кои е нормирано работењето на холдингот, уредени се повеќе даночни повластувања. Речиси во сите наведени законодавства предвидено е 100% ослободување од данок на дивиденди и капитална добивка, многу често и без притоа да се бара минимален временски период на сопственост на акциите или услови за минимален удел поради оданочување. Поради наведеното, Стопанската комора на Македонија предлага функционирањето на холдинг-компаниите, терминолошки да се усогласи во законската регулатива која го уредува поврзувањето на трговските друштва во Законот за трговски друштва, каде што и сега се уредени поединости за функционирањето на холдинг-компаниите (односно согласно постојната терминологија: поврзаните друштва), поврзани со контрола и надзор над нивното работење, известување, управување, поднесување на финансиски извештаи и водењето на деловни книги. М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, на денешната прес-конференција информираше дека Комората ќе поднесе Иницијатива до Владата на РМ, со која ќе предложи во законите со кои се уредува оданочувањето да се уреди посебен даночен режим за холдинг-друштвата, при што уредувањето на овој режим се предлага за своја почетна основа да ги има следните критериуми: • дивидендите кои фирмата-ќерка ги исплаќа во холдинг-компанијата треба да бидат ослободени од оданочување; • приходот што холдинг-компанијата го остварува при продажба на учество/удел во фирмата-ќерка да биде ослободен од оданочување; • салдото на трансферираните парични средства кои по својата економска суштина се заеми, во рамките на холдингот (на пример, од владејачкото друштво на фирмата-ќерка и обратно, сестринските фирми), да не влегуваат во даночната основа при сочинување на даночниот биланс за финансиската година; • да се создаде законска основа да може распределбата на добивката од работењето од тековната година на фирмата-ќерка која е основана со определен поголем процент
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
на учество од холдинг-компанијата (владејачкото друштво), да се евидентира и да се објави во годишната сметка на холдинг-компанијата (владејачкото друштво) во истата година; • повторно да се уреди можноста трговските друштва кои се поврзани во холдингкомпанијата да може да поднесуваат консолидиран даночен биланс. Во таа насока е и барањето на Стопанската комора на Македонија за изменување и дополнување на Правилникот за водење сметководство, во согласност со членот 469, став 2 од Законот за трговските друштва, така што се предлага измените на меѓународните стандарди за финансиски известување (МСФИ и МСС), кои во повеќе наврати се ревидирани и дополнувани од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди, да бидат интегрално инкорпорирани во македонското законодавство. Имено, согласно член 469, став 2 од Законот за трговските друштва, меѓународните стандарди за финансиско известување и меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни субјекти се ажурираат на годишна основа за да бидат усогласени со тековните стандарди, така како што се дополнети, изменети или усвоени од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди. Во македонското законодавство, наведените стандарди не се дел од важежкото законодавство во целост, односно после 2009 година, истите не се преведени и како такви, не се објавени во службено гласило на Република Македонија, за да можат да бидат применливи во домашното законодавство. Тоа создава поголеми проблеми во практиката при работењето на деловните субјекти, и тоа како за домашните компании, така и за странските инвеститори, а сето тоа влијае на правната сигурност и воопштво врз интересот за инвестирање и развој на домашното стопанство. Во таа насока, Стопанската комора на Македонија оценува дека наведените предлози за подобрување на даночниот третман на холдингот, ќе придонесат за унапредување на работењето на деловните субјекти во земјата, што ќе обезбеди понатамошен економски раст на системот. М-р Елена Милевска Штрбевска
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РМ
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА СО МАКРОЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ И АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО КРЕИРАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2018 ГОДИНА Стопанската комора на Македонија ја организираше Првата годишна конференција во пресрет на донесувањето на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, на која министерот за финансии во Владата на РМ д-р Драган Тевдовски го претстави Предлог-буџетот на Република Македонија за 2018 година пред компаниите - членки на Комората. Конференцијата имаше за цел унапредување на јавно-приватниот дијалог помеѓу Владата и приватниот сектор и активно вклучување на бизнис заедницата во креирањето на Буџетот на Република Македонија како најзначаен развоен документ во земјата. - Од особено значење е фактот дека овој документ за прв пат во ваква форма се презентира и е предмет на дебата пред најбројната бизнис асоцијација во државата, чии членки учествуваат со 90 % во бруто домашниот производ, 90% од вработените се во компании-членки на Комората и 94% од профитот се создава во фирми кои членуваат во неа, - истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на почетокот на Конференцијата. Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски посочи дека за прв пат на ваков начин, јавно се дискутира за Предлог-буџет што остава можност бизнис секторот да даде свој придонес во креирањето на државната каса. Буџетскиот процес за креирање на државната каса за следната година започнува од јуни во тековната година и предвидува до 15 ноември Владата да го усвои Предлог-буџетот за 2018 година, а до
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
7
СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РМ
Одржана Првата годишна конференција во пресрет на донесувањето на Буџетот на Република Македонија за 2018 година (6.11.2017 година)
крајот на годината да се изгласа во Собранието на РМ. Во меѓувреме, се предвидува и можност за дискусија со релевантните засегнати страни, во конкретниот случај бизнис секторот. На денешната Конференција, беа претставени општите макроекономски и фискални проекции, како и главните компоненти на приходната и расходната страна на Буџетот. Министерот потенцираше дека определбата на Владата е да се примени среднорочно буџетско планирање по примерот на развиените европски земји. Тој истакна дека за прв пат Република Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавните финансии за периодот 2018 – 2021 година. Растот на реалниот БДП се очекува да изнесува 3,2 %. Проекцијата е направена по претходно ревидирање на реалниот БДП за 2017 година на 1,6%, со цел да се добие реална основа за проектирање за следната година. Растот согласно проекциите на Владата ќе биде резултат на континуираната солидна лична потрошувачка, забрзување на инвестициите, како и повисока извозна активност. Стапката на инфлација е планирана на 1,7%. Буџетскиот дефицит за 2018 година се очекува да достигне 2,7% од БДП, наспроти 2,9% во 2017 година, со цел да се оствари постепена фискална консолидација и да се надмине состојбата на забавен економски раст. Приоритетите на Министерството за
