Бизнис ИНФО, број 329

Page 1

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

Број 329

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

17.11.2017

ПЕРСПЕКТИВИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АВСТРИЈА


2 2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ПЕРСПЕКТИВИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АВСТРИЈА Стопанската комора на Македонија континуирано развива активности во насока на отворање нови можности за соработка на македонските компании со цел унапредување на можностите за извоз на македонски производи на европските и на светските пазари. -Мала економија, како што е македонската, ќе има одржлив раст и развој доколку нејзината потрошувачка и инвестициите навистина се развиваат заедно со растот на трговскиот сектор, а со тоа и на извозот, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата (13.11.2017 година). Една од клучните европски економии за соработка со македонските компании е Австрија. Република Македонија и Република Австрија на билатерално ниво имаат извонредни односи, иако на економски план се` уште претстои можност за унапредување на соработката.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Како предизвик за натамошни активности за поттикнување на соработката говорат и податоците за трговската размена, што не се охрабрувачки во моментот, но има простор за унапредување. Во првите 9 месеци од 2017 година евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 54,3 милиони САД $, Австрија е 18-ти трговски партнер на Македонија, додека во 2016 година била 16-ти трговски партнер. Вкупната трговска размена во првите девет месеци од 2017 година изнесува 139,5 милиони САД $, што претставува зголемување од 5% споредено со истиот период од 2016 година. Извозот изнесува 42,6 милиони САД $, што претставува зголемување од 30%, додека увозното салдо изнесува 96,9 милиони САД $ и бележи намалување од 9% во споредба со истиот период од 2016 година. Вкупната трговска размена во периодот јануари - декември за 2016 година изнесува 174 милиони САД $, што претставува пад од 0,9% споредено со истиот период минатата година. Извозот изнесува 43 милиони САД $, што претставува зголемување од 6,2%, додека увозното салдо изнесува 131,3 милиони САД $ и бележи намалување од 3,1% во споредба со истиот период од 2015 година. За 2016 година евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 88,2 милиони САД $. Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби. Оваа посета, како и претходните посети на австриските бизнисмени во Република Македонија, е одговор на интересот за соработка што бизнисмените од двете страни го иницираат, а коморите ги поддржуваат. Соработката меѓу двете стопански комори резултира со успешно реализирани повеќе бизнис форуми на македонски и австриски компании, во области кои се од интерес за двете страни. Целта е овие средби меѓу претставниците на двете бизнис асоцијации да дадат конкретни резултати, и да се поттикне меѓусебната соработка. Значајно за македонските компании е тоа што во рамките на соработката со австриските компании можат да го унапредат своето производство со нови технологии, знаење (know how) и отворање можности за заеднички настап на нови трети пазари. Јадранка Аризанковска


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

5

БИЗНИС ФОРУМ

Бизнис-средби на македонски и австриски компании - НАБАВКА НА ТЕХНОЛОГИИ ЗА СОЗДАВАЊЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ АТРАКТИВНИ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ Во организација на Стопанската комора на Австрија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, реномирани австриски компании остварија деловни средби со македонски компании од различни области, и тоа од областа на енергетиката и услуги во областа на складирањето

енергија, производство на бетонски постројки и транспортери за бетон, добавувачи на системи за преработка и пренесување на минерални суровини до системи за заштита од громови, системи за заштита од пренапојување, како и системи за заземјување. На настанот претставниците на австриските компании имаа можност да остварат средби со претставници од над 45 македонски компании. Ерика Теоман-Бренер, трговско аташе при Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Белград задолжена за Македонија, ги поздрави присутните и се заблагодари на големиот одзив и заинтересираноста за соработка меѓу компаниите од двете земји, со надеж дека долгогодишната соработка меѓу двете комори и во иднина ќе продолжи со позитивни разултати како и до сега.


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ФОРУМ

Стопанската комора на Македонија континуирано развива активности во насока на отворање нови можности за соработка на македонските компании со цел унапредување на можностите за извоз на македонски производи на европските и на светските пазари. Мала економија, како што е македонската, ќе има одржлив раст и развој доколку нејзината потрошувачка и инвестициите навистина се развиваат заедно со растот на трговскиот сектор, а со тоа и на извозот, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија. Една од клучните европски економии за соработка со македонските компании е Австрија. Република Македонија и Република Австрија на билатерално ниво имаат извонредни односи, иако на економски план се` уште претстои можност за унапредување на соработката. Интересот на македонските компании од енергетскиот, машинскиот и трговскиот сектор, како едни од битните сектори во Република Македонија, за средби со австриските компании покажа дека тие сериозно размислуваат за нови инвестиции и создавање нови производи кои ќе бидат атрактивни за европските пазари. Зголемувањето на извозот од македонска страна, пред се`, со производи кои имаат додадена вредност и квалитет кој е стандардизиран по барањата на европските купувачи е предизвик со кој се соочуваат македонските компании и овие и слични средби треба да придонесат за отворање нови можности за соработка со компании од европските земји. Како предизвик за натамошни активности за поттикнување на соработката говорат и податоците за трговската размена, што не се охрабрувачки во моментот, но има простор за унапредување.


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

7

БИЗНИС ФОРУМ

Во првите 9 месеци од 2017 година евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 54,3 милиони САД $, Австрија е 18-ти трговски партнер на Македонија, додека во 2016 година била 16-ти трговски партнер. Вкупната трговска размена во првите девет месеци од 2017 година изнесува 139,5 милиони САД $, што претставува зголемување од 5% споредено со истиот период од 2016 година. Извозот изнесува 42,6 милиони САД $, што претставува зголемување од 30%, додека увозното салдо изнесува 96,9 милиони САД $ и бележи намалување од 9% во споредба со истиот период од 2016 година. Оваа посета, како и претходните посети на австриските бизнисмени во Република Македонија, е одговор на интересот за соработка што бизнисмените од двете страни го иницираат, а коморите ги поддржуваат. Соработката меѓу двете стопански комори резултира со успешно реализирани повеќе бизнис форуми на македонски и на австриски компании, во области кои се од интерес за двете страни. Целта е овие средби меѓу претставниците на двете бизнис асоцијации да дадат конкретни резултати, и да се поттикне меѓусебната соработка. М-р Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

UNDP

ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРОГРАМИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ОТВОРАЊЕ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА - КОМПОНЕНТИ ДИЗАЈНИРАНИ ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, УНДП и Агенцијата за вработување на Република Македонија, во Стопанската комора на Македонија (14.11.2017 година) се одржа презентација на можностите за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите дизајнирани за бизнис секторот, во рамките на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување. „Еден од проблемите што го идентификувавме во текот на изминатите години, а којшто економските субјекти го потенцираат, е проблемот со недостиг на квалификувана работна сила и нејзиното бавно адаптирање на работните задачи и процеси. Во бројните средби и спроведени анкети, идентификувано е дека недостасуваат определени образовни профили, недостасуваат практично искуство и определени вештини и компетенции кај лицата кои бараат да влезат во работен процес. Верувам дека оваа програма ќе придонесе за подобрување на состојбата на пазарот на трудот, а Стопанската комора на Македонија со своите регионални канцеларии низ Република Македонија останува да биде поддршка на компаниите на ваквите иницијативи на национално и на регионално ниво“, - истакна м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека мерките се однесуваат на унапредување на можностите за работа во мали и средни претпријатија и купување опрема, како и поддршка за вработување млади лица до 29 години. Многу е важно овие мерки да бидат промовирани директно пред стопанствениците зашто само така можеме да оствариме комуникација и да видиме дали тие имаат одредени задршки за да аплицираат за нив. Постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон смета дека оваа средба


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

9

UNDP

е важна за да се разменат мислења за тоа како да се надмине предизвикот со недостиг на квалификувана сила која бизнис секторот не може да ја обезбеди за да ја изврши својата работа, во услови на, како што рече, висока невработеност во земјата. Пред присутните беше презентирана Програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија преку компонентата за финансиска и советодавна поддршка за раст, како и мерката Обука за задоволување на локалните потреби од квалификувана работна сила. Во зависност од мерката можност да аплицираат имаат микро, малите, средни, како и големите компании. Стопанската комора на Македонија преку своите регионални канцеларии претставува поддршка на заинтересираните компании да ги искористат бенефитите од презентираните мерки. м-р Борис Тримчев


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

РАБОТНА ПОСЕТА

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ИНСТИТУТ ЗА БЛИСКОИСТОЧНИ И БАЛКАНСКИ СТУДИИ (ИФИМЕС) Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, на 15.11.2017 година оствари работна посета на Меѓународниот Институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) во Љубљана, а притоа реализираше средба со директорите на Институтот ИФИМЕС, господинот Бахатјар Аљаф и доц. д-р с.ц. Зијад Беќировиќ. На работната средба се разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток и на Балканот, со посебен осврт на економската соработка. Претседателот Азески ја изрази намерата на Стопанската комора на Македонија за развивање на економската соработка со државите од Блискиот Исток и за меѓусебно економско поврзување на двата региона. При тоа, беше истакнато дека од особена важност е да бидат направени соодветни подготовки за настап на македонските компании на пазарите на Блискиот Исток. Директорот на ИФИМЕС, господинот Аљаф го информираше претседателот Азески дека Институтот ИФИМЕС со своите капацитети и мрежата во тој дел на светот ќе им овозможи на македонските стопанственици да користат логистичка база и ќе им овозможи презентација за настап на пазарите во Ирак, Кувајт, Катар и Оман.


