СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
1
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
www.mchamber.mk Број 101 од 07.06.2012
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија
ПРИФАТЕНИ ДЕЛ ОД МЕРКИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СО НОВИТЕ ПАКЕТМЕРКИ ШТО ГИ ДОНЕСЕ ВЛАДАТА Пресс конференција во Комората
Работата на Комората претставена пред новите членки
Групација на агрегати, бетони и асфалти
АКО КРИЗАТА СТАНЕ ПОГОЛЕМА, ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА - КАКО ДО АКТИВНОСТИТЕ, ПРОЕКТИТЕ УШТЕ ПОСИЛНО ЌЕ СЕ БОРИМЕ, ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕН СТАНДАРДИ УШТЕ ПОСИЛНО ЌЕ РАБОТИМЕ И ЌЕ И УСЛУГИТЕ НА КОМОРАТА ПО МЕРКА НА КОМПАНИИТЕ КОИ СЕ УСВОЕНИ КАКО МАКЕДОНСКИ ИНВЕСТИРАМЕ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
БИЗНИС ИНФО
2
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
INTEGRALISSIMO - ИНТЕГРАЛНИ КЕКСИ Почитувани потрошувачи, АД Европа-фабрика за чоколади, вафли и бонбони со гордост ви го презентира првиот производ од нејзината здравствена програма- Integralissimoинтегрални кекси . АД Европа во 2011 год. започна процес на ребрендирање на речиси целокупниот асортиман на производи, кој вклучуваше анализа на пазарот, и на побарувачката и желбите на потрошувачите, прибирање податоци за истите, изнаоѓање на креативни решенија и најпосле реализација на истите. Целта на Ад Европа е секогаш да ги следи новите трендови, па оттука и идеата да започне со производство на овие интегрални кекси, како дел од програмата на диететски производи, која планира континуирано да ја збогатува. Овие производи потрошувачите веќе може да се најдат во сите маркети ширум Скопје и Р. Македонија. Искрено се надеваме дека ќе ви се допадне оваа новина од АД Европа, бидејќи ние не застануваме тука, и наскоро ќе ве запознаеме со уште многу ребрендирани и нови производи.
Откријте ја тајната на слаткиот вкус...
Секогаш ваша,
АД Европа.
ЗЛАТЕН ПАРТНЕР
ПРЕМИУМ Покровители
Златен партнер
Покровители
на
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
БИЗНИС ИНФО
3
АКТУЕЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ
Стопанска комора на Македонија
ПРИФАТЕНИ ДЕЛ ОД МЕРКИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СО НОВИТЕ ПАКЕТМЕРКИ ШТО ГИ ДОНЕСЕ ВЛАДАТА Владата на Република Македонија промовираше нови 12 економски мерки со системски пристап. Според соопштението на Владата, економско-социјалните мерки се во функција на подобрување на позицијата и конкурентноста на населението, или на компаниите. Со оглед на фактот што за нивна реализација се изнајдени буџетски средства, се оценуваат како реални и остварливи. I. Од 8-те мерки, кои се со цел да се обезбедат дополнителни средства за поддршка на компаниите, во четири мерки содржани се досегашните барања на членките на Стопанската комора на Македонија, поради што целосно се поддржуваат од компаниите, а тоа се следните: 1. Обезбедувањето на нови 10,7 милиони евра за финансирање на мали и средни фирми од преработувачката индустрија преку докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот, кои средства ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија од областа на преработка на земјоделски производи и мали и средни фирми кои се занимаваат со откуп и извоз на земјоделски производи и нивни преработки. Средствата ќе бидат наменети за обртни и основни средства, при што условите за фирмите
ќе бидат исклучително поволни: камата од 3%, рок на отплата 5 години со 1 година грејс период за основни средства; односно камата 3% и рок на отплата 18 месеци со 3 месеци грејс период за обртни средства. Оваа мерка беше барана од преработувачите на земјоделски производи пред се` поради сезонскиот карактер на земјоделското производство, согласно кој во период од дватри месеци треба да се откупи и исплати едногодишна реколта од одредена земјоделска култура, која ќе се преработи и продава во текот на целата година. Поради врзувањето на значителни средства во залихите од откупените количини, што беше главниот аргумент, Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија бараше поволни кредитни линии со субвенционирани камати, во функција на благовремен откуп, односно исплата на
Изјава на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески за новите економско-социјални мерки на Владата на РМ: Заменикот на претседателот на Владата на РМ и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески, на 4.6.2012 година оствари работна средба со претставниците на стопанските комори во Македонија и Македонската банка за поддршка на развојот. Средбата беше реализирана по објавениот нов пакет економско-социјални мерки што ги усвои Владата. За претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески оваа средба е пример за вистински јавно-приватен дијалог кој продолжува. - Нашите заложби за развој на инфраструктурата, извозот и инвестициите во овој период на криза во Европа ќе претрпат одредени измени. Затоа, инсистираме и сакаме да видиме што почесто ваков дијалог меѓу Владата и приватниот сектор, за разгледување на сите можни промени кои настануваат во секторите што се носечки во македонската економија, истакна Азески.
БИЗНИС ИНФО
4
АКТУЕЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
земјоделските производи понудени за откуп.
инвестиции и од можностите на
2. По најавата, евтина кредитна линија во вредност од 100 милиони евра за мали и средни претпријатија од ЕИБ, за кои кредити Владата ќе ја субвенционира и каматата, фирмите ја очекуваат пред се` за подобрување на нивната состојба со обртни средтва, односно намалување на степенот на неликвидност кај истите.
Програма за 1000 нови вработувања преку обука за познат работодавач - со цел на работодавачите кои имаат потреба од нови вработувања да им се помогне со обука на лицата кои ќе се вработат, чија ефикасност, и покрај дадената можност, ќе зависи исклучиво од потребата на нови работни места во бизнис секторот.
Владата на Република Македонија општините. промовира 12 нови економско-социјални третата мерки 2.
3. Со легализацијата на објектите за земјоделска намена, кои се бесправно изградени на земјоделско земјиште, ќе се исполни едно клучно барање, посебно од Групацијата за оранжериско производство, односно ќе се легализираат објектите под стакленици. Имено, стаклениците, иако легално изградени во рамките на земјоделско-индустриските комбинати, тие не фигурираа во имотните листови на сега новите сопственици по приватизацијата на истите. Со тоа секој обид да се направи заедничко вложување со странски партнер, или да се земе кредит со хипотека на истите, не беше можен, затоа што во нивните имотни листови фигурира само земјоделска површина без оранжеријата како објект. Сега, ќе се даде можност, со соодветни законски измени, истите да се легализираат. 4. Со Проектот - Летен/ зимски одмор, предвидено е финансирање на полн седумдневен пансион за 3000 деца од социјално ранливи семејства, во туристичките капацитети низ Македонија, со што соодветно ќе се зголеми обемот на туристичките услуги годинава.
Владата одлучи да преземе одредени мерки и проекти, кои имаат за задача да ја подобрат позицијата на населението, особено на оние најзасегнатите, кои имаат понизок стандард од просечниот. Мерките имаат за цел низ системски пристап да ја подобрат позицијата и конкурентноста на населението или на компаниите, а во друг дел се со фокус кон социјално ранливите групи и имаат директно влијание врз подобрување на стандардот на таа општествена група, односно или семејствата да се ослободат од дел од трошоците преку додавање на определена субвенција, или пак да се зголеми стандардот преку интервенција на државата во задоволување на личните или семејните потреби на социјално ранливите групи, или пак да се овозможи вработување на лицата.
II. Кај мерките од областа на вработувањата, за компаниите внимание предизвикаа следниве програми: 1. Програма за вработување на 4000 лица, односно Програма за јавни работи и вработување на 2000 лица, со можност за вработување на уште 2000 лица преку општините, чија реализација ќе зависи во најголем дел од реализацијата на капиталните
Имено, во кризни услови на стопанисување со драстично намалена побарувачка од странство и намалена домашна потрошувачка, компаниите се воздржуваат од нови инвестициони активности како предуслов за нови работни места и вработувања, а намалувањето на трошоците преку намалување на бројот на вработените, покрај другото, е се` поприсутно кај постојните тековни стопански активности. Поради тоа, за реализација на наведените мерки, односно искористување на можноста дадена со истите, императив се дополнителни мерки во функција на поттикнувањето на реализацијата на планираните инвестиции, на мотивирање на инвеститорите, кои сега планираните инвестиции го одложуваат за подобри времиња. Сепак, Владата во соопштението најави и дека ќе излезе со нов сет на мерки, адаптирани на тековните состојби, согласно барањата на стопанските комори. Во тој контекст, Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија ќе утврди предлог-мерки за подобрување на бизнис-климата, кои ќе бидат доставени до Владата на РМ со барање за нивно донесување, како и до медиумите за запознавање со истите.
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
БИЗНИС ИНФО
5
СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА
Пресс конференција во Комората
АКО КРИЗАТА СТАНЕ ПОГОЛЕМА, УШТЕ ПОСИЛНО ЌЕ СЕ БОРИМЕ, УШТЕ ПОСИЛНО ЌЕ РАБОТИМЕ И ЌЕ ИНВЕСТИРАМЕ Во услови на криза, сосема нормална појава е стравот, тој ги тера луѓето да штедат, да ги смалуваат трошоците, да чекаат кризата да помине. Јас размислувам и правам поинаку. Со кризата се борам со тоа што не чекам, туку вложувам многу повеќе труд и енергија. Инвестирам во нови производи, во нови линии, не штедам, напротив, трошам повеќе, - изјави гoсподинот Јован Дабевски, сопственик на Млекарницата „Здравје“ - Радово, на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија (4.6.2012 година). Дабевски посочи дека во последните две години Млекарницата „Здравје“ - Радово инвестирала во: објект и опрема за производство на трајно млеко, за јогурти, за зголемување на капацитетот за производство на сирење и кашкавал, за производство на десертни видови млеко и јогурт, за производство на овошни сокови, во фарма за одгледување на крави, во возила, дистрибутивни центри и маркетинг. Резултат на сите тие инвестиции и цел тој труд е денешното дневно производство од 110.000 литри македонско млеко дневно, со што станавме најголема македонска млекарница, вели Дабевски посочувајќи оти над 25% од тоа производство оди за извоз, со што станале најголемиот извозник на
млечни производи од Р. Македонија. Сега партнери на „Здравје“ - Радово се најголемите фарми – кооперанти. Квалитетот на млекото над 70% е европски. Млекарницата има над 260 вработени, од кои многумина се млади луѓе со високостручно образование, на кои ова им е прво вработување. За менаџментот на „Здравје“ - Радово не е спорен увозот на млеко. Напротив, тоа е стимул повеќе домашните млекарници постојано да го зголемуваат квалитетот на своите производи согласно меѓународните стандарди. Во оној момент кога земјата ќе стане членка на Европската унија отворениот пазар ќе ги даде своите бенефити. Македонските производи, вели Дабевски, тогаш ќе бидат подготвени да одговорат на европскиот квалитет, со што се зголемува пазарот за македонските млечни производи. Инаку, според статистичките податоци, производството на кравјо млеко од 2005 година наваму забележа значителен пораст, така што од 197 милиони литри во 2005 година, се зголеми на 347 милиони литри во 2010 година, или за 76%, односно 376 милиони литри (за 90%) во 2011 година и покрај намалениот број на грла. Порастот се должи на зголеменото производство по грло од 2.245 литри по молзна крава во 2005 година, на 2.866 литри во 2011 година ( или пораст за 28% по грло).
