петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
Број 313
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО
bsi.
Quality Management
FS 549642
www.mchamber.mk
НА 12 ЈУЛИ 2017 ГОДИНА ВО ТРСТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 4-ТИОТ САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН НА КОЈШТО ВЛАДИНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН ЌЕ ГИ СПОДЕЛАТ СВОИТЕ СТРАТЕГИИ И ПРОГРАМИ ВО НАСОКА НА ЗАБРЗУВАЊЕ НА РАСТОТ И ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО РЕГИОНОТ. ОВАА ГОДИНА, АКЦЕНТ НА САМИТОТ ЌЕ БИДЕ СТАВЕН НА ДЕЛОВНОТО ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ВО НАСОКА НА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА КОЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ОСНОВА ЗА НАТАМОШНО ИНТЕГРИРАЊЕ НА ПАТОТ КОН ЕУ.
1
ISO 9001
30.6.2017
2 2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
РЕГИОНАЛНО ЕКОНОМСКО ПОВРЗУВАЊЕ ОЧЕКУВАЊА ОД САМИТОТ ВО ТРСТ
На 12 јули 2017 година во Трст ќе се одржи 4-тиот Самит на Западен Балкан на којшто владините претставници од ЕУ и Западен Балкан ќе ги споделат своите стратегии и програми во насока на забрзување на растот и интеграцијата во регионот. Оваа година, акцент на Самитот ќе биде ставен на деловното поврзување на компаниите во насока на зајакнување на регионалната соработка која треба да биде основа за натамошно интегрирање на патот кон ЕУ, истакна Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата на Комората (27.6.2017 година). Факт е, дека повеќе од 25 години на овие простори не беше разбрана главната порака од ЕУ, дека мора да се соработува регионално. Државите од Западен Балкан не беа во целост насочени кон реализацијата на таа иницијатива, иако свесни дека ЕУ е настаната како резултат на принципиелна регионална соработка. Коморите се вклучени од почетокот на овој процес, односно со имплементацијата на Заклучоците од Берлинскиот процес, претседателите на коморите од Западен Балкан, во 2015 година, во Виена, за време на одржувањето на Виенскиот самит, потпишаа Спогодба за формирање Коморски инвестициски форум (КИФ), со што се потенцираше намерата за активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес. Основачи на Коморскиот инвестициски форум покрај Стопанската комора на Македонија се и коморите на Албанија, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска и Словенија.
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
-На Коморскиот инвестициски форум се гледа како на инструмент кој може да ја поттикне економската соработка, да биде кохезионен фактор на политичкото функционирање на Западен Балкан, почеток на нова ера во соработката во регионот, којшто има за цел да изгради цврсти темели за идна соработка во наредните 10 години, - посочи Пешев. Целта на коморите здружени во КИФ е зголемување на конкурентноста на малите и средните претпријатија, создавање на поволна претприемачка клима, намалување на невработеноста, создавање зона на економска стабилност, како и намалување на стапката на иселување на младите, хармонизирани и унифицирани практики и процедури во регионот, а едни од приоритетите треба да бидат и образованието и привлекувањето на инвеститорите преку добро образована и квалификувана работна сила, за што се потребни структурни реформи во целиот регион, потенцираше претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија. -На претстојниот Самит за Западен Балкан, заедничките активности на коморите ќе се заокружат со отворање канцеларија на постојаниот Секретаријат на КИФ во Трст, кој ќе биде главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, - подвлече Пешев. Затоа исклучително важно е вклучувањето во проекти кои ќе овозможат поголема поврзаност во регионот, а воедно и во насока на подигнување на нивото на инвестиции, конкурентност, слободно движење на работната сила, што како проекти би добиле поддршка од Регионалниот совет за соработка и Европската комисија. Главната димензија на Самитот во Трст е насочена кон ефикасно реализирање на Бизнис форумот, на кој ќе присуствуваат над 100 компании од Западен Балкан, од кои 20тина се од Македонија. Во рамките на самиот настан ќе се одржи и Работилница за борба
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
против корупцијата на која ќе се разговара за теми, како јавните набавки, транспарентност, конфликт на интереси, а ќе се одржат и форуми за цивилно општество и за млади, се надоврза амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео. Основните цели на Самитот се врзани со потребата за неотповиклива обврска на Европската унија за европската перспектива на Западен Балкан, а воедно и регионално консолидирање на демократијата, надминување на системот на затворање на земјите во национални рамки, борба против тероризмот и корупцијата. На економско ниво, приоритет се дава на транспортната и енергетската инфраструктура, развој на малите и средни претпријатија, поттикнување на инвестициите. Согласно укажувањата на амбасадорот Ромео, очекувањата