Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
Број 332
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
07.12.2017
Делегација на Парламентот на Република Индонезија во работна посета на Комората
ПРЕДИЗВИЦИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
2 2
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОДВЛЕЧЕНО
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
ПОСТОИ ОПТИМИЗАМ ЗА АНГАЖИРАНОСТА НА КОМПАНИИТЕ ОД ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД На прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија, што се одржа на 4.12.2017 година, Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, говореше за моменталните движења во градежништвото и проекциите за 2018 година. Тој истакна дека за деветте месеци од оваа година, не се постигнати завидни резултати, ако се разгледаат финансиските резултати, договорените и извршените градежни работи.
БИЗНИС ИНФО
4
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ По согледување на резултатите од работењето на градежните компании за периодот од деветте месеци од оваа година, може да се констатира дека последиците од долготрајната политичка криза во нашата земја, за што повеќе пати предупредувавме изминатиот период, почнаа да се чувствуваат. Посебно негативна импликација се чувствува врз градежниот сектор кој изминативе години беше двигател на економиајта и главен причинител на високиот раст на БДП. Долготрајното предавање на власта е уште една од причините за моменталната состојба на компаниите. Големата неизвесност се одрази во голема мерка врз работењето на државната администрација. Проблемите речиси и да не се решаваа, а постоеја административни пречки во донесувањето одлуки и решенија, коишто имаа финансиска импликација врз проектите, додека пак доспеаните долгови тешко и нередовно се исплаќаа. Наведените причини најмногу придонесоа да дојде до стагнација на работењето, при што се евидентира и намалена активност во однос на минатата година, имајќи предвид дека државните органи, односно Владата на РМ и локалната самоуправа, беа главните инвеститори и двигатели на градежните активности. Оттука, не треба да не` изненадуваат и самите резултати од работењето. Уште еден битен фактор кој имаше големо влијание врз работењето во овој период, посебно врз вредноста на изведените работи, беше и драстично намалениот обем на јавните набавки во градежништвото, од причина што не се отпочна со изведба на нови проекти. За периодот за деветте месеци од 2017 година, ги имаме следните статистички податоци: - во градежништвото за периодот од осум месеци од оваа година имаме зголемување на вредноста на договорените градежни работи за околу 5%, или вредноста изнесува околу 75 милијарди денари, а за истиот период имаше договорени околу 71 милијарда денари; - за истиот период од оваа година имаме намалување на извршените градежни работи од 21,2%, односно извршени се 17,0 милијарди денари, од кои 11, 0 милијарди се извршени во нискоградбата, а околу 6,0 милијарди во високоградбата; - според податоците за издадени одбренија за градење за период од деветте месеци од оваа година, издадени се 2.345 одобренија, или помалку за околу 2,0% споредено со истиот период од 2016 година. Меѓутоа, предвидената вредност изнесува околу 38 милијарди денари, кои се поголеми за околу 7,0% споредено со истиот период од лани, или околу 35,0 милијарди денари; - во странство, за деветте месеци од оваа година, споредно со истиот период од
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ лани, има намалување и на договорените (за 16,0%) и на извршените градежни работи (за 39,0%). Според изнесените податоци, како и изјаснувањето на компаниите-членки на Здружението, интензитетот на активностите се намалува, но постои фронт за работа ако се имаат предвид податоците на договорените градежни работи, кои бележат зголемување во периодот од деветте месеци од оваа година. Нешто подобро стои работењето на производството на градежни и неметални материјали и тоа од причина што индустриското производство споредено деветте месеци од 2017 година со истите месеци од 2016 година, скоро е на исто ниво или има опаѓање само за 0,1%. Извозот на градежни и неметални производи во последните неколку години се движи околу 60-70 милиони евра, додека увозот е далеку поголем и тоа за неколку пати. Во земјата се увезуваат градежни материјали кои се произведуваат, како на пример: керамички тули, цемент, керамиди, изолациони материјали и слично и тоа од соседните земји. Здружението е активно во работењето и своите проблеми и потреби од промена на законската регулатива досега ги има искажано и тоа на два состанока со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, потоа со заменикот на претседателот на Владата, д-р Анѓушев, како и на средби со претставници задолжени за изготвување на текстови на закони од областа на градежништвото. Активностите продоложуваат, така