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

11

РАБОТНА ПОСЕТА На крајот на работната средба беше договорено на Годишната конференција, којашто Стопанската комора на Македонија ќе ја организира на 16 февруари 2018 година, да биде направена јавна презентација на овој значаен проект, кој ќе придонесе за подобрување на извозните можности на македонските компании и на целото македонско стопанство на пазарите во земјите од Блискиот Исток. Исто така, беше договорено во текот на месец март 2018 година македонска бизнис делегација да реализира посета во наведените земји, а притоа ќе бидат поставени темелите за идната соработка. д-р Татјана Штерјова


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ПРОЕКТИ

РАБОТНА СРЕДБА НА ТЕМА: ПРОФЕСИОНАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ (ПРОЕКТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА) Во организација на Стопанската комора на Македонија, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ, на 15 ноември 2017 година се одржа работна средба на тема: „Професионална рехабилитација на лицата со инвалидност“, како дел од активностите на Проектот на Министерството за труд и социјална политика „Унапредување на услугите за социјална инклузија“ финансиран од Eвропската унија, од ИПА-инструментот за претпристапна помош, во рамките на Оперативната програма за развој на човечки ресурси. На средбата се обрати оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија м-р Елена Милевска Штрбевска, која нагласи дека преку Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“, се реализирани успешни активности кои би требало да продолжат и понатаму, и во соработка со Министерството и надлежните институции, да придонесат за негова одржливост, со цел успешно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси во компаниите. Министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска изрази силна подготвеност за соодветно искористување на расположливите средства на институциите наменети за професионална рехабилитација на лицата со хендикеп, на начин што ќе овозможи бенефит како за овие лица, така и за бизнис-секторот кој треба успешно да ги вклучи во процесот на работа. На средбата се дискутираше како да се зајакнат капацитетите, вештините и знаењата на професионалците кои се одговорни за поддршка на професионалната рехабилитација и социјална инклузија на лицата со попреченост. Притоа, претставниците од бизнис-секторот ги изнесоа и проблемите со кои се соочуваат во текот на работата, поврзани со вклучувањето на лицата со хендикеп во работните процеси, како што се практичните проблеми поврзани со изедначувањето на термините здравствена и работна попреченост, начинот на работа на комисиите при Фондот за пензиско и


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

13

ПРОЕКТИ

инвалидско осигурување и потребата од задолжително вклучување на мислење и учество на работодавачите во тој процес, заради поефикасна инклузија на лицата со попреченост, проблемите поврзани со евентуална повреда при работа на лицата со хендикеп. Работодавачите ги посочија како проблематични и обврските од Законот за безбедност и здравје при работа и оценките за способност за работа согласно задолжителните здравствни прегледи, кои создаваат проблеми во практичната примена на овој закон, особено за лицата со хендикеп, кои имаат определени видови попреченост, а се во можност да работат определени работи, но поради оценките за работната способност, работодавачите немаат голем избор во можноста за нивно ефикасно вклучување во процесот на работата. Бизнис заедницата укажа и на потребата надлежнисте институции да определат критериуми и стандарди околу тоа за кои занимања се прифатливи определени видови и степени на попреченост, за да можат компаниите да имаат предвид кои лица со попреченост што и какви работни задачи би можеле да работат, за да овозможат нивно вклучување во работните процеси на задоволство и на работодавачот и на самите лица со хендикеп. м-р Ивана Крстевска м-р Елена М. Штрбевска


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална конференција во Битола „Шанса за сите“ - ПРЕЗЕНТИРАН ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Во организација на Регионалната комора со седиште во Битола, во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ, Агенцијата за вработување на РМ, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 13.11.2017 година, во Битола се одржа Регионална конференција за промоција на Програмата „Шанса за сите“, во рамките на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување во 2017 година. Станува збор за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите дизајнирани за бизнис секторот, насочена кон претпријатијата кои можат да добијат до 615.000 денари неповратна помош. Мерката беше презентирана


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ пред бизнис заедницата и граѓанскиот сектор во регионот. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски истакна дека целта на стопанството е да се мотивираат младите да се вработуваат во микро и мали претпријатија. Тој потенцираше дека ваквите информативни средби ги содржат сите информации кои ги презентираат компаниите и тие се од корист на младите луѓе, дотолку повеќе што досега дел од мерките не беа искористени и истакна очекување, мерките што сега ги нуди новата Влада да помогнат во стимулирање на компаниите, нивна поголема конкурентност, а со самото тоа и можност за вработување на младите. Тој уште еднаш ги нагласи заложбата и поддршката на Стопанската комора на Македонија за што поскоро имплементирање на дуалното образование во наставниот процес за вкупен економски општествен бенефит. Од страна на Агенцијата за вработување на РМ, директорката на Центарот за вработување во Битола, Јешим Сејфуловска посочи дека имплементацијата на Оперативната програма содржи најразлични активни мерки, вклучувајќи субвенционирано вработување и други различни обуки за мирко, мали и средни претпријатија. Таа нагласи дека Оперативната програма нуди најразлични мерки за вработување, услуги за невработени лица и програми за усовршување и затоа треба да се искористи оваа поволност и можност. Во име на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), пред присутните говореше Сузана Ахмети-Јањиќ, која истакна дека намалувањето на високата стапка на невработеност во земјата е огромен предизвик и главен приоритет. Одржливиот развој на земјата зависи од успехот во создавање нови работни места и развој на вештини меѓу невработените кои се совпаѓаат со потребите на пазарот на трудот. Оваа програма е развиена и имплементирана од страна на Владата на РМ и УНДП. Таа стана суштински дел од стратегијата за вработување на земјата и е една од активните мерки на пазарот на трудот на националниот Оперативен план за вработување. Овие мерки се дизајнирани да промовираат паметен, одржлив и социјално инклузивен раст. На средбата околу 100-тина присутни стопанственици имаа можност да ги слушнат објаснувањата од тимот вклучен во реализацијата на бизнис мерките, но и да разменат искуства и идни планови поврзани со развојот на приватниот сектор во државата. м-р Никола Димковски


