Бизнис ИНФО, број 321

Page 1

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

Број 321

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

22.9.2017

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ЗДРУЖЕНИЈАТА НА УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ И НА ТУРИСТИЧКИТЕ ВОДИЧИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КЛУЧНИ ПРАШАЊА ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА СЕКТОРОТ


2 2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ЗДРУЖЕНИЈАТА НА УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ И НА ТУРИСТИЧКИТЕ ВОДИЧИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КЛУЧНИ ПРАШАЊА ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА СЕКТОРОТ Здружението на угостителството и туризмот при Стопанска комора на Македонија и Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија, денеска, 18.9.2017 година, потпишаа Меморандум за соработка, со цел, унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри, поттикнување на имплементацијата на европските правила и стандарди, иницирање и остварување соработка по прашања од заеднички интерес, истакна на денешната прес конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Предмет на меморандумот за соработка е воспоставување и развивање на деловна соработка во рамките на дејноста, активностите, знаењето и искуството на секоја договорна


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ страна, за обезбедување на единствен професионален интерес на потписниците. Овие активности двете Здруженија заеднички ќе може да ги реализираат преку организација на заеднички настани: средби, конференции, тркалезни маси, форуми, стручни расправи, работилници и други настани; взаемна промоција на активностите на потписниците на овој меморандум, како и други активности од заемен интерес, посочи, Бранко Босилков претседател на Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија. Ќе се иницираат и законски измени со цел професијата туристички водич да биде квалитетна професија, имајќи во предвид дека службата туристички водиуч секаде во светот има големо значење, посочи Босилков. Во моментов недостасува стручен кадар од апсект на познавање јазици, несоодветно интерпретирање на историјата на државата, па се до соодветен кодекс на одесување и облекување, констатираше Босилков и најави дека идејата е лицата кои се занимвааат со оваа професија иако е од сезонски карактер да може да добијат статус на вработени лица и да плаќаат придонеси и други давачки кон државата согласно законските прописи. Двете здруженија ќе иницираат и сегашната диплома за туристички водич да се надгради со лиценца согласно која во одреден период истата ќе мора да се обновува надополнета со повторување на знаењето пред надлежни стручни лица од бизис секторот од владата, но и преку верификување на знаењето директно пред странските туристи, потенцираше Славе Сирачевски, заменик претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанска комора на Македонија. Во моментов во Македонија лиценца за туристички водич имаат околу 760 лица, а активни се околу 390. Најголемиот дел од нив говорат англиски, има мал број со познавање на германски, француски и италијански и само два до три водичи кои зборуваат на јазикот на земјите од Бенелукс од каде доаѓаат голем број туристи. Од 30 до 50 проценти од туристичките водичи работат во рамки на сивата економија. Како еден од поголемите проблеми е тоа што сеуште нема овластување за казни за странските групи кои не користат домашен туристички водич, како што е тоа во развиените туристички земји, каде казните се над 2.000 евра, истакна Сирачевски.


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Во периодот јануари - јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.3%, а кај странските има зголемување за 17.6%. Во периодот јануари - јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 17.6%. Здружението на угостителството и туризмот, изминатиот период започна активна соработка со надлежните државни институции, пред се со министерството за економија согласно доставената Информација за актуелните состојби во секторот туризам и угостителство со иницијатива и сет на предлог мерки кои според бизнис секторот треба да се преземат. По една од мерките која ја имаше предложено Здружението, враќање на домашните туристи преку повеќе видови на стимулативна поддршка, Владата веќе презема конкретни чекори преку субвеницонирање на категоризирани угостителски објекти (хотели) кои имаат интерес да обезбедат сместување за организиран одмор на работници со семејни приходи до 22.000,00 денари на месечно ниво, која поволност ќе може да се искористи од околу 4.000 лица. Изминатата недела, Здружението на угостителството и туризмот одржа работен состанок и со претставници на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот со цел да се разговара за Акцискиот план и креирање на годишните програми на Агенцијата во делот на подршка и промоција на македонскиот туризам. Членките на Здружението се надеваат дека е ова само почеток на заедничка соработка и дејствување на засегнатите страни во насока на креирање на поволен бизнис амбиент согласно кој на одреден рок, секторот туризам и угостителство ќе има можност да оствари уште попозитивни резултати и од аспект на бројот на туристи (вклучително и домашни и странски) и од аспект на девизен ефект. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

РАБОТНА ПОСЕТА

Амбасадорот на Исламската Република Иран во работна посета на Комората – ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО БЛИСКИОТ ИСТОК

Амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Н.Е. Хосеин Карими реализираше официјална посета на Стопанската комора на Македонија и одржа состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија, господин Бранко Азески. На средбата се разговараше за можностите за зголемување на соработката и трговската размена помеѓу двете земји и беше постигната согласност дека е неопходно приватниот сектор да биде главниот носител на економскиот раст, преку зголемување на извозот, како и дека постојат големи потенцијали за унапредување на соработката помеѓу двете земји во повеќе области. Од страна на претседателот Азески беше посочен интересот на македонското стопанство за соработка со пазарите на земјите од Блискиот исток и беше разговарано за конкретните предлози и иницијативи за интензивирање на соработката. Разговарано беше


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

7

РАБОТНА ПОСЕТА

и за функционирањето на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб во рамките на Стопанската комора на Македонија, кој ги обединува компаниите кои соработуваат или имаат интерес за соработка со земјите од овие региони, и кој има за цел ревитализирање на стопанските врски со овие земји, како и поддршка на фирмите преку взаемното информирање и промовирање, воспоставување коморска соработка и соработка со другите деловни асоцијации. Амбасадорот Карими ја истакна подготвеноста на Исламската Република Иран да обезбеди поддршка за зголемување на економската и трговската размена помеѓу двете земји и за конкретна реализација на иницијативите за соработка. Вкупната надворешно - трговска размена на Република Македонија со Исламската Република Иран во периодот јануари - јули 2017 година изнесува 2,73 милиони САД $, што претставува намалување од 6,04% споредено со истиот период 2016 година. Извозот изнесува 225 илјади САД $, што претставува зголемување од 33,52%, додека увозното салдо 2,51 милиони САД $, или намалување од 8,46% во споредба со периодот јануари - јули 2016 година. Во анализираниот период трговскиот дефицит изнесува 2,28 милиони САД долари. Д-р Татјана Штерјова


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА

РАБОТЕН СОСТАНОК НА РЕГИОНАЛНИТЕ КОМОРИ ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА СО ПРОФ. Д-Р КОЧО АНЃУШЕВ, ЗАМЕНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РМ ЗАДОЛЖЕН ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА И ГОРАН СУГАРЕСКИ, МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ВО ВЛАДАТА НА РМ – ИНФРАСТРУКТУРАТА И КАДРИТЕ ВО ФОКУСОТ НА БАРАЊАТА На 21.9.2017 година, во организација на регионалните комори со седиште во Прилеп и Битола, беше одржан работен состанок во Прилеп, на којшто присуствуваа проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и Горан Сугарески, министер за транспорт и врски во Владата на РМ, во врска со проблемите со кои се соочува


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

9

СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА стопанството од регионот на Прилеп и Битола во тековната година, за чие решавање се бара помош од Владата на РМ, како и отворање дискусија за планираните мерки на Владата за натамошен раст и развој на економијата. Во своето поздравно обраќање, претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон Наумоски ги поздрави сите присутни учесници и се осврна на интересите за создавање подобра бизнис клима и развој на економијата и како приоритетни ги истакна прашањата за инфраструктурните проекти, меѓу кои и изградбата на автопатот Велес - Прилеп, како еден од основните можности за поголема конкурентност на компаниите од регионот на домашниот и на странскиот пазар. Со свое видување и поддршка за што почести средби од овој вид меѓу стопанството и Владата на РМ се обрати и претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски кој даде целосна поддршка за спомнатите иницијативи, пред се` за развој на инфраструктурата на Пелагонискиот регион кој како најголем во државата би


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА бил еден од основните двигатели на растот на севкупниот економски развој на земјата. Проф. д-р Анѓушев истакна дека Владата на РМ веќе се фокусира на преземање конкретни мерки за пораст на економијата во државата и нема да прави разлика помеѓу македонски и странски компании бидејќи, во суштина, сите се македонски компании регистрирани во нашата земја, се воведуваат нови пакет-мерки за поддршка на секое ново работно место, со посебен акцент на високо образованата млада популација со стимулативна плата двојно повисока од просечната, со цел намалување на одливот на висококвалитетна работна сила. Во новите мерки кои се насочени за поддршка на компаниите, се става акцент на извозните компании, како и воведување на дуален систем на образование со почеток од наредната година, во договор помеѓу компаниите и училиштата, со што ќе се реши проблемот на кусок на квалификувана работна сила според потребите на стопанствениците. Сите мерки се однесуваат на

оние компании кои ќе дадат конкретни резултати и раст со крајот на фискалната 2017 година во споредба со просекот од претходните три години. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески се осврна на прашањата од инфраструктурата и нагласи дека сите започнати проекти за модернизација на патната мрежа ќе се завршат и ќе се пристапи кон обновување на повеќе патни правци, особено патот Прилеп - Меџитлија, како и завршување на реконструкцијата на железничката пруга Битола – Кременица, за која веќе се евалуира тендерската документација и тој


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

11

СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА

процес би требало да заврши до крајот на идниот месец. Стопанствениците зедоа активно учество во дискусијата, пред се` за развојот на инфраструктурата, т.е. подобрување на патната мрежа внатрешно, но и кон соседните држави, потоа развојот на енергетскиот систем и поголеми можности за инвестирање во проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори, разгледување на можноста за реализација на проектите „Чебрен“ и „Галиште“ со економска оправданост на инвестицијата, промена на казнената политика и останатите оптоварувања на компаниите, моделот за поддршка на производството и извозот на финални производи, а беа разгледани и други предлози и прашања. Овој вид на средба беше позитивно оценет и заедничка беше констатацијата дека ваквата пракса на комуникација на бизнис секторот од регионалните комори со претставниците на Владата, ќе продолжи и во иднина. За сите дополнителни отворени прашања од страна на деловните субјекти од регионот Кабинетот на вицепремиерот д-р Анѓушев поединечно ќе даде одговори кои понатаму ќе бидат проследени до Стопанската комора на Македонија и до нејзините членки. На состанокот присуствуваа и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и околу 80-тина претставници на бизнис секторот од Пелагонискиот регион. м-р Никола Димковски


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Одржана седница на Здружението на трговијата ЗДРУЖЕНИЕТО НА ТРГОВИЈАТА И ИНСТИТУТОТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ НА РМ ГИ РАЗГЛЕДАА СПОРНИТЕ ПРАШАЊА И УТВРДИЈА ЗАЕДНИЧКИ ЗАКЛУЧОК ВО ВРСКА СО УТВРДУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ УСЛУГИ На иницијатива на членките на Здружението на трговијата, на седницата одржана на 19.09.2017 година во Стопанската комора на Македонија, се разгледа прашањето во врска со утврдувањето на цените на сметководствените услуги и донесените акти од страна на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), кои во изминатиот период им создаваа проблеми на трговците, од аспект на драстично зголемените цени согласно критериумите наведени во предлог-актите кои ги донесува Институтот. Трговците укажаа на определени практични проблеми со кои се соочиле изминатиот период, поврзани со понуда на договори од сметководствените бироа со кои соработувале, во кои цената на услугите за кои дотогаш плаќале определени договорени износи, се зголемиле неколку пати повеќе. Притоа, дел од присутните посочија и дека согласно информациите кои ги добиле од своите сметководители , причината за тоа се новите акти на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

(ИСОС) според кои се утврдени критериуми и минимални цени за сметководствените услуги. На седницата присуствуваа и г-ѓа Ленче Папазовска, претседател на ИСОС како и претставници од органите на Институтот, кои појаснија дека на 11 септември 2017 година Инситутот има донесено Одлука и нов Правилник за критериумите за утврдување на цените на сметководствените услуги, кои претставува рамка за определување на цените на сметководствените услуги, но не претставува ограничување за слободно уредување на цените согласно пазарните услови, ниту пак има утврдени минимални цени, а критериумите се само определена основа или патоказ кој сметководителите и овластените сметководители треба да ги применуваат при утврдувањето на цените. Здружението на трговијата и Институтот на сметководители и овластени сметководители утврдија и заеднички Заклучок дека се поддржува утврдувањето на критериуми за цените на сметководствените услуги, во насока на сузбивање на сивата економија, но притоа се препорачува на трговците и други субјекти со договори да ги уредат сите права и обврски околу вршењето на сметководствените услуги со лиценцираните друштва за сметководствени


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ услуги, на начин што ќе овозможи почитување на утврдените критериуми, но и слободата на договарање во зависност од обемот на дадените услуги и пазарните услови на стопанисување. На седницата беше презентирана Иницијативата за изготвување Предлог-закон за овозможување на донирање на вишокот на храна во Република Македонија, чии иницијатори се група граѓански здруженија кои работат на оваа проблематика во соработка со Агенцијата за храна на РМ и други надлежни институции од оваа област, во насока на соодветно законско регулирање на „сивата зона“ во донирањето на вишоците на храна во Република Македонија, заштита на донаторите на храна, помалку бирокатија, како и соодветни даночни поттикнувања. Во таа насока, членките на Здружението на трговијата ја поддржаа иницијативата, со цел ослободување од одговорност на донаторите на храна при незгода од употребата, ограничување на повратот на роба со истек на рокот на употреба, ослободување од ДДВ и други даночни поттикнувања, воведување на рокот „најдобро употребливо до“, ослободување на храната со рок„најдобро употребливо до“ за донирање, како и легализација на донирањето на храна со грешки на пакување и други мали недоследности. М-р Елена Милевска Штрбевска


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

те ај

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

15

ач ар Н

bsi.

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ

Одржано предавање на тема „ДЕЛОВНО ПРЕГОВАРАЊЕ“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИПРЕТПРИЕМАЧИ Успехот во деловниот живот зависи од умешноста правилно да се преговара. Речиси скоро и да нема аспект од животот - деловен, општествен или личен, кој не е поврзан со потребата за преговарање. Денешните менаџери половина од своето работно време го поминуваат комуницирајќи со другите вработени и стеикхолдерите, при што преговарањето зазема голем дел од таа комуникација. Ништо не може да биде со толку тесен, но воедно и со толку широк обем на дејствување, како што е водењето на преговори. Секоја желба што треба да се исполни, секоја потреба што треба да се задоволи, претставува некој потенцијален повод за да почнат да се водат преговори. Секоја размена на мисли, со интенција да се изменат соодноси, за да се постигне спогодба, несомнено е веќе некое преговарање. Преговарањето зависи од способноста да се комуницира. Во деловното работење, преговарањето вообичаено се поврзува со две подрачја: прво е комерцијално т.е. купување и продажба, а второ се меѓусебните односи внатре во компанијата. Сепак, делокругот на процесот на преговарање е преширок за да може да се ограничи на само една или друга група на учесници во деловното работење. Постојат многу подрачја каде е од особена корист да се поседуваат преговарачките вештини.


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

17

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ

Успешното преговарање не е начин да го добиете она што го сакате по која било цена, туку да се балансира. Тоа подразбира да водиме сметка не само за сопствените желби и цели, туку и за аспирациите на другата страна помагајќи на другата страна да ги оствари своите барања. На тој начин ќе си го олесниме и постигнувањето на сопствените цели. Со цел приближување на оваа комплексна тема до членовите на Клубот на менаџери - претприемачи, на 21.9.2017 година, се одржа предавањето на темa: „Деловно преговарање”, реализирано од страна на д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој – „Симбиотика“. За време на настанот учесниците имаа можност интерактивно да се запознаат


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ со предизвиците на успешно деловно преговарање, бидејќи денес е тешко да се најдат луѓе кои имаат развиени силни преговарачки вештини. Способноста во исто време да се гради релација на доверба и да се преговара внимавајќи на своите интереси и цели е редок квалитет кај луѓето. Тие или премногу се фокусираат на релацијата или премногу се фокусирани да победат и да извлечат повеќе за себе, занемарувајќи го односот и не градејќи релација за долгорочна соработка. Според д-р Ѓуров преговарањето е аспект од кој зависи успехот на целиот бизнис. Прво, многу е важно при преговарање да успееме да склучиме договор со што ќе отвориме простор за работа на организацијата. Следно, не само што е важно да се дојде до договор, но идентично важно е каква ќе биде содржината на договорот. Во процесот на преговарање ги договараме сите аспекти од кои ќе зависи профитабилноста на зделката, временската динамика на нејзина реализација, начинот на плаќање, начинот на доставување, начинот за осигурување на квалитет, гарантни рокови и уште многу други квантитативни или квалитативни аспекти. Способноста да се преговара за поповолен договор е клучна за успешно работење и континуирано растење на организацијата.


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

19

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери - претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити и услуги на едно место се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контактите што Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска, советник


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 22 септември 2017, Бр. 321

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 22 септември 2017, Бр. 321

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

21


22

БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ 22-24 октомври 2017 година Хотел „Палисад****“ Златибор, Р.Србија За кого е наменета конференцијата: • деловни и лични асистенти; • оffice менаџери; • личности задолжени за организација и координација на работни активности и настани; • административни асистенти.

€* 0 9 3 ВНО

П

И Т О РОМ

Цената е без вклучен ДДВ и се однесува на промотивниот период до 30.9.2017 година, по тој период цената изнесува 450 € + ДДВ


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ

28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

ЕЕН при Стопанската комора на Македонија Ве поканува на Меѓународни бизнис средби во Тирана, Албанија. Оваа меѓународна активност ќе се фокусира на партнерства меѓу претставниците на меѓународниот бизнис и албанските компании. Инвеститорите и компаниите од Италија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Австрија, Грција, Германија, Косово, Македонија, Бенелукс, Хрватска, нордиските земји, Швајцарија и од многу други земји ќе имаат можност да го покажат својот интерес за соработка со албанските партнери, на 28-29 септември 2017 година. Ова е водечка платформа која има за цел да промовира инвестиции и да обезбеди стратешка и богата средина за учење, деловни бизнис средби, заедничко вложување итн. Сите учесници ќе имаат можност со нивните партнери да создадат добра клима за мрежно поврзување. Притоа, ќе се разговара за тоа како да се привлечат соодветни меѓународни инвестиции, што ќе придонесе за конкурентноста на националната економија. Бизнис средбите во Тирана ќе ги соберат корпоративните лидери, креаторите на политиките, експертите, за да ја нагласат важната улога на странските фирми, во два интензивни дена. На овој настан ќе се создаде глобална сцена за презентирање на иновативни идеи и истражување на нови вложувања и воспоставување деловни партнерства. Фокус: Ефективни 20 минути за поединечни деловни средби за да се поттикне ефикасно вмрежување. Главни теми: Инфраструктура; туризам; прехранбена индустрија; земјоделство; иновации и технологија; енергија; инвестиции / финансирање. Како работи? 1.Регистрирајте ги и објавете ги Вашите желби за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесници и закажете средби со компании за кои сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот добивате распоред на состаноци. За да се регистрирате за учество, Агендата и други информации, постете ја интернетстраната https://www.b2match.eu/tiranabusinessmatching2017 Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25 септември 2017 година (понеделник) 11:30-15:30 часот Хотел „Епинал“ Битола

ФОРУМ НА ТЕМА: „Регулатива за работните

односи и пазарот на труд во компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности“

Во насока на поефикасно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира Форум на тема: „Регулатива за работните односи и пазарот на труд во компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности“: нотари, извршители, адвокати, сметководствени бироа и консултанти. Целта на форумот е да се дискутираат теми поврзани со регулативата на работните односи, а кои се спeцифични за компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности и тоа: • Регулирање на работните односи во секторот за интелектуални дејности; • Плати и надоместоци од работен однос; • Успешни примери и искуства во регулирање на работните односи во регионот; • Прашања и дискусија со претставници од бизнис секторот и надлежните институции. Форумот на тема: „Регулатива на работните односи и пазарот на труд во компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности“ ќе се одржи на 25 септември 2017 година (понеделник), со почеток во 11:30 часот, во хотел „Епинал“ – Битола. Форумот ќе биде имплементиран од страна на Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕПИ Центар Интернационал и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и Стопанската комора на Северозападна Македонија, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. Контакт: Никола Димковски Тел: ++ 389 47 225-088 Факс:++ 389 47 225-088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: regiobt@mchamber.mk

Контакт: Ивана Крстевска Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivana@mchamber.mk


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ

ЕЕН при Стопанската комора на Македонија Ве поканува на Меѓународни бизнис средби во Тирана, Албанија. Оваа меѓународна активност ќе се фокусира на партнерства меѓу претставниците на меѓународниот бизнис и албанските компании. Инвеститорите и компаниите од Италија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Австрија, Грција, Германија, Косово, Македонија, Бенелукс, Хрватска, нордиските земји, Швајцарија и од многу други земји ќе имаат можност да го покажат својот интерес за соработка со албанските партнери, на 28-29 септември 2017 година. Ова е водечка платформа која има за цел да промовира инвестиции и да обезбеди стратешка и богата средина за учење, деловни бизнис средби, заедничко вложување итн. Сите учесници ќе имаат можност со нивните партнери да создадат добра клима за мрежно поврзување. Притоа, ќе се разговара за тоа како да се привлечат соодветни меѓународни инвестиции, што ќе придонесе за конкурентноста на националната економија. Бизнис средбите во Тирана ќе ги соберат корпоративните лидери, креаторите на политиките, експертите, за да ја нагласат важната улога на странските фирми, во два интензивни дена. На овој настан ќе се создаде глобална сцена за презентирање на иновативни идеи и истражување на нови вложувања и воспоставување деловни партнерства. Фокус: Ефективни 20 минути за поединечни деловни средби за да се поттикне ефикасно вмрежување. Главни теми: Инфраструктура; туризам; прехранбена индустрија; земјоделство; иновации и технологија; енергија; инвестиции / финансирање. За да се регистрирате за учество, Агендата и други информации, постете ја интернетстраната https://www.b2match.eu/tiranabusinessmatching2017 Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk Enterprise Europe Network Macedonia Стопанска комора на Македонија


БИЗНИС ИНФО

26

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.9.2017 година (вторник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ДАНОЧНИ И УПРАВУВАЧКИ ЦЕЛИ ПО СОПСТВЕНА МЕРКА

Цел на работилницата Целта на работилницата e слушателите да се здобијат со практично и продлабочено знаење за финансиските извештаи кои се подготвуваат во компаниите и која е разликата помеѓу извештаите кои се подготвуваат за даночни цели и извештаите кои се подготвуваат за управувачки цели. За што ги користите финансиските извештаи? Дали од нив дознавате колку сте успешни, каде оди вашиот бизнис? Дали добро ги читате и дали ви обезбедуваат доволно информации за носење деловни одлуки? Освен за даночни цели функцијата на финансиските извештаи е многу поважна за сопствениците и менаџерите во делот дали и колку се успешни, кои се предизвиците на компанијата, како оди продажбата, колку е ефикасна трансформацијата на инпутите во аутпути, дали постојат ризици од ненавремена наплата, какви се трендовите на профитабилноста, задолженоста, ликвидноста и низа други информации од витално значење за непречено одвивање на бизнисот. Работилницата за финансиските извештаи не е само формална, туку е од суштинско значење и ќе им овозможи на слушателите логично разбирање за поврзаноста на извештаите, законските аспекти, но и многу поважната практична примена за читање и користење на извештаите; како тие се користат во проценка на минатото работење и како се користат за планирање на идното работење? Деловните одлуки не можат да се донесат без квалитетни финансиски информации кои ги обезбедуваат финансиските извештаи. Слушателите ќе бидат во можност да ги разберат логиките на финансиските извештаи, нивната поврзаност, начинот на користење и нивните варијации за потребите на менаџментот. Начин на држење на работилницата Работилницата е практична и интерактивна, вклучува дискусии, примери и вежби, размена на искуства.


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

За кого е наменета? Работилницата е наменета за сопственици на фирми и за менаџери на фирми, сите кои носат деловни одлуки и на кои им се потребни точни, навремени информации. Секој сопственик на фирма е заинтересиран за успешноста на фирмата, а преку резултатите може и да ги процени капацитетите на своите менаџери. Секој менаџер во компанијата е одговорен за работењето во својата надлежност, а финансиските извештаи се извор на информации кои треба да ги водат во процесот на работењето. Предавач: - Ксенија Чаминска, сопственик и директор на „Професионал Акаунт“ Дооел Скопје, компанија за финансиски, даночен консалтинг и сметководство.Во областа на сметководството и финасиите има повеќе од 25 години работно искуство, од кои повеќе од 15 години на позиција како финансов директор. Предавачот има големо искуство во предавања и практични обуки во повеќе институции и секојдневен консалтинг со своите клиенти.

Учесниците ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.09.2017, (вторник), со почеток во 10:30 часот, во хотел Александар Палас, Скопје

“РЕГУЛАТИВА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И ПАЗАРОТ НА ТРУД ВО ИКТ СЕКТОРОТ”

Форумот се организира од страна на МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во кој МАСИТ е партнер заедно со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо – Западна Македонија и Епи Центар Интернационал. Целта на проектот е да им помогне на микро, малите и средни компании да бидат подобро усогласени со законската регулатива а воедно да им помогне и на бизнис организациите да воспостават конструктивен дијалог со надлежните институции во насока на подобрување на регулативата. Целта на форумот е да се обработат и дискутираат теми поврзани со регулативата на работните односи а кои се специфични за ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот: Регулирање на работните односи во ИКТ секторот (флексибилност на работно време, прекувремена работа, работа од дома, пракси). – Г-дин Јован Најденовски, Правен консултант, плати и надоместоци од работен однос (плаќање на работата, прекувремени часови, работа на празник, распоред на работно време и различните временски зони, надоместоци на трошоци за службен пат, подолг престој во странство, дополнителни исплати/подароци/стимулации/награди на вработените) – Г-ѓа Маријана Андриќ, Финансиски и даночен консултант  ИКТ и пазарот на труд: Успешни примери и искуства од регионот (меѓународни регулативи и примери, кодекс за работа на ИКТ работни места, даноци за работни места и работа со ИКТ ИКТ бизнис асоцијации, деловно опкружување и застапување) – Проф. д-р Krassen Stanchev, Експерт од Бугарија, ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА со учесниците на настанот во рамки на кои покрај експертите ќе бидат поканети да земат учество и претставници од Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Министерство за информатичко општество и администрација, Државен инспекторат за труд, претставници од ИКТ приватниот сектор, претставници од факултетите кои образуваат ИКТ кадри и претставници од интернационални организации кои имаат активности во оваа област.


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Врз основа на презентациите и дискусиите за време на Форумот, во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива соодветно ќе бидат подготвени и формулирани конкретни барања и предлози за измени и дополнувања на законските одредби од областа на работните односи и заеднички со партнерите во проектот истите ќе бидат соодветно адресирани до надлежните институции. Учесниците на форумот ќе имаат можност активно да учествуваат во дискусијата со поставување на конкретни прашања и предлози и споделување на свои искуства кои ќе бидат земени во предвид при формулирањето на предлозите. Учеството на форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација.

За сите дополнителни детали и прашања стоиме на располагање. Контакт: Ивана Крстевска Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivana@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27-30 септември 2017 година Бернице, Косово

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ И АГРОИНДУСТРИСКИ ПРОИЗВОДИ „ПРИШТИНА 2017“

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Косово, Ве кани да земете учество во овогодинешниот Меѓународен саем за земјоделски производи и агоиндустриски продукти „Приштина 2017“. Саемот ќе се одржува во Бернице, во близина на Приштина, во периодот од 27 до 30 септември 2017 година. Целта на оваа саемска манифестација е на едно место да ги собере сите компании од областа на земјоделството и агроиндустријата од земјата и од регионот, со цел да ги промовираат своите производи и потенцијали, да разменат информации и контакти и да создадат платформа за нови можности и облици на соработка што ќе придонесе за зајакнување на економските релации меѓу земјите. Саемот е наменет за сите произведувачи на: • еколошки производи – овошје и зеленчук, вино, печурки, производство на цвеќе и растенија за медицинска и декоративна употреба; • месо и месни производи; • кондиторски производи; • млечни производи, • фертилизатори и адитиви; • земјоделски машини; • фармери - одгледувачи на крупен добиток и живина; • пчелари; • трговски друштва и асоцијации. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овогодинешната саемска манифестација, своето учество можат да го пријават најдоцна до 21 септември 2017 година (четврток), со пополнување на пријавниот лист во прилог. За подетални информации, Ве молиме обратете се кај лицето за контакт: - м-р Сања Николова, телефон: 3244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk .


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27– 30 септември 2017 година Анталија, Р. Турција

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на овогодниешниот „INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “. Овогодинешната конференција ќе се оджи во Анталија, Р. Турција во периодот од 27-30 септември 2017 година. Цел на конференцијата е на едно место да ги собере сите експерти од областа на фармацевтската индустрија на Турција и пошироко. На овогодинешната конференција ќе бидат присутни претставници на фармацевтската индустрија од следните сектори: • детски производи и производи за бебиња и мајки; • суплементи и витамини во исхраната; • производи за лична нега и хигиена; • медицински и ортопедски помагала; • козметика. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 14.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http://www.uluslararasieub.com/about-us/ За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17 октомври 2017 година (вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневна работилница на тема: НОВА ВЕРЗИЈА НА БРЕНДИРАЊЕТО БРЕНД 2.0

Дали брендот означува лого, етикета, симбол или нешто повеќе? Кои се најважните чекори низ кои треба да помине (или минува) секоја компанија која се занимава со комерцијализација (брендинг) на своите производи/услуги? За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 17 октомври 2017 година организира еднодневна работилница на тема: „Нова верзија на брендирањето – БРЕНД 2.0“. Низ неколку чекори запознајте се со најважните аспекти и елементи на развој на бренд и како со тоа да постигнете поголема диференцијација на пазарот. Многу компании се занимаваат со брендирање на своите производи, но само малку од нив знаат вистински да се поврзат со своите купувачи и да создадат “brand love” врска со нив. Вашиот бренд е ветување кон Вашиот клиент. Преку брендот не му ја пренесуваме само користа на клиентот од нашиот производ, туку многу повеќе од тоа - нашиот карактер, вредности и систем на верувања. Градењето бренд не е еднократен напор, туку континуиран и конзистентен процес на постојано надградување, тестирање, менување и ширење на знаењето. Петар Лазаров е консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, за извоз, автор и косопственик на „Македонија-Експорт“. Со своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од третата генерација обучувачи кои своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Тој е и дел од тимот за развој и за продажба на брендовите „МАМА’S“ - традиционални домашни рецепти што се извезува во повеќе од 30 земји во светот и TIP OF THE WEEK - Прирачниците за личен и за професионален развој што се продадени во +15.000 примероци во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16 и 17.10.2017 година (понеделник-вторник) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ДЕЛОВНА АДМИНИСТРАЦИЈА (КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ) ЗА ИЗВРШНИ АСИСТЕНТИ И ПЛАНИРАЊЕ РЕСУРСИ

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите. Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на останатата пропратна документација за канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги. Планирањето на ресурсите претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација. Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина” ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант, управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје, со 22-годишно искуство во областа на менаџментот. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

39


40

БИЗНИС ИНФО

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042035 Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042036

УКРАИНА UA00000042031 Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042032 Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042034

Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи.

УКРАИНА UA00000041975 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

ПАКИСТАН PK00000041972

Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат Компанија од Украина нуди линии за производство пресуван под висок притисок и е компанија


петок, 22 септември 2017, Бр. 321

БИЗНИС ИНФО

41

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото

УКРАИНА UA00000041963 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

УКРАИНА UA00000041950 Компанија од Украина која е производител на

свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000041951 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

УКРАИНА UA00000041947 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.

КИНА CN00000037834 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 22 септември 2017, Бр. 321

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.