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РМ финансии се редовно и навремено извршување на обврските со најповолни услови за задолжување, при што не е исклучена и можноста за еврообврзница во 2018 година. Министерот посочи дека приходите во Предлог-буџетот се проектирани врз основа на економските очекувања за 2018 година без поголеми даночни промени, кои се планира да бидат воведени од 01.01.2019 година. Министерот Тевдовски наведе и дека во однос на прогресивното оданочување кое е планирано да се воведе од јануари, интенциите на Владата на РМ се да се остави период на приспособување на засегнатите страни. Со цел пораст на приходите, се планира и зголемување на вредноста на акцизата за нафтата за 3 денари, со што се очекуваат повеќе позитивни ефекти и усогласување со европските стандарди, при што малопродажната цена на дизелот ќе остане најниска во регионот. Стапката на социјални придонеси ќе остане непроменета, но се предлага зголемување на максималната основица за плаќање од 12 на 16 просечни нетоплати. Во однос на повратот на ДДВ, беше посочено дека во месец октомври оваа година се исплатени 2 милијарди денари и дека ќе продолжи трендот за редовен и недискриминаторски поврат на ДДВ-то на компаниите. Министерот за финансии потенцираше дека за наредната година е планирано субвенциите и трансферите за поддршка на домашните претпријатија да изнесуваат 1,1 милијарда денари, за странските компании 970 милиони денари или вкупно 2 милијарди денари државна помош. Беа посочени и заложбите на Владата на РМ за пораст на платите на вработените во образованието и здравството со цел обезбедување поквалитетни услуги во овие сегменти како значајни за економскиот развој и напредок на државата, а присутните беа информирани и за вложувањата во одбраната согласно
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
9
СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РМ определбата на земјата за членство во НАТО. Истовремено беа презентирани и тековните расходи во делот на трансферите за пензиите, надоместокот во случај на невработеност, субвенции, трансферите за единиците на локалната самоуправа и сл. Од особен интерес за компаниите, беа презентирани и капиталните расходи кои се планираат во износ од 24,7 милијарди денари, кои проекции според министерот се на реална основа и се инвестиции кои ќе имаат позитивен ефект на вкупната домашна економија. Во овие рамки е планирано интензивирање на активностите за подобрување на патната и железничката инфраструктура, комуналната и енергетската инфраструктура, како и технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ). По излагањето на министерот, беше отворена дискусија по Предлог-буџетот за 2018 година, во рамките на која претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески побара одговор на неколку прашања кои се од важност за бизнис заедницата. Азески побара одговор, зошто и оваа Влада проектира поголем Буџет споредено со претходната година, иако интенцијата е да се оди на намалување на трошоците, дали ќе биде понесена одговорност од Владата доколку не се реализираат проектираните капитални инвестиции, како ќе се вратат 350 милиони долг кон приватниот сектор, дали за зголемувањето на акцизата на дизелот се правени анализи за негативните импликации во домашната економија, а предложи од 2018 година, на секои три месеци, јавно и транспарентно да се прави пресек на проектираните наспроти реализираните активности во делот на капиталните инвестиции. Бизнисмените кои учествуваа на денешната конференција на која се дебатираше за Предлог-буџетот за 2018 година, поставија повеќе прашања до министерот за финансии. Тие прашаа дали се планира зголемување на фондовите за доедукација, поголема соработка на државата со домашните компании, дали ќе се помести во нагорна линија максималната граница на пензијата, во која форма и колку средства ќе бидат одвоени за развој и поддршка на туризмот како трета брзо растечка дејност во светот и дали се размислува за реструктурирање на администрацијата во државата во услови кога превработеноста е еден од најголемите проблеми нотирани во работењето на Владата изминатите години. Денешната Прва конференција за дебата за Буџетот беше оценета како успешна, со порака ваквиот континуитет да продолжи и во иднина во насока на креирање поволен бизнис амбиент кој ќе овозможи развој на домашната економија, раст на компаниите, поголем извоз и конкурентност на домашните фирми. Даниела Михајловска Василевска
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
Превземено од „Нова Македонија“
СТАВ на претседателот Бранко Азески ХОЛДИНГОТ КАКО ФОРМА НА ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОДОБРИ ДЕЛОВНИ РЕЗУЛТАТИ Дали холдингот е потреба или помодарство? Порастот и унапредувањето на работењето на деловните субјекти го поставува како нужност поврзувањето на трговските друштва и уредувањето посебен режим на функционирање, кој ќе биде приспособен на специфичностите на нивното работење. Уредувањето на прашањата што се однесуваат на работењето на холдингкомпаниите, а особено даночниот третман за овие субјекти, може значително да придонесе за унапредување на функционирањето на економскиот систем. Холдингот како форма на поврзување на компаниите за постигнување подобри деловни резултати, е организациски облик што постои и успешно функционира во голем број земји во рамките на Европската Унија и пошироко. Во европските законодавства, во кои е нормирано работењето на холдингот, уредени се повеќе даночни повластувања. Речиси во сите наведени законодавства предвидено е 100 отсто ослободување од данок на дивиденди и капитал на добивка, многу често и без притоа да се бара минимален временски период на сопственост на акциите или услови за минимален удел поради оданочување. Токму затоа, холдингот не е ниту форма зад која се кријат некои матни зделки, ниту пак помодарство, туку напротив, потреба на современите бизнисмени што имаат потреба и желба да ги направат уште поуспешни и потранспарентни своите бизниси што се поврзани меѓу себе преку капиталот или преку претприемачки договори, за да овозможат повеќе вработувања во своите поврзани субјекти, повеќе инвестиции, развој, иновации и проширување на дејностите, а за сметка на тоа да добијат и определени даночни олеснувања што ќе го поттикнат нивното натамошно успешно дејствување.
