www.mchamber.mk
ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ (бизнис форуми, саемски манифестации, конференции, презентации)
1
www.mchamber.mk
КАЛЕНДАР НА МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА 26.05.2011 (Презентација) ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА БЕЛГРАДСКИОТ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „CULINARIA FINE FOOD“ - На 26 мај 2011 година, во 14:30 часот, во Стопанската комора на Македонија 27.05.2011 (Конференција) ПРВА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ЖЕНИ ОД РЕГИОНОТ-„ ХОТЕЛ ПРЕДИЈАНЕ„-СРБИЈА(27 и 28 мај 2011) 28.05.2011 (Саем) Од 28-31 мај 2011 година – Меѓународен саем за текстил, предива, трикотажа и машини - “TEXPO EURASIA 2011’’ во Истанбул, Турција 02.06.2011 (Саем) Посета на меѓународниот саем за спорт, лов, стрелаштво, риболов и опрема за кампување- BURSA NATURE, HUNTING 2011 16.06.2011 (Саем) Од 16-18 јуни 2011 година – Меѓународен саем за убавина, козметика и уметнички додатоци “BEAUTY EURASIA 2011’’ во Истанбул, Турција 08.09.2011 (Саем) 5-ти Интернационален саем за авто делови CIAPE (China International Auto Parts Expo) од 08 до 10 Септември 2011 година во Пекинг, Кина 08.09.2011 (Форум) Стопанската комора на Македонија организира учество на македонски компании на Евро - Кина бизнис-форум 2011, пријавување до 27 мај (петок)
ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
2
3
www.mchamber.mk
26.05.2011 ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА БЕЛГРАДСКИОТ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „CULINARIA FINE FOOD“ На 26 мај 2011 година, во 14:30 часот, во Стопанската комора на Македонија
Со цел поблиско запознавање со овогодинешното издание на Culinaria Fine Food, од страна на менаџментот на саемскиот организатор, ќе се одржи бесплатна презентација на Саемот, на 26 мај 2011 година во Стопанската комора на Македонија, со почеток во 14:30 часот. ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
Меѓународниот саем за храна и пијалоци „Culinaria Fine Food“ ќе се одржи од 28-30 септември 2011 година, во конгресниот Белекспо центар во Белград, Република Србија. • „Culinara Fine Food“ е организиран исклучиво како деловен професионален саем. • Излагачи на Саемот ќе бидат производители на храна и пијалаци од целиот свет. • Се очекуваат купувачи и посетители од Европа, од извозно-увозни трговски куќи и агенти, ресторани, големи синџири на супермаркети и специјализирани работилници за деликатесна храна. • Саемот е организиран под покровителство на УСАИД Агробизнис, ГТЗ, Министерството за земјоделство на Србија и Стопанската комора на Србија. • Одделни компании ќе се претстават преку национални павилјони (Италија, Грција, Хрватска, Словенија, Турција ...). • Саемскиот концепт овозможува непосредна комуникација и остварување средби меѓу излагачите и домашните и странски купувачи (Lidl, Tesco UK, Globus, Supreme Group, Ax Food, Horeca , малопродажни трговски синџири, увозници итн.). • Ќе бидат организирани дегустации и натпревари на различни национални кујни. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за учество на бесплатната презентација на саемската манифестација, на којашто ќе бидат наведени условите за организирано учество и посета на Саемот, најдоцна до 23 мај 2011 година. Агенда Пријава
Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk
4
www.mchamber.mk
На 27 и 28 мај 2011 година ќе се одржи Првата меѓународна конференција на бизнисжени од регионот во Предејане во Србија „СО ЗДРУЖЕНИ ЖЕНИ ВО РЕГИОНОТ ПОБРЗО ВО ЕУ“. Регионалната стопанска комора Лесковец, Република Србија, ќе биде домаќин на Првата меѓународна конференција на бизнис-жени од регионот и на Третата конференција на Асоцијацијата на бизнис-жени на Србија, под мотото “Со здружени жени во регионот побрзо во ЕУ“ (Faster with women in EU). Конференција ќе биде посветена на економската соработка на бизнис-жените од Балканот и земјите-членки на ЕУ. Нејзиното одржување е на 27 и 28 мај 2011 година, во големата сала на мотелот “Предејане “ во Предејане во Република Србија, со почеток во 10:30 часот. Актуелни теми на Конференцијата ќе бидат: европската интеграција, меѓународното вмрежување на женитепретприемачи, бизнис-портал за претприемачи, селски туризам, агробизнис - органско земјоделство, услуги, трговија и маркетинг. Конференцијата ќе биде дводневна размена на искуства, идеи и знаења. На Конференцијата ќе бидат организирани презентации, трибини на дадените теми, на кои ќе се разговара за тековните проблеми во развојот на претприемништвото. Учесниците ќе имаат можност да ги презентираат своите деловни успеси преку организирана изложба (изложување на штандови на производите и нивна продажба). Во рамките на Конференцијата се планира и модна ревија, за што учесниците кои сакаат нивните производи да учествуваат во модната ревија треба навремено да се пријават. Стопанската комора на Македонија организира заеднички автобуски превоз,a сите ќе бидат сместени во мотелот “Предејане„. Цена за ноќевање со појадок по лице изнесува 1515 дин. Превозот и сместувањето се на товар на учесниците на Конференцијата. Пријавување до 23 мај 2011 година.
Агенда Пријава Список
Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk
Контакт лице : Станка Дамјановска Тел: (02) 3244016 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: stanka@mchamber.mk
ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
27-28.05.2011 ПРВА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ЖЕНИ ОД РЕГИОНОТ - „ХОТЕЛ ПРЕДИЈАНЕ„ - СРБИЈА
5
www.mchamber.mk
28.05.2011 ОД 28-31 МАЈ 2011 ГОДИНА – МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТЕКСТИЛ, ПРЕДИВА, ТРИКОТАЖА И МАШИНИ - “TEXPO EURASIA 2011’’ ВО ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА Организирана посета на саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување !
ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
Во периодот од 28 до 31 мај 2011 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржат три меѓународни саемски манифестации и тоа: • 28-ми саем за текстил, ткаење, предива, финиширање на производи,плетење,везење,три котажа и машини за текстил: -TEXPO EURASIA 2011, • 8-ми меѓународен саем за предива: -INTERNATIONAL ISTANBUL YARN FAIR Станува збор за еден од поголемите меѓународни саеми на кој ќе земат учество голем број реномирани турски и странски компании и производители на: • Текстилни ткаенини • Текстилни предива • Трикотажа • Шиење • Везење • Боење и принтање • Текстил за домаќинство • Теписи • Долна облека • Друго Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор - АДОНИС ГРУП организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на саемската манифестација од 28-30 мај 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување за две ноќевања со доручек, трансфери од хотел до саем, трансфери при авионски превоз и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци кон саемскиот организатор Адонис од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра административни трошоци) како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 19 Maj 2011 година. Пријава
ККонтакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk
6
www.mchamber.mk
Организирана посета на саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување. Во периодот од 2 до 6 јуни 2011 година, во Бурса, Република Турција ќе се одржи 3-ти отворен саем за спорт, лов, стрелаштво, риболов и опрема за кампување- BURSA NATURE, HUNTING 2011. На саемот ќе бидат претставени следниве производи, дисциплини и отворени спортски активности: • (јавање, нуркање и костими за нуркање, скијање на вода, планинарење, голф), • лов и опрема за лов (огнено оружје, античко огнено оружје, пушки за лов, пиштоли, патрони и муниција, лак и стрела и др.), • ножеви и алатки (џебни ножеви и ножеви за лов), • кучиња за лов (ветеринарски служби, кафези, храна и куќички за кучиња), • риболов и опрема за риболов (храна и производи за риболов, рибарски алишта), • надзор помагала и електронски помагала (радари, компаси, опрема за навигација, двогледи, фотографска опрема, лампи, факели) • теренски возила, велосипеди, возила за лов, јахти, чамци додатоци за лов (витамини, минерали, спортска исхрана) • спортски часовници, часовници за нуркање, фитнес часовници и др. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор-АДОНИС ГРУП организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на саемската манифестација од 2-4 јуни 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување за две ноќевања со доручек, трансфери од хотел до саем, трансфери при авионски превоз и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци од човек за саемскиот организатор Адонис од 95 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци) како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании, спортски здруженија, ловечки друштва и поединци да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 26 мај 2011 година.
Пријава Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk
ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
02.06.2011 ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА СПОРТ, ЛОВ, СТРЕЛАШТВО, РИБОЛОВ И ОПРЕМА ЗА КАМПУВАЊЕ “BURSA NATURE, HUNTING 2011”
7
www.mchamber.mk
16-18.06.2011 МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА УБАВИНА, КОЗМЕТИКА И УМЕТНИЧКИ ДОДАТОЦИ “BEAUTY EURASIA 2011’’ ВО ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА Во периодот од 16 до 18 јуни 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи реномираната Mеѓународната саемска манифестација за убавина, козметика, и уметнички додатоци “BEAUTY EURASIA 2011’’.
ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество над 400 реномирани компании од преку 40 земји од Средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток, од Северна Африка и земјите од Голфот. На овогодинешното издание на “BEAUTY EURASIA 2011’’ ќе бидат претставени следниве сектори: • парфеми, дезодоранси, мириси; • боја за козметика; • производи за нега на тело и коса; • опрема и производи за салони за коса; • опрема и производи за салони за убавина; • производи за коса; • производи за нега на кожа; • средства за хигиена; • козметика за бебиња; • алатки за убавина; • пакување; • суровини и репроматеријали; • природни производи и др. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 15-17 јуни 2011 година. Трошоците за хотелско сместување и превоз паѓаат на товар на пријавените посетители. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 16 мај 2011 година. www.beautyeurasia.com
Пријава Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk
8
www.mchamber.mk
08.09.2011
5-ти Интернационален саем за авто делови CIAPE (CHINA INTERNATIONAL AUTO PARTS EXPO) од 08 до 10 Септември 2011 година во Пекинг, Кина
На овој саем ќе се презентираат најеминентните производители, добавувачи, купувачи и корисници на авто делови, електроника, автогалантерија од Кина и регионот. Минатата година на саемот учествуваа 1.356 компании од 122 земји, а истиот беше посетен од околу 50.000 посетители. Доколку има заинтересирани компании да го посетата саемот CIAPE, организаторот ги покрива трошоците за две ноќевања во хотел, како и покривање на трошоците за транспорт од хотелот до местото на одржување на саемот. Исто така, организаторот зема обврска да договори средби со најмалку 10 кинески компании со македонските компании посетители на CIAPE. Доколку сте заинтересирани да го посетите саемот можете да се регистрирате на web страницата www.iapechina.com до 10 Август 2011 година. облиски информации за посета на саемот може да добиете во Стопанска комора на Македонија, контакт лице Војкан Николовски тел 02 3244 068, E-mail vojkan@mchamber.mk или во Канцеларијата на Економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина на e-mail eco@t-home.mk, или телефон 02 3069-658 и 02 3069 668.
Контакт лице : Војкан Николовски Тел: (02) 3244068 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk
ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
Од страна на Канцеларијата на Економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина, Стопанската комора на Македонија е информирана е дека од 08 до 10 Септември 2011 година во Пекинг, Кина ќе се одржи 5-тиот Саем CIAPE (China International Auto Parts Expo).
9
www.mchamber.mk
08-10.09.2011
Стопанската комора на Македонија организира учество на македонски компании на Евро - Кина бизнис-форум 2011, пријавување до 27 мај (петок)
Обезбедено бесплатно хотелско сместување за македонските компании !
ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
Во периодот од 8 до 10 септември 2011 година, во градот Чангчун, регион на Јилин, НР Кина, ќе се одржи Евро-Кина бизнис-форум, на којшто учествуваат голем број реномирани европски и кинески компании. Стопанската комора на Македонија, во делот на коорганизација и промоција на настанот пред македонските компании, се јавува како партнер на организаторот на настанот - Macro Euro-China Entrepreneurs Club (MECEC) и локалната кинеска влада, а во соработка со стопанските комори и професионални асоцијации од над 20 европски земји. За време на Бизнис-форумот ќе се одржат билатерални деловни средби меѓу компании од Европа и од Кина, по принцип на електронско поврзување според сродни или слични стопански дејности. Целта на Бизнис-форумот е да се развијат компетитивни трговски релации со Кина, да се воспостават најсоодветни бизнис-канали со кинески компании и да се обезбеди поволна трговска платформа за влез на кинескиот пазар. Евро-Кина бизнис-форумот 2011 е брз, современ и ефективен начин на пронаоѓање на соодветен и сигурен деловен партнер од странство преку претходно автоматско поврзување (business match-making) од исти или слични стопански сектори. Настанот претставува одлична прилика компаниите заинтересирани за проширување на своите деловни активности во брзорастечката економска сила Кина да остварат директни средби со потенцијални партнери: извозници, увозници, дистрибутери, што од своја страна ќе придонесе за склучување деловни договори, договори за застапување, заемни активности во трети земји, трансфер на know-how технологии, истражување и развој итн. Кои се предвидените стопански сектори? • автомобилската индустрија; • железница и железнички компоненти; • опрема и машини за индустрија; • животна средина; • земјоделие и прехранбена индустрија; • дрвна индустрија и мебел; • ИТЦ (информатичко-телекомуникациски сектор); • финансиски сектор и банкарство и др. За времетраење на настанот предвидени се организирани посети на високотехнолошки развојни зони, фабрики за автомобилска индустрија, индустриски центри итн. Место на одржување: Јилин е кинеска провинција која се наоѓа во североисточна Азија, (900 километри од Пекинг) и е еден од најбрзо растечките региони и кинески центар на автоиндустријата. Стопанската комора на Македонија, како овластен национален координатор на македонските компании за Бизнис-форумот, Ве поканува да го пријавите Вашиот интерес за учество, најдоцна до 27 мај 2011 година. За македонските компании пријавени преку Стопанската комора на Македонија обезбедено е бесплатно хотелско сместување (3 ноќевања, бесплатни локални трансфери, официјален преведувач, приемен коктел и свечена вечера. Целокупните логистички активности (хотелско сместување, авионски превоз, визи) ќе бидат организирани од страна на Стопанската комора на Македонија. Повеќе информации на : www.euro-china.net
Агенда Пријава Список Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk