Бизнис ИНФО, број 320

Page 1

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

Број 320

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

www.mchamber.mk

15.9.2017

За да има развој потребено е најмалку 20% до 25% од Бруто домашниот производ да се инвестира во нови производи, иновативност, конкуретност

ПРЕЗЕНТИРАНА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКАТА СТУДИЈА ЗА „МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ“, ИЗГОТВЕНА ОД ВИЕНСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА МЕЃУНАРОДНИ ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ


2 2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ПРЕДЛОГ-МЕРКA ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНИТЕ ДАВАЧКИ КАЈ ОДРЕДЕНИ КАТЕГОРИИ НА МЕСО ЗА ПРЕРАБОТКА СО ЦЕЛ УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА Со цел зголемување на конкурентноста на домашните преработувачи на месо пред странските конкуренти на домашниот пазар, а во насока на обезбедување услови за повисок степен на користење на сопствените капацитети во оваа индустрија, неопходни се автономни мерки за укинување на увозните давачки кај одредени категории на месо за преработка. Во отсуство на ваква мерка, позитивните движења во индустријата секојдневно добиваат негативна насока, пред се` поради повисокиот степен на либерализација со ЕУ, каде се добро познати системските мерки за поддршка на домашните фармери и извозни рефундации, како целосната либерализација со Србија и со Црна Гора, кои покрај производните субвенции

имаат и извозни стимулации, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија на прес конференцијата (11.9.2017 година). Имено, без заокружен систем на заштита од нелојалната конкуренција по основ на


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ субвенции во производството, домашните производители на преработки од месо бараат само еднакви услови на производство во делот на суровината со увозниците, односно изземање на увозните давачки при увоз на суровината. Фактот што по зачленувањето во Светската трговска организација, царината на сувомеснатите преработки е пониска од царината на суровината, со цел оваа индустрија да обезбеди континуирано производство и развој, неопходно е да се укинат увозните давачки за суровината за преработка. Со тоа, во делот на обезбедувањето на суровината, домашните производители на преработки од месо ќе се изедначат со увезените преработки од месо, односно ќе се стекнат реални услови за задржување на домашниот пазар со преработки од сопствено производство. Како резултат на ова барање на Групација на преработувачи на месо и производство на преработки од месо и Групација за производство на свинско месо при Стопанската комора на Македонија и неколку последователни средби со заменик претседателот на Владата на РМ за економски прашања, Кочо Анѓушев, се дојде до компромисно решение, односно предлог одлуката која кабинетот на заменик претседателот на владата ја изработи согласно барањето на групациите во однос на намалување на увозните давачки, односно укинување на прелевманот и царината при увоз на замрзнато свинско месо за преработка, потенцираше Влатко Ѓоргиевски, од Групацијата на преработувачи на месо и производство на преработки од месо. Предлог одлуката предвидува ослободување од царинската давачка за замрзнато свинско месо за регистрирани преработувачи на месо и производители на сувомеснати преработки кои преработуваат во сопствени објекти. Согласно договореното, компаниите се должни да дадат банкарска гаранција во износ од вредноста на царинската давачка на суровината која се увезува, а процесот ќе се контролира преку предадениот готов производ. Инструментот за контрола од страна на надлежните институции компаниите го прифаќаат во целост, а готовото решение изготвено од страна на Царинската Управа, компаниите ќе го имплементираат на свој трошок. Оваа одлука ќе биде со важност од една година од денот на нејзиното донесување, по што би се направила анализа за влијанието на мерката врз пазарот на месо и преработки од месо, истакна Слободан Кутревски, член на Групацијата при Стопанската комора на Македонија. Со позитивното решавање на ова барање, Групацијата оценува дека производството на трајни и полутрајни производи тековнава година ќе го зголеми за 16.000 тони, или за скоро 30% повеќе од минатата година, како и пораст на извозот за 10%, кој е лимитиран со документот


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ за потекло (оценка согласно барањата од странските купувачи, кои производи за извоз би се обезбедиле од расположивата домашна суровина). Финансиските буџетски ефекти би биле позитивни како резултат на платениот ДДВ, на потребната увезена суровина за преработка без увозни давачки, потоа платениот персонален данок на доход на работниците при зголемениот број на работни часови. Од инсталираните капацитети за производство, 94% се во сопственост на членките на Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора на Македонија, подносители на барањето. Со преработка на 11.500 тони месо минатата година, можниот капацитет за производство на полутрајни и трајни преработки од месо од 45.000 тони, кај наведените членки на Групацијата, се користи само 28%. Од вкупно преработената количина на месо само 1.700 тони, или само 15% е од домашно потекло, односно месо од домицилните производители, а останатото е од увоз, подвлече Ристовски. Согласно статистичките податоци за увоз на месо по одделни категории и земји на потекло, може да се констатира дека месо за преработка во нашата земја нема, што впрочем е утврдено и со стоковните биланси за основните земјоделски и прехранбени производи одделно за економска, односно календарска година. Комерцијалните потреби од полутрајни и трајни преработки на месо годишно изнесуваат околу 17.000 тони, кои од домашното прозводство се подмируваат со 65%, а 35% од увоз, при што се увезуваат околу 6.000 тони. Увозот на преработки на месо во одделни години достигнуваше и до 9.000 тони, што покриваше над 60% од домашната потрошувачка, а очекувањето од оваа мерка е да се постигнат подобри резултати и пласирање на квалитетни производи, со цел поголема доминација на домашниот пазар, како и раст на извозот. Според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, во Република Македонија се регистрирани 50 објекти за преработка на месо, од кои 12 веќе не работат. Од 38-те капацитети кои се` уште работат, 15 капацитети се регистрирани за производство на полутрајни и трајни производи со капацитет од 45.000 тони на годишно ниво/работа во една смена. Васко Ристовски


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

РАБОТНА ПОСЕТА

Амбасадорот на кралството Холандија во работна посета на Комората – МОЖНОСТИ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Н.Е. господин Вилем Воутер Пломп реализираше официјална посета на Стопанската комора на Македонија, и одржа состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија, господин Бранко Азески. На средбата се разговараше за актуелните економски теми кои можат да бидат од интерес за двете земји. На средбата, претседателот Азески ја посочи добрата економска соработка која постои помеѓу двете земји, која континуирано бележи напредок. Од страна на претседателот Азески особено беше посочен позитивниот ефект на активностите кои Кралството Холандија ги презема во земјава во насока на унапредувањето на демократизацијата на земјата, владеењето на правото и ефикасното функционирање на судскиот систем, кои се од клучно значење за унапредувањето на деловната клима во земјата. Во таа насока, беше истакнато и залагањето на Комората за доследно спроведување на процесот на консултации со засегнатите страни при донесувањето на законите и подзаконските акти, при што ситуациите кога се донесуваат закони по скратена постапка да бидат сведени на минимум, како и за зголемувањето на извозните потенцијали на македонската економија, вклучувајќи и активности за поддршка


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

7

РАБОТНА ПОСЕТА

на иновативноста на домашните компании. Амбасадорот Пломп ја истакна подготвеноста на Кралството Холандија за поддршка на процесите на демократизација во Република Македонија, но и за поддршка на бизнис секторот во Република Македонија, и унапредување на неговата иновативност. Посочи дека потенцијали за соработка помеѓу двете земји постојат во областите на текстилната индустрија, земјоделството, туризмот и информатичките технологии. На крајот, разговарано беше за перспективите за продлабочување на соработката, и активностите кои може заеднички да се преземаат во насока на унапредување на бизнисклимата во земјата. Вкупната трговска размена за период јануари – јули 2017 година изнесува 99,5 милиони САД $, што претставува раст од 16,07 % споредено со истиот период во 2016 година, додека извозот изнесува 41 милиони САД $, што претставува зголемување од 13,68%, додека увозното салдо изнесува 58,4 милиони САД $, или зголемување од 17,82% во споредба со истиот период во 2016 година. Д-р Татјана Штерјова


БИЗНИС ИНФО

8

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

РАБОТНА ПОСЕТА

Средба на претседателот Азески со вицепремиерот Османи – ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНАТА ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески на 14.09.2017 година оствари работна средба со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи. Вицепремиерот Османи и претседателот Азески разговараа за најавената Регионална економска интеграција и за Берлинскиот процес во делот кој се однесува на регионалната соработка на стопанските комори. На средбата стана збор и за активностите во насока на унапредување на конкурентноста на економиите на земјите од Западен Балкан, зајакнувањето на регионалната економска соработка и интеграција во Европската унија и на глобалниот


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

9

РАБОТНА ПОСЕТА пазар, како и за реформите од План 3-6-9 кои се однесуваат на делот на економски критериуми со чие спроведување ќе се подобри целокупната позитивна клима во економијата, која ќе биде од полза пред сè за бизнис секторот. На средбата, од страна на господин Османи беше истакнато дека Секретаријатот може да понуди соработка со Стопанската комора со вклучување во работните тела на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, во работните групи на Националната програма за усвојување на европското законодавство кои се од областа на економски политики, како и во секторските групи на ИПА. Преку координативните механизми, Стопанската комора и нејзините членки редовно ќе се информираат за можностите за финансирање од програмите на ЕУ. Нагласено беше дека останува и можноста за заедничко оргнизирање на регионални и меѓународни конференции посветени на унапредување на економските политики. Д-р Татјана Штерјова


БИЗНИС ИНФО

10

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА

ПРЕЗЕНТИРАНА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКАТА СТУДИЈА ЗА „МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ“, ИЗГОТВЕНА ОД ВИЕНСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА МЕЃУНАРОДНИ ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ Научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“, којашто на барање на Стопанската комора на Македонија е изработена од страна на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, беше презентирана пред повеќе од 250 претставници од компании членки на Стопанската комора на Македонија, претставници од Владата на РМ и од други државни институции, како и од дипломатскиот кор. Студијата, покрај обработката на извозот како главен сегмент во анализите, вклучува поширок преглед на потенцијалите и можностите на македонската економија со цел да се утврди вистинското место на приватниот сектор во македонското стопанство, врз која основа e потребно да се креира модел што ќе ги поттикне економскиот


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

11

ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА раст и развој, истакна д-р Јелисавета ГеоргиеваЈовевска, Извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Аналитичко-научниот пристап на изготвената студија, која се карактеризира со констатации не само за состојбите во македонската економија во тој период, туку и на економските прилики во поширокиот регион, вклучувајќи ја и економијата на земјите од ЕУ и ЦЕФТА, со чии состојби е компарирано и е направена паралела со состојбите во македонската економија, констатираше д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска. Студијата изобилува со доста податоци, приказ на состојбите и движењата во повеќе сегменти како што се увозот, извозот, производството, понудата и побарувачката на пазарот на производи и услуги, влијанието на констатираните состојби врз вработеноста и миграциските движења на


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА работната сила, иновативноста како фактор на стопанскиот раст, состојби во макроекономската и монетарно-финансиската сфера, значењето и влијанието на странските инвестиции врз извозот и неговото учество во БДП, важноста на регионалната интеграција и интернационализацијата на односите за натамошен економски раст, потенцијалите на МСП, што на изготвувачот му служи како основа да даде и свои констатации и предвидувања за идниот економски раст на македонската економија, посочи извршниот директор на Комората. Изготвувачот на научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“, д-р Владимир Глигоров, експерт од Виенски институт за меѓународни економски студии, ги презентираше економски параметри изразени преку потенцијалната стапка на раст, растот на извозот и на увозот, инвестициите, трговскиот дефицит и дефицитот на тековната сметка, а ги посочи и препораките под кои услови тоа би се реализирало.

Во студијата е констатирано дека Македонија има траен проблем со ниска вработеност и висока невработеност, затвореноста на домашната економија што се анализра преку малиот извоз во споредба со вкупното производство во земјата, нестабилноста на земјата изразена преку големата разлика меѓу активните и пасивните каматни стапки. Во делот на стопанската политика, во услови на фиксен курс на денарот, има можност за зголемување на конкурентноста на домашната економија. Во услови на ригидна макроекономска политика развојот на земјата зависи од извозот и од надворешната трговија, констатира д-р Глигоров. Во целата оваа активност клучна


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

13

ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА улога има понудата на македонски производи за европските пзари. Колку поголема понуда толку поголерми шанси за зголемен извоз и намалување на трговскиот дефицит на земјата. Сегашната структура на македонската економија покажува доминација на преработувачката индустрија, но потребно е реиндустријализација на економијата, бидејки, преработувачкиот сектор се сели кон големите држави, а фокусот треба да биде на развој на услугите. Пречки постојат и во даночниот систем и недоволниот пристап до финансиски средства. Како заокружување на анализата на студијата, д-р Владимир Глигоров порачува дека постојат два основни проблеми. - Компаниите се ориентираат кон производство за домашен пазар, што значи дека речиси целокупното производство се троши во земјата, а средства за инвестиции се чекаат од странски инвеститори. - Нема доволно развиеност на иновативност во претпријатијата. За да има развој потребено е најмалку 20 до 25 проценти од Бруто домашниот производ да се инвестира во нови производи, иновативност, конкуретност. Глигоров потенцира дека извозот е генератор на растот и на вработувањето. Со 4 отсто стопански раст, под претпоставка стопанскиот раст на ЕУ да биде 2 отсто, по 30 години македонскиот БДП по глава на жител би требало да биде околу 90 отсто, што значи дека идната генерација на граѓани би можеле да живеат со европски стандард. Препораките кои се дадени и во студијата упатуваат во стопанската политика да се одржи фиксен курс со антициклична фискална политика и конкурентен реален курс со постојани надворешни биланси.


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА

Основните цели и мерки за да се реализираат препораките се: поттикнување на иновативноста; зголемување на интернационализацијата; активна политика на вработување; реформа на даночниот систем; научно и технолошко поврзување; активно учество во Берлинскиот процес и јакнење на јавното и приватно партнерство. Премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, констатираше дека препораките во студијата се значителен придонес во креирањето на економскиот раст на земјата. Најави дека е подготвен и план за економски развој чија цел е создавање успешна економска приказна со што земјата побрзо ќе се приклучи на патот кон интеграција на Европската унија, како и со регионот. Клучни во кеирањето


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

15

ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА на економската политика на Владата како што исткана премиерот Заев ќе бидат, инвестициите, извозот, малите и средни претпријатија, подигнување на конкурентноста на приватниот сектор. Македонија е мала држава и мала економија. За да има успешен економски развој потребна e извозна ориентација, посочи д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот

на Владата на РМ задолжен за економски прашања. Македонскиот извоз учествува со 50% во Бруто домашниот производ. Ако не се зголеми тој процент на 60 па дури и до 70 %, земјата неможе да очекува сериозен раст. Анѓушев посочи дека мерките кои се носеле изминатите повеќе од 20 години не ги дале очекуваните резултати, но искуството од нив треба да биде база за мерките кои ќе се носат во иднина. Во таа насока беше најавено дека економскиот раст оваа Влада ќе го фокусира на три столба. Прво ќе се обезбеди државна подршка за компаниите кои ќе испорачаат раст и прогрес во Македонија. Второ ќе се подржи извозот и третот ќе се креира значителна државна помош на малите и средни компании, поенцираше заменикот на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања. Елизабет Хаген, Извршен директор на Виенски институт за меѓународни економски студии, го престави организациски Институтот, посочувајќи дека тој е рангиран 5-тото место од 25 светски меѓународни истражувачки институти. Даниела Михајловска Василевска


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ВО РАМКИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ФОРМИРАНА Е АСОЦИЈАЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД За развој на управувањето со посебните текови на отпадот, а по иницијатива на заинтересираните претставници на колективните постапувачи со отпад од пакување, од батерии и акумулатори и електричен и електронски отпад, денес во Стопанската комора на Македонија се одржа конститутивната седница и се формира Асоцијација за управување со посебните текови на отпад како посебна форма на организирање и работење во рамките на Комората. Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад ја формираа стопанските субјекти кои поседуваат лиценца за колективно или самостојно постапување со посебни текови на отпад од пакување, од батерии и акумулатори и од електричен и електронски отпад, а се очекува бројот на членките да се зголеми и со пристапување на останати заинтересирани стопански субјекти, како и со субјектите кои се занимаваат со постапување со отпадот од


