Бизнис ИНФО, број 330

Page 1

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

Број 330

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

24.11.2017

ВЛИЈАНИЕТО НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И РАЗВОЈ НА ЕДНА ДРЖАВА ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА


2 2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ВЛИЈАНИЕТО НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И РАЗВОЈ НА ЕДНА ДРЖАВА ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА Повеќедецениската традиција во постоењето на двете институции, Стопанската комора на Македонија, која постои повеќе од 95 години, и Сојузот на сметководители на Република Македонија, кој постои 61 година, само ја потврдува улогата на сметководството и неговото значење како професија во развојот на економијата, особено во развојот на финансискиот и приватниот сектор, -истакна м-р Анета Трајковска, директорка на Дирекцијата на други форми на организирање и работење при Комората, на прес-конференцијата (20.11.2017 година). Сметководството е старо илјадници години и тоа секогаш се развивало со развојот на компаниите и секогаш се развивало согласно потребите и барањата на бизнисот, односно компаниите. -Денес, сметководството се нарекува „јазик на бизнисот“, бидејќи тоа е основа за изготвување на финансиските извештаи за компаниите наменети за различни


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ потреби. Сметководството наменето за известување на луѓето внатре во компанијата (вработените, менаџерите, сопствениците и ревизорите) се нарекува „Управувачко сметководство“ и се користи да обезбеди информации за донесување на менаџерски и оперативни одлуки, а сметководството наменето за известување на луѓето надвор од компанијата се нарекува „Финансиско сметководство“ и се користи да обезбеди информации за постојните и потенцијалните акционери и други сопственици на капитал, банки, финансиски аналитичари и економисти, како и за надлежните државни органи. Поради тоа што овие корисници имаат различни потреби, презентацијата на финансиските извештаи е многу структурална и подлежи на многу правила, односно законски прописи, но и на меѓународни сметководствени стандарди, -истакна м-р Трајковска. -Со регулирање на сметководствената професија која се воспостави со Законот за вршење сметководствени работи во 2012 година („Службен весник на РМ“, бр. 95/2012 од 26.7.2012 година) е направен чекор напред, но мора да се направи исчекор уште понапред и да се работи на издигнување на оваа професија многу повеќе од сегашната перцепција што се создава во јавноста и која се сведува и се подразбира, на внес и класична контрола на деловните трансакции, во високо аналитична професионална професија која ќе му овозможи на сопственикот на капиталот, квалитетна информација за донесување стратешки одлуки. Со ова ќе се овозможи сметководствената професија како регулирана професија да биде поактуелна кај младите, бидејќи согласно актуелните статистики просечната старост на сметководителите/овластените сметководители во Република Македонија е 55 години, - истакна м-р Трајковска. Од овие податоци може да се констатира дека за 5 години може да се доведеме во состојба на сериозен недостиг на сметководители потребни на бизнис секторот. За компаниите е особено значајно да имаат кадар кој постојано го надградува своето знаење, затоа потенцираме дека мора да се вложува во континуирана професионална едукација на оваа регулирана професија, бидејќи презентацијата на финансиските извештаи е многу структурална и подлежи на многу правила, односно законски прописи и меѓународни сметководствени стандарди, кои се подложни на чести измени, дополнувања. Потоа, образложи м-р Трајковска дека примената на меѓународните сметководствени стандарди во Република Македонија се од суштинско значење, бидејќи со нивната примена се овозможува брзо интегрирање кон современите развиени западноевропски земји, и тоа преку инвестирање и прибирање странски капитал. Со унифицирањето на сетот на финансиските извештаи, како и со имплементацијата на меѓународните


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ сметководствени стандарди се овозможува поголема деловна активност на деловните субјекти со нивните странски партнери. Имено, согласно член 469, став 2 од Законот за трговските друштва, меѓународните стандарди за финансиско известување и меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни субјекти се ажурираат на годишна основа за да бидат усогласени со тековните стандарди, така како што се дополнети, изменети или усвоени од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди. Во нашето законодавство, наведените стандарди не се дел од важечкото законодавство во целост, односно после 2009 година, истите не се преведени и како такви, не се објавени во службено гласило на Република Македонија, за да можат да бидат применливи во домашното законодавство. Тоа создава поголеми проблеми во практиката при работењето на деловните субјекти, и тоа како за домашните компании, така и за странските. За надминување на овие состојби предлагаме итно формирање на надлежно тело со основна задача ажурирање на годишна основа на МСФИ и МСС така како што се дополнети, изменети или усвоени од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди. -За подобрување на условите и квалитетот на сметководствените и ревизорските услуги и сметководствената професија, преку имплементација на најдобрите меѓународни практики е целта на стручниот научен собир на сметководители и претставници на академската заедница со меѓународно искуство во организација на Стопанската комора на Македонија и Сојузот на сметководители на Република Македонија. Главна тема на која ќе се дискутира на два панела на 14 и 15 декември 2017 година е „Улогата на сметководството и ревизијата во унапредување на националната економија“, - истакна г-ѓа Ленче Папазовска, претседател на Извршниот одбор на Сојузот на сметководители на Република Македонија . Според официјалните регистри согласно Законот за вршење сметководствени работи, денес на официјалната Интернет-страница на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ се евидентирани 7.197 физички лица кои се иматели на уверенија согласно закон и 1.221 субјект, вршители на дејност (ТП и друштва за вршење сметководствени услуги). Г-ѓа Папазовска истакна дека повеќе од 75% од сметководителите и овластените сметководители се припадници на женскиот пол, а само 24% се овластени сметководители и сметководители со возраст до 35 години. Основна цел на носителите на сметководствената и ревизиската професија е обврската да го следат брзиот развој на технологиите, општествените промени, измени во законските регулативи и сл., и сето тоа задолжително треба да го имплементираат во евиденциите и финансиските извештаи. Неминовно сето ова бара стекнување на нови стручни и научни знаења. Улогата на сметководителите и ревизорите е од


