Бизнис ИНФО, број 317

Page 1

петок, 18 јули 2017, Бр. 317

Број 317

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

18.8.2017

СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН СО ЗАЕДНИЧКА РЕАКЦИЈА ДО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИЗВОЗОТ НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ВО ХРВАТСКА

ПРЕС - КОНФЕРЕНЦИИ ПОДДРШКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП ВО КОМПАНИИТЕ УСОГЛАСУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА СО ЦЕЛ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТИТЕ ПОВРЗАНИ СО ПРОИЗВОДСТВО И ТРГОВИЈА СО ОРУЖЈЕ, ЕКСПЛОЗИВНИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ, ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА ВОЕНА И ЦИВИЛНА НАМЕНА


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 18 август 2017, Бр. 317 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ПОДДРШКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП ВО КОМПАНИИТЕ Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ заеднички го реализираат ЕУ-Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“, кој е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година – ИПА и е финансиран од Европската комисија преку Министерството за финансии на Република Македонија. -Цел на денешната прес-конференцијата е да ги запознаеме фирмите и институциите за можностите кои ги имаат во рамките на овој Проект преку Центарот за вработување на лица со хендикеп, достапната поддршка и финансии за вработување на лица со хендикеп. Проектот

има двојна мисија - од една страна да ги подготви лицата со хендикеп со потребните знаења и вештини, образование и квалификации за нивна целосна интеграција во општеството и воедно поддршка на компаниите за вклучување на лицата со хендикеп во нивните работни процеси, зголемување на нивната корпоративна одговорност со зголемување на свеста за лицата со хендикеп кои еднакво придонесуваат во работните процеси, како и останатите вработени, истакна Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија. -Лицата со хендикеп се` уште најмногу се вработуваат во мануфактурните дејности и се на некој начин дискриминирани во однос на образованието. Сакаме да го зголемиме нивниот


БИЗНИС ИНФО

4

петок, 18 август 2017, Бр. 317

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ број во приватниот сектор, но фокусирани сме и на јавните институции. Притоа, сакаме да ја потенцираме и потребата од нивно квалитетно образование како клучно за достоинствено вработување, истакна Томислав Ортаковски, програмски раководител во „Полио плус“. Новоформираниот Центар за вработување на лица со хендикеп претставува иновативно решение кое цели да ја унапреди и да ја зајакне вработливоста на лицата со хендикеп паралелно работејќи и со институциите и компаниите од отворениот пазар на труд, со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Особено битни активности на Центарот е програмата за волонтирање на лицата со хендикеп во која, апелираме, приватниот сектор повеќе да се вклучи, како и бизнис програмата која предвидува поддршка за компаниите од аспект на нивна обука, советувања, како да ги подобрат условите и да ги направат посоодветни за лицата со хендикеп, - посочи Аризанковска. Центарот за вработување на лица со хендикеп нуди различни програми наменети за индивидуалните потреби на лицата со хендикеп: 1. Програма за подготовка за вработување – преку изучување на јазици, компјутери, и вештини стекнати со серија на обуки; 2. Програма за поддршка при наоѓање работа – зголемувајќи ја самодовербата, комуникациските и писмените вештини на лицата со хендикеп; 3. Програма за претприемништво – развивање на капацитети самовработување на лицата со хендикеп;

и поддршка на

4. Програма за волонтерство – стекнување практични знаења и вештини во партнерските компании, но и во самиот Центар и 5. Бизнис програма – преку оваа програма ќе се таргетираат компаниите кои се спремни и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Ќе се настојува да се отворат сите работни процеси за лицата со хендикеп во заинтересираните компании, затоа што сме свесни дека колку што се битни знаењата и вештините на лицата со хендикеп, толку е и битно да се сензибилизираат компаниите и нивните менаџерски тимови за целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп. Центарот за вработување на лица со хендикеп е лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија, а сите активности паралелно се изведуваат од страна на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус“. Јадранка Аризанковска


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

УСОГЛАСУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА СО ЦЕЛ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТИТЕ ПОВРЗАНИ СО ПРОИЗВОДСТВО И ТРГОВИЈА СО ОРУЖЈЕ, ЕКСПЛОЗИВНИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ, ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА ВОЕНА И ЦИВИЛНА НАМЕНА Групацијата за оружје и опрема во рамките на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија укажува на неопходноста од усогласување на регулативата со цел унапредување на дејностите поврзани со производството и трговијата со оружје, експлозивни и опасни материјали, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, истакна Димитар Мангутов, претседател на Групацијата за оружје и опрема, на прес-конференцијата во Комората (7.8.2017 година).

Членовите на Групацијата бараат поголема соработка со надлежните државни институции и веќе имаат покренато иницијативи за конкретни средби со ресорните


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 18 август 2017, Бр. 317

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ министри од Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Министерството за економија, како и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Со министерката за одбрана, г-ѓа Шекеринска и соработниците, Групацијата одржа многу корисна средба и се договорија натамошните заеднички активности. Компаниите очекуваат набрзо да се одржат и состаноците со другите министерства и институции. Како најголеми актуелни проблеми на прес-конференцијата се истакнаа: - невклученост на домашните компании во тендерите што ги распишуваат македонските министерства; - во изминатиот период многу тешко или никако не можеше да се добијат дозволи (за транзит, увоз, извоз, реекспорт и др.) кои се во надлежност на Министерството за економија; - добивање насоки (правилник или подзаконски акт) за техничките, просторните и други критериуми за добивање безбедносен сертификат за правно лице од степен „доверливо“ и - расчистување на нејаснотии со кои членовите на Групацијата секојдневно се судруваат во својата работа од оваа област (контакт и кореспонденција со странски лица и компании, преводи и заверки на документи со класифицирани информации и друго). Компаниите од Групацијата за оружје и опрема бараат донесување закон за оружје и опрема усогласен со европските директиви, за што доставија свои предлози до Министерството за внатрешни работи. Лазо Ангелевски


БИЗНИС ИНФО

петок, 18 јули 2017, Бр. 317

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

7


БИЗНИС ИНФО

8

петок, 18 август 2017, Бр. 317

НАУКАТА И БИЗНИСОТ

Фондацијата за економски истражувања од Истанбул со иницијатива НАУКАТА ВО ФУНКЦИЈА НА БИЗНИСОТ На 16 август 2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа состанок меѓу претставници на Стопанската комора на Македонија и Фондацијата за економски истражувања од Истанбул, Република Турција. Во име на долгогодишната соработка меѓу двете институции, состанокот беше организиран на иницијатива на Амбасадата на Република Турција во Република Македонија.

Фондацијата за економски истражувања е формирана во 1962 година во Истанбул, Република Турција, од страна на еминентни научници, а основна цел на Фондацијата е спроведување на научни истражувања од областа на економијата и бизнисот за поддршка на бизнис заедницата на Република Турција и продлабочување на билатералните и мултилатералните односи со другите земји. Активностите на


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

9

НАУКАТА И БИЗНИСОТ

Фондацијата во насока на отворање нови можности за соработка меѓу турските бизнисмени и бизнис заедниците од другите земји, се темелат пред се` на организирање економски симпозиуми ширум светот, на коишто покрај размената на истражувањата на научно ниво, бизнис заедниците имаат можност да остварат и билатерални средби со претставници од дадени индустрии и дополнително да разменат искуства, know – how и контакти за понатамошна соработка, истакна проф. д-р Ахмет Инчекара, претседател на Фондацијата. Во Македонија последен симпозиум Фондацијата организирала во 2005 година во соработка со МАНУ, а до крајот на 2017 година во соработка со Стопанската комора на Македонија планирано е да се организира уште еден ваков настан на којшто експертите од Р. Турција и Р. Македонија ќе имаат можност да ги презентираат своите согледувања и да дадат насоки за понатамошно зацврстување на досегашните билатерални односи меѓу двете земји. м-р Сања Николова