што и следниот понеделник ќе имаме средба со советникот на премиерот за градежништво, - истакна Серафимовски. Оценка е дека до крајот на годината нема да има промени на состојбата во градежниот сектор, посебно кај поголемите компании и трендот од првото деветмесечје ќе биде задржан до крајот на годината. Постои оптимизам за подобрување на состојбите во градежништвото во почетокот на 2018 година, според обемот на договорените работи и најавените инвестиции во периодот што следи. Се очекува на стабилизирање на политичката состојба, од причина што бизнисот не може да трпи уште потреси, кои го забавуваат работењето, а потпомогнато и од самата администрација, која од субјективни или од објективни причини влијаеше врз забавување на тековното работење на компаниите. Марија Петроска
БИЗНИС ИНФО
6
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ
ОСНОВАН КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Една од стратешките цели на Стопанската комора на Македонија е определбата за создавање реални услови за освојување нови пазари кои се од клучно значење за раст на извозот, а со тоа и на националната економија. Македонското стопанство, како мала, отворена економија, за да одржи долгорочен раст, треба и понатаму да ја поддржува извозната ориентација на домашните компании. Потребата за унапредување на извозните можности за компаниите од Република Македонија, како предуслов за економски раст на земјата, беше посочена и како еден од клучните заклучоци во научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“, изготвена од Виенскиот институт за меѓународни економски односи, по барање на Стопанската комора на Македонија, а притоа беше посочено на потребата соодносот на извозот во БДП да се зголеми за околу една половина, до околу 75 проценти. За да може развојот да се движи напред, неопходно е да се направат дополнителни подобрувања во трговскиот сектор со цел да се поддржи растот на извозот. Нецаринските бариери, различните прописи, неусогласените законодавни системи, недоволното знаење за критериумите на извозните пазари, продажни канали, логистика и услови за испорачување, недостатокот од маркетиншки и продажни вештини се само дел од предизвиците со кои компаниите - членки на Стопанската комора на Македонија се соочуваат кога извезуваат во соседните пазари. Од тие причини, на 5 декември 2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа конститутивна седница на Клубот на извозници. Клубот ќе функционира како посебна форма на организирање и работење при Комората, чии основни приоритети ќе бидат насочени кон помагање на своите членови во нивното надворешно-трговско работење, со цел развивање на трговските контакти и насочување на нивните извозно - увозни можности за повисоки облици на соработка, со цел надминување на сите посочени проблеми кои во моментот претставуваат пречка за зголемувањето
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
7
КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ на извозот на домашните компании. На конститутивната седница се усвои Програмата за работа на Клубот, која ќе биде насочена кон развивање и унапредување на соработката со надлежните институции во земјата и во странство, продлабочување на меѓународните активности преку промоција на извозно ориентираните компании од Македонија, како и едукативни настани преку кои ќе се споделуваат искуства и знаења од домашни и странски експерти за зголемување на конкурентноста на македонските компании на странските пазари. Истовремено, сите останати форми на организирање и работење, кои во моментот функционираат во рамките на Стопанската комора на Македонија, а чиј предмет на работење опфаќа активности насочени кон унапредување на соработката со определени земји/подрачја, ќе се присоединат кон Клубот на извозници. За претседател на Клубот на извозници за периодот од наредните две години е избран Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“ ДОО - Виница, додека за потпретседател на Клубот едногласно беше избран м-р Горан Антевски, од компанијата „Раде Кончар – ТЕП“ ДООЕЛ - Скопје. м-р Сања Николова
БИЗНИС ИНФО
8
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
ПОСЕТИ Делегација на Парламентот на Република Индонезија во работна посета на Комората
ПРЕДИЗВИЦИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ Делегација на Парламентот на Република Индонезија, предводена од господинот Абдул Малик Харамеин, заменик-претседавач на Групата за религиски работи, општествени работи и за еманципација на жените, и Н.Е. Сри Астари Расџид, амбасадор на Република Индонезија во Република Македонија со седиште во Софија, Република Бугарија, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев. На денешната средба се дискутираше за можностите за интензивирање на соработката, зголемување на трговската размена, за понатамошно одржување на заеднички средби и учество на саемите кои се одржуваат во двете држави.
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
9
ПОСЕТИ
Претседателот Бранко Азески истакна дека во сите изминати години Стопанската комора на Македонија, како најстара и најбројна бизнис асоцијација во земјата, остварува одлична соработка со Амбасадата на Република Индонезија, како и со почесниот конзул на Република Индонезија во земјава, за што сведочи и презентацијата на Саемот „Trade Expo Indonesia“, што беше реализирана во март оваа година, а се забележуваат и првите резултати за продлабочување на билатералната соработка. Република Индонезија претставува еден од најсилните трговски партнери на Република Македонија во Азија. Воедно, претседателот Азески посочи дека Република Индонезија претставува респектабилен учесник во светската економија со пазар од 250 милиони жители, дел од групата Г-20, која има одлични економски резултати. Тој посочи дека со цел надминување на состојбите кои во моментот ја отежнуваат меѓусебната трговска соработка, потребно е во иднина да се работи на либерализација на визниот режим, но и склучување на договор за одбегнување на двојното оданочување и други договори кои ќе ја олеснат билатералната соработка меѓу двете држави. Исто така, тој се осврна и на активностите на Клубот на извозници, кој се основа во рамките на Стопанската комора на Македонија, чија цел е да придонесе за реализирање на конкретни деловни активности помеѓу компании од двете земји. Шефот на парламентарната делегација од Република Индонезија, господинот Абдул Малик Харамеин, на средбата информираше дека Република Индонезија вложува значајни средства за развојот на инфраструктурата и дека веќе има распределено
БИЗНИС ИНФО
10
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
ПОСЕТИ средства во износ од 303 трилиони рупии (една милијарда САД долари), поради што од особена важност би било доколку се зголеми интересот на македонските бизнисмени за потенцијални инвестиции од областа на инфраструктурата во оваа држава. Амбасадорката на Република Индонезија во Република Македонија со седиште во Софија, Република Бугарија, Н.Е. Сри Астари Расџид посочи дека целта на денешната средба е зајакнување на билатералните односи, односно размена на искуства во насока на зајакнување на надворешно-трговските односи. Таа наведе дека двете земји имаат воспоставено соработка веќе 24 години, а постојат големи перспективи за унапредување и зајакнување на соработката. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Индонезија во периодот јануари-септември 2017 година достигна вредност од 17,15 милиони САД $, што претставува пад од 42,5 % во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 4,76 милиони САД $ или раст од 5,235 %, додека увозното салдо изнесува 12,4 милиони САД $ или намалување од 58,33 % споредено со истиот период од 2016 година. д-р Татјана Штерјова
bsi.
FS 549642
те ај
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
11
ар
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
ISO 9001
Quality Management
Н
БИЗНИС ИНФО
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
12
БИЗНИС ИНФО
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Здружение на металургијата ИНДУСТРИЈАТА РАСПРАВАШЕ ПО НАЦРТРЕГУЛАТИВАТА ЗА ИНДУСТРИСКИ ЕМИСИИ На состанокот одржан на 4.12.2017 година, а во континуитет на започнатите активности во рамките на Здружението на металургијата, претставниците на индустријата заедно со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Управата за животна средина, уште еднаш се навратија на решенијата во новата регулатива за индустриски емисии. На состанокот поконкретно се разгледа одговорот од Министерството по доставените предлози и сугестии од индустријата по последната верзија на Нацрт-законот за индустриски емисии.
Претставниците на поголемите капацитети од областа на индустријата и на неколкуте поголеми енергетски капацитети кои во своето работење вршат емисии во воздух и во почва, досега, во повеќе наврати се осврнаа на примарната и секундарната законска регулатива за индустриските емисии, подготвена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на Твининг проектот којшто го спроведува Министерството со цел зајакнување на капацитети на централно и на локално ниво за спроведување на Директивата за индустриски емисии во Македонија.