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
11
Превземено од „Нова Македонија“ Што бара бизнисот? Стопанската комора на Македонија предлага функционирањето на холдинг-компаниите, терминолошки да се усогласи во законската регулатива што го уредува поврзувањето на трговските друштва во Законот за трговски друштва, каде што и сега се уредени подробности за функционирањето на холдинг-компаниите (односно поврзаните друштва во согласност со постојниот закон), поврзани со контрола и надзор над нивното работење, известување, управување, поднесување финансиски извештаи и водењето деловни книги. Но многу посуштинско, барањето на Комората е преточено во иницијативата до Владата на РМ, со која се предлага во законите со кои се уредува оданочувањето да се уреди посебен даночен режим за холдинг-друштвата, што за своја почетна основа ќе ги има следните критериуми: • дивидендите што фирмата-ќерка ги исплаќа во холдинг-компанијата треба да бидат ослободени од оданочување; • приходот што холдинг-компанијата го остварува при продажба на учество/удел во фирмата-ќерка да биде ослободен од оданочување; • салдото на трансферираните парични средства што по својата економска суштина се заеми, во рамките на холдингот (на пример, од владејачкото друштво на фирмата-ќерка и обратно, сестринските фирми), да не влегуваат во даночната основа при сочинување на даночниот биланс за финансиската година; • повторно да се уреди можноста трговските друштва што се поврзани во холдингкомпанијата да може да поднесуваат консолидиран даночен биланс; • да се создаде законска основа да може распределбата на добивката од работењето од тековната година на фирмата-ќерка, која е основана со определен поголем процент на учество од холдинг-компанијата (владејачкото друштво), да се евидентира и објави во
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
Превземено од „Нова Македонија“
годишната сметка на холдинг-компанијата (владејачкото друштво) во истата година. Во таа насока, е и барањето на Стопанската комора за редовно ажурирање на меѓународните стандарди за финансиско известување и мегународните стандарди за финансиско известување за мали и за средни субјекти, за да можат интегрално да се применуваат и да бидат усогласени со тековните стандарди, така како што се дополнети, изменети или усвоени од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди. Во македонското законодавство, наведените стандарди не се дел од важечкото законодавство во целост, односно по 2009 година, истите тие не се преведени и како такви, не се објавени во службено гласило на Република Македонија, за да можат да бидат применливи во домашното законодавство. Тоа создава поголеми проблеми во практиката при работењето на деловните субјекти, и тоа како за домашните компании, така и за странските инвеститори, а сето тоа влијае на правната сигурност и воопшто врз интересот за инвестирање и развој на домашното стопанство. Несомнено е дека наведените предлози за подобрување на даночниот третман на холдингот, ќе придонесат за унапредување на работењето на деловните субјекти во земјата, што ќе обезбеди понатамошен економски пораст. Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија
БИЗНИС ИНФО
D CE ON IA
M
A
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME
13
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА“
ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈАTA: „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА“ елегацијата на Стопанската комора на Македонија, што учествуваше на Конференцијата: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“, што се одржа по шести пат во Будва, на 2-3 ноември 2017 година, на маргините на Конференцијата реализираше работен ручек со поранешниот претседател на Владата на Црна Гора, господинот Мило Ѓукановиќ, со соработниците.
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
15
КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА“ На работниот ручек од македонска страна присуствуваа претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, Минчо Јорданов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД - Скопје, Светозар Јаневски, генерален менаџер на „М6 инвестиции“, Доне Таневски, претседател на Бордот на директори на „Македонијатурист“ АД - Скопје, Страшо Милковски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на АД „Гранит“ - Скопје, м-р Живко Мукаетов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД - Скопје и Никола Битрак, генерален менаџер на „АФ Консулт“ - Скопје. Членовите на бизнис делегацијата од Македонија со своите домаќини од Црна Гора разменија значајни искуства, предлози и сугестии со цел реализирање нови деловни контакти и продлабочување на веќе воспоставената соработка. Станка Дамјановска
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ПРОЕКТИ
ОДРЖАНА ТРЕТАТА ТРЕНИНГ-ОБУКА НА ТЕМА: „ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП“, НАМЕНЕТА ЗА КОМПАНИИТЕ Во рамките на Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“, на 6.11.2017 година, во Прилеп се одржа тренинг-обука за компаниите на тема: „Придобивки и обврски при вработување лица со хендикеп“ во организација на Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Прилеп и „Полио Плус – движење против хендикеп“. Првите две тренинг-обуки за напредно ниво наменети за компаниите беа одржани во Штип на 10.10.2017 година и во Велес на 17.10.2017 година. По денешната одржана тренинг-обука за напредно ниво во Прилеп, во ноември 2017 година предвидено е да се одржи уште една обука за напредно ниво, четврта по ред, наменета за компаниите
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
17
ПРОЕКТИ и тоа во Скопје на 9.11.2017 година во Стопанската комора на Македонија. Според истражувањата на Стопанската комора на Македонија, постои недоволна информираност на компаниите за различни прашања поврзани со вработувањето и задржување во работен однос на лицата со хендикеп. Тренинг-обуката беше наменета за компаниите, со цел да се информираат за соодветно приспособување и овозможување еднаков третман на лицата со попреченост. Од Стопанската комора на Македонија, на тренинг обуката присуствуваше м-р Ивана Крстевска, која ги претстави проектните активности насочени кон институциите и компаниите кои имаат цел да придонесат за целосно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. М-р Жанета Попоска, експерт во оваа област, говореше за правната рамка за овозможување еднаков третман на лицата со попреченост, за мерките кои се потребни да се преземат од страна на работодавачите со цел да се овозможат непречени услови за работа. На обуката главен акцент беше ставен на елементите за соодветно приспособување за да се овозможи непречен пристап на лицата со попреченост. Како најважни се издвојуваат следните елементи: обврска за соодветно приспособување за промена на работната околина за вработен во инвалидска количка; префрлување на лицето во друга канцеларија, или место поблиску до неговиот дом или на приземје, како и можност да работат од дома; набавка или модифицирање на опремата; одобрување на
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ПРОЕКТИ
вработениот со попреченост да има малку флексибилност во неговите работни часови; промена на тестовите и прашањата за интервју за работа; обезбедување толкувачи на гестов јазик и промена на дисциплинските и жалбените процедури и постапки. Од Посебниот фонд за вработување на лица со хендикеп, на фирмите им се доделуваат неповратни средства согласно член 4 од Законот за вработување на инвалидни лица – ЗВИЛ, за: 1. доделување неповратни средства за вработување на неопределено време на невработено инвалидно лице; 2. разумно адаптирање на работното место на кое ќе работи инвалидното лице доколку таа е потребна; 3. набавка на опрема; 4. ослободување од даноци и обезбедување на средства за придонеси; 5. финансиска поддршка во работењето и 6. работно оспособување на лица со хендикеп поради вработување. За вработување на неопределено време на невработено инвалидно лице се доделуваат неповратни средства во висина од 20 просечни нето-плати исплатени во РМ за претходната година пред вработувањето, односно 40 просечни плати за вработување на слепо лице со оштетеност на видот од 90 до 100% и телесно инвалидно лице на кое заради движење му е потребна инвалидска количка согласно член 16-а од Законот за вработување на инвалидни лица – ЗВИЛ. За адаптирање на работното место на кое ќе работи инвалидното лице доколку
