Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
Број 325
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
АЗЕСКИ НА САМИТ 100
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
20.10.2017
ВОСПОСТАВУВАЊЕ СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ И САМИТ 100
ДОВЕРБАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА РАСТЕ АКО ОД СОРАБОТКАТА ПРОИЗЛЕГУВААТ УСПЕШНИ РЕЗУЛТАТИ
2 2
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОДВЛЕЧЕНО
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
ПОЗИТИВНИТЕ ЕФЕКТИ НА ДУАЛНИОТ МОДЕЛ НА СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРЕТСТАВЕНИ ОД СТРАНА НА ГЕРМАНСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА Дуалниот модел на образование во средното образование ги комбинира теоријата и практичната подготовка на учениците, студентите или учесниците во образовните програми. Учесници се лицата кои по завршување на формалното средно стручно или високо образование се дел од системот на неформално образование и доживотно учење, со што се стекнуваат со дополнителни вештини и знаења од различни области, беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија (16.10.2017 година). Европските земји, а особено Германија, Швајцарија и Австрија нудат успешни примери на развиен дуален модел, кој е комбинација од тренинг во образовна институција (училиште или факултет) и практичен дел во компанија. Наведените земји имаат најниско ниво на невработеност на младата популација во ЕУ.
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
Овие ниски нивоа на невработеност често се објаснети со заслугите на дуалниот систем, кој обезбедува високо квалитетни квалификации, знаења и вештини во согласност со потребите на пазарот. Врз основа на претходно кажаното, со имплементацијата на најдобрите практики од дуалниот систем може да се придонесе за структурни промени на пазарот на труд кои водат до зголемени стапки на вработеност. Постои евидентна поврзаност помеѓу придобивките од дуалниот систем на образование и ниските нивоа на невработеност особено на младите лица, бидејќи овој модел ја олеснува транзицијата од училиште до работа и ги подготвува со знаења и вештини релевантни за пазарот на труд со што се подобрува конкурентноста на економиите.
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
Стопанската комора на Македонија во континуитет се залага за интензивна соработка помеѓу средните стручни училишта и бизнис секторот, а со оваа иницијатива на Германската стопанска комора покажа успешен пример за таквата соработка. -Ниските стапки на невработеност во германската економија се објаснети со вклученоста на трите засегнати страни - приватниот сектор, државните институции и бизнис заедницата, истакна Тобиас Боле, координатор на Проектот за дуално образование. Господинот Боле информираше за понатамошните активности при имплементацијата на системот со дуални елементи, особено во занимањата од автомобилскиот сектор, со цел во иднина дуалниот модел да добие национална димензија во Република Македонија. Во моментов во Македонија 15.000 македонски работници работат во компании со германски капитал. Според информациите од компаниите, а кои ги има добиено како порака и Германската стопанска комора, нивната визија е да го шират својот бизнис и во квантитет и во квалитет. За таа цел, во иднина ќе има потреба од вработување на нови лица со одредена стручност и наместо истите да се носат од Германија, најисплатливо и економски најиздржано би било овие работници да бидат од домашниот пазар, но притоа ќе мора да поминат одреден степен на образование којшто во моментот недостасува во формалното образование, а го нуди дуалниот систем на образование. Германската стопанска комора останува во координација со Стопанската комора на Македонија како главен партнер во делот на практичната имплементација на моделот на средно стручно дуално образование. м-р Борис Тримчев
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
АЗЕСКИ НА САМИТ 100 – ДОВЕРБАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА РАСТЕ АКО ОД СОРАБОТКАТА ПРОИЗЛЕГУВААТ УСПЕШНИ РЕЗУЛТАТИ - ВОСПОСТАВУВАЊЕ СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ И САМИТ 100
Самит 100 по шести пат се одржува во Скопје на 16 и 17 октомври 2017 година, како платформа која на едно место ги обединува клучните чинители од различните сектори и региони, на различни нивоа на одлучување, со цел да се олесни соработката, да се развиваат регионални проекти и политики и да се поддржи растот и конкурентностa во регионот на Југоисточна Европа. Последниот панел од првиот дел во рамките на Самит 100 „Од Берлин преку Виена, Париз и Трст до просперитетна реалност или како да се создадат идеи и проекти кои ќе бидат од корист за регионот преку Берлинскиот процес“, се фокусираше на постојните регионални платформи и форуми кои имаат за цел унапредување на соработката во рамките на регионот и користење на синергии, како и на потребата за развивање нови регионални платформи кои треба да придонесуваат за обезбедување повисок раст за регионалните економии. Дискусијата во рамките на овој панел се осврна на прашањето на кој начин и во која мерка заедничката регионална соработка придонесува и може да придонесе во постигнувањето на подобра поврзаност, поголема конкурентност и поголем раст на регионот. Посочено беше дека регионалната интеграција на трговијата на Западен Балкан е нејзиниот придонес кон политичката стабилност и раст на регионот, пред се`, во поглед на европската перспектива на регионот, што е всушност еден од приоритетите во општата политика на ЕУ.
