БИЗНИС ИНФО број 319

Page 1

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

Број 319

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

08.9.2017

ИСПОЛНУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ЦЕЛИ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ


2 2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 8 септември 2017, Бр. 319

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ИСПОЛНУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ЦЕЛИ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ Еколошките теми и прашања секоја година стануваат поактуелни за граѓаните и тие стануваат се` посвесни колку влијаат нивното однесување и нивните навики врз животната средина, а во последните 5 години има значајно поместување во однесувањето на граѓаните кон отпадот воопшто, посебно кон амбалажниот отпад, беше истакнато на пресконференцијата, на којашто говореа Ико Брдарски и Љупчо Аврамовски од Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори (4.9.2017 година). За илустрација, колективните системи за управување со отпад пред 5 години собираа околу 10.000 тони/годишно, а веќе во 2016 завршивме со над 25.000 тони собран отпад од пакување во нашите системи, кој наместо на

депониите завршува на рециклирање. Во соработка со 30-тина општини, поставени се над 1000 контејнери и над 3000 други садови за примарна селекција на отпадот од пакување, а ширум земјава направени се и многу едукативни активности за рециклирањето, истакна Брдарски.


БИЗНИС ИНФО

4

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ -Согласно националните цели, во 2020 година во Република Македонија треба да се рециклира 60% од отпадот од пакување, односно вкупно над 65.000 тони/годишно хартија, пластика, стакло, лименки и дрво. Пред нас во следните 3 години имаме огромен предизвик. Наша проценка е дека треба да се постават контејнери за примарна селекција од страна на граѓаните на уште 2000-2500 места, што значи најмалку 6-7000 контејнери. Тоа е значајна инвестиција во инфраструктура која треба да биде пропратена и со соодветни кампањи за подигање на јавната свест на граѓаните за селекција на отпадот, додаде Брдарски. Да потсетиме, истакна натаму во своето излагање Брдарски, дека колективните системи како „Пакомак“ и „Еуро Екопак“ се организации кои се финансираат од индустријата. Во моментов, околу 1300 компании се членови на некој од постојните колективни системи што, за жал, е само 1/3 од компаниите кои имаат законска обврска да се грижат за амбалажниот отпад од своите производи. За илустрација, во земјите каде што има солиден систем за управување со отпад од пакување (Германија, Белгија...), се трошат околу 10 евра по жител годишно. Во регионот просекот е 2 евра по жител годишно. Кај нас тоа е под 0,5 евра по жител годишно или 120 денари годишно за четиричлено семејство! Во инвестирањето во средства, покрај колективните системи треба да учествуваат пред се` локалните самоуправи кои треба во своите буџети да стават ставки за набавка на комунална опрема и поактивно да се вклучат во управувањето со амбалажниот отпад преку соработка со колективните постапувачи со овој вид на отпад, констатираше Љупчо Аврамовски во своето обраќање на конференцијата. Тој посебно го посочи прашањето за законската обврска за ревидирање на националните цели кај отпадот од пакување, на секои три години, истакнувајќи дека кај нас тие се истите од 2011 година. Колективните постапувачи со отпадот од пакувања очекуваат дека во рамките на твининг-проектот на ЕУ за измени во законите поврзани со отпадот, ќе се донесат соодветни законски решенија за одржливо управување со отпадот во Република Македонија, решенија кои ќе обезбедат стабилно финансирање на системите за управување, нивна контрола и ефикасност. Зорица Мешкова


петок, 8 септември 2017, Бр. 319

БИЗНИС ИНФО

5

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Од активностите на Регионалната комора со седиште во Битола – РАЗГЛЕДАНИ ИНИЦИЈАТИВИ И ПРЕДЛОГ-АКТИВНОСТИ ЗА ПОДОБРО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

На 6.9.2017 година, членовите на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Битола ја одржаа својата 6-та седница. Со седницата претседаваше претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски од „Хемометал“ - Битола. На седницата се расправаше на актуелни теми за стопанството во битолско-преспанскиот регион, при што главен акцент се даде на усогласувањето на приоритетите за развој на регионот до 2020 година, од кои како примарни се издвоија залагањата за конкретни активности во поглед на развојот на патната инфраструктура, гасоводната мрежа и железницата. Сите членови на Управниот одбор ги поддржаа овие залагања и потенцираа дека на овие проблеми треба да им се даде што поголема јавност. На седницата се разгледа и Информацијата за поднесени иницијативи на Стопанската


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

комора на Македонија од 1 јуни 2017 година до денес и статусот на нивната реализација. Од страна на директорката на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, присутните ги слушнаа, а потоа и расправаа за презентираните детални иницијативи кои ги поддржаа во целост. Во ист контекст се расправаше и за презентираниот новонастанат проблем со новиот тарифник за овластени книговодители, кој поради високите трошоци особено за малите компании, им создава тешкотии во работењето. Притоа, се донесе заклучок да се поднесе иницијатива за понатамошна постапка и преиспитување на донесеното решение и да се замени со ново кое би било поприфатливо и во корист на сите стопански субјекти.


петок, 8 септември 2017, Бр. 319

БИЗНИС ИНФО

7

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

На крајот на седницата беа заокружени и прифатени и следните активности на Регионалната комора со седиште во Битола до крајот на 2017 година, меѓу кои позначајни се планирани средби со регионалните комори од соседните балкански држави со кои веќе е воспоставена соработка, поддршка на извозно ориентираните компании за настап на регионалните и меѓународните пазари, како и заеднички настап со компании - партнери од пограничните региони и активна соработка со администрацијата за развој на стопанството во регионот. м-р Никола Димковски


8

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 8 септември 2017, Бр. 319

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 8 септември 2017, Бр. 319

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

9


bsi.

ISO 9001

Quality Management

те ај

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач

СТОПАНСКА КОМОРА САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

ар

FS 549642

Н

10

БИЗНИС ИНФО

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


петок, 8 септември 2017, Бр. 319

БИЗНИС ИНФО

11

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дводневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО

ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ - ЧЕКОРИ КОИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОДРЖЛИВ СИСТЕМ НА ТРГОВСКА ОСНОВА

12-13 септември 2017 година (вторник-среда) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија на 12-13 септември 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ - ЧЕКОРИ КОИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОДРЖЛИВ СИСТЕМ НА ТРГОВСКА ОСНОВА“. ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ: Целта на семинарот е запознавање на сопстевниците и менаџерите на организацијата со потребните чекори за воспоставување одржлив систем за работа во организацијата спрема трговските правила -„ ДЕЛИМЕ КОЛКУ ШТО СМЕ ЗАРАБОТИЛЕ“, примена на принципот на ефикасност на сработеното, мерење на учинокот во работењето, одредување на показатели на обемот и квалитетот на работењето, како и зголемување на задоволството на вработените. Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Има 15-годишно искуство како директор на логистика во „Застава промет“ - Сомбор, „ГЕНЕЛ бренд Хаусел“ (застапници за „Електролукс“, „Занусси“, „Индесит“), „СТАВ“ (овластени застапници за „Самсунг“) и др. Воедно, тој е акредитиран експерт од страна на „RABQSA“ и „PECB“ за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“, на Централната банка на Босна и Херцеговина, Контрола на летање на Р.Србија и Црна Гора, „Службен весник на Р.Србија“ и др.

Рок за пријавување: 1.9.2017 година.

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

12

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар:

УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

14.9.2017 година (четврток) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Во 2008 година професорите Гарет Џонс и Џенифер Џорџ во книгата „Современ менаџмент“ потврдуваат дека само компаниите во кои менаџментот е способен конструктивно да ги менаџира конфликтите имаат максимална ефиканост. Другите (каде што конфликтите се ставаат „под тепих“ или каде што ескалираат) имаат минимална ефикасност. Целата енергија се троши во сопки и штитење наместо во заедничко ефикасно работење. Конфликтите во себе носат голем потенцијал, нови идеи и тие треба да се добродејдени. Науката потврдува дека во организациите е добро конфликтите да бидат присутни во едно оптимално ниво. Само доколку вработените имаат слобода јасно и гласно да го изразат своето мислење и да кажат што мислам дека треба поинаку да биде направено, ќе се дојде до најдоброто решение и до резултати. Во исто време треба да се знае дека конфликтите во себе имаат голем деструктивен потенцијал. Ако не бидат соодветно менаџирани, тие можат да ја нарушат работната атмосфера, да ги влошат меѓучовечките односи, да ја влошат комуникацијата и да влијаат на мотивацијата на вработените. Со цел навремено препознавање и соодветно трансформирање на конфликтите од раководителите и вработените која е клучна карактеристика за успехот на организациите, Стопанската комора на Македонија на 14.9.2017 година организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ. Предавач: Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

13

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Дводневен тренинг:

РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

18-19.9.2017 година (понеделник-вторник) 9:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Стопанската комора на Македонија организира дводневен тренинг на тема: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО. Програмата за тренг-обуката е дизајнирана и наменета за раководители и професионалци кои се на раководни позициии и раководат со своите тимови, кои се стремат кон подобро, кои целосно и темелно ја разбираат својата лидерска позиција и го водат тимот. Програмата е наменета и дизајнирана за секој кој сака да ги оствари своите максимални тимски резултати како тим лидер, секој кој сака да научи како да креира конструктивен работен амбиент, а притоа земајќи ги предвид различните особини и динамиките во работењето внатре во тимот. се водиш по нив. Предавач: -М-р Младен Васиќ, извршен директор, консултант и тренер со 15-годишно интернационално работно искуство, стекнато во некои од поголемите глобални компании како што се „NIS Gazprom Neft“, „Knauf Insulation“, „Tetra Pak“ и „British American Tobacoo“ SEE. Работејќи на највисоките раководни позиции во различните индустрии (директор на дирекција за маркетинг во „NIS Gazprom Neft“, директор за маркетинг за Јужен Балкан и в.д. директор за продажба за Албанија и Косово во „Knauf Insulation“), м-р Васиќ успешно ги води тимовите како директор на посебни маркетинг сектори со повеќе од 40 вработени во тимот, притоа дополнително спроведувајќи комплексни проекти за развој на работењето, лансирање на нов бренд на пазарот во Југоисточна и Централна Европа и Централна Азија со високи резултати. Како едни од позначајни проекти се за лансирање на брендираните горива и тоа: Ultra D, G-drive, лансирање на брендот „Gazprom Petrol Stations“ во Југоисточна Европа, како и прмоција на картичката лојалити Супер Картичка на „NIS Gazprom Neft“. М-р Младен Васиќ има завршено мастер студии на Економскиот факултет во Ниш и својата доспецијализација ја усовршува во Лондон, Њујорк и Илионис. Квалификуван корисник е на MBTI инструмент за анализа на личностите од страна на Американската Асоцијација за менаџери - Њујорк 2007. Активно учествува во дефинирање на организациони, тимски и персонални потреби за унапредување на работењето и успешно водење на тимовите, како и креирање и спроведување на конкретни тренинзи проекти кои биле високо наградени. Контакт: Анита Митревска

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244057

Тел: ++ 389 2 3244074

Факс:++ 389 2 3244088

Факс:++ 389 2 3244088

Контакт Центар : (02) 15015

Контакт Центар : (02) 15015

E-адреса: anita@mchamber.mk

E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

14

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27– 30 септември 2017 година Анталија, Р. Турција

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на овогодниешниот „INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “. Овогодинешната конференција ќе се оджи во Анталија, Р. Турција во периодот од 27-30 септември 2017 година. Цел на конференцијата е на едно место да ги собере сите експерти од областа на фармацевтската индустрија на Турција и пошироко. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 14.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http://www. uluslararasieub.com/about-us/ За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 8 септември 2017, Бр. 319

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „FOOD ISTANBUL 2017“

19– 22 септември 2017 година Истанбул, Р. Турција

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ FOOD ISTANBUL 2017 “. Меѓународниот саем наменет за прехранбената индустрија ќе се одржи во периодот од 19 - 22 септемви 2017 година во Истанбул, Р. Турција. Оваа манифестација е една една од најпрестижните платформи каде секоја година се среќаваат најпрестижните имиња од прехранбената индустрија од цела Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Русија и Балканот со повеќе од 1000 брендови, 250 изложувачи и над 35.000 посетители. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 11.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http:// cnrfoodistanbul.com/index.aspx?ln=2 За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, БУДВА, ЦРНА ГОРА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации: * на 49. Саем за градежништво оваа година на јавноста ќе бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; * 5. Саем за енергетика е можност да се претстават новите технологии и достигнувања на компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кон истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; * саемската платформа и компаративната предност која ја нуди 12. Саем за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на саемските манифестации со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 7 септември 2017 (четврток). За подетални информации околу посетата и закуп на штанд ве молиме контактирајте со Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk .


петок, 8 септември 2017, Бр. 319

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ

28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

ЕЕН при Стопанската комора на Македонија Ве поканува на Меѓународни бизнис средби во Тирана, Албанија. Оваа меѓународна активност ќе се фокусира на партнерства меѓу претставниците на меѓународниот бизнис и албанските компании. Инвеститорите и компаниите од Италија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Австрија, Грција, Германија, Косово, Македонија, Бенелукс, Хрватска, нордиските земји, Швајцарија и од многу други земји ќе имаат можност да го покажат својот интерес за соработка со албанските партнери, на 28-29 септември 2017 година. Ова е водечка платформа која има за цел да промовира инвестиции и да обезбеди стратешка и богата средина за учење, деловни бизнис средби, заедничко вложување итн. Сите учесници ќе имаат можност со нивните партнери да создадат добра клима за мрежно поврзување. Притоа, ќе се разговара за тоа како да се привлечат соодветни меѓународни инвестиции, што ќе придонесе за конкурентноста на националната економија. Бизнис средбите во Тирана ќе ги соберат корпоративните лидери, креаторите на политиките, експертите, за да ја нагласат важната улога на странските фирми, во два интензивни дена. На овој настан ќе се создаде глобална сцена за презентирање на иновативни идеи и истражување на нови вложувања и воспоставување деловни партнерства. Фокус: Ефективни 20 минути за поединечни деловни средби за да се поттикне ефикасно вмрежување. Главни теми: Инфраструктура; туризам; прехранбена индустрија; земјоделство; иновации и технологија; енергија; инвестиции / финансирање. Како работи? 1.Регистрирајте ги и објавете ги Вашите желби за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесници и закажете средби со компании за кои сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот добивате распоред на состаноци. За да се регистрирате за учество, Агендата и други информации, постете ја интернетстраната https://www.b2match.eu/tiranabusinessmatching2017 Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.


петок, 8 септември 2017, Бр. 319

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 8 септември 2017, Бр. 319

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

23


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042035 Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042036

УКРАИНА UA00000042031 Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042032 Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042034

Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи.

УКРАИНА UA00000041975 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

ПАКИСТАН PK00000041972

Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат Компанија од Украина нуди линии за производство пресуван под висок притисок и е компанија


петок, 8 септември 2017, Бр. 319

БИЗНИС ИНФО

25

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото

УКРАИНА UA00000041963 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

УКРАИНА UA00000041950 Компанија од Украина која е производител на

свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000041951 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

УКРАИНА UA00000041947 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.

КИНА CN00000037834 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 8 септември 2017, Бр. 319

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.