Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
Број 326
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
27.10.2017
50 ГОДИНИ ЧЕЛИЧНА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
2 2
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОДВЛЕЧЕНО
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
50 ГОДИНИ ЧЕЛИЧНА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Педесет години челична индустрија во Македонија беше темата на денешната редовна прес-конференција на Стопанската комора на Македонија, а за почетокот и за досегашниот развој на оваа индустрија говореше д-р Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургијата при Комората. -Почетокот на производството на челик во Република Македонија, во далечната 1967 година, претставува исчекор кон индустријализацијата на земјата, што доведе до промена на економската и на социјалната структура, внесе нови технички знаења, нови организациски вештини кои се иманентни на таков вид индустриски комплекси и адекватни на новото време, создаде услови за преструктуирање на економијата во насока на развој на преработувачката индустрија, бродоградбата, наменската индустрија, металните конструкции, електромашинската индустрија и производството на опрема, истакна д-р Кочовски.
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Со петдеценискиот развој челичната индустрија покажа дека и тогаш исто како и денес е најзначајната индустриска гранка за националната економија. Оваа индустрија е основ за реиндустријализација на економијата и за подигање на учеството на индустријата во бруто домашниот производ. За значењето говори и податокот дека странскиот капитал за прв пат во Република Македонија покажа интерес токму за челичната индустрија со влегувањето на „Дуферко“, во дел од тогашната Рудници и железарница „Скопје“. -Производните и финансиските аутпути од челичната индустрија имаат силно влијание на макроекономските показатели – бруто домашниот производ, извозот, вработувањата, буџетските приходи и тоа сама по себе, а преку поврзаноста со другите индустрии на влезната и на излезна страна влијанието врз макроекономските параметри петкратно се зголемува. За мултипликативните ефекти на металната индустрија ,како и за нејзиниот развоен потенцијал направени се истражувања во рамките на Комората кои го покажуваат нејзиното влијание врз националната економија, истакна понатаму д-р Кочовски.
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
На крајот, тој се осврна и на актуелните состојби и движења, истакнувајќи дека заживувањето на пазарот и зголемувањето на нарачките резултираа со пораст на производството во челичната индустрија, а позитивни резултати на краток рок се очекуваат во„Макстил“ и„Арцелормиттал“ од Скопје и„Дојран стил“ – с. Николиќ, Дојран. Исто така, добри се состојбите со производството и извозот и во металопреработувачките капацитети, а со преземањето на „Фени индустри“ - Кавадарци од страна на бугарската компанија „Енекод“, како и со очекуваното решавање на еколошкото прашање во „Југохром алзар“ - Јегуновце, реално може да се очекува рестартирањето на производството во овие два големи индустриски извозни капацитета. Зорица Мешкова
6
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
7
БИЗНИС ИНФО
8
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 1 - 5 ноември 2017 година Прага, Република Чешка
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ
Стопанската комора на Македонија од 1 до 5 ноември 2017 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Прага, Чешка Република на тема: СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ. За да го подигнете нивото на Вашата компанија, добро е да преземете улога на „главен комуникатор“, со што ќе бидете сигурни дека вработените ги разбираат Вашите визија, цели и инструкции. Менаџерите како и вработените или соработниците, сите сакаат да знаат што барате од нив, што очекувате, што носи иднината и што имате Вие во главата. Но сето ова може да претствува дополнителен напор за Вас, што може да Ви донесе стрес или напнатост и да Ве исфрли од нормален колосек на рамнотежа. За да се справите со тешките ситуации и предизвиците што ги носи работното место, значи дека треба да научите како да се заштитите себе си од професионално согорување или од болеста на денешнината т.н. „BURN OUT“ синдром. Токму тоа е целта на овој семинар - усвојување и практикување на напредни комуникациски вештини користејќи ја теоријата на Трансакциска Анализа (Т.А.) и концептите која таа ги работи во работен контекст. Стресот е исто така фактор кој не` исфрла од една Его состојба во друга или не` исклучува од нормално функционирање. Стресот за нас луѓето претставува дополнителен напор својот систем да го вратиме во внатрешна рамнотежа, а токму на семинарот ќе се зборува за менталната хигиена и начините за справување со стресот, со цел успешно да комуницираме со вработените по хоризонтална и по вертикална линија. Комуницирањето со вработените можеби нема да биде едноставно, но сепак напорот вреди бидејки: • Сите луѓе се OK! • Секој има способност да мисли! • Луѓето одлучуваат за својата судбина и тие одлуки се менуваат! Доколку сте мотивирани да вложувате во развојот на сопствениот потенцијал, да ги намалите напнатоста и стресот, а со тоа и да ги подобрите Вашите комуникациски вештини со што индиректно ќе влијаете врз лицата кои ги менаџирате, како и на Вашите соработници и клинети и да придонесете врз развојот на сопствените интерперсонални и интелектуални вештини, Ве покануваме на едно заедничко патување каде ќе работиме, учиме и ќе напредуваме на тема: СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
БИЗНИС ИНФО
9
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ. На крајот на советувањето Вие ќе бидете способни да ги препознаете, употребите и да ги унапредите сопствените и туѓите комуникациски стилови во услови на стрес во согласност со правецот - трансакциска анализа. Способности кои ќе ги добиете како учесник се: стекнување нови знаења од областа на комуникацијата и комуникациските вештини и управување со стресот, кои ќе Ви помогнат успешно да ги развиете своите лични и професионални капацитети. Програма за работа: • Вовед во напредни комуникациски вештини; • Игри на моќ во работен контекс; • Интеркативна вежба; • Комуникациски вештини за надминување на стрес на работно место; • Ментална хигиена како превенција од „согорување“ на работното место. *Запознавањето на учесниците, нивното претставување и очекување ќе биде изведено со неколку интерактивни вежби додека трае патувањето. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? • За менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите; • за раководители и останати вработени од сите нивоа во секторите за човечки ресурси, правниот сектор, финансии, производство, стручни лица за безбедност и здравје при работа и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика. Предавач: - м-р Билјана Пешева, професионален обучувач за возрасни и јога инструктор со национално верификувана квалификација. Таа е дипломиран економист на Економскиот факултет – Скопје; има стекнато доквалификација за педагогија и методологија на Филозофскиот факултет во Скопје; а магистрирано на Економскиот факултет од областа Маркетинг во 2007 година. Во своето работно искуство има работено во многу организации за развивање и реализација на проекти за одржлив развој, психо-социјални проекти во граѓанскиот сектор, мултикултурно поврзување, а денес работи во финансиска институција на проекти за развој на нови современи технологии од областа самоуслужни продукти. Од 2013 година активно води обуки, треннинзи и семинари под името Healthy Life Skills (Вештини за здрав живот) за развој на интелектуални и интерперсонални способности наменети за вработени во работни организации и граѓански сектор, Јога ретрити и семинари за здрав живот и за подобрување на физичкото и менталното здравје. Контакт: Анита Митревска Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244057 Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
02.11.2017 12.12.2017
Тренинг - обука: „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“
Методологија Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. Целна група: Обуката можат да ја посетуваат лица кои се ориентирани кон градење кариера во делот на управување со човечки ресурси, вработени од секторите за управување со човечки ресурси во компаниите кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат и да стекнат сертификат признат од Министерството за образование и наука.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
БИЗНИС ИНФО
11
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
2-3.11.2017 година (четврток-петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ТРЕНИНГОТ? Тренингот е наменет за професионалци кои се занимаваат со креирање извештаи и анализа на податоци: финансиски аналитичари, вработени во секторот финансии, сметководство, продажба и слично. За следење на тренингот неопходно е познавање на Excel, креирање едноставни извештаи и графикони. ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА ТРЕНИНГОТ: • Донесување подобри деловни одлуки користејќи ги добиените податоци; • Совладување на алатките за креирање комплексна анализа; • Оптимизација на работењето користење прави информации; • Подобар увид во работењето.
Предавач: - Александар Матиќ, дипломиран машински инженер, раководител и тренер на Центарот за едукација и управување со проекти при Стопанската комора на Србија во областа на бизнис интелигенција, управувањње со проекти и финансиска анализа. Активно вклучен во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Светска банка како проект менаџер и експерт. Раководител на Проектот „Clusters’ Orientation towards Up-to-date technologies and models for common Development (CLOUD)“ финансиран од страна на ЕУ. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
02.11.2017 12.12.2017
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА
Оттука, докажано е дека емоционално интелигентните личности cе поефикасни во извршувањето на работните задачи, полесно се соочуваат и ги надминуваат стресните ситуации како со вработените така и со клиентите. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, следејќи ги најновите трендови за развој на потенцијалот на човечкиот капитал, организира тренинг-обука на тема: „Подобрување на перформансите кај вработените во продажба“. За кого е наменета обуката? Обуката е приспособена за вработените од бизнис-заедницата од различни сектори кои сакаат да ги развијат вештините за самодоверба, за тоа како во дадени ситуации правилно да реагираат, како да донесуваат правилни одлуки, да се справуваат во конфликтни ситуации, а при тоа да не се повреди вработениот или клиентот. Цел на тренинг обуката Преку изучување на клучните вештини и стратегии при импровизација, да ги подготви учесниците во комуникацијата со клиентите да создадат чувство на доверба и сигурност. Оваа обука ќе Ви помогне да станете свесни за емоциите кои Ве попречуваат на патот до ефективен однос со Вашиот клиент, а преку тоа да научите да управувате со моменти кои се непредвидливи во нашата динамична средина која брзо се менува. Да постигнете зголемена свесност за Вашиот стил на комуникација и да ги развиете односите кои се фокусирани на другите. Правилниот избор на зборови, позитивниот говор на телото, отворениот начин на размислување и совладување на одредени техники претставуваат основа за добра комуникација, а тоа доведува до зголемена продажба и позадоволни клиенти. Обучувач: м-р Катерина Наумовска-Ристовска, клинички психолог, сертифициран тренер по емоционална писменост од Психополис институтот од Белград, тренер и психолог - советувач во Центарот за едукација „Гравитрон“ – Скопје, со десетгодишно работно искуство како клинички психолог и петгодишно искуство како обучувач во работилници за емоционално описменување, обуки за комуникациски вештини, работилници за родители, обуки за соочување со стрес итн. Магистер по психолоши науки, магистрирано на тема: „Емоционална интелигенција“, со повеќе објавени трудови и повеќегодишно активно учество на многу европски конгреси и проекти на тема: „Емоционална интелигенција“.
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
БИЗНИС ИНФО
13
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
23 - 26 ноември 2017 година Тирана, Р. Албанија
24. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА „24.Tirana International Fair“
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете
дел од 24. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 23 – 26 ноември 2017 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија.
Минатогодишниот 23. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од
најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска,Кина,Тајван, Америка, и др. беа посетени од повеќе од 20.000 посетители.
Како и изминатите, така и овогодинешниот саем е наменет за оние кои се занимаваат со:
• градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • бела техника; • ИТ; • прехрана;
• земјоделие; • текстил и мода; • туризам; • образование; • банкарство; • маркетинг и др.
Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават
за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 13 октомври 2017 година (петок).
Сите заинтересирани компании за подетални информации во врска посета и учеството на
настанот, можат да контактираат со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,
(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.
Проектот на Европската комисија е
развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.
Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални
• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
15
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА компании од Р.Македонија.
Грција
Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.
Кина
Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Кина
Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за Кина соработка со компании од Р.Македонија. Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови Грција од пластика произведува.Таа има Грчка компанија е голем производител интерес за соработка со компании од на ламинат рачно изработени кујни и врати. Компанијата е заинтересирана за Македонија. соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн). Таа е заинтересирана за соработка со
Кина
Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
БИЗНИС ИНФО
17
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.
Кина
Кина
Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.
Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за Мексико соработка со компании од Р.Македонија. Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални Кина услуги за обезбедување контакт со Компанија од Кина се занимава со минимален ризик, со фирми за пласман производство на челик, градежни на ваши производи или набавка на материјали, обложување на хемикалии стоки и услуги. итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Пакистан
Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија стоматолошки, ветеринарни на различна стока. Таа е заинтересирана инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од за соработка со компании од Р.Македонија. Р.Македонија.
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
18
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 27 октомври 2017, Бр. 326
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088