Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
Број 331
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
01.12.2017
Одржан Бизнис форум на Советот на странски инвеститори и на Стопанската комора на Македонија
ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ
2 2
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОДВЛЕЧЕНО
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
3
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
Одржан Бизнис форум на Советот на странски инвеститори и на Стопанската комора на Македонија
ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ Во хотелот „Александар Палас“ се одржа Бизнис форум, со цел деловно поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи, а ин\\ицијатори беа Советот на странските инвеститори и Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Владата на Република Македонија (30.11.2017 година). На Бизнис форумот, пред преполнетата сала со странски инвеститори во земјава и домашни компании заинтересирани за соработка со нив, се обратија проф. д-р Кочо
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, м-р Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори, како и Аврам Стојчевски, претседавач со Асоцијацијата на автомобилската индустрија. Модератор на настанот беше Ирена Јакимовска, потпретседател на Советот на странски инвеститори. -За да правиме стратегија за привлекување странски инвестиции, треба да им веруваме на бројките и на фактите, а тие покажуваат дека денес има вкупно 23 странски компании кои користат државна помош, од кои 19 се активни, - истакна проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија. Кога станува збор за соработката со локалните добавувачи, бројките се поразителни – во делот на вкупните набавки на компаниите од слободните зони, домашните добавувачи учествуваат со помалку од 1%. Најчесто соработката се сведува на користење на обезбедување, угостителски услуги, одржување, комунални услуги, а исклучително малку во делот на производствениот процес. -Прашањето е колку овие инвеститори имаат директен импакт врз македонската економија, освен што вработуваат над 20.000 лица, но трагично е што тие не се прво
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
5
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
вработени туку се преземени од домашните фирми, а тоа, според мене, е нелојална конкуренција и нездрава економска логика, - истакна заменик-претседателот на Владата на Република Македонија. Д-р Анѓушев се осврна и на новите мерки на Владата на РМ, со јасно дефинирани критериуми, инкорпорирани во Планот за економски развој, коишто важат подеднакво како за странските така и за домашните компании, а како поважни ги наведе: - за секое новокреирано работно место, минималната финансиска поддршка ќе изнесува 10% од платата ако најмалку 80% од нововработените лица биле евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија, за период од најмалку 3 месеци, или ако се вработат лица со штотуку завршен образовен процес; - за трајно воспоставена деловна соработка на СДИ со домашни претпријатија, за набавка на 10% од производните инпути од домашни фирмии над просекот за последните 3 години, финансиската поддршка ќе изнесува 1% од вредноста на набавките; за секои дополнителни 10% набавени инпути од домашни претпријатија, финансиската поддршка ќе се зголемува за 2% од вредноста на набавките; - за пораст на вкупниот приход од работењето над обемот на вкупниот приход во последните 3 години, ќе се врши поврат на инвестициите направени во претходната година во висина од 10%.
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ На крајот, д-р Кочо Анѓушев истакна дека се најавени 19 нови странски инвестиции, со коишто допрва ќе се потпишат договори за нивно инвестирање во Република Македонија. На прашањето кои се најважните фактори за една странска компанија да инвестира во една земја, м-р Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори, истакна дека самиот пакет на поволности што ги нуди државата не е пресуден фактор да се донесе таква одлука. Потребно е да се има и сет на долгорочни мерки и економски политики за креирање поволна бизнис клима и водење бизнис, односно конзистентна законска регулатива за инвестирање, еднаков третман и грижа за странските инвестиции, правна сигурност, расположлива работна сила, нејзиниот квалитет, образовниот систем, фукционален и ефикасен домашен пазар, инфраструктурата, како и присуството на други инвеститори, кои се дел од факторите кои влијаат на одлуката за инвестирање. - Кога се споредуваат условите за инвестирање во регионални рамки, не е многу тешко да се одлучиме за најповолните услови што ги нуди Македонија како атрактивна дестинација за инвестирање, - истакна претседателот на Советот на странски
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
7
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
инвеститори, м-р Штефан Петер. Тој исто така посочи на фактот дека странските инвеститори не треба да се поистоветуваат исклучиво со фабриките коишто работат во слободните зони, нивниот број е многу поголем на територијата на целата држава, а значењето на странските инвестиции не е само во улога на извор на средства за инвестирање, туку се очекува истите да донесат и нови технологии, да ја ангажираат домашната работна сила, да придонесат за искористувањето на домашните ресурси и генерално, да донесат нова бизнис-филозофија, која позитивно ќе влијае и врз останатиот економски, па и политички амбиент во земјата. -Со оглед на тоа дека најголем дел од најновиот бран странски инвеститори во земјава се главно од автомобилската индустрија, логично е најголем дел од македонските компании - потенцијални доставувачи за странците да бидат токму од оваа индустрија, истакна Аврам Стојчевски, претседавач со Асоцијацијата на автомобилската индустрија при Советот на странски инвеститори. Странските компании во слободните зони, генерално, набавката на суровини и основни компоненти за нивните производи ја вршат централизирано, од познати и веќе традиционални партнери, меѓутоа потенцијалот за соработка со домашните компании е голем и тој треба целосно да се искористи во наредниот период. -За домашните компании соработката значи повеќе работа и развој, трансфер на знаења и нови технологии, нови стандарди, како и зголемена конкурентност и, секако, можност за извоз на странски пазари, - потенцира Стојчевски.
