Бизнис ИНФО, број 327

Page 1

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

Број 327

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

03.11.2017

КОНФЕРЕНЦИЈА

„ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА“ Будва, 2-3 ноември 2017 година


2 2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

АКТУЕЛНИТЕ СОСТОЈБИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА ПРОЕКЦИИ ЗА НАРЕДНИОТ ПЕРИОД Текстилната индустрија во Република Македонија е од особено значење, како по бројот на вработените, така и според извозот каде во овој сектор особено дојдоа до израз претприемничките иницијативи, кои создаваат солидна материјална основа, беше истакнато меѓу другото, на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (30.10.2017 година). Преовладува „ЛОН“-работењето, кое се сведува главно на шиење како еден од најнедоходовните видови на соработка со странските партнери каде во вкупниот извоз „ЛОН“-работењето учествува со околу 93%, а на класичното производство на извоз отпаѓаат 7%. Според податоците за индустриското производство за осум месеци од 2017 година споредено со истиот период од 2016 година, производството на текстилни ткаенини е


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ идентично со ланскиот период, а додека кај производството на облека има намалување од 17,3 %. За 8 месеци од 2017 година извозот во оваа дејност изнесува 380 милиони САД долари, а поодделно кај производството на текстилни ткаенини изнесува 52 милина САД долари, додека кај производството на облека изнесува 328 милиони САД долари, што е намалување од 4,3 % во споредба со истиот период од претходната година, и тоа претставува околу 10,8% од вкупниот извоз во државава. Во истиот период, увозот изнесуваше 366,4 милиони САД долари, од кои облека во износ од 55,6 милиони САД долари, а текстил во износ од 310,8 милиони САД долари, или 7,7% од вкупниот увоз во државава.


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Бројот на вработени од година во година постепено се намалува, односно од 43.848 вработени во 2007 година, последните години се движи околу 35-36 илјади вработени во оваа дејност, односно во 2016 година 36.205 вработени, oд кои 5.284 во производство на текстил и 30.919 во производство на облека што сепак претставува голем процент на вработени. Очекувањата до крајот на 2017 година се дека ќе бидат на исто ниво како 2016 година и тоа најмногу се должи на неколку фактори и тоа: - македонските текстилни компании се` уште се интересни за странските партнери пред се` поради близината до европскиот пазарот и производството на мали серии со висок квалитет и солидна цена; - на повисоките фази на обработка и доработка на производите каде што веќе дел од производствените операции се вршат во земјава (печатење, везење, пакување и сл.) и - поволната економија во Европската унија пред се` Германија, што компаниите ги продолжуваат на договорите и задржување на најзначајните партнери од западноевропските земји. Претседателот на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија, господинот Ангел Димитров истакна дека оваа гранка вработува околу 40% од вработените во преработувачката индустрија, како и индустрија која е целосно нето-извозник на производите, кои се од големо значење за платниот биланс во делот на прилив на девизи. Побарувачката од страна на странските партнери, пред се` од партнерите од Германија моментално е поволна и покрај што дел од своето огромно производство во континуитет го насочува кон источните азиски земји. Ангел Димитров се осврна и на значењето од примената на послените измени на Законот за минимална плата, каде во моментов нешто повеќе 6800 барања за субвенционирање се позитивно решени, но сепак го истакна и предлогот на текстилните и кожарско-преработувачките компани кои се најмногу погодени од примената на овој закон, за плаќање на фиксни придонеси од 5.130 денари (колку што се моментално за исплата на минималната исплатена плата) од 12.000 до 18.000 денари, и со самото тоа би се постигнал поголем ефект и значење од примената на оваа мерка. Сашо Деспотоски


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ЗДРУЖЕНИЕТО НА БАНКАРСТВОТО ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ТРАДИЦИОНАЛНО ГО ОДБЕЛЕЖА 31 ОКТОМВРИ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денес го одбележа Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври, на свечена седница на којашто присуствуваа м-р Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија, д-р Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на Република Македонија, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, претставници на банките и штедилниците во Република Македонија, како и претставници на повеќе институции со коишто Здружението на банкарството има воспоставено одлична деловна соработка. Во своето обраќање, Коста Митровски, претседател на Здружението на банкарството


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

при Стопанската комора на Македонија, истакна дека Светскиот ден на штедењето е востановен на 31 октомври 1924 година во Милано, на Првиот меѓународен конгрес на штедилници, на којшто присуствувале претставници од 29 земји. Тогаш била истакната важноста на штедењето за поединецот, но и за развојот на целата економија, било укажано на важноста на борбата против сите облици на расипништво и била потенцирана важноста на финансиската едукација на населението. Господинот Митровски истакна дека традиционално, започнувајќи од 1999 година, Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија го одбележува Денот на штедењето, а стимулирањето на штедењето зазема централно место во деловната политика на банките и штедилниците-членки на Здружението. Посебно треба да се одбележат конкретните активности што континуирано ги преземаат банките и штедилниците по повод Светскиот ден на штедењето, со специјални понуди на нови и иновативни финансиски производи за штедачите. Исто така претседателот Митровски ги поздрави членовите на управните одбори на банките и им упати честитка за нивната посветеност и професионалност во водењето на банките, за да може банкарскиот систем да биде еден од најстабилните системи во општеството, како и на нивните тимови во истите. Како резултат на тие активности, депозитната база на банките и на штедилниците се зголемува континуирано. Во своето обраќање министерот за финансии д-р Тевдовски истакна дека домашното штедење е најевтино средство за кредитирање на стопанството и очекува пораст на


