Бизнис ИНФО, број 434

Page 1

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

Број 323

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО

bsi.

www.mchamber.mk

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

06.10.2017

ГЕНЕРИРАНИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОЛЕСНО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ НА УСАИД

www.biznisregulativa.mk


2 2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ГЕНЕРИРАНИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОЛЕСНО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ НА УСАИД Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е 4-годишен проект финансиран од страна на УСАИД, а се имплементира од страна на ЕПИ ЦЕНТАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. - Со цел да се детектираат главните проблеми кои компаниите ги имаат во имплементацијата на законската регулатива, Проектот спроведе серија активности со цел да се елиминираат или подобрат одредени законски решенија кои се пречка за развој на компаниите, изјави Јадранка Аризанковска, на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (2.10.2017 година). Во периодот декември 2016 година беше спроведена анкета меѓу компаниите преку која се детектираа клучните проблеми кои ги имаат компаниите и тоа во областите даноците, царините, работните односи и од областа на животната средина. Во текот на првата проектна година покрај останатите активности беа реализирани 18


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ инфо сесии и 5 форуми во повеќе градови во републиката, а се однесуваа на горенаведените области. -Целта на овие инфо сесии или инфо - настани и форуми е да се презентираат одредени законски решенија, да се укаже на потребата за усогласување на работењето на компаниите со регулативата од областа на даноци и царини, работни односи и животна средина, презентирани од страна на експерти од тие области, но целта на овие инфо сесии е и да се чуе и гласот на бизнис заедницата, да се дискутира за проблемите со кои се среќаваат во секојдневното работење, а се однесуваат на имплементација на законските обврски изјави, - Павлина Димовска, правен советник во Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. На овие инфо сесии во дискусија со компаниите се идентификуваа голем број проблеми со кои се соочуваат компаниите во текот на своето работење. Од областа на работните односи идентификувани се како клучни: практична работа, практикантство, пред склучување Договор за работа можност да се ангажираат невработени лица со оформено образование кои се надвор од образовниот процес, пред се` во дејнoста вршење на интелектуалните услуги, што не е регулирано во рамките на ЗРО, потреба од постоење пробна работа пред склучување договор за работа, договор за вработување со вршење работа од дома, пред се` од ИКТ-секторот, прецизирање на обврските за исплата на регрес за годишен одмор во зависност од економската состојба, задолжителниот систематски преглед на вработените претставува дополнително финансиско оптоварување на товар на работодавците (Закон за безбедност и здравје при работа со барање надоместокот за оваа услуга да биде во склоп на задолжителното здравствено осигурување и намалување на висина на пропишаните глоби, како и потреба од донесување aкт за дневници за патување во странство за приватниот сектор од стопанството / сега е Уредба за издатоци за службени патувања и селидби во странство за органи на управа им се признаваат за тековни трошоци). Од областа на царината беа посочени проблеми со текстилниот отпад со неговото раздолжување и можноста за искористување/ рециклирање на отпадот од „ЛОН“-


Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ производство, овој проблем беше посочуван од компаниите од текстилната и кожарската индустрија, и се третираше како проблем и од областа на животната средина, развивање на етички кодекс за работа на царинските службеници, затоа што често пати како проблем беше посочуван субјективниот непрофесионален однос на дел од царински службеници, намалување на глобите, особено за незначителни прекршоци за кои се работи за очигледни технички грешки. Од областа на даноците - брзо, целосно и безусловно враќање на ДДВ (враќањето да не биде условено од извршена контрола, рокот за враќање да се скрати, при плаќање на ДДВ да има премин од фактурирана ненаплатена реализација, намалување на казни и укинување на казната за одговорното лице /двојна казна/, укинување на мерката забрана на вршење дејност поради сторен прекршок согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, сторнирање на обврската за плаќање на ДДВ во случај на траен отпис на побарувањето. Од област на животната средина повторно како проблематика произлезе текстилниот отпад, отпад кој се создава при кроење од „ЛОН“-производство каде компаниите се обврзани по извршен надзор од страна на Царината да го депонираат на локалната општинска депонија кои претставуваат дополнителни трошоци за негово управување без можност за рециклирање. Проблеми се јавуваат и со примената на Законот за отпад, Законот за отпад од електрична и електронска опрема и другите закони од област на управување со отпад , бидејќи законските решенија се нејасни, непрецизни, контрадикторни одредби и сетоа тоа создава правна несигурност и различно толкување и од надлежните органи, поголема контрола на работата на компаниите кои имаат лиценци за постапување со отпад , особено за собирање на стари гуми и отпадни масла. Малите и средни претпријатија се соочуваат со проблеми при подготовка на елаборатите за животна средина, долги и исцрпувачки постапки за добивање на дозволи, на пример, еколошките дозволи и недостаток на кредитирање (поволни кредити) на МСП особено во делот на решавање на еколошки проблеми. Овие идентификувани проблеми во рамки на Проектот ќе бидат детално разработени во форма на позициони документи - Policy Position Papers, ќе бидат усвоени од страна на Управниот одбор на Проектот, со што ќе станат ПОЗИЦИОНИ ДОКУМЕНТИ НА КОМОРИТЕ, УСВОЕНИ СТАВОВИ на коморите со конкретни решенија кои ќе бидат доставени до надлежните органи. Целта на овој проект е зајакнување на јавно-приватниот дијалог кој треба да се одвива на организиран начин преку воспоставување заедничка платформа на коморите, со усогласени и заеднички ставови и конкретни барања професионално комуницирани со надлежните институции. Јадранка Аризанковска


