Бизнис ИНФО, број 322

Page 1

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

Број 322

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

29.9.2017

РЕГУЛАТИВА ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И ПАЗАРОТ НА ТРУД ВО КОМПАНИИТЕ КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ИНТЕЛЕКТУАЛНИ ДЕЈНОСТИ


2 2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ДОНИРАЊЕ НА ВИШОКОТ НА ХРАНА Стопанската комора на Македонија со претставници на граѓанската коалиција од асоцијации и здруженија кои ја третираат проблематиката со храна и социјално загрозените лица во РМ, предводена од „Ајде Македонија“, одржа прес-конференција на која беа презентирани препораките за законски измени за овозможување донирање на вишокот храна во Македонија (25.9.2017 година). Целта на иницијативата е храната наместо да се фрла, да се донира на граѓаните кои имаат проблем да си ја обезбедат. Анализите велат дека околу 445.000 граѓани имаат проблем да обезбедат храна и во просек имаат по еден оброк во денот, а од друга страна се фрла најмалку 5000 тони безбедна храна со вредност околу 10 милиони евра, која има потенцијал да нахрани околу 13.000 граѓани со по 3 оброка дневно. Причината за фрлање на храната лежи во моменталните законски решенија кои го демотивираат бизнис секторот да ја донираат храната, наместо да ја фрлаат.


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Во 2016 година Франција беше првата земја во која законски беше забрането уништувањето и фрлањето храна од страна на супермаркетите. Оваа одлука силно одекна во Европската унија и во светот и како таква беше поздравена. Унијата, преку Програмата „Хоризонт 2020“ го започна Проектот „REFRESH“, во кој учествуваат 25 организации од 15 земји од ЕУ и Кина, а целта е до 2025 година да се намали отпадот од храна за 30%. Англија се стреми кон слично решение како и Франција со оглед на тоа што таму годишно се фрлаат 15 милиони тони храна, односно третина од она што се произведува. Од

земјите во соседството, Хрватска тоа го реши со Правилник за донирање храна кој успешно се спроведува и покажа одлични резултати, додека во Србија е во тек изработка на закон за регулирање на оваа проблематика, во надлежност на Министерството за земјоделство, а со поддршка на Министерството за финансии. За да се надмине проблемот со фрлање на храната, Владата на РМ формираше мешовито работно тело составено од претставници на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за храна и ветерина и граѓански организации. Од досегашната повеќемесечна работа препораките кои се дискутираат се во насока на ослободување на ДДВ на храната која се донира, ослободување од одговорност на донаторите на храна и граѓанските организации, ограничување на повратот на храната со поминат рок на трајност, воведување на едноставна административна процедура за донирање на вишокот храна, воведување рок „најдобро употребливо до“, овозможување донирање на храна со грешки во пакувањето и означувањето која е безбедна за користење и други мерки. Бизнис секторот на состаноците одржани во Стопанската комора на Македонија даде силна поддршка на мерките и бараше законски измени за овозможување на донирањето на вишокот храна. Главна пречка за донирањето на вишокот храна кај бизнис секторот е стравот од кривична и граѓанска одговорност во случај на незгода со храната која ја донирале. Дополнително, постои претпазливост во случај на незгода да не му се наштети на брендот на производот или


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ производителот. Затоа, повеќето од бизнисите преферираат да ја уништат храната, наместо да ја донираат. Ослободувањето од кривична одговорност на донаторите на храна и граѓанските организации кои вршат редистрибуција постои во Италија и во САД, а е препорачана во Извештајот на Економско-социјалниот комитет при ЕУ. Овие законски прописи ја ограничуваат граѓанската и кривична одговорност за процесот на донирање на храна во добра волја, која е безбедна за користење за време на донацијата. Оваа законска регулатива во Италија ги идентификува граѓанските организации како крајни корисници на донираните производи, при што донаторите на храна се одговорни за безбедноста на храната само пред граѓанските организации, наместо кон поединечни корисници на храната. Со оглед на тоа што безбедноста на храната е осигурена од граѓанските организации по приемот на вишокот храна, многу бизниси сметаат дека овие одредби им обезбедуваат одредени гаранции на донаторите на храна со кои се стимулира донирањето без да се прави компромис со безбедноста на храната.

Во САД заштита од одговорност при донирање на храна е обезбедена за донатори, граѓански организации и други форми преку кои се донира храна. Постои основа за одговорност само кога станува збор за небрежност или намерно небезбедно постапување со донираната храната. И во двете земји постојат развиени и систематизирани упатства на добра пракса како да се одвива процесот на донирање на вишок храна. Васко Ристовски


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ПРИЗНАНИЈА

ПРИЗНАНИЕ ЗА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ ЗА 2017 ГОДИНА за Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија

По повод Светскиот ден на туризмот 27 септември, кој годинава се одржува под мотото “Оддржлив туризам”, министерството за економија додели признанија за соработка на повеќе хотели, ресторани, туристички агеции, манифестации, бизнис асоцијации, амбасади. Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија е меѓу добитниците на признанието за соработка во областа на туризмот за 2017 година. Туризмот е трета извозна гранка во светот по хемиската и нафтената индустрија, што треба да биде мотив оваа стопанска гранка и во Македонија да се развива со подинамично темпо и да се изнајдат начин за привлекување на што поголем број туристи кои ќе ја посетат нашата држава во фукнција на економскиот развој на земјата, посочи заменик-министерот за економија Кире Наумов, на денешното обраќање по повод одбележување на светскиот ден на туризмот.


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

7

ПРИЗНАНИЈА

Според статистиката, минатата година на светско ниво меѓународните граници ги поминале една милијарда и 200 милиони патници, а очекувањата се дека до 2030 година оваа бројка ќе надмине една милијарда и 800 милиони патници. Зголемениот број туристи од 18,3 отсто и зголемување од 10,9 отсто во поглед на бројот на ноќевања во периодот јануари јули 2017 година во однос на истиот период од 2016 година во Македонија, се показател дека годинава ќе биде остварен и поголем девизен прилив од туризмот и угостителството. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев потенцираше дека вистинските потенцијали кои ги има Македонија како туристичка дестинација треба одржливо да се развиваат со акцент на руралниот и алтернативен туризам, со оглед на природните убавини што ги поседува земјата. Меѓу наградените беа хотелите Аура во Охрид, Парк и Мериот во Скопје, Аурора ресорт и Спа во берово, Изгрев во Струга, Фалминго во Гевгелија. Од туристичките агенции меѓу другите признание добија тур операторот АСА, туристичката агенција Фибула, а наградени беа и Здружението на туристички водичи и придружници во Македонија. Благодарница и беше врачена и на амбасадорката на Швајцарската конфедерација во Република Македонија нејзината екселенција Сибил Зутер Техада за поддршката што Македонија ја добива од Швајцарија за развојот на туризмот. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

8

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ПРОЕКТИ

Одржан Форум на тема: „Регулатива за работните односи и пазарот на труд во компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности“

На 25 септември 2017 година во Хотелот Епинал во Битола беше одржан Форум на тема:„Регулатива за работните односи и пазарот на труд во компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности“, во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Форумот беше имплементиран од страна на Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и Стопанската комора на Северозападна Македонија, кои што се партнери во горенаведениот Проект. На настанот присуствуваа околу 40-тина учесници од следните интелектуални дејности: адвокати, сметководствени бироа, софтвер, консалтинг, шпедиција, како и претставници од други комори, агенции и центри. Модератор на настанот беше на г-ѓа Јадранка Аризанковска виш советник при Стопанската комора на Македонија, која ги поздрави присутните, го претстави проектот