од Самитот во Трст се: хармонизирање на законодавството со посебен акцент во областа на транспортот, натамошно развивање на регионалната соработка преку склучување Спогодба за заедничка економска зона, носење пакет инфраструктурни проекти во висина од околу 150 милиони евра кои треба да се во насока на развој на инфраструктурната мрежа на регионот и нејзината поврзаност со мрежата на ЕУ. Учеството на Западен Балкан во вкупната трговска размена на ЕУ во последните неколку години изнесува околу 1 до 1,2%, а спротивно на тоа, Европската унија е најголемиот трговски партнер на Западен Балкан, на која отпаѓа повеќе од 75% од вкупната трговија во регионот. За првите четири месеци од 2017 година вкупниот обем на надворешно-трговската размена на Република Македонија од 372,8 милиони САД или 9% е реализиран со земјите од Западен Балкан, при што македонскиот извоз во регионот изнесува 172,7 милиони САД долари, или 10% од вкупниот извоз. Билјана Пеева-Ѓуриќ
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА
СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РМ ЗАДОЛЖЕН ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА И ЗА КООРДИНАЦИЈА СО ЕКОНОМСКИТЕ РЕСОРИ, МИНИСТРИТЕ ЗА ФИНАНСИИ И ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ОКОЛУ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
Во Министерството за финансии на Република Македонија се одржа работна консултативна средба, на којашто заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација на економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев, заедно со министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, ги информираа претставниците од стопанските
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
7
ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА
комори околу регулирањето на прашањето за висината на минималната плата. Генерално е констатирано дека економскиот раст е можен ако паралелно растат и компаниите но и платите, а во заедничка соработка и консултација да се донесат потребни избалансирани мерки, со кои ќе се зголеми мотивацијата на вработените, а со тоа да се влијае и на зголемување на продуктивноста. Предлогот е минималната плата да изнесува 12.000 денари, која ќе опфати околу 130.000 вработени лица, а за кое покачување Владата би покрила дел од трошоците. Коморите даваат поддршка на овој процес, но отворија и дополнителни прашања кои треба да се разгледаат во процесот на креирање на законското решение. Новиот закон за минимална плата ќе биде дебатиран и пред Економско-социјалниот совет и, пред да биде донесен, ќе биде доставен за мислење до коморите. Предложено е Министерството за финансии да го презентира начинот на аплицирање за оваа мерка и користење на средства, пред стопанствениците во Стопанската комора на Македонија, кога ќе се донесе финалното решение. Билјана Пеева-Ѓуриќ
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ПРОЕКТИ
Проект „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ - КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД
Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ на 29.6.2017 година во хотелот „Холидеј Ин“ се одржа Конференција на тема: „Можности и предизвици за рециклирање на текстилниот отпад“, во организација на Стопанската комора на Македонија во соработка со „ЕПИ Центар Интернационал“ од Скопје, Кластерот за текстил, Холандската стопанска комора, УСАИД и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. Како да се постапи со текстилниот отпад за тој да не заврши на депониите, царинските процедури и можните решенија за негово третирање и рециклирање, беа теми на коишто дебатираа холандски и македонски експерти. - Текстилните компании немаат правна можност да го откупат отпадот по пониски цени од цените кои се користат при царинење во регуларна постапка. Како последица на тоа, текстилните компании пристапуваат кон одлагање на отпадот во депонија, а пропуштената можност за рециклажа на отпадот доведува до загадување на животната
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
9
ПРОЕКТИ
средина, истакна д-р Драган Тевдовски, министер за финансии, кој додаде дека ќе ги ислуша искуствата на присутните експерти и нивните сугестии за решавање на овој проблем. - Новата реформска Влада на Република Македонија е решена да ги поддржи малите и средни претпријатија, каде што сериозно место заземаат текстилните претпријатија, - истакна д-р Тевдовски. - Животната средина страда од многу депонии, што е многу важно за јавното здравје и за развојот на туризмот, истакна Волтер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Македонија. - Овој отпад може да биде претворен во профит, може да се искористи како ресурс за ново производство и може на македонската текстилна индустрија да и` помогне да стане поконкурентна и да овозможи повеќе работни места во иднина, - додаде амбасадорот Пломп. - Согласно направените анализи, проблемот со текстилниот отпад е идентификуван како еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат претпријатијата, пред се` во текстилната индустрија, - истакна Љубомир Димовски, директорот на „ЕПИ Центар Интернационал“ од Скопје. Тој посочи дека во рамките на овој проект ангажирани се странски експерти кои се поврзани со царинското работење во ЕУ и со рециклирање на текстилниот отпад, како и релевантни локални експерти кои во изминатиот период направија истражување на состојбите во оваа област во Македонија и дека ќе се најдат решенија за овој проблем во блиска иднина. На Конференцијата присуствуваа претставници од меѓународни и домашни компании, претставници од Министерството за финансии од делот на царинската политика и од Царинската управа на РМ, кои дискутираа за проблеми со кои се соочуваат секојдневно. Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ го реализираат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“, консултантска куќа од Скопје како имплементациски партнер. м-р Ирена Мојсовска
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Здружение на трговијата
ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ВО ИНТЕРЕС НА ДРЖАВАТА И НА ТРГОВЦИТЕ
Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 27.6.2017 година, расправаше за повеќе иницијативи за измени и дополнувања на законската регулатива од областа на трговијата. Членките на Здружението на трговијата беа едногласни дека се потребни повеќе иницијативи за измени и дополнувања на законската регулатива од облата на трговијата, во интерес на трговските компании, но и во интерс на потрошувачите и на државата. Потребна е дерегулација во секојдневното работење на компаниите од областа на трговијата, досега оптоварено со бројни ограничувања и администрација. Законските ограничувања иницираат избегнување на примената на некои одредби, кое предизвикува незаконско работење и појава на „сива“ економија. Од девијантните појави штета има и државата и компаниите што стриктно се придржуваат при примената на комплетната законска регулатива. На седницата се покрена иницијатива за измена на законските одредби што ја
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
11
ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ регулираат продажбата на алкохолни пијалаци. Компаниите бараат укинување на одредбите поврзани со големите трошоци за добивање лиценца за продажба на алкохолните пијалаци, како и работното време за нивната продажба и физичкото одделување на алкохолните пијалаци. Оценка е дека со овие одредби драстично ќе се дерегулира работењето на трговските компании, ќе се воспостави еднаквост на пазарот, ќе се намалат трошоците во секојдневното работење, а приливот во државниот буџет нема да се намали, поради поголемата потрошувачка. Присутните ја поздравија спремноста на Владата на Република Македонија и министерствата од економските ресори за поголема соработка со бизнис заедницата. Поради тоа, компаниите се договорија да иницираат измени и дополнувања и на повеќе други закони кои позначајно влијаат врз работењето на компаниите во областа на трговијата и истите да ги достават до соодветните министерства, со соодветни аргументирани образложенија. Лазо Ангелевски
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Групација за противпожарна заштита ДОНЕСЕНИ МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА СО ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ Членовите на Групацијата за противпожарна заштита, на седницата одржана на 29.6.2017 година, расправаа за актуелните состојби во оваа дејност и за мерките за подобрување на состојбата со заштита од пожари, со цел подобрување на амбиентот за стопанисување на деловните субјекти како еден од проблеми во работењето, при што го посочија недостатокот на контрола на квалитетот на увезените противпожарни апарати, противпожарни системи и другата опрема за заштита од пожари и спасување, како и медиуми за гасење на пожар (прашок, пенила, ЦО2 и друго) и квалитетот на нивното сервисирање. На состанокот се потенцира дека на зголемување на нелојалната конкуренција влија е и недоволната активност на надлежните инспекциски органи, злоупотреби на поедини инспектори со отварање на сервисни фирми. Се посочија проблеми и за дефинирање која надлежна институција треба да ги спроведува и да ги контролира уредите, опремата и средствата за гасење дали се увезени во согласност со прописите за стандардизација, акредитација и оценка за сообразност. Во дискусијата се истакна дека за подобрување на работата на стопанските субјекти неопходно е да се изврши ревидирање на овластувањата и да се провери нивната усогласеност со Законот за пожарникарство, а ревидираната листа на издадени овластувања редовно да се објавува на веб-сајтот на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ. Воедно, се истакна дека е потребно поконкретно дефинирање на техничките нормативи и стандарди, како и задолжителните постапки при сервисирање одржување и контролно испитување на ПП-опремата согласно со техничките нормативи, стандарди и упатства на производителот.
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Укажана е и потребата од донесување на дополнителни прописи од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, за начинот, постапката и роковите во кои треба да се изврши испитувањето на останатата противпожарна опрема и опрема за заштита и спасување. Ова посебно се однесува на професионалните и индустриски единици и доброволните противпожарни друштва. На седницата се поддржаа заклучоците за изготвување измени и дополнување на прописите со кои ќе се издвојат овластувањата за вршење на работа на сервисирање и одржување на системи за откривање и јавување на пожар, за гасење пожар и за системи за откривање експлозивни смеши, како и воведување правна обврска за полагање стручен испит кој покрај сервисирањето ќе опфати и проектирање и изведба на ваквите системи. Посебен акцент се даде на потребата за воведување на институцијата овластување за обучување на вработените за противпожарна заштита и спасување, како и изработка на проценки и планови за заштита и спасување од пожари, експлозии и други останати материи. Се договори да се побара состанок со Дирекцијата за заштита и спасување со претставници на Групацијата во најкус можен рок. Војкан Николовски
БИЗНИС ИНФО
14
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ОСИГУРИТЕЛНО-БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА СЕ СТЕКНАА СО ПРАВО ЗА ДОБИВАЊЕ МЕРОДАВЕН ТЕХНИЧКИ РЕЗУЛТАТ ПО ИЗДАДЕНИ ПОЛИСИ ЗА АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ И ЗЕЛЕНА КАРТА По барање на членките на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва при Стопанската комора на Македонија, осигурително-брокерските друштва се стекнаа со право за добивање меродавен технички резултат по издадени полиси за автомобилска одговорност и зелена карта. Досегашната пракса на добивање на извештајот од осигурителните компании не се покажа како ефикасен начин на работа и истата негативно влијаеше врз професионалноста на осигурително-брокерските друштва и штетно се одразуваше врз клиентите. За таа цел, а во насока на продолжување на соработката помеѓу Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва при Стопанската комора на Македонија и Националното биро за осигурување е усвоено Барањето на Асоцијацијата за добивање на извештајот. Овој извештај е од големо значење за изработка на веродостојна анализа за висината на премијата, како и за подготовка на соодветна тендерска документација, со премија која е во согласност со законската регулатива. На седницата одржана на 28 јуни 2017 година, членките на Асоцијацијата ги разгледаат процедурите за поднесување на барање, пресметка и примена на меродавен технички резултат согласно важечката тарифа за осигурување А/О од Централниот систем на а/о полиси, зелени карти и штети и дадоа свое мислење по однос на истите. Со доставување на извештај за меродавен технички резултат до осигурителноброкерските друштва, приватните правни субјекти кои имаат возила осигурани во повеќе осигурителни друштва ќе добијат веродостојна информација за основот на кој им се зголемила премијата, односно за кое возило, кога и во која земја е настаната штета. Ивона Каранфиловска
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
15
ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ДЕФИНИРАНИ ЗАЕДНИЧКИ ПЛАНОВИ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ БИЗНИС АСОЦИЈАЦИИ ВО ЗЕМЈАВА
На 27.6.2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа координативен состанок на меѓународните бизнис асоцијации и амбасади во Република Македонија. Домаќин на настанот беше Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, на којшто се дискутираше за унапредување на деловниот амбиент во земјава и заземање заеднички ставови во однос на актуелните и отворени прашања коишто го обременуваат секојдневното работење на компаниите-членки на Советот. Истовремено беа идентификувани и заеднички настани и активности кои би се реализирале во наредниот период. Влатко Стојановски
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО ОДРЖА ОБУКА ЗА УСПЕШНО ПОДГОТВУВАЊЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОНУДИ ПРЕКУ ВОВЕДНИ ЧЕКОРИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Регионалната комора со седиште во Кичево, 29 јуни 2017 година, организираше еднодневна обука: „Успешно подготвување електронски понуди преку воведни чекори за учество во Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), со практично спроведување на е-набавки и користење на дигитални сертификати“. Согласно актуелниот Закон за јавните набавки во Република Македонија од 1 јануари 2018 година сите објавени огласи на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) задолжително ќе се спроведуваат по електронски пат. Досега во тековнава година според цитираниот закон најмалку 50 % од објавените огласи треба да се објават на овој начин. Токму поради сите овие предизвици се организира обука на којaшто на едноставен и практичен начин се објасни Електронскиот систем за јавни набавки, а
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
17
ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
економските оператори се стекнаа со солидни знаења за учествуо во јавните набавки. Пред десетината учесниците, предавачот Даниела Ковиловска ги презентираше основните поими и карактеристики на системот за е-набавки, целите на електронскиот систем за е-набавки, како и воведните чекори за учество на ЕСЈН, како и практични примери за регистрација на економски оператор на ЕСЈН, преземање и пополнување на тендерска документација и спроведување на е-аукција. Славица Ќучукова Николова ги презентираше практичното спроведување на е-набавка и дигиталните сертификати, конкретно како да се препознае документ потпишан со валиден дигитален сертификат. На крај на обуката се отвори дискусија за прашања во врска со подготовката на тендерската документација од страна на економските оператори, за договорните органи на електронските јавни набавки, како и за начинот како да се учествува на електронска аукција, односно како да се поднесе конечна цена. Дијана Лазороска Јованоска
18