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Штип ОДРЖАН СЕМИНАР НА ТЕМА: НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ На 10.11.2017 година, во организација на Регионалната комора со седиште во Штип, беше одржан семинарот: Најновите измени на Законот за архивски материјал („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 41/14, 72/15, 148/15, 169/15 и 172/15), со практични примери при архивирањето на списите кои произлегуваат од тековното работење. Учесниците на семинарот од регионот покажаа голем интерес за следење на обврските кои настануваат со Законот за архивско работење. За таа цел, се запознаа со конкретни примери кои ќе им послужат во натамошното постапување со архивскиот материјал.


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Предавач на семинарот беше м-р Валентина Тодоровска, со долгогодишно работно искуство во делот на архивирањето и архивското работење, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент. Учесниците на семинарот се запознаа и со новото Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење. Посебно се разработија сите прашања кои се предмет на ова Упатство, а се од практично значење за неговата примена во канцелариското и архивското работење. Исто така, се презентираа најновите предлог-измени и дополнувања на Законот за архивски материјал по однос на Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување, Чување и заштита на архивскиот и документарен материјал: чување и заштита на конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал; простор, опрема и услови за чување на архивски и документарен материјал. Регионалната комора со седиште во Штип и понатаму им стои на располагање на компаниите за организирање вакви и слични семинари и работилници, со цел навремено добивање на потребните информации за сите законски измени и дополнувања. Моника Стоичева


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

АРГУМЕНТИРАНИ ПРЕДЛОЗИ, МИСЛЕЊА И ЗАБЕЛЕШКИ ЗА НОВИОТ ТЕКСТ НА ПРЕДЛОГОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ На 15.11.2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа седница на Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што се расправаше за многу значајни теми за ИКТ-секторот и за целото стопанство. Членките на Здружението го анализираа текстот на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од Министерството за информатичко општество и администрација. Присутните ги прифатија заложбите за имплементирање на европските директиви за оваа област и општите начела и принципи за транспарентност, отвореност, промоцијата и поддршката на слободата на медиумите и слободата на изразување. -Но, овозможувањето на владеењето и примената на економските, пазарните начела и законитости во работењето на македонските компании во областа на давањето на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, е од суштинско значење за членките. Со тоа ќе се овозможи посилна конкуренција, постигнување фер цени и поквалитетни услуги за граѓаните, истакна г-дин Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии. За постигнување на подобри резултати и примена на новите законски решенија, важно е да се обезбеди и учество на претставници од бизнис заедницата, во одделните работни групи, тела и совети во регулаторните комисии и агенции од секторот. Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија ќе ги достави до Министерството за информатичко општество и администрација сите аргументирани предлози, мислења и забелешки за новиот текст на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а ќе учествува и на сите дискусии и јавни дебати, со цел, донесување квалитетни законски решенија од интерес за компаниите и за граѓаните. Присутните дадоа многу позитивна оценка за најавениот Дигитален самит за земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи во првата половина на 2018 година во


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Република Македонија, како дел од „Берлинскиот процес“. Нагласено беше дека е неопходно максимално да се искористи можноста ИКТ-секторот да ги презентира досегашните достигнувања и да ја унапреди соработката со ИКТ-компаниите од земјите од регионот и од целиот свет. Темите од предложениот концепт за настанот, како дигиталното стопанство и дигиталните вештини, се двигатели на развојот на современите стопанства. - Република Македонија треба да работи на тоа, земјата да стане извозник на идеи и на ИКТ-услуги, а не извозник на мозоци и младите стручни кадри да не се иселуваат масовно од нашата земја, истакна Антони Пешев. Едукацијата е темел на секое општество, а со тоа и на стопанството, укажа Герасим Ванчев, зборувајќи за значењето на дигиталните вештини, од најавената тема за Дигиталниот самит. Тој го истакна значењето на едукацијата на ИКТ-кадарот, како и на нивното сертифицирање. Членките на Здружението активно ќе учествуват во натамошното концепирање и реализацијата на бизнис содржините на Дигиталниот самит. Заокружувајќи го дневниот ред со значајните точки за расправа на седницата, присутните се заложија за нивно активно учество во работните групи, за изработка и донесување на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија. Само со реализација на вакви планови, компаниите од ИКТ-секторот и целото македонско стопанство ќе може да фати приклучок со современите светски техничко-технолошки достигнувања и да се бори во силна конкуренција на меѓународниот пазар. Лазо Ангелевски