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ Од тие причини, македонските компании треба се ангажираат во правец на интензивирање на соработката со странските компании кои работат во земјава, да бидат поагресивни и да им се наметнат на странските компании, пред се` со квалитетни производи, конкурентни цени и поседување на потребните сертификати за квалитет. -Соработката на домашните компании со странските инвеститори во земјава е всушност замена на извозот. Заедно со нив можат да остварат технолошки напредок, како и воведување современи менаџерски знаења. А, кога еднаш ќе се стане добавувач на странска компанија, тогаш е полесен и патот кон странските пазари, - додаде Стојчевски. На крајот, модераторот Ирена Јакимовска потенцираше дека е неопходно македонските компании да го подобрат квалитетот и асортиманот на сопственото производство, а тоа можат да го направат единствено со полесен пристап до евтини кредити, реформи во образовниот систем и инвестирање во квалитетна работна сила по мерка на приватниот сектор. По завршувањето на официјалниот дел на Бизнис форумот, се одржаа билатерални
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
9
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
средби, на коишто се разговараше и се договараше за идната деловна соработка помеѓу 35 странски инвеститори и преку 60 домашни компании. Резултатите од Анализата на ефектите од новите извозно ориентирани компании во домашната економија на Народната банка на РМ покажуваат дека износот на вкупните набавки на компаниите од индустриските зони од субјекти на домашниот пазар во 2014 и 2015 година изнесуваат по околу 45 милиони евра, додека во 2016 година износот е близу 33 милиони евра. Додадената вредност, односно „чистата“ нова вредност генерирана од компаниите во индустриските зони изнесува околу 617 милиони евра, за последните четири години. Вредноста на вкупните инвестициски набавки (набавка на основни средства) направени од домашни субјекти е проценета на околу 148 милиони евра, додека вредноста на вкупните расходи за стоки и услуги набавени на домашниот пазар изнесува околу 78 милиони евра. м-р Милена Перчинкова Влатко Стојановски
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
Enterprise Europe Network
Европска мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network)
ПОДДРШКА ЗА ПОГОЛЕМА ЕФЕКТИВНОСТ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА Последните податоци од Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) покажуваат позитивни показатели за вкупниот промет, пазарниот удел и креирањето нови работни места на малите и средни претпријатија (МСП) во идниот период. Истражувањето спроведено од Enterprise Europe Network беше презентирано на Годишната конференција, што се одржа во Талин, Естонија, од 20-22 ноември 2017 година. Имајќи предвид дека МСП имаат клучна улога на полето на иновациите и создавањето нови работни места, а воедно се и главниот носечки столб на европската економија, позитивните индикатори за нивниот развој кои произлегуваат од спроведеното истражување се од витално значење. Според добиените податоци, 85% од европските МСП очекуваат во следната година да креираат нови работни места или да бидат задржани постојните, 54% од МСП очекуваат да го зголемат својот пазарен удел, додека 65% од МСП кои извезуваат во рамките на Европа или пошироко очекуваат да го зголемат вкупниот промет. Што е уште поважно, податоците ја покажуваат важната улога на Европската мрежа на бизнис можности за постигнувањето на овие перформанси на деловните субјекти. Во изминатите две години, 457.915 МСП добиле некаква услуга од партнерските организации на мрежата, повеќе од 303.000 МСП добиле информативни услуги или организирани тренинг-сесии. При тоа, 103.000 МСП добиле совет од експертите во мрежата во насока на унапредување на нивната иновативност, раст и интернационализација, додека 5.915 МСП имале корист од пакетите за поддршка на иновативноста, кои се приспособени на нивните потреби. Конечно, во изминатите две години 46.000 МСП учествувале на меѓународни настани, форуми и средби, каде што биле одржани повеќе од 156.000 деловни средби.
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
11
Enterprise Europe Network
Што претставува Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Netwоrk)? Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) е најголемата мрежа на контактни центри во Европа со цел да им помогне на малите и средни претпријатија да настапат и да ги искористат можностите што ги нуди европскиот пазар. Мрежата е застапена во повеќе од 60 држави и е најголема мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија, во чии рамки се вклучени повеќе од 600 партнерски организации и институции. Стопанската комора на Македонија е дел од Европската мрежа на бизнис можности, преку Националниот конзорциум во којшто, покрај Комората, партнери се и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување - МИР.
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
Enterprise Europe Network
При тоа, особено треба да биде истакнато високото ниво на задоволство на компаниите од добиените услуги – 86% од клиентите на Европската мрежа на бизнис можности биле задоволни од добиените услуги, а дури 93% би ја препорачале мрежата на други компании. Што можете да добиете преку Европската мрежа на бизнис можности? Мрежата има за цел да им овозможи на претприемачите што полесно и што побрзо да пронајдат партнери за своите надворешно-трговски активности. Користењето на услугите е целосно бесплатно. Европската мрежа на бизнис можности нуди: - поддршка во наоѓање соодветни бизнис партнери во Европа и пошироко, користејќи ја својата база за бизнис соработка; - обезбедување информации за учество на саеми, брокерски настани, компаниски мисии, конференции и обуки; - креирање и промовирање профили за бизнис соработка за претпријатијата и меѓународно вмрежување; - организирање локални и регионални настани; - организирање панел дискусии за теми од ЕУ; - одговарање на прашања добиени од страна на клиентите и средби со компании; - обезбедување поддршка на МСП за интернационализација; - давање услуги на компаниите скроени според Вашите потреби. Контактирајте не` за дополнителни информации д-р Татјана Штерјова
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
е
јт
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
а ач ар
FS 549642
13
Н
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Презентирана првата Студија за социо-економското влијание на Пивара „Скопје“ ПОВЕЌЕ ОД 44 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА И 21 МИЛИОН ЕВРА ВО БУЏЕТОТ ГОДИШНО ОД ПИВАРА СКОПЈЕ Со своето работење Пивара Скопје годишно создава 44,6 милиони евра бруто додадена вредност за македонската економија. Околу 6.000 лица во земјава целосно или делумно зависат од генерираниот личен доход во целиот синџир на создавање вредности на Пивара Скопје, која годишно обезбедува 13,7 милиони евра личен доход за своите вработени, како и за вработените во компаниите со кои соработува, што е еднакво на просечната месечна плата на 25.000 лица во земјава. Вкупниот годишен придонес на компанијата во буџетот на земјата надминува 21 милион евра, што претставува 12% од целокупниот данок од добивка во државата за 2016 година. Кон ваквиот придонес на Пивара Скопје се додава и оној на партнерот – The Coca Cola Company, која само минатата година инвестираше над 1,4 милиони евра во македонската економија.
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
15
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Ова се дел од индикаторите за учеството на Пивара Скопје во развојот на македонската економија, кои во форма на заклучоци се издвоени во првата Студија за социо-економското влијание на компанијата што беше презентирана во Стопанската комора на Македонија, пред претставници на бизнис-секторот, на институциите на државно и на локално ниво, на академската заедница, дипломатскиот кор во земјата и на организации од граѓанскиот сектор. Целта на оваа студија, изработена според научна методологија од реномираната меѓународна консултантска куќа „Deloitte Sustainability Consulting“, е на транспарентен, независен и објективен начин да се одреди и да се прикаже пред целокупната јавност влијанието и значењето што Пивара Скопје го има во развојот на домашната економија и просперитетот на заедница. Во Студијата, која е прва од ваков вид во земјата, е содржано и дека секое работно место во компанијата придонесува за дополнителни 3,6 работни места во земјата. Пивара Скопје обезбедува работа за 1.000 добавувачи, од кои годишно набавува стоки и услуги во износ од 33,6 милиони евра. Компанијата соработува со повеќе од 13.000 бизнис-ентитети во земјата, со што остварува позитивно влијание врз развојот на повеќе од 15 витални сектори од домашната економија, меѓу кои: земјоделството, трговијата на големо и мало, угостителството и туризмот и други, со што во голема мера влијае врз заживувањето на целокупната економска активност во земјата. „Формулата за ваквиот успех на Пивара Скопје не е никаква тајна. Тој е резултат на работата и на залагањата на генерации посветени вработени, на квалитетот и интегритетот на нашите производи, на целокупната поддршка што ја добиваме од
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА двете глобални групации на кои им припаѓаме, Coca-Cola HBC и Heineken, и секако на довербата од нашите потрошувачи на кои веќе 93 години им ги нудиме најомилените безалкохолни пијалаци и пива на пазарот“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.„Успехот на компанијата се должи и на силните партнерства што ги градиме со нашите соработници, бизнис-партнери, коморите, државата и нашите потрошувачи. И во иднина ќе продолжиме да вложуваме многу време, енергија и други ресурси во обезбедување одржлив раст на нашата компанија, со што дополнително ќе придонесеме за социо-економскиот развој и просперитетот на заедницата“, заклучи Радосављевиќ. За придонесот што го има Пивара Скопје за развојот на домашната економија, од експертски агол, но и од аспект на институциите, говореше и заменик-министерот за економија Кире Наумов. „Со сите свои деловни операции, Пивара Скопје стимулира активности што се протегаат низ целокупниот синџир на вредности, поддржувајќи голем број компании, кои, пак, вработуваат, реализираат приходи и плаќаат даноци, со што се предизвикуваат позитивни ефекти во целокупната домашна економија“, изјави Наумов.
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
17
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
„Покрај влијанието што го има врз македонската економија, Пивара Скопје значително придонесува и за продлабочување на соработката во рамките на бизнисзаедницата, како и со државните институции и со другите организации. Сметам дека и во иднина, Пивара Скопје, како лидер во домашната индустријата за производство на пијалаци, ќе продолжи да дава силен придонес за развојот на македонската економија, бизнисите и општеството во целина, повторно и повторно победувајќи ги предизвиците на времето“, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакнувајќи ја улогата на Пивара Скопје во економијата и пошироко. Посебен сегмент во Студијата за социо-економското влијание на Пивара Скопје е посветено на реализацијата на големиот број значајни општествено одговорни платформи и напорите за едукација и за подигање на свеста за теми што се исклучително важни за просперитетот на заедницата, во областите какви што се: здравјето и безбедноста, активниот животен стил, умерената и одговорна консумација на алкохол, јакнењето на местото на жената во општеството, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, како и стекнување знаења и вештини кај младите, со кои тие полесно ќе ги надминат бариерите при вработувањето или ќе отворат свој бизнис. Сето ова докажува дека одржливиот развој на заедницата на која припаѓа е основниот принцип на дејствување на Пивара Скопје. Целата Студија за социо-економското влијание на Пивара Скопје е достапна на интернет-страницата ПОЛНА ЧАША: www.polnacasa.mk
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
СОРАБОТКА
СИМПОЗИУМ на тема: „НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА“- ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ Интензивирањето на билатералните односи на Република Македонија со Република Турција за поголема конкурентност беше во фокусот симпозиумот на тема: „Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција“, организиран од страна на Фондацијата за економски истражувања од Истанбул со поддршка на Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) (29.11.2017 година). - Владата на Македонија ќе продолжи да ја поддржува соработката меѓу двете земји и ќе продолжи да работи на подобрување на инфраструктурата со цел да се зголеми економската соработка, а со тоа ќе придонесе за зголемување на инвестициите, истакна проф. д-р. Аднан Ќахил, министер без ресор на Владата на РМ, задолжен за странски инвестиции. -Во иднина политиката на Македонија ќе создава амбиент за економски раст на Македонија, а инвестициите и форумите се добредојдени од двете страни и треба да бидат се` почести, нагласи проф. д-р. Аднан Ќахил. - Постојат взаемни сестрани односи кои интензивно се развиваат поради поволната инфраструктура. Трговската размена треба да се интензивира во наредниот период бидејќи бројките не се задоволителни и за двете земји. Постојат најави за нови инвестиции во Македонија во делот на енергетиката и услужните дејности, - посочи Тулин Еркал Кара, амбасадор на Република Турција во Македонија. - Билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични, и тие се на ниво на традиционално пријателство, со сите елементи на стратешко партнерство и со уште поголем потенцијал за севкупна соработка на чие искористување треба да се работи во наредниот период. Не` радува фактот што Владата на Република Турција и турските бизнисмени имаат стратешки интерес за интензивирање на трговската соработка со Македонија, бидејќи Македонија и регионот имаат потреба од интернационализација на економијата во партнерство со јака економија, како што е турската, - истакна Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. Неговата порака до гостите беше дека во Македонија постојат големи можности за инвестирање во повеќе сегменти и тоа во инфраструктурата, особено патната и железничката, во земјоделството, текстилната и автомобилската индустрија и во туризмот. -Веќе постојат реални предуслови турските и македонските компании заеднички
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
19
СОРАБОТКА да влезат на пазарите во Европската унија, северна Африка и на Блискиот Исток, за што компаниите треба добро да се подготват и да се информираат. Исто така, турските компании треба да ги искористат предностите што ги има Македонија во поглед на либерализираната трговија со ЕУ и со ЦЕФТА-земјите и преку дијагоналната кумулација на потеклото на стоките да обезбедат поконкурентен настап на овие пазари - додаде Антони Пешев.
Учесниците се согласни дека заеднички и со квалитетно производство можат да најдат место на пазарите во ЕУ, Блискиот Исток и во северна Африка, со цел поголема конкурентност. Над стотина турски и македонски компании беа присутни на денешниот симпозиум, следејќи ги двете панел-дискусии на теми поврзани со инвестирањето и трговското финансирање, улогата на технологијата и иновациите при зголемување на потенцијалот на конкурентноста на македонската економија, како и споделување на бизнис искуства на компаниите кои работат во Република Македонија и Република Турција низ конкретни проблеми и предлози кои дополнително ќе се разгледуваат. Инаку, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во првите 9 месеци од 2017 година изнесува 314,9 милиони САД $, што претставува раст од 4,1% споредено со истиот период во 2016 година.
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
СОРАБОТКА Притоа, остварен е извоз во вредност од 60,1 милиони САД $, за 9 месеци од 2017 година, додека увозното салдо изнесува 254,8 милиони САД $. Република Македонија со Република Турција во 2014 година забележа трговски дефицит од 194,6 милиони САД $. Република Турција е осми трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија за 9-те месеци од 2017 година. Извоз на позначајни производи од Република Македонија во Република Турција во јануари - септември 2017 година: • плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик – 19 милиони САД $; • печатени кола - 5,2 милиони САД $; • ткаенини од сечени синтетички влакна со други влакна - 4,1 милиони САД$; • други ткаенини од памук до 85 % памук– 3,4 милиони САД$ ; • неткаен текстил, импрегриран, пресвлечен – 2,7 милиони САД $; • огноотпорни тули, блокови, плочки, керамички производи – 2,4 милиони САД$; • производи од други минерални материи со магнезит и слично – 1,8 милиони САД$; • други тесни ткаенини со 5 % и повеќе еластомерно предиво – 1,7 милиони САД$; • плоснати валани производи од железо или нелегиран челик, обложени со цинк, на друг начин обложени, со ширина 600мм и поголема – 1,4 милиони САД$. • мермер, травертин, екосин и друг варовнички камен за споменици или градежништво – 1,3 милиони САД$; • сурови кожи, овчи и јагнешки са вуном, свежи или солени, сушени,или поинаку конзервирани - 1,3 милиони САД$; • нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и преработки – 1,1 милиони САД$. Увоз на позначајни производи во Република Македонија од Република Турција во јануари - септември 2017 година: • други плетени или хеклани материјали, н.н – 6,2 милиони САД$; • други производи од пластични маси - 4 милиони САД$; • предиво од памук (освен конец за шиење), со 85% или повеќе памук по маса, не за продажба на мало – 4 милиони САД$; • печки, шпорети, решоа, скари и слично – 4 милиони САД$; • плазирани керамички плочки за поплочување или обложување; глазирани керамички
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
21
СОРАБОТКА
коцки за мозаик, на подлогаг или без подлога - 3,9 милиони САД$; • други електрични спроводници,за напон што не надминува 1000 В - 3,8 милиони САД$; • други моторни возила за превоз на лица - 3,7 милиони САД$; • плетени или хеклани ткаенини со ширина поголема од 30цм - 3,5 милиони САД$; • маици, поткошули и други елеци, плетени или хеклани - 3,3 милиони САД$; • прачки и профили од алуминиум - 3,2 милиони САД$; • лимон и лимета, свежи или суви - 2,6 милиони САД$; • лекови, н.н., кои се подготвени во измерени дози, или во форми или пакувања за малопродажба - 2,3 милиони САД$; • машини за миење садови во домаќинство - 2,3 милиони САД$; • фрижидери за домаќинство, со или без длабоко замрзнување - 2,2 милиони САД$; • приемни апарати за телевизија, со или без вграден радиодифузен приемник или со апарати за снимање или репродукција на звук или слика - 1,9 милиони САД$; • ормани, витрини и слично за ладење - 1,2 милиони САД$; • други окови, прибор и слично за мебел - 1,2 милиони САД$; • машини и апарати за филтрирање и пречистување вода – 1 милиони САД$. м-р Сања Николова
22
БИЗНИС ИНФО
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Велес ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА ВО ПРОЦЕСОТ НА ЈАВНИ НАБАВКИ На 29.11.2017(среда) во Хотел Романтик во Велес се одржа Петтата пленарна седница на Регионалната комора со седиште во Велес. Седницата ја водеше претседателот на Регионалната комора, Георги Чадиев., а покрај членовите на Управниот одбор присуствуваа и оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, Елена Милевска Штрбевска и Љупка И.Самарџиска, Виш советник во дирекцијата на Здруженијата според дејности и Регионални комори. На седницата беше предложена и усвоена номинацијата за избор на член во Надзорниот одбор на Стопанската комора на Македонија, при што членовите на Управниот одбор го номинираа Димче Панов, сопственик на „Инса водаинжињеринг“ Велес како преставник од Регионалната комора со седиште во Велес. По однос на проблемите во примената на законските решенија во процесот на јавни набавки со
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
23
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
предлози за нивно надминување во новиот Закон за јавни набавки, Љупка Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, информираше за досегашните согледувања на Комората за потребата од измени на законските решенија кои го регулираат системот на јавните набавки. Врз основа на дефинираните, но и дополнителните предлози кои беа дадени на оваа седница, како и на седниците на другите облици на организирање и работење на Комората, од страна на членките, Стопанската комора на Македонија ќе ги систематизира сите проблеми, иницијативи и предлози за подобрување на системот на јавни набавки во Република Македонија и ќе ги достави до Бирото за јавни набавки, со цел нивно инкорпорирање во новиот Закон за јавни набавки. На крајот на седницата, претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес, Георги Чадиев, даде предлогот а се направи подготовка и печатење на брошура, со цел промоција на фирмите и можностите на стопанството од велешкиот регион. Овој предлог беше усвоен од членовите на Управниот одбор. Ирена Жарова
24
БИЗНИС ИНФО
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Информативна средба во Штип „Шанса за сите“ - ПРЕЗЕНТИРАН ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Во организација на Регионалната комора со седиште во Штип, во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ, Агенцијата за вработување на РМ, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 30.11.2017 година, се одржа Информативна средба за промоција на Програмата „Шанса за сите“, во рамките на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување во 2017 година. Оваа програма е развиена и имплементирана од страна на Владата на РМ и УНДП. Настанот го отвори потпретседателката на Регионалната комора со седиште во Штип Весна Ангеличкова, која што се заблагодари за присуството и истакна дека многу е важно овие мерки да бидат промовирани директно пред стопанствениците затоа што само така ќе може да се оствари комуникација и да се слушнат нивните видувања по основ на
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
25
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ оваа програма. Исто така, свое обраќање пред присутните имаше и Катица Арсовска, раководител на Центар за вработување Штип. Таа истакна дека станува збор за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите дизајнирани за бизнис секторот, насочена кон претпријатијата кои можат да добијат до 615.000 денари неповратна помош. Мерката беше презентирана пред 50-тина претставници од бизнис заедницата и граѓанскиот сектор во регионот. Пред присутните во име на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), свое излагање имаа Драган Ристовски и Викторија Нешковска, мониторинг-координатори. Тие истакнаа дека Оперативната програма содржи најразлични активни мерки, вклучувајќи субвенционирано вработување и други различни обуки за микро, мали и средни претпријатија, како и услуги за невработени лица и програми за усовршување, па заради тоа треба што повеќе да се искористи оваа поволност. Исто така, тие истакнаа дека намалувањето на високата стапка на невработеност во земјата е огромен предизвик и главен приоритет. Регионалната комора со седиште во Штип секогаш им стои на располагање на компаниите-членки и понатаму ќе претставува поддршка на заинтересираните компании да ги искористат бенефитите од презентираните мерки. Моника Стоичева
26
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
27
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 5 - 6 декември 2017 година (вторник и среда) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА
Безбедноста на информациите и информативните системи во целина се едни од најважните теми денес. Во ерата на се` почести и различни видови на напади, злонамерни софтвери и ransomware, многу е тешко да се најде вистинскиот начин за одбрана. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 5 и 6 декември 2017 година, организира семинар на тема: „ИТ-катастрофи (DRP) и форензичка истрага“. Семинарот овозможува стекнување на основни и напредни знаења и вештини за континуирано управување со работењето и закрепнувањето од ИТ-катастрофи, како и истрага на причините кои довеле до тоа. Семинарот овозможува учесниците постепено да се запознаат со креирањето на планови, тестирање, одговорности и ризици кои може да доведат до отежнато функционирање или целосен прекин на работењето, како и ИТ-катастрофи кои можат да доведат до прекинување на работењето на примарниот дата-центар и губење на податоци и важни информации. Покрај тоа, учесниците на семинарот ќе се запознаат и со процедурите за одговор на инцидент (Incident Response – IR), како и форензичко истражување на самиот случај. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11.12.2017 (понеделник) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА – НАПРЕДНА МЕТОДОЛОГИЈА
Целта на оваа интерактивна обука претставува обезбедување на конкретни упатства и know-how за дизајнирање и спроведување на ефикасен и ефективен процес за обработка на поплаки/жалби за сите видови комерцијални или некомерцијални активности, вклучувајќи ги и оние поврзани со електронската трговија. Таа е наменета за вработените во организацијата и нејзините клиенти, подносителите на поплаки/ жалби, како и други заинтересирани страни (мало продажба и големо продажба). Информациите добиени преку процесот на обработка на поплаки/жалби може да доведат до подобрување на производите и процесите. Кога жалбите се соодветно поставени, може да ја подобрат репутацијата на организацијата, без оглед на големината, локацијата и секторот. Справувањето со жалби преку планиран процес како што е дефинирано во секој систем на работа, може да го подобри задоволството на клиентите. Поттикнувањето повратни информации од клиентите, вклучувајќи и поплаки ако клиентите не се задоволни, можат да понудат можности за одржување или зајакнување на лојалноста на клиентите и подобрување на домашната и меѓународната конкурентност. Предавач:- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант, управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје, со 22-годишно искуство во областа на менаџментот. За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Краен рок за пријавување: 6 декември 2017 година.
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
12-13.12.2017 година (вторник-среда) 9:30 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Дводневен семинар на тема: ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА
На дводневниот семинар учесниците ќе стекнат познавања од областа на транспортот и логистиката. Ќе се запознаат со основните типови на транспорт, царински регулативи, складишнина и дистрибуција, паритети, како и кои се улогите во интернационалната логистика. Учесниците ќе ги надградат своите знаења или ќе се запознаат за прв пат со логистиката, а тоа ќе им овозможи успешно работење во која било организација од областа на транспортот и логистиката. Предавач: - Ана Лабор, основач и генерален менаџер на компанијата „Red Sky Logistics“, компанија од областа на транспортот и логистиката во Р. Македонија и работи на пазарот со странски клиенти на територијата на Европа. Ана Лабор е искусна и иновативна со 10-годишно искуство од областа на логистиката. Има работено во државниот, но и приватниот сектор, во домашни и интернационални организации. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 6.12.2017 година. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12-13 декември 2017 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007
Стопанската комора на Македонија на 12-13 декември 2017 година организира акредитирана дводневна тренинг-обука за интерни проверувачи под PECB (Professional Evaluation and Certification Board) www.pecb.com акредитација, што ќе ја спроведува акредитиран PECB-партнер „TQM KONSALTING“ на тема: „ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007“. На оваа тренинг-обука учесниците имаат можност да полагаат тест со што ќе се стекнат со сертификат којшто ќе им овозможи да се стекнат со CPD (Continuing Professional Development) бодови неопходни за аплицирање за водечки аудитор за систем менаџмент (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001…). Целта на обуката е учесниците да стекнат потребни вештини и знаења за самостојно вршење на интерна проверка во рамките на своите компании. Притоа, обуката ќе им овозможи доволно ниво на самостојност и ефикасност при спроведувањето на проверки на квалитетот на услугите и производите, во насока на зголемување на вкупната ефикасност на работењето на компанијата како и задоволување на побарувачката на пазарот. Под поимот „проверка на квалитет“ се подразбира процес на усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнале одредени цели во рамките на организацијата. Предавач: - Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
14-15.12.2017 година (четврток - петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY
Денес навремените и квалитетни информации имаат голема вредност, а давањето смисла на податоците со кои располагаме влијае на донесувањето одлуки и прави разлика помеѓу успешни и неуспешни компании. Како да обработите голема количина на податоци? Ова е проблем со кој се соочуваат повеќето компании, а за максимално користење на информациите и креираните податоци кои се корисни за донесување најдобри деловни одлуки потребна е алатка која ќе го овозможи тоа. А токму Microsoft Excel е алатка која треба да ја поседува секој успешен менаџер. Со доброто познавање на Excel менаџерите ќе бидат во можност да создаваат модели, да го менаџираат ризикот, да ја зголемат тимската работа и комуникацијата во одделот. Power Query претставува дел од сетот аналитички алатки во рамките на Microsoft Excel кои Ви овозможуваат да истражувате, поврзувате, комбинирате и преобликувате податоци во согласност со своите потреби. Power Query е бесплатен додаток за Microsoft Excel кој е достапен за верзиите Excel 2010 и секоја понова верзија. Предавач: - Александар Матиќ, дипломиран машински инженер, раководител и тренер на Центарот за едукација и управување со проекти при Стопанската комора на Србија во областа на бизнис интелигенција, управување со проекти и финансиска анализа. Активно вклучен во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Светска банка како проект менаџер и експерт. Тој е раководител на Проектот „Clusters’ Orientation towards Up-to-date technologies and models for common Development (CLOUD)“ финансиран од страна на ЕУ. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА
Сојузот на сметководители на Република Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија Ве поканува да земете учество на XVIII Меѓународен симпозиум на тема: „Улогата на сметководството и ревизијата во унапредување на националната економија“, што ќе се одржи на 14 и 15 декември 2017 година. Симпозиумот ќе се реализира согласно програмата која е подготвена и приспособена на Годишната програма на ИСОС и обезбедува сразмерна структура на часови за континиурано професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители. Излагачите се истакнати домашни и странски експерти со долгогодишно професионално искуство од соодветните области. Надомест за двата дена на Симпозиумот изнесува 4.720 денари (4000 + 18% ДДВ) * Во рамките на Симпозиумот се организира другарска вечер, на 14.12.2017 година, со почеток во 20:00 часот, во Бистро бар Барбакан - Скопје. Цената по лице изнесува 1.100 денари со вклучена храна и пијалаци. Поради ограничен број на места, ве молиме вашето учество на Симпозиумот да го пријавите најдоцна до 5 декември 2017 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
34
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
18 декември 2017 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ
Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедноста и здравјето при работа, притоа следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија на 18 декември 2017 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ (намалување на ризици од влијанието на азбестот во работната средина). Азбестите материјали се наоѓаат во секојдневното опкружување, многу често во индустрискиот или во комуналниот отпад. Според податоците изнесени во Монографијата 100С на Меѓународната агенција за истражување на ракот (International Agency for Research on Cancer – IARC), сите видови азбест, вклучувајќи го и кризотилот, се докажани предизвикувачи на рак на белите дробови, мезотелиом на плеврата, како и за рак на гркланот и јајчниците. Азбестот е најважниот професионален канцероген агенс, односно се проценува дека околу половина од сите професионални малигни тумори се должат на изложеност на азбест. Целта на семинарот е зголемување на свесноста за здравствените ризици поврзани со професионална експозиција на азбестот, утврдување на изворите на изложеност, професионален ризик, мерки за заштита кај експонираните работници, запознавање со ефектите врз здравјето кај работниците професионално изложени на азбест. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ https://ecobuild2018.b2match.io/
Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Деловните средби обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги од меѓународниот пазар, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа со: архитекти, изведувачи, дистрибутери, агенти, трговци, градители, истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија.
Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.
Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година. Контакт лице од ЕЕН Велика Британија Valerie Pondaven University of Greenwich Enterprise Europe Network Tel: +44(0)7468694606 v.pondaven@greenwich.ac.uk
36
БИЗНИС ИНФО
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042035
Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134
Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги. UA00000041975
Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095
Украина Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар. UA00000041963
Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно
Украина Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
БИЗНИС ИНФО
37
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000041950 Украина Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно. UA00000041951 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947
Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000037834
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1432
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Кина Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041923
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 1 декември 2017, Бр. 331
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088