Бизнис ИНФО, број 314

Page 1

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

Број 314

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

07.7.2017

Одржана првата работна средба на бизнис секторот со претседателот на Владата на Република Македонија и претставниците на економските ресори во Владата

ДИСКУСИЈА ЗА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА КОИ СЕ ОД ИНТЕРЕС ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 7 јули 2017, Бр. 314 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

3

ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА

Одржана првата работна средба на бизнис секторот со претседателот на Владата на Република Македонија и претставниците на економските ресори во Владата

ДИСКУСИЈА ЗА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА КОИ СЕ ОД ИНТЕРЕС ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

Во насока на имплементација на добрата практика за унапредување на јавноприватниот дијалог помеѓу Владата на Република Македонија и приватниот сектор и креирање можности за заедничка дискусија во однос на приоритетите на економската програма на Владата на Република Македонија и отворените прашања кои се од интерес за бизнис заедницата, Стопанската комора на Македонија организираше заедничка работна средба на бизнис секторот со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и претставниците на економските ресори во Владата (5.7.2017 година).


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА На владиниот тим од страна на Комората му беа презентирани Предлозите, мерките и иницијативите на бизнис заедницата за подобрување на деловниот амбиент во Република Македонија. На работната средба учествуваа проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, проф. д-р Драган Тевдовски, министер за финансии, м-р Горан Сугарески, министер за транспорт и врски и Љупчо

Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и повеќе од 250 претставници на компаниите-членки на Комората. Од страна на Комората пред присутните беше посочено дека заокружувањето на темелните принципи на пазарната економија, консултирање на бизнис заедницата при донесување и менување на правната регулатива, владеење на правото, загарантирана приватна сопственост, поголем пристап до финансирање на компаниите и подобрување на ликвидноста, лојалната конкуренција и претприемачкиот потенцијал, унапредување на системот на образование и продуктивноста на работната сила се само дел од основните приоритети на делување, кога во услови на глобализиран пазар и интензивен конкурентски притисок компаниите треба да работат на развој на својата конкурентска моќ, а државите да го подобрат националниот бизнис-амбиент и да создадат услови во кои компаниите ќе можат да го развијат својот бизнис-потенцијал. Неопходно е


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

5

ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА изготвување на долгорочна стратегија за економски развој, како нов економски модел, што може да обезбеди остварување на клучната цел – постигнување стапка на раст меѓу пет и седум отсто во наредните десет години. Комората иницира пред донесување на буџетот на Република Македонија секоја година да се отвора дебата со бизнис секторот за проекциите на државната каса, како би се овозможило забелешките и предлозите на бизнис заедницата да бидат земени предвид при градењето на макроекономската политика за наредната година. Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во своето обраќање потенцираше дека нема економска иднина на една држава без иднина на приватниот сектор и без директно учество на бизнис заедницата во креирањето на деловниот амбиент. Многу скоро Заев најави имплементирање на неколку мерки - младинската гаранција, поддршка на претприемништвото и малите бизниси, како и креирање амбиент на посолидарно општество. Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори проф. д-р Кочо Анѓушев, пред присутните бизнисмени порача дека Владата нема амбиции да биде работодавач, туку партнер на стопанството, но ќе има за цел да обезбеди услови, а


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА ќе ги поддржи и фирмите кои ќе сакаат да растат. Основните постулати на кои ќе се базира економијата, посочи Анѓушев, се: поголема поддршка на домашните компании во извозната ориентираност, моделот на странски инвестиции да биде одржлив на долг рок, а бенифициите кои се обезбедуваат за странските инвеститори да важат и за домашните компании, да се зголеми соработката на македонските фирми со странските инвеститори, со што ќе се работи на подигнување на конкурентноста на македонските компании. Единствениот сегмент каде државата ќе се меша во реалниот сектор, посочи д-р Анѓушев, се капиталните инвестиции, вложување во патишта, далеководи,

гасовод и сл. Ќе се отворат дебати и за секторот енергетика, за досегашните проекти ќе се разговара со сите засегнати страни вклучително и со експертите и ќе се дадат приоритети на проекти за кои ќе се донесе консензус дека се најодржливи. Во рамките на дискусијата бизнисмените поставија серија прашања до владиниот тим. Се интересираа за можноста за јавно приватно партнерство, намалување на нетарифните бариери, на казните согласно Законот за прекршоци, за редовна исплата на ДДВ. Беше побарано да се растоварат компаниите од обврската веднаш при увоз да го плаќаат данокот на додадена вредност за увоз на опрема за производство. Прашања се поставија и за инвестициите во рударството, за здравственото осигурување, за тоа каква ќе биде политиката на Владата за секторот туризам и угостителство, како и за недостигот на стручен кадар кој ќе може да аплицира на европски фондови и да се


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

7

ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА користат милионските средства достапни за вложување во економијата во земјата. И на оваа средба беше алармирано дека компаниите се во незавидна положба бидејќи за нив важат законски дефинираните рокови за плаќање на обврските, а во истите рокови не можат да си ги наплатат побарувањата од јавниот сектор. Компаниите побараа транспарентност на постапките за продажба на градежното земјиште, како и добивање на соодветни дозволи од надлежните државни институции во што пократки рокови во насока на функционирање на ефикасна администрација, преиспитување на

сите парафискални давачки и висината на административните надоместоци. На сите овие прашања премиерот, заменикот на претседателот на Владата и ресорните министри даваа одговори, за некои прашања конкретни, а за некои беше оставен простор да бидат разгледувани од службите во Владата и во најкраток можен рок да се понудат решенија во интерес на бизнис секторот. На крајот на средбата беше посочено дека ваквата пракса на комуникација на бизнис секторот со Владата ќе продолжи и во иднина, а во меѓувреме компаниите имаат можност преку службите на Стопанската комора на Македонија да иницираат одговори за прашања кои се од нивен интерес. Даниела Михајловска Василевска


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ВО ОБЛАСТА НА НАМЕНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО И ПРОМЕТОТ

На седница на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, одржана на 4.07.2017 година, беше разгледана законската регулатива во Република Македонија, во областа на наменското производство и прометот, и беше констатирано дека се потребни значајни измени и дополнувања, согласно Европските директиви и анализираните тековни состојби во работењето на членките на Групацијата. За подобрување на деловното опкружување во земјата, се истакнаа клучните области на делување во наредниот период, во насока на подобрување на бизнис-климата, раст на реалниот сектор и создавање услови за забрзан и одржлив економски раст во земјата. Членките на Групацијата за оружје и опрема ја истакнуваат потребата од мерки и активности кои комплексно ќе донесат значајна економска благосостојба за домашните компании, преку остварување на следните барања: компаниите да бидат двигатели на


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

9

ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

растот; економски и административно да се поттикнува нивната стопанска активност и пласманот на конкурентни производи на домашен и странски пазар. Компаниите бараат владеење на основните принципи на пазарната економија, лојална конкуренција и нивна рамноправна вклученост во јавните набавки, консултирање при донесување и менување на правната регулатива, владеење на правото и поголем пристап до финансирање на компаниите од наменското производство. Здравата економија бара и постојан економски притисок компаниите да работат на развој на својата конкурентска моќ, а државата да го подобри бизнис амбиентот, економската слобода и да создаде услови во кои компаниите ќе можат да го развијат својот потенцијал за работа. За постигнување на оваа цел, членките на Групацијата иницираат повеќе измени на законската регулатива во областите од делокругот на работата на компаниите и инсистираат за директни и интензивни контакти со сите ресорни министерства и со соодветните државни агенции.

Лазо Ангелевски


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Одржана информативна сесија во Велес на тема

ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ НА КОМПАНИИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

Во рамките на Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“, на 04.7.2017 година во хотел „Романтик“ во Велес, се одржа информативна сесија на тема: „Придобивки и обврски на компаниите при вработувањето лица со хендикеп“, во организација на Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Велес и „Полио Плус – движење против хендикеп“. Оваа информативна сесија беше наменета за информирање и запознавање на компаниите со придобивките и обврските кои ги имаат при вработувањето


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ лица со хендикеп, а во насока на создавање инклузивна работна сила, бидејќи според истражувањата на Стопанската комора на Македонија, постои недоволна информираност на компаниите за различни прашања поврзани со вработувањето и задржување во работен однос на лицата со хендикеп. Модератор на настанот беше Томислав Ортаковски, програмски раководител на „Полио Плус–движење против хендикеп“, кој ги поздрави присутните и ги претстави активностите насочени кон институциите и компаниите кои имаат цел да придонесат за целосно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси Проф. д-р Лазар Јовевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, зборуваше за различни аспекти поврзани со предизвиците при создавање инклузивен пазар на труд, при што во првата сесија ги објасни придобивките и бенефициите за компаниите кои вработуваат лица со хендикеп, институционалната поставеност на системот за поддршка на вработување на лица со хендикеп, а во втората сесија ги истакна прашањата на еднаквост и недискриминација при вработување лица со хендикеп, разумното приспособување на работното место и улогата на организациите на лица со хендикеп во фацилитирање на процеси. Учесниците на информативната сесија имаа можност да се вклучат во дискусија и да ги изнесат своите искуства и предлози поврзани со вклучувањето на лицата со хендикеп на пазарот на труд. Преку овој Проект ќе се таргетираат компаниите кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Ќе се настојува да се отворат сите работни процеси за лицата со хендикеп во заинтересираните компании, имајќи предвид дека покрај вложувањето во унапредување на знаењата и вештините на лицата со хендикеп, од неизмерна важност е и поддршката на компаниите во процесот на создавање целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп. Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ е едногодишен заеднички проект на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ и е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 20072013 година – ИПА 4 компонента.

Ирена Жарова


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

РЕАЛИЗИРАНА ТРИ ДНЕВНА ПОСЕТА НА ПАЗАРИТЕ ВО Р. ГРЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ГРУПАЦИЈАТА НА ПАЗАРИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Во организација на Групацијата на пазари во рамки на Здружението за комунални дејности и Регионалната комора со седиште во Битола при Стопанска комора на Македонија во периодот од 3-6.7.2017 година беше остварена посета на пазарите во Солун, Лерин и Воден во Р. Грција. Делегацијата ја сочинуваа претставници од групацијата на пазари, т.е. раководни лица од пазарите во Република Македонија меѓу кои Скопски Пазар АД Скопје, ЈП Пазари Охрид, ЈП Пазари Битола, ЈПК Дервен Велес и ЈПК Комуналец Кавадарци. Во рамки на посетата на централниот пазар на Солун, беше реализирана средба со претседателот на пазарот г-дин Хабидис. Организаторите на пазарите од Македонија беа информирани за начинот на функционирање и организациската поставеност на пазарот во Солун, кој e формиран во 1966 година како Централен пазар за овошје и зеленчук, а во денешниот облик и објекти работи од 1975 година. Од пред 15 години на пазарот има изградено и инфраструктура за продажба на месо. Централниот пазар на Солун преставува и среден јазол на каналот на логистичкиот синџир на пазарот за овошје, зеленчук и месо. Ја дефинира цената помеѓу производителите и трговците на големо и мало, со цел да се промовираат производите, преку трговските точки, до финалните корисници и да се развие функционирањето на комплетната мрежа на пренос и трговија на овошје, зеленчук и месо. Во Р. Грција постојат само два вакви големи пазари од кој еден се наоѓа во Солун а другиот во Атина. И двата се во државна сопственост. Во рамки на посетата на Солун, групацијата за пазари при Комората организираше средба и со претседателот на Федерација на производители и продавачи на пазарите во Солун, г-дин Дерецис, каде беше разговарано за начинот како помалите


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

локални пазари во регионот на Солун функционираат и се организирани. Во согласност со воспоставената повеќе годишна соработка меѓу Коморите од Лерин и Битола, беше реализирана и средба во регионалната комора во Лерин, каде делегацијата беше примена од претседателот Савас Сапалидис, со цел што подобра комуникација и зголемување на трговската размена меѓу двете соседни земји. Беше посетен и пазарот во Лерин кој што функционира под раководство на општината и остварена средба со претседателот на пазарот, г-дин Јанис Пилидис. Три дневната посета на Грција беше заокружена со средби во Воден со регионалната комора на Пела и посета на пазарот. Беа остварени работни средби со претставници од комората каде што се разговараше за повеќе можни начини за соработка меѓу кои и проектни идеи и апликации во ИПА програмата. Остварен беше и состанок со претседателот на пазарот во Воден, г-дин Варсамидис.

М-р Никола Димковски


14

БИЗНИС ИНФО

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Олеснување во трговијата меѓу ЦЕФТА земјите

ОЧЕКУВАЊЕ ОД РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОТОКОЛОТ 5 Во рамки на ДИХК – ЦЕФТА проектот, Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина беше домаќин на регионалната завршна конференција на проектот, посветена на значењето на Светската трговска организација и Протоколот 5 во рамките на ЦЕФТА регионот. Потребно е со здружени сили и во соработка со сите надлежни институции во земјите-членки на ЦЕФТА да се работи на што поитно имплементирање на Протоколот 5. На тој начин ќе се елиминираат постојните бариери, ќе се намали чекањето на граничните премини, а меѓусебното тргување ќе стане побрзо, поефикасно и поефтино, истакна претседателот на Надворешно-трговската комора на БиХ, Ахмет Егрлиќ. Усвојувањето на Протоколот 5 е постигнато на 26 мај 2017 година во Белград, но следи процесот на неговата ратификација во земјите-членки на ЦЕФТА. Со него се очекува постепено создавање на еден заеднички и поголем пазар, кој ќе биде


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА глобално препознатлив и привлечен за потенцијалните инвеститори, заклучи заменик министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мато Фрањичевиќ. Протоколот 5 подразбира изработка на сеопфатни информатички решенија за приклучување на сите органи што управуваат со границите во земјите на ЦЕФТА. Увозниците и шпедитерите сега ќе можат преку интернет да поднесат барање за прекугранична контрола на производите со што административната работа на граничните инспектори ќе биде намалена за 90 проценти и ќе можат да имаат повеќе време за контрола на предметите. На тој начин се очекува стоката пократко да се задржува на граничните премини и прометот на производи помеѓу земјите-членки на ЦЕФТА да биде значително забрзан, појасни директорот на Федералната управа за инспекциски работи, Ајдин Ајдиновиќ. Поедноставување на инспекциските контроли во царинските процедури, намалување на формалностите, размена на информации меѓу царинските управи до ниво кое е дозволено од националното законодавство на секоја од членките на ЦЕФТА, како и меѓусебното признавање на статусот на овластен економски оператор, како основни цели на дополнителниот протокол 5, се повеќе годишни барања на бизнис заедницата од регионот кои преку коморите се презентираа редовно на секоја ЦЕФТА недела, истакна Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор во Стопанската комора на Македонија. ЦЕФТА е клучен инструмент за спроведување на правилата на СТО во регионот, а постои и заложба на членките на ЦЕФТА за примена на правилата и постапките на СТО од земјите кои сè уште не се членки на СТО, како што е случајот со БиХ, Србија и Косово. Според ланскиот трговски извештај на СТО економските ефекти од спроведувањето на Договорот за олеснување на трговијата во периодот 2015 – 2030 може годишно да се додадат 2,7% глобален раст на извозот и 0,5% од растот на БДП. За значењето и придобивките од соработката на коморите во регионот, поддржани од Унијата на трговско индустриските комори на Германија говореше координаторот на ДИХК – ЦЕФТА проектот, г-дин Едуард Шварц, кој потенцираше дека во рамки на 17 годишниот проектен период реализирани се бројни конференции, тркалезни маси, обуки, работилници, кои имаа за цел да го унапредат капацитетот на малите и средните компании кои соработуваат со партнери од регионот и пошироко, како и на оние активности наменети да ги унапредат експертските капацитети на коморите во правец на зголемување на нејзината ефикасност и активна улога во имплементирањето на ЦЕФТА договорот, преку квалитетен дијалог со владите и државните институции и се само дел од придобивките реализирани во рамки на проектот. Билјана Пеева-Ѓуриќ


БИЗНИС ИНФО

16

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Специјализирана болница ЖАН МИТРЕВ- синоним за врвна медицинска нега Беспрекорната грижа и безбедност на пациентот се синоними за работата на Специјализираната болница по хируршки болести ЖАН МИТРЕВ, водена од основачот, д-р Жан Митрев, реномиран кардиоваскуларен хирург. Ултра модерен медицински центар во кој работат искусни, врвни професионалци препознатливи по сложените и специфични кардиоваскуларни операции. Но, тие се и лидери во регионот во извршување на уникатни операции од областа на ортопедија, торакална хирургија, урологија, абдоминална хирургија, но и гинекологија. Исклучителни резултати се постигнуваат и кај лекување на гангрена со озон терапија. Бројни пациенти од земјата, но и светот се вредна потврда за тоа.

Според уникатноста на градбата, болницата претставува значајно градско обележје. Сместена е во срцето на градот Скопје, импонзантен, инзвореден по својата архитектура и естетика објект, со најсовремена медицинска опрема, но и просторни и хигиенски услови. Атмосферата во болницата потсетува на хотел, каде е минимизирано чувството


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

17

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ на присуство во болница. КАРДИОВАСКУЛАРНАТА ХИРУРГИЈА е срцето на болницата. Специфика на хируршкиот тим се најразлични зафати на срцето и големите крвни садови, потоа операција со која се премостуваат запушените коронарни артерии на срцето, како и аортокоронарен бајпас, замена и реконструкција на срцевите валвули, но и васкуларна хирургија на каротидните артерии, како и третман на лимбична периферна артериска болест. ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР е опремен со најсовремена, софистицирана PHILIPS технологија која овозможува прецизна дијагностика и огромна ефикасност при идентификување на здравствените проблеми на пациентите. Центарот функционира од 07.00 до 22.00 часот, а во викендите од 08.00 до 16.00 часот, со можност на ургентно прифаќање на секој пациент и независно од редовното работно време. За да се комплетира работата на дијагностичкиот тим овозможен е и медицински транспорт. Амбулантното возило е опремено со респиратор, монитор и останата неопходна апаратура за транспорт на најтешките, витално загрозени пациенти, во земјата, но и од странство. Тимот е обучен и сертифициран за ваков вид на транспортна медицинска служба, која може да се добие на 15777. Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ располага со повеќе АМБУЛАНТИ: кардиологија, интерна медицина, амбуланта за каридоваскуларна хирургија, но и гастроентерохепатологиј. Потоа, амбуланта за абодоменална хирургија, како и за ортопедија, урологија, но и гинекологија, неврологија и трансфузиологија. Тим на психолози се специјализирани за решавање на психолошки проблеми на личноста, а со помош на физиотерапевтите закрепнувањето на пациентите е поефикасно. Испитувањата кои се вредна поддршка на дијагностика се прави во најсовремената лабораторијата за микробилогија и биохемиската лабораторија. Одделението за ИНТЕНЗИВНА НЕГА е уникатно, не само поради просторноста и опременоста на собите, туку и по капацитетот од 70 кревети. Уште повеќе се одвојува од други болници по техниките и методите кои се применуваат во секојдневното лекување на болни и критични пациенти. Овде се води максимална грижа за безбедноста на пациентите и се прави 24 часовен мониторинг и контрола од интрахоспитални инфекции.


18

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Уште една специфика на овој медицински центар е лекувањето на ГАНГРЕНА со озон терапија. На почеток со пионерски чекори, но низ годините, преку темелноста и посветеноста на професионалците успеаа да ја издигнат оваа метода на лидерското место во регионот. ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ГЕНЕТИКА И ПЕРСОНАЛИЗИРАНА МЕДИЦИНА, инкорпорирана во системот на болницата преставува новитет и за регионот. Со тоа се постави еден современ пристап кој води од реактивна до проактивна медицина. Овде е овозможено генетско тестирање за коагулопатии во тек на бременост, третмани за плодност или хормонска контрацепција, а огромен интерес има и кај нутригенетика. Се воведе и фармакогенетика, а за првпат се направи напредно испитување со секвенционирање на геноми и егзоми. Овде, може да се направи и испитување на третман на рак и наследност на рак, како и неинванзивна пренатална дијагностика и генетско испитување за инфективни болести - вируси, бактерии и паразити, сепса. Од неодамна во листата на новитети во болницата се впишани и студијата за електрофизиологија или инвазивно испитување која се применува за проценка, дијагностика и лекување на неправилен срцев ритам. Лекувањето на децата може да го доверите на искусен тим на педијатри кои се специјализирани за пулмоалергологија и детска гастроентерологија. Сега, кардиолошката педијатрија која е наша долгогодишна специфика се надополни со овие педијатриски гранки. Овде имаме и кабинет за оториноларингологија, но и аптека која е од отворен тип и располага со специфични помагала и препарати. Одлика на перфекција во целокупната грижа за здравјето на пациентите во