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево – РАЗГЛЕДАНИ ИНИЦИЈАТИВИ СОГЛАСНО ПОТРЕБИТЕ НА БИЗНИСОТ

На 29 септември 2017 година се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево, на којашто присуствуваа членовите на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево во проширен состав и претставници на локалната самоуправа. Седницата ја водеше претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколоски, кој ги поздрави присутните и ги запозна со наредните активности на Регионалната комора со седиште во Кичево до крајот 2017 година. На седницата присуствуваше и Љупка Самарџиска, виш советник на Стопанската комора на Македонија, која ја презентираше Информацијата за поднесени иницијативи на Стопанската комора на Македонија од 1 јуни 2017 година до денес и статусот на нивната реализација. Присутните расправаа за иницијативите за Законот за нотаријат, Законот за извршување, Законот за градежно земјиште, Законот за трговија, иницијативата за поголема


Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ИНФО

7

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

вклученост на бизнис заедницата во работењето на регулаторните тела, при што ги поддржаа во целост иницијативите. Во однос на Информацијата за соработка на проекти, Дарко Белески од Одделението за локален економски развој при Општина Кичево, ги изнесе реализираните активности во рамките на Проектот „Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица - Кичево - Кукуш “, каде Регионалната комора со седиште во Кичево е член во Комисијата за советување, поддршка и координација на деловните субјекти, која е формирана во рамките на Проектот. Изработени се каталог за извозно ориентираните компании и видео за бизнис можностите на општина Кичево. За Проектот „Био Село“ презентираше Тино Алексов. Целта на овој проект е поддршка на развојот на регионален концепт за биоенергија и основање на биоенергетско село во Кичево, преку обновливи извори на енергија, односно искористување на шумската маса, искористување на остатоци од сточарството, тврд отпад и остатоци од обработка на дрво. На крајот на седницата се дискутираше за потребите на фирмите, односно за поголема соработка со институциите на локално и на централно ниво и потребата од соодветен стручен кадар. За таа цел, се заклучи во наредниот период да се иницираат средби со претставници од Владата на РМ, согласно потребите на фирмите. Дијана Лазороска Јованоска


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

РЕГИОНАЛНИТЕ КОМОРИ СО СЕДИШТА ВО ВЕЛЕС, БИТОЛА И КИЧЕВО ОРГАНИЗИРАА ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ КОМПАНИИ ОД ТРИТЕ РЕГИОНИ

Велес Георги Чадиев, претседателите на регионалните комори со седиште во Кичево и Битола, Игор Соколески и Мирко Велковски, како и над 30-тина компании од трите региони. Во своето обраќање Георги Чадиев ги поздрави присутните и им заблагодари за покажаниот интерес за соработка, при што потенцираше дека бенефитот од досегашните средби е значаен фактор за поуспешна комуникација меѓу компаниите од трите региони. Тој исто така ја истакна и целосната поддршка од центрите за развој на планските региони во делот на интензивно заедничко дејствување со цел подобрување и изградба на патната мрежа на патниот правец Велес - Прилеп - Битола -Меџитлија кон границата со Р. Грција, како и краците кон Охрид и регионалниот пат Битола - Кичево. Свое обраќање имаа и претседателите на регионалните комори со седишта во Битола и Кичево, кои се заблагодарија за поканата и ја поддржаа иницијативата за доизградба на патните правци. Присутните отворија дискусија и за модернизација на системот за патарини и проблемите


Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ИНФО

9

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

со либерализацијата на пазарот на електрична енергија, како и што побрза реализација на гасната инфраструктура со цел економски поисплатливи решенија за енергетската потрошувачка. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола побара да се достават записниците и заклучоците од состаноците со претставниците на Владата на РМ и да се формира работно тело кое би ја следело работата по истите, а кое би било составено од претседателите на регионалните комори и три стручни лица. Присутните деловни луѓе ги презентираа своите компании и своите интереси за соработка. На оваа средба беа застапени компании од областа на прехранбената индустрија, градежништвото, металургијата и трговијата. Бизнисмените разменија искуства и мислења за мерки кои се потребни да се преземат за подобрување на климата за инвестирање и развој. Средбата се заокружи со посета на компанијата „Смелт-Инг“ од Велес, каде што присутните се запознаа со нивното работење. Компанијата е во доменот на производство компоненти за електро-индустријата, односно, ормари за електрични броила. Регионалните комори при Стопанска комора на Македонија и во иднина ќе продолжат со организација на слични средби за подобрување на комуникацијата меѓу членките и регионите во државата. Ирена Жарова


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ВЕСТИ

СЕ ОЧЕКУВА ЗАБРАНА ЗА УВОЗ НА ПИЛЕШКО, ГОВЕДСКО, СВИНСКО И КОЊСКО МЕСО ОД БРАЗИЛ Согласно своите надлежности, Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира домашните компании дека Генералниот директорат за здравствена заштита и безбедност на храната на Европската комисија (DG SANTE) спроведе инспекциски контроли во Бразил со цел евалуација на контролите на производството на говедското, пилешкото и коњското месо и производите од нив, како и евалуација на контролите на резидуи и контаминенти во живи животни и производи од животинско потекло, вклучувајќи и контроли на ветеринарномедицинските препарати. Во финалните извештаи од спроведените инспекциски контроли од страна на DG SANTE се утврдени наоди на недоследности при спроведувањето на соодветните контроли од страна на надлежните органи на Бразил. Се очекува во најкус можен рок да бидат преземени мерки со цел спречување на влез во Унијата на храна од животинско потекло која не ги исполнува пропишаните барања за безбедност, а потекнува од Бразил. Мерките главно ќе бидат насочени кон спречување на влез во ЕУ на небезбедно свинско, пилешко, говедско и коњско месо и производи од истите и ќе резултираат со промени во Листата на трети земји и објекти од кои е дозволен увоз на храна од животинско потекло во ЕУ. Согласно наведеното, во Република Македонија може да се врши увоз на храна од животинско потекло доколку потекнува од трети земји или делови на трети земји кои се на листата од кои е дозволен увоз во Европската унија и која ја составува и ажурира Европската комисија, при што секоја промена на истата ќе резултира и со соодветни мерки преземени и од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Поради сето наведено погоре, а во интерес на бизнис заедницата чиј репрезент и застапник е Стопанската комора на Македонија, ве информираме дека е потребно пред остварување на бизнис зделки, во овој случај со оператори од Бразил, редовно да се следат сите измени на Листата на трети земји од кои е дозволен увоз на одредена храна од животинско потекло во Европската унија на веб- адресата: https://ec.europa.eu/food/safety/ international_affairs/trade/non-eu-countries_en со цел да се избегнат несакани активности како одбивање и/или нештетно уништување на пратките на храна од животинско потекло која потекнува од објекти од кои не е дозволен увоз на храна од животинско потекло во Република Македонија.


Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ИНФО ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

те ај

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

11

ач ар Н

bsi.