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ стапката на штедење. - До септември е регистриран пораст на штедењето во банките од 6 отсто. Радува фактот што 60 отсто од заштедите се во денари, што е повод за довербата на населението кон домашната валута и монетарната политика на Народната банка на Република Македонија. Населението во банките чува над 220 милијарди денари, а компаниите околу 80 милијарди денари, – рече д-р Тевдовски. Гувернерот м-р Богов извести дека имајќи ги предвид условите во кои функционираше стопанството и банкарскиот сектор сепак е постигнат добар раст на штедењето и кредитирањето. - Стапките се солидни иако има потенцијал за забележување на повисоки стапки на раст какви што сме имале во претходниот период, додаде гувернерот м-р Богов. Тој, како што рече, е задоволен што и покрај историски најниските каматни стапки штедењето кај населението бележи раст.


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Гувернерот м-р Богов укажа дека банките треба да почнат да се приспособуваат кон новите технологии и новите генерации на штедачи. На крајот, гувернерот упати честитка до сите штедачи и до сите вработени во банките и штедилниците на кои им се доделија плакети. Во името на Здружението на банкарството секретарот м-р Милена Перчинкова се заблагодари за соработката на Министерството за финансии и на Народната банка на Република Македонија, како и на сите државни институции, инволвирани во работењето на Здружението. На крајот на свечената седница, беа доделени плакети на 40 најдобри службеници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните активности со населението. м-р Милена Перчинкова


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА“

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВА НА КОНФЕРЕНЦИЈАTA: „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА“ Стопанската комора на Црна Гора во соработка со Министерството за наука на Црна Гора, ја организира Конференцијата: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“, што се одржува по шести пат во Будва, на 2-3 ноември 2017 година. Конференцијата е еден од најважните регионални економски настани, на којшто присуствуваат високи државни претставници од земјите од регионот, како и врвни експерти од областа на економијата, политиката, образованието и науката, кои со свои излагања се обратија пред присутните. Учеството на околу 500 учесници - претставници на владите, бизнис-заедницата и експерти од Балканот зборува за големината и важноста на оваа


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

11

КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА“

конференција. На Конференцијата учествува и бизнис делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, а во состав: Минчо Јорданов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД - Скопје, Светозар Јаневски, генерален менаџер на„М6 инвестиции“, Доне Таневски, претседател на Бордот на директори на„Македонијатурист“ АД - Скопје, Страшо Милковски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на АД „Гранит“ - Скопје, м-р Живко Мукаетов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД - Скопје и Никола Битрак, генерален менаџер на „АФ Консулт“ - Скопје, и бројни други стопанственици - претставници од компании-членки на Стопанската комора на Македонија. На маргините на Конференцијата, членовите на бизнис делегацијата реализираа значајни средби со видни стопанственици - учесници на Конференцијата, со цел воспоставување нови деловни контакти и продлабочување на веќе воспоставената соработка. Конференцијата ја отвори Велимир Мијушковиќ, претседател на Стопанската комора на Црна Гора, а притоа се обрати и Душко Марковиќ, претседател на Владата на Црна Гора. На првиот планел: Регионот по четири години од Берлинскиот процес, се обратија: Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија; Дениз Звиздиќ,


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА“ претседавач на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина; Душко Марковиќ, претседател на Владата на Црна Гора; Расим Љајиќ, потпретседател на Владата на Република Србија, а гостин беше господинот Пјер Хеилброн, потпретседател на ЕБРД. Во своето обраќање, премиерот Заев истакна дека целиот регион мора да оди напред преку унапредување на соработката, и дека бизнис-заедницата треба да го искористи моментот, и на тој начин да придонесе за постигнување на поголема интеграција на регионот – посочи дека успехот на бизнисмените ќе значи и поголема благосостојба на граѓаните. Истакна дека Владите мора да бидат јавен сервис на граѓаните и на бизнис заедницата, и дека мора да се смени деловниот менталитет. Премиерот Заев посочи и дека мора повеќе да се работи на дигитализација на економијата, тоа е иднината и пораката од Европската унија. Во своето обраќање се осврна и на проблемот со обезбедување на квалификувана работна сила, и се осврна на моделот на дуалното образование, кое се воведува и во Република Македонија, по примерот на германскиот модел. Претседателот на Владата на Црна Гора, господинот Душко Марковиќ, во своето