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
19
ПРОЕКТИ таа е потребна се доделуваат неповратни средства во висина до 100.000 денари и истите можат повторно да се користат ако тоа го налагаат промените на техничкотехнолошкиот процес или видот и степенот на инвалидноста на инвалидното лице. За набавка на опрема се доделуваат неповратни средства во висина до 200 просечни нето-плати исплатени во РМ во претходната година, при што барателот во пресметковната вредност на програмата треба да учествува со сопствено учество од 20% (сопствени средства, кредит од банка или лични средства на сопственикот на фирмата), а износот на доделените средства може да биде најмногу до висината на имотот и трајниот капитал заведен во книгите на барателот (основачки влог, опрема, градежни и деловни објекти, дуќани и слично) и да достави хипотека во однос 2:1 или банкарска гаранција во висина на одобрените средства. Хипотеката или банкарската гаранција треба да е со важност од најмалку три години. Основен критериум за утврдување на висината на доделените неповратни средства за опрема е бројот на вработените инвалидни лица. На крајот на обуката беа презентирани и пет студии на случај, по што беше развиена дискусија од страна на присутните кои ги изнесоа своите искуства и предлози поврзани со вклучувањето на лицата со хендикеп на пазарот на труд. На настанот присуствуваа околу 25 учесници од повеќе сектори и тоа: трговија, земјоделие и прехрана, метална и електроиндустрија, угостителство и туризам, текстил, осигурување, како и претставници од државните институции и агенции. Преку овој Проект ќе се таргетираат компаниите кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Постои цел сет на активности што се насочени и кон институциите и компаниите, со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Проектот е финансиран од Европската комисија, спроведувач е Министерството за финансии - Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), заедно со Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, „Полио Плус“ - партнер во Проектот, како и Министерството за труд и социјална политика, како координатор на Програмата за социјална инклузија. Ристо Најдоски
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ПРОЕКТИ
ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА ТРЕНИНГ-ОБУКА НА ТЕМА: „ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП“, НАМЕНЕТА ЗА КОМПАНИИТЕ Како дел од активностите на Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“, реализиран од Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“, на 9.11.2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа тренингобука за компаниите на тема: „Придобивки и обврски на компаниите при вработување лица со хендикеп“. Првите три тренинг-обуки за напредно ниво, наменети за компаниите, беа одржани во Штип на 10.10.2017 година, во Велес на 17.10.2017 година и во Прилеп на 6.11.2017
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
21
ПРОЕКТИ година. По денешната одржана тренинг-обука за напредно ниво во Скопје, завршува циклусот на обуки за напредно ниво наменети за компаниите. Според истражувањата на Стопанската комора на Македонија, постои недоволна информираност на компаниите за различни прашања поврзани со вработувањето и задржување во работен однос на лицата со хендикеп. Тренинг-обуката беше наменета за компаниите, со цел да се информираат за соодветно приспособување и овозможување еднаков третман на лицата со попреченост. М-р Ивана Крстевска од Стопанската комора на Македонија ги претстави проектните активности насочени кон институциите и компаниите кои имаат цел да придонесат за целосно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. М-р Жанета Попоска, експерт во оваа област, говореше за правната рамка за овозможување еднаков третман на лицата со попреченост, за мерките кои се потребни да се преземат од страна на работодавачите со цел да се овозможат непречени услови за работа. На обуката главен акцент беше ставен на елементите за соодветно приспособување за да се овозможи непречен пристап на лицата со попреченост. Како најважни се издвојуваат следните елементи: обврска за соодветно приспособување за
БИЗНИС ИНФО
22
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ПРОЕКТИ
промена на работната околина за вработен во инвалидска количка; префрлување на лицето во друга канцеларија, или место поблиску до неговиот дом или на приземје, како и можност да работат од дома; набавка или модифицирање на опремата; одобрување на вработениот со попреченост да има малку флексибилност во неговите работни часови; промена на тестовите и прашањата за интервју за работа; обезбедување толкувачи на гестов јазик и промена на дисциплинските и жалбените процедури и постапки. Од Посебниот фонд за вработување на лица со хендикеп, на фирмите им се доделуваат неповратни средства согласно член 4 од Законот за вработување на инвалидни лица – ЗВИЛ, за: 1. доделување неповратни средства за вработување на неопределено време на невработено инвалидно лице; 2. разумно адаптирање на работното место на кое ќе работи инвалидното лице доколку тоа е потребно; 3. набавка на опрема; 4. ослободување од даноци и обезбедување средства за придонеси; 5. финансиска поддршка во работењето и 6. работно оспособување на лица со хендикеп поради вработување. За адаптирање на работното место на кое ќе работи инвалидното лице доколку тоа е потребно, се доделуваат неповратни средства во висина до 100.000 денари и истите можат повторно да се користат ако тоа го налагаат промените на техничко-
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
23
ПРОЕКТИ технолошкиот процес или видот и степенот на инвалидноста на инвалидното лице. За набавка на опрема се доделуваат неповратни средства во висина до 200 просечни нето-плати исплатени во РМ во претходната година, при што барателот во пресметковната вредност на програмата треба да учествува со сопствено учество од 20% (сопствени средства, кредит од банка или лични средства на сопственикот на фирмата), а износот на доделените средства може да биде најмногу до висината на имотот и трајниот капитал заведен во книгите на барателот (основачки влог, опрема, градежни и деловни објекти, дуќани и слично) и да достави хипотека во однос 2:1 или банкарска гаранција во висина на одобрените средства. Хипотеката или банкарската гаранција треба да е со важност од најмалку три години. Основен критериум за утврдување на висината на доделените неповратни средства за опрема е бројот на вработените инвалидни лица. На крајот на обуката беа презентирани и пет студии на случај, по што беше развиена дискусија од страна на присутните кои ги изнесоа своите искуства и предлози поврзани со вклучувањето на лицата со хендикеп на пазарот на труд. На настанот присуствуваа околу триесетина учесници од повеќе сектори и тоа: банкарство, трговија, прехрана, метална и електроиндустрија, угостителство, невладини организации, заштитни друштва, како и претставници од државни институции и јавни претпријатија. Преку овој проект ќе се таргетираат компаниите кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Постои цел сет на активности што се насочени и кон институциите и компаниите, со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Проектот е финансиран од Европската комисија, спроведувач е Министерството за финансии - Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), заедно со Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, „Полио Плус“ - партнер во Проектот, како и Министерството за труд и социјална политика, како координатор на Програмата за социјална инклузија. м-р Ивана Крстевска
24
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
СООПШТЕНИЕ: ВТОРА РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО БИТОЛА На 7 ноември 2017 година, во Битола, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, поддржано од Проектот финансиран од Европската Унија - MAINLAND, кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), ја одржа Втората регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјоделско земјиште кај земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште. На настанот се обратија госпоѓа Ленче Николовска, посебен советник на претседателот на Владата за земјоделство, шумарство и водостопанство и госпоѓа
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
25
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Вилма Даугалиене, главен технички советник од ФАО (Проект MAINLAND). Целта на работилницата беше да се зголеми локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделско земјиште за земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште. На настанот присуствуваа претставници на локални земјоделски организации, села и единици на локалната самоуправа, како и други важни локални партнери од Пелагонискиот регион, локалната самоуправа и бизнис секторот. Учесниците се информираа за принципите и постапките за консолидација на земјоделското земјиште, во согласност со соодветниот закон и во насока на спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште 2012-2020 година. Локалните земјоделци и сопственици на земјоделско земјиште се информираа и за претстојната селекција на најпогодни области за консолидација на земјиште и како да изразат интерес за новите консолидациони проекти во наредните неколку недели. Проектот финансиран од Европската Унија „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“, или MAINLAND, го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на Проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО (61,2 илјади евра). Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 година до август 2020 година. Главна цел на Проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси. Во изминатите три недели, сектори и подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и советници од Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) беа обучени како да ги идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште и како да работат заедно со земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште при изразување интерес за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште. м-р Никола Димковски
26
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
СТУДИСКА ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД БИЗНИС, ЈАВНИОТ И НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ОД РЕПУБЛИКА КОСОВО ВО ВАРДАРСКИОТ, ИСТОЧНИОТ И ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН Во Регионалната комора се седиште во Велес на 8.11.2017 година, во организација на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, се реализира студиска посета на 20 претставници од бизнис, јавниот и невладиниот сектор од Република Косово. Пред гостите, Вардарскиот плански регион го претстави Марко Колев, раководител на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Оваа студиска посета се реализира во рамките на Проектот „Организирање на студиски посети во соседен регион“, како дел од иницијативата за подобрување на
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
27
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ капацитетите на организациите за поддршка на бизнис секторот во партнерските општини. Студиската посета беше организирана и финансиски поддржана од„МАЛАСИ“ - Центар за поддршка на бизнис секторот, во соработка со Фондацијата за одржлиив економски развој – „ПРЕДА плус“ - Косово. На средбата беа презентирани Канцеларијата на Вардарскиот плански регион и нејзиното досегашно работење, поддршката што ја дава на бизнис секторот во регионот, како и Стопанската комора на Македонија, од страна на Ирена Жарова од Регионалната комора со седиште во Велес. Претставниците од Косово го поздравија овој начин на размена на искуства и меѓусебно поврзување во рамките на Проектот, а воедно изразија надеж за идна подобра соработка. Делегацијата од Косово имаше можност да го збогати своето искуство преку посета на три плански региони - Вардарскиот, Источниот и Југоисточниот регион. Ирена Жарова
28
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
Клуб на менаџери-претприемачи
РЕАЛИЗИРАН НАСТАН ЗА УЧЕЊЕ ВО РЕЛАКСИРАНА И ПРОДУКТИВНА АТМОСФЕРА
СКМ ♦ КМ
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
Клубот на менаџери-претприемачи, за своите компании-членки во периодот од 3-4 ноември 2017 година, во хотел „Аурора resort&spa“ во Берово го реализираше Вториот team building како дел од Агендата за 2017 година. Хотел „Аурора resort&spa“ во Берово, сместен во срцето на Малешевијата, на брегот на Беровското езеро нуди задоволство на сите сетила. Направен е по светски екостандарди од вулкански камен стар три милиони години и од дрво, со што одлично се вклопува во природата која плени со своето раскошно зеленило. На членовите на Клубот на менаџери-претприемачи им се овозможи ексклузивна можност да во една таква прекрасна средина го реализираат едукативното предавање “Менаџмент вештини”, во соработка со тренерите Благе Алексов и Љупчо Георгeив. Пред учесниците тренерот Љупчо Георгиев потенцираше дека позитивните промени во стратегијата на однесувањето на вработените во менаџментот, продажбата и целокупната организација, се темел за успешна политика на секоја фирма. Во динамично бизнис опкружување секојдневните предизвици на менаџерите стануваат се’ поголеми и потешко се доаѓа до правилниот одговор и решение на многубројните прашања, проблеми и предизвици. Предавачот Алексов се осврна на менаџментот, при што истакна дека е тоа мошне комплексна задача која во денешни услови тешко може да биде вршена само од еден човек и затоа, по правило, управувањето во големите организации е доверено на група луѓе – менаџери кои мора да имаат соодветни знаења, искуство и вештини потребни за успешно изведување на задачата. Посебно со користењето на информатичките технологии менаџментот значително е унапреден, особено со продорот на информациите и знаењата како постојана потреба на менаџерите и другите вработени, како и можноста за моментален увид и пресек на состојбата на сите компоненти од работењето на организацијата, во кое било време. Исто така, соработката на научните
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
29
Клуб на менаџери-претприемачи
установи со бизнис - заедницата и користењето на научните сознанија со практична примена во реални услови, континуираните истражувања и развојот, придонесоа за натамошно осовременување и унапредување на менаџментот. Покрај учење во опуштена и продуктивна атмосфера, учесниците имаа доволно време да меѓусебно подобро да се запознаат едни со други, што секако води до поголема блискост и пријателство. Дружењетото и заедничките поминати минути во споделување на меѓусебни искуства за време на тим- билдингот дефинитивно направи сите да се опуштат и да го дадат најдоброто од себе без дополнителен притисок од околината или строго зацртани временски рокови. Мотивацијата за работа несомнено се зголемува по завршувањето на настан како тим-билдингот. По работната атмосфера се чувствуваше опуштеност, позитивна енергија, со еден збор поинаква вибрација за работа и поттикна размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација. На сите менаџери, соработници и членови на Клубот на менаџери претприемачи им се заблагодаруваме за продуктивно поминатото време во овие два дена. Продолжуваме со следниот едукативен настан кој ќе се одржи веќе на 10.11.2017 година со нова тема. Валентина Цветковска
30
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА
Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, октомври 2017 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во октомври 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3. Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај оризот за 3.6%, компирот за 3.2%, млекото и јогуртот за 1.9%, сувото овошје и јаткастите производиза 1.8%, изнутриците за 1.6%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.9%, месото за 0.8%, другите пекарски производи и другите прехранбени производи за 0.5%, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.4%, другите млечни производи и безалкохолните пијалаци за 0.3%. Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 6.2%, обувките за 4.2%, автомобилите за 3.9%, домашните миленици и сродни производи за 3.1%, болничките услуги за 2.6%, гасот за домаќинствата за 2.2%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.1%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.0%, стоматолошките услуги за 1.7%, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 1.6%, теписите и другите покривки за под за 1.3%, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 1.2%, услугите за сместување за 0.9%, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства за 0.8%, терапевтските помагала и опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.7%, облеката за 0.5%, малите електрични апарати за домаќинствата и резервните делови и опрема за сопствен превоз за 0.4%, услугите за одржување и поправки на станот и текстилот за домаќинствата за 0.3%, мебелот за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз и услугите за култура за 0.2%. Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2017 година, во
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
31
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА
споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 7.4%, замрзнатото овошје за 1.8%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.0%, јајцата за 0.9%, брашното и другите жита за 0.6%, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 0.4%, житата за 0.3% и алкохолните пијалаци за 0.2%. Исто така, во октомври, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 2.2%, туристичките пакет-аранжмани за 1.7%, услугите за рекреација и спорт за 1.5%, книгите за 1.3%, материјалите за одржување и поправки на станот за 1.1%, предметите за лична хигиена и здравје за 0.8%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики и услугите за лична хигиена за 0.5%, средствата за чистење и одржување за домаќинствата за 0.4%, алатите и опремата за куќа и градина, другите медицински производи и авионскиот превоз на патници за 0.3% и дискови, касети, дискети, ЦД, филмови за 0.2%. Индексот на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со октомври 2016 година, бележи пораст од 1.9%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.3%. Извор: www.stat.gov.mk
32
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
33
34
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
15 ноември 2017 година (среда) 13:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 кат
ПРОФЕСИОНАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
Преку Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“, Стопанската комора на Македонија заедно со Министерството за труд и социјална политика, во рамките на активностите за вклучување на лицата со хендикеп на пазарот на трудот, организираат работна средба со компании со цел заедничка подготовка на предлог-активностите за воведување професионална рехабилитација од страна на работодавачите од отворениот пазар на труд. Имајќи предвид дека покрај вложувањето во унапредување на знаењата и вештините на лицата со хендикеп, од неизмерна важност е и поддршката на компаниите во процесот на создавање целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп на пазарот на трудот. Министерството за труд и социјална политика подготвува уште еден сличен проект за реализација на професионалната рехабилитација на лицата со хендикеп. На работната средба ќе бидат дискутирани предлог-активности за реализација на Проектот за професионална рехабилитација на лицата со хендикеп. На работната средба ќе присуствува и Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика во Владата на РМ. Настанот ќе се одржи на 15.11.2017 година (среда), со почеток во 13:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат. Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 13.11.2017 година (понеделник). Лица за контакт: Ивана Крстевска, е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: (+389) 2 3 244 051 и Ирена Мојсовска, е-адреса: irena@mchamber.mk, телефон: (+389) 2 3 244 009.
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
15 ноември 2017 година „Мастер центар“ Нови Сад, Р. Србија
„ДЕН НА ДОБАВУВАЧИ 2017“ Регионална конференција и билатерални средби
Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Војводина и
Агенцијата за развој на Војводина – РАВ, ве покануваат на овогодинешниот „Ден на добавувачи 2017“, што ќе се одржи на 15 ноември 2017 година во просториите на „Мастер центар“ во Нови Сад, Р. Србија.
Овогодинешниот настан е предвиден да се реализира во вид на конференција проследена
со билатерални средби меѓу домашни, српски компании, странски инвеститори коишто се веќе присутни на територијата на Војводина, како и странски компании коишто би имале интерес за инвестиции и соработка со регионот и тоа од областа на: • земјоделието; • автомобилската индустрија; • информатичко-комуникацискиот сектор; • производители на пластика и гума; • текстилната; • металната и метало-преработувачката индустрија.
Настанот ќе се реализира во два дела, каде што во првиот дел домашните компании ќе ги
презентираат своите потенцијали и можности за соработка и инвестиции, а во вториот дел сите присутни компании ќе имаат можност за билатерални средби со потенцијални партнери.
На настанот се очекува учество на над 250 учесници, претставници на 100-те најголеми
меѓународни компании од Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Унгарија, Германија, Романија, Словачка и Словенија. Компаниите коишто ќе ги презентираат своите планови и потреби во делот на добавувачкиот синџир се: „Ametek“, „HealthCare Europe“, „Kolektor ATS“, „Mecafor“, како и Развојната агенција на Србија (РАС) и ИКТ Кластерот на Војводина.
Со цел навремено организирање на билатералните средби, во прилог Ви го доставуваме
и списокот на досега пријавени компании со коишто на денот на настанот ќе можете да закажете состанок и да се сретнете во даден термин.
Учеството на претстојната конференција и на билатералните средби е бесплатно, а трошоците
за патување и сместување се на товар на компаниите.
Доколку сте заинтересирани за учество на претстојниот настан, Ве молиме да го пополните
пријавниот лист (во прилог) и да го доставите до лицето за контакт, најдоцна до 7.11.2017 година (вторник).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
15 ноември 2017 година (среда) Стопанска комора на Македонија (сала 1 на 5-ти кат)
МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби. Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби од различни области и тоа: • енергетски решенија и услуги во областа на фотоволтикот и складирањето на енергија; • проектирање и изведба на индустриски хали и челични конструкции; • добавувачи на системи за преработка и пренесување на минерални суровини, како и за производство на бетонски постројки и транспортери за бетон; • производство на првокласни сирења; • системи за заштита од громови, системи за заштита од пренапојување, како и системи за заземјување. Македонско-австриските деловни средби ќе се одржат на 15 ноември 2017 година (среда), со почеток во 12:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат. Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на деловните средби, на коишто ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби своето учество можат да го пријават најдоцна до 13 ноември 2017 година, за да може да се организираат средби со соодветни партнери. Контакт: м-р Сања Николова Телефон: ++ 389 2 3244091 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
16 ноември 2017 година (четврток) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
УСПЕШНО ПОДГОТВУВАЊЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОНУДИ, КОРИСТЕЊЕ НА ЕСЈН-АЛАТКИ И МОДУЛИ
Согласно задолжителното спроведување на електронските јавни набавки предвидени со
Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15) и тоа:
- во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и
- во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година, како и фактот дека голем број на
понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) - регистрација, поставување на прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ и слично.
