Бизнис ИНФО, број 316

Page 1

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

Број 316

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

28.7.2017

ЕКОНОМСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ТЕМА ВО РАЗГОВОРИТЕ НА ПРЕТСЕДАВАЧОТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ АНТОНИО ТАЈАНИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ОД РЕГИОНОТ

ПРЕС - КОНФЕРЕНЦИИ ПРЕДЛОГ-НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА СЕКТОРОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛНАТА ТРГОВИЈА ОКОЛУ ПАЗАРИТЕ, ЗА ПОВЕЌЕКРАТЕН ПОЗИТИВЕН ЕФЕКТ ВРЗ ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 28 јули 2017, Бр. 316 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ПРЕДЛОГ-НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА СЕКТОРОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, до Министерството за економија достави Информација за актуелните состојби во секторот туризам и угостителство (изготвена по одржување на седницата на Здружението одржана на 13.6.2017 година), со предлог за одржување состанок на кој подетално ќе бидат презентирани проблемите, а ќе бидат дадени и предлози за нивно надминување, а на кој би биле присутни министерот за економија, претставници

од Владата на РМ во чија надлежност е именувањето на директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како и функционирањето на Комитетот за туризам при Владата на РМ и претставници од министерствата за образование и труд и социјална политика, информираше на денешната прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија (17.7.2017 година). Членките на Здружението на угостителството и туризмот посочуваат дека за да


БИЗНИС ИНФО

4

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ се постигне проектираното учество на туризмот во БДП од 5% од сегашните 2,2 %, потребно е да се преземат серија мерки во туризмот, во угостителството, како и да се направат одредени измени и усогласувања во законската рамка и образовниот систем за секторот. Активностите кои треба да се преземат во секторот се: 1. ТУРИЗАМ 1.1. Активна соработка на државните институции со бизнис секторот при креирање на политиката на туризмот. 1.2. Поголема координираност и вклученост на бизнис секторот при одржување на саемски манифестации и презентација на Македонија како атрактивна туристичка дестинација. 1.3. Нови содржини за привлекување и раст на бројот на странските гости. 1.4. Враќање на домашните туристи преку повеќе видови на стимулативна поддршка. 1.5. Поддршка и поттик на алтернативниот туризам во вкупните понуди. 1.6. Организација на концерти, културни манифестации и сл. во периодите вон сезона или „ниска“ сезона. 1.7. Подигнување на свеста за хигиената. 1.8. Едукација на локалното население каде гравитираат туристите. 1.9. Категоризација на автобусите кои се користат за туристички патувања. 1.10. Контрола и следственост на работата на туристичките агенции согласно обврските според лиценцата која ја имаат добиено од Министерството за економија. 1.11. Либерализација на визниот режим, пред се` со земјите од Блискиот и Далечниот Исток и земјите-членки на МАГРЕБ, по теркот на решенијата донесени во земјите од регионот. 1.12. Спречување на нелојалната конкуренција. 1.13. Формирање туристичка инспекција. 2. УГОСТИТЕЛСТВО 2.1. Стимулации во угостителството - субвенционирање на девизниот прилив. 2.2. Намалување на ДДВ од 18% на 5% за храната во угостителските објекти. 2.3. Правилна и наменска распределба на туристичката такса и нејзино


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ реинвестирање. 2.4. Вложување во обновливи извори на енергија во угостителските објекти. 2.5. Поддршка и обезбедување поволни услови за нови инвестиции, за изградба на нови угостителски објекти и обновување на постојните, согласно светските трендови. 2.6. Промена на моделот на категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност. 2.7. Приспособување на работата на угостителските објекти во руралните средини. 3. ОБРАЗОВАНИЕТО И ЗАКОНСКАТА РАМКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 3.1. Образовниот систем е таков што дел од завршените учениците не ги задоволуваат потребните стандарди на работодавачите, а друг дел својот интерес за работа го наоѓаат надвор од Македонија за повисоки месечни примања. 3.2. Законските ограничувања за ангажирање работна сила не овозможуваат брз и слободен проток и користење на работна сила во одредени периоди во форма на сезонски работници или прекувремена работа. Покрај овие насоки, членките на Здружението сметаат дека има и неколку мерки кои интервентно треба да се преземат во рамките на секторот согласно проблемите со кои угостителско-туристичките субјекти се соочуваат во своето работење. Во таа насока се бара да се продолжи работата на угостителските објекти, посебно на оние во руралните средини, да се овозможи ангажирање на младите и на студентите за време на туристичката сезона наместо да ја напуштаат Македонија и да работат надвор, а категоризацијата на хотелите и останатите сместувачки капацитети да ја вршат компетентни лица, посочи Горан Дамчевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Комората. При тоа, апелираат, семинарите, едукативните настани и другите видови активности што се одржуваат на државна сметка, да се организираат во угостителските објекти дома, а не во странство, што би значело директна поддршка за секторот угостителство и туризам. Бараат и вработените вон сезона да бидат ослободени од плаќање придонеси за да се задржат на работа. Дамчевски посочува дека во многу држави со сериозно угостителство и хотелиерство, категоризацијата ја врши фелата, додека кај нас тоа го прават нестручни тела. На денешната прес-конференција во Комората, тој потенцира дека постојниот Правилник за категоризација кој е усогласен со европскиот и е во функција веќе пет години, може да се применува, но со претходни мали модификации.


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

Проблемот, рече, не е во неговата содржина, туку во спроведувањето. Во однос на работното време на угостителските објекти, Дамчевски посочи дека е нужно неговото продолжување, но потребно е и воведување дополнителни активности за поголема атрактивност. Во однос на актуелната туристичка сезона, заменик-претседателот на Здружението Славе Сирачевски информира дека се очекуваат добри резултати. Охрид е полн, а Скопје е подготвено со дневни излети да ги прими туристите. Земјотресите во охридскиот регион не ги предомислија гостите, ниту има какво било откажување на аранжманите во хотелите, рече Сирачевски. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари - мај 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,2%, а кај странските има зголемување за 9,9%. Во периодот јануари - мај 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10,1%, а кај странските има зголемување за 12,9%. Даниела Михајловска Василевска


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛНАТА ТРГОВИЈА ОКОЛУ ПАЗАРИТЕ, ЗА ПОВЕЌЕКРАТЕН ПОЗИТИВЕН ЕФЕКТ ВРЗ ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ Групацијата на пазари во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија алармира на проблемите со кои организаторите на пазари се соочуваат континуирано од аспект на нелојалната конкуренција и нелегалната трговија на просторот околу пазарите. Ако континуирано проблем се „дивите“ пазарџии кои секојдневно продаваат околу самите зелени пазари, уште

еден дополнителен проблем во летните периоди, а и еден подолг период до крајот на годината, станува и продажбата на овошје и зеленчук од камиони по улиците низ градовите во земјата, истакна Даниела Михајловска Василевска на прес-конференцијата во Комората (24.7.2017 година). Во Македонија во повеќе од 50 градови/општини, функционираат организатори на пазари. Повеќе од 20.000 тезги има инсталирано на пазарите. Организаторите се


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ правни лица, формирани од локалната самоуправа и согласно своите активности имаат интерес за развој на дејноста, модернизација на пазарите, воведување нови содржини, работење согласно законските прописи и норми. -Проблемот со кој се соочуваат организаторите на пазари е што продажбата од камиони прави негативни реперкусии од повеќе аспекти, - информираше претседателот на Групацијата на пазари Сашо Стаматов. Тоа се: * Со продажба надвор од просторите со кои управуваат организаторите на пазари, се прави нелојалната конкуренција и на тој начин продавачите не плаќаат ниту за закуп на простор/тезга, ниту пак се основ за плаќање данок. Закупците на тезги внатре во пазарите, плаќаат 10% данок на промет согласно висината на цената што ја плаќаат за закуп на тезга, односно за закуп на простор. * Продажбата надвор од просторот со кој управуваат организаторите на пазари е и нелегалната трговија, бидејќи согласно Законот за забрана на вршење нерегистрирана дејност, се дозволува на пазарите да продаваат нерегистрирани трговци, но при тоа тие мора да имаат склучено договор со организаторите на пазари, што е основ за нивно оданочување со персонален данок согласно Законот за даноци. * Продажбата на зеленчук и овошје надвор од просторите на пазарите е и нехигиенски и основ за разни видови зарази, но и создавање отпад недозволиво и без контрола, што претставува дополнително загадување на животната средина и несоодветно третирање на комуналниот отпад. * Продажбата надвор од пазарите остава простор и натаму една група граѓани да се водат како категорија на граѓани кои имаат потреба од помош и поддршка од државата а всушност станува збор за лица кои самите си обезбедуваат егзистенција. Нелегалната трговија и нелојалната конкуренција негативно се одразуваат на организаторите на пазари, бидејќи со продажба надвор од просторот на организаторите се намалуваат нивните приходи, а со тоа се елиминира и можноста за нови инвестиции и модернизација на пазарите; губат и закупците на тезги кои легално се евидентирани во системот и ги плаќаат сите обврски вклучително и данокот кон државата, а губи и локалната самоуправа и државниот буџет бидејќи продажбата надвор од системот значи помалку приходи на локално и на државно ниво, потенцираше Александар Јамалов, заменик-претседател на Групацијата на пазари во рамките на Комората.


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

Во насока на сериозно намалување на нелојалната конкуренција и на нелегалната трговија околу пазарите, Групацијата на пазари ќе иницира средба со единиците на локалната самоуправа и со Министерството за внатрешни работи. Преку ЗЕЛС ќе се бара општините заедно со пазарите да работат на максимално искористување на капацитетите на пазарите, а со МВР почитување на Законот за безбедност на сообраќај и Законот за јавна чистота, со што ќе се работи на дислоцирање на камионите и на „дивите“ пазарџии од просторите за кои немаат дозвола, како и поради фактот што се доведува под знак прашање безбедноста во сообраќајот. Даниела Михајловска Василевска


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

ЕКОНОМСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН – ТЕМА ВО РАЗГОВОРИТЕ НА ПРЕТСЕДАВАЧОТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ АНТОНИО ТАЈАНИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ОД РЕГИОНОТ

Регионот на Западен Балкан е целосно насочен кон европската иднина и верува дека ЕУ е решена да ја заокружи приказната со пристапување на земјите од регионот во европското семејството, согласно со динамиката на достигнување на европските стандарди, без оглед на разликите меѓу државите од регионот, беше истакнато на денешниот состанок кој се одржа во Стопанската комора на Црна Гора на тема: “Деловните перспективи во Црна Гора со фокус на инфраструктурата ”, а на кој присуствуваа и претседавачот на Европскиот парламент Антонио Тајани и претседателите на Стопанските комори од Западен Балкан. Заедничка е констатацијата дека со самото оддржување на состанокот, инициран од претседавачот на Европскиот парламент Тајани, ја покажува заинтересираноста на највисоките структури на Европската Унија за бизнис заедницата на Балканот. Тајани притоа порача дека основните елементи кои треба да се унапредат и подобрат се во економските реформи и владеење на правото.


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

11

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ На состанокот во Црна Гора се дискутираше и за неодамна оддржаниот Самит во Трст, на кој со отворањето на Канцеларијата на постојниот Секретаријат на Коморскиот инвестициски форум се заокружи првиот четиригодишен период од Берлинскиот процес. При тоа констатирано е дека со донесувањето на повеќегодишниот акционен план за Регионалната економска област, Европската Унија ги насочува земјите од Западен Балкан да се фокусираат на меѓусебната соработка, а натамошниот развој ќе се реализира

преку ЦЕФТА структурите. Своја улога во економскиот развој на регионот на Западен Балкан ќе има и Асоцијацијата на европски комори “Еурочембрс”, која во иднина ќе треба да дава поинтензивна поддршка на Коморите во регионот. Вклучувањето на приватниот сектор и потребата за преземање на иницијативи се клучните принципи согласно кои Еурочембрс во моментов работи, заедно со институциите на ЕУ, во развивање на нови партнерства во насока на давање практични услуги за да им обезбедат на малите, средните и големите претпријатија кои се активни на меѓународните пазари поголема корист од политичките одлуки и мерки. На заедничкиот состанок на Коморите од Западен Балкан во Подгорица, со претседавачот на Европскиот парламент Антони Тајани, свое учество имаа претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и претседавачот на Собранието Антони Пешев.


12

БИЗНИС ИНФО

СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РМ

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПРЕД БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ПРОМОВИРАН ТРЕТИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВО МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ

Во рамки на денешното одржување на 4-тиот Самит на Западен Балкан во Трст, на кој владините претставници од ЕУ и Западен Балкан ги дефинираат стратегиите и програмите во насока на забрзување на растот и интеграцијата во регионот, коморите го заокружуваат своето делување со отворање на канцеларијата на Постојниот секретаријат на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на Западен Балкан, во кој покрај Стопанската комора на Македонија, основачи се и коморите на Албанија, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Регионалната економска интеграција во Западен Балкан ќе му помогне на приватниот сектор во искористување на пристапот до економиите со обем од 18 милиони жители и насочување на моделот на раст кон надградба на човечкиот капитал, инвестиции во инфраструктурата и дигитализација на нејзините економии. Иако процесот на пристапување во ЕУ помогна во поголема хармонизација меѓу економиите преку усогласување на нивните правни и институционални системи со оние во ЕУ,


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

13

СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РМ а со ЦЕФТА договорот се овозможи тарифите и квотите за трговија со индустриски и земјоделски производи да бидат елиминирани и со тоа да се постигне напредок во олеснувањето на трговијата, сега концентрацијата е насочена во иницијативи за отстранување на пречките за мобилност на висококвалификувана работна сила, како и спроведување на агендата за поврзување (Connectivity Agenda), преку интегрирање на транспортните и енергетските системи во регионот и во ЕУ. Самитот во Трст резултира со развој на регионална економска област, како што е предвидено преку повеќегодишен акционен план да се спроведуваат низа интервенции и активности во четири компоненти: трговија, инвестиции, мобилност и дигитална агенда. Главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, кои ќе станат дел од повеќе годишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан ќе биде канцеларијата на постојниот секретаријат на КИФ во Трст. На отворањето на канцеларијата, покрај претставниците од коморите и деловната заедница од регионот и од Италија, присуствуваа и претседателот на Стопанската комора на Венеција Џулија г-дин Антонио Паолети, г-ѓа Дебора Серачиани, претседател на регионот Фриули Венеција Џулија, како и проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. На свеченоста по повод отвoрањето на канцеларијата беа организирани панел дискусии, во рамки на кои беше констатирано дека Коморскиот Инвестициски форум преку својот постојан секретаријат ќе ги насочи своите активности кон: 1. Застапување за создавање на ефективни институционални и политички структури на највисоко ниво од страна на владите на ЗБ за поддршка и овозможување на имплементација на регионалната економска област кои треба да воспостават рамка за соработка со деловната заедница за подобрување на јавно приватниот дијалог како алатка за успешно спроведување на сите мерки насочени кон подобра регионална соработка, што ќе биде претставено преку КИФ како единствено регионално тело кое ја претставува целата деловна заедница во регионот. 2. Застапување на слободното движење на стоки / услуги во целиот регион за намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на стоките и услугите на глобалниот пазар. Во таа насока потребно е сите царински постапки да бидат јавно достапни на веб-страниците на царинските испостави низ целиот регион и со тоа да


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РМ бидат транспарентни, достапни и предвидливи. Да се постигне унифицирање на сите царински декларации, процедури (исто така овозможувајќи целосна кумулација на потекло и враќање на давачките) и стандардизација на сите инспекции, вклучувајќи санитарни, фитосанитарни, ветеринарни и др., на регионално ниво во согласност со стандардите на ЕУ, така што секоја земја ќе ги признае истите гранични декларации, документација за одреден тип на производи од сертифицирани лаборатории, агенции, итн. Дизајнирање и имплементација на регионален ИТ систем за поврзување на сите царини во регионот за поддршка на хармонизирана и усогласена регионална царинска документација и постапки за инспекција со цел да резултира со минимално време на чекање на границите (проценка е дека оптимално време камионот да ја поминува границата треба да биде 7,5 минути). Проверката на документацијата и стоката треба да биде на првата граница на регионалната економска област на ЗБ, како што работи во ЕУ. Неопходно е елиминирање на сите нетарифни бариери во целиот регион како и либерализација на трговијата со услуги, особено во областа на финансиите, осигурувањето, транспортот (на пример, дозволи за патниот транспорт), туризмот; либерализација на електронската трговија, либерализација во преку граничен пренос на податоци итн. 3. Застапување на слободно движење на луѓето од регионот да патуваат, работат и студираат во рамките на регионот без дополнителна документација и премногу административни процедури. Ова би му овозможило на заедничкиот пазар на труд до одредена мера да ги реши проблемите со невработеноста во регионот (високи стапки на невработеност во ЗБ со тоа што најниската е 15% во Србија и Албанија, а највисоката е 32.5% во Косово) и да се направи чекор кон спречување на одлив на мозоци од регионот (сите земји во регионот имаат ниска стапка на задржување на талентите во земјата) и би отворило повеќе можности во регионот. За да се постигне оваа цел потребно е да се овозможи склучување мултилатерални договори за социјално осигурување и пензиски фондови кои ќе бидат признаени во одредени сектори, отстранување на пречките за мобилност на студентите, научниците и академиците во регионот за да се овозможи пренос на знаење, укинување на барањето виза за туристите кои го посетуваат регионот како и изготвување на регионална стратегија за хармонизација на образовниот систем со предвидените потреби на пазарот на трудот. 4. Повик за заедничка стратегија за дигитална трансформација која ќе придонесе


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

15

СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РМ

за економски раст, создавање на работни места и подобра конкурентност и деловен просперитет на регионот и ќе доведе до обемни промени во традиционалните индустрии (автомобилска индустрија, електронска индустрија). 5. Повик за заедничка регионална енергетска стратегија особено во областа на производството на електрична енергија/трговијата со електрична енергија што може да го направи регионот по одржлив, а со тоа и енергијата ќе биде пообезбедена со оглед на тоа дека ќе се потпира на сопствени ресурси. 6. Заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање со здружување на фондовите и напорите во презентирањето на инвестицискиот потенцијал на регионот, како и неговата креативност, храна и традиционална кујна, туристички атракции со акцент на потребите на бизнисот. При тоа ќе се развива интернет платформа за на инвеститорите да им се презентираат потенцијалите на регионот. На оваа тема во рамки на една од панел дискусиите организирани по повод отворањето на Канцеларијата на Секретаријатот на КИФ, говори и господин Живко Мукаетов, генерален директор и Претседател на управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во име на организацијата “Самит 100”. , кој се осврнува на важноста на регионалното поврзување и заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање.