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

13

КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА“ обраќање посочи дека рамката спомената од Европската Унија е 2025 година, но дека Црна Гора се надева дека многу побрзо ќе го заврши процесот на пристапување кон Европската Унија, со оглед дека веќе се затворени 28 поглавја, и се очекува останатите поглавја од предпристапните преговори да бидат затворени за време на претседавањето на Република Бугарија со Унијата. Посочи и дека членството во НАТО, за Црна Гора предизвикало ефекти на зголемување на обемот на странски инвестиции во земјата. Господинот Пјер Хеилброн, потпретседател на Европската банка за обнова и развој пред присутните истакна дека Европската банка за обнова и развој има инвестирано над 10 милијарди евра во проекти, но најмал дел од тој износ е инвестиран во Западниот Балкан, при што посочи дека 80% е вложено за поддршка на мали и средни претпријатија, како и дека ЕБРД презема значителни активности за на полето на борба против корупцијата. На панелот посветен на прашањата за науката како двигател на економскиот развој, меѓу другите, се обрати и проф. д-р Рената Тренеска Дескоска, министер за образование и наука во Владата на Република Македонија; како и министрите од Албанија, Косово, Црна Гора и Р. Србија. Во делегацијата што ја предводи премиерот Заев се и вицепремиерот за економски прашања проф. д-р Кочо Анѓушев, министерот за економија м-р Крешник Бектеши и министерката за образование и наука проф. д-р Рената Тренеска-Десковска, која ќе се обрати на панелот посветен на прашања за науката како двигател на економскиот развој. Станка Дамјановска


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

СОРАБОТКА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ЕТИКЕТИТЕ НА ОПРЕДЕЛЕНИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ На 02.11.2017 година во Стопанската комора на Македонија, се одржа презентација на Истражувањето на етикетите на определени прехранбени производи. Настанот го организираше Организацијата на потрошувачите на Македонија, во соработка со Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија и со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Предмет на истражување беа етикетите на определени прехранбени производи во однос на информации поврзани со храната, значајни како за потрошувачите, така и за компаниите – производители и дистрибутери на храна, од аспект на тоа дали се почитуваат задолжителните


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

15

СОРАБОТКА информации кои треба да ги содржат етикетите на прехранбените производи согласно Правилникот за информации поврзани со храната (Службен весник на РМ бр, 150/2015) и Регулативата на ЕУ од оваа област. Ова истражување беше спроведено како активност во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите на Македонија, каде што носител е Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ. На настанот беше претставена методологијата за изработка, структурата и содржината на истражувањето и се даде осврт врз заклучоците и препораките поврзани со истражувањето. Пред многубројните преставници на компаниите од прехрамбената индустрија и големите маркети, на презентацијата беше претставено на истражувањето на етикетите на определени прехранбени производи во однос на информации поврзани со храната, значајни за потрошувачите, а беше даден и осврт врз заклучоците и препораките поврзани со Истражувањето. Проф. д-р Лидија Петрушевска – Този посочи дека предмет на истражувањето биле 120 примероци на прехранбени производи и тоа: житарки и производи, преработки од овошје и зеленчук, млеко и млечни преработки, месо и преработки, напитоци,


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

СОРАБОТКА

зачини,сол и масло, кои се земени како примероци од трговската мрежа во Скопје, пред се од големите маркети, имајќи го предвид фактот дека во нив е најголема фрекфенцијата на купувачи. Г-ѓа Маријана Велкова Лончар, претседател на Организацијата на потрошувачи на Македонија, укажа на потребата од натамошна соработка со бизнис заедницата, со цел да им се овоможи на потрошувачите да добијат клучни информации за природата и карактеристиките на храната што ќе им помогне во вистинскиот избор на храната која ја купуваат, при што најважнот правил е дека означувањето, презентирањето и рекламирањето на храната не смее да го доведе во заблуда потрошувачот. М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Комората, посочи дека од особена важност е следењето и информирањето на потрошувачите, но и на компаниите од областа на производството и трговијата со храна, за сите активности кои се поврзани со почитување на домашната и европската регулатива и стандарди, бидејќи преку вакви и слични настани за подигнување на јавната свест, водичи и соработка со бизнис-заедницата, уште повеќе се придонесува на подобрување на состојбите на овој план.


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

17

СОРАБОТКА

Д-р Ката Стојановска од Агенцијата за храна и ветеринарство, исто така, изрази задоволство поради големата заложба на производителите и трговците на храна за имплементација на оваа регулатива, поради што голем процент од производите денес ги исполнуваат сите потребни услови и стандарди согласно регулативите, што се потврдува и од презентираното истражување, а воочените отстапувања поврзани со нутритивни податоци, заблуда, отсуство на македонски превод и слично се помал процент, кој сите засегнати страни треба да се насочат уште повеќе да се намалува. Генерална констатација која произлезе од истражувањето е дека етикетите на прехранбените производи главно ги задоволуваат неопходните информации што треба да бидат содржано согласно важечката регулатива, но во интерес на потрошувачите, а и компаниите-производители и трговци со храна, можни се определени подобрувања во делот на информациите за хранливата вредност на производите, поголема читливост на декларацијата, јасни и целосни информации кои ќе исклучуваат било каква заблуда на купувачите, и дополнителни инфорамции за состојките кои предизвкуваат алергии или нетолерантност. М-р Елена Милевска Штрбевска


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Групација за безбедност и здравје при работа ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА СТРУЧНИТЕ РАБОТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА Членките на Групацијата за безбедност и здравје при работа, на состанокот одржан на 02.11.2017 година расправаа за состојбите во областа на безбедноат и здравје при работа и за следните оперативните активности во наредниот период и формирање на работни групи за измени и дополненија на законската регулатива од областа на безбедноста и здравјето при работа. Се истакна дека неопходни се иницијативи за измени и дополнувања на Законот за безбедност при работа и измена и дополненија на правиниците кои се предвидени со овој закон. Во дискусијата се посочи дека