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ исклучително значење, но какви се ефектите врз развојот на националната економија зависи од нивото на понудениот квалитет на услугите и нивното на знаење при имплементација на трендовите кои влијаат на квалитетот на овие услуги. - Иднината на овие две професии, истакна г-ѓа Папазовска, не зависи од сегашната перцепција која се сведува и се подразбира, на внес и класична контрола на деловните трансакции, туку од: - неопходноста сметководителите да ги проучуваат финансиските извештаи како и да ги анализираат предностите и недостатоците на одделни трансакции; - најголем дел од својот ангажман да го трошат на комуникација со своите клиенти и при тоа да ги разгледуваат деловните стратегии, тежнеејќи кон совршеност; - да се обучат сметководителите за да можат да ги распознаат навреме проблемите и да заземат проактивна улога и подготовка за алтернативни решенија согласно позитивните прописи; - улогата на сметководителот да биде креативна и да дава стратешка поддршка на ентитетот за кој дава услуги; - сметководството врз основа на финансиските информации да претставува квалитетна основа при донесување стратешки одлуки. При сето погоре наведено, потребна е примена на светските трендови, како што се: - при давање на услугите истите да се темелат на автоматизирани процеси; - да применуваат персонализиран пристап при давање на совети на клиентите; - технолошка интеграција - намалување на времето потребно за реализација од склучување зделки до наплата; - дигитална технологија - мобилни апликации, дигитални платформи, cloud computing; - управување со потенцијалот на вршителите на овие две професии – нивно приспособување и навремено оспособување за новите предизвици и промени, посебно на младата популација која влегува во професијата; - користење на социјалните мрежи како алатка при изнаоѓање нови клиенти, комуникација со постојните и новите клиенти, следење на нивното задоволство од примената на услугата. М-р Анета Трајковска


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

е

јт

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

а ач ар

FS 549642

7

Н

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ПРЕНЕСЕНО

ПРЕДЛОЗИТЕ НА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТОТ ВО ДЕЛОТ НА (НЕ)ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО УЧЕСТВО НА АДВОКАТИ ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ И ПОСТАПКИТЕ ПРЕД НОТАР Ефикасното функционирање на системот на заштита на правата има големи импликации врз работењето на деловните субјекти. Од аспект на поголема правна сигурност и доследно почитување на принципот на владеење на правото, е и заложбата на бизнис-заедницата, правата и обврските кои произлегуваат за деловните субјекти во постапките пред нотар и извршител, па и во судските постапки, да се завршуваат во што пократок рок и со помали трошоци, без притоа да се нарушува квалитетот и кредибилитетот на сите субјекти кои имаат своја улога во наведените постапки. Со новиот Закон за нотаријатот (Службен весник на Република Македонија, бр.72/2016, 142/2016) и новиот Закон за извршување (Службен весник на Република Македонија, бр.72/2016, 142/2016) се воведоа повеќе измени кои се однесуваат на работењето на деловните субјекти. Стопанската комора на Македонија, како претставник и застапник на интересите на своите компании-членки пред надлежните институции, во повеќе наврати, во процесот на донесување на Законот за извршување и Законот за нотаријатот, но и по започнувањето на нивната примена, ги истакна забелешките, сугестиите, како и ефектите на законските решенија врз работењето на деловните субејкти, и даде конкретни предлози за надминување на констатираните состојби. Изразувајќи го задоволството за постапувањето на надлежните институции по Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за изменување и дополнување на Законот за извршување и Законот за нотаријат, како една од позначајните иницијативи на бизнис-заедницата, деновиве на Единствениот национален електронски регистар


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕНЕСЕНО на прописи (ЕНЕР) може да се видат Предлог-измените на двата закони, во кои се содржани и предлозите на Стопанската комора на Македонија. Едно од главните барања во Иницијативата беше ревидирање на одредбите во кои е предвидена задолжителност на адвокатски печат и потпис за одредени поднесоци во постапката за извршување (барање за извршување, приговор против незаконитости во извршувањето, жалба и сл) и во постапката пред нотар (составување приватна исправа која се солемнизира кај нотар, поднесување предлог за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа, приговор против решенијата на нотарот согласно закон, предлог за укинување на потврдата на правосилност и извршност, жалба против решението на судот) со цел да се овозможи сите потребни дејствија во овие постапки да може да бидат преземени и од страна на лица дипломирани правници кои се во работен однос кај правните лица кои поведуваат постапки пред нотар и извршител, како што тоа беше уредено пред последните измени на овој Закон, а сето тоа во функција на намалување на вкупниот финансиски товар за деловните субјекти. Накратко, барањето се состои во овозможување на правниците од стопанството да можат, исто како што преземаат дејствија во парнична постапка (кои во основа се посложени од дејствијата и поднесоците во постапките пред нотар и при извршување), да можат истите да ги