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ОДРЖАНА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ВО ШТИП НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ НА КОМПАНИИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП Во рамките на Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“, на 27.6.2017 година во хотелот „Оаза“ во Штип, се одржа информативна сесија на тема: „Придобивки и обврски на компаниите при вработувањето лица со хендикеп“, во организација на Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Штип и „Полио Плус – движење против хендикеп“. Оваа информативна сесија беше наменета за информирање и запознавање на компаниите со придобивките и обврските кои ги имаат при вработувањето
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
19
ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ лица со хендикеп, а во насока на создавање инклузивна работна сила, бидејќи според истражувањата на Стопанската комора на Македонија, постои недоволна информираност на компаниите за различни прашања поврзани со вработувањето и задржување во работен однос на лицата со хендикеп. Модератор на настанот беше Томислав Ортаковски, програмски раководител на „Полио Плус–движење против хендикеп“, кој ги поздрави присутните и ги претстави активностите насочени кон институциите и компаниите кои имаат цел да придонесат за целосно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Проф. д-р Лазар Јовевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, зборуваше за различни аспекти поврзани со предизвиците при создавање инклузивен пазар на труд, при што во првата сесија ги објасни придобивките и бенефициите за компаниите кои вработуваат лица со хендикеп, институционалната поставеност на системот за поддршка на вработување на лица со хендикеп, а во втората сесија ги истакна прашањата на еднаквост и недискриминација при вработување лица со хендикеп, разумното приспособување на работното место и улогата на организациите на лица со хендикеп во фацилитирање на процеси. Учесниците на информативната сесија имаа можност да се вклучат во дискусија и да ги изнесат своите искуства и предлози поврзани со вклучувањето на лицата со хендикеп на пазарот на труд. Преку овој Проект ќе се таргетираат компаниите кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Ќе се настојува да се отворат сите работни процеси за лицата со хендикеп во заинтересираните компании, имајќи предвид дека покрај вложувањето во унапредување на знаењата и вештините на лицата со хендикеп, од неизмерна важност е и поддршката на компаниите во процесот на создавање целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп. Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ е едногодишен заеднички проект на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ и е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 20072013 година – ИПА 4 компонента. Моника Стоичева Ирена Мојсовска
БИЗНИС ИНФО
20
ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Специјализирана болница ЖАН МИТРЕВ- синоним за врвна медицинска нега Беспрекорната грижа и безбедност на пациентот се синоними за работата на Специјализираната болница по хируршки болести ЖАН МИТРЕВ, водена од основачот, д-р Жан Митрев, реномиран кардиоваскуларен хирург. Ултра модерен медицински центар во кој работат искусни, врвни професионалци препознатливи по сложените и специфични кардиоваскуларни операции. Но, тие се и лидери во регионот во извршување на уникатни операции од областа на ортопедија, торакална хирургија, урологија, абдоминална хирургија, но и гинекологија. Исклучителни резултати се постигнуваат и кај лекување на гангрена со озон терапија. Бројни пациенти од земјата, но и светот се вредна потврда за тоа.
Според уникатноста на градбата, болницата претставува значајно градско обележје. Сместена е во срцето на градот Скопје, импонзантен, инзвореден по својата архитектура и естетика објект, со најсовремена медицинска опрема, но и просторни и хигиенски услови. Атмосферата во болницата потсетува на хотел, каде е минимизирано чувството
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
21
ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ на присуство во болница. КАРДИОВАСКУЛАРНАТА ХИРУРГИЈА е срцето на болницата. Специфика на хируршкиот тим се најразлични зафати на срцето и големите крвни садови, потоа операција со која се премостуваат запушените коронарни артерии на срцето, како и аортокоронарен бајпас, замена и реконструкција на срцевите валвули, но и васкуларна хирургија на каротидните артерии, како и третман на лимбична периферна артериска болест. ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР е опремен со најсовремена, софистицирана PHILIPS технологија која овозможува прецизна дијагностика и огромна ефикасност при идентификување на здравствените проблеми на пациентите. Центарот функционира од 07.00 до 22.00 часот, а во викендите од 08.00 до 16.00 часот, со можност на ургентно прифаќање на секој пациент и независно од редовното работно време. За да се комплетира работата на дијагностичкиот тим овозможен е и медицински транспорт. Амбулантното возило е опремено со респиратор, монитор и останата неопходна апаратура за транспорт на најтешките, витално загрозени пациенти, во земјата, но и од странство. Тимот е обучен и сертифициран за ваков вид на транспортна медицинска служба, која може да се добие на 15777. Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ располага со повеќе АМБУЛАНТИ: кардиологија, интерна медицина, амбуланта за каридоваскуларна хирургија, но и гастроентерохепатологиј. Потоа, амбуланта за абодоменална хирургија, како и за ортопедија, урологија, но и гинекологија, неврологија и трансфузиологија. Тим на психолози се специјализирани за решавање на психолошки проблеми на личноста, а со помош на физиотерапевтите закрепнувањето на пациентите е поефикасно. Испитувањата кои се вредна поддршка на дијагностика се прави во најсовремената лабораторијата за микробилогија и биохемиската лабораторија. Одделението за ИНТЕНЗИВНА НЕГА е уникатно, не само поради просторноста и опременоста на собите, туку и по капацитетот од 70 кревети. Уште повеќе се одвојува од други болници по техниките и методите кои се применуваат во секојдневното лекување на болни и критични пациенти. Овде се води максимална грижа за безбедноста на пациентите и се прави 24 часовен мониторинг и контрола од интрахоспитални инфекции.
22
ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Уште една специфика на овој медицински центар е лекувањето на ГАНГРЕНА со озон терапија. На почеток со пионерски чекори, но низ годините, преку темелноста и посветеноста на професионалците успеаа да ја издигнат оваа метода на лидерското место во регионот. ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ГЕНЕТИКА И ПЕРСОНАЛИЗИРАНА МЕДИЦИНА, инкорпорирана во системот на болницата преставува новитет и за регионот. Со тоа се постави еден современ пристап кој води од реактивна до проактивна медицина. Овде е овозможено генетско тестирање за коагулопатии во тек на бременост, третмани за плодност или хормонска контрацепција, а огромен интерес има и кај нутригенетика. Се воведе и фармакогенетика, а за првпат се направи напредно испитување со секвенционирање на геноми и егзоми. Овде, може да се направи и испитување на третман на рак и наследност на рак, како и неинванзивна пренатална дијагностика и генетско испитување за инфективни болести - вируси, бактерии и паразити, сепса. Од неодамна во листата на новитети во болницата се впишани и студијата за електрофизиологија или инвазивно испитување која се применува за проценка, дијагностика и лекување на неправилен срцев ритам. Лекувањето на децата може да го доверите на искусен тим на педијатри кои се специјализирани за пулмоалергологија и детска гастроентерологија. Сега, кардиолошката педијатрија која е наша долгогодишна специфика се надополни со овие педијатриски гранки. Овде имаме и кабинет за оториноларингологија, но и аптека која е од отворен тип и располага со специфични помагала и препарати. Одлика на перфекција во целокупната грижа за здравјето на пациентите во
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
23
ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ болницата е одделот за сместување на пациенти, со специјално изградените и луксузно уредените ВИП АПАРТМАНИ. Болницата располага со 16 двокреветни соби на првиот спрат, 10 еднокреветни апартмани, 2 делукс апартмани, климатизацијата во секоја соба и обезбеден Wi-Fi интернет, како и LED TV во секоја соба, и A- la- carte и приспособено мени за пациентите и нивните најблиски. КОНФЕРЕНЦИСКАТА САЛА или позната како Аудиториум е на 3 кат, со капацитет од 90 седишта. Опремена е со видео ѕид од 4x47 ``, безжично озвучување, модерно осветлување, техничка поддршка, а се нуди и, кетеринг/ресторанска услуга, како и паркинг простор и обезбедување за корисниците. Покрај организирање на научни собири, предавања, презентации, работилници, прес-конференции, салата е атрактивна за изнајмување од надворешни лица за организирање на нивни настани. Предноста на просторот е како во современите услови за работа, така и во можноста за користење на ресторанските услуги. РЕСТОРАН“ПУЛС“ е од отворен тип кој функционира во рамките на болницата. Во согласност со потребите на корисниците, искусниот тим од ресторанот може да понуди повеќе видови на менија подготвени според HACCP стандардoт. Се на едно место, како што доликува на еден современ ултрамодерен медицински центар. Посетете нe` и на веб: www.zmc.mk, Facebook/ ZANMITREV. За сe` дополнително, контактирајте нe` на: info@zmc.mk.
24
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
25
БИЗНИС ИНФО
26
BSI
bsi.
TM
ISO петок, 30 јуни 2017, Бр. 313 9001 Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП
4 jули 2017 година (вторник), 11:00-16:00 часот Хотел „Романтик“ Велес
Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ го формираа Центарот за вработување на лица со хендикеп кој е реализиран во рамките на Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ и е лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија. Овој проект е дел од ИПА -Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година. Во Република Македонија, бројот на вработени лица со хендикеп е многу мал во однос на целата вработена популација. Преку Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ се гради мост помеѓу лицата со хендикеп и компаниите, со цел да се извлечат придобивки и за двете страни. Ве покануваме да земете учество на Информативниот настан кој има за цел да ве запознае и информира со бенефициите кои ви стојат на располагање во насока на вработување и создавање инклузивна и разновидна работна сила, што нуди голем потенцијал за подобрување на секојдневното работење на компаниите и создавање на општествено одговорен пристап во работењето. Настанот ќе се одржи на 4.7.2017 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Романтик“ во Велес.