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

сегашната законска регулатива не соодветствува со моменталните актуелни состојби во дејноста, за што се сугерира системски измени на овој закон и подзаконски акти или донесување на нов Закон за заштита при работа согласно Директивите на Европската унија. Во расправата се побара да новиот Закон за заштита при работа да се донесе во првата половина од 2018 година за кое е потребна широка јавна расправаод стручната јавност. Како приоритети за работа до крајот на 2017 и во 2018 година се нагласија промена на законската регулатива за безбедност и здравје при работа и нејзино повторно приближување кон законодавството на ЕУ, особено во начинот на полагање на стручен испит за стручно лице за безбедност при работа, начинот и условите за овластување на правните субјекти, начинот на контрола над нивната работа како и ослободување на пазарот (сега постои ценовник на услугите дефиниран од Министерството за труд и социјална политика). Исто така, беше нагласено дека забележани се и некои неправилности при објавувањето на тендери за имплементирање на стандардите во определени компании и установи кои цени се под минимумот од утврдените со важечкиот Правилник. За таа цел се побара да се изврши анализа од Бирото за јавни набавки за тои колку тендери се објавени и колку договори се склучени. Во расправата повторно се актуелизираа одредбите на Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа при што се истакна дека со истиот се утврдуваат минималните и максималните цени за извршување на стручните работи за безбедност при работа, кои не кореспондираат со трошоците кои ги имаат фирмите за извршување на својата дејнот. Се предложи да се направи нов правилник во кој ќе се утврди минималната цена но не и максималната цена. Војкан Николовски


20

БИЗНИС ИНФО

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

ОД ЧЛЕНКИТЕ НА КОМОРАТА

ОТВОРЕН НОВ „RAMSTORE“ МАРКЕТ ВО СТРУМИЦА На 01.11.2017 година, во Струмица, „Рамсторе Македонија“ ДОО свечено го отвори својот нов „Рамсторе Маркет“, со кој ја заокружи бројата 23 на вкупно маркети во државата. Новиот маркет се простира на 936 м2 продажна површина, 332 м2 магацински простор со вкупно 30 вработени, 5 наплатни каси и 1 каса за кафе, и паркинг простор за потрошувачите. Новиот маркет ќе продава широка палета од 30 000 производи со висок квалитет од различни трговски групи. Потрошувачите ќе можат да се снабдат со секогаш свежо овошје и зеленчук, свежо месо, како и со производи од сопствената пекара и оддел за готвена храна. Содржините на овој маркет ќе бидат збогатени и со продажбата на бела техника од реномирана трговската марка и место каде посетителите ќе можат да седнат и да одморат во кафе барот „Рам кафе“. Потрошувачите ќе може да ги користат многубројните акции и промоции на производи како и во сите супермаркети на „Рамсторе Македонија“.


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

21

ОД ЧЛЕНКИТЕ НА КОМОРАТА

По повод отворањето на првиот РАМСТОРЕ маркет во Струмица, организирани се бројни атрактивни кампањи и попусти кои купувачите ќе можат да ги искористат во следните 12 дена однос до 12 Ноември. „Рамстор Македонија“ ја достигнаа бројката од вкупно 23 маркети во 7 различни градови кои се простираат на вкупна површина од 21.000 метри квадратни, и што е најважно вкупниот број на вработени во „Рамсторе Македонија“ изнесува 650. Маркетот се наоѓа на улица Благој Јанков-Мучето бр.16, во Струмица. www.ramstore.com.mk


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Над 60 проценти од граѓаните користат интернет речиси секој ден Над 70 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, а над 60 проценти од населението користеле интернет речиси секој ден, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика за првото тримесечје од годинава. Според објавените податоци, 73,6 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет, а речиси сите, односно 91,2 проценти од домаќинствата имале широкопојасно (фиксно и мобилно) поврзување на интернет. Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 74,5 проценти, а 61,9 проценти користеле интернет секој ден или речиси секој ден. Паметните телефони биле најкористени средства за пристап на интернет, а нив најмногу ги употребувале младите на возраст од 15 до 24 години. Од лицата кои користеле интернет 24,8 проценти купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а најмногу односно 64,1 процент од нив купувале облека или спортска опрема. Трендот на се поголем број на корисници на интернет услугите се потврдува и со податоците од анкетата што ја спроведе Агенцијата за електронски комуникации во периодот од 19 до 29 мај. Според резултатите од анкетата, пристап до интернет имаат 80,4 проценти од домаќинствата, а бројот на корисници на интернет е 74,4 проценти и бележи тренд на постојан раст. Еден од поинтересните податоци е оној дека 43 проценти од испитаниците дневно во просек се задржуваат меѓу три до пет часа на интернет. Анкетата покажува дека постои разлика меѓу користењето на интернет во урбаните и селските средини, односно 78,8 проценти корисници на интернет има во урбаните средини, а 66,8 проценти во руралните средини. Во последните 12 месеци, само 3,3 проценти од корисниците на интернет промениле оператор. www.stat.gov.mk