Имајќи предвид дека голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество на
електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), регистрација, поставување
прашања пред јавно отворање,
електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување и слично, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: Успешно подготвување на електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули (електронски јавни набавки, дигитално потпишуавање, е-аукции/конечна цена), тендерско досие, модул за завршени постапки. Семинарот ќе се реализира на 3 октомври 2017 година (вторник), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. На семинарот за сите учесници ќе биде обезбеден водичот: „Е-ЈАВНИ НАБАВКИ: ПОДГОТВИ СЕ!“ во кој на едноставен начин се објаснети сите модули, чекори и алатки за правилно користење на ЕСЈН (електронски систем за јавни набавки), учеството на електронски јавни набавки, сите предизвици во врска со е-набавките во РМ и најчестите грешки при учество со електронска понуда, електронско потпишување, невалиди сертификати, електронски банкарски гаранции итн.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
38
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16 ноември – 21 декември 2017 година (секој вторник во неделата) Стопанска комора на Македонија
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА
За кого е наменета обуката? Обуката е приспособена за вработените од бизнис-заедницата од различни сектори кои сакаат да ги развијат вештините за самодоверба, за тоа како во дадени ситуации правилно да реагираат, како да донесуваат правилни одлуки, да се справуваат во конфликтни ситуации, а при тоа да не се повреди вработениот или клиентот. Цел на тренинг обуката Преку изучување на клучните вештини и стратегии при импровизација, да ги подготви учесниците во комуникацијата со клиентите да создадат чувство на доверба и сигурност. Оваа обука ќе Ви помогне да станете свесни за емоциите кои Ве попречуваат на патот до ефективен однос со Вашиот клиент, а преку тоа да научите да управувате со моменти кои се непредвидливи во нашата динамична средина која брзо се менува. Да постигнете зголемена свесност за Вашиот стил на комуникација и да ги развиете односите кои се фокусирани на другите. Правилниот избор на зборови, позитивниот говор на телото, отворениот начин на размислување и совладување на одредени техники претставуваат основа за добра комуникација, а тоа доведува до зголемена продажба и позадоволни клиенти. Обучувач: м-р Катерина Наумовска-Ристовска, клинички психолог, сертифициран тренер по емоционална писменост од Психополис институтот од Белград, тренер и психолог - советувач во Центарот за едукација „Гравитрон“ – Скопје, со десетгодишно работно искуство како клинички психолог и петгодишно искуство како обучувач во работилници за емоционално описменување, обуки за комуникациски вештини, работилници за родители, обуки за соочување со стрес итн. Магистер по психолоши науки, магистрирано на тема: „Емоционална интелигенција“, со повеќе објавени трудови и повеќегодишно активно учество на многу европски конгреси и проекти на тема: „Емоционална интелигенција“. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
17.11 2017 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Еднодневен семинар на тема: OДГОВОРНОСТ НА УПРАВИТЕЛИ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Стопанската комора на Македонија, на 17.11.2017 година, организира еднодневен семинар
чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за трговски друштва и Законот за облигациони односи кои предвидуваат одговорност на управителите за надомест на штета. Исто така, ќе бидат опфатени и законските одредби кои предвидуваат одговорност на работодавецот за надомест на штета од повреда при работа на вработен и спрема трети лица со посебен осврт на надомест на штета од лекарска грешка.
На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби
кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки. Ова e особено поради се` поголемата зачестеност на тужби во последните години према управителите на правните лица, како и се` почестите тужби за надомест на штета поради лекарска грешка.
На семинарот ќе биде опфатена и анализа на законските прописи кои се однесуваат на мерките
за заштита кои треба да бидат преземени од страна на работодавците со цел да се превенира и да се спречи настанување на штета од повреда при работа во извршување на работните задачи на вработените, како и спрема трети лица особено во однос на одговорноста за надомест на штета од лекарска грешка.
Предавачи:
- Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје и
- Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
40
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
20.11.2017 (понеделник) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ
Ефективното решавање на рекламации/жалби на клиентите е еден од најважните аспекти за обезбедување одлична услуга за клиентите. Клиентите кои ја пласираат рекламацијата, овозможуваат организацијата да ги идентификува и да ги реши проблемите, да демонстрираат подобра услуга и да ги задржат лојалните клиенти. Целта на оваа обука претставува know-how за организациите, како и тоа како вработените успешно да се справат со жалбите на клиентите. На крајот на оваа обука, слушателите ќе можат рекламациите да ги гледаат како можности, да ги идентификуваат проблемите со кои се појавуваат жалби, ефикасно да се справат со жалбите и да ги задоволат клиентите кои се жалат. Успешното решавање на жалбите на клиентите често создава лојални клиенти. Речиси сите поплаки на клиентите се релевантни. Се проценува дека 95% од клиентите кои ги решаваат жалбите ќе ги задржат клиентите и ќе продолжат со успешна работа. Целна група: - продавачи во малопродажба и/или големопродажба, вработени во сектор/ процес поврзан со рекламации, вработените кои комуницираат со клиенти, менаџери кои се одговорни за решавање на жалбите/рекламации. Цели на обуката: - целта на обуката е вработените кои имаат директна комуникација со клиенти, да можат успешно да ги решаваат жалбите и да реализираат успешни рекламации. Обуката е комбинација од теорија, практични примери и различни сценарија во кои учесниците активно учествуваат. Жалбите на клиентите нудат можности за подобрување на производите и услугите, односно сите поплаки на клиентите треба да се сфатат сериозно. Исто така, поплаките на клиентите мора да бидат целосно разбрани. Следењето е од клучно значење за да се осигура дека клиентот е задоволен. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.11.2017 година (вторник) 09:00 – 16:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата –
Традиционалниот начин на продажба повеќе не функционира. Преку јакнење на вашите
продажни вештини и техники вие го јакнете и вашето знаење. Меѓутоа, вашите резултати не се повеќе поврзани само со знаењето за поставување на таргети, профилирање на нови контакти и отварање на нови можности. Знаењето не секогаш е доволно за имплементација и остварување на продажба. Тоа во најголем дел е поврзано со емоциите во процесот низ кој поминуваме и со кој се справуваме, т.е менаџираме во дадена ситуација.
Со зголемување на бројот на можности, клиентите се’ повеќе сакаат да бидат разбрани, да
бидат третирани со етика и внимание.
Затоа доколку сакате да дознаете повеќе за:
- Како полесно да ги препознаете доминантните емоции кај вас и другите во процесот на
продажба,
- Создавање на силни и долгорочни врски со вашите клиентите со цел зголемување на
профитабилноста на вашата компанија
бидете дел од еднодневниот семинар „Емпатична продажба“ кој Стопанската комора
на Македонија го организира на 21 ноември 2017 година. Предавач Петар Лазаров е продажен консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, извоз, автор и ко-сопственик на Македонија-Експорт. Со своето искуство во развој на македонски брендови и бизниси се издвојува како еден од ретките предавачи од трета генерација на обучувачи кои своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Петар е и дел од тимот за развој и продажба на брендовите МАМА’S - традиционални домашни рецепти кои се извезува во повеќе од 30 земји и TIP OF THE WEEK - прирачниците за личен и професионален развој кои се продадени во +12.000 примероци и покрај во Македонија, се издадени и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
42
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
23.11.2017 20.12.2017
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“
согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение бр.11-20103/2-14 од 09.01.2015 година
• Предавањата се распоредени во 11 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува на 23 ноември 2017 година и ќе се реализира со следната динамика: - Модул 1 – 23 и 24 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 2 – 28 и 29 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 3 и 4 – 4, 5 и 6 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 5 – 13 и 14 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 6 – 19 и 20 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;
• Број на учесници во група: 10 – 20 учесници.
• Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
23 - 26 ноември 2017 година Тирана, Р. Албанија
24. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА „24.Tirana International Fair“
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете
дел од 24. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 23 – 26 ноември 2017 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија.
Минатогодишниот 23. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од
најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска,Кина,Тајван, Америка, и др. беа посетени од повеќе од 20.000 посетители.
Како и изминатите, така и овогодинешниот саем е наменет за оние кои се занимаваат со:
• градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • бела техника; • ИТ; • прехрана;
• земјоделие; • текстил и мода; • туризам; • образование; • банкарство; • маркетинг и др.
Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават
за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 13 октомври 2017 година (петок).
Сите заинтересирани компании за подетални информации во врска посета и учеството на
настанот, можат да контактираат со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
44
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
28 ноември 2017 година Стопанска комора на Австрија, Виена
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“
Стопанската комора на Австрија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија и оваа година организираат деловни средби на австриски фирми од индустрискиот сектор машински и фабрички инженеринг со производители и увозници од целиот свет. Конференцијата и деловните средби во Виена се одлична можност компании од целиот свет да се запознаат со потенцијални добавувачи, клиенти и деловни партнери. За таа цел, Ве покануваме на овој настан, со цел: • да се сретнете со потенцијални клиенти и добавувачи; • да дознаете повеќе за најновите индустриски трендови; • да ја проширите Вашата мрежа и да пронајдете нови деловни партнери; • да стекнете знаења за нови пазари; • да презентирате нови проекти; • да иницирате меѓународни контакти и деловни партнерства; • да се запознаете со најновите австриски технологии и know-how. Настанот ќе се одржи на 28 ноември 2017 година (вторник), во Стопанската комора на Австрија во Виена. На следниов линк https://www.b2match.eu/machinery2017/participants можат да се видат сите фирми кои се пријавени досега, како и програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот. Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистрираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/machinery2017/ sign_up . Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28 - 29.11.2017 година(вторник-среда) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ
(АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ)
Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат
на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите.
Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на:
• Деловен асистент - Одговорности и овластувања и клучни функции;
• Комуникациски вештини на деловниот асистент;
•
Управување (чување и складирање) на документацијата во својата канцеларија и во
канцеларијата на врвното раководство;
• Креирање дописи за потребите на компанијата пред проверката од врвното раководство.
Протокот на документи претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на
реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација.
Усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на
останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење е согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги .
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
46
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
30.11.2017 година (четврток) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТАПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката e наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните и другите сектори на правните лица кои се занимаат со градежништво, заради запознавање со основните и најбитните прашања поврзани со градбата, со посебен акцент на договорот за градење, неговото законско регулирање и практичните прашања, како и судските спорови во оваа област, кои се однесуваат на овој договор и на сите клучни аспекти повразани со градењето. ПРЕДАВАЧИ: - Маринела Јакасановска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, предавач во примарна и континуирана обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје; - м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат, магистер на тема од областа на договорното право, со особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. М-р Ристеска Тутуновска има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа. Искуството во решавањето на правните проблеми на клиентите, како физички, така и правни лица, пред сите органи со јавни овластувања, државни органи и судовите на целата територија на Р. Македонија ја прават квалитетен и добар познавач на правото и изнаоѓањето правни решенија кои се клучни за успешното работење на компаниите. Еден период таа беше колумнист во списанието „HR“ - за човекови ресури, каде што главни теми на текстовите беа токму работните односи и едукација на сите сектори во правните субјекти за законските норми во овој дел. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
47
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ https://ecobuild2018.b2match.io/
Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Деловните средби обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги од меѓународниот пазар, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа со: архитекти, изведувачи, дистрибутери, агенти, трговци, градители, истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија.
Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.
Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година. Контакт лице од ЕЕН Велика Британија Valerie Pondaven University of Greenwich Enterprise Europe Network Tel: +44(0)7468694606 v.pondaven@greenwich.ac.uk
48
БИЗНИС ИНФО
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042035
Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134
Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги. UA00000041975
Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095
Украина Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар. UA00000041963
Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно
Украина Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
БИЗНИС ИНФО
49
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000041950 Украина Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно. UA00000041951 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947
Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000037834
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1432
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Кина Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041923
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
50
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 10 ноември 2017, Бр. 328
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088