20

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

СОРАБОТКА НА КОМПАНИИ ОД РЕГИОНАЛНИТЕ КОМОРИ СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО И ВО ВЕЛЕС Компании од регионалните комори со седиште во Кичево и во Велес на 10.11.2017 година остварија работна средба во Регионалната комора со седиште во Кичево, а реализираа и заедничка посета на компании во кичевскиот регион. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески од РЕК „Осломеј“ – Кичево, се сретна со Димче Панов од „ИНСА ВОДАИНЖИНЕРИНГ“ Увоз-извоз од Велес, а средбата беше резултат на претходните реализирани заеднички активности и бизнис средби кои придонесоа соработката да продолжи со директни работни средби. Компанијата „ИНСА-ВОДАИНЖИНЕРИНГ“ ДООЕЛ - Велес e застапник на „АД ИНСА“ – индустрија за водомерни саати од Белград, баждарни уреди, како и услуга - сервис на водомери и други мерачи, како и генерален застапник на „АКВА интерма“ реномирана


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

21

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ компанија од Р. Србија за опрема за хлорирање и третман на вода. Компанијата успешно ја имплементира целата програма во своето работење. На средбата се истакна потребата од поддршка на домашните компании, подобра инфраструктура за меѓусебно поврзување, како подобро поврзување со блиските региони во и надвор од државата. Воедно, беа посетени повеќе членки од кичевскиот регион, меѓу кои фирмата „Тими ком“, чија дејност е трговија на мало со градежни материјали, којашто на пазарот постои од 1997 година и се занимава со трговија на железарија, електроопрема, материјали за водоводна и канализациона инсталација, завртки и навртки и друго. Беше посетена и фирмата „Вејселовски“ која е нова потенцијална членка и работи со трговија на мало и др. При посетите исто така се разговараше за потребата од заедничка поддршка и соработка на компаниите и регионалните комори во настапот на домашните и на странските пазари, беа разгледани начини на можна соработка, како и размена на искуства за проблеми со кои се соочуваат и барање решенија за подобро работење на компаниите. Дијана Лазороска Јованоска Ирена Жарова


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ИЗБРАН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија на 16.11.2017 година одржа седница на која се донесе Одлука за изменување и дополнување на Правилата за организацијата и начинот на работа на МЕА и се избра нов претседател на МЕА. За нов претседател на Македонската енергетска асоцијација е избран Димитар Кочоски, советник на генералниот директор на „ТЕ-ТО“. На истата седница, МЕА го предложи Благојче Трповски, директор на производство во „ЕЛЕМ“ за член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Заменик-претседател на МЕА, договорено е да се избере на наредната седница на МЕА. Во работниот дел, претседателот Кочоски направи презентација со која ги истакна проблемите во енергетските системи во Македонија, како и можноста за нивно надминување. Тој истакна дека слабостите во електроенергетскиот систем се: • ниската искористеност на производните постројки, како и • високите фиксни трошоци кои ја поскапуваат цената на произведената електрична енергија. Можни решенија за подобрување на ниската искористеност на производните постројки се: • удвојување на производството на електричната енергија во термоенергетските постројки, со што ќе се добие конкурентна енергија на домашниот пазар, достапна за домашните потрошувачи;


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

23

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

• достапноста на домашното производство не е само важна од ценовен аспект, туку и од аспект на стабилност на цените и предвидливост на трошоците за потрошувачите. Главен проблем на електроенергетскиот систем е неефикасното користење на електричната енергија во енергетско-неефикасните процеси, како што се загревање на простории и објекти и подготовка на санитарна топла вода. Решението за сите овие проблеми е намалување на потрошувачката на електричната енергија во зимскиот период, преку намалување на потрошувачката на електрична енергија за загревање на објекти и подготовка на санитарна топла вода. За реализација на решенијата потребна е комбинација на законодавни мерки, коишто обврзуваат и економскоценовни политики коишто мотивираат. Мерките треба да бидат засновани на детални научни техно-економски анализи, после што ќе се направи листа на приоритети и веднаш да се започне со оние мерки кои најмалку чинат, а носат најголема корист. Кај системот за пренос на природен гас , претседателот Кочоски истакна дека постојат главно три типа на недостатоци: • мала искористеност на системот за пренос на природен гас; • непостоење на редундантност на системот и конкуренција во снабдувањето со природен гас и • непостоење на регулатива за приклучување на потрошувачи на природен гас. Можни решенија за надминување на овие недостатоци се:


