ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ, Јули-Август 2011

Page 1

1

www.mchamber.mk

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ (бизнис форуми, саемски манифестации, конференции, презентации)

Јули 2011


2

www.mchamber.mk

КАЛЕНДАР НА МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

10.09.2011 (Саем)

06.09.2011 (Саем)

Деловни средби и посета на македонски компании на Меѓународниот саем за широка потрошувачка, занаетчиство и претприемништво “Целје 2011” од 6-9 септември 2011 година, во Целје, Република Словенија

14.09.2011 (Саем)

Mеѓународeн саем за земјоделие, семиња и млечна индустрија “BURSA AGROKULTURE 2011” и Меѓународниот саем за сточарство и опрема за сточарство “BURSA 4th STOCKBREEDING AND EQUIPMENT FAIR”, Република Турција

15.09.2011 (Саем)

17. Mеѓународeн саем за пакување „EUROASIA PACKING - ISTANBUL 2011„ и 6. Саем за технологија на храна “ISTANBUL FOOD-TECH 2011”, Република Турција

19.10.2011 (Саем)

Од 19-23 октомври 2011 година - Организирана посета на Меѓународниот општ саем “Tradexpo Indonesia 2011” и деловни средби со индонезиски компании, во Џакарта, Индонезија

31.10.2011 (Саем)

Од 31.10 до 05.11.2011 - Организирана посета на Меѓународниот општ саем “FIHAV EXPOCUBA 2011” и деловни средби со кубански компании, во Хавана, Куба

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Од 10-14 септември 2011 година- Деловни средби и посета на Меѓународниот саем за фармација и медицина во Тирана, Албанија


3

www.mchamber.mk

10.09.2011 - 14.09.2011 Од 10-14 септември 2011 година- Деловни средби и посета на Меѓународниот саем за фармација и медицина во Тирана, Албанија Стопанската комора на Македонија организира посета на Саемот и учество на билатерални деловни средби, со организиран превоз и сместување.

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Во организација на Националниот центар за контрола на медикаменти и Унијата на стопански комори на Албанија, во периодот од 10 до 14 септември 2011 година, во Тирана, Албанија, ќе се одржи Меѓународниот саем за фармација и медицина „ Balkan Pharmaceutical Exhibition”. На Саемот ќе бидат застапени компании од Албанија и од странство од областа на медицината и фармацијата: - производство и обележување на лекови; - лаборатории; - аптеки; - дистрибутери на лекови; - лекови и козметика; - биотек паркови; - вакцини и ензими; - биоинформатика и дијагностика; - истражување и развој во областа медицината; - управување со податоци - софтвер за медицински системи; - болници; - медицински институти и др. За време на саемската манифестација, ќе бидат организирани билатерални деловни средби на кои можат да учествуваат и македонските компании. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на Меѓународниот саем за фармација и медицина „Balkan Pharmaceutical Exhibition”, со организиран превоз и хотелско сместување, бесплатен влез на Саемот, како и учество на билатерални деловни средби. Трошоците за превоз и хотелско сместување се на товар на посетителот. Вашиот интерес за посета на Саемот, Ве молиме, да го најавите најдоцна до 23 август 2011 година, преку пополнување на пријавниот лист.

Агенда Пријава

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: (02) 3244037 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk


4

www.mchamber.mk

06.09.2011 - 09.09.2011 Деловни средби и посета на македонски компании на Меѓународниот саем за широка потрошувачка, занаетчиство и претприемништво “Целје 2011” од 6-9 септември 2011 година, во Целје, Република Словенија

Стопанската комора на Македонија, во периодот од 06-09 септември 2011 година, во Целје, Република Словенија, организира посета на реномираниот Меѓународен саем за широка потрошувачка, занаетчиство и претприемништво “Целје 2011”. Станува збор за најголемиот саем во Словенија на чие овогодинешно издание ќе земат учество над 1000 директни и околу 1700 индиректни изложувачи од преку 30 земји од целиот свет, од следниве стопански гранки: • деловни услуги и сервиси (ИТК индустрија, телекомуникации, банкарски сектор итн.); • опрема за дрвна и метална индустрија; • мебел; • градежни материјали; • обновливи извори на енергија; • прехранбена индустрија; • бела техника; • туризам; • текстил и облека; • автомобилска индустрија и др. Стопанската комора на Македонија организира посета на Саемот со организиран бесплатен автобуски превоз, хотелско сместување (цц. 30 евра на товар на посетителот) и бесплатни саемски влезници. Во рамките на саемската манифестација предвидено е и одржување деловни билатерални средби со словенечките излагачи на Саемот. Точното време и место на поаѓање и програмата за посетата ќе бидат дополнително објавени. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на Саемот најдоцна до 14 јули 2011 година. Пријава

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Организирана посета на Саемот и учество на билатерални средби со словенечките излагачи! Обезбеден бесплатен автобуски превоз и бесплатна влезница за Саемот!


5

www.mchamber.mk

14.09.2011 - 16.09.2011

Mеѓународeн саем за земјоделие, семиња и млечна индустрија “BURSA AGROKULTURE 2011” и Меѓународниот саем за сточарство и опрема за сточарство “BURSA 4th STOCKBREEDING AND EQUIPMENT FAIR”, - Република Турција

Посета на 9. Mеѓународeн саем за земјоделие, семиња и млечна индустрија “BURSA AGROKULTURE 2011” и Меѓународниот саем за сточарство и опрема за сточарство “BURSA 4th STOCKBREEDING AND EQUIPMENT FAIR”, - Република Турција Организирана посета на Саемот со обезбедени бесплатни влезници и хотелско сместување ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Во периодот од 14 до 16 септември 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржи 9. Mеѓународен саем за земјоделие, семиња и млечна индустрија “BURSA AGROKULTURE 2011” и Меѓународниот саем за сточарство и опрема за сточарство “BURSA 4th STOCKBREEDING AND EQUIPMENT FAIR”. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да видат: - земјоделска механизација и технологија, стакленици, системи за наводнување, земјоделски лекови, семиња, саден материјал, хортикултура, цвеќарство, еколошко земјоделство, стаклени градини, агроинформатика, млеко и млечни производи и живинарство. Во областа на сточарството може да се видат: сточарски производи, ветеринарство, лекови и опрема и механизација за сточарство. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 14 - 16 септември 2011 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 5.8.2011 година. Пријава

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk


6

www.mchamber.mk

15.09.2011 - 17.09.2011 17. Mеѓународeн саем за пакување „EUROASIA PACKING ISTANBUL 2011„ и 6. Саем за технологија на храна “ISTANBUL FOOD-TECH 2011”, Република Турција Посета на 17. Mеѓународeн саем за пакување „EUROASIA PACKING - ISTANBUL 2011„ и 6. Саем за технологија на храна “ISTANBUL FOOD-TECH 2011”, Република Турција

Во периодот од 15 до 17 септември 2011 година, во Истанбул , Република Турција, ќе се одржи 17. Mеѓународен саем за пакување „EUROASIA PACKING - ISTANBUL 2011„ и 6. Саем за технологија на храна “ISTANBUL FOOD-TECH 2011”. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странски компании ќе ги пласираат од областа на: - системи за автоматизација, полнење вреќи, енокодирање со бар код машини, компресори, подвижни ленти и системи, машини за сушење, флексо-машини за печатење, машини за пакување храна, машини за кеси, регулатори, отпори, машини за сечење, машини за вакуум-пакување, индустриски миксери, артикли за намалување на мувлата, адитиви, пластични суровини, заштитни материјали за пакување, алуминиумско пакување, шишиња, кутии, картони за пакување, флексибилни пакувања (стиропор), стаклена амбалажа, херметички кутии, метално пакување, хартиено пакување, пластични кеси, угостителски прибор за еднократна употреба, дрвена амбалажа, лепила, маркери, пакување рециклиран материјал и др. Во делот на технологијата на храна можат да се видат пекарници, технолгија за пијалоци, безбедност на храната, адитиви, системи за складирање на храна, технологија на пијалаци и течна храна, технологија за млеко и млечни производи, технологија за месо, технологија за слатки и производи од житарки, хигиена и контрола за квалитетот на технологијата за прехранбени адитиви, чување храна, ладење, вентилација и друго. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 15-17.9.2011 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.720 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 5.8.2011 година.

Пријава

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Организирана посета на Саемот со обезбедени бесплатни влезници и хотелско сместување


7

www.mchamber.mk

31.10.2011 - 05.11.2011 Од 31.10 до 05.11.2011 - Организирана посета на Меѓународниот општ саем “FIHAV EXPOCUBA 2011” и деловни средби со кубански компании, во Хавана, Куба

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Во перидот од 31 октомври до 5 ноември 2011 година, во Хавана, Куба, ќе се одржи 29. Меѓународен саем на стоки за широка потрошувачка “FIHAV EXPOCUBA 2011”. На овогодинешната саемска манифестација, ќе земат учество локални и странски производители и трговци од различни стопански дејности. Во 2010 година, повеќе од 1.000 излагачи од 58 земји ги промовираа своите производи за широка потрошувачка, машини, технологија, електроника, медицина, суровини и репроматеријали за индустрија и друго. За време на саемската манифестација, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Куба, со седиште во Софија, ќе организира билатерални деловни средби на македонските посетители со кубанските излагачи. Стопанската комора на Македонија, како овластен национален координатор, организира посета на македонски компании на “FIHAV EXPOCUBA 2011” со организиран авионски превоз и хотелско сместување, бесплатен влез на саемот, како и посредување при издавање визи за Куба. Целокупните трошоци за посета на Саемот (авионски билети, хотелско сместување и локални трансфери) ќе бидат објавени навреме. Вашиот иницијален интерес за посета на Саемот, Ве молиме, да го најавите најдоцна до 23 август 2011 година, преку пополнување на анкетниот лист.

Пријава

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.