Недостигот од сурово млеко што во овој период од годината е посебно присутен нема да ја зголеми откупната цена и домашното производство, туку увозот од регионот. И покрај се` поголемиот недостаток на сурово млеко на пазарот, нема простор откупната цена да порасне бидејќи цената на суровото млеко во регионот, па и во Европа е пониска од македонската, додека домашниот пазар, согласно ЦЕФТА-договорите е отворен со 0% царинска стапка за млеко и млечни продукти. Откупната цена на сурово млеко со екстра квалитет во ЕУ се движи околу 20 евро/цент, а во Македонија се плаќа повеќе од 30 евро/цент. Поради регионалниот пристап и цената на суровото млеко, која главно ја диктира Србија како најголем производител на млеко и млечни производи во регионот, за да се зголеми конкурентноста на домашното производство, сметаме дека е потребно од една страна домашните фармери да работа на зголемување на млекопроизводството по грло, со што би биле попрофитабилни, и од друга, рационално и ефикасно користење на расположивите средства за системска поддршка за потенцијално конкурентни производи на либерализираниот пазар, како и за стратешките производи за развој во производниот синџир за производство на прехранбени производи, по примерот на етапно спроведуваните реформи во ЕУ.
6
СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА
Работата на Комората претставена пред новите членки
АКТИВНОСТИТЕ, ПРОЕКТИТЕ И УСЛУГИТЕ НА КОМОРАТА ПО МЕРКА НА КОМПАНИИТЕ
Во Стопанската комора на Македонија, на 4.6.2012 година, традиционално се одржа презентација на целокупната програма што ја спроведува Комората со цел запознавање на новите членки со активностите, проектите и услугите кои ги нуди истата. Настанот беше отворен од страна на директорката на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање на членките, Софче Јовановска, која детално ги објасни сите активности, проекти и вредности кон кои се стреми Комората, а кои директно се насочени кон тоа сите наши идни и сегашни
БИЗНИС ИНФО членки да се здобијат со знаења и искуства со кои реално би придонеле за поефикасно стопанство и професионално работење на компаниите. Софче Јовановска имаше свое излагање за начинот на кој се користи веб-порталот на Стопанската комора, за услугите и можностите што ги нуди истиот за сите оние кои се заинтересирани да се запознаат со нашите активности и цели, како и начинот на кој можат да станат дел од нашата асоцијација и успешно да го водат својот бизнис. Воедно, свое обраќање имаше и Ацо Спасовски, самостоен советник во Дирекцијата за застапување на интересите на членките, кој детално го објасни начинот на кој функционираат здруженијата во рамките на Комората. Елена Милевска Штрбевска, како виш соработник во Комората, детално им ја презентираше можноста за решавање на спорови со помош на арбитража, како можност плус што ја нуди Комората, со цел подобро да се заштитат интересите на
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
фирмите, нивниот кредибилитет и рејтинг во јавноста, а воедно да се избегнат и долгите судски постапки кои негативно би се одразиле на работењето на истите. Целта на овој настан беше раководството на Стопанската комора на Македонија детално да им ја претстави својата долгогодишна работа, своите визии, идеи и цели на новите членови, како и да им докаже дека токму Стопанската комора е нивниот најдобар избор за успешно деловно работење, професионализам и докажан квалитет како рецепт за успех во работењето.
Одржан еднодневен семинар
CASH FLOW (УПРАВУВАЊЕ СО ГОТОВИНСКИ ТЕК) АНАЛИЗА И ИЗВЕШТAИ
На 4.6.2012 година во Стопанската комора на Македонија се одржа еднодневен семинар на тема: CASH FLOW (УПРАВУВАЊЕ СО ГОТОВИНСКИ ТЕК) АНАЛИЗА И ИЗВЕШТAИ. Целта на овој едукативен настан беше да им се презентира значењето на правилното читање на финансиските извештаи за успешно водење бизнис или финансиска институција. Компаниите добија претстава за тоа што всушност значи поимот Cash flow (управување со готовинскиот тек), во однос на методите на пресметка на готовинскиот тек, управувањето со ликвидноста, се` со цел спречување на појава на загуби, подобрување на менаџирањето со
обртниот капитал и на особено тешкиот и комплициран процес на проекција, како и подобрување на управувањето со идните готовински приливи и одливи. Семинарот беше отворен со презентирање на основните финансиски извештаи и извештаи за паричните текови, беше објаснето значењето на обртниот капитал и неговото влијание во вкупното работење на компанијата, начинот на управување со обртниот капитал, проекција на готовинските приливи и одливи. На крајот од овој едукативен настан беше изготвена т.н Case stady (студија на случај) во која зедоа учество сите учесници на настанот со свои прашања и заедничка анализа на дадените проблеми. Предавач на овој настан беше Александар Василски, кој дипломирал
на Факултетот за бизнис-студии Гренобл, Франција (Grenoble Ecole de Management, France) директор на Дирекцијата за управување со ризик за правни лица во Секторот управување со ризик. Неговите главни области на работа и обуки се поврзани со: управувањето на кредитниот ризик, финансиски анализи, управување на наплатата и управување на стратешкиот ризик. За време на неговиот професионален ангажман, тој работел на многу проекти како во својата матична земја, така и во странство. Овој настан пред се` беше наменет за сите кои учествуваат во управувањето и анализа на паричните текови, почнувајќи од мали и средни, па се` до големите компании: претприемачи, сопственици и менаџери на компании и финансиски аналитичари. На крајот на овој семинар Стопанската комора на Македонија на сите учесници им додели соодветни сертификати за стекнатото знаење и вештини во областа на CASH FLOW (УПРАВУВАЊЕ СО ГОТОВИНСКИ ТЕК) АНАЛИЗА И ИЗВЕШТAИ.
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
7
СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Групација на агрегати, бетони и асфалти
ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА - КАКО ДО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕН СТАНДАРДИ КОИ СЕ УСВОЕНИ КАКО МАКЕДОНСКИ Групацијата на агрегати, бетони и асфалти на состанокот одржан на 5.6.2012 година го разгледуваше Водичот за имплементација на европските стандарди усвоени како македонски, кој беше подготвен од страна стручна работна група. На состанокот, покрај претставници на фирмите-членки на Групацијата, присуствуваа и претставници на Mинистерството за транспорт и врски, пазарниот и државниот инспекторат, како и од Агенцијата за државни патишта. Во воведното обраќање, господинот Иван Ангелов, претседател на Групацијата, истакна дека формирањето на Групацијата за агрегати, бетони и асфалти, пред се`, е заради поизразената потреба од организирано делување и едуцирање на учесниците во производството на конечниот производ, односно бетонот или асфалтот, притоа почитувајќи ги одредбите на законските решенија
за градежни производи, како и имплементација на усвоените европски стандарди во градежништвото и производството на градежни материјали во Република Македонија. За таа цел, беше подготвен Водичот, кој треба да претставува основа за запознавање и информирање на сите инволвирани страни при имплемнатацијата и контролата на стандардите, односно заеднички и синхронизирано да се настапи во една сериозна кампања. Во обемната расправа беше потенцирано дека за пласман на производството на домашен пазар, не е потребна ЦЕ-ознаката, согласно законските прописи, а бидејќи производите агрегати, бетони и асфалти не се извезуваат и немаат потреба од нивно поседување. Сепак, како најголем проблем претставува недоволната информираност на компаниите, а се нагласи, дека и кај повеќето институции постои меѓусебна несинхронизираност,
како во донесување на законските прописи и стандарди, уште повеќе во определување на надлежностите. Од страна на производителите беше поставено прашањето, како може на едноставен, лесен и најкраток пат да бидат информирани, бидејќи законските прописи доста често се менуваат, а во повеќето компании нема доволно кадри кои би ја следеле законската регулатива. На крајот беше заклучено во најскоро време да се направат дополнувања на Водичот, се` со цел да се дополнат сите барања поставени на состанокот, а исто така и да се дополни и со контакти на надлежните институции и лица, во делот на контролата.
Марија Петроска
За прв пат во Македонија
BUSINESS EXCELLENCE SHOW
Првиот Business Excellence Show во Македонија, организиран од страна на Una Logica, а поддржан од страна на Министерството за образование и наука, се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на 31 мај 2012 година. Како партнер на овој настан беше и Стопанската комора на Македонија, која во целост го поддржа и помогна во реализирањето на истиот. Имено, целта на BES е да врши афирмација на добро менаџирање и работење на компаниите, односно промоција на принципот на извонредност во работењето. На овој настан се овозможи претставници од различни компании на едно место да го споделат своето искуство кое се однесува на извонредност во работењето. Ова беше овозможено преку спикерите и консултантите кои беа дел од оваа Конференција. BES беше конципиран како еднодневен настан, на кој се претставија над 20 извонредни светски и локални говорници. Од домашните говорници беа еминентните стопанственици: Кочо Анѓушев, Славчо Ангеловски, Владимир Димитроф, Димитар Андонов, Петар Кајевски, Жарко ПопИлиев, Златко Муцунски, Илијанчо Гаговски, Љупчо Давчев, Вања Стојановски и Горан Лазаревски. Од светските експерти учествуваа: Тауно Кекеле, Весна Кузмановиќ, Веран Матич, Димитриос
Николаидис, Синиша Зарич, Јоке Ланд, Христо Кафтанџиев, Осман Ејупи, Љубиша Адамович, Грахам Холовеи, Гордана Поповиќ и Денис Вилкокс, кои преку видео-конференциска врска учествуваа на овој настан. Покрај паралелните сесии, на настанот дел од компаниите имаа можност да ги претстават своите услуги пред присутните претставници на компаниите. Како новина беа и бизнисисповедалниците – места за ексклузивни разговори со над десетина консултанти, како и размена на знаења со врвни менаџери, експерти, претставници на дипломатијата.