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

19

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ болницата е одделот за сместување на пациенти, со специјално изградените и луксузно уредените ВИП АПАРТМАНИ. Болницата располага со 16 двокреветни соби на првиот спрат, 10 еднокреветни апартмани, 2 делукс апартмани, климатизацијата во секоја соба и обезбеден Wi-Fi интернет, како и LED TV во секоја соба, и A- la- carte и приспособено мени за пациентите и нивните најблиски. КОНФЕРЕНЦИСКАТА САЛА или позната како Аудиториум е на 3 кат, со капацитет од 90 седишта. Опремена е со видео ѕид од 4x47 ``, безжично озвучување, модерно осветлување, техничка поддршка, а се нуди и, кетеринг/ресторанска услуга, како и паркинг простор и обезбедување за корисниците. Покрај организирање на научни собири, предавања, презентации, работилници, прес-конференции, салата е атрактивна за изнајмување од надворешни лица за организирање на нивни настани. Предноста на просторот е како во современите услови за работа, така и во можноста за користење на ресторанските услуги. РЕСТОРАН“ПУЛС“ е од отворен тип кој функционира во рамките на болницата. Во согласност со потребите на корисниците, искусниот тим од ресторанот може да понуди повеќе видови на менија подготвени според HACCP стандардoт. Се на едно место, како што доликува на еден современ ултрамодерен медицински центар. Посетете нe` и на веб: www.zmc.mk, Facebook/ ZANMITREV. За сe` дополнително, контактирајте нe` на: info@zmc.mk.


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 7 јули 2017, Бр. 314

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 7 јули 2017, Бр. 314

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

21


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„12. AGRI-TRADE “ФОРУМ МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА И НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА (16+1)

24-26 август 2017 година Горња Радгона, Р. Словенија

Стопанската комoра на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, Ве покануваат да бидете дел од овогодинешниот „12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, којшто претставува еден од најзначајните настани во областа на земјоделието во рамки на Иницијативата 16+1. Настанот се одржува секоја година во различна држава на високо политичко и министерско ниво, а на овогодинешниот настан се очекува учество да земат политички и бизнис делегации од сите земји од Централна и Источна Европа (Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Црна Гора, Естонија, Хрватска, Латвија, Литванија, Македонија, Полска, Словачка, Словенија, Србија и НР Кина). Политичкиот дел од настанот ќе се одржи на 25 август 2017 година, петок во Брдо при Крању, Р. Словенија каде што министрите од земјите од Централна и Источна Европа и Кина ќе бидат дел од Министерската Конференција на тема „Важноста на синџирите за снабдување со прехранбени производи на локално и глобално ниво“. По завршувањето на Конференцијата делегациите од земјите учеснички ќе остварат и билатерални средби. `Настанот ќе продолжи и наредниот ден на 26 август 2017 година, сабота со свеченото отворање на 55. Интернационален саем за земјоделие и прехрана-АГРА, којшто ќе се одржува во Горња Радгона, Р. Словенија, а во чии рамки ќе се одржи и „12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина. Оваа година земјите од Централна и Источна Европа ќе имаат можност да ги презентираат своите потенцијали на Националните павиљони, при што посебен акцент ќе биде ставен на НР Кина како партнерска земја во Иницијативата 16+1. Во попладневните


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

часови ќе се одржи и Бизнис Конференција на земјите од Централна и Источна Европа на којашто сите излагачи и бизнисмени од областа на земјоделството, прехранбениот сектор и комплементарните индустрии се поканети да земат учество. Бизнис Коференцијата претставува одлична можност за вмрежување и размена на информации и искуства со претставниците од дадените индустрии. Ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите заинтересирани компании од областа на земјоделството, прехранбениот сектор и комплементарните индустрии да земат учество на Бизнис Конференцијата, којашто ќе се одржува на 26 август 2017 година, сабота од 15:00 до 18:00 часот во хала 1 на саемот АГРА во Горња Радгона. Сите заинтересирани компании учеството на претстојниот Форум можат да го пријават со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 10 јули 2017 година. Работен јазик на Форумот е англиски. За подетални информации во врска со настанот, Ве молиме контактирајте со Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 17– 19 јули 2017 година Прага, Р. Чешка

Стопанската комoра на Македонија во соработка со Чешкo- кинеската комора за соработка и Кинескиот центар за економска соработка, ве покануваат да бидете дел од овогодишниот Кинески инвестициски форум 2017, што ќе се одржува во периодот од 17-19 јули 2017 година во Прага, Република Чешка. Кинескиот инвестициски форум веќе пет години по ред претставува официјална платформа за економска соработка, политички, дипломатски и деловнии состаноци на ниво на високи државни претставници на 16-те земји од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина. И оваа година Кинескиот инвестициски форум има за цел на едно место да се сретнат сите политички претставници, бизнисмени и инвеститори од Република Чешка, Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа и да дискутираат за тековните политички и економски рамки во однос на соработката меѓу Народна Република Кина и 16те земји од Централна и Источна Европа. Форумот се одржува во согласност со „Насоките од Рига за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа“, усвоени од страна на премиерите на овие земји во ноември 2016 година во Рига, Латвија. Овогодишниот Форум ќе се одржи под покровителство и присуство на Н.Е. Милош Земан, претседател на Република Чешка и Н.Е. Бохуслав Соботка, премиер на Република Чешка. Официјалната делегација од Народна Република Кина ќе биде предводена од господин Лиу Јуншан, член на Постојаниот комитет на Политбирото на Народна Република Кина, придружуван од високи претставници на министерско ниво. На настанот покрај претседателот и премиерот на Република Чешка, говорници ќе бидат и функционери од чешката Влада и политичката сцена, како и од останатите земји од Централна и Источна Европа. Во 2013 година, претседателот на Народна Република Кина покрена нова иницијатива за меѓународна соработка: „Економски појас на Патот на свилата“ и „Поморски пат на свилата на 21-от век“. Оваа иницијатива оттогаш постигна важни резултати и доби поддршка од повеќе од 100 земји и меѓународни организации. На 14 и 15 мај 2017 година, Пекинг беше домаќин на Форумот „Еден појас, еден пат“, за меѓународна соработка под покровителство и надзор на претседателот на Народна Република Кина, Н.Е Кси Џинпинг. На настанот учествуваа делегации на високо ниво од повеќе од 30 земји.


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Кинескиот инвестициски форум 2017 има за цел да ги елаборира резултатите од Форумот во Пекинг, воведувајќи конкретни проекти како примери и можности за другите земји и да најде синергии во соработката меѓу земјите од Иницијативата „Еден појас, Еден пат“. Настанот ќе се одржи од 17-19 јули 2017 година, во Замокот во Прага. За времетраење на настанот, доколку бројот на членови на делегацијата не го надмине одобрениот лимит, организаторите ќе обезбедат бесплатно сместување во официјалните хотели на Кинескиот инвестициски форум 2017. Кетеринг услугите и транспортот од - до хотелите каде што ќе бидат сместени делегациите и каде што ќе се одржуваат настаните е бесплатно за сите учесници на настанот. Патните трошоци се на товар на учесниците. Регистрацијата за Кинескиот инвестициски форум 2017 се врши по електронски пат на следниот линк: account.czechchina.com/registration најдоцна до 30 јуни 2017 година. Организацискиот комитет на Кинескиот инвестициски форум 2017, по извршената регистрација, ќе ги оцени пријавите и ќе ги информира апликантите дали нивната апликација е одобрена или не. Апликантите потоа ќе имаат можност преку оваа платформа да ги изберат и партнерите за деловните средби, коишто оваа година ќе се одржат меѓу претставници од Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа. За повеќе информации, посетете ја и официјалната страна на настанот: www.czechchina.com/cif. За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27– 30 септември 2017 година Анталија, Р. Турција