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

23

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Зголемен прометот на горивата во трговијата на мало Прометот во трговијата на мало, во септември годинава во споредба со истиот месец лани бележи зголемување групата во Трговија на мало со автомобилски горива и тоа номинално за 10 отсто, а реално за 7,9 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,4, а реално за 7,7 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 4,4, а реално за 3,0) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 5,3, а реално за 5,9 отсто). www.stat.gov.mk

Зголемен бројот на работници во индустријата за 3,3 проценти во септември Бројот на работници во индустријата во септември бил зголемен за 3,3 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Статистичките податоци покажуваат дека зголемен е бројот на работници во праработувачката индустрија за 3,8 проценти, а намален во секторот Рударство и вадење на камен за 0,5 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,2 проценти. По главните индустриски групи, зголемување на бројот на работници во индустријата во септември имало кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2 проценти, Капитални производи за 14,9 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,2 проценти, додека опаѓање има кај Енергија за 0,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 процент. Во периодот јануари-септември во споредба со истиот период минатата година бројот на работници е зголемен за 1,5 отсто. www.stat.gov.mk


24

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

25


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

6 ноември 2017 година (понеделник) 11:00-14:30 часот Хотел „Салида“Прилеп

НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ во рамките на Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ организираат напредни обуки за компаниите со цел компаниите да бидат запознаени со бенефитите кои им стојат на располагање во насока на вработување лица со хендикеп и создавање инклузивна работна сила. Компаниите од отворениот пазар на труд се клучен партнер на Проектот„Центар за вработување лица со хендикеп“ и единствено преку интеграција на активните баратели на работа со хендикеп во овој пазар ќе можеме да зборуваме за еднакви можности и недискриминација во работата и работните процеси. Како дел од стратешката насоченост на Центарот и на партнерите кои го поддржуваат, овозможувањето на нови знаења и иновативни техники се приоритети за тоа како да се вклучат најразлични прашања поврзани со хендикеп во редовните работни процеси. Преку напредните обуки наменети за компаниите, но и преку програмата за практикантство/волонтерство, ќе им се овозможи на партнерските компании да добијат тренирање на работното место и контрола на работата на лицата со хендикеп. Дополнително, учесниците ќе се здобијат со продлабочено знаење за спроведувањето на соодветното приспособување на работното место. Во Република Македонија, бројот на вработени лица со хендикеп е многу мал во однос на целата вработена популација. Преку Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ ќе се гради мост помеѓу лицата со хендикеп и компаниите, со цел да се извлечат придобивки и за двете страни. Обуката ќе се одржи на 6.11.2017 година (понеделник), со почеток во 10:30 часот, во хотелот „Салида“ – Прилеп. Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 3.11.2017 година. Контакт: Ристо Најдоски, е-адреса: regiopr@mchamber.mk, телефон: (+389) 48 415 536, мобилен: 070 309 555.


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

9.11.2017 Сараево, БиХ

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“

Ве информираме дека Enterprise Europe Network организира меѓународен брокерски настан „RENEXPO®BIH 2017“, што ќе се одржи за време на одржувањето на Меѓународниот саем и конференција за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, заштита на животната средина, еколошка заштита и водостопанство „RENEXPO®BIH 2017“ - најзначајниот саем во областа на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, заштита на животната средина и водостопанство во регионот на Западен Балкан. Од 1997 година, групата REECO® организира меѓународни саеми и ги поврзува учесниците и посетителите од повеќе од 80 земји. Постигнати се активности за меѓународно признавање и е создадена висококвалитетна платформа за комуникација и стекнување на клиенти, како и основа за меѓународно вмрежување. RENEXPO®BIH ги собира заинтересираните страни од целиот регион на Западен Балкан. Меѓународните учесници имаат единствена можност да се запознаат со експерти и консултанти од целиот регион на Западен Балкан. Учеството на брокерскиот настан е бесплатно, додека патните и трошоците за сместување се на товар на учесникот. Пријавување на Веб-страница на настанот: http://renexpobih2017.talkb2b.net/ Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

10 ноември 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневен семинар на тема: ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

Целта на обуката е стекнување со теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско, девизно, благајничко работење и евиденција - уплата на дневниот промет (малопродажба). Со синергија на законската регулатива која го уредува благајничкото работење, даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадената проблематика во изминатите 20 години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а ризикот ќе го сведат на минимум на изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции. На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата на дневници за службени патување како во земјата така и во странство и управување со која законски пропишана документација се врши исплата / уплата на готовински пари сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум. Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите (процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива. Што представува законски пропишана (веродостојна) документација и докажување на трошоците (материјални) дека се во функција за вршење на дејноста. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

13.11.2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Еднодневен семинар на тема: ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРСОНАЛНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

На еднодневниот семинар учесниците ќе се запознаат со потребната документација за

имплементирање и почитување на законската регулатива на Р. Македонија во делот на персонална администрација на компаниите, како и со алатки и техники кои овозможуваат успешно управување со талентите во нивната компанија. Тие ќе стекнат основа за создавање организации кои функционираат согласно законските правила на државата и организации кои ги препознаваат, ценат и развиваат своите најдобри вработени.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Кои се бенефитите од правилно имплементирана законска регулатива?

- Што се подразбира под персонална администрација?