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
7
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во излагањето се осврна на потребата од забрзување на регионалната соработка, како и на улогата која бизнис заедницата може да ја има во тој процес, како инструмент кој може да ја поттикне економската соработка и да биде кохезионен фактор на политичкото функционирање на Западен Балкан. Тој накратко се осврна и на генезата на соработката помеѓу коморите од регионот, започнувајќи од активностите на Асоцијацијата на балканските комори во деведесеттите години на минатиот век, па се` до функционирањето на Коморскиот инвестициски форум, што резултираше и со отворање на Канцеларијата на Секретаријатот на КИФ во јули оваа година во Трст. Бројните активности кои ќе се преземат заеднички се насочени кон понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање агенда за дигитална интеграција, при што очекувањата се дека со овие активности ќе се овозможи непречен проток на стоки, услуги, капитал и висококвалификувана работна сила, со што регионот ќе стане поатрактивен за инвестиции и трговија, ќе се услови процесот на забрзување на патот кон ЕУ и просперитет на сите граѓани, создавајќи еднакви услови за сите во регионот. Претседателот Азески посочи дека постои интерес и желба за развој на регионалната соработка преку решавање на клучните регионални предизвици, како и дека колку се подобри резултатите кои произлегуваат од заедничката соработка, толку може и да се очекува да расте довербата помеѓу клучните чинители во регионот. Тој наведе дека досега бизнис заедницата била таа која и покрај различните состојби на државно или на политичко ниво без престанок работела на зајакнување на таа соработка, а притоа упати порака до бизнис лидерите од регионот да бидат упорни и заеднички да ги забрзаат процесите на соработка во регионот. На крајот на панелот, во насока на поддржување и унапредување на заедничката соработка во областа на економскиот развој на регионот преку бизнис соработка, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Коморскиот инвестициски форум и Самит 100 Бизнис лидери на Југоисточна Европа, од страна на господинот Марко Чадеж, претседавач на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум и м-р Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор на Самит 100 за 2017 година. Со потпишаниот Меморандум за соработка, се креира платформа за интензивирање на соработката на двете организации, како и за креирање поволни услови за ефикасно и ефективно поврзување на бизнисите од регионот на Западен Балкан. Соработката, помеѓу останатото, ќе резултира и со формулирање на заеднички препораки кон владите во регионот, насочени кон понатамошно унапредување на бизнис климата во регионот и градење на синергии на заедничкиот пазар, со цел да се подобри конкурентноста на регионалната економија. м-р Милена Перчинкова д-р Татјана Штерјова
БИЗНИС ИНФО
8
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
ПОСЕТИ
СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ОД ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИЈАТА „ДОКТАШ И КЕЛЕБЕК“ ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА
По повод посетата на господин Давут Доган, претседател на компанијата за производство на мебел „Докташ и Келебек“ (Dogdas i Kelebek) од Република Турција, во Стопанската комора на Македонија, на 18.10.2017 година, се одржа работна средба со компании-членки на Здружението на индустријата за преработка на дрво и производство на мебел. На работната средба беа презентирани состојбите во дрвната индустрија во Република Македонија, како и можностите за соработка со компанијата „Dogdas i Kelebek“ од Република Турција. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, господинот Бранко Азески, ги истакна неопходноста и потребата од поефикасна и поинтензивна деловна соработка меѓу стопанствениците од двете земји, а Комората како професионална организација, поседува труд и ресурси со коишто би им помогнала за понатамошно продлабочување на соработката. Од страна на турската делегација, господинот Давут Доган, претседател на холдинг компанијата „Докташ и Келебек“, истакна дека тие се лидери за оваа дејност во својата земја, повеќе од 40 години се занимаваат со производство на мебел, имаат околу 400 продажни центри за нивните производи и извезуваат во повеќе од 35 земји во светот. Денеска се тука
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
9
ПОСЕТИ
во Република Македонија за да отворат свој продажен салон за мебел и бараат можности и шанса за унапредување, продлабочување и заедничка соработката со македонските компании од дрвната индустрија. Господинот Љубе Неделковски, претседател на Здружението на индустријата за преработка на дрво и производство на мебел при Стопанската Комора на Македонија, го истакна задоволството од посетата на една вака добра и успешна компанија, бидејќи на македонските компании од оваа дејност им е неопходно унапредување и заедничка соработка со вакви компании, со што ќе се придонесе за реализирање на заеднички бизнис потреби. На состанокот беа презентирани состојбите во дрвната индустрија во Република Македонија и економските движења на оваа дејност во целокупното македонско стопанство. Оваа индустрија, која опфаќа производи од дрво, мебел и негови делови, само за 8 месеци од 2017 година учествува со 3,3% во вкупниот извоз на земјава, односно 131,2 милиона САД долари, а на страната на увозот за истиот период отпаѓа 81,2 милиона САД долари, односно 1,7% од вкупниот увоз на земјава. Индустриското производство за 8 месеци од 2017 година кај производството на дрво и производи од дрво има опаѓање за околу 30%, а кај производството на мебел од 3,5% во споредба со истиот период на претходната година, а бројот на вработени во оваа дејност учествува со 5,6% во број на вработени во преработувачката индустрија. Воедно, беа истакнати и проблемите со кои се соочуваат при нивното тековно работење, како отсуството на директни инвестиции и модернизација на производните капацитети, нелојалната конкуренција и „сивата“ економија кај производителите на мебел која се појавува на домашниот пазар, недоволна количина на техничко дрво за обработка и преработка на дрво, како и сертификација на шумите (FSC или PFC). Сашо Деспотоски
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПРЕТСТАВЕНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ НА СИРИСКИОТ ПАЗАР
По повод посетата на почесниот конзул на Република Македонија во Сирија (Дамаск), господинот Мазен Хамур, на 19 октомври 2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа работен состанок со претставници на 15 македонски компании од градежништвото, банкарскиот сектор, ИКТ-индустријата и од хемиската индустрија. - Ми претставува особена чест и задоволство што сум почесен конзул на една ваква прекрасна земја со голем потенцијал и секогаш пријателски односи со Сирија. Уште од далечната 1999 година ги спојувам двете земји и го поддржувам развојот на економските и билатералните односи меѓу Македонија и Сирија. За жал, последните 7 години за Сирија беа фатални поради војната, но сега е период кога Сирија повторно застанува на свои нозе и се отвораат нови можности за воспоставување соработка со Македонија, но и со земјите од целиот свет, - истакна почесниот конзул Хамур во своето поздраво обраќање. Почесниот конзул, господинот Хамур, смета дека во наредниот период, во процесот на реконструкција на Сирија, односно целосна обнова на државата, би имало голема можност
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
11
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ за ангажирање на македонските компании. Владата на Сирија финансира проекти во насока на обнова на Сирија во износ од 8 милијарди евра, а средствата се обезбедени од Европската унија, Кина и од Русија. На Сирија и` се потребни сериозни македонски партнери коишто заедно со Владата на Сирија и сириските компании би работеле на возобновувањето на земјата и јакнење на нејзините капацитети. Како земја којашто е на пат на целосна обнова, потребни се компании од различни сектори. Владата на Сирија нуди проекти за компании од различни индустрии, како што се: градежниот сектор каде што имаат потреба од градежни материјали, изградба и проширување на капацитетите на 4-те аеродроми во Сирија, особено во Дамаск, изградба на патишта, згради за домување, целосна реконструкција на железницата; прехранбената индустрија каде што имаат потреба од суровини и готови производи; хемиската и фармацевтската индустрија каде што имаат потреба од вакцини, антибиотици и други лекови; компании коишто се занимаваат со производство на медицински апарати и медицинска опрема со цел обновување на 68 болници на територијата на Сирија; како и од други сектори како што се: електро, металната и метало-преработувачката индустрија, ИТКсекторот, туризмот и други. Од страна на присутните претставници на македонските компании беше искажан голем интерес за нивно вклучување во обновата на Сирија. За таа цел, господинот Хамур истакна дека во наредниот период во конзуларното претставништво на Република Македонија во Сирија ќе биде формиран и посебен тим кој активно ќе работи на презентирање на проектите и потребите што се нудат за македонските компании од страна на Владата на Сирија, при што ќе се нуди и помош за воспоставување меѓусебни контакти. Податоците ќе бидат споделени и со Стопанската комора на Македонија од каде компаниите ќе можат да се информираат подетално.