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ • промена на моделот за определување на тарифата за пренос и управување со системот за пренос на природен гас, со прогресивно тарифирање, односно потрошувачите што трошат повеќе ќе плаќаат помала тарифа и, обратно; • промена на моделот на тарифирање, во којшто трошоците за пренос на природен гас ќе се намалат во краткорочна и среднорочна перспектива, а за сметка на тоа ќе се зголемат во долгорочна перспектива, со цел да се даде почетен стимул во потрошувачката на природен гас; • планирање на грејната структура во урбаните средини, со законски и економски мерки, за стимулација на употребата на централното греење и природниот гас во загревањето на објектите; • изградба на интерконекторска врска со Република Грција, што е во согласност со Студијата за гасификација на Република Македонија. Овој објект би дал можност за пристап кон други снабдувачи со природен гас, како што се азербејџанскиот гас, којшто ќе биде достапен на гасоводот „ТАП“ (Trans Adriatic Pipeline), кон гасоводниот систем на Република Грција, а со тоа и кон „LNG“-терминалите во регионот и ќе се обезбеди технички редундантна врска кон гасоводот на Република Грција; • промена на моделот на договорите за снабдување со природен гас, со разделување на поврзаноста од цените на нафтата. Истото претставува глобално европско прашање; • потребно е да се донесе соодветна регулатива за приклучување кон системот за природен гас на мали потрошувачи преку дистрибутивни мрежи. Да се предвидат лиценци за оператори на дистрибутивни системи и да се утврди тарифна политика. Постојните системи за централно греење се одликуваат со нецелосна искористеност на основните средства, што доведува до релативно високи специфични фиксни трошоци по произведен и испорачан MWh до потрошувачите. За надминување на овој недостаток, потребна е поголема искористеност на капацитетите, а за да се случи тоа треба да се направи регулатива која ќе стимулира нови приклучоци, со што ќе се зголеми искористеноста на капацитетите. Македонската енергетска асоцијација ќе работи на решавање на проблемите во енергетскиот сектор, со една цел - поголема конкурентност на индустријта и поевтина енергија. Перо Авакумовски


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

е

јт

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

а ач ар

FS 549642

25

Н

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ПРЕНЕСЕНО

НА СОБИРОТ ВО ЛОНДОН НА ИТ ЕВРОПА – НАГРАДИ ЗА СОФТВЕР И ОДЛИЧЕН КВАЛИТЕТ Сорсикс Интернационал, амбициозната австралиско-македонска компанија за современи технологии, ја доби наградата за најиновативно и најдобро искористено владино/институционално решение на годината, за производот наречен Пинга. Водечките Пан-европски Награди за провајдери на решенија и систем интегрирачки компании и нивните партнери и дистрибутери се собраа неодамна во Лондон за да ги оценат и да им оддадат признание на најдобрите во 2017 година. Во конкуренција на десеттина ИТ компании за инженеринг на податоци и иновативност од Европа, производот на Сорсикс беше оценет како најдобар и со ова застана рамо до рамо со врвните во индустријата.


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

27

ПРЕНЕСЕНО

Платформата Пинга, е развиена како поддршка на интегрираниот јавен здравствен систем во Македонија и Србија и доведе до фантастично подобрување на перформансите на споменатите системи – нешто што беше признато и посебно истакнато од Европскиот потрошувачки извештај за оваа година. Станува збор за познатите Мој Термин и Мој Доктор кои привлекоа многу големо внимание. „Квалитетот оваа година беше уште поголем од минатите години и е само потврда на нашиот став дека Европа влезе во нова ера на ИТ самодоверба“, рече Џон Гарат, главниот уредник на ИТ Европа и претседател на жирито. „Останува на нас како индустрија да ги земеме овие идеи и да ги презентираме на пазарите, да им ги покажеме на медиумите, на политичарите и владите, за да видат дека нашата индустрија не е само „безбедносни закани“, туку редовно испорачува фантастични производи кои им се од корист на обичните бизниси и на обичните луѓе. Примајќи ја наградата на свеченоста во Ројал Гарден хотелот во Лондон, Далибор Фртуниќ, еден од челните луѓе на компанијата, им се заблагодари на европските колеги за ова признание: „Посебна чест и задоволство е кога се добива награда токму од своите колеги, зашто тие се во одлична позиција да знаат што значи системот Пинга и какви резултати постигна во релативно кусо време. Оттаму, ова признание има уште поголемо значење за нас и ќе биде поттик за понатамошен развој“. Далибор Фртуниќ, кој заедно со Драган Шахпаски, Глигор Ѓозев и Том Фртуниќ ја формираа Сорсикс која има седиште и во Скопје, рече дека наградата е всушност заслуга на целиот тим кој со ентузијазам, многу умешност и позитивна енергија ја разви платформата од идеја до практична имплеметација. Составен дел од проектот беа и бројните обуки и континуираната поддршка за партнерите и корисниците. Сорсикс интернационал успеа да ги привлече најдобрите таленирани, амбициозни и иновативни кадри во индустријата и тоа е една од главните причини зошто оваа компанија има брз развој. Нејзините системи и решенија веќе се бараат во Ирска, Индија, Балтичките земји. Во портфолиото на компанијата sorsix.com, покрај здравството, стојат и производите од областа на образованието, финасиите, автопатишта и трговија.