28
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
5 јули 2017 година (среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар на тема: НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
За ефективно решавање на проблемот со наплатата на побарувањата најзначајно е познавањето на законските решенија, различните модалитети и постојната пракса во наплатата на спорни побарувања со цел во вистински момент да се преземат реални мерки кои ќе резултираат со успешна наплата на спорните побарувања. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 5 јули 2017 година организира еднодневен семинар на тема: НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР. Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот: - Зошто клиентите доцнат или не плаќаат? - Како може да се искомуницира со клиентот по основ – наплата и која тактика е најефективна во различни ситуации? - Како да се справиме со типичните „оправдувања”, „избегнувања” и „одложувања”? - Како влијае улогата на менаџментот во наплатата? - Кои се законските рамки и можности? (судски платен налог, нотарски платен налог, судска спогодба, вонсудска спогодба, договор за деловна соработка кој се солемнизира кај нотар, меѓусебно намирување на паричните обврски и побарувања меѓу учесниците во платниот промет со компензација, асигнација, цесија, преземање на долг и други облици на меѓусебно намирување на обврските и побарувањата) Целна група: финансиски директори, раководители на сметководствен сектор, раководители на правна служба; менаџери и управители, како и сите лица кои имаат интерес за учество. Предавачи: - м-р Елизабета Дамеска Јовановска, овластен сметководител, економски вештак и организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, со 19-годишно работно искуство во областа на сметководство и финансии; - м-р Билјана Киселички, сопственик на финансиски консалтинг „Кавета“ ДООЕЛ – Скопје, со 23-годишно работно искуство во областа на сметководство и финансии. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)
14 јули 2017 година (петок) Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Стопанската комора на Македонија, на 14 јули 2017 година, Ве поканува да земете учество на еднодневниот семинар на тема: „Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес менаџмент (стрес менаџмент стратегии и техники)“, исполнет со интерактивни вежби преку кои ќе може да научите како да ги унапредите своите комуникациски вештини како на деловен план, така и на приватен план, да разберете која е разликата помеѓу лидерство и управување; правилно да оцените во кои ситуации да се водите по разум, а кога по емоции; начини за унапредување на личните и тимските вештини и останати техники кои ќе Ви помогнат полесно да се реализирате на деловен план. Антистрес тренингот е наменет за професионалци кои се соочуваат со предизвиците на динамичниот и турбулентен животен стил кој делува на психофизичкото здравје. Тренингот овозможува ефикасна обука за употреба на научно базирани стрес менаџмент стратегии и техники во секојдневниот живот со цел превенција на негативните ефекти од стресот. Учесниците ќе научат како да ги применуваат техниките на работното место, да го идентификуваат оптималното ниво на стрес, а когнитивно бихејвиоралниот модел ќе им овозможи полесно самоспознавање и контрола на стресните ситуации. Во вториот дел на работилницата, ќе бидат прикажани автентични вештини во управување со конфликтни ситуации во интерперсоналните односи. За кого е наменет семинарот? Советувањето е наменето за сите вработени во приватниот и во јавниот сектор и тоа за менаџери, директори, управители и раководители во компаниите, вработени во правните и финансиските служби, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во дадената проблематика. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
27– 30 септември 2017 година Анталија, Р. Турција
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на овогодниешниот „INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “. Овогодинешната конференција ќе се оджи во Анталија, Р. Турција во периодот од 27-30 септември 2017 година. Цел на конференцијата е на едно место да ги собере сите експерти од областа на фармацевтската индустрија на Турција и пошироко. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 14.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http://www. uluslararasieub.com/about-us/ За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ
28-29 септември 2017 Тирана, Албанија
ЕЕН при Стопанската комора на Македонија Ве поканува на Меѓународни бизнис средби во Тирана, Албанија. Оваа меѓународна активност ќе се фокусира на партнерства меѓу претставниците на меѓународниот бизнис и албанските компании. Инвеститорите и компаниите од Италија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Австрија, Грција, Германија, Косово, Македонија, Бенелукс, Хрватска, нордиските земји, Швајцарија и од многу други земји ќе имаат можност да го покажат својот интерес за соработка со албанските партнери, на 28-29 септември 2017 година. Ова е водечка платформа која има за цел да промовира инвестиции и да обезбеди стратешка и богата средина за учење, деловни бизнис средби, заедничко вложување итн. Сите учесници ќе имаат можност со нивните партнери да создадат добра клима за мрежно поврзување. Притоа, ќе се разговара за тоа како да се привлечат соодветни меѓународни инвестиции, што ќе придонесе за конкурентноста на националната економија. Бизнис средбите во Тирана ќе ги соберат корпоративните лидери, креаторите на политиките, експертите, за да ја нагласат важната улога на странските фирми, во два интензивни дена. На овој настан ќе се создаде глобална сцена за презентирање на иновативни идеи и истражување на нови вложувања и воспоставување деловни партнерства. Фокус: Ефективни 20 минути за поединечни деловни средби за да се поттикне ефикасно вмрежување. Главни теми: Инфраструктура; туризам; прехранбена индустрија; земјоделство; иновации и технологија; енергија; инвестиции / финансирање. Како работи? 1.Регистрирајте ги и објавете ги Вашите желби за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесници и закажете средби со компании за кои сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот добивате распоред на состаноци. За да се регистрирате за учество, Агендата и други информации, постете ја интернетстраната https://www.b2match.eu/tiranabusinessmatching2017 Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
17– 19 јули 2017 година Прага, Р. Чешка
КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 (CHINA INVESTMENT FORUM 2017)
Стопанската комoра на Македонија во соработка со Чешкo- кинеската комора за соработка и Кинескиот центар за економска соработка, ве покануваат да бидете дел од овогодишниот Кинески инвестициски форум 2017, што ќе се одржува во периодот од 17-19 јули 2017 година во Прага, Република Чешка. Кинескиот инвестициски форум веќе пет години по ред претставува официјална платформа за економска соработка, политички, дипломатски и деловнии состаноци на ниво на високи државни претставници на 16-те земји од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина. Овогодишниот Форум ќе се одржи под покровителство и присуство на Н.Е. Милош Земан, претседател на Република Чешка и Н.Е. Бохуслав Соботка, премиер на Република Чешка. Официјалната делегација од Народна Република Кина ќе биде предводена од господин Лиу Јуншан, член на Постојаниот комитет на Политбирото на Народна Република Кина, придружуван од високи претставници на министерско ниво. На настанот покрај претседателот и премиерот на Република Чешка, говорници ќе бидат и функционери од чешката Влада и политичката сцена, како и од останатите земји од Централна и Источна Европа. \Регистрацијата за Кинескиот инвестициски форум 2017 се врши по електронски пат на следниот линк: account.czechchina.com/registration најдоцна до 30 јуни 2017 година. \Организацискиот комитет на Кинескиот инвестициски форум 2017, по извршената регистрација, ќе ги оцени пријавите и ќе ги информира апликантите дали нивната апликација е одобрена или не. Апликантите потоа ќе имаат можност преку оваа платформа да ги изберат и партнерите за деловните средби, коишто оваа година ќе се одржат меѓу претставници од Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа. За повеќе информации, посетете ја и официјалната страна на настанот: www.czechchina.com/cif. За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА на „FOOD ISTANBUL 2017“
19– 22 септември 2017 година Истанбул, Р. Турција
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ FOOD ISTANBUL 2017 “. Меѓународниот саем наменет за прехранбената индустрија ќе се одржи во периодот од 19 - 22 септемви 2017 година во Истанбул, Р. Турција. Оваа манифестација е една една од најпрестижните платформи каде секоја година се среќаваат најпрестижните имиња од прехранбената индустрија од цела Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Русија и Балканот со повеќе од 1000 брендови, 250 изложувачи и над 35.000 посетители. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 11.9.2017 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http:// cnrfoodistanbul.com/index.aspx?ln=2 За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2-4.10.2017 година 31.10-2.11.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции. Цели на програмата: -надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; -можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; -искуство од странски експерти; -можност за соработка со австриски компании; -меѓународно признат WIFI сертификат.
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз Период на одржување: 2-4.10.2017 година. Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана, Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија. Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други. Работен јазик на обуката: српски јазик. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
36
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија
10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress
Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред
Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.
Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години
во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.
Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им
создаде услови за :
- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат
односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.
Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа
можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.
- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува
размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
38
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,
(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.
Проектот на Европската комисија е
развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.
Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални
• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
39
40
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.
УКРАИНА UA00000042035 Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.
УКРАИНА UA00000042036
УКРАИНА UA00000042031 Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.
УКРАИНА UA00000042032 Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.
УКРАИНА UA00000042034
Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи.
УКРАИНА UA00000041975 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.
ПАКИСТАН PK00000041972
Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат Компанија од Украина нуди линии за производство пресуван под висок притисок и е компанија
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
БИЗНИС ИНФО
41
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото
УКРАИНА UA00000041963 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.
УКРАИНА UA00000041950 Компанија од Украина која е производител на
свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.
УКРАИНА UA00000041951 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.
УКРАИНА UA00000041947 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.
КИНА CN00000037834 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
42
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
петок, 30 јуни 2017, Бр. 313
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088