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

9

ПРОЕКТИ

и целите на проектот. Свое обраќање имаа и г-ѓа Тања Марковска претставник од УСАИД во Р.Македонија и г-дин Љубомир Димовски, директор на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, кој накратко ја презентираше идеата за одржување на овој Форум како и очекувањата од истиот. Целта на форумот беше да се дискутираат теми поврзани со регулативата на работните односи, а кои се спeцифични за компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности. Во првиот дел од Форумот г-дин Јован Најденовски, правен консултант пред присутните учесници ги изнесе проблемите и предизвиците со кои се соочуваат компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности во однос на Законот за работни односи. Тој говореше за работата од дома, пробната работа и за практикантството како едни од основните проблематики со кои се соочуваат работодавачите даватели на интелектуални услуги. Г-дин Најденовски додаде дека потребни се измени и дополнувања на Законот за работни односи во делот во кој се прецизираат начинот и условите за вршење на работа од дома, пробната работа и за практикантството. Во вториот дел од Форумот пред приустните свое излагање имаше г-ѓа Маријана Андриќ, финансиски и даночен консултант која зборуваше за плати и надоместоци од работен однос (плаќање на работата, прекувремени часови, работа на празник, распоред на работно време и различните временски зони, надоместоци на трошоци за службен пат, подолг престој во странство, дополнителни исплати/подароци/стимулации/награди на вработените). Во поглед на законската рамка г-ѓа Андриќ потенцираше дека плаќањето на работата се регулира


БИЗНИС ИНФО

10

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ПРОЕКТИ со следните Закони и тоа: Закон за работни односи, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, Закон за минимална плата, Закон за персонален данок од доход, Општ колективен договор за стопанство на РМ, Закон за данок од добивка, како и со Уредба за издатоците за службени патувања и селидби во странство. Свое излагање имаше и г-дин Красен Станчев, експерт и консултант од Р.Бугарија, кој пренесе успешни примери и искуства за регулирање на работните односи во регионот. Тој истакна дека Естонија е најлиберална држава кога се работи за привремената работа и истата е за период од 270 дена или тоа се девет месеци. Истата се регулира со склучување на Договор за вработување, а може да се работи и од дома. Г-дин Станчев напомена дека на ист начин е регулирано и практикантството. Тој напомена дека во ИКТ индустријата договорите за вработување се електронски и воопшто целата компјутерска администрација има иста важност како и онаа во хартиена форма. Од 2003 до 2013 година во земјите од ЕУ вработувањата во ИКТ индустријата се зголемени помеѓу 16 и 30 % додаде г-дин Станчев.

По завршувањето на презентациите г-динот Димовски ги повика присутните учесници да поставуваат прашања и да развијат дебата за дадената тематика. Овој настан претставуваше одлична можност да се слушнат проблемите на микро, малите и средните претпријатија кои секојдневно се соочуваат за да се направат напори за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во наредните години во кои ќе се спроведува Проектот. м-р Ивана Крстевска м-р Никола Димковски


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

те ај

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

11

ач ар Н

bsi.

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Битола – ПОСЕТА НА ТРГОВСКО-ИНДУСТРИСКАТА КОМОРА НА ПЛОВДИВ И МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ „ПЛОВДИВ 2017“ Во периодот од 27 до 29 септември 2017 година во организација на Регионалната комора со седиште во Битола беше остварена посета на Трговско-индустриската комора на Пловдив и Меѓународниот саем во Пловдив, Р. Бугарија. Средбата беше реализирана на иницијатива на претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола Мирко Велковски, со цел воспоставување подобра комуникација и започнување соработка меѓу двете комори и двата региона. На средбата присуствуваше и директорката на Дирекцијата на здруженија и регионални комори при Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ која ја истакна поддршката за продлабочување на овој вид регионална соработка како поттик за понатамошна директна врска помеѓу компаниите од Пелагонискиот и пловдивскиот регион, но и компаниите од Р. Македонија и Р. Бугарија воопшто.