Спикери и консултанти на овој настан беа врвни личности од својата област од земјава и од странство, меѓу кои од Стопанската комора на Македонија беше Јадранка Аризанковска, сертифициран менаџмент-консултант на ЕУпрограми. На настанот беа обработени неколку главни тематски блокови од интернационално усвоениот модел за Business Excellence, со цел зголемување на свеста и знаењето на релевантни институции за улогата и важноста на конкурентноста на производите и услугите, како и подобрување на условите и намалување на трошоците за водење бизнис.
8
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Назив на Проектот: АЛ-Тирана: Консултантски услуги за супервизија Програма за санација на патишта (ЕИБ) AL -Tirana: Consulting services for works supervision - Roads rehabilitation programme (EIB) Референца: EIBZ77582 Финансиска референца: 2012/S 104173081 Вид на набавка: Услуги Финансиер: ЕБРД, ЕИБ, КФВ Земја: Албанија Краен рок за апликација: 27.6.2012 година Сектори: Градежништво и инженеринг: - планирање / архитектура / инженерство - изградба / градежништво / - автопати / патишта / мостови / тунели - супервизија Назив на Проектот: RS-Белград: Изградба на автопат (ЕИБ) RS-Belgrade: Construction of motorway (EIB) Референца: EIBZ77583 Финансиска референца: 2012/S 104173080 Вид на набавка: Работи Финансиер: ЕБРД, ЕИБ, Светска банка Земја: Србија Краен рок за апликација: 2.8.2012 година Сектори: Градежништво и инжинеринг - планирање / архитектура / инженерство - изградба / градежништво / - автопати / патишта / мостови / тунели
Пристап до информации за меѓународни и ЕУ-тендери Секоја година меѓународните институции, како Светска банка, Европската комисија, Обединетите нации, Европската банка за обнова и реконструкција секојдневно објавуваат тендерски можности за набавки на производи, услуги, градежни и други работи како резултат на програмираната помош наменета за развој на земјите. Во голема мера овие тендерски можности се подобни и се отворени и за македонските фирми. Токму во насока да им се помогне да дојдат навремно до овие информации, како и да се понуди придружба при подготовката на тендерското досие, Стопанската комора на Македонија со поддршка на Меѓународната организација на франкофонските земји ги прави достапни овие услуги преку Фокалната точка на Проектот АМАД. Стопанската комора на Македонија има улога да им помогне на компаниите во следењето на тендерските досиеја објавени во рамки на ИПА или други меѓународни тендери. Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс: ++ 389 2 3244088 vlatko@mchamber.mk
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
БИЗНИС ИНФО
9
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
НА 12 јуни 2012 година еднодневен семинар
„СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО ФУНКЦИЈА НА МАРКЕТИНГ АЛАТКИ И ТЕХНИКИ ЗА ОГЛАСУВАЊЕ” (9:30-16:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала1 на 5-ти кат)
Социјалните мрежи (Facebook.com, Twitter, LinkedIn, YouTube и др.) се бесплатни online-сервиси кои им овозможуваат на корисниците комуникација и сопствена презентација пред повеќе од една милијарда луѓе. Само социјалната мрежа Facebook денес има повеќе од 900 милиони корисници и тој број расте за 25% годишно. Во Македонија има околу 900 илјади регистрирани корисници чиј број постојано се зголемува. Социјалните мрежи, особено Facebook, денеска се користат за најразлични цели, од обична секојдневна комуникација меѓу пријателите до афирмација, рекламирање и промовирање на голем број компании, институции, производи и услуги. Бројни студии кои ги анализирале компаниите со брз и висок раст во минатиот период е констатирано дека се активни на социјалните мрежи. Трендовите во вложувањето во маркетингот за малите и средни компании покажуваат дека социјалните мрежи ќе бидат уште позастапени во нивните комуникациски активности. Со цел компаниите да ги согледаат значењето и потенцијалите од примената на социјалните мрежи, Стопанската комора на Македонија, на 12 јуни 2012 година, организира еднодневен семинар на тема: “Социјалните мережи во функција на маркетинг-алатки и техники за огласување” Цели и придобивки од тренинг-програмата: • осознавање и градење на маркетиншкиот идентитет на интернет; • откривање на најдобрите начини за on-line промоција и продажба; • разбирање на е-комуникацијата и апликативноста на друштвените медиуми; • развивање на on-line маркетинг-стратегија за продажба; • стекнување на знаење за зголемување на бројот на вашите купувачи. Тренинг-програмата е наменета за: • маркетинг-менаџери; • продажни менаџери; • претприемачи; • маркетинг-специјалисти; • Интернет-продавачи; • Web developers; • Web дизајнери. На семинарот ќе бидат опфатени следните теми: Пазарот на Интернет огласување во Македонија и светот; Основи на Интернет-маркетинг, интернет огласување, ценовни модели и начини на продажба преку интернет; Видови на огласи и стандарди, огласувачки циклус и мерење на ефектите од огласувањето Facebook.com, Twitter, LinkedIn, YouTube (карактеристики, предности и недостатоци, огласување, креирање на рекламни кампањи, статистики, примери од пракса); Студија на случај - примери од пракса на реномирана македонска компанија; Практична работа – креирање на Facebook.com Интернет-маркетинг кампања; Презентација и feed-back сесија.
Предавачи на семинарот: -Димитар Јовевски, асистент Економски факултет - Скопје Е-бизнис Департман, -гостин-предавач од реномирана македонска компанија.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 11 јуни 2012 година. Учесниците треба да донесат свој лаптоп затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери. Контакт: Анита Митревска Контакт: Ленче Зикова Тел:++ 389 2 3244057 Тел:++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk lence@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
НА 13 јуни 2012 година еднодневен семинар на тема
„ПРАВИЛНИК ЗА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА СТРУЧНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“ (10:00-15:00 часот, M6 Eдукативен центар Скопје, Aмфитеатар бр. 1)
Врз основа на член 47, а во врска со член 18 став 4 од Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 92/07 и 136/11), министерот за труд и социјална политика, на 7 мај 2012 година, донесе Правилник за континуирана едукација на стручните лица од областа на безбеднот при работа. Со овој правилник се пропишуваат начинот и видот на стручното усовршување на стручните лица од областа на безбеднот при работа. Со цел подобро запознавање со настанатите промени, Стопанската Комора на Македонија и МЗЗПР организираат еднодневен семинар на тема: „Правилник за стручно усовршување на стручни лица од областа на безбедност при работа“ кој ќе се реализира во просториите на М6 Едукативен центар, Aмфитеатар бр. 1 - Скопје. На овој настан покрај домашни експетри, свое излагање, примери и искуства ќе споделат експерти од Велика Британија и Словенија. Предавачи на настанот се: - Hazel Harvey – IOSH – Кралски институт за БЗР од Велика Британија; - Gizela Derrick – IOSH - Кралски институт за БЗР од Велика Британија; - Ales Jug – Словенија и - Агим Шакири – Државен инспекторат за труд. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 10 јуни 2012 година. Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk
Контакт: Ленче Зикова Тел:++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 lence@mchamber.mk
На 14 јуни 2012 година еднодневен семинар:
„БЕЗБЕДНОСТ И КВАЛИТЕТ НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ (10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)
Со цел да се изгради поефективен систем на безбедност и квалитет на храната, а во функција на производство на квалитетни и безбедни млечни производи, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, на 14 јуни 2012 година, организира еднодневен семинар на тема: „Безбедност и квалитет на млеко и млечни производи“. Главна цел на семинарот е да се зајакне соработката и довербата со бизнис-заедницата и подетално да се запознае млечниот сектор во Македонија со законските барања и услови за производство на безбедно млеко и млечни производи, како и да се направи споредба меѓу македонските и европските барања и услови во млечната индустрија. Предавачи на семинарот се експерти од Агенцијата за храна и ветеринарство. ПРОГРАМА 1. Барања за млекото и млечните производи во Р. Македонија. - Предавач: Светлана Чакова Коларич, официјален ветеринар, советнок во Агенцијата за храна и ветеринарство. 2. Споредба меѓу македонските и европските барања и искуства за производство на млеко и млечни производи. - Предавач: Војислав Димитровски, соработник во Агенцијата за храна и ветеринарство. 3. Микробиолишки критериуми за млеко и млечни производи. - Предавач: Ленче Јовановска, инспектор за храна, советнок во Агенцијата за храна и ветеринарство. 4. Означување – (етикетирање) на финален производ. - Предавач: Ленче Јовановска, инспектор за храна, советнок во Агенцијата за храна и ветеринарство. 5. Услови за увоз на млеко и млечни производи - Предавач: Елена Арсевска, помлад соработник во Агенцијата за храна и ветеринарство. 6. Системи за внатрешен аудит и внатрешна контрола и гаранција за правилно и законско спроведување на официјалните контроли. - Предавач: Александар Николовски, соработник во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 12 јуни 2012 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:anita.mitrevska@mchamber.mk
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
БИЗНИС ИНФО
11
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 21 до 25 јуни 2012 година, во Каиро, Египет 17. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ И КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО “INTERBUILD 2012” “INTERBUILD 2012” во Каиро, Египет, (Меѓународен конференциски центар (CICC) во Каиро) Стопанската комора на Македонија Ве поканува да го посетите најпознатиот Саем на градежна индустрија на Блискиот Исток и во Северноафриканскиот регион. На Саемот за градежништво “Interbuild 2012”, во Каиро, Египет, на површина од околу 30.000 квадратни метри ќе се претстават 1030 излагачи во повеќе од 30 категории, а се очекуваат над 150.000 посетители. Најновите статистики покажуваат дека Египет е еден од најголемите и брзорастечки пазари на Блискиот Исток и доколку се одлучите да почнете да работите на овој пазар, можете да ги искористите предностите што ви ги нуди Саемот за градежништво “Interbuild 2012”, во Каиро, Египет. За успешна реализација на настанот, Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија преку пополнување на Пријавниот лист, кој може да се преземе од веб- порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk http://interbuildegypt.com/ http://interbuildegypt.com/interbuild%20magazine/index.html Контакт: Ирена Мојсовска Тел:++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk
Контакт: Марија Петроска Тел:++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: marija@mchamber.mk
На 22 јуни 2012 година еднодневен семинар „АКТУЕЛНИ АСПЕКТИ НА ТРУДОВО-ПРАВНОТО ЗАКОНОДАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА” (10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Предавачи: - д-р Зоран Михајлоски, судија во Апелациониот суд во Скопје -д-р Марко Андонов, универзитетски професор при Универзитетот Американ Колеџ -Скопје Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени повеќе актуелни аспекти поврзани со новиот трудово-правен институт во македонското законодавство, поврзан со престанување на договорот за вработување врз основа на судска пресуда. Ќе бидат разгледани и анализирани сите специфични карактеристики на овој работно-правен институт и расчистување на дилемите кои се јавуваат во пракса, особено во делот на правење на јасна дистинкција меѓу измената на договорот за вработување и понудата на нов променет договор пред отказ, како и правниот статус на менаџерите и менаџерските договори. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 22 јуни 2012 година организира еднодневен семинар на тема: „Актуелни аспекти на трудово-правното законодавство на Република Македонија”. ПРОГРАМА I. Значајни елементи на договорот за вработување и постапките за негово склучување II. Сличности и разлики меѓу трудово-правните институти III . Измена на договорот за вработување и понуда на нов променет договор пред отказ (презентација на конкретни примери) IV. Престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда V. Правниот статус на менаџерите и менаџерските договори
Семинарот е наменет за лица вработени во правните сектори, како и во секторите за човечки ресурси во трговските друштва. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20 јуни 2012 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:anita.mitrevska@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
На 26 јуни 2012 година еднодневен семинар на тема:
“ВИНОТО - ТРАДИЦИЈА, КУЛТУРА И УМЕТНОСТ”
(Како да ги презентирате вината на Вашите гости) (10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Предавач: Венера Гелебешева Крстиќ, главен енолог и директор на производство во „Сковин“ АД - Скопје Традицијата на правење вино на овие простори е многу долга благодарение на комбинацијата од почвата и климатски услови. Во современиот живот на човекот виното се` повеќе зазема значајно место, во дружењето, во презентирањето на културата и историјата на нашата земја, во економскиот развој на земјата, но зборува и за одредена култура на живеење. Но, виното претставува и наука. Овој благороден пијалак е резултат на многу научни истражувања, кои никогаш не запираат. Целта на овој семинар е да дознаеме нешто повеќе за виното, за неговата култура на консумација, за начините на комбинирање на виното со храната, за начините на послужување на виното. Постојат многу прашања на кои ги знаеме одговорите и уште повеќе за кои мислиме дека знаеме. Но, виното е неисцрпна тема. Што е виното? Класификација на вината? Која е соодветната температура за послужување на виното? Кое вино во каква чаша? Кое вино со која храна? И уште многу прашања ќе бидат одговорени на овој семинар. Покрај теоретското предавање, семинарот ќе изобилува и со практична презентација. Семинарот е наменет за вработени во барови, угостителски објекти и хотели. Предавач: Венера Гелебешева Крстиќ, главен енолог и директор на производство во „Сковин“ АД - Скопје. Дипломирала на Земјоделскиот факултет во Скопје, а магистрирала на Земјоделскиот факлутет во Земун, Србија. Има работено како стручен соработник на Катедрата за лозарство и винарство на Земјоделскиот факултет во Скопје, во Институтот за лозарство и винарство. Од 2001 година работи во производство на вино, во „Сковин“ АД - Скопје, „Фонко вино“, ВВ „Попова Кула“, а од 2010 година доаѓа на работно место директор на производство во „Сковин“. Има завршено повеќе специјализации од областа на винарството: 2000 година во Атина за енологија и лозарство; 2007 година во Кина специјализација за производство и апликација на ензими; 2008 година - Тренинг-курс за примена на алтернативни методи со даб во виното; 2009 година во Баварија – Германија има посетувано обука за европски стандарди за производство на вино и алкохолни пијалаци, а 2011 година во Тулуз - Франција, има посетувано школа за јаболчно-млечни бактерии. Има учествувано во изработка на повеќе научни трудови објавени во земјава и во странство. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 22 јуни 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk
Контакт: Ленче Зикова Тел:++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 lence@mchamber.mk
Од 4 до 6 јули 2012 година, во Софија, Бугарија БИЗНИС-ФОРУМ НА ФРАНЦУСКИ СО ПРЕТПРИЕМАЧИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА Стопанската комора на Македонија организира бизнис-средби што ќе се одржат 2 дена, од 4-6 јули 2012 година во хотел „Хилтон“ во Софија, Бугарија. Македонските компании ќе имаат можност да остварат директни средби со околу 150 француски претприемачи и со други компании од десет други земји во Југоисточна Европа кои прават бизнис со Франција, со земјите на ЕУ и со претприемачи од соседните земји. Бизнис-форумот нуди можност за директно воспоставување деловни партнерства со најголемите француски компании и со други компании од Југоисточна Европа, како и за зајакнување на нивните понуди на производи и услуги во регионот. За да воспоставите повеќе трговски, финансиски, технолошки или инвестициски партнерства, приклучете се на повеќе од 150 француски и странски компании кои учествуваат во оваа динамична бизнис-средина. На форумот ќе учествуваат компании од различни сектори: туризам, хотелиерство, земјоделие, инфраструктура, енергетика, животна средина, производи за широка потрошувачка, франшиза, услуги, итн. За успешна реализација на Бизнис-форумот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес, преку пополнување на пријавниот лист. Контакт: Ирена Мојсовска Тел:++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:irena.mojsovska@mchamber.mk
