петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
Број 311
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
17.6.2017
ФОРУМ ЗА АГРОБИЗНИС СЕКТОРОТ
Фирмите укажуваат и бараат квалитетни обучени “ кадри кои по завршувањето на образовниот процес побрзо и поефективно ќе се вклучат во производните и услужните процеси со помали трошоци
2 2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА АГРЕГАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ Одредбите на Законот за градежни производи („Службен весник на РМ“, бр. 104/2015, 192/2015 и 53/2016) воведуваат промени во начинот на контролата на производството кај градежните производи, на начин на којшто се дава многу поголема одговорност на производителот на градежен производ во поглед на контролата на квалитетот и одржување на постојаност на својствата на градежниот производ (12.6.2017 година). Во Република Македонија има голем број деловни субјекти на кои им се издадени концесии за експлоатација на минерални суровини - варовници, кварц, песок и чакал на повеќе различни локации, кои изнесуваат преку 100 компании, како и ангажирање на компании кои се вклучени во расчистување на речните корита кои вадат речен материјал (песок и чакал), за што се наметна потребата да се одржат повеќе едукативни состаноци по региони во земјата, бидејќи никој не е изземен од промени во начинот на контролата на производството, односно од обврските кои произлегуваат од Зaконот за градежни производи. Во изминатиот период од околу месец и половина, одржани се шест едукативни состаноци
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА и тоа во Скопје, Струмица (беа опфатени струмичкиот, радовишкиот и гевгелискиот регион), Струга (охридско-струшкиот регион), Гостивар (гостиварско-тетовскиот регион), Кавадарци (кавадаречкиот, велешкиот, неготинскиот, прилепскиот и битолскиот регион). Останува во скоро време да се одржи ваков состанок и во кумановско-кратовскиот регион, со што ќе бидат опфатени скоро сите компании кои експлоатираат варовници, кварц, песок и чакал. Интересот на компаниите беше максимално изразен, при што имаше присуство од преку 130 претставници од компаниите. Се отпочна со состаноци со компаниите кои експлоатираат варовници, кварц, песок и чакал, односно агрегати, било од каменоломи или од речните корита, кои се составен дел во производството на бетон, асфалт, малтери или како материјал за насип за патишта, односно материјал кој е составен дел скоро во многу други градежни производи. Количините кои се произведуваат од година во година бележат тренд на зголемување, така што само за илустрација, според официјалните статистички податоци, во последните две-три години производството на варовнички камен се движи околу 1.000 илјади до 1.110 илјади тони, потоа песок за градежништво околу 120 илјади до 150 илјади тони, а кршен камен или дробен камен кој се употребува како агрегат за бетон, за насипување на патишта и за други намени се движи од 350 илјади до 400 илјади тони. Само за мала споредба, кршен или дробен камен во 2012 година имавме производство од околу 60.000 тони, а во 2013 година околу 100 илјади тони. Треба да се напомене дека и песокот и чакал, кои се вадат од речните корита, не се изземени од Законот на градежни производи. Проценка е дека од речните корита се вадат околу 200-300 илјади м3 речен материјал, кој се обработува во сепарациите и се пласира на градежниот пазар. Во овој период има зголемување и на производството на бетон, што се движи од околу 176 илјади тони во 2010 година, а во 2016 година има производство од 340.000 тони, а истото се случува и во производството на малтери, односно, во 2010 година се произведени 58.000 тони малтери, а во 2016 година произведени се околу 82.000 тони. Зголемувањето на производството секако е поврзано и со инвестициитe во изградба на магистрални, регионални и локални патишта, но и изведба на објекти од високоградбата. Групацијата на агрегати, бетони и асфалти (ГАБА) одлучи да се рaзговара и да се презентираат новините во Законот за градежните производи, од причина што имплементацијата е процес, во кој секој субјект би требало да биде вклучен во делот на фабричката контрола на производството, како со своја опрема, така и со едуциран кадар. Имплементацијата на Законот обврзува производителот во целост да е одговорен за производството, оценување и потврдување на сообразноста на градежниот производ. Законот дава голема одговорност на производителот на градежен производ, во поглед на контролата на квалтет и во однос на одржување на постојаност на својствата на градежниот производ. Тоа значи дека самиот производител издава потврда за квалитет за својот производ, т.е. Изјава за својства (Declaration of performance), која во целост ќе го замени досегашниот Атест, издаден за период од 6 месеци од овластена институција. Со изготвување на Изјавата