- Каква документација опфаќа персоналната администрација?

- Дали може и како да ја намалиме персоналната администрација?

- Што подразбира управувањето со таленти?

- Како да привлечеме квалитетни вработени?

- Како да ги препознаеме и да ги развиваме талентите?

- Како да ги задржиме нашите најдобри вработени?

Предавач:

- Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во Компанијата„Вивендум Рацио Солушнс“,

компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функцијата на човечки ресурси, структурна трансформација на функцијата на човечките ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

14.11.2017 година (вторник) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА ОДРЕДЕНИ ТРОШОЦИ - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ -

Стопанската комора на Македонија, на 14 ноември 2017 година, организира еднодневен семинар на тема: Даночен и сметководствен третман на одредени трошоци - практични примери. Целта на еднодневниот семинар е запознавање со даночниот третман на одредени трошоци и трансакции кои се случуваат во секојдневието во деловното работење, низ призмата на даночната регулатива, односно Законот за персонален данок на доход, Законот за данок на добивка, Законот за данок на додадена вредност подзаконските акти, Законот за даночна постапка (постапување при контрола од страна на даночната инспекција) и останатата регулатива за актуелната тема. На семинарот ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби со што ќе се избегне ризикот од изрекување глоба при инспекциски надзор, како и заштита на вработените кои работат во дадените сектори од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика. Предавач: - Звонко Кочовски, овластен ревизор во Друштвото за ревизија, сметководство, вештачење и проценки„БДО“ ДОО - Скопје. Со 20-годишно работно искуство во ревизија, сметководство, проценки, вештачења, даночен и финансиски консалтинг и предавања. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 10 ноември 2017 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

15 ноември 2017 година „Мастер центар“ Нови Сад, Р. Србија

„ДЕН НА ДОБАВУВАЧИ 2017“ Регионална конференција и билатерални средби

Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Војводина и

Агенцијата за развој на Војводина – РАВ, ве покануваат на овогодинешниот „Ден на добавувачи 2017“, што ќе се одржи на 15 ноември 2017 година во просториите на „Мастер центар“ во Нови Сад, Р. Србија.

Овогодинешниот настан е предвиден да се реализира во вид на конференција проследена

со билатерални средби меѓу домашни, српски компании, странски инвеститори коишто се веќе присутни на територијата на Војводина, како и странски компании коишто би имале интерес за инвестиции и соработка со регионот и тоа од областа на: • земјоделието; • автомобилската индустрија; • информатичко-комуникацискиот сектор; • производители на пластика и гума; • текстилната; • металната и метало-преработувачката индустрија.

Настанот ќе се реализира во два дела, каде што во првиот дел домашните компании ќе ги

презентираат своите потенцијали и можности за соработка и инвестиции, а во вториот дел сите присутни компании ќе имаат можност за билатерални средби со потенцијални партнери.

На настанот се очекува учество на над 250 учесници, претставници на 100-те најголеми

меѓународни компании од Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Унгарија, Германија, Романија, Словачка и Словенија. Компаниите коишто ќе ги презентираат своите планови и потреби во делот на добавувачкиот синџир се: „Ametek“, „HealthCare Europe“, „Kolektor ATS“, „Mecafor“, како и Развојната агенција на Србија (РАС) и ИКТ Кластерот на Војводина.

Со цел навремено организирање на билатералните средби, во прилог Ви го доставуваме

и списокот на досега пријавени компании со коишто на денот на настанот ќе можете да закажете состанок и да се сретнете во даден термин.

Учеството на претстојната конференција и на билатералните средби е бесплатно, а трошоците

за патување и сместување се на товар на компаниите.

Доколку сте заинтересирани за учество на претстојниот настан, Ве молиме да го пополните

пријавниот лист (во прилог) и да го доставите до лицето за контакт, најдоцна до 7.11.2017 година (вторник).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:

- Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

15 ноември 2017 година (среда) Стопанска комора на Македонија (сала 1 на 5-ти кат)

МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби. Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби од различни области и тоа: • енергетски решенија и услуги во областа на фотоволтикот и складирањето на енергија; • проектирање и изведба на индустриски хали и челични конструкции; • добавувачи на системи за преработка и пренесување на минерални суровини, како и за производство на бетонски постројки и транспортери за бетон; • производство на првокласни сирења; • системи за заштита од громови, системи за заштита од пренапојување, како и системи за заземјување. Македонско-австриските деловни средби ќе се одржат на 15 ноември 2017 година (среда), со почеток во 12:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат. Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на деловните средби, на коишто ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби своето учество можат да го пријават најдоцна до 13 ноември 2017 година, за да може да се организираат средби со соодветни партнери. Контакт: м-р Сања Николова Телефон: ++ 389 2 3244091 E-адреса: sanja@mchamber.mk


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16 ноември 2017 година (четврток) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

УСПЕШНО ПОДГОТВУВАЊЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОНУДИ, КОРИСТЕЊЕ НА ЕСЈН-АЛАТКИ И МОДУЛИ

Согласно задолжителното спроведување на електронските јавни набавки предвидени со

Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15) и тоа:

- во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и

- во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година, како и фактот дека голем број на

понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) - регистрација, поставување на прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ и слично.

