Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
Број 324
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
13.10.2017
Систем на колективно управување со посебните текови на отпадот
НАЈНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ИНДУСТРИЈАТА И НАЈГОЛЕМ ЕКОЛОШКИ БЕНЕФИТ ЗА ГРАЃАНИТЕ
2 2
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОДВЛЕЧЕНО
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
Системот на колективно управување со посебните текови на отпадот - НАЈНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ИНДУСТРИЈАТА И НАЈГОЛЕМ ЕКОЛОШКИ БЕНЕФИТ ЗА ГРАЃАНИТЕ Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад, неодмана формирана како посебна форма на организирање и делување во рамките на Стопанската комора на Македонија, е формирана со цел да ги координира учесниците, односно да се постави како спрега помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓаните во системот на управување со отпадот од пакување, од батерии и акумулатори и од електричен и електронски отпад со најниски трошоци за индустријата, а најголем еколошки бенефит за граѓаните, беше истакнато на прес-конференцијата на Комората (9.10.2017 година). Како што на почетокот истакна претседателот на Асоцијацијата, д-р Филип Ивановски, како основачи се 8 компании кои колективно или индивидуално управуваат со отпадот од пакување, од батерии и акумулатори и од електричен и електронски
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
отпад а се очекува бројот на членките да се зголеми и со пристапување на останати заинтересирани стопански субјекти, како и со субјектите кои се занимаваат со постапување со отпадот од возила, од гуми, текстил и отпад од масла. -Основните цели на Асоцијацијата се да ги поддржи компаниите во нивните активности за унапредување на системите за управување со посебните текови на отпадот, размена на информации и заедничко делување во подигнување на јавната свест на граѓаните да го селектираат отпадот уште од дома. Во моментов немаме точни податоци за количините на овие видови на отпад, но заедно со засегнатите страни и надлежните институции ќе се ангажираме да ги утвридме количините што се генерираат од сите текови на отпадот. Крајната цел е што поголем дел од овие текови на отпад да заврши на рециклирање, од што покрај еколошкиот бенефит, материјална корист ќе имаат и општините поради вредноста на рециклираниот отпад, - истакна Ивановски. Колективните постапувачи се формирани од индустријата која ги финансира овие системи на постапување со отпадот, но, за жал, не сите компании финансираат некој од системите. Факт е дека мал број, околу 1.200 компании, се дел од некој систем па во тој контекст една од задачите на Асоцијацијата е да се промени оваа состојба. -За да се постигнат националните цели до 2020 година треба сите чинители активно да партиципираат во нивното исполнување, - додаде Ивановски. Заменик-претседателот на Асоцијацијата, Фана Христовска исто така ја потанцираше потребата што поголем број на генератори на отпадот да станат дел од некој колективен систем или пак индивидуално да постапуваат со отпадот што го создаваат од нивната дејност, со цел истиот да заврши на рециклирање. Со тоа би се избегнала нелојалната конкуренција што тие ја содаваат во однос на фирмите кои постапуваат со својот отпад. Претставникот на „Еуроекопак“ Љупчо Аврамовски се осврна на активностите на Асоцијацијата во носењето на законските решенија, нивно промовирање на терен и особено на потребата од воспоставување интегриран систем на управување со отпадот од посебните текови во кој мора да бидат вклучени општините, комуналните претппијатија и сите други лчинители во процесот на управување со овие текови на отпадот. Зорица Мешкова
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
5
те ај
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ач ар Н
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
СОРАБОТКА НА КОМПАНИИТЕ ОД ГРУПАЦИЈАТА ЗА ОРУЖЈЕ И ОПРЕМА СО УПРАВАТА ЗА НАМЕНСКО ПРОИЗВОДСТВО ПРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА - унапредување на наменското производство и прометот со вооружување и воена опрема
На 9 октомври 2017 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба на компаниите-членки на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена (Групација за оружје и опрема) при Стопанската комора на Македонија, со директорот на Управата за наменско производство, Денис Исмаили и неговиот соработник Владо Стојанов. Клучна тема беше потребата од продлабочување на соработката на Групацијата со Управата со цел унапредување на работењето на компаниите кои вршат дејност поврзана со наменското производство и прометот со вооружување и воена опрема. На состанокот се дискутираше за состојбата и динамиката на издавањето на дозволи за промет со вооружување и воена опрема, за постапката за добивање на согласности, за примената на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема.
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
7
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Од страна на Управата за наменско производство, информираа дека е во тек постапка за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема. Се дискутираше за можноста да се формира работна група на Групацијата која ќе даде свој придонес и ќе изготви предлози за изменување и дополнување на Законот кои ќе бидат дискутирани на работна група со претставници од Министерството за економија. Директорот Денис Исмаили искажа задоволство за соработката со Стопанската комора на Македонија и го поздрави одржувањето на средбата со Групацијата. Изрази подготвеност дека ќе се залага да се унапреди функционирањето на Управата за наменско производство и да се подобрат состојбите кои го засегаат работењето на компаниите од оваа дејност. Од Управата посочија дека Групацијата има значајна улога и дека треба да се вклучи во процесот за подобрување на состојбите поврзани со производството и прометот со вооружување и опрема преку изготвување на иницијативи и предлагање на соодветни решенија за надминување на проблемите и прашањата кои ги засегаат компаниите – членки на Групацијата. Присутните го оценија состанокот како успешен и значаен, и се согласија дека ова е само почеток на низата средби кои треба да се одржуваат во иднина со цел подобрување на деловниот амбиент и унапредување на дејностите поврзани со производството и прометот со вооружување и воена опрема. Љупка И. Самарџиска
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АНАЛИЗАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Здружението на трговијата и Организацијата на потрошувачите на Македонија, во соработка со Министерството за економија, на 9.10.2017 во Стопанска комора на Македонија одржаа презентација на Анализата на Законот за заштита на потрошувачите. Пред присутните претставници од компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија и пред претставниците од државните органи и организации, беше претставена методологијата за изработка, структурата и содржината на компаративната анализа на усогласеноста на Законот за заштита на потрошувачите со европското потрошувачко право, и се даде осврт врз решенијата и оценка на имплементацијата на определени директиви од европското потрошувачко право во правото на Република Македонија. Во дискусијата присутните дадоа бројни мислења, забелешки и сугестии во насока на донесување на нов закон за заштита на потрошувачите - преку откривање на слабите и
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
9
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
јаките страни на постојниот закон со конкретни предлози за внесување на нови современи решенија од европското потрошувачко право. На презентацијата се донесе заклучок Здружението на трговијата и Организацијата на потрошувачите на Македонија, во соработка со Министерството за економија, да продолжат со натамошната соработка, со цел изготвување квалитетни законски решенија, во интерес и на потрошувачите и на компаниите. Лазо Ангелевски
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ЕКОЛОШКИ РЕШЕНИЈА ПРИ ПРОМЕТОТ И УПОТРЕБАТА НА ПРОИЗВОДИТЕ И ОПРЕМАТА ОД ИНФОРМАТИЧКОКОМУНИКАЦИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ
На 9.10.2017 година, Групацијата на провајдери на дигитални решенија при Стопанската комора на Македонија, расправаше за воведување европски стандарди во врска со зачувувањето на животната средина во Република Македонија, промена на законската регулатива поврзана со увоз и пуштање во промет на производи, особено од информатичката технологија, кои не се во согласност со европските регулативи, промовирање, како и за имплементација на најновите светски технологии од информатичката област и развој на информатичкото општество во Република Македонија. За членките на Европската унија е задолжителна имплементацијата на Директивата за забрана и рестрикција за користење на одредени опасни материи (RoHS Directive 2002/95/ EC) во производите кои штетно влијаат на животната средина, со цел поригорозен однос на употребата на штетните материи во одделни производи и зачувување на животната средина.
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
11
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Групацијата иницира соодветни измени на домашната законска регулатива, како за промет, така и за употребата на опремата. На македонскиот пазар има се` поголема набавка и употреба на стари, веќе отфрлени во Европа печатачи, фотокопири, мулти функциски уреди и друга ИТ-опрема од страна на државните институции, со што Р. Македонија станува отпад за застарена опрема. Групацијата преку Стопанската комора на Македонија иницира интензивна соработка со сите државни институции и невладини организации чија дејност е екологијата и зачувувањето на животната средина. Лазо Ангелевски
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Кичево - ПОСЕТА НА „АНУГА 2017“ - НАЈГОЛЕМИОТ САЕМ ЗА ХРАНА ВО СВЕТОТ
На 8 и 9 октомври 2017 година, Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија го посети најголемиот во светот Саем за храна и пијалаци „Ануга 2017“ во Келн, СР Германија. Посетата се организираше во рамките на Проектот „Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица - Кичево Кукуш (Бизнис Мрежа С-К-К)”, финансиран од ЕУ преку ИПА - Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 - 2013 година, а присуствуваа и претставници од општините Струмица, која е лидер во Проектот, Општина Кичево како партнер и претставник од бизнис секторот од Кичево, односно потпретседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Алија Зулбеароски. Повеќе од 7.400 компании од 107 земји се претставија како изложувачи на „Ануга“ во Келн, од 7 до 11 октомври 2017 година, распределени во 11 хали во „Коленмесе“. Како таква, годинешната 34. „Ануга“ не е само рекордна саемска манифестација, туку ја истакнува својата позиција како најважна деловна платформа за храна и пијалаци во светот. Околу 160.000
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ посетители на „Ануга“ се запознаа со најголемиот избор на производи во светот. Целта на посетата на светски реномираниот Саем „Ануга” беше размена на добри практики и искуства, како и поврзување на претпријатијата од Струмица и Кичево со субјекти од странство и поттикнување деловна соработка, а исто така и поврзување на деловните субјекти со релевантни субјекти и институции од странство. Со посетата на Саемот се воспоставија контакти со различни компании и земји кои ќе придонесат за промоција на извозно ориентираните компании од нашата земја и подобри услови за извоз. Во рамките на посетата се организираше и бизнис настанот „Бизнис соработка со претпријатија и општини од Македонија”, на којшто присуствуваа над 10 компании од Турција, Италија, Бугарија, Полска и други земји. На настанот беа презентирани бизнис можностите на Македонија и потенцијалите на општините Струмица и Кичево, претставени и во промотивни видеа за општините. Исто така, се промовираа Каталогот на извозно ориентирани претпријатија од гореспоменатите општини, Водичот за инвестирање на Општина Кичево, кој го презентираше експертот Александар Гумберовски, а Водичот за инвестирање на Општина Струмица го презентираше експертот Звонко Наумоски. Од Македонија на Саемот се претставија над десетина компании од прехранбената индустрија, а штанд имаше и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија. Ништо не е толку фундаментално и поврзувачко како храната и пијалаците, затоа Саемот „Ануга“ се залага и за иновативната моќ на меѓународната прехранбена индустрија, при што беа претставени иновациите во прехранбената индустрија за 2017 година. Дијана Лазороска Јованоска
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ПРОЕКТИ
ОДРЖАН СОСТАНОК НА ТЕМА: ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ И ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТЕКСТИЛЕН ОТПАД Во рамки на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, на 09.10.2017 година, во организација на Стопанската комора на Македонија, беше одржан четвртиот по ред состанок на Работната група на којшто присуствуваа претставници од: Министерството за животна средина и просторно планирање, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Министерството за финансии, Текстилниот кластер, Окитекс, Епицентар Интернационал, постојани советници од Твининг-проектот за подготовка на нов Закон за управување со отпад, како и од Стопанската комора на Македонија. Состанокот го отвори м-р Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање, која ги поздрави присутните на состанокот и потоа премина на точката од дневниот ред: Царинење на текстилниот отпад и олеснување на процедурата на раздолжување и уништување на истиот. Свое обраќање имаше и г-ѓа Билјана Зефиќ, ВД Директор на Управата за животна средина, која ги претстави проблематиките со кои се соочува текстилната индустрија. При рециклирањето на текстил и производите од текстил се јавува проблем, при што истите најчесто завршуваат на депониите изјави г-ѓа Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилниот кластер. Исто така, таа додаде дека проблемот со референтните цени при царинење на отпадот ќе биде решен, а само готовите производи ќе подлежат на царинење. Царинењето на отпадот ќе биде со пониска вредност со што би се овозможило негово користење во функција на негово понатамошно рециклирање. На состанокот беше напоменато дека континуирано се работи на проблематиката да се донесе нов подзаконски акт - Правилник за управување со отпад, со кој ќе се олесни процедурата и ќе се предаде отпадот на колективни постапувачи кои ќе го преземат тој отпад и притоа еколошки ќе се постапува со истиот. Во однос на колективните постапувачи, м-р Каранфилова Мазневска ја понуди својата соработка и додаде дека Министерството за животна средина и просторно планирање стои на располагање. До крајот на месец октомври 2017 година ќе биде подготвен предлог-текст на подзаконски акт за управување со отпад, посочи г-дин Бранко Михаиловски од Царинската управа на РМ. На крајот на состанокот, м-р Каранфилова Мазневска заклучи дека со донесувањето на Правилник за управување со отпад, ќе им се олесни на компаниите, а со тоа ќе се придонесе за заштита на животната средина. Главни приоритети на четиригодишниот Проект на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог за донесување на подобра бизнис регулатива, каде опфатени се пет сектори меѓу кои и текстилниот сектор. м-р Ивана Крстевска
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
15
ПОСЕТИ
МАКЕДОНСКО-ИТАЛИЈАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА ИТАЛИЈА – РИМ ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
На 10 октомври 2017 година Стопанската комора на Македонија ја посети делегација на Македонско-италијанската асоцијација при Стопанската комора на Италија – Рим. -По две години од потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу двете комори, денеска сме тука да презентираме нови проекти кои, се надеваме, во блиска иднина ќе резултираат со успешна соработка меѓу бизнис заедниците од двете земји, - истакна Енрико Петрела, претседател на Македонско-италијанската асоцијација при Стопанската комора на Италија – Рим. Господинот Петрела ги презентираше новите проектни активности на членките на Македонско-италијанската асоцијација при Стопанската комора на Италија кои се пред се` заинтересирани за воспоставување контакти и можности за соработка во делот на туризмот, земјоделието, метало-преработувачката индустрија, новите технологии и иновациите. Во наредниот период двете комори ќе работат на подготовка на план на активности, а веќе е планиран и бизнис форум, што ќе се реализира на почетокот на 2018 година, за поддршка на бизнисмените од двете земји и продлабочување на економската соработка меѓу Р. Македонија и Р. Италија. м-р Сања Николова
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ПОСЕТИ
ОДРЖАНА ТРЕНИНГ-ОБУКА ЗА НАПРЕДНО НИВО НАМЕНЕТА ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП Во рамките на Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“, на 10.10.2017 година во хотелот „Оаза “ во Штип, се одржа тренинг-обука за компаниите на тема: „Придобивки и обврски при вработување лица со хендикеп“ во организација на Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Штип и „Полио Плус – движење против хендикеп“. Во рамките на Проектот беа одржани четири обуки на основно ниво наменети за компаниите на тема: „Инклузија на лицата со хендикеп на работното место“ и тоа: во Скопје на 22.6.2017 година, во Штип на 27.6.2017 година, во Велес на 4.7.2017 година и во Кавадарци на 15.9.2017 година, при што голем број компании беа запознаени со придобивките и обврските што ги имаат при вработувањето лицата со хендикеп. Според истражувањата на Стопанската комора на Македонија, постои недоволна информираност на компаниите за различни прашања поврзани со вработувањето и задржување во работен однос на лицата со хендикеп. Тренинг-обуката беше наменета за компаниите, со цел да се информираат за соодветно приспособување и овозможување на еднаков третман на лицата со попреченост. М-р Ирена Мојсовска од Стопанската комора на Македонија, проектен координатор, ги поздрави присутните и ги претстави активностите насочени кон институциите и компаниите кои имаат цел да придонесат за целосно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Госпоѓа Жанета Попоска, експерт во оваа област, говореше за правната рамка за овозможување еднаков третман на лицата со попреченост, за мерките кои се потребни да се преземат од страна на работодавачите со цел да се овозможат непречени услови за работа, елементи и фактори. На обуката беа споменати и меѓународните стандарди, меѓу кои се издвојува и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и Факултативниот протокол кон неа, кои беа усвоени со консензус од Генералното собрание на ООН на 13 декември 2006 година, беа отворени за потпис на 30 март