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Битола - СЕМИНАР ЗА ЗГОЛЕМЕНА ПРОДАЖБА И ПРОФИТ ПРЕКУ КОУЧИНГ-ПРОГРАМАТ Во организација на Регионалната комора со седиште во Битола на 17.10.2017 година во Битола се одржа семинар за големена продажба и профит преку Коучинг-Програмата. Организацијата на семинарот беше поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability - IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). На интерактивниот семинар учесниците се запознаа со Програмата за зголемување на продажбата која е фокусирана на зголемување на приходот и профитабилноста во краток рок. Со примена на алатки кои ги предвидува Коучинг-методологијата, се гарантира зголемување на приходите и профитабилноста на компаниите во период од три месеци.
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Исто така, беа презентирани низа конкретни чекори за анализа и акција како преку Коучинг до зголемена продажба, како до донесување одлука за раст на бизнисот, индикатори за успешност (мерливост/видливост на резултатот), дефинирање портфолио на продукти фаворити, проценка на потенцијалот за раст на продажбата, изработка на тримесечен план за акции и идентификување на областите за користење на Коучинг-продуктите. Очекуваните резултати на учесниците се во однос на поголемо искористување на постојниот асортиман на производи и услуги, преку зголемена продажба, промоција и испорака на производи и услуги до веќе постојни и нови клиенти, како и ефикасно и ефективно менаџирање на постојниот капацитет, продажни канали и клучни ресурси на компанијата. Присутните низ своите дискусии истакнаа дека стабилизација на профитот и приходот на компанијата преку унапредена продуктивност на вработените и организациските способности на сопственикот односно менаџерот се во примарен план за нивниот развој. Регионалната комора со седиште во Битола и во иднина ќе организира семинари и работилници од овој вид за поддршка на компаниите во регионот. м-р Никола Димковски
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Активности на регионалните комори со седиште во Битола и во Прилеп – ЗАЕДНИЧКА ПОСЕТА НА КОМПАНИИ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН
Како продолжување на блиската соработка меѓу регионалните комори со седиште во Битола и во Прилеп, на 19.10.2017 година остварена е заедничка посета на компании во битолскиот регион. Посетата ја реализираа претседателите на коморите, Симон Наумоски од „Витаминка“ - Прилеп и Мирко Велковски од „Хемометал“ - Битола. Во рамките на планираните активности, беа посетени три производствени компании во битолскиот регион, новата млекарница на „ИМВ“ - Битола, единствениот капацитет за производство на чипс во земјата, „Стиза“ во с. Кравари, Битола, која од неодамна е и нова членка на Стопанската комора на Македонија и Печатницата „Киро Дандаро“ од Битола. При посетите беше разговарано за потребата од меѓусебна поддршка
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
15
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ на компаниите и регионалните комори во настапот на домашните и на странските пазари, како и поттикнување на размена на идеи и активности за поголем напредок во работењето на самите компании. Беа разгледани разни начини на соработка и проблеми со кои се соочуваат претпријатијата од Пелагонискиот регион. Воедно, беше реализиран и состанок меѓу претседателите на регионалните комори. На состанокот уште еднаш беше нагласена потребата од подобра инфраструктура во Пелагонискиот регион, за подобро меѓусебно поврзување, како подобро поврзување и со блиските региони во и надвор од државата. Притоа, уште еднаш се даде акцент на модернизацијата и изградбата на патниот правец Скопје - Велес - Прилеп - Битола граница со Р. Грција, доизградба и модернизација на железничката линија кон Р. Грција, гасната инфраструктура и во што е можно пократок рок оспособување на обиколницата над Битола на патниот правец Прилеп - Ресен за непречен проток на товарни возила кон југозападниот регион и Р. Албанија. На крајот на состанокот, се донесе заклучок дека овој начин на соработка помеѓу регионалните комори ќе продолжи и во иднина, како и директните посети на други производствени капацитети и компании во Пелагонискиот регион. м-р Никола Димковски Ристо Најдоски
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
ПОСЕТИ
ОДРЖАНА ВТОРАТА ТРЕНИНГ-ОБУКА НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП, НАМЕНЕТА ЗА КОМПАНИИТЕ Во рамките на Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“, на 17.10.2017 година во Велес се одржа тренинг-обука за компаниите на тема: „Придобивки и обврски при вработување лица со хендикеп“ во организација на Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Велес и „Полио Плус – движење против хендикеп“. Првата тренинг-обука за напредно ниво наменета за компаниите беше одржана во Штип на 10.10.2017 година. Во ноември 2017 година предвидени се да се одржат уште две обуки за напредно ниво, наменети за компаниите и тоа во Прилеп и во Скопје. Според истражувањата на Стопанската комора на Македонија, постои недоволна информираност на компаниите за различни прашања поврзани со вработувањето и задржување во работен однос на лицата со хендикеп. Тренинг-обуката беше наменета за компаниите, со цел да се информираат за соодветно приспособување и овозможување еднаков третман на лицата со попреченост. Од Стопанската комора на Македонија, на тренинг обуката присуствуваше м-р Ирена Мојсовска, проектен координатор, која ги претстави проектните активности насочени кон институциите и компаниите кои имаат цел да придонесат за целосно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Госпоѓа Жанета Попоска, експерт во оваа област, говореше за правната рамка за овозможување еднаков третман на лицата со попреченост, за мерките кои се потребни да се преземат од страна на работодавачите со цел да се овозможат непречени услови за работа. На обуката главен акцент беше ставен на елементите за соодветно приспособување за да се овозможи непречен пристап на лицата со попреченост. Како најважни се издвојуваат следните елементи: обврска за соодветно приспособување за промена на работната околина за вработен во инвалидска количка; префрлување на лицето во друга канцеларија, или место поблиску до неговиот дом или на приземје, како и можност да работат од дома; набавка или модифицирање на опремата; одобрување на
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
17
ПОСЕТИ
вработениот со попреченост да има малку флексибилност во неговите работни часови; промена на тестовите и прашањата за интервју за работа; обезбедување толкувачи на гестов јазик и промена на дисциплинските и жалбените процедури и постапки. На крајот на обуката беа презентирани и пет студии на случај, по што беше развиена дискусија од страна на присутните кои ги изнесоа своите искуства и предлози поврзани со вклучувањето на лицата со хендикеп на пазарот на труд. На настанот присуствуваа околу 30-тина учесници од повеќе сектори и тоа: трговија, производство на месо, земјоделие и прехрана, метална и електроиндустрија, угостителство и туризам, текстил, осигурување, како и претставници од државните институции и агенции. Преку овој Проект ќе се таргетираат компаниите кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Постои цел сет на активности што се насочени и кон институциите и компаниите, со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Проектот е финансиран од Европската комисија, спроведувач е Министерството за финансии - Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), заедно со Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, „Полио Плус“ - партнер во Проектот, како и Министерството за труд и социјална политика, како координатор на Програмата за социјална инклузија. Ирена Жарова
18
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
19
20
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24 и 25.10.2017 година (вторник-среда) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 кат
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ И ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ
Цели на семинарот: Ризикот континуирано и директно влијае врз вредностите, а консеквенциите од неговите несакани дејствија манифестирани во форма на пропусти, грешки, незгоди, несреќи, прекршоци и кривични дела, делуваат на стабилноста и успешноста на компанијата (правното лице). Ризиците се негативни фактори и непожелни настани кои може да продуцираат загуби, а посебно доаѓаат до израз кога во управувањето постојат или се манифестирани слабости. За да се редуцираат овие чувствителни точки во административниот - деловен процес, неопходно е организацијата да имплементира комбинирани превентивни контра-мерки. Предавачот со презентирање на модели, методи и стандарди (International standard IEC/ISO 31010; и AS/NZS 4360:2004 - Risk management) за управување со ризикот, како и со конкретни примери за успешно имплементирани менаџмент-алатки за управување со ризикот во Р. Македонија и анализа на успешни практики во изминатиов период, непосредно и апликативно ќе ги запознаат учесниците во семинарот со начинот на користење на оваа управувачка алатка (Risk management). Предавач: д-р Зоран Доревски, консултант за безбедност. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 октомври 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар на тема: РАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ
Цел на обуката Целта на обуката е стекнување со теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско, девизно, благајничко работење и евиденција - уплата на дневниот промет (малопродажба). Со синергија на законската регулатива која го уредува благајничкото работење, даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадената проблематика во изминатите 20 години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а ризикот ќе го сведат на минимум на изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции. На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата на дневници за службени патување како во земјата така и во странство и управување со која законски пропишана документација се врши исплата / уплата на готовински пари сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум. Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите (процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива. Што представува законски пропишана (веродостојна) документација и докажување на трошоците (материјални) дека се во функција за вршење на дејноста. Интерен акт „Правилник за благајничко работење“. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
22
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.10.2017 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ
Стопанската комора на Македонија, на 27.10.2017 година, организира еднодневен семинар на тема: СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ. На семинарот ќе се направи осврт на законските измени кои директно се рефлектираат на процедурата пред прекршочните органи и судската постапка во областа на даночните прекршоци. Ќе се изврши анализа на прекршочната и судската процедура пред и по донесувањето на новиот Закон за прекршоци, Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Закон за даночна постапка и материјалните закони (Закон за регистрирање на готовински плаќања, Закон за персонален данок на доход, Закон за данок на додадена вредност). Во контекст на наведеното, ќе се запознаат даночните обврзници со нивните права и во таа насока дејствија кои можат да ги преземат за реализација на своите права во текот на прекршочната и судската постапка, како и анализа на досегашните судски искуства и пракса во решавањето на судските предмети од областа на даночните прекршоци.
Предавач: - Даниела Антовска, судија на Управен суд – Скопје.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 31 октомври – 2 ноември 2017 година Истанбул, Р. Турција
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „EXPORT WEEK 2017“
Pотсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на конференцијата „ EXPORT WEEK 2017 “, којашто ќе се одржи во периодот од 31 октомври до 2 ноември 2017 година во Истанбул, Р. Турција. Темата на овогодинешната конференција е; Извозниците без граници ги надминуваат бариерите на технологијата, трговијата и културата преку извозот, и истата ќе ги опфати сите извозно ориентирани компании од сите индустии и сектор почнувајќи од креирањето на продуктите и услугите за странски пазари, маркетинг, транспорт и логистика, царински регулативи, па се до изнаоѓање нови можности и форми на соработка за присуство на што поголем број на пазари.
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 1 - 5 ноември 2017 година Прага, Република Чешка
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ
Стопанската комора на Македонија од 1 до 5 ноември 2017 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Прага, Чешка Република на тема: СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ. За да го подигнете нивото на Вашата компанија, добро е да преземете улога на „главен комуникатор“, со што ќе бидете сигурни дека вработените ги разбираат Вашите визија, цели и инструкции. Менаџерите како и вработените или соработниците, сите сакаат да знаат што барате од нив, што очекувате, што носи иднината и што имате Вие во главата. Но сето ова може да претствува дополнителен напор за Вас, што може да Ви донесе стрес или напнатост и да Ве исфрли од нормален колосек на рамнотежа. За да се справите со тешките ситуации и предизвиците што ги носи работното место, значи дека треба да научите како да се заштитите себе си од професионално согорување или од болеста на денешнината т.н. „BURN OUT“ синдром. Токму тоа е целта на овој семинар - усвојување и практикување на напредни комуникациски вештини користејќи ја теоријата на Трансакциска Анализа (Т.А.) и концептите која таа ги работи во работен контекст. Стресот е исто така фактор кој не` исфрла од една Его состојба во друга или не` исклучува од нормално функционирање. Стресот за нас луѓето претставува дополнителен напор својот систем да го вратиме во внатрешна рамнотежа, а токму на семинарот ќе се зборува за менталната хигиена и начините за справување со стресот, со цел успешно да комуницираме со вработените по хоризонтална и по вертикална линија. Комуницирањето со вработените можеби нема да биде едноставно, но сепак напорот вреди бидејки: • Сите луѓе се OK! • Секој има способност да мисли! • Луѓето одлучуваат за својата судбина и тие одлуки се менуваат! Доколку сте мотивирани да вложувате во развојот на сопствениот потенцијал, да ги намалите напнатоста и стресот, а со тоа и да ги подобрите Вашите комуникациски вештини со што индиректно ќе влијаете врз лицата кои ги менаџирате, како и на Вашите соработници и клинети и да придонесете врз развојот на сопствените интерперсонални и интелектуални вештини, Ве покануваме на едно заедничко патување каде ќе работиме, учиме и ќе напредуваме на тема: СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ. На крајот на советувањето Вие ќе бидете способни да ги препознаете, употребите и да ги унапредите сопствените и туѓите комуникациски стилови во услови на стрес во согласност со правецот - трансакциска анализа. Способности кои ќе ги добиете како учесник се: стекнување нови знаења од областа на комуникацијата и комуникациските вештини и управување со стресот, кои ќе Ви помогнат успешно да ги развиете своите лични и професионални капацитети. Програма за работа: • Вовед во напредни комуникациски вештини; • Игри на моќ во работен контекс; • Интеркативна вежба; • Комуникациски вештини за надминување на стрес на работно место; • Ментална хигиена како превенција од „согорување“ на работното место. *Запознавањето на учесниците, нивното претставување и очекување ќе биде изведено со неколку интерактивни вежби додека трае патувањето. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? • За менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите; • за раководители и останати вработени од сите нивоа во секторите за човечки ресурси, правниот сектор, финансии, производство, стручни лица за безбедност и здравје при работа и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика. Предавач: - м-р Билјана Пешева, професионален обучувач за возрасни и јога инструктор со национално верификувана квалификација. Таа е дипломиран економист на Економскиот факултет – Скопје; има стекнато доквалификација за педагогија и методологија на Филозофскиот факултет во Скопје; а магистрирано на Економскиот факултет од областа Маркетинг во 2007 година. Во своето работно искуство има работено во многу организации за развивање и реализација на проекти за одржлив развој, психо-социјални проекти во граѓанскиот сектор, мултикултурно поврзување, а денес работи во финансиска институција на проекти за развој на нови современи технологии од областа самоуслужни продукти. Од 2013 година активно води обуки, треннинзи и семинари под името Healthy Life Skills (Вештини за здрав живот) за развој на интелектуални и интерперсонални способности наменети за вработени во работни организации и граѓански сектор, Јога ретрити и семинари за здрав живот и за подобрување на физичкото и менталното здравје. Контакт: Анита Митревска Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244057 Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
02.11.2017 12.12.2017
Тренинг - обука: „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“
Методологија Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. Целна група: Обуката можат да ја посетуваат лица кои се ориентирани кон градење кариера во делот на управување со човечки ресурси, вработени од секторите за управување со човечки ресурси во компаниите кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат и да стекнат сертификат признат од Министерството за образование и наука.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
2-3.11.2017 година (четврток-петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ТРЕНИНГОТ? Тренингот е наменет за професионалци кои се занимаваат со креирање извештаи и анализа на податоци: финансиски аналитичари, вработени во секторот финансии, сметководство, продажба и слично. За следење на тренингот неопходно е познавање на Excel, креирање едноставни извештаи и графикони. ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА ТРЕНИНГОТ: • Донесување подобри деловни одлуки користејќи ги добиените податоци; • Совладување на алатките за креирање комплексна анализа; • Оптимизација на работењето користење прави информации; • Подобар увид во работењето.
Предавач: - Александар Матиќ, дипломиран машински инженер, раководител и тренер на Центарот за едукација и управување со проекти при Стопанската комора на Србија во областа на бизнис интелигенција, управувањње со проекти и финансиска анализа. Активно вклучен во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Светска банка како проект менаџер и експерт. Раководител на Проектот „Clusters’ Orientation towards Up-to-date technologies and models for common Development (CLOUD)“ финансиран од страна на ЕУ. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
02.11.2017 12.12.2017
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА
Оттука, докажано е дека емоционално интелигентните личности cе поефикасни во извршувањето на работните задачи, полесно се соочуваат и ги надминуваат стресните ситуации како со вработените така и со клиентите. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, следејќи ги најновите трендови за развој на потенцијалот на човечкиот капитал, организира тренинг-обука на тема: „Подобрување на перформансите кај вработените во продажба“. За кого е наменета обуката? Обуката е приспособена за вработените од бизнис-заедницата од различни сектори кои сакаат да ги развијат вештините за самодоверба, за тоа како во дадени ситуации правилно да реагираат, како да донесуваат правилни одлуки, да се справуваат во конфликтни ситуации, а при тоа да не се повреди вработениот или клиентот. Цел на тренинг обуката Преку изучување на клучните вештини и стратегии при импровизација, да ги подготви учесниците во комуникацијата со клиентите да создадат чувство на доверба и сигурност. Оваа обука ќе Ви помогне да станете свесни за емоциите кои Ве попречуваат на патот до ефективен однос со Вашиот клиент, а преку тоа да научите да управувате со моменти кои се непредвидливи во нашата динамична средина која брзо се менува. Да постигнете зголемена свесност за Вашиот стил на комуникација и да ги развиете односите кои се фокусирани на другите. Правилниот избор на зборови, позитивниот говор на телото, отворениот начин на размислување и совладување на одредени техники претставуваат основа за добра комуникација, а тоа доведува до зголемена продажба и позадоволни клиенти. Обучувач: м-р Катерина Наумовска-Ристовска, клинички психолог, сертифициран тренер по емоционална писменост од Психополис институтот од Белград, тренер и психолог - советувач во Центарот за едукација „Гравитрон“ – Скопје, со десетгодишно работно искуство како клинички психолог и петгодишно искуство како обучувач во работилници за емоционално описменување, обуки за комуникациски вештини, работилници за родители, обуки за соочување со стрес итн. Магистер по психолоши науки, магистрирано на тема: „Емоционална интелигенција“, со повеќе објавени трудови и повеќегодишно активно учество на многу европски конгреси и проекти на тема: „Емоционална интелигенција“.
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
23 - 26 ноември 2017 година Тирана, Р. Албанија
24. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА „24.Tirana International Fair“
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете
дел од 24. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 23 – 26 ноември 2017 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија.
Минатогодишниот 23. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од
најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска,Кина,Тајван, Америка, и др. беа посетени од повеќе од 20.000 посетители.
Како и изминатите, така и овогодинешниот саем е наменет за оние кои се занимаваат со:
• градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • бела техника; • ИТ; • прехрана;
• земјоделие; • текстил и мода; • туризам; • образование; • банкарство; • маркетинг и др.
Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават
за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 13 октомври 2017 година (петок).
Сите заинтересирани компании за подетални информации во врска посета и учеството на
настанот, можат да контактираат со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,
(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.
Проектот на Европската комисија е
развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.
Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални
• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
31
32
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА компании од Р.Македонија.
Грција
Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.
Кина
Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Кина
Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за Кина соработка со компании од Р.Македонија. Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови Грција од пластика произведува.Таа има Грчка компанија е голем производител интерес за соработка со компании од на ламинат рачно изработени кујни и врати. Компанијата е заинтересирана за Македонија. соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн). Таа е заинтересирана за соработка со
Кина
Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
БИЗНИС ИНФО
33
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.
Кина
Кина
Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.
Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за Мексико соработка со компании од Р.Македонија. Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални Кина услуги за обезбедување контакт со Компанија од Кина се занимава со минимален ризик, со фирми за пласман производство на челик, градежни на ваши производи или набавка на материјали, обложување на хемикалии стоки и услуги. итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Пакистан
Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија стоматолошки, ветеринарни на различна стока. Таа е заинтересирана инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од за соработка со компании од Р.Македонија. Р.Македонија.
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 20 октомври 2017, Бр. 325
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088