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА за својства, производителот ја презема одговорноста за сообразност на производот во согласност со националните (европски) стандарди. За да може производителот на агрегат или неговиот овластен застапник, да изготви Изјава за својства со која ќе може слободно да го пласира производот на пазар, производителот треба да поседува Сертификат за сообразност на фабричка контрола на производство издаден од страна на именувано тело за серификација на градежни производи. Именуваните тела за сертификација на градежни производи ќе спроведуваат и постојан надзор над фабричката контрола на производството, со цел производителот да ја докаже постојаната контрола на квалитет и да ја потврди исполнетоста на барањата за сертифициран производ. Услов за одржување на Сертификатот е трајно и целосно задоволување на сертификационите критериуми, од страна на производителот. Во Р. Македонија има две именувани тела за сертификација на градежни производи од страна на Министерството за економија на РМ и истите се објавени на веб-страната на Министерството за економија и една компанија е во постапка на добивање. Агрегатите се основните суровини за производство на голема палета на градежни производи, па затоа се разговара за нив и се појаснуваат сите прашања и дилеми околу процесот на фабричката контрола на квалитетот. Контролата на квалитетот е врзан синџир, во кој покрај производителите на кој и да било градежен производ, вклучени се изведувачите и надзорните инженери. Државната пазарна инспекција исто така, согласно закон, е вклучена во контролата на квалитетот на производот. Целта на состаноците беше да се запознаат компаниите со измените на Законот за градежни производи, при што сите се залагаат за квалитетен производ, а на крај и квалитетен градежен објект. Голем дел од концесионерите веќе имаат искуство во своето работење, но со помош на акредитираните лаборатории и телата за сертификација постепено ќе бидат усвоени сите стандарди, со што ќе се елиминира и нелојалната конкуренција, а доколку во иднина производителот нема да поседува изјава за својства, нема да може да учествува на тендери. Посебно беше покренато прашањето околу застојот во продолжување на дозволите на фирмите кои се вклучени во регулирање на речните корита, при што се вади и квалитетен песок и чакал кој е нанос од реката и има примена во производството на градежен материјал. Реакцијата беше насочена кон Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е надлежно за водите. И покрај изработени и доставени проекти за регулирање на речното корито и вадење на песок, како што беше истакнато, за жал, нема продолжување на договорите, а од друга страна се прават штети од наносите на песокот, кои достигнуваат во зависност од регионот и преку стотици илјади евра. Марија Петроска
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
КОНЦЕСИОНЕРИТЕ ОЧЕКУВААТ РЕАКЦИЈА ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА АКТУЕЛНИТЕ СОСТОЈБИ ВО РУДАРСТВОТО Македонската асоцијација на рударството (МАР), на седницата одржана на 15.6.2017 година, расправаше за актуелните состојби во рударството во Република Македонија и за насоките за натамошен развој. На почетокот, господинот Николајчо Николов, претседател на МАР, истакна дека во последно време во Македонија се случуваат некои активности кои не се во интерес ниту на општините, ниту пак на концесионерите на минерални суровини. Николов нагласи дека површината на сите досега издадени концесии за експлоатација на минерални
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
7
ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
суровини изнесува околу 1,5% од вкупната површина на државата, активно работат 505 субјекти од областа на рударството и преработката на минералните суровини, каде се вработени околу 13.000 лица, односно станува збор за дејност која придонесува за развој како на општините, така и на државата. На некои општини буџетот им се зголемува за околу 300.000 до 500.000 евра, се зголемува вработувањето, а со тоа се задржуваат и младите лица. Членките на Македонската асоцијација на рударството, во обемната дискусија, нагласија дека во овој период се соочуваат со тешкотии во тековното работење, пред се`, заради се` позачестените тврдења дека со отворањето на рудниците за метали ќе се придонесе за загадување на животната средина, за што се одржуваат и референдуми за нивно запирање. Во Република Македонија, сите концесионери, било да е за концесија за детални геолошки истражувања или за експлоатација на минерална суровина, задолжително мора да ги исполнуваат законските одредби со подготовка на документација, за која, посебно се изјаснуваат надлежните министерства и општините каде се наоѓа концесијата. Посебно внимание се посветува на примената и почитувањето на законските одредби за заштита на животната средина, приспособени на европските закони кои посебно се ригорозни. Членките на МАР потенцираа дека ваквата состојба има негативно влијание и се праќа лоша порака до инвеститорите, посебно кај странските инвеститори. Државата како концедент, задолжително мора да реагира и да ги заштити концесионерите, бидејќи не може да се сторнира концесија од други ненадлежни органи, како што се општините, кои во самиот процес на добивањето на концесија имаат дадено позитивно мислење. Еднострано раскинување или прекинување на концесијата има негативни финансиски импликации, како за државата, така и за општините. На седницата се заклучи, писмено да се побара од Владата на Република Македонија, да се изјасни за настанатата ситуација, бидејќи, во рударскиот сектор најчесто се странски инвеститори, кои се доста чувствителни на вакви случувања. Марија Петроска
8
БИЗНИС ИНФО
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПРЕТСТАВНИЦИ НА ИНДУСТРИЈАТА ГИ ДЕФИНИРАА ЗАБЕЛЕШКИТЕ ПО ПРЕДЛОГРЕГУЛАТИВАТА ЗА ИНДУСТРИСКИ ЕМИСИИ Во континуитет на започнатите активности во рамките на Здружението на металургијата, а со цел доизградување на ставовите, сугестиите и забелешките на претставниците на индустријата по однос на предлог-регулативата за индустриските емисии, на 15 јуни 2017 година, во Комората се одржа работен состанок на којшто претставници на индустријата ги сумираа досега изготвените забелешки и сугестии од страна на компаниите, со цел изготвување заедничко мислење по оваа значајна законска регулатива. На состанокот учествуваше и господинот Бошко Ников, експерт за животна средина. Претставниците на поголемите капацитети од областа на индустријата и на неколкуте поголеми енергетски капацитети кои во своето работење вршат емисии во воздух и во почва, во повеќе наврати се осврнаа на примарната и секундарната законска регулатива за индустриските емисии, подготвена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на Твининг-проектот којшто го спроведува Министерството со цел зајакнување на капацитетите на централно и на
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
9
ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ локално ниво за спроведување на Директивата за индустриски емисии во Македонија. На состанокот беше дадена генерална оценка дека законскиот текст којшто беше предложен за расправа пред бизнис секторот треба да претрпи измени и да се приспособи на условите и можностите на индустријата. Забелешките се однесуваа најнапред на потребата од прецизирање на сите дефиниции и нивно усогласување со другите дефиниции од националното законодавство. Суштествените забелешки се однесуваа на прашањата поврзани со најдобрите достапни технологии и на транзициониот период, за којшто ќе се бара негово пролонгирање на 9 години. Имено, општа беше оценката дека предвидените 4 години е премногу краток период за промена на технологијата од аспект на потребните финансиски средства и потребниот временски период за нејзина замена, особено кога РМ не е земја-членка на ЕУ. Рокот посебно доаѓа до израз кај компаниите во државна сопственост во контекст на нивната обврска согласно регулативата за јавните набавки. Претставниците на индустријата се осврнаа и на решението со кое се дава преголемо дискреционо право на регулаторот и побараа негова замена со конкретни и прецизни решенија. Во делот на усогласувањето со оперативниот план беше даден предлог временската рамка да се договори помеѓу надлежниот орган и операторот, а не истата да биде наметната. Овие, и другите забелешки кои беа изнесени на денешниот состанок ќе бидат систематизирани во една иницијатива која ќе биде доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање, како предлагач на Законот за индустриски емисии. Зорица Мешкова
10
ПРОЕКТИ
БИЗНИС ИНФО
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ФОРУМ ЗА АГРОБИЗНИС СЕКТОРОТ На 14 јуни 2017 година во Стопанската комора на Македонија во рамките на Твининг проектот: „Развивање на соработката помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните програми“, се реализира Форум за агробизнис секторот. На настанот беа присутни претставници од Европската делегација, експерти од Франција и Северна Ирска, претставници на бизнис секторот, од министерства, факултети, институти и други надлежни институции, со цел зајакнување на соработката меѓу универзитетите и бизнис заедницата за подобрување на студиските програми и нивното значење за пазарот на трудот, како и јакнење на довербата меѓу универзитетите, приватниот сектор и јавноста. -Врската помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните програми е од особена важност, но прашањето е како да се постигне тоа. Затоа ги организираме овие форуми, за да ги слушнеме засегнатите страни и да ги зајакнеме врските помеѓу нив, објасни Наташа Јаневска од Министерството за образование и наука на Република Македонија.
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
11
ПРОЕКТИ
-Агросекторот е од голема важност за нашата земја, бидејќи тој учествува со 10% во бруто домашниот производ и вработува 18% од вкупно вработените лица во Република Македонија, што е значаен показател, но истовремено имаме и трговски дефицит и покрај 400.000 хектари обработливо земјиште, посочи проф. д-р Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ. -Голем број наши членки го истакнуваат проблемот со недоволни вештини на младите лица, како органичувачки фактор за раст на фирмите. Фирмите укажуваат и бараат квалитетни обучени кадри кои по завршувањето на образовниот процес побрзо и поефективно ќе се вклучат во производните и услужните процеси со помали трошоци. Тие посочуваат дека лицата кои аплицираат не се доволно обучени за соодветните занимања и дека им треба дополнителна обука за стекнување соодветни знаења и вештини, што нормално ги оптоварува со нови трошоци, посочи Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. Тој дополни дека од друга страна, образовните институции укажуваат на повеќе проблеми кои ги оневозможуваат да продуцираат кадри кои се потребни на пазарот со потребниот квалитет. Нашиот систем за образование и обука не успеа успешно да се приспособи на пазарот на трудот кој брзо се менува, односно нема правовремена и соодветна реакција од системите за образование и обука на вештините. Овој проблем се зголемува и би можел да стане доминантен загрижувачки фактор за остварување на подинамичен стопански развој. Анализите упатуваат на сериозен пристап кон ова прашање, посебно за стекнување со соодветните вештини на новото време кај младите лица кои бараат работа. Во таа смисла, проблемите и прашањата поврзани со вработување во стопанството,
12
ПРОЕКТИ
БИЗНИС ИНФО
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
а кои се однесуваат на ефикасноста на пазарот на труд, понудата и побарувачката на работна сила на пазарот, обезбедување на квалитетни стручни кадри кои ги продуцира образовниот систем, предусловите за приватниот сектор да биде креатор на создавање работни места, одливот на талентирани стручни кадри во странство и слично се прашања на кои бизнис заедницата во изминатиот период посвети особено внимание и анализа. -Потребно е да ги евидентираме проблемите кои ги имаме и активно да се вклучиме во нивно решавање. Да се запрашаме, какви студенти му се потребни на бизнис секторот? Вредни, теоретско подготвени студенти кои знаат да истражуваат и го познаваат англискиот јазик се основни квалификации кои се неопходни за вработување на млади кадри согласно современите барања на агросекторот, објасни Никола Деребанов од „Перминдекс“ ДООЕЛ - Градско. На крајот на Форумот беше договорено во почетокот на месец септември годинава да се одржи уште еден форум во значително поширок состав, на којшто би учествувале претставници на преработувачите, најголемите земјоделски комбинати и компании инволвирани во примарното производство, консултантските компании, медиумите кои го покриваат агросекторот, претставници од Универзитетот, институтите и министерствата со цел формирање на тело кое во иднина ќе работи на законските измени во високото образование во делот на земјоделството. Ивона Каранфиловска Васко Ристовски
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
13
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
СОРАБОТКА И ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП И СЕКТОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И МРЕЖА НА ФИЛИЈАЛИ НА СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ Регионалната комора со седиште во Прилеп ја продолжува логистичката поддршка и соработка со Секторот за продажба и мрежа на филијали на Стопанска банка АД – Скопје. На 14.6.2017 година во Регионалната комора, по четврти пат, се одржа работен состанок со раководителите на Секторот за продажба и на филијалите на Стопанска банка АД – Скопје во Прилеп, Битола, Крушево, Кавадарци, Неготино, Велес и Ресен со регионалниот директор на Стопанска банка АД - Скопје, д-р Стевчо Димески, член во Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп. Стопанската банка АД - Скопје е банка со најдолга традиција на македонскиот банкарски пазар, која ги има поставено темелите за банкарското работење и претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за правните лица што работат во Македонија. Банката има воведено софистициран информациски систем и нова организациона структура со што стана водечка компанија во корпоративното управување, со развиена мрежа на филијали и експозитури во цела Македонија. Во нашиот регион Стопанска банка АД - Скопје има свои филијали во Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Велес, Кавадарци и во Неготино, за кои како регионален директор е одговорен нашиот член на Управниот одбор д-р Стевчо Димески, кој редовно и активно учествува во работата и одлучувањето на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, а со тоа и успешно го промовира работењето на Стопанската комора на Македонија и регионалните комори во Прилеп, Битола, Велес и Кавадарци. Ристо Најдоски
БИЗНИС ИНФО
14
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Презентација во Битола – КОУЧИНГ ПРОГРАМА ЗА РАСТ НА БИЗНИСОТ Во организација на Регионалната комора со седиште во Битола на 15.6.2017 година во Битола се одржа информативен настан на тема: Коучинг програма за раст на бизнисот. Коучинг е форма на учење којашто вклучува пристап еден на еден со цел да се подобри професионалниот и личниот развој, да се научат нови вештини и полесно да се управува со предизвиците во деловниот и во приватниот живот. Бизнис коучингот опфаќа, како личен развој, така и развој на одредени вештини кои придонесуваат кон развој на бизнисот. Најголем дел од малите и средни компании во Македонија имаат проблеми во пласирањето на продукти и услуги на пазарот, промоција на постојни продукти и услуги, привлекување на нови клиенти и сл. Коучинг програмата дава видливи и мерливи резултати во краток рок со отворање можности за дефинирање на стратешкиот развој на компанијата. Пред присутните 30-тина компании од битолскиот регион беше презентирана програмата за зголемување на продажбата која е фокусирана на зголемување на приходот и профитабилноста во краток рок. Формата на коучинг се двочасовни сесии со сопственикот и менаџер, кои се одржуваат еднаш неделно. Се постигнува зголемување на продажбата во краток рок. Со примена на алатки кои ги предвидува методологијата, се гарантира зголемување на приходите и профитабилноста во период од три месеци. Интерактивно во демо сесија компаниите ги разработуваа своите очекувани резултати кои се во однос на поголемо искористување на постојниот асортиман на производи и услуги, преку зголемена продажба, промоција и испорака на производи и услуги до постојните и до нови клиенти; ефикасно и ефективно менаџирање на постојниот капацитет, продажни канали и клучни ресурси на компанијата; стабилизација на профитот и приходот на компанијата преку унапредена продуктивност на вработените и организациските способности на сопственикот, односно менаџерот. Регионалната комора со седиште во Битола и во иднина ќе организира информативни настани од овој вид за поддршка и развој на стопанството во регионот. м-р Никола Димковски
bsi.
FS 549642
те ај
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
15
ар
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
ISO 9001
Quality Management
Н
БИЗНИС ИНФО
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
16
ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС ИНФО
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Презентација на проектни решенија за чистење на отпадни води, вода за пиење, арсен и вакуумканализации - МОЖНОСТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ
Во Стопанската комора на Македонија, пред компании од секторот на водовод, претставнициодлокалнатасамоуправаидругизаинтересиранифирми,сеодржапрезентација на моделот на чистење на отпадни води, вода за пиење, арсен и вакуум-канализации, што го реализираат компаниите „SZABADICS“, „HIDROFIT“, „INWATECH“ од Република Унгарија. Преку презентирање на идејните проекти, имплементирање на иновативни решенија, запознавање со опремата на унгарските фирми, македонските компании и општините имаа можност да се запознаат со можностите што ги нудат овие компании како дел од Европскиот систем на стандарди. Презентацијата беше реализирана од страна на Тибор Сарзо, претставник на Унгарската трговска куќа, кој ги претстави можностите за соработка со трите компании од Унгарија.
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
17
ПРЕЗЕНТАЦИИ
Компанијата „HIDROFIT“, во своето 30-годишно искуство е лидер на унгарскиот пазар во подготвување решенија за вода за пиење, третман на отпадни води и хемикалии. Компанијата „SZABADICS“, постои од 1990 година, и е специјализирана за хидраулични инженерски конструкции и процеси за обезбедување чиста вода за пиење, изградба на канализациски системи за општините и развој на постојните постројки за третман на отпадни води. Компанијата „INWATECH“ има над 18 години работно искуство во третман на индустриски отпадни води и воопшто на отпадните води во целина, во системот на инженеринг. Работи во Унгарија и во Романија, заедно со истакнати европски партнери. Ексклузивните партнерства на компанијата и` овозможуваат да имплементира најнови иновативни решенија, вклучувајќи искуство и знаење. Презентацијата беше наменета за претставници од јавните водоводни, водостопански претпријатија, од индустријата, добавувачи на опрема и локалната самоуправа, со акцент на отпадните води, водата за пиење, арсен и вакуум- канализации, а целта е на овој начин да се поттикне и продлабочи меѓусебната соработка на Македонија и Унгарија. Даниела Михајловска Василевска
18
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
19
БИЗНИС ИНФО
20
BSI
bsi.
TM
ISO петок, 16 јуни 2017, Бр. 311 9001 Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
СИСТЕМ ЗА НАДЗОР, СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА И КАНАЛИЗАЦИЈА
20.06.2017 Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Компанијата „В-ЕЛИН“ ДОО, од Чаковец, Р. Хрватска, во соработка со Стопанската комора на Македонија, организира бесплатна презентација на проектните решенија и производи за системи за јавни водоводни, водостопански и канализациони мрежи. На презентацијата ќе бидат претставени: водоводни, водостопански и канализациони мрежи - барања и проблеми; сензори од производната линија на „В-ЕЛИН“; видови на комуникации кои се применуваат; можности за напојување со далечински станици; ВЕМОС - далечински станици; поддршка на софтверски систем; претставување практики; мерење на проток во отворени канали; електрични станици за засилување. Палетата на производи на „В-ЕЛИН“ ДОО, која се состои од: дигитална и аналогна сонда за мерење течност, ултразвучна сонда за мерење на нивото на течноста, галванска изолација, ВЕМОСкалкулатор, ВЕМОС-далечинска станица, ВЕМОС-уред за мерење на киселини и алкали во отпадни води, регулатор на температура, во текот на своето 25-годишно постоење компанијата ги инсталирала во системи во Хрватска, Австрија, Словенија, Гвинеја. Презентацијата е наменета за претставници од јавните водоводни, водостопански претпријатија, од индустријата, компании за гас и нафтени инсталации, добавувачи на опрема и уреди за јавно снабдување со вода, канализација и на опрема и уреди за индустриски постројки. Повеќе информации за компанијата на: www.v-elin.hr Презентацијата ќе ја реализираат Гордан Врбанец, електроинженер и Горан Страхиња, градежен инженер. Подетални информации ќе бидат дадени на презентацијата што ќе се одржи на 20 јуни 2017 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат. Вашиот интерес за присуство на презентацијата, Ве молиме, да го најавите најдоцна до 16 јуни 2017 година. Контакт: Даниела Михајловска Василевска, тел: 32 44 021; е-адреса: daniela@mchamber. mk Презентацијата ќе ја реализираат: Гордан Врбанец, електро инженер; Горан Страхиња, градежен инженер.
БИЗНИС ИНФО
22
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
22 jуни 2017 година (четврток), 11:0014:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат
КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ НА КОМПАНИИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП
Стопанската комора на Македонија и Полио Плус – движење против хендикеп го формираа Центарот за вработување на лица со хендикеп кој е реализиран во рамките на Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ и е лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија. Овој проект е дел од ИПА -Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година. Во Република Македонија, бројот на вработени лица со хендикеп е многу мал во однос на целата вработена популација. Преку Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ се гради мост помеѓу лицата со хендикеп и компаниите, со цел да се извлечат придобивки и за двете страни. Ве покануваме да земете учество на конференцијата која има за цел информирање и запознавање на компаниите со бенефициите кои им стојат на располагање во насока на создавање инклузивна и разновидна работна сила, што нуди голем потенцијал за подобрување на секојдневното работење на компаниите и создавање на општествено одговорен пристап во работењето. Конференцијата ќе се одржи на 22.06.2017 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во Стопанска комора на Македонија, сала 4, кат 5. Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 20.06.2017 година. Контакт: м-р Викторија Илиева, е-адреса: viktorija@mchamber.mk, телефон: + 389 23 244-064 и м-р Ивана Крстевска, е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: + 389 23 244051.
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ ВО ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО
23.6.2017 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Стопанската комора на Македонија, на 23 јуни 2017 година (петок), организира еднодневен семинар на тема: НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ ВО ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО. Во рамките на семинарот од страна на референтни предавачи ќе бидат опфатени и разработени повеќе категории на прашања во врска со задолжителните обврски, имплементацијата, облигаторната и проширена настава и обука, надзорот и контролата, како и други актуелни прашања што се во директна или индиректна врска со потребите во компаниите, односно законски наложените мерки. Посебен акцент ќе биде ставен на плановите за евакуација и изработката на евакуационите мапи. Содржина: 1. Досегашните искуства и „научени лекции“ во имплементација на законската регулатива и применета позитивна пракса; 2. Одржување во исправна состојба на оџаците (стр. 28-30, „Службен весник на РМ“ бр. 146 10); 3. Правилник за изборот на ПП апарати ИЗМЕНА (стр. 64, „Службен весник на РМ“ бр. 105 05, „Службен весник на РМ“ бр. 163 10) 4. Правилник за изборот на ПП апарати (стр. 12-13, „Службен весник на РМ“ бр. 105 05); 5. Правилник за начинот на одредување на местата на кои се наоѓаат ПП уреди и инсталации ИЗМЕНА (стр. 27, „Службен весник на РМ“ бр. 74 06, „Службен весник на РМ“ бр. 76 07); 6. Правилник за начинот на одредување на местата на кои се наоѓаат ПП уреди и инсталации (стр. 34, „Службен весник на РМ“ бр. 74 06); 7. Правилник за техничките нормативи за хидрантска мрежа за гаснење на пожари (стр. 26-30, „Службен весник на РМ“ бр. 31 06); 8. Уредба за видот, големината и организирањето на просторните сили (стр. 2, „Службен весник на РМ“ бр. 12 06); 9. Уредба за спроведување на мерката за евакуација (стр. 11, „Службен весник на РМ“ бр. 101 10). Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија
10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress
Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред
Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.
Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години
во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.
Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им
создаде услови за :
- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат
односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.
Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа
можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.
- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува
размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,
(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.
Проектот на Европската комисија е
развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.
Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални
• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
27
28
БИЗНИС ИНФО
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото
UA00000041963
Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.
UA00000041950
Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.
UA00000041975
Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.
UA00000041951
Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.
UA00000041947
Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, PK00000041972 заинтересирана е за соработка со македонски Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат компании за извоз и пласман на нашиот пазар. пресуван под висок притисок и е компанија Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема CN00000037834 палета производи до многу земји како што се: Компанија од Кина се занимава со производство Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, на самолепливи траки наменети за транспорт на Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата стока. Компанијата е заинтересирана за соработка Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, со компании од Р.Македонија. Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
БИЗНИС ИНФО
29
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
PK00000041937
Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
CN00000041939
Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
CN00000040632
Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.
CN00000041937
Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.
CN00000041930
и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
CNB1483
Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
CNB1432
Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
CN00000041923
Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
GR00000036163
Грчка компанија е голем производител на ламинат рачно изработени кујни и врати. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Компанија од Кина се занимава со истрибуција
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
петок, 16 јуни 2017, Бр. 311
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088