Бизнис ИНФО, број 312

Page 1

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

Број 312

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

23.6.2017

Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори на средба со стопанствениците

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ НА КОМПАНИИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

3

СОРАБОТКА

Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори на средба со стопанствениците

Стопанската комора на Македонија организираше средба со проф. д-р Кочо Анѓушев, потпретседател на Комората, по повод неговиот избор за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, на која беа присутни претставници на органите и телата на Комората. Во своето обраќање, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакна дека изборот на заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, од редот на членките на Комората е само потврда дека Комората, преку своите реномирани членки и респектирани и успешни бизнисмени кои се активни во органите и телата на Комората, располага со силен кадровски потенцијал, кој преку своите значителни деловни достигнувања, има елан да даде дополнителен импулс и позитивен придонес во развојот на економијата во целина.


БИЗНИС ИНФО

4

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

СОРАБОТКА

Проф. д-р Кочо Анѓушев, од позиција на заменик претседател на Владата на Република Македонија, пред присутните стопанственици посочи дека Владата ќе учествува во реализација на долгорочните капитални инвестиции чија економска оправданост бизнис секторот ќе ги почувствува на долг рок, а ќе ги поддржуваат и сите активности на деловната заедница кои ќе условат економски развој на индустријата и на економијата во целост. Притоа, беше посочено дека Владата останува на курсот на поддршка на странските инвестиции, но истовремено многу поголемо внимание и поддршка ќе се даде и на домашните инвеститори. Владата, потенцираше проф. д-р Анѓушев, преку Кабинетот на заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, ќе биде континуирано достапна за сите предлози, идеи и проблеми на компаниите, во насока на создавање поволен бизнис амбиент. Претседателот Азески пред присутните, а по повод пензионирањето на г-ѓа Сава Димитрова, член на Советот на Комората, и` се заблагодари за нејзиното долгогодишно учество и делување во органите и телата на Комората, како активен чинител во креирањето на мерките и активностите на Стопанската комора на Македонија, насочени кон подобрување на условите за стопанисување. Даниела Михајловска


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

5

ПРОЕКТИ

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ НА КОМПАНИИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП Како дел од активностите на Проектот„Центар за вработување на лица со хендикеп“, реализиран од Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“, на 22.6.2017 година во Стопанската комора на Македонија беше одржана конференција на тема: Придобивки и обврски на компаниите при вработувањето на лица со хендикеп. Според истражувањата на Стопанската комора на Македонија, постои недоволна информираност на компаниите за различни прашања поврзани со вработувањето и задржување во работен однос на лицата со хендикеп. Оваа конференција беше наменета токму за информирање и запознавање на компаниите во насока на создавање инклузивна и разновидна работна сила. На конференцијата, покрај присутните претставници од бизнис секторот и лица со хендикеп, учествуваа и претставници од Делегацијата на Европската унија, Министерството за труд и социјална политика и


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

ПРОЕКТИ

Агенцијата за вработување на Република Македонија. Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија, координатор на Проектот, покрај унапредувањето и зајакнувањето на вработливоста на лицата со хендикеп и зголемувањето на нивните капацитети за напредување во професионалната кариера, како суштински важен дел од Проектот ги претстави и активностите насочени кон институциите и компаниите кои имаат цел да придонесат за отворање на нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Претставникот од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, господинот Нафи Сарачини, ја нагласи значајноста на оваа конференција во насока на зголемувањето на видливоста на постојните проекти на ЕУ коишто се дел од Програмата за развој на човечки ресурси. Иако Делегацијата на ЕУ во Македонија е присутна уште од 90-те години, тој нагласи дека прашањата за инклузијата на лицата со хендикеп се` уште се многу актуелни и постои голем простор за подобрување на состојбата во оваа област. Слободанка Здравковска, раководител на Одделението за лица со попреченост во рамки на Министерството за труд и социјална политика, ги претстави погодностите кои им се нудат на компаниите при вработување на лица со хендикеп, разумна адаптација на работното место или набавка на опрема. Менка Гугулевска, раководител на Секторот за активни мерки и услуги за вработување при Агенцијата за вработување на РМ ги презентираше активните мерки поврзани со вработувањето на лица со хендикеп, вклучувајќи го и начинот на којшто функционира Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на лица со хендикеп. Проф. д-р Лазар Јовевски зборуваше за различни аспекти поврзани со предизвиците


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

7

ПРОЕКТИ при создавање на инклузивен пазар на труд, при што беа опфатени: бенефициите за компаниите кои вработуваат лица со хендикеп, институционалната поставеност на системот за поддршка на вработување на лица со хендикеп, прашањата на еднаквост и недискриминација при вработување на лица со хендикеп, разумното приспособување на работното место и улогата на организациите на лица со хендикеп во фацилитирање на процеси. Учесниците на конференцијата имаа можност да се вклучат во дискусија и да ги изнесат своите активности, искуства и предлози поврзани со вклучувањето на лицата со хендикеп на пазарот на труд. По завршувањето на конференцијата присутните го посетија новоотворениот Центар за вработување на лица со хендикеп, лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија. Преку овој Проект ќе се таргетираат компаниите кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Ќе се настојува да се отворат сите работни процеси за лицата со хендикеп во заинтересираните компании, имајќи предвид дека покрај вложувањето во унапредување на знаењата и вештините на лицата со хендикеп, од неизмерна важност е и поддршката на компаниите во процесот на создавање на целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп. Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ е едногодишен заеднички проект на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ и е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 20072013 година – ИПА. Викторија Илиева


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјaли и неметалите - НАТРУПАНИТЕ ПРОБЛЕМИ ОД ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА, ИЗНЕСЕНИ ПРЕД МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИ

Во присуство на министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите одржа седница на која се расправаше за актуелните состојби во градежништвото и за насоките за наредниот период. Поздравувајќи ги присутните, министерот искажа задоволство што е повикан на седницата на Здружението, потенцирајќи дека сака повеќе да слуша отколку да зборува, од причина што сака да остави простор членките на Комората да ги кажат проблемите со кои се соочуваат во тековното работење.„Министерството секогаш ќе биде отворено за соработка и ќе се изнаоѓаат решенија за надминување на проблемите, било да се решенија од краткорочен или подолгорочен рок“, истана министерот Сугарески. Во обемната и плодна дискусија, од сите присутни, на самиот почетокот беше искажано задоволство што за кратко време се организира оваа седница и што се расправа во присуство на министерот за транспорт и врски, а присутните се од компании кои претставуваат движечка сила на македонското градежништво, кое пак од друга страна со себе повлекува околу 25 други стопански гранки. Во дискусијата најмногу се говорeше за законската регулатива, за која се предлага


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

9

ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ дерегулација, бидејќи честите измени на законите од областа на градежништвото, но и други закони придонесоа за неусогласеност на повеќе одредби, кои имаат негативно влијание во работењето на компаниите. Се предложи дека дури и подзаконските акти треба дополнително да претрпат измени. Најмногу се говореше за честите измени на Законот за градење, кој за 7 години претрпе околу 25 измени, или просечно се носени измени и дополнувaња на секои три месеци. Истото се случува и со другите закони. Законот за јавни набавки треба да биде во приоритетите за брза измена, посебно негативното наддавање, кое се покажа дека влијае врз квалитетот, било за проектирање, било за изведба. Исто така се предложи менување на критериумите на бодирањето, каде цената не треба да биде единствен услов да се добие работата, туку да се имаат предвид стручноста, квалитетот, опремата, рокот на завршување на работите, а цената да биде последниот критериум. При сето тоа, треба да се имаат предвид наши производители и наши изведувачи, а не да се форсираат странски компании, а потоа нашите фирми да се јавуваат како нивни подизведувачи. Како посебен проблем кој беше истакнат е увозот на градежни материјали, без да се води сметка за квалитетот на истите и покрај тоа што некои материјали имаат и „CE“ ознака. Овде подеднакво треба да бидат вклучени како царинските служби, така и пазарна инспекција, но и самите надзори на објектите. Со заедничка акција би се задржал квалитетот на објектите, но и на некаков начин штитење на домашното производство, доколку имаме производство во нашата земја. Промени мора да се направат и при подготовка и објавување на тендери каде се` уште се користат МК-стандарди, а треба да се применуваат веќе усвоените ЕУ-стандарди. За таа цел, неопходна е целосна координација меѓу проектантите, инвеститорите и изведувачите, но и производителите на градежни материјали. Претстои голема активност во Здружението на градежништвото, со вклучување на целокупниот расположив стручен кадар од компаниите, кои заеднички ќе се наметнат за промена на законската регулатива, а со тоа ќе се создадат услови за ред во работењето. На крај е заклучено да се систематизираат сите прашања и да се достават до Министерството, но и да се побара одржување на состанок и со заменик на претседателот на Владата на РМ, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. Марија Петроска


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Битола - ИНФО СЕСИЈА ВО РЕСЕН -РАЗВИВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИСКИ ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА На 20.6.2017 година во Ресен, Регионалната комора со седиште во Битола, во соработка со „СЕТТИМ“ Консалтинг од Битола организираа работилница на тема: „Развивање на инвестициски предлог-проекти за финансирање од ИПАРД-Програмата“. Поаѓајќи од фактот за незадоволителната искористеност на ИПАРД фондовите во периодот 2007 – 2013 година, како и фактот дека новата Програма на ИПАРД (2014– 2020), значи нов петгодишен период на можности за македонските претпријатија за кофинансирање на инвестиции во земјоделството, прехранбената индустрија и руралната економија, повеќе од потребни се професионални и стручни информации за оваа област. Учесниците на сесиијата имаа можност да се информираат за процедурата на


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

аплицирање за ИПАРД-Програмата 2014-2020, критериумите за финансирање, како и критериумите и условите кои треба да се исполнат во согласност со националната и ЕУ-регулативата. Регионалната комора со седиште во Битола и во иднина ќе организира настани од овој карактер со цел што подобро информирање на заинтересираните компании и поттикнување на развојот на стопанството во регионот. м-р Никола Димковски


БИЗНИС ИНФО

12

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Специјализирана болница ЖАН МИТРЕВ- синоним за врвна медицинска нега Беспрекорната грижа и безбедност на пациентот се синоними за работата на Специјализираната болница по хируршки болести ЖАН МИТРЕВ, водена од основачот, д-р Жан Митрев, реномиран кардиоваскуларен хирург. Ултра модерен медицински центар во кој работат искусни, врвни професионалци препознатливи по сложените и специфични кардиоваскуларни операции. Но, тие се и лидери во регионот во извршување на уникатни операции од областа на ортопедија, торакална хирургија, урологија, абдоминална хирургија, но и гинекологија. Исклучителни резултати се постигнуваат и кај лекување на гангрена со озон терапија. Бројни пациенти од земјата, но и светот се вредна потврда за тоа.

Според уникатноста на градбата, болницата претставува значајно градско обележје. Сместена е во срцето на градот Скопје, импонзантен, инзвореден по својата архитектура и естетика објект, со најсовремена медицинска опрема, но и просторни и хигиенски услови. Атмосферата во болницата потсетува на хотел, каде е минимизирано чувството


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

13

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ на присуство во болница. КАРДИОВАСКУЛАРНАТА ХИРУРГИЈА е срцето на болницата. Специфика на хируршкиот тим се најразлични зафати на срцето и големите крвни садови, потоа операција со која се премостуваат запушените коронарни артерии на срцето, како и аортокоронарен бајпас, замена и реконструкција на срцевите валвули, но и васкуларна хирургија на каротидните артерии, како и третман на лимбична периферна артериска болест. ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР е опремен со најсовремена, софистицирана PHILIPS технологија која овозможува прецизна дијагностика и огромна ефикасност при идентификување на здравствените проблеми на пациентите. Центарот функционира од 07.00 до 22.00 часот, а во викендите од 08.00 до 16.00 часот, со можност на ургентно прифаќање на секој пациент и независно од редовното работно време. За да се комплетира работата на дијагностичкиот тим овозможен е и медицински транспорт. Амбулантното возило е опремено со респиратор, монитор и останата неопходна апаратура за транспорт на најтешките, витално загрозени пациенти, во земјата, но и од странство. Тимот е обучен и сертифициран за ваков вид на транспортна медицинска служба, која може да се добие на 15777. Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ располага со повеќе АМБУЛАНТИ: кардиологија, интерна медицина, амбуланта за каридоваскуларна хирургија, но и гастроентерохепатологиј. Потоа, амбуланта за абодоменална хирургија, како и за ортопедија, урологија, но и гинекологија, неврологија и трансфузиологија. Тим на психолози се специјализирани за решавање на психолошки проблеми на личноста, а со помош на физиотерапевтите закрепнувањето на пациентите е поефикасно. Испитувањата кои се вредна поддршка на дијагностика се прави во најсовремената лабораторијата за микробилогија и биохемиската лабораторија. Одделението за ИНТЕНЗИВНА НЕГА е уникатно, не само поради просторноста и опременоста на собите, туку и по капацитетот од 70 кревети. Уште повеќе се одвојува од други болници по техниките и методите кои се применуваат во секојдневното лекување на болни и критични пациенти. Овде се води максимална грижа за безбедноста на пациентите и се прави 24 часовен мониторинг и контрола од интрахоспитални инфекции.


14

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ

БИЗНИС ИНФО

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Уште една специфика на овој медицински центар е лекувањето на ГАНГРЕНА со озон терапија. На почеток со пионерски чекори, но низ годините, преку темелноста и посветеноста на професионалците успеаа да ја издигнат оваа метода на лидерското место во регионот. ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ГЕНЕТИКА И ПЕРСОНАЛИЗИРАНА МЕДИЦИНА, инкорпорирана во системот на болницата преставува новитет и за регионот. Со тоа се постави еден современ пристап кој води од реактивна до проактивна медицина. Овде е овозможено генетско тестирање за коагулопатии во тек на бременост, третмани за плодност или хормонска контрацепција, а огромен интерес има и кај нутригенетика. Се воведе и фармакогенетика, а за првпат се направи напредно испитување со секвенционирање на геноми и егзоми. Овде, може да се направи и испитување на третман на рак и наследност на рак, како и неинванзивна пренатална дијагностика и генетско испитување за инфективни болести - вируси, бактерии и паразити, сепса. Од неодамна во листата на новитети во болницата се впишани и студијата за електрофизиологија или инвазивно испитување која се применува за проценка, дијагностика и лекување на неправилен срцев ритам. Лекувањето на децата може да го доверите на искусен тим на педијатри кои се специјализирани за пулмоалергологија и детска гастроентерологија. Сега, кардиолошката педијатрија која е наша долгогодишна специфика се надополни со овие педијатриски гранки. Овде имаме и кабинет за оториноларингологија, но и аптека која е од отворен тип и располага со специфични помагала и препарати. Одлика на перфекција во целокупната грижа за здравјето на пациентите во


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

15

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ болницата е одделот за сместување на пациенти, со специјално изградените и луксузно уредените ВИП АПАРТМАНИ. Болницата располага со 16 двокреветни соби на првиот спрат, 10 еднокреветни апартмани, 2 делукс апартмани, климатизацијата во секоја соба и обезбеден Wi-Fi интернет, како и LED TV во секоја соба, и A- la- carte и приспособено мени за пациентите и нивните најблиски. КОНФЕРЕНЦИСКАТА САЛА или позната како Аудиториум е на 3 кат, со капацитет од 90 седишта. Опремена е со видео ѕид од 4x47 ``, безжично озвучување, модерно осветлување, техничка поддршка, а се нуди и, кетеринг/ресторанска услуга, како и паркинг простор и обезбедување за корисниците. Покрај организирање на научни собири, предавања, презентации, работилници, прес-конференции, салата е атрактивна за изнајмување од надворешни лица за организирање на нивни настани. Предноста на просторот е како во современите услови за работа, така и во можноста за користење на ресторанските услуги. РЕСТОРАН“ПУЛС“ е од отворен тип кој функционира во рамките на болницата. Во согласност со потребите на корисниците, искусниот тим од ресторанот може да понуди повеќе видови на менија подготвени според HACCP стандардoт. Се на едно место, како што доликува на еден современ ултрамодерен медицински центар. Посетете нe` и на веб: www.zmc.mk, Facebook/ ZANMITREV. За сe` дополнително, контактирајте нe` на: info@zmc.mk.


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ КЛУБА НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

Реализирано предавање на тема: „ДЕЛОВНО ПРЕГОВАРАЊЕ“ ВО РАМКИ НА КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Може да се рече дека успехот во животот зависи КЛУБ НА од самата умешност за преговарање. Речиси и да нема СКМ КМ МЕНАЏЕРИ област од животот, било да е деловен, општествен или ПРЕТПРИЕМАЧИ личен, кој не е поврзан со потребата за преговарање. Успехот на кое било поле од професионалниот или од приватниот живот зависи од умешноста на преговарањето. Преговарањето се користи во сите ситуации и тогаш кога бараме договор по пат на дијалог. Тоа е посебно присутно во разни деловни ситуации. Односно, деловните зделки не се создаваат сами од себе, тие се производ на преговарањето. Преговорите бараат значајни материјални, човечки и емотивни средства. Деловното преговарање всушност претставува двонасочна комуникација која има за цел постигнување на договор кога ние и другата страна имаме од една страна заеднички, а од друга страна спротивни интереси. Успешното преговарање не е начин да го добиете она што го сакате по која и да било цена, туку да се балансира. Тоа подразбира да водиме сметка не само за сопствените желби и цели, туку и за аспирациите на другата страна помагајќи и` на другата страна да ги оствари своите барања. На тој начин ќе си го олесниме и постигнувањето на сопствените цели. Со цел приближување на оваа комплексна тема до членовите на Клубот на менаџери-претприемачи, на 23.6.2017 година, се одржа предавањето на темa: „Деловно ♦


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

17

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ преговарање”, реализирано од страна на д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој „Симбиотика“. Учесниците за време на настанот имаа можност интерактивно да се запознаат со предизвиците на успешно деловно преговарање, бидејќи денес е тешко да се најдат луѓе кои имаат развиени силни преговарачки вештини. Способноста во исто време да се гради релација на доверба и да се преговара внимавајќи на своите интереси и цели е редок квалитет кај луѓето. Тие или премногу се фокусираат на релацијата или премногу се фокусирани да победат и да извлечат повеќе за себе, занемарувајќи го односот и не градејќи релација за долгорочна соработка. Според д-р Ѓуров, преговарањето е аспект од кој зависи успехот на целиот бизнис. Прво, многу е важно при проговарање да успееме да склучиме договор со што ќе отвориме простор за работа на организацијата. Следно, не само што е важно да се дојде до договор, но идентично важно е каква ќе биде содржината на договорот. Во процесот на преговарање ги договараме сите аспекти од кои ќе зависи профитабилноста на зделката, временската динамика на нејзина реализација, начинот на плаќање, начинот на доставување, начинот за осигурување на квалитет, гарантните рокови и уште многу други квантитативни или квалитативни аспекти. Способноста да се преговара за поповолен договор е клучна за успешно работење и континуирано растење на организацијата Со денешниот настан го реализиравме првиот дел од Агендата на Клубот на менаџерипретприемачи. На сите менаџери, соработници и членови на Клубот на менаџери-претприемачи ви посакуваме пријaтен летен одмор и ве очекуваме во септември, кога ќе продолжиме со вториот дел од Агендата, која исто така е исполнета со многубројни едукативни настани, team building настан и групни активности каде ќе имате одлична можност за промоција и бизнис вмрежувања, сè со цел да се овозможи полесно следење на глобалните трендови и взаемно помагање за постојан раст. Валентина Цветкова


18

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

19


БИЗНИС ИНФО

20

BSI

bsi.

TM

ISO петок, 23 јуни 2017, Бр. 312 9001 Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

27 jуни 2017 година (вторник), 11:00-16:00 часот Хотел „Оаза“ - Штип

Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ го формираа Центарот за вработување на лица со хендикеп кој е реализиран во рамките на Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ и е лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија. Овој проект е дел од ИПА -Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година. Во Република Македонија, бројот на вработени лица со хендикеп е многу мал во однос на целата вработена популација. Преку Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ се гради мост помеѓу лицата со хендикеп и компаниите, со цел да се извлечат придобивки и за двете страни. Ве покануваме да земете учество на Информативниот настан кој има за цел да ве запознае и информира со бенефициите кои ви стојат на располагање во насока на вработување и создавање инклузивна и разновидна работна сила, што нуди голем потенцијал за подобрување на секојдневното работење на компаниите и создавање на општествено одговорен пристап во работењето. Настанот ќе се одржи на 27.6.2017 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 26.6.2017 година. Контакт: Моника Стоичева, е-адреса: monika@mchamber.mk, телефон: (+389) 32 300 282, мобилен: 070 275 801.


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 јуни 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Резултатите на досегашните светски и домашни студии укажуваат дека проблемот со психосоцијалните штетности кај работниците е присутен во различни земји, упатувајќи на глобалните димензии на ова прашање и на неговите автохтони, национални карактеристики. Појавата на синдромот на согорување е евидентна и во Република Македонија. Следејќи ги актуелните проблеми од областа на безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа на 28 јуни 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „Анализа на стерсогените фактори поврзани со работата и синдримот на согорување и планирање и имплементација на организациски интервенции“, со цел информирање на сите чинители од областа на безбедноста и здравјето при работа за основните принципи на примарната превенција како оптимален пристап во заштита и унапредувањето на здравјето на работниците. Предавачи: • проф. д-р Јованка Караџинска – Бислимовска, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО; • проф. д-р Јордан Минов, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО; • науч. сор. д-р Драган Мијакоски, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО; • науч. сор. д-р Сашо Столески, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО. Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар на тема: БЕЗБЕДНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

29 јуни 2017 година (четврток) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Заканите за безбедност на информатичките системи стануваат поголеми, со зголемување на важноста за функционирање на компанијата. Проблемот за безбедноста на информациите и податоците е еден од најважните насоки за истражување во областа на ИТ-безбедност. Преземените мерки за зачувување на податоци и информации се разликуваат од случај до случај, а пред се` се однесуваат на важноста и вредноста на самиот информациски систем. Неопходно е да се обезбеди заштита на податоци и информациони системи од неовластен пристап, употреба, откривање, штета, промена или уништување. За да се постигнат овие цели, неопходно е да се изврши проценка на безбедноста, која вклучува пристап во повеќе чекори, идентификување на клучните слабости во различните компоненти на оперативниот систем. Овој пристап им овозможува на компаниите да спроведат безбедност и да се фокусираат на пронаоѓање на вектори на нападот пред инцидентот и така да дејствуваат превентивно. Треба да се напомене дека информациониот систем изгледа како ореова лушпа во поглед на заканите и оние ризици кои доаѓаат од корисниците на информатичкиот систем во рамките на компанијата бидејќи се далеку поголеми од опасностите кои доаѓаат од надвор. На крај, од суштинско значење е компаниите да имаат развиено планови кои ќе се спроведуваат во случај на настанување на проблемот и тоа на кој било начин не влијае на работењето на деловниот систем. Целна група: менаџери и вработени во служба за безбедност на информатичките системи, одговорните лица за заштита на бизнис информации, внатрешни и надворешни ИТ-ревизори, лица задолжени за развој на софтвер, бизнис и клиент апликации, како и за вработените во организационите единици кои се вклучени во развој на нови услуги врз основа на ИТ-инфраструктура. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

24

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

17– 19 јули 2017 година Прага, Р. Чешка

КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 (CHINA INVESTMENT FORUM 2017)

Стопанската комoра на Македонија во соработка со Чешкo- кинеската комора за соработка и Кинескиот центар за економска соработка, ве покануваат да бидете дел од овогодишниот Кинески инвестициски форум 2017, што ќе се одржува во периодот од 17-19 јули 2017 година во Прага, Република Чешка. Кинескиот инвестициски форум веќе пет години по ред претставува официјална платформа за економска соработка, политички, дипломатски и деловнии состаноци на ниво на високи државни претставници на 16-те земји од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина. Овогодишниот Форум ќе се одржи под покровителство и присуство на Н.Е. Милош Земан, претседател на Република Чешка и Н.Е. Бохуслав Соботка, премиер на Република Чешка. Официјалната делегација од Народна Република Кина ќе биде предводена од господин Лиу Јуншан, член на Постојаниот комитет на Политбирото на Народна Република Кина, придружуван од високи претставници на министерско ниво. На настанот покрај претседателот и премиерот на Република Чешка, говорници ќе бидат и функционери од чешката Влада и политичката сцена, како и од останатите земји од Централна и Источна Европа. \Регистрацијата за Кинескиот инвестициски форум 2017 се врши по електронски пат на следниот линк: account.czechchina.com/registration најдоцна до 30 јуни 2017 година. \Организацискиот комитет на Кинескиот инвестициски форум 2017, по извршената регистрација, ќе ги оцени пријавите и ќе ги информира апликантите дали нивната апликација е одобрена или не. Апликантите потоа ќе имаат можност преку оваа платформа да ги изберат и партнерите за деловните средби, коишто оваа година ќе се одржат меѓу претставници од Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа. За повеќе информации, посетете ја и официјалната страна на настанот: www.czechchina.com/cif. За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „FOOD ISTANBUL 2017“

19– 22 септември 2017 година Истанбул, Р. Турција

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ FOOD ISTANBUL 2017 “. Меѓународниот саем наменет за прехранбената индустрија ќе се одржи во периодот од 19 - 22 септемви 2017 година во Истанбул, Р. Турција. Оваа манифестација е една една од најпрестижните платформи каде секоја година се среќаваат најпрестижните имиња од прехранбената индустрија од цела Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Русија и Балканот со повеќе од 1000 брендови, 250 изложувачи и над 35.000 посетители. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 11.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http:// cnrfoodistanbul.com/index.aspx?ln=2 За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

29


30

БИЗНИС ИНФО

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

UA00000042035 Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

UA00000042036

Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи.

UA00000042032

UA00000041975

Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

UA00000042031

UA00000042034 Компанија од Украина нуди линии за


петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

БИЗНИС ИНФО

31

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА UA00000041963 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

UA00000041950 Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

UA00000041951 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

UA00000041947 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува

градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.

CN00000037834 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

PK00000041937 Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

CN00000041939 Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 23 јуни 2017, Бр. 312

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.