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

Одржано предавање на тема „ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Клубот на менаџери-претприемачи на 5.10.2017 година го реализираше едукативното предавање на тема: „Емпатична продажба“ во соработка со Петар Лазаров, консултант за маркетинг/ брендинг, продажба, менаџмент, извоз, автор и косопственик на „МакедонијаЕкспорт“. Петар Лазаров со своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од третата генерација обучувачи, кој своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Продажбата претставува комуникациски предизвик и често наликува на заводлива игра, низ која ги будиме емоциите на нашите клиенти и ги придобиваме. Успешна продажба значи задоволени длабоки, комуникациски потреби на клиентите. Традиционалниот начин на продажба повеќе не функционира. Знаењето не секогаш е доволно за имплементација и за реализирање продажба. Тоа во најголем дел е поврзано со емоциите во процесот низ кој поминуваме и со кој се справуваме, т.е. менаџираме во дадена ситуација. Со зголемување на бројот на можности, клиентите сe` повеќе сакаат да бидат разбрани, да бидат третирани со етика и со внимание. Создавањето цврсти врски и одржување на долгорочната соработка со клиентите преку разбирањето на доминантните емоции низ кои поминуваат при процесот на продажба е клучниот фактор за остварување на нашиот целосен потенцијал. Денес, во согласност со Годишната агенда, беше одржан настан кој беше многу корисен за менаџерите во Клубот на менаџери – претприемачи, при што менаџерите имаа можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од праксата, кои се однесуваа на воспоставување иницијален контакт со купувачите и како да се изгради доверба со нив. Воедно, тие имаа можност да се запознаат и со психолошките карактери на купувачите, како да ги читаат сигналите на телото (body language) што ги праќаат и како да се постават со секој од нив, со цел да се извлече максимум од секоја продажба.


Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ИНФО

13

КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија претставува ексклузивна можност за интегрирање во мрежа на мали и средни компании кои заедно растат, постојано се едуцираат и постигнуваат успех преку искористување на сите поволности од програмата на Клубот и компаниите кои се вклучени во работата на истиот. При тоа менаџерите имаат можност секогаш навремено да се информираат за тековните случувања , поврзани со презентации, промоции, бизнис форуми, информации за прописи, како и со новите услуги на Комората. Сето ова е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска


14

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

15


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17 октомври 2017 година (вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневна работилница на тема: НОВА ВЕРЗИЈА НА БРЕНДИРАЊЕТО БРЕНД 2.0

Дали брендот означува лого, етикета, симбол или нешто повеќе? Кои се најважните чекори низ кои треба да помине (или минува) секоја компанија која се занимава со комерцијализација (брендинг) на своите производи/услуги? За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 17 октомври 2017 година организира еднодневна работилница на тема: „Нова верзија на брендирањето – БРЕНД 2.0“. Низ неколку чекори запознајте се со најважните аспекти и елементи на развој на бренд и како со тоа да постигнете поголема диференцијација на пазарот. Многу компании се занимаваат со брендирање на своите производи, но само малку од нив знаат вистински да се поврзат со своите купувачи и да создадат “brand love” врска со нив. Вашиот бренд е ветување кон Вашиот клиент. Преку брендот не му ја пренесуваме само користа на клиентот од нашиот производ, туку многу повеќе од тоа - нашиот карактер, вредности и систем на верувања. Градењето бренд не е еднократен напор, туку континуиран и конзистентен процес на постојано надградување, тестирање, менување и ширење на знаењето. Петар Лазаров е консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, за извоз, автор и косопственик на „Македонија-Експорт“. Со своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од третата генерација обучувачи кои своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Тој е и дел од тимот за развој и за продажба на брендовите „МАМА’S“ - традиционални домашни рецепти што се извезува во повеќе од 30 земји во светот и TIP OF THE WEEK - Прирачниците за личен и за професионален развој што се продадени во +15.000 примероци во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16 и 17.10.2017 година (понеделник-вторник) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ДЕЛОВНА АДМИНИСТРАЦИЈА (КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ) ЗА ИЗВРШНИ АСИСТЕНТИ И ПЛАНИРАЊЕ РЕСУРСИ

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите. Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на останатата пропратна документација за канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги. Планирањето на ресурсите претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација. Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина” ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант, управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје, со 22-годишно искуство во областа на менаџментот. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.


Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

23


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА компании од Р.Македонија.

Грција

Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.

Кина

Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Кина

Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за Кина соработка со компании од Р.Македонија. Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови Грција од пластика произведува.Таа има Грчка компанија е голем производител интерес за соработка со компании од на ламинат рачно изработени кујни и врати. Компанијата е заинтересирана за Македонија. соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн). Таа е заинтересирана за соработка со

Кина

Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата


Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

БИЗНИС ИНФО

25

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.

Кина

Кина

Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.

Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за Мексико соработка со компании од Р.Македонија. Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални Кина услуги за обезбедување контакт со Компанија од Кина се занимава со минимален ризик, со фирми за пласман производство на челик, градежни на ваши производи или набавка на материјали, обложување на хемикалии стоки и услуги. итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Пакистан

Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија стоматолошки, ветеринарни на различна стока. Таа е заинтересирана инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од за соработка со компании од Р.Македонија. Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 6 октомври 2017, Бр. 323

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.