Контакт: Влатко Стојановски Тел:++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:vlatko@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 јуни 2012, Бр. 101
13
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со македонски ком\пании за давање услуги во областа на производството на храна и пијалаци, стоки за широка потрошувачка, трговија со автомобили, инженеринг и обновлива енергија. Валидност до: 30.5.2012 година Компанија од Италија бара соработка со производители на мебел во Република Македонија за изработка на мебел по нарачка. Валидност до: 30.5.2012 година Компанија од Црна Гора бара соработка со производители на мебел во Република Македонија и пласман на режана чамова граѓа. Валидност до: 31.10.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на делови за лифтови и комплетни системи за лифтови во Република Македонија. Валидност до: 4.10.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на сигурносни врати во Република Македонија. Валидност до: 4.10.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е да пласира висококвалитетни резервоари до 3000 литри изработени од челик наменети за индустријата во Република Македонија. Валидност до: 4.10.2012 година Компанија од Република Македонија нуди опрема за наводнување, а истовремено врши и проектирање со поставување на системи за наводнување дворови, паркови и земјоделски површини со засадени растенија. Валидност до: 4.10.2013 година Хрватска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на џем. Валидност до: 4.9.2012 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија на метални јарболи за пренос во телекомуникации на мобилната телефонија. Валидност до: 4.9.2012 година Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на големо на ткаенини за женска и детска облека во модерни бои и по специјални цени, ткаенини како кепер, пуплин, памучен сомот. Валидност до: 4.9.2012 година Компанија од Турција заинтересирана е за заедничка соработка со македонски компании во областа на произвоство на хартија и картонска амбалажа. Валидност до: 4.9.2012 година Компанија од Украина бара соработка со компании и бизнисмени од Република Македонија
за реализација на Проект за комплетна преработка на тврд отпад, комплетна изведба во однос на изработка, проектирање, производство на опрема, изведување на градежно-монтажни работи, обучување на персоналот. Изградба на една ваква фабрика трае 1 година, а инвестицијата е повратна за 2 години. Валидност до: 5.12.2012 година
Ponuda Pobaruva~ka
Бугарска компанија нуди канцелариски мебел за пласман во Република Македонија. Валидност до: 5.10.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на делови и компоненти од пластика изработени од стаклени влакна. Валидност до: 5.10.2012 година Компанија од Словенија заинтересирана е за соработка во областа на металната индустрија во Република Македонија за отворање леарница или откуп на отпад за рециклажа на метал. Валидност до: 5.10.2012 година Компанија од Бугарија бара да откупува отпадна електрична и електронска опрема (WEEE): компјутери, телефонски централи, печатени кола (ПХБ) и друга техничка опрема што се наоѓа на територијата на Република Македонија со нивно товарање, истоварување и транспорт. Валидност до: 6.9.2012 година Компанија од Турција заинтересирана е да инвестира во Република Македонија во областа на пекарската индустрија со заедничко вложување. Валидност до: 23.12.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на медицинска ИТтехнологија во Република Македонија. Валидност до: 21.9.2012 година Компанија од Турција заинтересирана е да инвестира во Република Македонија во областа на здравството и градежништвото. Заинтересирани се да инвестираат во болницата „ 8 Септември“ да отворат оддел за рехабилитација, во Битола да градат станбени објекти и во Виница да инвестираат во здравствени домови. Валидност до: 23.12.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на цемент во Република Македонија. Валидност до: 25.10.2012 година Компанија од Србија бара да откупува катоден и отпаден бакар, никел и калај од Република Македонија. Валидност до: 25.10.2012 година Компанија од Република Македонија нуди правни, административни, финансиски консалтинг и организациски услуги.
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
Валидност до: 25.5.2013 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за обработка на дрво. Валидност до: 28.9.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер за пласман на системи за печатење етикети и бар кодови во Република Македонија. Валидност до: 28.9.2012 година Компанија од Белгија бара соработка со текстилни фабрики и фабрики за производство на чанти во Република Македонија за пласман на копчиња. Валидност до: 28.11.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на швајцарски кавијар, чоколади, рачно изработени кубански пури и француски вина во Република Македонија. Валидност до: 28.9.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кујнски мијалници. Валидност до: 29.9.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија на конзервирани печурки. Валидност до: 29.9.2012 година Компанија од Холандија заинтересирана е да истражува во експлатација на рудни богатства во Република Македонија. Валидност до: 29.9.2012 година
Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088
тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk