Бизнис ИНФО, број 315

Page 1

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

Број 315

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

14.7.2017

4-ти САМИТ ВО ТРСТ

МЕРКИ ЗА СОЗДАВАЊЕ ЦВРСТА ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 14 јули 2017, Бр. 315 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ИНИЦИРА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА ВО ОДНОС НА ПРОДАЖБАТА НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ Стопанската комора на Македонија до Министерството за економија, денеска ќе поднесе Иницијатива за изменување на Законот за трговија со која се предлага укинување на обврската за поседување лиценца за продажба на алкохолни пијалаци (која е со важност од 2 години и можност за продолжување со високи износи на надоместоци

за лиценците, особено за големите трговци) и отстранување на ограничувањето во однос на работното време во кое може да се врши продажба на алкохолни пијалаци по 19, односно 21 часот до 6 часот, информираше на денешната прес конференција оперативниот директор на Комората м-р Елена Милевска Штрбевска, 10.07.2017 година. Иницијативата произлегува од барањата на компаниите-членки на Здужението на трговијата и Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија. Во изминатите 9 години од примената на овие


БИЗНИС ИНФО

4

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ригорзони ограничувања во трговијата, Комората континуирано укажувааше дека, со нивната примена се нанесува голема финансиска штета на трговците на големи и мало, како и на компаниите од домашната индустрија за прозводство на ваков вид пијалаци, што негативно се одразува на нивниот развој и предизвика намалување на бројот на работни места, посочи Милевска Штрбевска. Како илустрација за големината на загубите од примената на законските

ограничувања во трговијата со алкохолни пијалаци, говорат и податоците дека со воведувањето на лиценците за продажба на алкохол, над 5.500 трговски објекти во земјата (од вкупно околу 13.000 трговски објекти) се откажале од продажба на алкохол, со што драстично се намалил нивниот промет. Комората бара и укинување на давачката од 0,05 отсто за продолжување на лиценцата за продажба на алкохол кај трговците со над три продажни објекти, поради тоа што се однесува на вкупниот промет, а не само на прометот на алкохолните пијалаци. Со давачката, додаде оперативниот директор на Комората, оваа категорија


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ трговци се доведени во нерамноправна положба во однос на останатите субјекти на пазарот. Имено, согласно Законот за трговија е предвидено дека за продолжување на лиценцата трговецот е должен да плати надоместок во износ од 5.000 денари за секој продажен објект ако има до три продажни објекти и 15.000 денари за секој продажен објект, ако има над три продажни објекти, како и 0,05% од вкупниот промет остварен во претходната година. Ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалаци во трговската мрежа директно го стимулираше производството и трговијата со алкохолни пијалаци „на црно“, за кои не се плаќаат акцизи и даноци и кои се широко достапни за целокупното население, вклучувајќи ги и најмладите. Зголемувањето на производството и трговијата со алкохол „на црно“, нанесува директна штета на: 1. Kонсументите (нема контрола на квалитетот на алкохолните пијалаци што се продаваат на црно); 2. Државата (загуба поради неплатени даноци и акцизи); и 3. Домашната индустрија за пијалаци и легалните трговци кои мора да плаќаат огромни давачки (лиценци), а се соочени со намалување на прометот. Еден од главните аргументи за воведување на овие рестрикции во продажбата на алкохолните пијалаци беше да се намали консумацијата на алкохол во земјата, особено кај младите. Но, напротив, во последниот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен во 2016-та година, се констатира: „Консумацијата на алкохол денес не е само појава кај возрасните лица, туку и кај младите луѓе чиј број од ден на ден станува се поголем“, исткана Милевска Штрбевска. Од ова произлегува дека, единствена ефикасна мерка за намалување на достапноста на алкохолот кај младите е доследната и ригорозна примена на законските одредби за забрана на продажба и точење на алкохол на лица под 18 години, а не „прохибиција“ за сите. Деловните субјекти кои се занимаваат со производство на алкохолни пијалаци (пред се, винската и пивската индустрија во Република Македонија), како и деловните субјекти кои вршат продажба на мало и големо на овие производи целосно ја поддржуваат заложбата за забрана за продажба на алкохолни пијалаци на малолетни лица, и инсистираат на доследно спроведување на оваа забрана, за што и самите, преку активности на корпоративна општествена одговорност ќе се вклучат во спроведување на овие мерки. Во изминатите девет години од примената на оваа рестриктивна законска регулатива, не се понудени никакви емпириски докази дека таа остварила какво било


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ влијание врз евентуално намалување на алкохолизмот во Република Македонија. Затоа останува фактот дека и без овие мерки на ограничување на продажба на алкохол во трговијата, Македонија има далеку пониска стапка на консумација на алкохол по глава жител во овој дел од светот, ако се има предвид дека просечната потрошувачка на алкохол по глава на жител во 2015 година во Република Македонија изнесувала 5,7 литри (според податоците од Светската здравствена организација), што е значително помалку од европскиот просек од околу 10 литри по глава на жител. Република Македонија има мала потрошувачка по глава на жител во Европа од околу 10 литри вино и под 30 литри пиво. Според податоците од Светската здравствена организација, од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци, во Република Македонија најмногу се консумира пиво (47,4% од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци), потоа вино (39,9%), а на останатите пијалаци отпаѓа 12,6% од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци. За споредба, во Бугарија, Словенија и Хрватска потрошувачката на пиво се движи и до 75 литри по глава на жител, додека потрошувачката на вино е околу 25 литри со што далеку се надминува домашниот просек. Дополнително, иако Македонија се декларира како винска земја, согласно статистичките податоци, во Република Македонија се консумира само 9-10% од вкупното производство на вино. Колку за илустрација, просечната консумација на пиво во Македонија се движи под 30 литри по жител годишно, додека во Србија таа количина е околу 65 литри, а во Хрватска и Бугарија изнесува над 75 литри. Според овој параметар, ние сме многу далеку од Германија каде годишно се пие по околу 120 литри пиво и Чешка каде се консумираат близу 160 литри пиво по жител годишно. Во ниедна од овие земји, ниту во останатите земји-членки на ЕУ, не постојат законски ограничувања за продажбата на алкохолни пијалаци како овие во Македонија. Многу од европските држави воопшто не предвидуваат обврска за поседување на посебни лиценци за продажба на алкохолни пијалаци. Исто така, не се предвидуваат било какви ограничувања во однос на работните часови за продажба на алкохолни пијалаци (вклучувајќи ги помеѓу другите Белгија, Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Хрватска, Грција, Чешка, Словачка). М-р Елена Милевска Штрбевска


БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

7


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

ВО ТРСТ СЕ КРЕИРААТ МЕРКИТЕ ЗА СОЗДАВАЊЕ ЦВРСТА ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА Во рамки на 4-тиот Самит на Западен Балкан во Трст, владините претставници од ЕУ и Западен Балкан ги дефинираат стратегиите и програмите во насока на забрзување на растот и интеграцијата во регионот, а во кои мерки е предвидено и активно учество на бизнис заедницата во регионот. Повеќегодишен акционен план за регионална економска област на Западен Балкан ќе биде развиен за подготовка на “предлог за заеднички пристап за унапредување на економската соработка во Западен Балкан” во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст. Во овој план е предложена структурирана агенда за регионална економска интеграција, како: промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање на агенда за дигитална интеграција, односно идната економска регионална соработка ќе се потпира на четири столба: трговија, инвестиции, мобилност и дигитална агенда. Очекувањата се дека со овие активности ќе се овозможи непречен проток на стоки, услуги, капитал и висококвалификувана работна сила, со што регионот ќе стане поатрактивен за инвестиции и трговија, ќе се услови процесот на забрзување на патот кон ЕУ и просперитет на сите граѓани, создавајќи еднакви услови за сите во регионот. На економско ниво, приоритет се дава на транспортната и енергетската инфраструктура, развој на малите и средни претпријатија и поттикнување на инвестициите. На отворањето на самиот, обраќање имаше и проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, кој посочи дека Македонија дава поддршка на создавањето на регионална економска област, но и дека треба да се работи на раст на инвестициите преку поголема соработка со домашни компании и спроведување на приоритетни инфраструктурни проекти. На Самитот во Трст, делегацијата од Стопанската комора на Македонија е предводена од претседавачот на Собранието на комората, Антони Пешев и претседателите на Македонската транспортна асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, Иван Петровски и Благој Христов. На панелот дискусии предвидени во рамки на отворањето на Канцеларијата на Секретаријатот


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

9

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

на Коморскиот инвестициски форум, ќе говори и господин Живко Мукаетов, генерален директор и Претседател на управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во име на организацијата “Самит 100”, кој ќе се осврне на важноста на регионалното поврзување и заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање со здружување на фондовите и напорите во презентирањето на инвестицискиот потенцијал на регионот. Стопанските комори од регионот се вклучени од почетокот на овој процес, односно со имплементацијата на заклучоците од Берлинскиот процес, во 2015 година, во Виена, за време на одржувањето на Виенскиот самит каде претседателите на коморите од Западен Балкан, потпишаа Спогодба за формирање Коморски инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ ЗБ), со што се потенцираше намерата за активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес. Покрај Стопанската комора на Македонија, основачи на овој форум се и коморите на Албанија, БиХ, Србија, Косово, ЦрнаГора, Хрватска и Словенија. На Самитот, заедничките активности на коморите ќе се заокружат со отворање на канцеларија на постојан Секретаријат на КИФ во Трст, кој ќе биде главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, кои ќе станат дел од повеќе годишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан. Овие проекти е планирано да условат подигнување на нивото на инвестиции, конкурентност, слободно движење на работната сила, а за нивна реализација се очекува и на поддршка од Регионалниот совет за соработка и Европската Комисија. За време оддржување на Самитот во Трст, посебен акцент е биде ставен на ефикасно реализирање на Бизнис форумот, на кој присуствуваат над 100 компании од Западен Балкан, од кои 10-тина се од Македонија, организирани преку Италијанскиот институт за надворешна трговија - ИЧЕ. Билјана Пеева-Ѓуриќ


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

БАЛКАНОТ СОЗДАВА ЦВРСТА ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА - КОМОРИТЕ ОД РЕГИОНОТ ВО ТРСТ ОТВОРИЈА КАНЦЕЛАРИЈА НА ПОСТОЈНИОТ СЕКРЕТАРИЈАТ НА КИФ

Во рамки на денешното одржување на 4-тиот Самит на Западен Балкан во Трст, на кој владините претставници од ЕУ и Западен Балкан ги дефинираат стратегиите и програмите во насока на забрзување на растот и интеграцијата во регионот, коморите го заокружуваат своето делување со отворање на канцеларијата на Постојниот секретаријат на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на Западен Балкан, во кој покрај Стопанската комора на Македонија, основачи се и коморите на Албанија, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Регионалната економска интеграција во Западен Балкан ќе му помогне на приватниот сектор во искористување на пристапот до економиите со обем од 18 милиони жители и насочување на моделот на раст кон надградба на човечкиот капитал, инвестиции во инфраструктурата и дигитализација на нејзините економии. Иако процесот на пристапување во ЕУ помогна во поголема хармонизација меѓу економиите


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

11

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ преку усогласување на нивните правни и институционални системи со оние во ЕУ, а со ЦЕФТА договорот се овозможи тарифите и квотите за трговија со индустриски и земјоделски производи да бидат елиминирани и со тоа да се постигне напредок во олеснувањето на трговијата, сега концентрацијата е насочена во иницијативи за отстранување на пречките за мобилност на висококвалификувана работна сила, како и спроведување на агендата за поврзување (Connectivity Agenda), преку интегрирање на транспортните и енергетските системи во регионот и во ЕУ. Самитот во Трст резултира со развој на регионална економска област, како што е предвидено преку повеќегодишен акционен план да се спроведуваат низа интервенции и активности во четири компоненти: трговија, инвестиции, мобилност и дигитална агенда. Главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, кои ќе станат дел од повеќе годишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан ќе биде канцеларијата на постојниот секретаријат на КИФ во Трст. На отворањето на канцеларијата, покрај претставниците од коморите и деловната заедница од регионот и од Италија, присуствуваа и претседателот на Стопанската комора на Венеција Џулија г-дин Антонио Паолети, г-ѓа Дебора Серачиани, претседател на регионот Фриули Венеција Џулија, како и проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. На свеченоста по повод отвoрањето на канцеларијата беа организирани панел дискусии, во рамки на кои беше констатирано дека Коморскиот Инвестициски форум преку својот постојан секретаријат ќе ги насочи своите активности кон: 1. Застапување за создавање на ефективни институционални и политички структури на највисоко ниво од страна на владите на ЗБ за поддршка и овозможување на имплементација на регионалната економска област кои треба да воспостават рамка за соработка со деловната заедница за подобрување на јавно приватниот дијалог како алатка за успешно спроведување на сите мерки насочени кон подобра регионална соработка, што ќе биде претставено преку КИФ како единствено регионално тело кое ја претставува целата деловна заедница во регионот. 2. Застапување на слободното движење на стоки / услуги во целиот регион за намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на стоките и услугите на глобалниот пазар. Во таа насока потребно е сите царински постапки да бидат јавно


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ достапни на веб-страниците на царинските испостави низ целиот регион и со тоа да бидат транспарентни, достапни и предвидливи. Да се постигне унифицирање на сите царински декларации, процедури (исто така овозможувајќи целосна кумулација на потекло и враќање на давачките) и стандардизација на сите инспекции, вклучувајќи санитарни, фитосанитарни, ветеринарни и др., на регионално ниво во согласност со стандардите на ЕУ, така што секоја земја ќе ги признае истите гранични декларации, документација за одреден тип на производи од сертифицирани лаборатории, агенции, итн. Дизајнирање и имплементација на регионален ИТ систем за поврзување на сите царини во регионот за поддршка на хармонизирана и усогласена регионална царинска документација и постапки за инспекција со цел да резултира со минимално време на чекање на границите (проценка е дека оптимално време камионот да ја поминува границата треба да биде 7,5 минути). Проверката на документацијата и стоката треба да биде на првата граница на регионалната економска област на ЗБ, како што работи во ЕУ. Неопходно е елиминирање на сите нетарифни бариери во целиот регион како и либерализација на трговијата со услуги, особено во областа на финансиите, осигурувањето, транспортот (на пример, дозволи за патниот транспорт), туризмот; либерализација на електронската трговија, либерализација во преку граничен пренос на податоци итн. 3. Застапување на слободно движење на луѓето од регионот да патуваат, работат и студираат во рамките на регионот без дополнителна документација и премногу административни процедури. Ова би му овозможило на заедничкиот пазар на труд до одредена мера да ги реши проблемите со невработеноста во регионот (високи стапки на невработеност во ЗБ со тоа што најниската е 15% во Србија и Албанија, а највисоката е 32.5% во Косово) и да се направи чекор кон спречување на одлив на мозоци од регионот (сите земји во регионот имаат ниска стапка на задржување на талентите во земјата) и би отворило повеќе можности во регионот. За да се постигне оваа цел потребно е да се овозможи склучување мултилатерални договори за социјално осигурување и пензиски фондови кои ќе бидат признаени во одредени сектори, отстранување на пречките за мобилност на студентите, научниците и академиците во регионот за да се овозможи пренос на знаење, укинување на барањето виза за туристите кои го посетуваат регионот како и изготвување на регионална стратегија за хармонизација на образовниот систем со предвидените потреби на пазарот на трудот.


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

13

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

4. Повик за заедничка стратегија за дигитална трансформација која ќе придонесе за економски раст, создавање на работни места и подобра конкурентност и деловен просперитет на регионот и ќе доведе до обемни промени во традиционалните индустрии (автомобилска индустрија, електронска индустрија). 5. Повик за заедничка регионална енергетска стратегија особено во областа на производството на електрична енергија/трговијата со електрична енергија што може да го направи регионот по одржлив, а со тоа и енергијата ќе биде пообезбедена со оглед на тоа дека ќе се потпира на сопствени ресурси. 6. Заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање со здружување на фондовите и напорите во презентирањето на инвестицискиот потенцијал на регионот, како и неговата креативност, храна и традиционална кујна, туристички атракции со акцент на потребите на бизнисот. При тоа ќе се развива интернет платформа за на инвеститорите да им се презентираат потенцијалите на регионот. На оваа тема во рамки на една од панел дискусиите организирани по повод отворањето на Канцеларијата на Секретаријатот на КИФ, говори и господин Живко Мукаетов, генерален директор и Претседател на управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во име на организацијата “Самит 100”. , кој се осврнува на важноста на регионалното поврзување и заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање.


14

БИЗНИС ИНФО

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Со население од малку помалку од 18 милиони луѓе, економиите од регионот генерираат приближно 88 милијарди американски долари на БДП (големина на Словачка). Во однос на нивото на развој, едноставниот просек на БДП по жител е 1/3 од просекот на ЕУ28. Сепак, Западен Балкан е еден од најбрзо растечките региони во Европа, со стапки предвидени помеѓу 3% и 4%. Структурата на економиите од ЗБ покажува различни економски активности. Во просек, услугите сочинуваат поголем дел од регионалната додадена вредност (% БДП), скоро 2/3 или 63%, додека индустријата придонесува со 25% и земјоделството со 12%. Се забележуваат значителни разлики во структурата меѓу шесте економии, Црна Гора, поттикната од нејзиниот туризам, е обележана со натпросечно значење на услужниот сектор (речиси 70%). Од друга страна, со БДВ (бруто додадена вредност) околу 30 отсто, Србија и Босна и Херцеговина се индустриски центри за моќ во регионот, додека додадената вредност на албанското земјоделство е речиси двојно поголема од просекот во регионот. И покрај значителниот пораст на извозот од регионот, во последниве години, економиите од Западен Балкан сé уште се недоволно интегрирани во глобалната трговија. Просечниот извоз на стоки и услуги е околу 37%, значително пониски од 80% од вишеградските 4 економии (Унгарија, Словачка, Чешка и Полска). Сепак, трговските


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

текови покажуваат дека растот на извозот во регионот не е поттикнат од зајакнувањето на внатрешно-регионалната трговија, туку главно поради зголемената побарувачка на клучните пазари на ЕУ (на пример, Италија и Германија). Иако вкупниот износ на извозот на ЦЕФТА регионот се зголеми од 20 милијарди евра во 2011 година на 25 милијарди во 2015 година, обемот на трговијата во регионот едвај се зголемил. Повеќето од земјите во голема мера зависат од пазарот на ЕУ (60-70 отсто од нивниот извоз), а ЦЕФТА се наоѓа на второто место со учество од околу 10 отсто. Значајни исклучоци се Црна Гора и Косово, кои извезуваат околу 30 проценти во земјите на ЦЕФТА и 40 проценти во ЕУ. Компаниите во регионот се соочуваат со значителни регулаторни бариери за трговија преку границите. Во просек балканските компании се соочуваат со повисоки трошоци поврзани со усогласување на границата и документацијата во споредба со компаниите во ЕУ. Во случај на извоз, тоа значи 20% поскапа гранична усогласеност и речиси 3 пати повисоки трошоци поврзани со усогласеност на документацијата. На Самитот во Трст, делегацијата од Стопанската комора на Македонија е предводена од претседавачот на Собранието на комората, Антони Пешев и претседателите на Македонската транспортна асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, Иван Петровски и Благој Христов. Билјана Пеева-Ѓуриќ


БИЗНИС ИНФО

16

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Специјализирана болница ЖАН МИТРЕВ- синоним за врвна медицинска нега Беспрекорната грижа и безбедност на пациентот се синоними за работата на Специјализираната болница по хируршки болести ЖАН МИТРЕВ, водена од основачот, д-р Жан Митрев, реномиран кардиоваскуларен хирург. Ултра модерен медицински центар во кој работат искусни, врвни професионалци препознатливи по сложените и специфични кардиоваскуларни операции. Но, тие се и лидери во регионот во извршување на уникатни операции од областа на ортопедија, торакална хирургија, урологија, абдоминална хирургија, но и гинекологија. Исклучителни резултати се постигнуваат и кај лекување на гангрена со озон терапија. Бројни пациенти од земјата, но и светот се вредна потврда за тоа.

Според уникатноста на градбата, болницата претставува значајно градско обележје. Сместена е во срцето на градот Скопје, импонзантен, инзвореден по својата архитектура и естетика објект, со најсовремена медицинска опрема, но и просторни и хигиенски услови. Атмосферата во болницата потсетува на хотел, каде е минимизирано чувството


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

17

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ на присуство во болница. КАРДИОВАСКУЛАРНАТА ХИРУРГИЈА е срцето на болницата. Специфика на хируршкиот тим се најразлични зафати на срцето и големите крвни садови, потоа операција со која се премостуваат запушените коронарни артерии на срцето, како и аортокоронарен бајпас, замена и реконструкција на срцевите валвули, но и васкуларна хирургија на каротидните артерии, како и третман на лимбична периферна артериска болест. ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР е опремен со најсовремена, софистицирана PHILIPS технологија која овозможува прецизна дијагностика и огромна ефикасност при идентификување на здравствените проблеми на пациентите. Центарот функционира од 07.00 до 22.00 часот, а во викендите од 08.00 до 16.00 часот, со можност на ургентно прифаќање на секој пациент и независно од редовното работно време. За да се комплетира работата на дијагностичкиот тим овозможен е и медицински транспорт. Амбулантното возило е опремено со респиратор, монитор и останата неопходна апаратура за транспорт на најтешките, витално загрозени пациенти, во земјата, но и од странство. Тимот е обучен и сертифициран за ваков вид на транспортна медицинска служба, која може да се добие на 15777. Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ располага со повеќе АМБУЛАНТИ: кардиологија, интерна медицина, амбуланта за каридоваскуларна хирургија, но и гастроентерохепатологиј. Потоа, амбуланта за абодоменална хирургија, како и за ортопедија, урологија, но и гинекологија, неврологија и трансфузиологија. Тим на психолози се специјализирани за решавање на психолошки проблеми на личноста, а со помош на физиотерапевтите закрепнувањето на пациентите е поефикасно. Испитувањата кои се вредна поддршка на дијагностика се прави во најсовремената лабораторијата за микробилогија и биохемиската лабораторија. Одделението за ИНТЕНЗИВНА НЕГА е уникатно, не само поради просторноста и опременоста на собите, туку и по капацитетот од 70 кревети. Уште повеќе се одвојува од други болници по техниките и методите кои се применуваат во секојдневното лекување на болни и критични пациенти. Овде се води максимална грижа за безбедноста на пациентите и се прави 24 часовен мониторинг и контрола од интрахоспитални инфекции.


18

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Уште една специфика на овој медицински центар е лекувањето на ГАНГРЕНА со озон терапија. На почеток со пионерски чекори, но низ годините, преку темелноста и посветеноста на професионалците успеаа да ја издигнат оваа метода на лидерското место во регионот. ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ГЕНЕТИКА И ПЕРСОНАЛИЗИРАНА МЕДИЦИНА, инкорпорирана во системот на болницата преставува новитет и за регионот. Со тоа се постави еден современ пристап кој води од реактивна до проактивна медицина. Овде е овозможено генетско тестирање за коагулопатии во тек на бременост, третмани за плодност или хормонска контрацепција, а огромен интерес има и кај нутригенетика. Се воведе и фармакогенетика, а за првпат се направи напредно испитување со секвенционирање на геноми и егзоми. Овде, може да се направи и испитување на третман на рак и наследност на рак, како и неинванзивна пренатална дијагностика и генетско испитување за инфективни болести - вируси, бактерии и паразити, сепса. Од неодамна во листата на новитети во болницата се впишани и студијата за електрофизиологија или инвазивно испитување која се применува за проценка, дијагностика и лекување на неправилен срцев ритам. Лекувањето на децата може да го доверите на искусен тим на педијатри кои се специјализирани за пулмоалергологија и детска гастроентерологија. Сега, кардиолошката педијатрија која е наша долгогодишна специфика се надополни со овие педијатриски гранки. Овде имаме и кабинет за оториноларингологија, но и аптека која е од отворен тип и располага со специфични помагала и препарати. Одлика на перфекција во целокупната грижа за здравјето на пациентите во


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

19

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ болницата е одделот за сместување на пациенти, со специјално изградените и луксузно уредените ВИП АПАРТМАНИ. Болницата располага со 16 двокреветни соби на првиот спрат, 10 еднокреветни апартмани, 2 делукс апартмани, климатизацијата во секоја соба и обезбеден Wi-Fi интернет, како и LED TV во секоја соба, и A- la- carte и приспособено мени за пациентите и нивните најблиски. КОНФЕРЕНЦИСКАТА САЛА или позната како Аудиториум е на 3 кат, со капацитет од 90 седишта. Опремена е со видео ѕид од 4x47 ``, безжично озвучување, модерно осветлување, техничка поддршка, а се нуди и, кетеринг/ресторанска услуга, како и паркинг простор и обезбедување за корисниците. Покрај организирање на научни собири, предавања, презентации, работилници, прес-конференции, салата е атрактивна за изнајмување од надворешни лица за организирање на нивни настани. Предноста на просторот е како во современите услови за работа, така и во можноста за користење на ресторанските услуги. РЕСТОРАН“ПУЛС“ е од отворен тип кој функционира во рамките на болницата. Во согласност со потребите на корисниците, искусниот тим од ресторанот може да понуди повеќе видови на менија подготвени според HACCP стандардoт. Се на едно место, како што доликува на еден современ ултрамодерен медицински центар. Посетете нe` и на веб: www.zmc.mk, Facebook/ ZANMITREV. За сe` дополнително, контактирајте нe` на: info@zmc.mk.


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 14 јули 2017, Бр. 315

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 14 јули 2017, Бр. 315

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

21


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„12. AGRI-TRADE “ФОРУМ МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА И НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА (16+1)

24-26 август 2017 година Горња Радгона, Р. Словенија

Стопанската комoра на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, Ве покануваат да бидете дел од овогодинешниот „12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, којшто претставува еден од најзначајните настани во областа на земјоделието во рамки на Иницијативата 16+1. Настанот се одржува секоја година во различна држава на високо политичко и министерско ниво, а на овогодинешниот настан се очекува учество да земат политички и бизнис делегации од сите земји од Централна и Источна Европа (Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Црна Гора, Естонија, Хрватска, Латвија, Литванија, Македонија, Полска, Словачка, Словенија, Србија и НР Кина). Политичкиот дел од настанот ќе се одржи на 25 август 2017 година, петок во Брдо при Крању, Р. Словенија каде што министрите од земјите од Централна и Источна Европа и Кина ќе бидат дел од Министерската Конференција на тема „Важноста на синџирите за снабдување со прехранбени производи на локално и глобално ниво“. По завршувањето на Конференцијата делегациите од земјите учеснички ќе остварат и билатерални средби. `Настанот ќе продолжи и наредниот ден на 26 август 2017 година, сабота со свеченото отворање на 55. Интернационален саем за земјоделие и прехрана-АГРА, којшто ќе се одржува во Горња Радгона, Р. Словенија, а во чии рамки ќе се одржи и „12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина. Оваа година земјите од Централна и Источна Европа ќе имаат можност да ги презентираат своите потенцијали на Националните павиљони, при што посебен акцент ќе биде ставен на НР Кина како партнерска земја во Иницијативата 16+1. Во попладневните


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

часови ќе се одржи и Бизнис Конференција на земјите од Централна и Источна Европа на којашто сите излагачи и бизнисмени од областа на земјоделството, прехранбениот сектор и комплементарните индустрии се поканети да земат учество. Бизнис Коференцијата претставува одлична можност за вмрежување и размена на информации и искуства со претставниците од дадените индустрии. Ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите заинтересирани компании од областа на земјоделството, прехранбениот сектор и комплементарните индустрии да земат учество на Бизнис Конференцијата, којашто ќе се одржува на 26 август 2017 година, сабота од 15:00 до 18:00 часот во хала 1 на саемот АГРА во Горња Радгона. Сите заинтересирани компании учеството на претстојниот Форум можат да го пријават со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 10 јули 2017 година. Работен јазик на Форумот е англиски. За подетални информации во врска со настанот, Ве молиме контактирајте со Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 17– 19 јули 2017 година Прага, Р. Чешка

Стопанската комoра на Македонија во соработка со Чешкo- кинеската комора за соработка и Кинескиот центар за економска соработка, ве покануваат да бидете дел од овогодишниот Кинески инвестициски форум 2017, што ќе се одржува во периодот од 17-19 јули 2017 година во Прага, Република Чешка. Кинескиот инвестициски форум веќе пет години по ред претставува официјална платформа за економска соработка, политички, дипломатски и деловнии состаноци на ниво на високи државни претставници на 16-те земји од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина. И оваа година Кинескиот инвестициски форум има за цел на едно место да се сретнат сите политички претставници, бизнисмени и инвеститори од Република Чешка, Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа и да дискутираат за тековните политички и економски рамки во однос на соработката меѓу Народна Република Кина и 16те земји од Централна и Источна Европа. Форумот се одржува во согласност со „Насоките од Рига за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа“, усвоени од страна на премиерите на овие земји во ноември 2016 година во Рига, Латвија. Овогодишниот Форум ќе се одржи под покровителство и присуство на Н.Е. Милош Земан, претседател на Република Чешка и Н.Е. Бохуслав Соботка, премиер на Република Чешка. Официјалната делегација од Народна Република Кина ќе биде предводена од господин Лиу Јуншан, член на Постојаниот комитет на Политбирото на Народна Република Кина, придружуван од високи претставници на министерско ниво. На настанот покрај претседателот и премиерот на Република Чешка, говорници ќе бидат и функционери од чешката Влада и политичката сцена, како и од останатите земји од Централна и Источна Европа. Во 2013 година, претседателот на Народна Република Кина покрена нова иницијатива за меѓународна соработка: „Економски појас на Патот на свилата“ и „Поморски пат на свилата на 21-от век“. Оваа иницијатива оттогаш постигна важни резултати и доби поддршка од повеќе од 100 земји и меѓународни организации. На 14 и 15 мај 2017 година, Пекинг беше домаќин на Форумот „Еден појас, еден пат“, за меѓународна соработка под покровителство и надзор на претседателот на Народна Република Кина, Н.Е Кси Џинпинг. На настанот учествуваа делегации на високо ниво од повеќе од 30 земји.


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Кинескиот инвестициски форум 2017 има за цел да ги елаборира резултатите од Форумот во Пекинг, воведувајќи конкретни проекти како примери и можности за другите земји и да најде синергии во соработката меѓу земјите од Иницијативата „Еден појас, Еден пат“. Настанот ќе се одржи од 17-19 јули 2017 година, во Замокот во Прага. За времетраење на настанот, доколку бројот на членови на делегацијата не го надмине одобрениот лимит, организаторите ќе обезбедат бесплатно сместување во официјалните хотели на Кинескиот инвестициски форум 2017. Кетеринг услугите и транспортот од - до хотелите каде што ќе бидат сместени делегациите и каде што ќе се одржуваат настаните е бесплатно за сите учесници на настанот. Патните трошоци се на товар на учесниците. Регистрацијата за Кинескиот инвестициски форум 2017 се врши по електронски пат на следниот линк: account.czechchina.com/registration најдоцна до 30 јуни 2017 година. Организацискиот комитет на Кинескиот инвестициски форум 2017, по извршената регистрација, ќе ги оцени пријавите и ќе ги информира апликантите дали нивната апликација е одобрена или не. Апликантите потоа ќе имаат можност преку оваа платформа да ги изберат и партнерите за деловните средби, коишто оваа година ќе се одржат меѓу претставници од Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа. За повеќе информации, посетете ја и официјалната страна на настанот: www.czechchina.com/cif. За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27– 30 септември 2017 година Анталија, Р. Турција

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на овогодниешниот „INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “. Овогодинешната конференција ќе се оджи во Анталија, Р. Турција во периодот од 27-30 септември 2017 година. Цел на конференцијата е на едно место да ги собере сите експерти од областа на фармацевтската индустрија на Турција и пошироко. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 14.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http://www. uluslararasieub.com/about-us/ За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „FOOD ISTANBUL 2017“

19– 22 септември 2017 година Истанбул, Р. Турција

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ FOOD ISTANBUL 2017 “. Меѓународниот саем наменет за прехранбената индустрија ќе се одржи во периодот од 19 - 22 септемви 2017 година во Истанбул, Р. Турција. Оваа манифестација е една една од најпрестижните платформи каде секоја година се среќаваат најпрестижните имиња од прехранбената индустрија од цела Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Русија и Балканот со повеќе од 1000 брендови, 250 изложувачи и над 35.000 посетители. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 11.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http:// cnrfoodistanbul.com/index.aspx?ln=2 За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, БУДВА, ЦРНА ГОРА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации: * на 49. Саем за градежништво оваа година на јавноста ќе бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; * 5. Саем за енергетика е можност да се претстават новите технологии и достигнувања на компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кон истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; * саемската платформа и компаративната предност која ја нуди 12. Саем за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на саемските манифестации со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 7 септември 2017 (четврток). За подетални информации околу посетата и закуп на штанд ве молиме контактирајте со Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk .


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ

28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

ЕЕН при Стопанската комора на Македонија Ве поканува на Меѓународни бизнис средби во Тирана, Албанија. Оваа меѓународна активност ќе се фокусира на партнерства меѓу претставниците на меѓународниот бизнис и албанските компании. Инвеститорите и компаниите од Италија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Австрија, Грција, Германија, Косово, Македонија, Бенелукс, Хрватска, нордиските земји, Швајцарија и од многу други земји ќе имаат можност да го покажат својот интерес за соработка со албанските партнери, на 28-29 септември 2017 година. Ова е водечка платформа која има за цел да промовира инвестиции и да обезбеди стратешка и богата средина за учење, деловни бизнис средби, заедничко вложување итн. Сите учесници ќе имаат можност со нивните партнери да создадат добра клима за мрежно поврзување. Притоа, ќе се разговара за тоа како да се привлечат соодветни меѓународни инвестиции, што ќе придонесе за конкурентноста на националната економија. Бизнис средбите во Тирана ќе ги соберат корпоративните лидери, креаторите на политиките, експертите, за да ја нагласат важната улога на странските фирми, во два интензивни дена. На овој настан ќе се создаде глобална сцена за презентирање на иновативни идеи и истражување на нови вложувања и воспоставување деловни партнерства. Фокус: Ефективни 20 минути за поединечни деловни средби за да се поттикне ефикасно вмрежување. Главни теми: Инфраструктура; туризам; прехранбена индустрија; земјоделство; иновации и технологија; енергија; инвестиции / финансирање. Како работи? 1.Регистрирајте ги и објавете ги Вашите желби за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесници и закажете средби со компании за кои сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот добивате распоред на состаноци. За да се регистрирате за учество, Агендата и други информации, постете ја интернетстраната https://www.b2match.eu/tiranabusinessmatching2017 Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

35


36

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042035 Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042036

УКРАИНА UA00000042031 Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042032 Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042034

Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи.

УКРАИНА UA00000041975 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

ПАКИСТАН PK00000041972

Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат Компанија од Украина нуди линии за производство пресуван под висок притисок и е компанија


петок, 14 јули 2017, Бр. 315

БИЗНИС ИНФО

37

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото

УКРАИНА UA00000041963 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

УКРАИНА UA00000041950 Компанија од Украина која е производител на

свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000041951 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

УКРАИНА UA00000041947 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.

КИНА CN00000037834 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 14 јули 2017, Бр. 315

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.