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на овогодниешниот „INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “. Овогодинешната конференција ќе се оджи во Анталија, Р. Турција во периодот од 27-30 септември 2017 година. Цел на конференцијата е на едно место да ги собере сите експерти од областа на фармацевтската индустрија на Турција и пошироко. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 14.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http://www. uluslararasieub.com/about-us/ За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „FOOD ISTANBUL 2017“

19– 22 септември 2017 година Истанбул, Р. Турција

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ FOOD ISTANBUL 2017 “. Меѓународниот саем наменет за прехранбената индустрија ќе се одржи во периодот од 19 - 22 септемви 2017 година во Истанбул, Р. Турција. Оваа манифестација е една една од најпрестижните платформи каде секоја година се среќаваат најпрестижните имиња од прехранбената индустрија од цела Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Русија и Балканот со повеќе од 1000 брендови, 250 изложувачи и над 35.000 посетители. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 11.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http:// cnrfoodistanbul.com/index.aspx?ln=2 За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, БУДВА, ЦРНА ГОРА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации: * на 49. Саем за градежништво оваа година на јавноста ќе бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; * 5. Саем за енергетика е можност да се претстават новите технологии и достигнувања на компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кон истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; * саемската платформа и компаративната предност која ја нуди 12. Саем за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на саемските манифестации со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 7 септември 2017 (четврток). За подетални информации околу посетата и закуп на штанд ве молиме контактирајте со Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk .


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ

28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

ЕЕН при Стопанската комора на Македонија Ве поканува на Меѓународни бизнис средби во Тирана, Албанија. Оваа меѓународна активност ќе се фокусира на партнерства меѓу претставниците на меѓународниот бизнис и албанските компании. Инвеститорите и компаниите од Италија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Австрија, Грција, Германија, Косово, Македонија, Бенелукс, Хрватска, нордиските земји, Швајцарија и од многу други земји ќе имаат можност да го покажат својот интерес за соработка со албанските партнери, на 28-29 септември 2017 година. Ова е водечка платформа која има за цел да промовира инвестиции и да обезбеди стратешка и богата средина за учење, деловни бизнис средби, заедничко вложување итн. Сите учесници ќе имаат можност со нивните партнери да создадат добра клима за мрежно поврзување. Притоа, ќе се разговара за тоа како да се привлечат соодветни меѓународни инвестиции, што ќе придонесе за конкурентноста на националната економија. Бизнис средбите во Тирана ќе ги соберат корпоративните лидери, креаторите на политиките, експертите, за да ја нагласат важната улога на странските фирми, во два интензивни дена. На овој настан ќе се создаде глобална сцена за презентирање на иновативни идеи и истражување на нови вложувања и воспоставување деловни партнерства. Фокус: Ефективни 20 минути за поединечни деловни средби за да се поттикне ефикасно вмрежување. Главни теми: Инфраструктура; туризам; прехранбена индустрија; земјоделство; иновации и технологија; енергија; инвестиции / финансирање. Како работи? 1.Регистрирајте ги и објавете ги Вашите желби за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесници и закажете средби со компании за кои сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот добивате распоред на состаноци. За да се регистрирате за учество, Агендата и други информации, постете ја интернетстраната https://www.b2match.eu/tiranabusinessmatching2017 Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

35


36

БИЗНИС ИНФО

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042035 Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042036

УКРАИНА UA00000042031 Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042032 Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042034

Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи.

УКРАИНА UA00000041975 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

ПАКИСТАН PK00000041972

Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат Компанија од Украина нуди линии за производство пресуван под висок притисок и е компанија


петок, 7 јули 2017, Бр. 314

БИЗНИС ИНФО

37

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото

УКРАИНА UA00000041963 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

УКРАИНА UA00000041950 Компанија од Украина која е производител на

свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000041951 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

УКРАИНА UA00000041947 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.

КИНА CN00000037834 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 7 јули 2017, Бр. 314

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.