28

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Превезени патници со автобуси, трето тримесечје, 2017 година Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 3.7%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6.8%, во приградскиот превоз за 3.5%, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 11.7%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 12.6%. Во однос на второто тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 19.1%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 15.6%, во приградскиот превоз за 28.7%, во меѓуградскиот превоз за 4.4%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 33.2%. Во третото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е зголемен за 1.6%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1.7%, во приградскиот превоз е намален за 7.6%, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 5.2%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 4.6%. Во однос на второто тримесечје од 2017 година, вкупниот број на патничките километри е намален за 17.3%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 44.4%, во приградскиот превоз за 40.0%, во меѓуградскиот превоз за 2.5%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 19.8%. Извор: www.stat.gov.mk


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

29

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство, јануари – септември 2017 година Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 303 553 илјади денари, што е за 16.6% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1 237 687 илјади денари, што е за 38.8% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија. Вредносните податоци за периодот јануари – септември 2017/2016 година се дадени врз база на паритетот 1 американски (САД) долар = 58.3258 денари. Извор: www.stat.gov.mk


30

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

31


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20.11.2017 (понеделник) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

Ефективното решавање на рекламации/жалби на клиентите е еден од најважните аспекти за обезбедување одлична услуга за клиентите. Клиентите кои ја пласираат рекламацијата, овозможуваат организацијата да ги идентификува и да ги реши проблемите, да демонстрираат подобра услуга и да ги задржат лојалните клиенти. Целта на оваа обука претставува know-how за организациите, како и тоа како вработените успешно да се справат со жалбите на клиентите. На крајот на оваа обука, слушателите ќе можат рекламациите да ги гледаат како можности, да ги идентификуваат проблемите со кои се појавуваат жалби, ефикасно да се справат со жалбите и да ги задоволат клиентите кои се жалат. Успешното решавање на жалбите на клиентите често создава лојални клиенти. Речиси сите поплаки на клиентите се релевантни. Се проценува дека 95% од клиентите кои ги решаваат жалбите ќе ги задржат клиентите и ќе продолжат со успешна работа. Целна група: - продавачи во малопродажба и/или големопродажба, вработени во сектор/ процес поврзан со рекламации, вработените кои комуницираат со клиенти, менаџери кои се одговорни за решавање на жалбите/рекламации. Цели на обуката: - целта на обуката е вработените кои имаат директна комуникација со клиенти, да можат успешно да ги решаваат жалбите и да реализираат успешни рекламации. Обуката е комбинација од теорија, практични примери и различни сценарија во кои учесниците активно учествуваат. Жалбите на клиентите нудат можности за подобрување на производите и услугите, односно сите поплаки на клиентите треба да се сфатат сериозно. Исто така, поплаките на клиентите мора да бидат целосно разбрани. Следењето е од клучно значење за да се осигура дека клиентот е задоволен. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21.11.2017 година (вторник) 09:00 – 16:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата –

Традиционалниот начин на продажба повеќе не функционира. Преку јакнење на вашите

продажни вештини и техники вие го јакнете и вашето знаење. Меѓутоа, вашите резултати не се повеќе поврзани само со знаењето за поставување на таргети, профилирање на нови контакти и отварање на нови можности. Знаењето не секогаш е доволно за имплементација и остварување на продажба. Тоа во најголем дел е поврзано со емоциите во процесот низ кој поминуваме и со кој се справуваме, т.е менаџираме во дадена ситуација.

Со зголемување на бројот на можности, клиентите се’ повеќе сакаат да бидат разбрани, да

бидат третирани со етика и внимание.

Затоа доколку сакате да дознаете повеќе за:

- Како полесно да ги препознаете доминантните емоции кај вас и другите во процесот на

продажба,

- Создавање на силни и долгорочни врски со вашите клиентите со цел зголемување на

профитабилноста на вашата компанија

бидете дел од еднодневниот семинар „Емпатична продажба“ кој Стопанската комора

на Македонија го организира на 21 ноември 2017 година. Предавач Петар Лазаров е продажен консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, извоз, автор и ко-сопственик на Македонија-Експорт. Со своето искуство во развој на македонски брендови и бизниси се издвојува како еден од ретките предавачи од трета генерација на обучувачи кои своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Петар е и дел од тимот за развој и продажба на брендовите МАМА’S - традиционални домашни рецепти кои се извезува во повеќе од 30 земји и TIP OF THE WEEK - прирачниците за личен и професионален развој кои се продадени во +12.000 примероци и покрај во Македонија, се издадени и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23.11.2017 20.12.2017

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение бр.11-20103/2-14 од 09.01.2015 година

• Предавањата се распоредени во 11 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува на 23 ноември 2017 година и ќе се реализира со следната динамика: - Модул 1 – 23 и 24 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 2 – 28 и 29 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 3 и 4 – 4, 5 и 6 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 5 – 13 и 14 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 6 – 19 и 20 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;

• Број на учесници во група: 10 – 20 учесници.

• Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23 - 26 ноември 2017 година Тирана, Р. Албанија

24. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА „24.Tirana International Fair“

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете

дел од 24. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 23 – 26 ноември 2017 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија.

Минатогодишниот 23. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од

најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска,Кина,Тајван, Америка, и др. беа посетени од повеќе од 20.000 посетители.

Како и изминатите, така и овогодинешниот саем е наменет за оние кои се занимаваат со:

• градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • бела техника; • ИТ; • прехрана;

• земјоделие; • текстил и мода; • туризам; • образование; • банкарство; • маркетинг и др.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават

за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 13 октомври 2017 година (петок).

Сите заинтересирани компании за подетални информации во врска посета и учеството на

настанот, можат да контактираат со:

- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 ноември 2017 година Стопанска комора на Австрија, Виена

„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Стопанската комора на Австрија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија и оваа година организираат деловни средби на австриски фирми од индустрискиот сектор машински и фабрички инженеринг со производители и увозници од целиот свет. Конференцијата и деловните средби во Виена се одлична можност компании од целиот свет да се запознаат со потенцијални добавувачи, клиенти и деловни партнери. За таа цел, Ве покануваме на овој настан, со цел: • да се сретнете со потенцијални клиенти и добавувачи; • да дознаете повеќе за најновите индустриски трендови; • да ја проширите Вашата мрежа и да пронајдете нови деловни партнери; • да стекнете знаења за нови пазари; • да презентирате нови проекти; • да иницирате меѓународни контакти и деловни партнерства; • да се запознаете со најновите австриски технологии и know-how. Настанот ќе се одржи на 28 ноември 2017 година (вторник), во Стопанската комора на Австрија во Виена. На следниов линк https://www.b2match.eu/machinery2017/participants можат да се видат сите фирми кои се пријавени досега, како и програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот. Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистрираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/machinery2017/ sign_up . Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk

Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28 - 29.11.2017 година(вторник-среда) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ

(АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ)

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат

на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите.

Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на:

• Деловен асистент - Одговорности и овластувања и клучни функции;

• Комуникациски вештини на деловниот асистент;

Управување (чување и складирање) на документацијата во својата канцеларија и во

канцеларијата на врвното раководство;

• Креирање дописи за потребите на компанијата пред проверката од врвното раководство.

Протокот на документи претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на

реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација.

Усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на

останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење е согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги .

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30.11.2017 година (четврток) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТАПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката e наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните и другите сектори на правните лица кои се занимаат со градежништво, заради запознавање со основните и најбитните прашања поврзани со градбата, со посебен акцент на договорот за градење, неговото законско регулирање и практичните прашања, како и судските спорови во оваа област, кои се однесуваат на овој договор и на сите клучни аспекти повразани со градењето. ПРЕДАВАЧИ: - Маринела Јакасановска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, предавач во примарна и континуирана обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје; - м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат, магистер на тема од областа на договорното право, со особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. М-р Ристеска Тутуновска има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа. Искуството во решавањето на правните проблеми на клиентите, како физички, така и правни лица, пред сите органи со јавни овластувања, државни органи и судовите на целата територија на Р. Македонија ја прават квалитетен и добар познавач на правото и изнаоѓањето правни решенија кои се клучни за успешното работење на компаниите. Еден период таа беше колумнист во списанието „HR“ - за човекови ресури, каде што главни теми на текстовите беа токму работните односи и едукација на сите сектори во правните субјекти за законските норми во овој дел. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија

Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ https://ecobuild2018.b2match.io/

Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Деловните средби обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги од меѓународниот пазар, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа со: архитекти, изведувачи, дистрибутери, агенти, трговци, градители, истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија.

Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.

Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година. Контакт лице од ЕЕН Велика Британија Valerie Pondaven University of Greenwich Enterprise Europe Network Tel: +44(0)7468694606 v.pondaven@greenwich.ac.uk


40

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042035

Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134

Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги. UA00000041975

Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095

Украина Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар. UA00000041963

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно

Украина Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово


Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

БИЗНИС ИНФО

41

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000041950 Украина Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно. UA00000041951 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947

Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000037834

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1432

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939

Кина Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041923

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 17 ноември 2017, Бр. 329

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.