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Во име на Трговско-индустриската комора на Пловдив присутните ги поздрави и им посака добредојде претседателот на Комората, г-ѓа Добрина Проданова. Во своето обраќање таа се осврна на карактеристиките на регионот и стопанството на Пловдив, како и на Комората на Пловдив. Како наследник на Стопанската комора со седиште во Пловдив од 1895 година, Трговско-индустриската комора на Пловдив е основана на 3.4.1990 година, како доброволна непрофитна организација за претставување, заштита и реализација на интересите на своите членови од регионот. Регионот на Пловдив се наоѓа во централниот дел на јужна Бугарија и опфаќа 17 градови кои го сочинуваат најголемиот дел од регионот, а градот Пловдив е втор најнаселен град во земјата. Регионалниот бруто-домашен производ (БДП) изнесува 7,9% од вкупниот БДП на земјата, а секторот на услуги претставува повеќе од половина од додадената вредност на регионот. Исто така, стапката на невработеност во регионот изнесува приближно 7,6%, што е 4,4 поени под просечната стапка на земјата. Во поглед на странски инвестиции, претседателката Проданова истакна дека досега вкупниот износ во регионот достигна бројка од 1,2 милијарди евра. М-р Никола Димковски, во име на претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола се заблагодари на можноста за остварување на оваа средба и ги сподели со


БИЗНИС ИНФО

14

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

домаќините основните карактеристики и потенцијалите на економијата на битолскиот и Пелагонискиот регион. На средбата присуствуваа и претставници од компаниите „Апостоллада“, „Ланг“, „Дилком“, „Мапром Урсина“ кои ја информираа претседателката на Комората на Пловдив за делокругот на нивното работење, а дискутираа и за можностите за идна соработка со потенцијални партнери од пловдивскиот регион. Пред завршетокот на средбата до домаќините беше испратена и покана за возвратна посета на Македонија, особено на Пелагонискиот регион, како и понуда за потпишување меморандум за соработка со Регионалната комора со седиште во Битола, како заокружување на веќе потпишаната Спогодба со Регионалната комора со седиште во Прилеп од 2004 година. Делегацијата и компаниите го продолжија својот престој во Пловдив со посетата на 73. Меѓународен саем „Пловдив 2017“, на кој оваа година се најдоа 563 изложувачи од 35 земји од сите сектори на индустријата за технологија, машинската, градежната и електроиндустријата. м-р Никола Димковски


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

15

FS 549642

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ 22-24 октомври 2017 година Хотел „Палисад****“ Златибор, Р.Србија За кого е наменета конференцијата: • деловни и лични асистенти; • оffice менаџери; • личности задолжени за организација и координација на работни активности и настани; • административни асистенти.

€* 0 9 3 ВНО

П

И Т О РОМ

Цената е без вклучен ДДВ и се однесува на промотивниот период до 30.9.2017 година, по тој период цената изнесува 450 € + ДДВ


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионалната комора со седиште во Кичево на презентација на Југозападниот плански регион за реализирани активности - АКТИВНО УЧЕСТВО НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА На 27 септември 2017 година во Охрид се одржа финалниот настан на којшто се презентираа реализираните активности и резултати на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. На настанот присуствуваа и претставници на Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија, како и бројни претставници од 9-те општини во регионот. Директорката на Центарот на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска ги презентираше реализираните проектни активности во рамките на тригодишните проекти „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво - активност за воспоставување Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во ЈЗПР“ и „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“,


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

одобрени и финансирани од страна на Канцеларијата на УНДП во Скопје и Министерството за локална самоуправа на РМ. Регионалната комора со седиште во Кичево и бизнис заедницата активно учествуваа во поголем дел од активностите, беа реализирани и заеднички обуки, а вклучена е во формираната Мрежа за инклузивен регионален развој на Југозападниот плански регион, при што е реализирана една пилот-активност надградба на андроид гис-апликација за природните и културните атракции во регионот. Во рамките на проектите се изработени и „Комуникациска стратегија за поддршка на мали и средни претпријатија“, „Водич за инвестирање со каталог за слободни индустриски зони во Југозападниот плански регион“, интерактивен веб-портал за привлекување на домашни и странски инвеститори, и „Регистар на потенцијалот за развој на руралниот туризам во Југозападниот плански регион“, кои придонесуваат за подобрување на условите за водење бизнис во регионот и достапност на идеи и информации потрбени за побрз економски развој. Се изрази благодарност од двете страни и се констатира во наредните активности поголемо активно вклучување на бизнис заедницата преку различни активности и придонес за економски раст и подобрување на условите за водење бизнис. Воедно, се промовираше и Каталогот на реализирани проекти на ЈЗПР. Дијана Лазороска Јованоска


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПОТПИШАНА СПОГОДБА ЗА ЗАШТИТА НА ПОСЕТИТЕЛИ Спогодбата за заштита на посетители, која на 29.9.2017 година беше потпишана во Скопје, меѓу Националното биро за осигурување на Македонија и Националното биро за осигурување на Словенија, им овозможува на возачите од двете држави побрз и поефикасен надомест на штета, во случај на евентуални сообраќајни незгоди. Со Спогодбата е предвидено оштетеното лице, кое претрпело штета на територијата на другата држава, по враќањето во матичната земја, да се обрати на своето Национално биро за осигурување, кое во соработка со Бирото на другата држава каде што се случила незгодата, ќе овозможи побрзо остварување на правото на надомест на штетата. Спогодбата за заштита на посетители е така креирана да им пружи на државите надвор од ЕУ можност да обезбедат дополнителна заштита и помош на своите граѓани кои со моторни возила патуваат на територија на други држави. Спогодбата се потпира на најдобрите одредби од 4-та и 5-та Директива за моторни возила на ЕУ, кои се впрочем познати по тоа што се, во најголема мера, посветени на заштита на трети лица. Се смета дека овој механизам е најблизок модел кој постои за државите-членки на ЕУ и дека потпишувањето на оваа Спогодба е добар начин за државите кои се надвор од ЕУ да се подготват за пристап кон Унијата, во делот на


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

прекуграничниот сообраќај на моторни возила. Покрај тоа што претставува исчекор во заштитата на граѓаните, осигурителните друштва и возачите, оваа Спогодба дополнително ќе ја унапреди и соработката помеѓу двете држави, преку унапредување на транзитот, туризмот и прометот помеѓу Македонија и Словенија. Спогодбата ја потпишаа генералниот директор на Националното биро за осигурување на Македонија, м-р Трајче Латиновски и директорката на Националното биро за осигурување на Словенија, г-ѓа Маја Крумбергер. До сега Националното биро за осигурување на Македонија има потпишано спогодби за заштита на посетители со националните бироа на Грција, Турција, Швајцарија, БиХ, Црна Гора, Луксембург, Србија, Хрватска и Бугарија, а се планира до крајот на 2017 година да се потпише ваква спогодба и со Националното биро за осигурување на Албанија, со што би се заокружил овој процес со државите во регионот каде нашите граѓани најчесто патуваат. Одделение за информирање


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 29 септември 2017, Бр. 322

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 29 септември 2017, Бр. 322

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

21


22

БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ 22-24 октомври 2017 година Хотел „Палисад****“ Златибор, Р.Србија За кого е наменета конференцијата: • деловни и лични асистенти; • оffice менаџери; • личности задолжени за организација и координација на работни активности и настани; • административни асистенти.

€* 0 9 3 ВНО

П

И Т О РОМ

Цената е без вклучен ДДВ и се однесува на промотивниот период до 30.9.2017 година, по тој период цената изнесува 450 € + ДДВ


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 3 и 4 октомври 2017 година (вторник и среда) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Дводневен семинар на тема: ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

Безбедноста на информациите и информативните системи во целина се едни од најважните теми денес. Во ера на се почести и различни видови на напади, мализиозни софтвери и ransomware, многу е тешко да се најде вистинскиот начин за одбрана. За да ги одредите техниките и технологијата која ви е потребна за одбрана, треба да одредите што и како ве напаѓа. Она што хакерите го користат, како тие размислуваат и како доаѓаат до нас, се само дел од прашањата на кои се бара, но е тешко да се најде одговор. На овој семинар ќе се запознаете со сите видови на напади и ќе научите техники и начини за нивна примена, се со цел на демистификацијата на хакирањето и дефинирање на начините за одбрана. Теми кои ќе се обработуваат за време на семинарот се: ќе се разгледаат сите чекори на напад - од нулта точка до целосна контрола; ќе се објаснат сите техники за напад; ќе се демонстрираат напади и користење на алатки; ќе се дефинираат и објаснат техниките за одбраната за секој од нападите, како и деловите од тој напад. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17 октомври 2017 година (вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневна работилница на тема: НОВА ВЕРЗИЈА НА БРЕНДИРАЊЕТО БРЕНД 2.0

Дали брендот означува лого, етикета, симбол или нешто повеќе? Кои се најважните чекори низ кои треба да помине (или минува) секоја компанија која се занимава со комерцијализација (брендинг) на своите производи/услуги? За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 17 октомври 2017 година организира еднодневна работилница на тема: „Нова верзија на брендирањето – БРЕНД 2.0“. Низ неколку чекори запознајте се со најважните аспекти и елементи на развој на бренд и како со тоа да постигнете поголема диференцијација на пазарот. Многу компании се занимаваат со брендирање на своите производи, но само малку од нив знаат вистински да се поврзат со своите купувачи и да создадат “brand love” врска со нив. Вашиот бренд е ветување кон Вашиот клиент. Преку брендот не му ја пренесуваме само користа на клиентот од нашиот производ, туку многу повеќе од тоа - нашиот карактер, вредности и систем на верувања. Градењето бренд не е еднократен напор, туку континуиран и конзистентен процес на постојано надградување, тестирање, менување и ширење на знаењето. Петар Лазаров е консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, за извоз, автор и косопственик на „Македонија-Експорт“. Со своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од третата генерација обучувачи кои своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Тој е и дел од тимот за развој и за продажба на брендовите „МАМА’S“ - традиционални домашни рецепти што се извезува во повеќе од 30 земји во светот и TIP OF THE WEEK - Прирачниците за личен и за професионален развој што се продадени во +15.000 примероци во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16 и 17.10.2017 година (понеделник-вторник) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ДЕЛОВНА АДМИНИСТРАЦИЈА (КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ) ЗА ИЗВРШНИ АСИСТЕНТИ И ПЛАНИРАЊЕ РЕСУРСИ

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите. Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на останатата пропратна документација за канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги. Планирањето на ресурсите претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација. Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина” ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант, управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје, со 22-годишно искуство во областа на менаџментот. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

31


32

БИЗНИС ИНФО

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА компании од Р.Македонија.

Грција

Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.

Кина

Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Кина

Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за Кина соработка со компании од Р.Македонија. Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови Грција од пластика произведува.Таа има Грчка компанија е голем производител интерес за соработка со компании од на ламинат рачно изработени кујни и врати. Компанијата е заинтересирана за Македонија. соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн). Таа е заинтересирана за соработка со

Кина

Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата


петок, 29 септември 2017, Бр. 322

БИЗНИС ИНФО

33

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.

Кина

Кина

Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.

Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за Мексико соработка со компании од Р.Македонија. Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални Кина услуги за обезбедување контакт со Компанија од Кина се занимава со минимален ризик, со фирми за пласман производство на челик, градежни на ваши производи или набавка на материјали, обложување на хемикалии стоки и услуги. итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Пакистан

Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија стоматолошки, ветеринарни на различна стока. Таа е заинтересирана инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од за соработка со компании од Р.Македонија. Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 29 септември 2017, Бр. 322

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.