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ возила, од гуми, текстил и отпад од масла. Основните цели на формирањето на Асоцијацијата е да ги координира учесниците, односно да се постави како спрега помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓаните во системот на управување со овие текови на отпадот со најниски трошоци за индустријата и најголем еколошки бенефит за граѓаните. Приоритетните активности ќе бидат во насока на афирмирање на колективните и самостојни постапувачи со посебните текови на отпадот и создавање поволна законска рамка за дејноста, намалување на субјектите кои не се вклучени во соодветен систам за управување со овие видови отпад, решавање на отворените прашања со општините и комуналните претпријатија, прашањето со неформалните собирачи на отпад и други. За претседател на Асоцијацијата во наредниот три годишен мандат е избран д-р Филип Ивановски, управител на Пакомак Скопје, а за негов заменик Фана Христовска, управител на Ел колект Скопје. Зорица Мешкова


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Во Штип одржана јавна дебата на тема: “ПОНАТАМОШНО ПОДОБРУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА РАЗВОЈ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНАТА РАМКА НА КВАЛИФИКАЦИИ” На 14.09.2017 година во просториите на правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип беше одржана јавна дебата, којашто е дел од Твининг проектот финансиран од ЕУ: “Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации (НРК)”, на којашто присуствуваа претставници од Министерството за образование, локалната самоуправа, Стопанска комора на Македонија и од бизнис секторот. Оваа јавна дебата е дел од редовните средби со засегнатите страни за различни аспекти од Националната рамката на квалификации кои се одржуваа во текот на проектот. Проектот исто така предвидува одржување на јавни дебати, со кои ќе се информира


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ јавноста за резултатите од проектот и служат за редовна консултација со засегнатите страни за истите, како и за подигање на свеста и знаењето за НРК. Овие настани исто така ја зголемуваат транспарентноста на проектот. Формулата на дијалог со засегнатите страни ја обезбедува нивната поддршка и посветеност за развивање и имплементирање на НРК; и овозможува инкорпорирање на стекнатото знаење и искуство. Исто така, ќе се обезбеди одржливост на проектните резултати, одлична можност за вмрежување, како и за размена на искуства, добри практики и нови иницијативи во системот на НРК. На панел дискусијата се дискутираше за следните прашања: Како да зборуваме за НРК, Кои се придобивките од НРК за локалниот развој и Како да изградите доверба во НРК? Модератор на настанот беше Наташа Јаневска, државен советник во Министерството за образование, а покрај претставниците од локалната самоуправа и образованието, учесници во оваа дебата беа и Весна Ангеличкова, потпретседател на Регионалната комора со седиште во Штип, Ангел Димитров, претседател на Здружението за текстилна индустрија при Стопанската комора на Македонија како и Венцислав Филипов, сопственик на текстилната компанија АФГ Штип. Моника Стоичева


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

Средба на претставници на ММФ со потпретседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија - БИЗНИСКЛИМАТА ВО ЗЕМЈАВА ГЕНЕРАЛНО Е ДОБРА, НО ПОТРЕБНО Е ОДРЕДЕНО НАДГРАДУВАЊЕ Претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) реализираа работна средба со потпретседателот на Советот на странски инвеститори (ССИ), госпоѓа Ирена Јакимовска, на 12.09.2017 година, во Стопанската комора на Македонија. Гостите ги предводеше госпоѓата Јасмин Рахман, шеф на Делегацијата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Република Македонија. На работната средба на којашто се расправаше за работењето на странските


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

21

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

инвеститори во Македонија, госпоѓата Јакимовска истакна дека странските инвеститори кои веќе се дел од македонското стопанство веруваат во самиот систем и со тоа што веќе подолго време се на македонскиот пазар, генерално ја сметаат бизнисклимата добра за стопанисување. Постојат области во кои е потребно надградување, посебно на полето на поголема соработка помеѓу домашните и странските инвеститори, истакна гопсоѓа Јакимовска. На тој план, Советот на странски инвеститори веќе работи на поинтензивни контакти и деловни врски со домашните компании. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

22

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ПРОЕКТИ

УСПЕШНО ПАРТНЕРСТВО НА СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СО ПРОЕКТОТ НА УСАИД Инвестиции во чиста енергија После четири години на имплементација, на 13 септември 2017 година, заврши Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија. Проектот во износ од 2.3 милиони долари во кој еден од партнерите беше Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанска комора на Македонија работеше да се зголемат инвестициите во енергија од обновлвиви извори, да се намали потрошувачката на енергија и да се намалат емисиите на стакленички гасови. Проектот воспостави механизам за јавно-приватен дијалог, кој овозможи инвеститорите во обновлива енергија, заедно со владините министерствa и агенции, интензивно да се вклучат во процесот на поедноставување на легислативата и регулативите за инвестирање. Како резултат на тоа, се променија неколку закони и подзаконски акти со кои се скрати временската рамка на инвестициите во обновлива енергија од првичните 36 на 24 месеци. За време на реализација на Проектот, постигнато е следново: • Студија на квантификација на промените на земјиштето во РМ; • Воведување на техники за далечински сензори и географски информациски системи(ГИС) за следење на промените на шумите; • Извештај за имплементација на Студијата за одржлив развој; • Двогодишни извештаи за промовирање на користењето на енергија од ОИЕ; • Анализа, препораки и акционен план за едукација за правилно согорување и загревање на домовите; • Нова методологија за пресметка на заштедите на стакленички гасови како резултат на користење на ОИЕ; • Нова методологија за изработка на енергетскиот биланс; • Измени и дополнувања на Законот за енергетика; • Студија за изводливост на воспоставување на електронски систем за прибирање и размена на податоци за енергетски биланс; • Поедноставување на постапките за инвестирање во обновливи извори на енергија(ОИЕ);


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

23

ПРОЕКТИ

• Намалување на траењето на инвестицискиот процес во ОИЕ; • Формиран форум на чинитеи и засегнати страни во областа на ОИЕ; • Измени на Законот на индустриски зелени зони; • Подготовка на вториот Национален акциски план за енергетска ефикасност (НАПЕЕ); • Програма за обука на енергетски контролори; • Подзаконски акти за обука, испит и сертификација на енергетски контролоти; • Подзаконски акти за еко-означување и еко-дизајн на производи поврзани со енергија; • Анализа на моѓностите за воведување на нови механизми за поддршка на учеството на ОИЕ во производството на електрична енергија; • Мапирање на елементи на ниско-емисиони Развојни стратегии(ЛЕДС) во националното стратегиско планирање. Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија се надоврза на претходната помош од УСАИД со која беа поставени основите за развој на секторот обновлива енергија и енергетско ефикасни технологии во Македонија. Во рамките на завршниот настан на Проектот на УСАИД- Инвестиции во чиста енергија, Групацијата на обновливи извори на енергија доби благодарница за успешно соработка и партнерство во спроведување на Проектот. Перо Авакумовски


БИЗНИС ИНФО

24

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ПРОЕКТИ

ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА ПО РЕД ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА И ВО КАВАДАРЦИ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ НА КОМПАНИИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП Во рамките на Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“, на 15.9.2017 година во хотелот „Фени“ во Кавадарци, се одржа четвртата по ред информативна сесија на тема: „Придобивки и обврски на компаниите при вработувањето лица со хендикеп“, во организација на Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Кавадарци и „Полио Плус – движење против хендикеп“. Првите три информативни сесии беа одржани во Скопје (22.6.2017), Штип (27.6.2017) и Велес (4.7.2017) на истата тема за што беа запознаени голем број на компании за придобивките и обврските што ги имаат при вработувањето на лицата со хендикеп. Според истражувањата на Стопанската комора на Македонија, постои недоволна информираност на компаниите за различни прашања поврзани со вработувањето и задржување во работен однос на лицата со хендикеп. Оваа информативна сесија беше наменета токму за информирање и запознавање на компаниите во насока на создавање инклузивна и разновидна работна сила. Ирена Мојсовска од Стопанската комора на Македонија, проектен кординатор, ги поздрави присутните и ги претстави активностите насочени кон институциите и компаниите кои имаат цел да придонесат за целосно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. - Ќе се настојува да се отворат сите работни процеси за лицата со хендикеп во заинтересираните компании, затоа што сме свесни дека колку што се битни знаењата и вештините на лицата со хендикеп, толку е и битно да се вклучат компаниите и нивните менаџерски тимови за целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп – истакна Ирена Мојсовска од Стопанската комора на Македонија. Проф. д-р Лазар Јовевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, зборуваше за различни аспекти поврзани со предизвиците при создавање инклузивен пазар на труд, при што во првата сесија ги објасни придобивките и бенефициите за компаниите кои вработуваат лица со хендикеп, институционалната поставеност на системот за поддршка на вработување на лица со хендикеп, а во втората сесија ги истакна прашањата на еднаквост и недискриминација при


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

25

ПРОЕКТИ

вработување лица со хендикеп, разумното приспособување на работното место и улогата на организациите на лица со хендикеп во фацилитирање на процеси. Околу 15-тина учесници земаа учество на информативната сесија од повеќе сектори: производство на вода и безалкохолни пијалоци, откуп на грозје, ланец на супер маркети, енергетика и трговија со електрична енергија, производство на цевки, производство на картонска и дрвена амбалажа, транспорт и консултански услуги,производство на санитетски производи,автомобилска индустрија, кои имаа можност да се вклучат во дискусија и да ги изнесат своите искуства и предлози поврзани со вклучувањето на лицата со хендикеп на пазарот на труд. Преку овој Проект ќе се таргетираат компаниите кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Постои цел сет на активности што се насочени и кон институциите и компаниите, со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ е едногодишен проект на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ кој има за цел да ги подготви лицата со хендикеп за работа во компаниите и да ги информира и подготви компаниите за вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси, обуки и активности во компаниите. Тања Мицева


26

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 15 септември 2017, Бр. 320

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 15 септември 2017, Бр. 320

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

27


bsi.

ISO 9001

Quality Management

те ај

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ар

FS 549642

Н

28

БИЗНИС ИНФО

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Дводневен тренинг:

РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

18-19.9.2017 година (понеделник-вторник) 9:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Стопанската комора на Македонија организира дводневен тренинг на тема: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО. Програмата за тренг-обуката е дизајнирана и наменета за раководители и професионалци кои се на раководни позициии и раководат со своите тимови, кои се стремат кон подобро, кои целосно и темелно ја разбираат својата лидерска позиција и го водат тимот. Програмата е наменета и дизајнирана за секој кој сака да ги оствари своите максимални тимски резултати како тим лидер, секој кој сака да научи како да креира конструктивен работен амбиент, а притоа земајќи ги предвид различните особини и динамиките во работењето внатре во тимот. се водиш по нив. Предавач: -М-р Младен Васиќ, извршен директор, консултант и тренер со 15-годишно интернационално работно искуство, стекнато во некои од поголемите глобални компании како што се „NIS Gazprom Neft“, „Knauf Insulation“, „Tetra Pak“ и „British American Tobacoo“ SEE. Работејќи на највисоките раководни позиции во различните индустрии (директор на дирекција за маркетинг во „NIS Gazprom Neft“, директор за маркетинг за Јужен Балкан и в.д. директор за продажба за Албанија и Косово во „Knauf Insulation“), м-р Васиќ успешно ги води тимовите како директор на посебни маркетинг сектори со повеќе од 40 вработени во тимот, притоа дополнително спроведувајќи комплексни проекти за развој на работењето, лансирање на нов бренд на пазарот во Југоисточна и Централна Европа и Централна Азија со високи резултати. Како едни од позначајни проекти се за лансирање на брендираните горива и тоа: Ultra D, G-drive, лансирање на брендот „Gazprom Petrol Stations“ во Југоисточна Европа, како и прмоција на картичката лојалити Супер Картичка на „NIS Gazprom Neft“. М-р Младен Васиќ има завршено мастер студии на Економскиот факултет во Ниш и својата доспецијализација ја усовршува во Лондон, Њујорк и Илионис. Квалификуван корисник е на MBTI инструмент за анализа на личностите од страна на Американската Асоцијација за менаџери - Њујорк 2007. Активно учествува во дефинирање на организациони, тимски и персонални потреби за унапредување на работењето и успешно водење на тимовите, како и креирање и спроведување на конкретни тренинзи проекти кои биле високо наградени. Контакт: Анита Митревска

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244057

Тел: ++ 389 2 3244074

Факс:++ 389 2 3244088

Факс:++ 389 2 3244088

Контакт Центар : (02) 15015

Контакт Центар : (02) 15015

E-адреса: anita@mchamber.mk

E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27– 30 септември 2017 година Анталија, Р. Турција

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на овогодниешниот „INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “. Овогодинешната конференција ќе се оджи во Анталија, Р. Турција во периодот од 27-30 септември 2017 година. Цел на конференцијата е на едно место да ги собере сите експерти од областа на фармацевтската индустрија на Турција и пошироко. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 14.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http://www. uluslararasieub.com/about-us/ За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „FOOD ISTANBUL 2017“

19– 22 септември 2017 година Истанбул, Р. Турција

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ FOOD ISTANBUL 2017 “. Меѓународниот саем наменет за прехранбената индустрија ќе се одржи во периодот од 19 - 22 септемви 2017 година во Истанбул, Р. Турција. Оваа манифестација е една една од најпрестижните платформи каде секоја година се среќаваат најпрестижните имиња од прехранбената индустрија од цела Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Русија и Балканот со повеќе од 1000 брендови, 250 изложувачи и над 35.000 посетители. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 11.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http:// cnrfoodistanbul.com/index.aspx?ln=2 За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, БУДВА, ЦРНА ГОРА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации: * на 49. Саем за градежништво оваа година на јавноста ќе бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; * 5. Саем за енергетика е можност да се претстават новите технологии и достигнувања на компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кон истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; * саемската платформа и компаративната предност која ја нуди 12. Саем за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на саемските манифестации со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 7 септември 2017 (четврток). За подетални информации околу посетата и закуп на штанд ве молиме контактирајте со Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk .


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ

28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

ЕЕН при Стопанската комора на Македонија Ве поканува на Меѓународни бизнис средби во Тирана, Албанија. Оваа меѓународна активност ќе се фокусира на партнерства меѓу претставниците на меѓународниот бизнис и албанските компании. Инвеститорите и компаниите од Италија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Австрија, Грција, Германија, Косово, Македонија, Бенелукс, Хрватска, нордиските земји, Швајцарија и од многу други земји ќе имаат можност да го покажат својот интерес за соработка со албанските партнери, на 28-29 септември 2017 година. Ова е водечка платформа која има за цел да промовира инвестиции и да обезбеди стратешка и богата средина за учење, деловни бизнис средби, заедничко вложување итн. Сите учесници ќе имаат можност со нивните партнери да создадат добра клима за мрежно поврзување. Притоа, ќе се разговара за тоа како да се привлечат соодветни меѓународни инвестиции, што ќе придонесе за конкурентноста на националната економија. Бизнис средбите во Тирана ќе ги соберат корпоративните лидери, креаторите на политиките, експертите, за да ја нагласат важната улога на странските фирми, во два интензивни дена. На овој настан ќе се создаде глобална сцена за презентирање на иновативни идеи и истражување на нови вложувања и воспоставување деловни партнерства. Фокус: Ефективни 20 минути за поединечни деловни средби за да се поттикне ефикасно вмрежување. Главни теми: Инфраструктура; туризам; прехранбена индустрија; земјоделство; иновации и технологија; енергија; инвестиции / финансирање. Како работи? 1.Регистрирајте ги и објавете ги Вашите желби за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесници и закажете средби со компании за кои сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот добивате распоред на состаноци. За да се регистрирате за учество, Агендата и други информации, постете ја интернетстраната https://www.b2match.eu/tiranabusinessmatching2017 Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

39


40

БИЗНИС ИНФО

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042035 Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042036

УКРАИНА UA00000042031 Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042032 Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042034

Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи.

УКРАИНА UA00000041975 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

ПАКИСТАН PK00000041972

Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат Компанија од Украина нуди линии за производство пресуван под висок притисок и е компанија


петок, 15 септември 2017, Бр. 320

БИЗНИС ИНФО

41

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото

УКРАИНА UA00000041963 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

УКРАИНА UA00000041950 Компанија од Украина која е производител на

свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000041951 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

УКРАИНА UA00000041947 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.

КИНА CN00000037834 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 15 септември 2017, Бр. 320

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.