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
17
ПОСЕТИ
2007 година, а влегоа во сила на 3 мај 2008 година. Г-ѓа Попоска напомена дека истата е ратификувана од страна на Република Македонија во 2011 година. Беа споменати и елементите кои се неопходни да се обезбедат за непречен пристап на лица со попреченост. На крајот на обуката беа презентирани и пет студии на случај, по што беше развиена дискусија од страна на присутните кои ги изнесоа своите искуства и предлози поврзани со вклучувањето на лицата со хендикеп на пазарот на труд. Преку овој Проект ќе се таргетираат компаниите кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Постои цел сет на активности што се насочени и кон институциите и компаниите, со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ е едногодишен проект на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ кој има за цел да ги подготви лицата со хендикеп за работа во компаниите и да ги информира и подготви компаниите за вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси, обуки и активности во компаниите. Моника Стоичева
18
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
19
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16-17 октомври 2017 година Осиек, Р.Хрватска
„2. ХРВАТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРOЦЕНКА НА РИЗИК ПО БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА„
Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија ве покануваат да земете учество на претстојната „Втора хрватска конференција за проценка на ризик и безбедност на храната“ што ќе се одржува во просториите на земјоделскиот факултет во Осиек, Р. Хратска од 16-17 октомври по повод одбележувањето на „Светскиот ден на храната“. Овогодинешната конференција е организирана од страна на Хрватската агенција за храна, поддржана од Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) ,под покровителство на Претседателката на Република Хрватска, г-ѓа Колинда Грабар Китаровиќ и под покровителство на на Министерството за земјоделство и Министерството за здравство на Република Хрватска . Основна цел на конференцијата е да се дискутира за актуелните теми од областа на инвестирањето во безбедноста на храната и руралниот развој , влијанието на мерките за рурален развој врз безбедноста на и сигурноста на хранат, проценката на ризик, комуникацијата на ризик, исхраната у навиките за исхрана, а дискусиите ќе бидат предводени од страна на реномирани експерти од Хрватска и од странство. Посебен акцент ќе се стави на генетски модифицираната храна и перцепциите на потрошувачите во оваа област. Во рамките на одбележувањето на „Светскиот ден на храната“, ќе се дискутира за трите најважни цели на Организацијата за храна иземјоделство (FAO): 1. искоренување на глад, 2. наухранетост и сиромаштија и 3. Издржливо управување со природните ресурси. Трошоците за учество на настанот, превоз и сместување се на товар на учесниците, а со оглед на тоа дека бројот на учесници е ограничен, ги замолуваме сите заинтересирани да го пријават своето учество со пополнување на on-line апликацијата најдоцна до 1 октомври 2017 година, на следната веб страна: https://www.hah.hr/konferencija-2017/prijava-sudionika/ . За сите дополнителни информации Ве молиме обратете се до: -м-р Сања Николова, тел: 02 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ ресторанот Воденица, ул. Теодосиј Гологанов 69, Скопје
AUSTRIAN BUSINESS CIRCLE 17 октомври 2017
За прв пат настанот го организираме заедно со Стопанската комора на Македонија, нашиот ценет партнер во многу активности на ADVANTAGE AUSTRIA во Македонија. Програма: 18:45 : Пристигнување и регистрација 19:00 : Добредојде: Г-ѓа Ерика Теоман- Бренер, Ракодител на ADVANTAGE AUSTRIA Србија, Македонија и Црна Гора и г-ѓа Билјана Еделинска, ADVANTAGE AUSTRIA канцеларија Скопје 19:05 : Претставување: Стопанската комора на Македонија Г-ѓа Јадранка Аризанковска, Виш советник , Дирекција на здруженија и регионални комори при Стопанската комора на Македонија 19:15 : Прашања и одговори; бифе
Се радуваме на Вашето присуство!
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство до 10. октомври 2017 на skopje@ advantageaustria.org или на sanja@mchamber.mk.
Пријателски поздрав, Ерика Теоман- Бренер Трговски советник на Австрија Србија, Македонија и Црна Гора
Билјана Еделинска ADVANTAGE AUSTRIA канцеларија Скопје
22
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17 октомври 2017 година (вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневна работилница на тема: НОВА ВЕРЗИЈА НА БРЕНДИРАЊЕТО БРЕНД 2.0
Дали брендот означува лого, етикета, симбол или нешто повеќе? Кои се најважните чекори низ кои треба да помине (или минува) секоја компанија која се занимава со комерцијализација (брендинг) на своите производи/услуги? За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 17 октомври 2017 година организира еднодневна работилница на тема: „Нова верзија на брендирањето – БРЕНД 2.0“. Низ неколку чекори запознајте се со најважните аспекти и елементи на развој на бренд и како со тоа да постигнете поголема диференцијација на пазарот. Многу компании се занимаваат со брендирање на своите производи, но само малку од нив знаат вистински да се поврзат со своите купувачи и да создадат “brand love” врска со нив. Вашиот бренд е ветување кон Вашиот клиент. Преку брендот не му ја пренесуваме само користа на клиентот од нашиот производ, туку многу повеќе од тоа - нашиот карактер, вредности и систем на верувања. Градењето бренд не е еднократен напор, туку континуиран и конзистентен процес на постојано надградување, тестирање, менување и ширење на знаењето. Петар Лазаров е консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, за извоз, автор и косопственик на „Македонија-Експорт“. Со своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од третата генерација обучувачи кои своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Тој е и дел од тимот за развој и за продажба на брендовите „МАМА’S“ - традиционални домашни рецепти што се извезува во повеќе од 30 земји во светот и TIP OF THE WEEK - Прирачниците за личен и за професионален развој што се продадени во +15.000 примероци во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16 и 17.10.2017 година (понеделник-вторник) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
ДЕЛОВНА АДМИНИСТРАЦИЈА (КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ) ЗА ИЗВРШНИ АСИСТЕНТИ И ПЛАНИРАЊЕ РЕСУРСИ
Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите. Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на останатата пропратна документација за канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги. Планирањето на ресурсите претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација. Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина” ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант, управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје, со 22-годишно искуство во областа на менаџментот. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
24
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија
10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress
Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред
Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.
Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години
во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.
Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им
создаде услови за :
- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат
односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.
Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа
можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.
- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува
размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,
(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.
Проектот на Европската комисија е
развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.
Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални
• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
29
30
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА компании од Р.Македонија.
Грција
Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.
Кина
Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Кина
Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за Кина соработка со компании од Р.Македонија. Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови Грција од пластика произведува.Таа има Грчка компанија е голем производител интерес за соработка со компании од на ламинат рачно изработени кујни и врати. Компанијата е заинтересирана за Македонија. соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн). Таа е заинтересирана за соработка со
Кина
Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.
Кина
Кина
Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.
Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за Мексико соработка со компании од Р.Македонија. Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални Кина услуги за обезбедување контакт со Компанија од Кина се занимава со минимален ризик, со фирми за пласман производство на челик, градежни на ваши производи или набавка на материјали, обложување на хемикалии стоки и услуги. итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Пакистан
Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија стоматолошки, ветеринарни на различна стока. Таа е заинтересирана инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од за соработка со компании од Р.Македонија. Р.Македонија.
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 13 октомври 2017, Бр. 324
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088