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 18 август 2017, Бр. 317

РЕАКЦИЈА КОН КОНТРОЛИТЕ НА УВОЗ

СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН СО ЗАЕДНИЧКА РЕАКЦИЈА ДО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИЗВОЗОТ НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ВО ХРВАТСКА На 14 јули 2017 година Министерството за земјоделие на Република Хрватска донесе Правилник за инспекциски надзор и контрола на усогласеноста на овошјето и зеленчукот со пазарните стандарди и е во примена од 15 јули 2017 година. Во прилогот број 6 на овој Правилник, кој се однесува на надоместоците за фитосанитарна контрола, е наведено дека контролата за усогласеност на овошјето и зеленчукот со пазарните стандарди при увоз од трети земји изнесува 2.000 куни (околу 280 евра) за секој извршен инспекциски надзор или контрола за секоја поединечна врста на овошје и зеленчук (од овој надоместок има исклучок само за бананите, каде контролата се наплатува по 500 куни). Со оваа новина, висината на надоместокот се зголемува за 22 пати, споредено со претходниот надоместок кој изнесуваше 90 куни (околу 12 евра). Како резултат на тоа, производителите и трговците од земјите кои се надвор од ЕУ, кои се во процес на пристапување кон ЕУ, се ставени во нерамноправна положба што ќе влијае на зголемување на крајната цена на производите. Со овој Правилник ќе се создадат штети не само на извозниците на овие производи од Македонија, туку и од регионот пошироко, ќе се намали нивната конкурентност, а со тоа можно е да се доведат во прашање и идните и веќе воспоставените канали на соработка на хрватскиот пазар.


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

11

РЕАКЦИЈА КОН КОНТРОЛИТЕ НА УВОЗ

Ако се појде од податоците за надворешно-трговската соработка на Република Македонија со Република Хрватска, ќе се види дека извозот на македонски производи кои се опфатени со оваа мерка учествуваат со 6% од вкупниот извоз кој го реализира нашата земја во Хрватска. Конкретно, од Македонија во текот на минатата година се извезени вакви производи во вредност од околу 5,6 милиони САД долари, а гледано и по трендот дека континуирано ни расте извозот кон Хрватска, ова покачување на давачките секако дека негативно ќе влијае на нашите компании и затоа се потребни навремени реакции за наоѓање на соодветно решение. Како дел од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, Стопанската комора на Македонија заедно со останатите комори од регионот доставија заеднички писма до Европската комисија, односно до генералните директорати за трговија и за соседска политика и преговори за проширување, во кои се бара преземање на конкретни чекори за надминување на овој проблем, во насока на исполнување на принципите за слободна пазарна економија и подготвеност на Европската унија да придонесе во спроведување на економските реформи во земјите од регионот за натамошна и подлабока економска интеграција на Западен Балкан во целина. При тоа е наведено дека оваа мерка не е во духот и на текстот и значењето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и предметните земји, каде е јасно истакнато дека од денот на влегувањето во сила на Спогодбата, нема да се воведуваат нови царински оптоварување при увоз или извоз, ниту давачки со еквивалентен ефект, ниту пак оние кои веќе се применуваат да се зголемат.

Билјана Пеева-Ѓуриќ


БИЗНИС ИНФО

12

СОРАБОТКА

петок, 18 август 2017, Бр. 317

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ И РЕЛЕВАНТНИТЕ МИНИСТЕРСТВА ЗА РАЗВОЈ НА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА КАЈ ВОЗАЧИТЕ На 28 јули 2017 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба на компаниите-членки на Здружението на осигурување при Стопанската комора на Македонија и г-ѓа Лилјана Шеќеринска, виш специјалист за транспорт при Светската банка во Република Македонија. Пред присутните г-ѓа Шекеринска ги презентираше целите на Светската банка за зголемување на безбедноста на патиштата во Република Македонија и токму во таа насока беше презентирана иницијативата за изработка на структура за управување со безбедноста на патиштата во Македонија која ќе биде во согласност со најдобрите практики за воведување на систем за безбедност. Целта на таквиот систем е да обезбеди систематски, мултисекторски и резултатски ориентиран пристап насочен кон безбедноста на патиштата, кој ќе помогне да се повратат негативните трендови во безбедноста на патиштата, а со цел намалување на бројот на жртви во сообраќајните незгоди до 2020 година до просечниот број на жртви во европските земји – нагласи г-ѓа Шекеринска. Од страна на претставниците на осигурителниот сектор беше презентирана ситуацијата на пазарот алудирајќи на фактот дека и досегашните инвестиции во инфраструктурата не придонеле бројот на незгоди и на жртви да биде намален, а просечната старост на возилата од 15 години само по себе говори за состојбата на пазарот која ја карактеризира стариот возен парк. Од страна на г-ѓа Весна Ѓорчева, потпретседател на Здружението на осигурување при Стопанската комора на Македонија беше додадено дека соработката


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

13

СОРАБОТКА со релевантните институции е од особена важност за да се допринесе за подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот преку кампањи од едукативно-информативен карактер земајќи ги во предвид фактите дека младите возачи се најмногу застапени во сообраќајните прекршоци и користењето на мобилните телефони како главен чинител во многу сообраќајни незгоди. Исто така беше нагласено дека како во рамки на Здружението на осигурување, така и индивидуално од страна на осигурителните компании се превземаат и поддржуваат активности кои имаат едукативен карактер. Од Здружението беше презентирано дека на годишно ниво, од неосигураните и нерегистрирани возила настанува штета од 2 милиони евра, истата паѓа на товар на осигурителните компании и оттука се бара поголема вклученост на сите чинители со цел унапредување на интегрираниот централен систем и поголема ажурност на податоците. На состанокот се заклучи дека е потребно постојано унапредување на соработката како помеѓу осигурителните компании, така и со релевантните министерства како би се развила сообраќајната култура кај возачите, а со тоа би се обезбедило приближување до европските параметри за безбедност при сообраќајот. Михајло Донев


14

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 18 август 2017, Бр. 317

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 18 јули 2017, Бр. 317

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

15


БИЗНИС ИНФО

16

петок, 18 август 2017, Бр. 317

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар: РАСКИНУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ ДОГОВОРИ, УТВРДУВАЊЕ НИШТОВНОСТ, ПОНИШТУВАЊЕ НА ИСТИТЕ И ПРАВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ КОИ ГИ СЛЕДАТ ОВИЕ ИНСТИТУТИ

5 септември 2017 година (вторник) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: „Раскинување на трговските договори, утврдување ништовност, поништување на истите и правните последици кои ги следат овие институти“. Целта на овој семинар е длабинска разработка на трговските договори во смисла на нивната нужна, императивна содржина наспроти диспозитивните обврски кои можат да ги преземат страните на истите договори. Притоа, по утврдувањето на границите во кои можат да се движат договорните права и обврски на страните на договорите, во продолжение ќе се изврши анализа на причините поради кои може да се утврдат аномалиите на склучените договори поради кои понатаму настануваат правните последици во смисла на згаснување на преземените обврски. Истото ќе биде проследено преку разграничување на причините кои водат до раскинување на договорите, утврдување на нивната ништовност, како и поништувањето на договорите. Веднаш потоа, ќе се пристапи кон разграничување на правните последици кои го следат секој одделен институт во светло на одговорноста на секоја страна за склучувањето на посочените минливи договори. Последниот дел од семинарот ќе биде посветен на разгледување на конкретни судски постапки – начинот на нивно заведување преку тужби, текот на постапките и пресудите со кои истите се завршувале. Всушност, по спроведувањето на овој семинар се очекува присутните слушатели да добијат целосна слика на елементите на кои е потребно нужно да внимаваат како не би склучиле минлив договор, а до колку е потребно да утврдат минливост на договор да се овозможи поедноставно спроведување на судските постапки преку кои ќе можат да го постигнат истото. ПРОГРАМА: • Правни рамки во кои може да се движи слободата при склучувањето на договорите; • Задолжителни елементи при склучувањето на договорите; • Толкување на спорните одредби од договорите; • Раскинување на договорите поради неисполнување;


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • Раскинување или измена на договор поради променети околности; • Невозможност за исполнување; • Прекумерно оштетување; • Лихварски договор; • Утврдување ништовност на договор: - Последици од ништовноста; - Делумна ништовност; - Конверзија; - Дополнително исчезнување на причината за ништовноста. • Поништување на договор поради рушливост: - Последици од поништувањето; • Разработка на конкретни примери од судската пракса при раскинувањето на договорите, утврдување на нивна ништовност и нивно поништување. Овој семинар е наменет за управителите (законските застапници) на правните лица, правните служби, адвокатите, сите правни и физички лица кои склучуваат договори, како и за сите оние кои имаат потреба од проширување на своите знаења од предметната тема за разработка. Предавач: М-р Тања Петковска, адвокат, магистер по меѓународно право и меѓународна политика со специјалност меѓународно право, со 9 години практична работа во правото. Своето работно искуство го започнува со работа во Основниот суд Скопје 2 - Скопје каде има работено во областа на стопанските спорови, работните спорови, стечајните постапки, платните налози и парничните постапки; продолжувајќи со работа во сопствена адвокатска канцеларија во областа на граѓанските и стопанските спорови.

Рок за пријавување: 30.8.2017 година. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 18 август 2017, Бр. 317

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СЕМИНАР: ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

6.9.2017 година (среда) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 29.6.2017 година, организира еднодневен семинар на тема: Пресметка и оданочување на надоместоци – трошоци поврзани со работата согласно законската регулатива и општите колективни договори во приватниот и јавниот сектор – практични примери, веродостојна документација и интерни акти. Целта на еднодневниот семинар е правилна примена на законодавството со коешто се уредуваат надоместоците - трошоците поврзани со работата, пресметка на истите низ практични примери, веродостојна документација која може да се приложи како доказ, како и кои се задолжителните интерни акти - правилници на работодавачот во согласност со законската регулатива за дадената тема. На еднодневниот семинар присутните ќе бидат запознаени со надоместоците трошоците поврзани со работата низ призма на даночната регулатива, односно Законот за персонален данок на доход, Законот за данок на добивка, подзаконските акти, одредбите од Законот за работни односи, општите колективни договори од приватниот и јавниот сектор, Законот за даночна постапка (постапување при контрола од страна на даночната инспекција) и останатата регулатива за актуелната тема. Со семинарот ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област со што ќе се избегне ризикот од изрекување на глоба при инспекциски надзор, како и заштита на вработените кои работат во дадените сектори од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 1 септември 2017 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дводневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО

ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ - ЧЕКОРИ КОИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОДРЖЛИВ СИСТЕМ НА ТРГОВСКА ОСНОВА

12-13 септември 2017 година (вторник-среда) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија на 12-13 септември 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ - ЧЕКОРИ КОИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОДРЖЛИВ СИСТЕМ НА ТРГОВСКА ОСНОВА“. ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ: Целта на семинарот е запознавање на сопстевниците и менаџерите на организацијата со потребните чекори за воспоставување одржлив систем за работа во организацијата спрема трговските правила -„ ДЕЛИМЕ КОЛКУ ШТО СМЕ ЗАРАБОТИЛЕ“, примена на принципот на ефикасност на сработеното, мерење на учинокот во работењето, одредување на показатели на обемот и квалитетот на работењето, како и зголемување на задоволството на вработените. Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Има 15-годишно искуство како директор на логистика во „Застава промет“ - Сомбор, „ГЕНЕЛ бренд Хаусел“ (застапници за „Електролукс“, „Занусси“, „Индесит“), „СТАВ“ (овластени застапници за „Самсунг“) и др. Воедно, тој е акредитиран експерт од страна на „RABQSA“ и „PECB“ за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“, на Централната банка на Босна и Херцеговина, Контрола на летање на Р.Србија и Црна Гора, „Службен весник на Р.Србија“ и др.

Рок за пријавување: 1.9.2017 година.

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

петок, 18 август 2017, Бр. 317

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар:

УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

14.9.2017 година (четврток) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Во 2008 година професорите Гарет Џонс и Џенифер Џорџ во книгата „Современ менаџмент“ потврдуваат дека само компаниите во кои менаџментот е способен конструктивно да ги менаџира конфликтите имаат максимална ефиканост. Другите (каде што конфликтите се ставаат „под тепих“ или каде што ескалираат) имаат минимална ефикасност. Целата енергија се троши во сопки и штитење наместо во заедничко ефикасно работење. Конфликтите во себе носат голем потенцијал, нови идеи и тие треба да се добродејдени. Науката потврдува дека во организациите е добро конфликтите да бидат присутни во едно оптимално ниво. Само доколку вработените имаат слобода јасно и гласно да го изразат своето мислење и да кажат што мислам дека треба поинаку да биде направено, ќе се дојде до најдоброто решение и до резултати. Во исто време треба да се знае дека конфликтите во себе имаат голем деструктивен потенцијал. Ако не бидат соодветно менаџирани, тие можат да ја нарушат работната атмосфера, да ги влошат меѓучовечките односи, да ја влошат комуникацијата и да влијаат на мотивацијата на вработените. Со цел навремено препознавање и соодветно трансформирање на конфликтите од раководителите и вработените која е клучна карактеристика за успехот на организациите, Стопанската комора на Македонија на 14.9.2017 година организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ. Предавач: Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 18 јули 2017, Бр. 317

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Дводневен тренинг:

РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

18-19.9.2017 година (понеделник-вторник) 9:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Стопанската комора на Македонија организира дводневен тренинг на тема: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО. Програмата за тренг-обуката е дизајнирана и наменета за раководители и професионалци кои се на раководни позициии и раководат со своите тимови, кои се стремат кон подобро, кои целосно и темелно ја разбираат својата лидерска позиција и го водат тимот. Програмата е наменета и дизајнирана за секој кој сака да ги оствари своите максимални тимски резултати како тим лидер, секој кој сака да научи како да креира конструктивен работен амбиент, а притоа земајќи ги предвид различните особини и динамиките во работењето внатре во тимот. се водиш по нив. Предавач: -М-р Младен Васиќ, извршен директор, консултант и тренер со 15-годишно интернационално работно искуство, стекнато во некои од поголемите глобални компании како што се „NIS Gazprom Neft“, „Knauf Insulation“, „Tetra Pak“ и „British American Tobacoo“ SEE. Работејќи на највисоките раководни позиции во различните индустрии (директор на дирекција за маркетинг во „NIS Gazprom Neft“, директор за маркетинг за Јужен Балкан и в.д. директор за продажба за Албанија и Косово во „Knauf Insulation“), м-р Васиќ успешно ги води тимовите како директор на посебни маркетинг сектори со повеќе од 40 вработени во тимот, притоа дополнително спроведувајќи комплексни проекти за развој на работењето, лансирање на нов бренд на пазарот во Југоисточна и Централна Европа и Централна Азија со високи резултати. Како едни од позначајни проекти се за лансирање на брендираните горива и тоа: Ultra D, G-drive, лансирање на брендот „Gazprom Petrol Stations“ во Југоисточна Европа, како и прмоција на картичката лојалити Супер Картичка на „NIS Gazprom Neft“. М-р Младен Васиќ има завршено мастер студии на Економскиот факултет во Ниш и својата доспецијализација ја усовршува во Лондон, Њујорк и Илионис. Квалификуван корисник е на MBTI инструмент за анализа на личностите од страна на Американската Асоцијација за менаџери - Њујорк 2007. Активно учествува во дефинирање на организациони, тимски и персонални потреби за унапредување на работењето и успешно водење на тимовите, како и креирање и спроведување на конкретни тренинзи проекти кои биле високо наградени. Контакт: Анита Митревска

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244057

Тел: ++ 389 2 3244074

Факс:++ 389 2 3244088

Факс:++ 389 2 3244088

Контакт Центар : (02) 15015

Контакт Центар : (02) 15015

E-адреса: anita@mchamber.mk

E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

петок, 18 август 2017, Бр. 317

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27– 30 септември 2017 година Анталија, Р. Турција

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на овогодниешниот „INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “. Овогодинешната конференција ќе се оджи во Анталија, Р. Турција во периодот од 27-30 септември 2017 година. Цел на конференцијата е на едно место да ги собере сите експерти од областа на фармацевтската индустрија на Турција и пошироко. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 14.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http://www. uluslararasieub.com/about-us/ За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „FOOD ISTANBUL 2017“

19– 22 септември 2017 година Истанбул, Р. Турција

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ FOOD ISTANBUL 2017 “. Меѓународниот саем наменет за прехранбената индустрија ќе се одржи во периодот од 19 - 22 септемви 2017 година во Истанбул, Р. Турција. Оваа манифестација е една една од најпрестижните платформи каде секоја година се среќаваат најпрестижните имиња од прехранбената индустрија од цела Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Русија и Балканот со повеќе од 1000 брендови, 250 изложувачи и над 35.000 посетители. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 11.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http:// cnrfoodistanbul.com/index.aspx?ln=2 За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 18 август 2017, Бр. 317

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, БУДВА, ЦРНА ГОРА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации: * на 49. Саем за градежништво оваа година на јавноста ќе бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; * 5. Саем за енергетика е можност да се претстават новите технологии и достигнувања на компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кон истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; * саемската платформа и компаративната предност која ја нуди 12. Саем за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на саемските манифестации со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 7 септември 2017 (четврток). За подетални информации околу посетата и закуп на штанд ве молиме контактирајте со Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk .


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ

28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

ЕЕН при Стопанската комора на Македонија Ве поканува на Меѓународни бизнис средби во Тирана, Албанија. Оваа меѓународна активност ќе се фокусира на партнерства меѓу претставниците на меѓународниот бизнис и албанските компании. Инвеститорите и компаниите од Италија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Австрија, Грција, Германија, Косово, Македонија, Бенелукс, Хрватска, нордиските земји, Швајцарија и од многу други земји ќе имаат можност да го покажат својот интерес за соработка со албанските партнери, на 28-29 септември 2017 година. Ова е водечка платформа која има за цел да промовира инвестиции и да обезбеди стратешка и богата средина за учење, деловни бизнис средби, заедничко вложување итн. Сите учесници ќе имаат можност со нивните партнери да создадат добра клима за мрежно поврзување. Притоа, ќе се разговара за тоа како да се привлечат соодветни меѓународни инвестиции, што ќе придонесе за конкурентноста на националната економија. Бизнис средбите во Тирана ќе ги соберат корпоративните лидери, креаторите на политиките, експертите, за да ја нагласат важната улога на странските фирми, во два интензивни дена. На овој настан ќе се создаде глобална сцена за презентирање на иновативни идеи и истражување на нови вложувања и воспоставување деловни партнерства. Фокус: Ефективни 20 минути за поединечни деловни средби за да се поттикне ефикасно вмрежување. Главни теми: Инфраструктура; туризам; прехранбена индустрија; земјоделство; иновации и технологија; енергија; инвестиции / финансирање. Како работи? 1.Регистрирајте ги и објавете ги Вашите желби за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесници и закажете средби со компании за кои сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот добивате распоред на состаноци. За да се регистрирате за учество, Агендата и други информации, постете ја интернетстраната https://www.b2match.eu/tiranabusinessmatching2017 Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

петок, 18 август 2017, Бр. 317

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

петок, 18 август 2017, Бр. 317

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 18 август 2017, Бр. 317

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 18 јули 2017, Бр. 317

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

31


32

БИЗНИС ИНФО

петок, 18 август 2017, Бр. 317

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042035 Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042036

УКРАИНА UA00000042031 Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042032 Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042034

Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи.

УКРАИНА UA00000041975 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

ПАКИСТАН PK00000041972

Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат Компанија од Украина нуди линии за производство пресуван под висок притисок и е компанија


петок, 18 јули 2017, Бр. 317

БИЗНИС ИНФО

33

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото

УКРАИНА UA00000041963 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

УКРАИНА UA00000041950 Компанија од Украина која е производител на

свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000041951 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

УКРАИНА UA00000041947 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.

КИНА CN00000037834 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 18 август 2017, Бр. 317

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.