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ПРЕНЕСЕНО преземаат и во постапките пред нотар и пред извршител. Со оглед дека учеството на адвокатите во постапките пред нотар и пред извршител, значително ја поскапуваат постапката, за што Комората спроведе анкетно истражување, ставот на Стопанската комора на Македонија, кој е во интерес на бизнис заедницата, е враќање на старото законско решение, односно бришење на одредбите според кои, за дејствијата во овие постапки сега (со законот што е во сила) е предвидено учество на адвокат, или пак прифаќање на второто алтернативно решение: исто како и во парничната постапка, овие дејствија да се преземаат и од страна на одговорните лица во правните лица самостојно, или со овластување за нивните вработени правници (за вредност до 15.000 евра) или овластените лица- дипломирани правници, вработени кај работодавачот, кои имаат положено правосуден испит (за случаите кога вредноста е над 15.000 евра), без било какви дополнителни трошоци за застапување, а доколку правното лице оцени дека има потреба од дополнителна правна помош, има право на слободен избор на адвокат кој ќе ги презема дејствијата во постапките пред нотар и пред извршител. Стопанската комора на Македонија оценува дека задолжителното ангажирање на адвокат, посебно во случаите кога странки се јавуваат компаниите, кои имаат организирани правни служби, не е целисходно и влијае неповолно не само поради трошоците, туку и поради непотребните административни постапки, кои би настанале со самата потреба од предавање на предмети на адвокати, запознавање со нивната содржина и дејствија што треба да се преземат, а со тоа се одолговлекуваат и самите постапки, а правниците во стопанството остануваат дискриминирани и соочени со опасноста да бидат отпуштени. При тоа, треба да се има предвид дека овие лица имаат најдобар увид во работењето на правното лице и трансакциите кои и претходеле на потребата да се иницираат овие постапки, поради што уредувањето на можноста и тие полноважно да ги преземаат дејствијата за компаниите значи поедноставување на постапките од административен, организациски, но и временски аспект. Дополнително, треба да се има предвид и пошироката перспектива која се однесува на важноста на активностите кои т.н. корпорациски правници ги вршат во компаниите во кое се вработени. Имено, тие имаат клучна улога од аспект на постигнување на усогласеност на работењето на правното лице со важечката регулатива и дејствуваат превентивно во насока на избегнување на пропусти во работењето на правните лица поради непознавање или погрешно толкување на соодветната регулатива, особено поради огромниот број на прописи во важечкото законодавство во Република Македонија.


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

11

ПРЕНЕСЕНОер Бизнис-заедницата укажува дека доколку интенцијата на законодавецот за воведувањето на задолжителното присуство на адвокатите во постапките пред нотар или извршител, била да се зголеми степенот на стручноста и ефикасноста, досегашната статистика во постапките упатува дека не е забележан зголемен правен ризик кај деловните субјекти кои не користат надворешни адвокатски услуги. Напротив, постојат бројни примери на позитивна пракса поврзана со извршувањата, каде компаниите биле застапувани од нивните интерни правни служби, во кои се вработени правници кои поседуваат голема стручност, знаење и искуство. Поради наведеното, исклучувањето на можноста т.н. корпорациски правници полноважно да преземаат дејствија во постапките уредени во Законот за извршување и Законот за нотаријатот, во крајна линија може да резултира со намалување на нивниот број во деловните субјекти, и може да има далекусежни и сериозни последици за функционирањето на правниот поредок во целина. М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор во Стопанската комора на Македонија


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО БИТОЛА - ОДРЖАНА СЕДМАТА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР На 17.11.2017 година во Ресен, Регионалната комора со седиште во Битола ја одржа својата седма седница на Управниот одбор. Покрај членовите на Управниот одбор, на седницата како гости говорници беа присутни и новиот градоначалник на Општина Ресен, Живко Гошарески и директорката на Дирекцијата на здруженија и регионални комори при Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева Ѓуриќ. Седницата ја водеше претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски. Како точки на дневниот ред по кои се расправаше беа: номинација за избор на член во Надзорниот одбор на Стопанската комора на Македонија, при што членовите на Управниот одбор го номинираа Мирко Велковски, од „Хемометал“ - Битола како претставник од Регионалната комора со седиште во Битола. По однос на втората точка, проблемите во примената на законските решенија во процесот на јавни набавки со предлози за нивно надминување во новиот Закон за јавни набавки, директорката Билјана Пеева-Ѓуриќ имаше презентација по однос на информација од досегашните согледувања за потребата од измени на законските решенија кои го регулираат системот на јавните набавки. Врз основа на дефинираните, но и дополнителните предлози кои ќе бидат дадени од страна на членките на Комората,


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Стопанската комора на Македонија ќе ги систематизира сите проблеми, иницијативи и предлози за подобрување на системот на јавните набавки во Република Македонија и ќе ги достави до Бирото за јавни набавки, со цел конципирање на нов Закон за јавни набавки, да се отстранат сите неефикасни решенија и проблеми и да се создаде конкурентен, транспарентен и ефикасен систем на јавни набавки во државата. Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошарески ги поздрави присутните стопанственици од Битолско-преспанскиот регион и им се заблагодари на поканата и можноста за учество на состанокот и ја истакна заложбата за понатамошна поблиска соработка со бизнис-секторот во иднина. Во своето обраќање, тој се осврна и кон точката на расправата во однос на развојот на угостителството и алтернативните видови на туризам, како и здраствениот туризам во Преспанскиот регион. Уште еднаш ја нагласи потребата од носење на стратегија за развој на туризмот во Преспа и со тоа во што пократок временски рок да се дефинираат правецот и насоките за развој на туризмот како битна гранка на стопанството во регионот. На седницата се расправаше и за дополнителни точки во однос на најавеното поскапување на електричната енергија од 40% на компаниите кои се на слободниот пазар и донесен е заклучок да се поднесе инцијатива до дистрибутивните компании дали ова најавено поскапување е економски оправадно. Исто така, се разговараше и се даде поддршка и за иницијативите на Стопанска комора на Македонија за измена на законите за нотаријат и извршување. м-р Никола Димковски


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ВО ШТИП ОДРЖАНА ИНФО-СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ На 21.11.2017 година во Штип, во организација на Регионалната комора со седиште во Штип, Источниот плански регион, Општина Штип и Фондот за иновации и технолошки развој, беше одржана Инфо-сесија за отворениот јавен повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето во урбаните средини во Република Македонија - О2 Предизвик. О2 Предизвикот овозможува поширок опсег на натпреварувачи да се вклучат со свои идеи во решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот во урбаните средини, а во исто време претставува пилот-проект за дизајнирање и воведување на нов Инструмент на Фондот за иновации и технолошки развој насочен кон организирање натпревари и предизвици за изнаоѓање на иновативни решенија од општествен интерес. Предавачи на информативната сесија беа претставниците од Фондот за иновации и технолошки развој Ирена Ѓоргиевска и Никола Клопчевски. Тие истакнаа дека натпреварувачите треба да понудат решение/ја во една од следниве области: • користење енергија за греење: решенија со кои се намалуваат емисиите на загадувачки супстанци кои се резултат на греењето во домаќинствата и/или индустриските погони; • транспорт и мобилност: решенија со кои се намалуваат емисиите на загадувачки супстанци предизвикани од сообраќајот и/или • градежништво и урбани алтернативи: решенија со кои се намалува загадувањето предизвикано од градежната експанзија. Решенијата можат да ги таргетираат следните фази од процесот на решавање на проблемот на загадувањето: намалување на емисиите на загадувачки супстанци, преку воведување на нови процеси/услуги/производи/методологии или активности кои ќе поттикнат промени на секојдневните практики на граѓаните и/или - прочистување на воздухот во одредени најкритични простори (отворени или затворени) – озеленување,


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

примена на технологии на вентилирање и сл. Предлог-проектите треба да содржат системско решение, производ, услуга или иновативна методологија кое/кој/која придонесува кон решавање на еден или повеќе од горенаведените специфични предизвици кои придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот. Времетраењето на проектот не треба да надминува 12 месеци. Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што се, на пример, нова услуга за граѓаните, нов ефикасен и еколошки производ, поефикасна јавна услуга или пак промена на однесувањето на граѓаните. Ние како Стопанска комора, сме спремни за соработка при организирањето вакви или слични информативни настани, со цел нашите компании да бидат благовремено известени за сите случувања и јавни повици од страна на државните институции, како и можностите за добивање грантови овозможени за компаниите преку програмите на Европската унија. Моника Стоичева


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ИНФО СРЕДБА ВО ВЕЛЕС „ШАНСА ЗА СИТЕ“ ПРЕЗЕНТИРАН ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Во организација на Регионалната комора со седиште во Велес, во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ, Агенцијата за вработување на РМ, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 22.11.2017 година, во Велес се одржа Инфо средба за промоција на Програмата „Шанса за сите“, во рамките на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување во 2017 година. Станува збор за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите дизајнирани за бизнис секторот, насочена кон претпријатијата кои можат да добијат до 615.000 денари неповратна помош. Мерката беше презентирана пред бизнис заедницата и граѓанскиот сектор од регионот на Велес, на која присуствуваа околу 35 претставници.


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Претставниците од УНДП, Дамјан Митев и Снежана Дамјановска, посочија дека имплементацијата на Оперативната програма содржи најразлични активни мерки, вклучувајќи субвенционирано вработување и други различни обуки за микро, мали и средни претпријатија. Таа нагласи дека Оперативната програма нуди најразлични мерки за вработување, услуги за невработени лица и програми за усовршување и затоа треба да се искористи оваа поволност и можност. Исто така, тие истакнаа дека намалувањето на високата стапка на невработеност во земјата е огромен предизвик и главен приоритет. Одржливиот развој на земјата зависи од успехот во создавање нови работни места и развој на вештини меѓу невработените кои се совпаѓаат со потребите на пазарот на трудот. Оваа програма е развиена и имплементирана од страна на Владата на РМ и УНДП. Таа стана суштински дел од стратегијата за вработување на земјата и е една од активните мерки на пазарот на трудот на националниот Оперативен план за вработување. Овие мерки се дизајнирани да промовираат паметен, одржлив и социјално инклузивен раст. Ирена Жарова


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈА САЕМ НА КАРИЕРА 2 ВО БИТОЛА Во организација на МКЦ Битола во соработка со Инфо клубот Битола, УНДП и Општина Битола и со подршка на Регионалната комора со седиште во Битола на 23.11.2017 година во просториите на Центар за култура -Битола се одржа настан „Саем на кариера 2. Настанот е во рамките на регионалната платформа YOUSEE за социјални иновации за намалување на младинската невработеност. Настанот вклучи штандовска презентација на компании и бизнис-организации кои нудат слободни работни места, кратки презентации од претставници на иновативни бизниси од Македонија, и претставуваше можност за посетителите да се запознаат и да разменат контакти со компаниите од пелагонискиот регион. Регионалната комора со седиште во Битола ја даде својата поддршка и учествуваше со свој штад и материјали на настанот и го промовираше пристапот на дуалиниот


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

систем на образование како поефективен начин на обезбедување на квалитетна квалификувана работна сила во иднина. Саемот за кариера обезбедува простор за младите индивидуалци да ја пронајдат својата работна позиција. Овој настан беше можност посетителите да се мотивираат и да се приклучат кон тимови кои брзо растат, се развиваат и унапредуваат, можност да влезат во активен едукативен процес чија основа е креативноста и иновативноста, како и да бидат инспирација за започнување на свој бизнис. Регионалната комора со седиште во Битола и во иднина ќе дава поддршка на ваков и сличен вид на настани на кои ќе се промовира развојот на економијата во регионот но и на ниво на целата држава. М-р Никола Димковски


20

БИЗНИС ИНФО

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

О2 ПРЕДИЗВИК НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ И ВО БИТОЛА Во оквир на инфо-сесиите низ целата држава на 23.11.2017 година во Битола, во организација на Општина Битола и Фондот за иновации и технолошки развој и со поддршка на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и Регионалната комора со седиште во Битола беше одржана Инфо-сесија за отворениот јавен повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето во урбаните средини во Република Македонија - О2 Предизвик. Загадувањето на воздухот е сериозен проблем со кој се соочува Македонија. Оттука се поставува прашањето колку се дозволените концентрации на штетни супстанци за да се намалат штетните последици. Волјaта за надминување на овие проблеми иницира иновативни идеи и акции кои ќе поттикнат решавање на проблемот. Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

21

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ развој го објави О2 ПРЕДИЗВИК-от. Во реализацијата на предизвикот ќе се вклучат Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и други партнерски организации и експерти. О2 Предизвикот е нов Инструмент на Фондот за иновации и технолошки развој насочен кон организирање натпревари и предизвици за изнаоѓање на иновативни решенија од општествен интерес. Натпреварувачите треба да понудат решение/ја во една од следниве области: • Користење на енергија за греење: решенија со кои се намалуваат емисиите на загадувачки супстанци кои се резултат на греењето во домаќинствата и/или индустриските погони; • Транспорт и мобилност: решенија со кои се намалуваат емисиите на загадувачки супстанци предизвикани од сообраќајот и/или • Градежништво и урбани алтернативи: решенија со кои се намалува загадувањето предизвикано од градежната експанзија. Поддршката ќе биде доделена за проекти кои предвидуваат истражување и развој на иновативни решенија кои се во фаза од идеја или понапредна фаза на технолошка спремност до фаза на технолошка спремност – прототип функционален во реална средина (TRL 6 – TRL 7)[1]. Предлог проектите треба да содржат системско решение, производ, услуга или иновативна методологија кое придонесува кон решавање на еден или повеќе од горенаведените специфични предизвици кои придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот. Вкупниот буџет кој е наменет за овој повик е 6.000.000 денари а, времетраењето на проектот не треба да надминува 12 месеци. Крајниот рок за пријавување на заинтересираните страни е 30.11.2017 година на вебпорталот на Фондот за иновации и технолошки развој. М-р Никола Димковски


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА „ПАКОМАК“ - Имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување и обврските на општините и на компаниите Во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија, во соработка со компанијата ,,ПАКОМАК“ - Скопје, на 23.11.2017 година се одржа презентација на обврските кои ги имаат компаниите и општините при имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Компанијата „ПАКОМАК“ е основана 2010 година, чија дејност е управување со отпад од пакување и е прва компанија во Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи. Од 20 мај 2011 година „Пакомак“ е 34-та национална


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

23

ПРЕЗЕНТАЦИИ

непрофитна компанија што се приклучи кон меѓународната мрежа за управување со амбалажен отпад „ProEurope“ (http://pro-e.org/), со што ја доби лиценцата за употреба на симболот „Green Dot“. „Green Dot“ е финансиски симбол, кој означува дека за пакувањето што го има тој знак е платен надомест за постапување со отпадот по употребата. Пред присутните компании, како и пред претставници од Општина Кавадарци, Ико Брдароски, менаџер за грижа за корисници и Игор Макалоски, оперативен менаџер на „Пакомак“, истакнаа дека производителите и увозниците на производи спакувани во амбалажа имаат законска обврска да организираат систем за собирање, селекција и рециклирање на сопствениот амбалажен отпад, кој завршува кај крајните корисници. Со ваквиот принцип на „продолжена одговорност на производителот“, сите субјекти во синџирот до крајниот корисник (производителите, пакувачите, увозниците, дистрибутерите) треба да овозможат повторна употреба или искористување на амбалажниот материјал што го пласираат на пазарот. Ико Брдароски истакна дека до крај на 2017 година ќе се соберат 21 илјада тони отпад од пакување , а од година во година растат бројките на собран отпад. Соработката со комуналните претпријатија е исто така од големо значење за непречено одвивање на селекцијата и преработката на отпадот од амбалажа. На крајот на дискусијата се заклучи дека се потребни т.н. модуси за евидентирање на отпад (за помалите загадувачи), поголема покриеност на микро локациите, како и право на тргување, со цел да им се олесни работата на компаниите. Тања Мицева


24

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

25


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 ноември 2017 година Стопанска комора на Австрија, Виена

„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Стопанската комора на Австрија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија и оваа година организираат деловни средби на австриски фирми од индустрискиот сектор машински и фабрички инженеринг со производители и увозници од целиот свет. Конференцијата и деловните средби во Виена се одлична можност компании од целиот свет да се запознаат со потенцијални добавувачи, клиенти и деловни партнери. За таа цел, Ве покануваме на овој настан, со цел: • да се сретнете со потенцијални клиенти и добавувачи; • да дознаете повеќе за најновите индустриски трендови; • да ја проширите Вашата мрежа и да пронајдете нови деловни партнери; • да стекнете знаења за нови пазари; • да презентирате нови проекти; • да иницирате меѓународни контакти и деловни партнерства; • да се запознаете со најновите австриски технологии и know-how. Настанот ќе се одржи на 28 ноември 2017 година (вторник), во Стопанската комора на Австрија во Виена. На следниов линк https://www.b2match.eu/machinery2017/participants можат да се видат сите фирми кои се пријавени досега, како и програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот. Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистрираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/machinery2017/ sign_up . Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk

Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ

(АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ)

28 - 29.11.2017 година(вторник-среда) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат

на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите.

Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на:

• Деловен асистент - Одговорности и овластувања и клучни функции;

• Комуникациски вештини на деловниот асистент;

Управување (чување и складирање) на документацијата во својата канцеларија и во

канцеларијата на врвното раководство;

• Креирање дописи за потребите на компанијата пред проверката од врвното раководство.

Протокот на документи претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на

реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација.

Усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на

останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење е согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги .

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29 ноември 2017 година во хотел Александар Палас

„НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА„

Стопанската комора на Македонија во соработка со Фондацијата за економско истражување од Истанбул, Р. Турција Ве покануваат да земетеучество на претстојниот Симпозиум на тема: „Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ што ќе се одржи на 29 ноември 2017 година во хотел Александар Палас, со почеток во 09:00 часот. Целта на симпозиумот е да се согледа досегашната соработка меѓу двете земји и да се разгледаат идните перспективи за унапредување на соработката коишто ќе придонесат за зајакнување на билатералните односи на економски план меѓу двете земји. На симпозиумот учество ќе земат владини претставници, видни претставници на македонското и турското стопанство како и експерти од областа на економијата. Ве молиме за Вашето учество да не информирате најдоцна до 27.11.2017 (понеделник) кај лицето за контакт: м-р Сања Николова, тел: 02/ 3244 -091 и е-адреса: sanja@mchamber.mk.


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

30 НОЕМВРИ 2017 ГОДИНА (четврток), 10:00 часот ХОТЕЛ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ - Скопје (Конгресна сала 1)

Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори Ве покануваат да учествувате на Бизнис форумот и билатералните деловни средби меѓу странските инвеститори и домашните компании коишто имаат потенцијал да станат нивни локални добавувачи. Оваа активност на деловно поврзување е во согласност со заложбите на Стопанската комора на Македонија, со Програмата на Советот на странски инвеститори, како и со приоритетите на Владата на Република Македонија за поддршка на ваквиот тип на соработка со цел поинклузивна и поинтегрирана економија. Во таа насока, во рамките на првиот дел на Бизнис форумот, за можностите и бенефитите од соработката на странските со домашните компании, ќе говорат високи претставници од Владата на Република Македонија, претставници на Стопанската комора на Македонија и на Советот на странските инвеститори. На настанот своето учество го потврди проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори (во прилог: Програма, пријавен листи список на пријавени компании). Пред присутните домашни добавувачи странски инвеститор ќе изврши кратка презентација на студија на случај на набавки, при што ќе бидат идентификувани критериумите и условите коишто треба да се исполнат од страна на домашните компании за да станат локални партнери на странските инвеститори. Во вториот дел на настанот, регистрираните компании ќе имаат можност да одржат одделни билатерални деловни средби согласно претходно утврден распоред на време и место на средбите. Бизнис форумот и билатералните деловни средби ќе се одржат на 30 ноември 2017 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ - Скопје (Конгресна сала 1) Ве молиме, потврдете го вашето учество најдоцна до 24 ноември 2017 година. Контакт: м-р Сања Николова, телефон: 02/3244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk .


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30.11.2017 година (четврток) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТАПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката e наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните и другите сектори на правните лица кои се занимаат со градежништво, заради запознавање со основните и најбитните прашања поврзани со градбата, со посебен акцент на договорот за градење, неговото законско регулирање и практичните прашања, како и судските спорови во оваа област, кои се однесуваат на овој договор и на сите клучни аспекти повразани со градењето. ПРЕДАВАЧИ: - Маринела Јакасановска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, предавач во примарна и континуирана обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје; - м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат, магистер на тема од областа на договорното право, со особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. М-р Ристеска Тутуновска има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа. Искуството во решавањето на правните проблеми на клиентите, како физички, така и правни лица, пред сите органи со јавни овластувања, државни органи и судовите на целата територија на Р. Македонија ја прават квалитетен и добар познавач на правото и изнаоѓањето правни решенија кои се клучни за успешното работење на компаниите. Еден период таа беше колумнист во списанието „HR“ - за човекови ресури, каде што главни теми на текстовите беа токму работните односи и едукација на сите сектори во правните субјекти за законските норми во овој дел. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 4.12.2017 година (понеделник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА И МЕЃУНАРОДНИ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ

Стопанската комора на Македонија на 4 декември 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА“ - Правилник за попис. Целта на семинарот е стекнување на практични и теоретски знаења за правилната примена на регулативата која го уредува пописот како значаен дел од аспект на билансните позиции и даночната регулатива. Нецелосно или формално спроведен попис доведува најзначаните билансни позиции да се погрешни и неосновано искажани, што од друга страна се рефлектира на реално и објективно искажување на податоците во финансиските извештаи кое пак има влијание на преценување или потценување на добивката, односно загубата од што може да произлезат одредени санкции како прекршочни, така и кривични. На сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби пред се` за законски исправна сметководствена документација како веродостоен доказ за економската активност и регулативата за извршување попис со што ризикот ќе го сведат на минимум за изречување глоби при инспекциски надзори и трпење на прекршочни/кривични санкции. Обврската за извршување попис ќе биде објаснета и согласно Законот за трговски друштва, одговорностите, презентација во судски постапки, како и казнените одредби. На семинарот ќе бидат образложени сите можни сценарија односно практични примери за сметководствената евиденција на разликите од пописот согласно даночната регулатива, и презентирани урнеци за интерните акти кои се задолжителна документација во процесот на отпочнување, текот и завршување на пописот. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 5 - 6 декември 2017 година (вторник и среда) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

Безбедноста на информациите и информативните системи во целина се едни од најважните теми денес. Во ерата на се` почести и различни видови на напади, злонамерни софтвери и ransomware, многу е тешко да се најде вистинскиот начин за одбрана. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 5 и 6 декември 2017 година, организира семинар на тема: „ИТ-катастрофи (DRP) и форензичка истрага“. Семинарот овозможува стекнување на основни и напредни знаења и вештини за континуирано управување со работењето и закрепнувањето од ИТ-катастрофи, како и истрага на причините кои довеле до тоа. Семинарот овозможува учесниците постепено да се запознаат со креирањето на планови, тестирање, одговорности и ризици кои може да доведат до отежнато функционирање или целосен прекин на работењето, како и ИТ-катастрофи кои можат да доведат до прекинување на работењето на примарниот дата-центар и губење на податоци и важни информации. Покрај тоа, учесниците на семинарот ќе се запознаат и со процедурите за одговор на инцидент (Incident Response – IR), како и форензичко истражување на самиот случај. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11.12.2017 (понеделник) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА – НАПРЕДНА МЕТОДОЛОГИЈА

Целта на оваа интерактивна обука претставува обезбедување на конкретни упатства и know-how за дизајнирање и спроведување на ефикасен и ефективен процес за обработка на поплаки/жалби за сите видови комерцијални или некомерцијални активности, вклучувајќи ги и оние поврзани со електронската трговија. Таа е наменета за вработените во организацијата и нејзините клиенти, подносителите на поплаки/ жалби, како и други заинтересирани страни (мало продажба и големо продажба). Информациите добиени преку процесот на обработка на поплаки/жалби може да доведат до подобрување на производите и процесите. Кога жалбите се соодветно поставени, може да ја подобрат репутацијата на организацијата, без оглед на големината, локацијата и секторот. Справувањето со жалби преку планиран процес како што е дефинирано во секој систем на работа, може да го подобри задоволството на клиентите. Поттикнувањето повратни информации од клиентите, вклучувајќи и поплаки ако клиентите не се задоволни, можат да понудат можности за одржување или зајакнување на лојалноста на клиентите и подобрување на домашната и меѓународната конкурентност. Предавач:- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант, управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје, со 22-годишно искуство во областа на менаџментот. За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Краен рок за пријавување: 6 декември 2017 година.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

12-13.12.2017 година (вторник-среда) 9:30 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Дводневен семинар на тема: ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА

На дводневниот семинар учесниците ќе стекнат познавања од областа на транспортот и логистиката. Ќе се запознаат со основните типови на транспорт, царински регулативи, складишнина и дистрибуција, паритети, како и кои се улогите во интернационалната логистика. Учесниците ќе ги надградат своите знаења или ќе се запознаат за прв пат со логистиката, а тоа ќе им овозможи успешно работење во која било организација од областа на транспортот и логистиката. Предавач: - Ана Лабор, основач и генерален менаџер на компанијата „Red Sky Logistics“, компанија од областа на транспортот и логистиката во Р. Македонија и работи на пазарот со странски клиенти на територијата на Европа. Ана Лабор е искусна и иновативна со 10-годишно искуство од областа на логистиката. Има работено во државниот, но и приватниот сектор, во домашни и интернационални организации. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 6.12.2017 година. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12-13 декември 2017 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

Стопанската комора на Македонија на 12-13 декември 2017 година организира акредитирана дводневна тренинг-обука за интерни проверувачи под PECB (Professional Evaluation and Certification Board) www.pecb.com акредитација, што ќе ја спроведува акредитиран PECB-партнер „TQM KONSALTING“ на тема: „ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007“. На оваа тренинг-обука учесниците имаат можност да полагаат тест со што ќе се стекнат со сертификат којшто ќе им овозможи да се стекнат со CPD (Continuing Professional Development) бодови неопходни за аплицирање за водечки аудитор за систем менаџмент (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001…). Целта на обуката е учесниците да стекнат потребни вештини и знаења за самостојно вршење на интерна проверка во рамките на своите компании. Притоа, обуката ќе им овозможи доволно ниво на самостојност и ефикасност при спроведувањето на проверки на квалитетот на услугите и производите, во насока на зголемување на вкупната ефикасност на работењето на компанијата како и задоволување на побарувачката на пазарот. Под поимот „проверка на квалитет“ се подразбира процес на усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнале одредени цели во рамките на организацијата. Предавач: - Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

14-15.12.2017 година (четврток - петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

Денес навремените и квалитетни информации имаат голема вредност, а давањето смисла на податоците со кои располагаме влијае на донесувањето одлуки и прави разлика помеѓу успешни и неуспешни компании. Како да обработите голема количина на податоци? Ова е проблем со кој се соочуваат повеќето компании, а за максимално користење на информациите и креираните податоци кои се корисни за донесување најдобри деловни одлуки потребна е алатка која ќе го овозможи тоа. А токму Microsoft Excel е алатка која треба да ја поседува секој успешен менаџер. Со доброто познавање на Excel менаџерите ќе бидат во можност да создаваат модели, да го менаџираат ризикот, да ја зголемат тимската работа и комуникацијата во одделот. Power Query претставува дел од сетот аналитички алатки во рамките на Microsoft Excel кои Ви овозможуваат да истражувате, поврзувате, комбинирате и преобликувате податоци во согласност со своите потреби. Power Query е бесплатен додаток за Microsoft Excel кој е достапен за верзиите Excel 2010 и секоја понова верзија. Предавач: - Александар Матиќ, дипломиран машински инженер, раководител и тренер на Центарот за едукација и управување со проекти при Стопанската комора на Србија во областа на бизнис интелигенција, управување со проекти и финансиска анализа. Активно вклучен во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Светска банка како проект менаџер и експерт. Тој е раководител на Проектот „Clusters’ Orientation towards Up-to-date technologies and models for common Development (CLOUD)“ финансиран од страна на ЕУ. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

Сојузот на сметководители на Република Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија Ве поканува да земете учество на XVIII Меѓународен симпозиум на тема: „Улогата на сметководството и ревизијата во унапредување на националната економија“, што ќе се одржи на 14 и 15 декември 2017 година. Симпозиумот ќе се реализира согласно програмата која е подготвена и приспособена на Годишната програма на ИСОС и обезбедува сразмерна структура на часови за континиурано професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители. Излагачите се истакнати домашни и странски експерти со долгогодишно професионално искуство од соодветните области. Надомест за двата дена на Симпозиумот изнесува 4.720 денари (4000 + 18% ДДВ) * Во рамките на Симпозиумот се организира другарска вечер, на 14.12.2017 година, со почеток во 20:00 часот, во Бистро бар Барбакан - Скопје. Цената по лице изнесува 1.100 денари со вклучена храна и пијалаци. Поради ограничен број на места, ве молиме вашето учество на Симпозиумот да го пријавите најдоцна до 5 декември 2017 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18 декември 2017 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедноста и здравјето при работа, притоа следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија на 18 декември 2017 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ (намалување на ризици од влијанието на азбестот во работната средина). Азбестите материјали се наоѓаат во секојдневното опкружување, многу често во индустрискиот или во комуналниот отпад. Според податоците изнесени во Монографијата 100С на Меѓународната агенција за истражување на ракот (International Agency for Research on Cancer – IARC), сите видови азбест, вклучувајќи го и кризотилот, се докажани предизвикувачи на рак на белите дробови, мезотелиом на плеврата, како и за рак на гркланот и јајчниците. Азбестот е најважниот професионален канцероген агенс, односно се проценува дека околу половина од сите професионални малигни тумори се должат на изложеност на азбест. Целта на семинарот е зголемување на свесноста за здравствените ризици поврзани со професионална експозиција на азбестот, утврдување на изворите на изложеност, професионален ризик, мерки за заштита кај експонираните работници, запознавање со ефектите врз здравјето кај работниците професионално изложени на азбест. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија

Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ https://ecobuild2018.b2match.io/

Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Деловните средби обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги од меѓународниот пазар, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа со: архитекти, изведувачи, дистрибутери, агенти, трговци, градители, истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија.

Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.

Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година. Контакт лице од ЕЕН Велика Британија Valerie Pondaven University of Greenwich Enterprise Europe Network Tel: +44(0)7468694606 v.pondaven@greenwich.ac.uk


40

БИЗНИС ИНФО

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042035

Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134

Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги. UA00000041975

Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095

Украина Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар. UA00000041963

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно

Украина Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово


Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

БИЗНИС ИНФО

41

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000041950 Украина Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно. UA00000041951 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947

Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000037834

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1432

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939

Кина Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041923

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 24 ноември 2017, Бр. 330

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.