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
На состанокот беше оценето дека голем дел од доставените забелешки на бизнис секторот не се прифатени од страна на регулаторот. Станува збор, покрај за општи забелешки и потреба од прецизирање на одредени одредби од Нацрт-законот за суштествени забелешки кои се однесуваат на прашањата поврзани со најдобрите достапни технологии и на транзициониот период, за којшто ќе се бара негово пролонгирање на 9 години. Имено, општа беше оценката дека предвидените 4 години е премногу краток период за промена на технологија од аспект на потребните финансиски средства и потребниот временски период за нејзина замена. Рокот посебно доаѓа до израз кај компаниите во државна сопственост во контекст на нивната обврска согласно регулативата за јавните набавки. Стопанствениците ценат дека треба да се изменат и одредбите со кои се дава преголемо дискреционо право на регулаторот и побараа негова замена со конкретни и прецизни решенија. Станува збор за особено значајна регулатива, поради што од страна на индустријата беше предложено да се пролонгираат роковите за нејзиното донесување за период од неколку месеци со цел да се даде простор за одржување на уште неколку расправи на коишто ќе се дефинираат практично применливи решенија за индустријата, а воедно ќе се задоволат европските барања и, што е, секако, од особена важност, поголема заштита на животната средина. Зорица Мешкова
14
БИЗНИС ИНФО
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПРЕДЛОГ ЗА ЗАЕДНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА „МИНЕКС ФОРУМ“ ВО СКОПЈЕ Претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, одржа состанок со Тим Бисерет, економско аташе во Амбасадата на Велика Британија во Софија, Република Бугарија, задолжен и за земји од регионот, и Артур Полиаков, директор на фирмата „Адвантикс“ од Лондон, кои ја презентираа идејата да се организира МИНЕКС форум во јуни 2018 година во Скопје. Форумот ќе се организира со цел да бидат опфатени неколку области од секторот минерални суровини и тоа, како што беше истакнато, ќе се дискутира за проблемите во дејноста, ќе се разговара за развојот, начинот на инвестирање, заштита на животната средина, но и за образованието и практична едукација на млад кадар. Првиот форум на МИНЕКС е одржан во 2005 година во Москва, Русија, потоа во 2008 година во Монголија, при што се приклучија и други земји, како што е Казахстан,
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
15
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Туркменистан, балканските земји и други. Во 2015 година во Виена е одржана конференцијата МИНЕКЕС ЕВРОПА, на која се покренати прашања за развој на минералните суровини во Европа, со цел да се најдат независни производители и инвеститори. Во 2017 година оваа конференциај е одржана во Белград, каде, покрај домашните компании од овој сектор, присуствувале учесници и од други земји. Идејата за организирање на МИНЕКС форум во Скопје е поддржана и од надлежните институции, а од името на Македонската асоцијација на рударството, беше поддржана и од Николајчо Николов, претседател на МАР. На средбата беше заклучено дополнително да се договорат темите, а самата организација, ќе биде на комерцијална основа, за што дополнително ќе следат активности. Марија Петроска
16
БИЗНИС ИНФО
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со редовните активности, одржан осмиот модул од предавање на тема: „МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ“ Глобализацијата на светската економија и неопходноста од извоз и конкурентска борба на светскиот пазар е идеално време за докажување на лидерите кои можат да соберат тим на врвни менаџери и да ги поведат во остварување на сопствената визија. Тоа се процеси кои бараат од менаџерите прифаќање и примена на најновите светски искуства од областа на мотивацијата и лидерството. Намерата на лидерството е менаџерите да ги идентификуваат главните фактори на ситуацијата и да ги прилагодат техниките на делување кон така осознаените фактори. Токму во таа насока беше и последното предавање од модулот: „Менаџмент вештини“ кое се одржа на 5 декември 2017 година во Клубот на менаџери-претприемачи при
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
17
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Стопанската комора на Македонија во соработка со Љупчо Георгиев, лиценциран тренер на „Густав Кезер Тренинг Интернационал“ во Македонија. Соогласно Годишната агенда и денес беше одржан настан кој беше многу корисен за менаџерите во Клубот на менаџери претприемачи при што менаџерите имаат можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од пракса кои се однесуваа на моделите на управување со резултати и квалитет во работењето што поттикна размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација., Способност да се водат луѓето и процесите е гаранција дека кои и да било предизвици и ситуации низ кои ќе помине организацијата ќе бидат надминати на најмудар и најефикасен начин. Вложувањето во развојот на клучниот раководен кадар е вложување во сегашноста, но и во иднината на компанијата. Иако често преку правдање дека вработените не се на потребното ниво и се бараат причините за нецелосниот успех, мора јасно да се истакне дека светлите примери на организации во кои има изразено лидерство и менаџмент покажува дека проблемот лежи на друго место. Eден претприемач би било доволно да има способност во најкраток временски период од огромен број на информации кои ги прима да ги извлече највредните информации и врз основа на нив да донесе квалитетен заклучок врз основа на кој ќе донесе одлука. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска
18
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
19
БИЗНИС ИНФО
D CE ON IA
M
A
20
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11.12.2017 (понеделник) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА – НАПРЕДНА МЕТОДОЛОГИЈА
Целта на оваа интерактивна обука претставува обезбедување на конкретни упатства и know-how за дизајнирање и спроведување на ефикасен и ефективен процес за обработка на поплаки/жалби за сите видови комерцијални или некомерцијални активности, вклучувајќи ги и оние поврзани со електронската трговија. Таа е наменета за вработените во организацијата и нејзините клиенти, подносителите на поплаки/ жалби, како и други заинтересирани страни (мало продажба и големо продажба). Информациите добиени преку процесот на обработка на поплаки/жалби може да доведат до подобрување на производите и процесите. Кога жалбите се соодветно поставени, може да ја подобрат репутацијата на организацијата, без оглед на големината, локацијата и секторот. Справувањето со жалби преку планиран процес како што е дефинирано во секој систем на работа, може да го подобри задоволството на клиентите. Поттикнувањето повратни информации од клиентите, вклучувајќи и поплаки ако клиентите не се задоволни, можат да понудат можности за одржување или зајакнување на лојалноста на клиентите и подобрување на домашната и меѓународната конкурентност. Предавач:- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант, управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје, со 22-годишно искуство во областа на менаџментот. За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Краен рок за пријавување: 6 декември 2017 година.
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
12-13.12.2017 година (вторник-среда) 9:30 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Дводневен семинар на тема: ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА
На дводневниот семинар учесниците ќе стекнат познавања од областа на транспортот и логистиката. Ќе се запознаат со основните типови на транспорт, царински регулативи, складишнина и дистрибуција, паритети, како и кои се улогите во интернационалната логистика. Учесниците ќе ги надградат своите знаења или ќе се запознаат за прв пат со логистиката, а тоа ќе им овозможи успешно работење во која било организација од областа на транспортот и логистиката. Предавач: - Ана Лабор, основач и генерален менаџер на компанијата „Red Sky Logistics“, компанија од областа на транспортот и логистиката во Р. Македонија и работи на пазарот со странски клиенти на територијата на Европа. Ана Лабор е искусна и иновативна со 10-годишно искуство од областа на логистиката. Има работено во државниот, но и приватниот сектор, во домашни и интернационални организации. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 6.12.2017 година. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12-13 декември 2017 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007
Стопанската комора на Македонија на 12-13 декември 2017 година организира акредитирана дводневна тренинг-обука за интерни проверувачи под PECB (Professional Evaluation and Certification Board) www.pecb.com акредитација, што ќе ја спроведува акредитиран PECB-партнер „TQM KONSALTING“ на тема: „ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007“. На оваа тренинг-обука учесниците имаат можност да полагаат тест со што ќе се стекнат со сертификат којшто ќе им овозможи да се стекнат со CPD (Continuing Professional Development) бодови неопходни за аплицирање за водечки аудитор за систем менаџмент (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001…). Целта на обуката е учесниците да стекнат потребни вештини и знаења за самостојно вршење на интерна проверка во рамките на своите компании. Притоа, обуката ќе им овозможи доволно ниво на самостојност и ефикасност при спроведувањето на проверки на квалитетот на услугите и производите, во насока на зголемување на вкупната ефикасност на работењето на компанијата како и задоволување на побарувачката на пазарот. Под поимот „проверка на квалитет“ се подразбира процес на усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнале одредени цели во рамките на организацијата. Предавач: - Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
14-15.12.2017 година (четврток - петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY
Денес навремените и квалитетни информации имаат голема вредност, а давањето смисла на податоците со кои располагаме влијае на донесувањето одлуки и прави разлика помеѓу успешни и неуспешни компании. Како да обработите голема количина на податоци? Ова е проблем со кој се соочуваат повеќето компании, а за максимално користење на информациите и креираните податоци кои се корисни за донесување најдобри деловни одлуки потребна е алатка која ќе го овозможи тоа. А токму Microsoft Excel е алатка која треба да ја поседува секој успешен менаџер. Со доброто познавање на Excel менаџерите ќе бидат во можност да создаваат модели, да го менаџираат ризикот, да ја зголемат тимската работа и комуникацијата во одделот. Power Query претставува дел од сетот аналитички алатки во рамките на Microsoft Excel кои Ви овозможуваат да истражувате, поврзувате, комбинирате и преобликувате податоци во согласност со своите потреби. Power Query е бесплатен додаток за Microsoft Excel кој е достапен за верзиите Excel 2010 и секоја понова верзија. Предавач: - Александар Матиќ, дипломиран машински инженер, раководител и тренер на Центарот за едукација и управување со проекти при Стопанската комора на Србија во областа на бизнис интелигенција, управување со проекти и финансиска анализа. Активно вклучен во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Светска банка како проект менаџер и експерт. Тој е раководител на Проектот „Clusters’ Orientation towards Up-to-date technologies and models for common Development (CLOUD)“ финансиран од страна на ЕУ. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА
Сојузот на сметководители на Република Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија Ве поканува да земете учество на XVIII Меѓународен симпозиум на тема: „Улогата на сметководството и ревизијата во унапредување на националната економија“, што ќе се одржи на 14 и 15 декември 2017 година. Симпозиумот ќе се реализира согласно програмата која е подготвена и приспособена на Годишната програма на ИСОС и обезбедува сразмерна структура на часови за континиурано професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители. Излагачите се истакнати домашни и странски експерти со долгогодишно професионално искуство од соодветните области. Надомест за двата дена на Симпозиумот изнесува 4.720 денари (4000 + 18% ДДВ) * Во рамките на Симпозиумот се организира другарска вечер, на 14.12.2017 година, со почеток во 20:00 часот, во Бистро бар Барбакан - Скопје. Цената по лице изнесува 1.100 денари со вклучена храна и пијалаци. Поради ограничен број на места, ве молиме вашето учество на Симпозиумот да го пријавите најдоцна до 5 декември 2017 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
18 декември 2017 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ
Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедноста и здравјето при работа, притоа следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија на 18 декември 2017 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ (намалување на ризици од влијанието на азбестот во работната средина). Азбестите материјали се наоѓаат во секојдневното опкружување, многу често во индустрискиот или во комуналниот отпад. Според податоците изнесени во Монографијата 100С на Меѓународната агенција за истражување на ракот (International Agency for Research on Cancer – IARC), сите видови азбест, вклучувајќи го и кризотилот, се докажани предизвикувачи на рак на белите дробови, мезотелиом на плеврата, како и за рак на гркланот и јајчниците. Азбестот е најважниот професионален канцероген агенс, односно се проценува дека околу половина од сите професионални малигни тумори се должат на изложеност на азбест. Целта на семинарот е зголемување на свесноста за здравствените ризици поврзани со професионална експозиција на азбестот, утврдување на изворите на изложеност, професионален ризик, мерки за заштита кај експонираните работници, запознавање со ефектите врз здравјето кај работниците професионално изложени на азбест. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ https://ecobuild2018.b2match.io/
Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Деловните средби обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги од меѓународниот пазар, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа со: архитекти, изведувачи, дистрибутери, агенти, трговци, градители, истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија.
Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.
Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година. Контакт лице од ЕЕН Велика Британија Valerie Pondaven University of Greenwich Enterprise Europe Network Tel: +44(0)7468694606 v.pondaven@greenwich.ac.uk
28
БИЗНИС ИНФО
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042035
Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134
Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги. UA00000041975
Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095
Украина Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар. UA00000041963
Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно
Украина Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
БИЗНИС ИНФО
29
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000041950 Украина Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно. UA00000041951 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947
Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000037834
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1432
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Кина Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041923
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Четврток, 7 декември 2017, Бр. 332
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088