Имајќи предвид дека голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество на

електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), регистрација, поставување

прашања пред јавно отворање,

електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување и слично, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: Успешно подготвување на електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули (електронски јавни набавки, дигитално потпишуавање, е-аукции/конечна цена), тендерско досие, модул за завршени постапки. Семинарот ќе се реализира на 3 октомври 2017 година (вторник), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. На семинарот за сите учесници ќе биде обезбеден водичот: „Е-ЈАВНИ НАБАВКИ: ПОДГОТВИ СЕ!“ во кој на едноставен начин се објаснети сите модули, чекори и алатки за правилно користење на ЕСЈН (електронски систем за јавни набавки), учеството на електронски јавни набавки, сите предизвици во врска со е-набавките во РМ и најчестите грешки при учество со електронска понуда, електронско потпишување, невалиди сертификати, електронски банкарски гаранции итн.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16 ноември – 21 декември 2017 година (секој вторник во неделата) Стопанска комора на Македонија

ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

За кого е наменета обуката? Обуката е приспособена за вработените од бизнис-заедницата од различни сектори кои сакаат да ги развијат вештините за самодоверба, за тоа како во дадени ситуации правилно да реагираат, како да донесуваат правилни одлуки, да се справуваат во конфликтни ситуации, а при тоа да не се повреди вработениот или клиентот. Цел на тренинг обуката Преку изучување на клучните вештини и стратегии при импровизација, да ги подготви учесниците во комуникацијата со клиентите да создадат чувство на доверба и сигурност. Оваа обука ќе Ви помогне да станете свесни за емоциите кои Ве попречуваат на патот до ефективен однос со Вашиот клиент, а преку тоа да научите да управувате со моменти кои се непредвидливи во нашата динамична средина која брзо се менува. Да постигнете зголемена свесност за Вашиот стил на комуникација и да ги развиете односите кои се фокусирани на другите. Правилниот избор на зборови, позитивниот говор на телото, отворениот начин на размислување и совладување на одредени техники претставуваат основа за добра комуникација, а тоа доведува до зголемена продажба и позадоволни клиенти. Обучувач: м-р Катерина Наумовска-Ристовска, клинички психолог, сертифициран тренер по емоционална писменост од Психополис институтот од Белград, тренер и психолог - советувач во Центарот за едукација „Гравитрон“ – Скопје, со десетгодишно работно искуство како клинички психолог и петгодишно искуство како обучувач во работилници за емоционално описменување, обуки за комуникациски вештини, работилници за родители, обуки за соочување со стрес итн. Магистер по психолоши науки, магистрирано на тема: „Емоционална интелигенција“, со повеќе објавени трудови и повеќегодишно активно учество на многу европски конгреси и проекти на тема: „Емоционална интелигенција“. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

17.11 2017 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Еднодневен семинар на тема: OДГОВОРНОСТ НА УПРАВИТЕЛИ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

Стопанската комора на Македонија, на 17.11.2017 година, организира еднодневен семинар

чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за трговски друштва и Законот за облигациони односи кои предвидуваат одговорност на управителите за надомест на штета. Исто така, ќе бидат опфатени и законските одредби кои предвидуваат одговорност на работодавецот за надомест на штета од повреда при работа на вработен и спрема трети лица со посебен осврт на надомест на штета од лекарска грешка.

На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби

кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки. Ова e особено поради се` поголемата зачестеност на тужби во последните години према управителите на правните лица, како и се` почестите тужби за надомест на штета поради лекарска грешка.

На семинарот ќе биде опфатена и анализа на законските прописи кои се однесуваат на мерките

за заштита кои треба да бидат преземени од страна на работодавците со цел да се превенира и да се спречи настанување на штета од повреда при работа во извршување на работните задачи на вработените, како и спрема трети лица особено во однос на одговорноста за надомест на штета од лекарска грешка.

Предавачи:

- Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје и

- Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20.11.2017 (понеделник) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

Ефективното решавање на рекламации/жалби на клиентите е еден од најважните аспекти за обезбедување одлична услуга за клиентите. Клиентите кои ја пласираат рекламацијата, овозможуваат организацијата да ги идентификува и да ги реши проблемите, да демонстрираат подобра услуга и да ги задржат лојалните клиенти. Целта на оваа обука претставува know-how за организациите, како и тоа како вработените успешно да се справат со жалбите на клиентите. На крајот на оваа обука, слушателите ќе можат рекламациите да ги гледаат како можности, да ги идентификуваат проблемите со кои се појавуваат жалби, ефикасно да се справат со жалбите и да ги задоволат клиентите кои се жалат. Успешното решавање на жалбите на клиентите често создава лојални клиенти. Речиси сите поплаки на клиентите се релевантни. Се проценува дека 95% од клиентите кои ги решаваат жалбите ќе ги задржат клиентите и ќе продолжат со успешна работа. Целна група: - продавачи во малопродажба и/или големопродажба, вработени во сектор/ процес поврзан со рекламации, вработените кои комуницираат со клиенти, менаџери кои се одговорни за решавање на жалбите/рекламации. Цели на обуката: - целта на обуката е вработените кои имаат директна комуникација со клиенти, да можат успешно да ги решаваат жалбите и да реализираат успешни рекламации. Обуката е комбинација од теорија, практични примери и различни сценарија во кои учесниците активно учествуваат. Жалбите на клиентите нудат можности за подобрување на производите и услугите, односно сите поплаки на клиентите треба да се сфатат сериозно. Исто така, поплаките на клиентите мора да бидат целосно разбрани. Следењето е од клучно значење за да се осигура дека клиентот е задоволен. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21.11.2017 година (вторник) 09:00 – 16:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата –

Традиционалниот начин на продажба повеќе не функционира. Преку јакнење на вашите

продажни вештини и техники вие го јакнете и вашето знаење. Меѓутоа, вашите резултати не се повеќе поврзани само со знаењето за поставување на таргети, профилирање на нови контакти и отварање на нови можности. Знаењето не секогаш е доволно за имплементација и остварување на продажба. Тоа во најголем дел е поврзано со емоциите во процесот низ кој поминуваме и со кој се справуваме, т.е менаџираме во дадена ситуација.

Со зголемување на бројот на можности, клиентите се’ повеќе сакаат да бидат разбрани, да

бидат третирани со етика и внимание.

Затоа доколку сакате да дознаете повеќе за:

- Како полесно да ги препознаете доминантните емоции кај вас и другите во процесот на

продажба,

- Создавање на силни и долгорочни врски со вашите клиентите со цел зголемување на

профитабилноста на вашата компанија

бидете дел од еднодневниот семинар „Емпатична продажба“ кој Стопанската комора

на Македонија го организира на 21 ноември 2017 година. Предавач Петар Лазаров е продажен консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, извоз, автор и ко-сопственик на Македонија-Експорт. Со своето искуство во развој на македонски брендови и бизниси се издвојува како еден од ретките предавачи од трета генерација на обучувачи кои своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Петар е и дел од тимот за развој и продажба на брендовите МАМА’S - традиционални домашни рецепти кои се извезува во повеќе од 30 земји и TIP OF THE WEEK - прирачниците за личен и професионален развој кои се продадени во +12.000 примероци и покрај во Македонија, се издадени и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23.11.2017 20.12.2017

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение бр.11-20103/2-14 од 09.01.2015 година

• Предавањата се распоредени во 11 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува на 23 ноември 2017 година и ќе се реализира со следната динамика: - Модул 1 – 23 и 24 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 2 – 28 и 29 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 3 и 4 – 4, 5 и 6 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 5 – 13 и 14 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот; - Модул 6 – 19 и 20 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;

• Број на учесници во група: 10 – 20 учесници.

• Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23 - 26 ноември 2017 година Тирана, Р. Албанија

24. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА „24.Tirana International Fair“

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете

дел од 24. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 23 – 26 ноември 2017 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија.

Минатогодишниот 23. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од

најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска,Кина,Тајван, Америка, и др. беа посетени од повеќе од 20.000 посетители.

Како и изминатите, така и овогодинешниот саем е наменет за оние кои се занимаваат со:

• градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • бела техника; • ИТ; • прехрана;

• земјоделие; • текстил и мода; • туризам; • образование; • банкарство; • маркетинг и др.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават

за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 13 октомври 2017 година (петок).

Сите заинтересирани компании за подетални информации во врска посета и учеството на

настанот, можат да контактираат со:

- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

40

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 ноември 2017 година Стопанска комора на Австрија, Виена

„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Стопанската комора на Австрија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија и оваа година организираат деловни средби на австриски фирми од индустрискиот сектор машински и фабрички инженеринг со производители и увозници од целиот свет. Конференцијата и деловните средби во Виена се одлична можност компании од целиот свет да се запознаат со потенцијални добавувачи, клиенти и деловни партнери. За таа цел, Ве покануваме на овој настан, со цел: • да се сретнете со потенцијални клиенти и добавувачи; • да дознаете повеќе за најновите индустриски трендови; • да ја проширите Вашата мрежа и да пронајдете нови деловни партнери; • да стекнете знаења за нови пазари; • да презентирате нови проекти; • да иницирате меѓународни контакти и деловни партнерства; • да се запознаете со најновите австриски технологии и know-how. Настанот ќе се одржи на 28 ноември 2017 година (вторник), во Стопанската комора на Австрија во Виена. На следниов линк https://www.b2match.eu/machinery2017/participants можат да се видат сите фирми кои се пријавени досега, како и програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот. Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистрираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/machinery2017/ sign_up . Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk

Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28 - 29.11.2017 година(вторник-среда) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ)

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат

на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите.

Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на:

• Деловен асистент - Одговорности и овластувања и клучни функции;

• Комуникациски вештини на деловниот асистент;

Управување (чување и складирање) на документацијата во својата канцеларија и во

канцеларијата на врвното раководство;

• Креирање дописи за потребите на компанијата пред проверката од врвното раководство.

Протокот на документи претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на

реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација.

Усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на

останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење е согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги .

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042035

Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134

Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги. UA00000041975

Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095

Украина Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар. UA00000041963

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно

Украина Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово


Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

БИЗНИС ИНФО

43

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000041950 Украина Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно. UA00000041951 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947

Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000037834

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1432

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939

Кина Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041923

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


44

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 03 ноември 2017, Бр. 327

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.