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РМ

Со население од малку помалку од 18 милиони луѓе, економиите од регионот генерираат приближно 88 милијарди американски долари на БДП (големина на Словачка). Во однос на нивото на развој, едноставниот просек на БДП по жител е 1/3 од просекот на ЕУ28. Сепак, Западен Балкан е еден од најбрзо растечките региони во Европа, со стапки предвидени помеѓу 3% и 4%. Структурата на економиите од ЗБ покажува различни економски активности. Во просек, услугите сочинуваат поголем дел од регионалната додадена вредност (% БДП), скоро 2/3 или 63%, додека индустријата придонесува со 25% и земјоделството со 12%. Се забележуваат значителни разлики во структурата меѓу шесте економии, Црна Гора, поттикната од нејзиниот туризам, е обележана со натпросечно значење на услужниот сектор (речиси 70%). Од друга страна, со БДВ (бруто додадена вредност) околу 30 отсто, Србија и Босна и Херцеговина се индустриски центри за моќ во регионот, додека додадената вредност на албанското земјоделство е речиси двојно поголема од просекот во регионот. И покрај значителниот пораст на извозот од регионот, во последниве години, економиите од Западен Балкан сé уште се недоволно интегрирани во глобалната трговија. Просечниот извоз на стоки и услуги е околу 37%, значително пониски од 80% од вишеградските 4 економии (Унгарија, Словачка, Чешка и Полска). Сепак, трговските


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

17

СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РМ

текови покажуваат дека растот на извозот во регионот не е поттикнат од зајакнувањето на внатрешно-регионалната трговија, туку главно поради зголемената побарувачка на клучните пазари на ЕУ (на пример, Италија и Германија). Иако вкупниот износ на извозот на ЦЕФТА регионот се зголеми од 20 милијарди евра во 2011 година на 25 милијарди во 2015 година, обемот на трговијата во регионот едвај се зголемил. Повеќето од земјите во голема мера зависат од пазарот на ЕУ (60-70 отсто од нивниот извоз), а ЦЕФТА се наоѓа на второто место со учество од околу 10 отсто. Значајни исклучоци се Црна Гора и Косово, кои извезуваат околу 30 проценти во земјите на ЦЕФТА и 40 проценти во ЕУ. Компаниите во регионот се соочуваат со значителни регулаторни бариери за трговија преку границите. Во просек балканските компании се соочуваат со повисоки трошоци поврзани со усогласување на границата и документацијата во споредба со компаниите во ЕУ. Во случај на извоз, тоа значи 20% поскапа гранична усогласеност и речиси 3 пати повисоки трошоци поврзани со усогласеност на документацијата. На Самитот во Трст, делегацијата од Стопанската комора на Македонија е предводена од претседавачот на Собранието на комората, Антони Пешев и претседателите на Македонската транспортна асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, Иван Петровски и Благој Христов. Билјана Пеева-Ѓуриќ


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОСНОВАЊЕ ГРУПАЦИЈА НА ПРОВАЈДЕРИ НА ДИГИТАЛНИ РЕШЕНИЈА И ДИГИТАЛНО ПЕЧАТЕЊЕ На 25.7.2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа состанок на претставници на неколку македонски компании чија активност е имплементација на најновите технологии во областа на дигитално печатење и управување со документи. Компаниите започнуваат иницијатива за основање на Групација на провајдери на дигитални решенија и дигитално печатење при Стопанската комора на Македонија, со цел воведување на европски стандарди во врска со зачувувањето на животната средина во Република Македонија, промена на законската регулатива поврзана со увоз и пуштање во промет на производи, особено од информатичката технологија, кои не се во согласност со европските регулативи, промовирање и имплементација на најновите светски технологии од информатичката област и развој на информатичкото


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ општество во Република Македонија. Директивата на Европската унија за забрана и рестрикција за користење на одредени опасни материи (RoHS Directive 2002/95/EC) во производите кои штетно влијаат на животната средина, од 2006 година е задолжителна за членките на Унијата. До денес Директивата постојано се проширува и станува се` поригорозна во однос на употребата на штетните материи во одделни производи. Повод за оваа иницијатива е се` поголемата набавка и употреба на стари, веќе отфрлени во Европа печатачи, копири, мулти функциски уреди и друга ИТ-опрема од страна на државните институции, со што Р. Македонија станува отпад за застарена опрема која во Европа веќе се исфрла од употреба. Групацијата преку Стопанската комора на Македонија ќе соработува со сите државни институции и невладини организации чија дејност е екологијата и зачувувањето на животната околина. Лазо Ангелевски


БИЗНИС ИНФО

20

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Одржана седница на Групацијата за оружје и опрема ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА НА КОМПАНИИТЕ ОД ГРУПАЦИЈАТА ЗА ОРУЖЈЕ И ОПРЕМА СО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Компаниите-членки на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена (Групација за оружје и опрема) при Стопанската комора на Македонија, на седницата што се одржа на 26 јули 2017 година, ја истакнаа потребата од поголема соработка со соодветните министерства и другите државни институции од оваа област. Македонските компании од Групацијата за оружје и опрема имаат реален капацитет и интерес за претставување на својата палета на производи и сервисно логистички услуги за одржување на опрема, а соодветните државни институции да го поддржат производството и развојот на домашните компании, како и да се унапредат услугите за сервисирање и подобрување на перформансите на постојната опрема. Во изминатиот период членовите на Групацијата правеа големи напори, но без поголеми резултати, за поголема присутност во македонската економија. Поради тоа, компаниите инсистираат за транспарентни процеси на набавки и трошење на државни средства и вклучување на регистрираните и овластени македонски компании во процесот на набавка на вооружување и воена опрема за потребите на државата. Лазо Ангелевски


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

21

ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Групација за безбедност и здравје при работа - ПОДГОТВЕН ПРАВИЛНИКОТ ЗА МИНИМАЛНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА Членките на Групацијата за безбедност и здравје при работа, на состанокот одржан на 27.7.2017 година во Стопанската комора на Македонија, расправаа за состојбите во областа на безбедноста и здравјето при работа и за оперативните активности во наредниот период. Се истакна дека неопходни се иницијативи за измени и дополнувања на Законот за безбедност при работа и измена и дополнувања на правилниците кои се предвидени со овој закон. Во дискусијата се посочи дека сегашната законска регулатива не соодветствува со моменталните актуелни состојби во дејноста, за што се сугерираат системски измени на овој закон и подзаконски акти или донесување на нов закон за заштита при работа. Во расправата се побара новиот закон за заштита при работа да се донесе во првата половина на 2018 година, за што е потребна широка јавна расправа од стручната јавност. Во расправата повторно се актуелизираа одредбите од Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа, при што се истакна дека со истиот се утврдуваат минималните и максималните цени за извршување на стручните работи за безбедност при работа, кои не кореспондираат со трошоците кои ги имаат фирмите за извршување на својата дејност. Како приоритети за работа до крајот на 2017 година се нагласија промена на законската регулатива за безбедност и здравје при работа и нејзино повторно приближување кон законодавството на ЕУ, особено во начинот на полагање на стручен испит за стручно лице за безбедност при работа, начинот и условите за овластување на правните субјекти, начинот на контрола над нивната работа, како и ослободување на пазарот (сега постои ценовник на услугите дефиниран од Министерството за труд и социјална политика). Исто така, беше нагласено дека се забележани некои неправилности при објавувањето на тендери за имплементирање на стандардите во определени компании и установи, кои цени се под минимумот од утврдените со важечкиот Правилник. За таа цел се побара да се изврши анализа од Бирото за јавни набавки за тоа колку тендери се објавени и колку договори се склучени. На состанокот се прифати предлогот на Групацијата за измени и дополнувања на Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат („Службен весник на РМ“ бр.119/2011) со кои истиот се усогласува со новите директиви на ЕУ. Се заклучи овој Правилник да се достави до Министерството за труд и социјална политика и воедно да се побара средба со претставници од ова Министерство за различни теми.

Војкан Николовски


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Здружение на информатичко-комуникациските технoлогии - НОВИ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПРОМЕТОТ СО ИКТ-ОПРЕМА

На 27.7.2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа седница на Здружението на информатичко-комуникациските технологии, на која се расправаше за проблемите со кои се соочуваат членките, со присутната „сива“ економија на пазарот со ИКТ-производи и опрема, како и увозот на употребени, стари и амортизирани пpоизводи, апарати и опрема од оваа област. Компаниите бараат државата да го заштити регуларниот пазар со ИКТ-производи и опрема и ригорозна контрола, инспекции и активности за совладување на „сивата“ економија. Контролите треба да се одвиваат постојано, како на границата на Република Македонија, така и на внатрешниот пазар. На седницата се посочи и проблемот на провајдерите со дигитални апарати за печатење поради увозот на стари, употребени и амортизирани апарати. Компаниите


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

23

ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ бараат воведување и почитување на европски стандарди во врска со зачувувањето на животната средина во Република Македонија, промена на законската регулатива поврзана со увоз и пуштање во промет на производи, апарати и опрема, особено од информатичката технологија, кои не се во согласност со европските регулативи, промовирање и имплементација на најновите светски технологии од информатичката област и развој на информатичкото општество во Република Македонија. Директивата на Европската унија за забрана и рестрикција за користење на одредени опасни материи (RoHS Directive 2002/95/EC) во производите кои штетно влијаат на животната средина, од 2006 година е задолжителна за членките на Унијата. До денес Директивата постојано се проширува и станува се` поригорозна во однос на употребата на штетните материи во одделни производи. Повод за ова барање на компаниите - членки на Здружението на ИКТ, е се` поголемата набавка и употреба на стари, веќе отфрлени во Европа апарати за печатење, копирање, мулти функциски уреди и друга ИТ-опрема од страна на државните институции, со што Р. Македонија станува отпад за застарена опрема која во Европа веќе се исфрла од употреба. Примената на критериумот на најниска цена во тендерите во Република Македонија, драстично го намали квалитетот на набавените производи и опрема во државните институции. Здружението на информатичко-комуникациските технологии преку Стопанската комора на Македонија ќе соработува со сите државни институции и невладини организации чија дејност е екологијата и зачувувањето на животната средина. Лазо Ангелевски


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

СОРАБОТКА НА КОМПАНИИТЕ ОД ГРУПАЦИЈАТА ЗА ОРУЖЈЕ И ОПРЕМА СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА - Состанок на министерката за одбрана м-р Радмила Шекеринска со компаниите од Групацијата за оружје и опрема, во Стопанската комора на Македонија

На 27 јули 2017 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба на компаниите-членки на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена (Групација за оружје и опрема) при Стопанска комора на Македонија, со министерката за одбрана м-р Радмила Шекеринска и соработниците. Клучна тема беше потребата од поголема соработка на Групацијата и нејзините членки со Министерството за одбрана на Република Македонија. Македонските компании од Групацијата за оружје и опрема имаат реален капацитет и интерес за претставување својата палета на производи и сервисно логистички услуги за одржување на опрема, а соодветните државни институции, особено Министерството за одбрана на Република Македонија, да го поддржат производството и развојот на


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

25

ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

домашните компании, како и да се унапредат услугите за сервисирање и подобрување на перформансите на постојната опрема. Во изминатиот период членовите на Групација правеа големи напори, но без поголеми резултати, за поголема присутност во економијата на македонските државни институции. Поради тоа, компаниите инсистираат за транспарентни процеси на набавки и трошење на државни средства и нивно вклучување на регистрираните и овластени македонски компании во процесот на набавка на вооружување и воена опрема за потребите на Министерството за одбрана. Исто така, присутните на средбата бараа вклучување на регистрираните и овластени македонски компании во процесот на набавка на вооружување и воена опрема за потребите на МО и помош и поттикнување на набавки за потребите на министерствата од домашните производители. На тој начин ќе им се помогне и за полесен настап на странски пазари. Членките на Групацијата иницираа креирање на можности за користење на фондовите за развој во МО и РМ на македонските компании за помош за развој на нови капацитети и нови производи, а со тоа и нови вработувања. Присутните покренаа иницијатива за отпочнување процес на декласификација во максимална можна мерка на набавките од оваа област, а истакнаа и повеќе предлози за поефикасна соработка, а со тоа и олеснување на работата на Министерството за одбрана во оваа област, за нови проекти за поефикасно работење, користење на поголемо искуство и знаење на стручните лица во компаниите и др.


26

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

На состанокот се заклучи дека ќе се продолжи со организирање редовни средби на Групацијата за оружје и опрема при Стопанската комора на Македонија и Министерството за одбрана на Република Македонија, со цел унапредување на меѓусебната соработка и разгледување прашања од заеднички интерес. Министерката за одбрана, м-р Радмила Шекеринска, се заложи дека колку што може повеќе во наредниот период, во рамките на законските можности и реалните капацитети, ќе се работи на зголемување на соработката со домашните компании од областа на производство, сервисирање и трговија со воена опрема и вооружување за потребите на Министерството, така што сите компании ќе бидат информирани за можноста да учествуваат на тендерите што ги распишува Министерството за одбрана. Притоа, се разговараше и за можноста за одржување годишни средби со претставниците на Групацијата за оружје и опрема, со цел потранспарентно презентирање на плановите за набавки од оваа област, во рамките на законските прописи. Во врска со прашањето за цената како критериум за најповолна понуда и можноста соодветно изменување на ова правило кога станува збор за набавки за потребите на државата кои се однесуваат на грижа за безбедноста, редот и мирот во државата, министерката Шекеринска посочи дека клучното прашање, преку кое може да се дојде до решавање на проблемот за избор на најповолни понуди со


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

27

ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ниски цени кои се со помал квалитет, се состои во подигнување на стандардите за подготовка и дефинирање на спецификациите при јавните набавки, но и задржување на декларираниот квалитет на одбраните производи или услуги, што ќе се постигне со поголема контрола од страна на Министерството за одбрана во наредниот период. -Спецификацијата на набавките за нови производи или услуги треба да биде доволно висока за да не се фаворизира една фирма, а доволно ниска за да се обезбеди квалитет, – посочи Шекеринска. Членовите на Групацијата за оружје и опрема предложија и воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба на логистичко-ремонтен центар заради оптимизирање на нивото и потребите на набавките за потребите на Министерството, во соработка со домашните производители и сервисери на оружје, експлозивни и опасни материи и програма за воена и цивилна намена, како и можности за поддршка на наменското производство во Република Македонија, што ќе биде разгледано и на следните работни средби со претставници од Министерството за одбрана, согласно заклучокот од денешната работна средба.

М-р Елена Милевска Штрбевска


БИЗНИС ИНФО

28

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Специјализирана болница ЖАН МИТРЕВ- синоним за врвна медицинска нега Беспрекорната грижа и безбедност на пациентот се синоними за работата на Специјализираната болница по хируршки болести ЖАН МИТРЕВ, водена од основачот, д-р Жан Митрев, реномиран кардиоваскуларен хирург. Ултра модерен медицински центар во кој работат искусни, врвни професионалци препознатливи по сложените и специфични кардиоваскуларни операции. Но, тие се и лидери во регионот во извршување на уникатни операции од областа на ортопедија, торакална хирургија, урологија, абдоминална хирургија, но и гинекологија. Исклучителни резултати се постигнуваат и кај лекување на гангрена со озон терапија. Бројни пациенти од земјата, но и светот се вредна потврда за тоа.

Според уникатноста на градбата, болницата претставува значајно градско обележје. Сместена е во срцето на градот Скопје, импонзантен, инзвореден по својата архитектура и естетика објект, со најсовремена медицинска опрема, но и просторни и хигиенски услови. Атмосферата во болницата потсетува на хотел, каде е минимизирано чувството


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

29

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ на присуство во болница. КАРДИОВАСКУЛАРНАТА ХИРУРГИЈА е срцето на болницата. Специфика на хируршкиот тим се најразлични зафати на срцето и големите крвни садови, потоа операција со која се премостуваат запушените коронарни артерии на срцето, како и аортокоронарен бајпас, замена и реконструкција на срцевите валвули, но и васкуларна хирургија на каротидните артерии, како и третман на лимбична периферна артериска болест. ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР е опремен со најсовремена, софистицирана PHILIPS технологија која овозможува прецизна дијагностика и огромна ефикасност при идентификување на здравствените проблеми на пациентите. Центарот функционира од 07.00 до 22.00 часот, а во викендите од 08.00 до 16.00 часот, со можност на ургентно прифаќање на секој пациент и независно од редовното работно време. За да се комплетира работата на дијагностичкиот тим овозможен е и медицински транспорт. Амбулантното возило е опремено со респиратор, монитор и останата неопходна апаратура за транспорт на најтешките, витално загрозени пациенти, во земјата, но и од странство. Тимот е обучен и сертифициран за ваков вид на транспортна медицинска служба, која може да се добие на 15777. Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ располага со повеќе АМБУЛАНТИ: кардиологија, интерна медицина, амбуланта за каридоваскуларна хирургија, но и гастроентерохепатологиј. Потоа, амбуланта за абодоменална хирургија, како и за ортопедија, урологија, но и гинекологија, неврологија и трансфузиологија. Тим на психолози се специјализирани за решавање на психолошки проблеми на личноста, а со помош на физиотерапевтите закрепнувањето на пациентите е поефикасно. Испитувањата кои се вредна поддршка на дијагностика се прави во најсовремената лабораторијата за микробилогија и биохемиската лабораторија. Одделението за ИНТЕНЗИВНА НЕГА е уникатно, не само поради просторноста и опременоста на собите, туку и по капацитетот од 70 кревети. Уште повеќе се одвојува од други болници по техниките и методите кои се применуваат во секојдневното лекување на болни и критични пациенти. Овде се води максимална грижа за безбедноста на пациентите и се прави 24 часовен мониторинг и контрола од интрахоспитални инфекции.


30

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Уште една специфика на овој медицински центар е лекувањето на ГАНГРЕНА со озон терапија. На почеток со пионерски чекори, но низ годините, преку темелноста и посветеноста на професионалците успеаа да ја издигнат оваа метода на лидерското место во регионот. ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ГЕНЕТИКА И ПЕРСОНАЛИЗИРАНА МЕДИЦИНА, инкорпорирана во системот на болницата преставува новитет и за регионот. Со тоа се постави еден современ пристап кој води од реактивна до проактивна медицина. Овде е овозможено генетско тестирање за коагулопатии во тек на бременост, третмани за плодност или хормонска контрацепција, а огромен интерес има и кај нутригенетика. Се воведе и фармакогенетика, а за првпат се направи напредно испитување со секвенционирање на геноми и егзоми. Овде, може да се направи и испитување на третман на рак и наследност на рак, како и неинванзивна пренатална дијагностика и генетско испитување за инфективни болести - вируси, бактерии и паразити, сепса. Од неодамна во листата на новитети во болницата се впишани и студијата за електрофизиологија или инвазивно испитување која се применува за проценка, дијагностика и лекување на неправилен срцев ритам. Лекувањето на децата може да го доверите на искусен тим на педијатри кои се специјализирани за пулмоалергологија и детска гастроентерологија. Сега, кардиолошката педијатрија која е наша долгогодишна специфика се надополни со овие педијатриски гранки. Овде имаме и кабинет за оториноларингологија, но и аптека која е од отворен тип и располага со специфични помагала и препарати. Одлика на перфекција во целокупната грижа за здравјето на пациентите во


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

31

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ болницата е одделот за сместување на пациенти, со специјално изградените и луксузно уредените ВИП АПАРТМАНИ. Болницата располага со 16 двокреветни соби на првиот спрат, 10 еднокреветни апартмани, 2 делукс апартмани, климатизацијата во секоја соба и обезбеден Wi-Fi интернет, како и LED TV во секоја соба, и A- la- carte и приспособено мени за пациентите и нивните најблиски. КОНФЕРЕНЦИСКАТА САЛА или позната како Аудиториум е на 3 кат, со капацитет од 90 седишта. Опремена е со видео ѕид од 4x47 ``, безжично озвучување, модерно осветлување, техничка поддршка, а се нуди и, кетеринг/ресторанска услуга, како и паркинг простор и обезбедување за корисниците. Покрај организирање на научни собири, предавања, презентации, работилници, прес-конференции, салата е атрактивна за изнајмување од надворешни лица за организирање на нивни настани. Предноста на просторот е како во современите услови за работа, така и во можноста за користење на ресторанските услуги. РЕСТОРАН“ПУЛС“ е од отворен тип кој функционира во рамките на болницата. Во согласност со потребите на корисниците, искусниот тим од ресторанот може да понуди повеќе видови на менија подготвени според HACCP стандардoт. Се на едно место, како што доликува на еден современ ултрамодерен медицински центар. Посетете нe` и на веб: www.zmc.mk, Facebook/ ZANMITREV. За сe` дополнително, контактирајте нe` на: info@zmc.mk.


32

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 28 јули 2017, Бр. 316

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 28 јули 2017, Бр. 316

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

33


34

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„12. AGRI-TRADE “ФОРУМ МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА И НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА (16+1)

24-26 август 2017 година Горња Радгона, Р. Словенија

Стопанската комoра на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, Ве покануваат да бидете дел од овогодинешниот „12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, којшто претставува еден од најзначајните настани во областа на земјоделието во рамки на Иницијативата 16+1. Настанот се одржува секоја година во различна држава на високо политичко и министерско ниво, а на овогодинешниот настан се очекува учество да земат политички и бизнис делегации од сите земји од Централна и Источна Европа (Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Црна Гора, Естонија, Хрватска, Латвија, Литванија, Македонија, Полска, Словачка, Словенија, Србија и НР Кина). Политичкиот дел од настанот ќе се одржи на 25 август 2017 година, петок во Брдо при Крању, Р. Словенија каде што министрите од земјите од Централна и Источна Европа и Кина ќе бидат дел од Министерската Конференција на тема „Важноста на синџирите за снабдување со прехранбени производи на локално и глобално ниво“. По завршувањето на Конференцијата делегациите од земјите учеснички ќе остварат и билатерални средби. `Настанот ќе продолжи и наредниот ден на 26 август 2017 година, сабота со свеченото отворање на 55. Интернационален саем за земјоделие и прехрана-АГРА, којшто ќе се одржува во Горња Радгона, Р. Словенија, а во чии рамки ќе се одржи и „12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина. Оваа година земјите од Централна и Источна Европа ќе имаат можност да ги презентираат своите потенцијали на Националните павиљони, при што посебен акцент ќе биде ставен на НР Кина како партнерска земја во Иницијативата 16+1. Во попладневните


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

часови ќе се одржи и Бизнис Конференција на земјите од Централна и Источна Европа на којашто сите излагачи и бизнисмени од областа на земјоделството, прехранбениот сектор и комплементарните индустрии се поканети да земат учество. Бизнис Коференцијата претставува одлична можност за вмрежување и размена на информации и искуства со претставниците од дадените индустрии. Ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите заинтересирани компании од областа на земјоделството, прехранбениот сектор и комплементарните индустрии да земат учество на Бизнис Конференцијата, којашто ќе се одржува на 26 август 2017 година, сабота од 15:00 до 18:00 часот во хала 1 на саемот АГРА во Горња Радгона. Сите заинтересирани компании учеството на претстојниот Форум можат да го пријават со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 10 јули 2017 година. Работен јазик на Форумот е англиски. За подетални информации во врска со настанот, Ве молиме контактирајте со Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СЕМИНАР: ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

6.9.2017 година (среда) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 29.6.2017 година, организира еднодневен семинар на тема: Пресметка и оданочување на надоместоци – трошоци поврзани со работата согласно законската регулатива и општите колективни договори во приватниот и јавниот сектор – практични примери, веродостојна документација и интерни акти. Целта на еднодневниот семинар е правилна примена на законодавството со коешто се уредуваат надоместоците - трошоците поврзани со работата, пресметка на истите низ практични примери, веродостојна документација која може да се приложи како доказ, како и кои се задолжителните интерни акти - правилници на работодавачот во согласност со законската регулатива за дадената тема. На еднодневниот семинар присутните ќе бидат запознаени со надоместоците трошоците поврзани со работата низ призма на даночната регулатива, односно Законот за персонален данок на доход, Законот за данок на добивка, подзаконските акти, одредбите од Законот за работни односи, општите колективни договори од приватниот и јавниот сектор, Законот за даночна постапка (постапување при контрола од страна на даночната инспекција) и останатата регулатива за актуелната тема. Со семинарот ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област со што ќе се избегне ризикот од изрекување на глоба при инспекциски надзор, како и заштита на вработените кои работат во дадените сектори од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 1 септември 2017 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

18-19.9.2017 година (понеделник-вторник) 9:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Стопанската комора на Македонија организира дводневен тренинг на тема: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО. Програмата за тренг-обуката е дизајнирана и наменета за раководители и професионалци кои се на раководни позициии и раководат со своите тимови, кои се стремат кон подобро, кои целосно и темелно ја разбираат својата лидерска позиција и го водат тимот. Програмата е наменета и дизајнирана за секој кој сака да ги оствари своите максимални тимски резултати како тим лидер, секој кој сака да научи како да креира конструктивен работен амбиент, а притоа земајќи ги предвид различните особини и динамиките во работењето внатре во тимот. се водиш по нив. Предавач: -М-р Младен Васиќ, извршен директор, консултант и тренер со 15-годишно интернационално работно искуство, стекнато во некои од поголемите глобални компании како што се „NIS Gazprom Neft“, „Knauf Insulation“, „Tetra Pak“ и „British American Tobacoo“ SEE. Работејќи на највисоките раководни позиции во различните индустрии (директор на дирекција за маркетинг во „NIS Gazprom Neft“, директор за маркетинг за Јужен Балкан и в.д. директор за продажба за Албанија и Косово во „Knauf Insulation“), м-р Васиќ успешно ги води тимовите како директор на посебни маркетинг сектори со повеќе од 40 вработени во тимот, притоа дополнително спроведувајќи комплексни проекти за развој на работењето, лансирање на нов бренд на пазарот во Југоисточна и Централна Европа и Централна Азија со високи резултати. Како едни од позначајни проекти се за лансирање на брендираните горива и тоа: Ultra D, G-drive, лансирање на брендот „Gazprom Petrol Stations“ во Југоисточна Европа, како и прмоција на картичката лојалити Супер Картичка на „NIS Gazprom Neft“. М-р Младен Васиќ има завршено мастер студии на Економскиот факултет во Ниш и својата доспецијализација ја усовршува во Лондон, Њујорк и Илионис. Квалификуван корисник е на MBTI инструмент за анализа на личностите од страна на Американската Асоцијација за менаџери - Њујорк 2007. Активно учествува во дефинирање на организациони, тимски и персонални потреби за унапредување на работењето и успешно водење на тимовите, како и креирање и спроведување на конкретни тренинзи проекти кои биле високо наградени. Контакт: Анита Митревска

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244057

Тел: ++ 389 2 3244074

Факс:++ 389 2 3244088

Факс:++ 389 2 3244088

Контакт Центар : (02) 15015

Контакт Центар : (02) 15015

E-адреса: anita@mchamber.mk

E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27– 30 септември 2017 година Анталија, Р. Турција

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на овогодниешниот „INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “. Овогодинешната конференција ќе се оджи во Анталија, Р. Турција во периодот од 27-30 септември 2017 година. Цел на конференцијата е на едно место да ги собере сите експерти од областа на фармацевтската индустрија на Турција и пошироко. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 14.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http://www. uluslararasieub.com/about-us/ За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „FOOD ISTANBUL 2017“

19– 22 септември 2017 година Истанбул, Р. Турција

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ FOOD ISTANBUL 2017 “. Меѓународниот саем наменет за прехранбената индустрија ќе се одржи во периодот од 19 - 22 септемви 2017 година во Истанбул, Р. Турција. Оваа манифестација е една една од најпрестижните платформи каде секоја година се среќаваат најпрестижните имиња од прехранбената индустрија од цела Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Русија и Балканот со повеќе од 1000 брендови, 250 изложувачи и над 35.000 посетители. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 11.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http:// cnrfoodistanbul.com/index.aspx?ln=2 За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, БУДВА, ЦРНА ГОРА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 20 - 24 септември 2017 година, во Будва, Р. Црна Гора. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации: * на 49. Саем за градежништво оваа година на јавноста ќе бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; * 5. Саем за енергетика е можност да се претстават новите технологии и достигнувања на компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кон истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; * саемската платформа и компаративната предност која ја нуди 12. Саем за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на саемските манифестации со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 7 септември 2017 (четврток). За подетални информации околу посетата и закуп на штанд ве молиме контактирајте со Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk .


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ

28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

ЕЕН при Стопанската комора на Македонија Ве поканува на Меѓународни бизнис средби во Тирана, Албанија. Оваа меѓународна активност ќе се фокусира на партнерства меѓу претставниците на меѓународниот бизнис и албанските компании. Инвеститорите и компаниите од Италија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Австрија, Грција, Германија, Косово, Македонија, Бенелукс, Хрватска, нордиските земји, Швајцарија и од многу други земји ќе имаат можност да го покажат својот интерес за соработка со албанските партнери, на 28-29 септември 2017 година. Ова е водечка платформа која има за цел да промовира инвестиции и да обезбеди стратешка и богата средина за учење, деловни бизнис средби, заедничко вложување итн. Сите учесници ќе имаат можност со нивните партнери да создадат добра клима за мрежно поврзување. Притоа, ќе се разговара за тоа како да се привлечат соодветни меѓународни инвестиции, што ќе придонесе за конкурентноста на националната економија. Бизнис средбите во Тирана ќе ги соберат корпоративните лидери, креаторите на политиките, експертите, за да ја нагласат важната улога на странските фирми, во два интензивни дена. На овој настан ќе се создаде глобална сцена за презентирање на иновативни идеи и истражување на нови вложувања и воспоставување деловни партнерства. Фокус: Ефективни 20 минути за поединечни деловни средби за да се поттикне ефикасно вмрежување. Главни теми: Инфраструктура; туризам; прехранбена индустрија; земјоделство; иновации и технологија; енергија; инвестиции / финансирање. Како работи? 1.Регистрирајте ги и објавете ги Вашите желби за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесници и закажете средби со компании за кои сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот добивате распоред на состаноци. За да се регистрирате за учество, Агендата и други информации, постете ја интернетстраната https://www.b2match.eu/tiranabusinessmatching2017 Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

44

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

45

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

46

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

47


48

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042035 Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042036

УКРАИНА UA00000042031 Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042032 Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000042034

Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи.

УКРАИНА UA00000041975 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

ПАКИСТАН PK00000041972

Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат Компанија од Украина нуди линии за производство пресуван под висок притисок и е компанија


петок, 28 јули 2017, Бр. 316

БИЗНИС ИНФО

49

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото

УКРАИНА UA00000041963 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

УКРАИНА UA00000041950 Компанија од Украина која е производител на

свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

УКРАИНА UA00000041951 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

УКРАИНА UA00000041947 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.

КИНА CN00000037834 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


50

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 28 јули 2017, Бр. 316

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.