Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
Број 333
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
14.12.2017
ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ – ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ
2 2
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОДВЛЕЧЕНО
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИ НА ЗАКОНИТЕ ЗА ТУРИСТИЧКА И УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА И ЕЛИМИНИРАЊЕ НА „СИВАТА“ ЕКОНОМИЈА -Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија ќе поднесе иницијатива за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност и Законот за угостителската дејност, со цел намалување на нелојалната конкуренција и елиминирање на „сивата“ економија, како и подигнување на квалитетот на услугите во туристичкиот сектор. Одлуката следува по одржувањето на Тркалезната маса на почетокот на декември 2017 година, во организација на Здружението, на којашто, покрај членките, учествуваа и претставници од Кабинетот на заменикот на
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ претседателот на Владата на РМ задолжен за економските ресори, Министерството за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Министерството за труд и социјална политика, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, како и претставници на туристичките инспекции на Град Скопје и на Град Охрид, информираше на прес-конференција Даниела Михајловска Василевска, од Стопанската комора на Македонија (11.12.2017 година). На дебатата на Тркалезната маса беше констатирано дека има потреба да се иницираат измени и дополнувања во законите за туристичката дејност и за угостителската дејност, со конкретни предлози како да се надминат одредени проблеми. Во делот на туризмот, Здружението на угостителството и туризмот, како што информираше Славе Сирачевски, заменик-претседател, ќе предложи: - воведување на релиценцирање, односно обновување на Лиценцата за работа по одреден период од две или три години, за да се обезбеди систем на самоконтрола на пазарот; - промена на моделот на туристичките агенции со А и Б лиценца, во агенции кои ќе работат организација на патување – туроператорство и продажни агенти или туристички агенции кои само ќе ги продаваат аранжманите изработени од туроператорите, односно организаторите на патувањето. Ваквиот концепт на работа постои во Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија. Ова се бара бидејќи сега некои од туристичките агенции со Б лиценца организираат патувања и вршат активности за кои овластување имаат само туристичките агенции со А лиценца, што создава нелојалната конкуренција; - гаранција за работата на туристичките агенции да биде само банкарска гаранција,
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ односно да не постои осигурителна полиса; - да се воведе осигурување на аранжманите, за да се обезбеди уште поголема самоконтрола на работата на туристичките агенции. Во светот и пред се` во Европа, туристичката дејност е регулирана со овој вид осигурување; - додефинирање на основната дејност на туристичките агенции наспроти дејноста на автопревозниците, што е основ за нелојална конкуренција и за „сива“ економија. Постои неусогласеност на Законот за туристичка дејност и Законот за превоз во патниот сообраќај. Превозниците кои имаат регистрирано основна дејност патнички транспорт имаат можност да работат и како туристичка агенција, со истите вработени, што оневозможува стимулирање нови вработувања; - измени на општите услови за патување, следејќи ги меѓународните прописи и стандарди кои согласно трендовите претрпуваат измени и веќе во голема мера се некомпатибилни со условите за патување поставени во Законот за туристичка дејност. -Здружението иницира измена и на процесот на исплата на субвенциите бидејќи постапката е сложена и обемна, со многу непотребни детали, поради што доаѓа до доцнење во исплата на субвенциите, посочи Асим Меџедович, член на Здружението на угостителството и туризмот при Комората. Предлог е доказ да биде самата фактура за платено хотелско сместување, со тоа што на фактурата да стои дека во цената е платена туристичката такса. Ваквото барање се објаснува со фактот дека процедурата дефинирана во Правилникот сега им го отежнува работењето и многу често поради системот на евиденција кои хотели платиле туристичка такса, се доведуваат во ситуација дури и да не ги почитуваат роковите и постои ризик да се изгубат субвенциите.
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Се предлага услов за исполнување за добивање субвенции наместо извод за девизен прилив да биде известувањето за добиен девизен прилив. Ова пред се` е поради фактот што девизниот прилив стигнува многу доцна, после повеќе од 15 дена и во изводот не стои од кого е приливот. Од друга страна пак, известувањето стигнува веднаш штом се уплатат парите и на истото стои од кого е девизниот прилив. Роковите за исправка на поднесок да бидат подолги од сегашните 5 дена, односно да се дефинираат на 15 дена. -Веќе постои иницијатива од странските туроператори, кои предлагаат да се примени моделот на субвенционирање на Турција, каде поддршката е по реализиран авионски чартер за што не е потребна обемна дополнителна документација. Се разбира, ваквиот модел треба да биде моделиран според македонските услови, посочи Меџедович. Измени и дополнувања се предлагаат и во делот на дефинирање на работата на туристичките водичи, за што претседателот на Здружението на туристички водичи и член на Здружението при Комората Бранко Босилков информираше дека треба да се решат три клучни работи: - статусот за здравствено и пензиско осигурување на водичите, дефинирајќи ја професијата како општествено полезна дејност; - заштита на дејноста преку осовременување на инспекциските служби во туризмот и - лиценцирање на туристичките водичи. Во делот на угостителството Здружението предлага: - да се направи категоризација на сите угостителски објекти за сместување без исклучок, согласно дефинирањето на поимот угостителски објекти за сместување и според условите и стандардите пропишани за одделни видови на овие објекти во поглед на уредувањето, опремувањето и квалитетот на услугите со ѕвездички. Тоа подразбира дека освен сегашната категоризација за хотели, мотели и пансиони, од исклучителна важност е да се категоризираат туристичките апартмани, планинарски и ловни домови. Најголемиот проблем во моментов е непостоењето категоризација на апартманите; - измена на моделот на категоризација во целост; - категоризација на сите угостителски објекти за исхрана. Во Македонија постои регистар на категоризирани ресторани (согласно кој има регистрирани 88 национални ресторани), но нема регистар на гостилници, ресторани за самопослужување, експрес ресторани, киосци, млечни ресторани, ресторани бавчи, летни бавчи, ќебапчилници,
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ бистроа, пицерии, објекти за брза храна и слично. Според податоците кои се добиваат од интернет порталите кои рекламираат угостителски објекти, во Македонија има евидентирани 1.378 правни субјекти под поимот ресторани, 112 субјекти се кетеринг, 90 субјекти работат како лаунџ барови, 910 субјекти како кафе клубови. -Здружението на угостителството и туризмот смета дека во следниот период особено внимание треба да се посвети на поголема и поактивна соработка со инспекциските служби, пред се` со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, Локалната туристичка инспекција на Град Скопје и на Охрид и со Инспекцискиот совет во целост. Најголемиот проблем со кој се соочуваат туристичките и угостителските субјекти се продажбата на аранжмани преку BOOKING и AIRBNB-системите, од аспект на заштита на нелојалната конкуренција и елиминирање на „сивата“ економија, констатира Даниела Михајловска Василевска. Членките на Здружението на угостителството и туризмот се залагаат за поголема поддршка на угостителството согласно препораките во финалната верзија на Стратегијата за туризам и сметаат дека истата е оправдана согласно искуството од минатиот период и постојниот модел на субвенционирање на странски туристи. Во делот на Законот кој ја регулира работата на угостителските објекти во руралните средини, ставот е дека е потребно да се направи релаксирање на условите за работа на овие објекти од повеќе аспекти, меѓу кои и дефинирање работно време кое ќе се разликува од тоа во градските средини, поради природата на околностите во кои функционираат угостителските објекти, а се иницира и формирање клубови од затворен тип по примерот на Законот за угостителска дејност на Хрватска. Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануарисептември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристи е зголемен за 16,7% а бројот на ноќевањата е зголемен за 12,4%. Помеѓу 10-те земји од каде најмногу доаѓаат туристи во Македонија традиционално остануваат Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Германија, Бугарија, Полска и Грција. Согласно политиката на субвенционирање, од 2010 година заклучно со 2017 година ќе бидат исплатени 11,9 милиони евра. Статистиката исто така покажува дека нето-стапка на искористеност на собите во хотелите и слични капацитети е околу 35% во 2016 година, 37,18% во 2015 година, додека нето-стапка на искористеност на леглата во хотелите и слични капацитети е 22,01% во 2016 година, односно 22,99% во 2015 година. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
8
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ПРОЕКТИ
ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ – ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ Во насока на зајакнување и зголемување на конкурентноста на македонската економија со цел поефикасна интернационализација на стопанството во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, на 13.12.2017 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа Форум на тема: „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст”. Воведно обраќање на Форумот имаше м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, која истакна дека Проектот има за цел микро и малите бизниси од Македонија да ја унапредат нивната усогласеност со законската регулатива, а бизнис организациите, како што се стопанските комори, да
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
9
ПРОЕКТИ
придонесат во процесот на воспоставување конструктивен јавно-приватен дијалог, во насока на подобрување на регулативата. -Имајќи го предвид фактот дека најгорливите прашања за компаниите најчесто се од правна природа и се поврзани или со менување на определени прописи заради ефикасна и недвосмислена примена, или со соодветно доследно применување на она што е пропишано со закон, улогата на стопанските комори се состои во спојување на нашето искуство и капацитети, во насока на подобрување на размената и пристапот до информации, зголемена финансиска и правна усогласеност со регулативата, подобрена бизнис регулатива како резултат на предлозите, барањата и иницијативите на бизнис заедницата, како и влијание врз севкупните економски текови, - истакна Милевска Штрбевска. Свое обраќање на Форумот имаше проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, кој што го поддржа денешниот форум и истакна дека иако Македонија е мала држава и има мала економија, за да има успешен економски развој потребна e извозна ориентација бидејќи македонскиот извоз учествува со 53% во бруто домашниот производ, но за сериозен економски раст тој процент мора да се зголеми на 60% па дури и до 70 %. -За да растат бројките, компаниите мора да се стимулираат, да креираат производи и услуги со додадена вредност, односно да се инвестира во знаење, иновации и нови технологии, - посочи д-р Анѓушев.
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ПРОЕКТИ Проф. д-р Анѓушев најави дека Владата на РМ за 2018 година ќе работи на конкретни мерки со цел стимулација на македонските компании и владеење на правото за политичка и економска стабилност. Тој посочи дека постојат реални услови за сите компании во Македонија да ги прошират своите извозни капацитети и да креираат производи и услуги коишто ќе бидат конкурентни не само на домашниот, туку и на странските пазари и јавно ги повика сите домашни компании да инвестираат во Македонија. На Форумот свое обраќање имаше и Едвард Гонзалез, директор на Канцеларијата за развој, УСАИД во Македонија, кој истакна дека УСАИД во Македонија е веќе 25 години и посветено работи во делот на економскиот развој, а главен фокус е подобрување на бизнис климата во Македонија, поттикнување на извозот и финансиска поддршка на компаниите. - Извозот е многу важен за мала земја како Македонија, развивањето на нови производи и услуги со додадена вредност е значајно за компаниите, а особено значаен е јавно приватниот дијалог за двете страни, со цел подобрување на конкурентноста на компаниите за настап на нови пазари, -посочи Гонзалез. На Форумот свое обраќање имаше и Љубомир Димовски, директор на „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“, консултантска куќа од Скопје, кој посочи дека со поддршка
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
11
ПРОЕКТИ
на УСАИД сите четири комори од Македонија се инволвирани како партнери во имплементацијата на овој проект и тоа Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ од Скопје, и посветено работат на подобрување на проблематиките со коишто секојдневно се соочуваат компаниите.
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ПРОЕКТИ Денешниот Форум беше поделен во три панел-дискусии на коишто учествуваа експерти, професори, претставници на бизнис секторот и на јавни институции кои што дискутираа на три значајни теми, и тоа: „Градење на конкурентноста и зголемување на извозните потенцијали на македонските компании во процесот на интернационализација“; „Настап на нови пазари и дефинирање на конкурентните сектори во македонската економија како неопходни чекори во елиминирање на бариерите во процесот на интернационализација - препораки и заклучоци“ и „Интернационалните искуства како поттик за зголемување на извозот на македонските компании“. На Форумот над 100-тина претставници на бизнис секторот од Македонија земаа активно учество во панел-дискусиите, при што се донесоа следните поважни заклучоци важни за раст и развој на македонското стопанство преку: - стратегија за извоз; - хармонизација на законската регулатива; - реформа на даночниот систем; - финансиска поддршка на компаниите со помош на финансиски инструменти; - потпишување билатерални спогодби со земјите од Блискиот Исток и Магреб;
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
13
ПРОЕКТИ
- поттикнување на иновативноста; - активна политика на вработување; - научно и технолошко поврзување; - јакнење на јавно-приватно партнерство и - зголемување на интернационализацијата. Сите заклучоци кои беа истакнати на Форумот ќе бидат детално разгледани од страна на коморите што е всушност и главна цел на овој четиригодишен проект каде што е потребно да се идентификуваат проблемите со коишто се среќаваат компаниите со цел подобрување на законската регулатива, за преземање конкретни мерки за поддршка на компаниите и нивните извозни активности. Проектот е имплементиран од страна на Стопанската комора на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. м-р Сања Николова м-р Ирена Мојсовска
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
Меѓународен симпозиум
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА Симпозиумот се реализираше согласно програмата која е подготвена и приспособена на Годишната програма на ИСОС и обезбедува сразмерна структура на часови за континуирано професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители. Целта на симпозиумот беше подигнување на јавната свест за значењето и улогата на сметководството во економскиот раст и развој на една држава, како и важноста за напуштање на традиционалното и преминување во глобалното сметководство, притоа следејќи ги правилата и принципите на меѓународните сметководствени стандарди и на меѓународните стандарди за финансиско известување. Симпозиумот го отвори Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
15
Меѓународен симпозиум
комора на Македонија, кој се заблагодари на Сојузот на сметководители за иницијативата за заедничка соработка, притоа истакнувајќи ја важноста на сметководството за бизнис заедницата. Воедно, тој ги поздрави и гостите од регионот кои дадоа нескромна поддршка за успешна реализација на истиот. Голема благодарност изрази и проф. д-р Драган Микеревиќ од Сојузот на сметководители и ревизори на Република Српска и истакна колку е важно што и Комората се вклучила во соработка со Сојузот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, бидејќи самите сметководители се клучна алка во бизнис секторот. Благодарност за поканата изразија и претставникот на Црна Гора, г-дин Игор Павиќевиќ, генерален секретар на Институтот на сертифицирани сметководители на Црна Гора и д-р Рада Стојановиќ од Сојузот на сметководители и ревизори на Србија, притоа истакнувајќи ја долгогодишната соработка со ИСОС од Македонија. Свои излагања на првиот модулот за Влијанието на сметководството и ревизијата во економскиот раст и развој на една држава во услови на глобализација и интернационализација имаа проф. д-р Зоран Миновски, од Економскиот факултет при Универзитетот„Свети Кирил и Методиј“ - Скопје, говорејќи за улогата на сметководството за економскиот раст и развој и влијанието на ризиците на алокација на ресурсите во глобалната економија и интернационализација. По него, излагања имаа проф. д-р Јадранка Мршиќ и проф. д-р Нинко Костовски,
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ПРОЕКТИ од Универзитет Американ колеџ – Скопје на тема: „Професионалните сметководители пред крстопат - стекнување нови вештини за променето работно опкружување“, проф. д-р Гордана Никчевска, од Бизнис Академија Смилевски - БАС – Скопје со трудот „Деловен кодекс“ и проф. д-р Сеадин Џафери, од Економскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово на тема: „Сметководството и неговата улога во економскиот развој“. Првата панел-дискусија ја водеше проф. д-р Атанаско Атанасовски, од Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје на тема: „Иднината на сметководствената и ревизорската професија и очекуваните ефекти врз развојот на националната економија во регионот“. Панелистите проф. д-р Драган Микеревиќ од Сојуз на сметководители и ревизори на Република Српска, д-р Рада Стојановиќ, уредник на весникот „Сметководство“ и организатор на КПУ Сојуз на сметководители и ревизори на Србија, г-ѓа Првослава Клепо, помошник-менаџер за образование и едукација при Институтот на сертифицирани сметководители на Црна Гора и м-р Ленче Папазова, претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, ги презентираа и ги разменија своите искуства пред
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
17
ПРОЕКТИ присутните учесници на симпозиумот. Во текот на вториот модул на симпозиумот на тема: „Финансиски извештаи како основ за донесување на рационални деловни одлуки“, своите трудови ги презентираа д-р Рада Стојановиќ на тема: „Билансирање и финансиски аспект на гудвил низ призмата на деловни комбинации, Финансиски извештаи и подготовки во согласност со МСФИ за МЕСЕ како основ на деловно одлучување“, труд на проф. д-р Душко Шњегота, од Економскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука. Воедно, со свои трудови се претставија и Наташа Затаракоска, магистрант на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје на тема: „Интегрирани макроекономски сметки - случај на Република Македонија“, трудот за „Одговорност на сметководителите во функција на превенција на кривични дела при перење пари“, од д-р Горанка Кнежевиќ, од Бизнис Академија, Универзитет „Сингидунум“ - Белград и д-р Владан Павловиќ, од Економскиот факултет во Приштина и на проф. д-р Љиљана Димитровиќ Шапоња, од Универзитетот во Нови Сад - Економски факултет - Суботица, Саша Граворац, интерен ревизор од Суботица и д-р Горан Шијан, од Универзитетот во Нови Сад - Економски факултет - Суботица на тема: „Форензичко сметководство како патоказ до квалитетно финансиско известување“. На втората панел-дискусија, на тема: „Анализа и идентификување на раните сигнали како фактори за помалку ризично донесување на бизнис одлуки“, дебатираа г-дин Игор Павиќевиќ, генерален секретар на ISRCG - Институт на сертифицирани сметководители на Црна Гора, м-р Анета Трајковска, директор на Дирекција во Стопанската комора на Македонија; м-р Ленче Папазовска, претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители во Република Македонија, Орце Наумовски, директор на Сектор за сметководство во Стопанска банка АД - Скопје и Лидија Нануш, директор на „Делоитте“ ДОО - Скопје. Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе ја продолжи соработката со Сојузот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија со цел афирмирање на предностите на сметководството за ефикасен начин на водење на една компанија, што пак директно се рефлектира на економијата во целина и придонесува нашата земја преку бизнис секторот да биде рамноправен член на европското економско работење. Елизабета А. Ефтимова
18
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите - ГРАДЕЖНИЦИТЕ ОЧЕКУВААТ ПОГОЛЕМИ АНГАЖИРАЊА ВО 2018 ГОДИНА На седницата на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, одржана на 11.12.2017 година, во присуство на Зоран Иванов, советник за градежништво во Владата на РМ, заедно со претставници од Министерството за транспорт и врски и од Јавното претпријатие за државни патишта, се расправаше за актуелните состојби во градежништвото, при што беа изнесени и повеќе предлози, како за законската регулатива, така и за ангажираноста на градежништвото во наредниот период. За периодот од девет месеци од оваа година, извршените градежни работи бележат тренд на намалување од 23,1%, или извршени се работи во вредност од 18 милијарди денари, додека за истиот период од 2016 година беа извршени градежни работи во вредност од 23,5 милијарди денари. Падот на извршените градежни работи во нискоградбата изнесува 22,6%, со извршени градежни работи во вредност од 11,9 милијарди денари, додека во високоградбата падот изнесува 29,0%, со извршени работи во вредност од 6,2 милијарди денари. Според статистичките податоци, евидентирано е зголемување на договорените градежни работи за 4,5% споредено деветте месеци од 2017 година (75,0 милијарди денари) со истиот период од 2016 година (71,7 милијарди денари). Бројот на одобренијата за градење за периодот јануари - октомври 2017 година споредно со истиот период од 2016 година е зголемен за 8,3%, при што и предвидената вредност е повисока за 1,5%, а бројот на договорените станови за изградба е зголемен за 15,4%. Овие податоци даваат оптимизам дека во наредниот период, градежништвото ќе го задржи приматот на двигател на економијата во државата, а како што истакна Митко Трајчулески, од Министерството за транспорт и врски, капиталните инвестиции предвидени во Буџетот за 2018 година изнесуваат околу 400 милиони евра и истите ќе бидат наменети претежно за инфраструктурните објекти, како за завршување на објектите кои се во тек на реализација, но и отпочнување на нови инвестиции претежно во нискоградбата (патната и железничката инфраструктура). Обемна дискусија беше посветена на законската регулатива и потребата од нејзина измена. Како што беше нагласено, поголеми тешкотии во примената создаваат критериумите за избор, како што е цената. Оценка е дека критериумот за ниската цена што се користи
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
19
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
како приоритетен во добивањето на работите, треба потполно да се занемари. Квалитетот на изведбата зависи од квалитетот, стручноста, роковите и соодветната опрема и механизација со која располага изведувачот, а цената треба да биде реална. На оваа тема е разговарано на повеќе седници на Здружението, при што се дадени повеќе забелешки до Работната група која работи на измените на овој Закон. Во однос на Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање, исто така е дискутирано повеќе пати, при што веќе се подготвени, барем во оваа фаза, предлози за изменување и дополнување, кои би требало да одат во првичната фаза, а потоа да се размислува за нови текстови на овие закони. На седницата беше потенцирано дека Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија има капацитет и можност да даде максимум во предлозите за подобрување на постојниот текст на законите за градење и за просторно и урбанистичко планирање, како што беше нагласено истите да бидат усвоени пред почетокот на градежната сезона. Марија Петроска
20
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Кичево - ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА ЛОКАЛНО НИВО На 7 декември 2017 година, претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево Игор Соколески одржа работна средба со членките од Кичево. Цел на работната средба беше интензивирање на меѓусебната соработката, разгледување на можностите и предлог-активностите за поддршка на бизнис секторот на локално ниво. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево Игор Соколески присустните ги информираше за досегашните реализирани активности на Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија и за предлог-
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
21
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ активностите за наредната година. На работната средба присутните дискутираа за предлозите за наредните активности на Регионалната комора со седиште во Кичево за 2018 година, односно продолжување на редовните седници на Управниот одбор, присуство на седници со Локалниот економско социјален совет на Општина Кичево, средби со министерства, организирање бизнис средби со другите регионални комори, средби со градоначалниците на Кичево, Македонски Брод и Пласница и продолжување на соработката со Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Посебна дискусија се разви за моменталната работа на фирмите и интензивирање на соработката на локално и на централно ниво, како и за нивните перспективи во 2018 година. На крајот, се заклучи вакви работни средби да се одржуваат почесто, бидејќи така се подобруваат и меѓусебната комуникација и соработката. Дијана Лазороска Јованоска
22
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ТРАДИЦИОНАЛНА ПОСЕТА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРИВАТНОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „САБА“ НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП И оваа година како и во предходните, учениците од прва година од Приватното стручно училиште „САБА“ изразија интерес за работењето на Стопанската комора на Македонија. За таа цел, на 12.12.2017 година заедно со Виолета Пеева, професорка по бизнис и менаџмент од истото училиште, остварија посета на Регионалната комора со седиште во Штип. Тргнувајки од фактот што „Саба“ е средношколска академија за бизнис и администрација, во рамките на школувањето предвидено е учениците да се запознаат и со работењето на Стопанската комора на Македонија, кои услуги им ги нуди таа на компаниите и сл. Притоа, беше истакнато дека коморите се застапници на интересите на стопанството, што е карактеристика на сите опшественоекономски и политички системи. Како и многу други институции и асоцијации, разликите и нијансите на коморското организирање се резултат на продукционите односи на определено општествено уредување. Но, секогаш биле и се значаен економски фактор и според многу аналитичари, според редоследот на вредноста се вбројуваат веднаш по најрепрезентативните политички институции - Парламентот и Владата. Исто така, учениците беа запознаени дека во рамките на своите активности, Регионалната комора со седиште во Штип издава: - сертификати за потекло на стоките (CERTIFICATE OF ORIGIN); - сертификати за преференцијален третман на стоките (CERTIFICATE FORM A); - мислење за исполнување на економски услови; - потврди за единствен производител; - потврда за членство во Комората. Воедно, Регионалната комора со седиште во Штип врши и други активности, меѓу кои: - заверка на извозни документи;
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
23
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ - подготвување и организирање седници на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Штип; - преземање соодветни активности за реализација на стратешките заклучоци и приоритети кои се донесени од страна на Управниот одбор на Регионалната комора; - разгледува прашања за развој на организирано стопанство, унапредување на производството, прометот, трговската размена и правните проблеми; - иницира прашања и предлози за регионот од областа на подобрување на стопанската и патната инфраструктура за побрз трансфер; - согласно потребите на стопанствениците од овој регион, иницира активности на меѓукоморска соработка, размена на искуства и информации со другите регионални комори во Република Македонија, како и надвор од неа. Стопанската комора на Македонија и во иднина им стои на располагање на средношколците и на студентите кои што ќе изразат интерес да им се презентира коморското работење. Моника Стоичева
24
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Здружение на трговија - НОВА СТРАТЕГИЈА И НОВ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на 12.12.2017 година, одржа состанок со претставници од Министерството за економија и со експерти од областа на регулативата за заштита на потрошувачите. Од Министерство за економија – Секторот за внатрешен пазар, информираа за почеток на новиот Проект: „Институционално зајакнување на политиките за заштита на потрошувачите“, во насока на остварување на активностите во рамките на проектот, односно креирање Стратегија на ниво на РМ за потрошувачи и усогласување на Законот за потрошувачи. Членките на Здружението на трговијата се запознаа за планот за изготвување на нов Закон за заштита на потрошувачите, како и за отпочнувањето на подготовката на нова Стратегија за заштита на потрошувачите, со Акционен план.
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
25
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Претседателката на Здружението на трговијата, Соња Тасевска истакна дека и во досегашниот период Здружението активно учествуваше во креирањето предлози за подобрување на законската регулатива од оваа област. Компаниите од областа на трговијата се заинтересирани за изнаоѓање решенија, согласно директивите од Европската унија, со цел задоволување на потребите и барањата на потрошувачите. Во дискусијата беше потенцирано дека целта е да се постигне поголем степен на одговорност на субјектите на сите чинители во синџирот на потрошувачката, а истовремено и заштита на потрошувачите во делот на квалитетна и навремена услуга. На состанокот се договорија натамошните активности при изготвувањето на потребните решенија во новиот Закон за заштита на потрошувачите, како и во новата Стратегија за заштита на потрошувачите, со Акциониот план. Притоа, се истакна потребата од постојано учество на членките на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија. Учесниците на состанокот ја потврдија подготвеноста за соработка за сите отворени прашања во насока на регулирање на овој дел од трговијата во која се вклучени голем број правни субјекти, но и потрошувачи. Лазо Ангелевски
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ПОСЕТИ
ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА И ЗАЕДНИЧКИ БИЗНИС-СРЕДБИ СО КОМПАНИИ ОД ПЕРНИК, РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА Делегација на Трговско-индустриската комора на Перник, Бугарија, предводена од претседателката г-ѓа Бојка Павлова, оствари работна средба со оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска. Претседателката на Индустриската Стопанската комора на Перник истакна дека нивната комора има брои околу 500 компании членки и тоа претежно мали и средни компании, кои имаат потреба од интензивирање и продлабочување економската соработка. Оперативниот директор м-р Елена Милевска Штрбевска истакна дека во сите изминати години Стопанската комора на Македонија, како најстара и најбројна бизнис асоцијација во земјата, покрај соработката со Трговско-индустриската комора на Бугарија, остварува одлична соработка и со регионалните комори во Бугарија, а се забележуваат и значајни резултати за продлабочување на билатералната соработка. Истакна дека Репубика Бугарија
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
27
ПОСЕТИ
како наш најблизок сосед и членка на Европската Унија претставува исклучително важен партнер во спроведувањето на заеднички активности за унапредување на надворешнотрговската соработка. На средбата со претставниците се дискутираше за можностите за интензивирање на соработката, за понатамошно одржување на заеднички бизнис средби и учество на саемски манифестации, кои би се оствариле во првата половина од следната година. Исто така, беше истакната потребата и од заедничко учество на проекти за прекугранична соработка, кои се од значење за двете комори чија цел е да придонесе за реализирање на конкретни деловни активности помеѓу компании од двете земји. Сашо Деспотоски
28
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
29
БИЗНИС ИНФО
D CE ON IA
M
A
30
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.12.2017 година (вторник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ
Стопанската комора на Македонија на 19 декември 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА“ - Правилник за попис. Целта на семинарот е стекнување на практични и теоретски знаења за правилната примена на регулативата која го уредува пописот како значаен дел од аспект на билансните позиции и даночната регулатива. Нецелосно или формално спроведен попис доведува најзначаните билансни позиции да се погрешни и неосновано искажани, што од друга страна се рефлектира на реално и објективно искажување на податоците во финансиските извештаи кое пак има влијание на преценување или потценување на добивката, односно загубата од што може да произлезат одредени санкции како прекршочни, така и кривични. Предавачи: - адвокат Александар Геровски од Скопје, со 7-годишно работно искуство - м-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „Каунт“ ДООЕЛ - Скопје - м-р Билјана Патлиџанковска, раководител на Секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „Каунт“ ДООЕЛ За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - закуска и освежување; - сертификат за присуство на семинарот; - прирачник. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.12.2017 година (четврток) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ
Стопанската комора на Македонија, на 21 декември 2017 година, организира еднодневен семинар на тема: „Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ, причини и услови за отказ; основи за престанување на важноста и за прекин на договорот за вработување; мирување на правата и обврските од договорот за вработување; плаќање на работата, надоместоци на плата; работно време, скратено работно време, распределба на работното време, прекувремена работа, работа во смени, ноќна работа”. Во рамките на семинарот опфатени се сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предмената проблематика. Предавачи: М-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II Скопје Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II Скопје Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
25-27 јануари 2018 година Солун, Грција
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)
Стопанската комора на Македонија од 25-27 јануари 2018 година , Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози) кое ќе се одржи во во Солун, Грција. Согласно Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15), од јануари 2018 година истите задолжителното - 100% ќе се спроведуваат по електронски пат. На советувањето ќе се разгледаат најчести грешки и проблеми кои настануваат при спроведување на јавните набавки и тоа од подготовка на годишниот план за јавни набавки до објавување на склучените договори, електронските постапки и на што треба да се ВНИМАВА, што е исклучително важно за сите лица инволвирани во јавните набавки. Котизација за советувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ). Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на котизацијата; - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Солун - Скопје (тргнување на 25 јануари 2018 година, во 6:00 часот и враќање на 27 јануари 2018 година во вечерните часови); - 2 ноќевања на база ноќевање со доручек во хотел сo 4 * во Солун; - свечена вечера во традиционален грчки ресторан, таверна „Лададика“; користење конференциска сала; - кафе и освежување за време на паузите на советувањето; - панорамски разглед на Солун: Белата кула, Гаелерисовата арка, црквата Свети Димитрија; - посета на шопинг центарот „Медитеран Космос“ и на „Икеа“. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
34
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
8 јануари 2018 - 26 јануари 2018 година.
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018”
Enterprise Europe Network, Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ве информираат дека Стопанската комора на Србија, во соработка со ЕУ Делегацијата во Република Србија, го организира Бизнис настанот, на 31.01.2018 година, под покровителство на Европскиот парламент. ГЛАВНИ ТЕМИ - Аграр; - Дигитализација; - Индустрија 4.0; - Бизнис услуги. ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ? Настанот ќе претставува единствена можност за претпријатијата, со цел: - испитување на бизнис можностите за инвестирање; - испитување на пазарот во Србија и неговите клучни играчи; - воспоставување прекугранични контакти со локални компании; - реализирање состаноци со потенцијални деловни партнери. Учеството е бесплатно. За конференцијата ќе биде обезбеден превод. Регистрација: 11 декември 2017 година - 26 јануари 2018 година, на http://eu-serbia.talkb2b.net/ Селекција на состаноци: 8 јануари 2018 - 26 јануари 2018 година. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 1-2 февруари 2018 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007
Стопанската комора на Македонија на 1-2 февруари 2018 година организира акредитирана дводневна тренинг-обука за интерни проверувачи под PECB (Professional Evaluation and Certification Board) www.pecb.com акредитација, што ќе ја спроведува акредитиран PECB-партнер „TQM KONSALTING“ на тема: „ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007“. На оваа тренинг-обука учесниците имаат можност да полагаат тест со што ќе се стекнат со сертификат којшто ќе им овозможи да се стекнат со CPD (Continuing Professional Development) бодови неопходни за аплицирање за водечки аудитор за систем менаџмент (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001…). Целта на обуката е учесниците да стекнат потребни вештини и знаења за самостојно вршење на интерна проверка во рамките на своите компании. Притоа, обуката ќе им овозможи доволно ниво на самостојност и ефикасност при спроведувањето на проверки на квалитетот на услугите и производите, во насока на зголемување на вкупната ефикасност на работењето на компанијата како и задоволување на побарувачката на пазарот. Под поимот „проверка на квалитет“ се подразбира процес на усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнале одредени цели во рамките на организацијата. Предавач: - Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042035
Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134
Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги. UA00000041975
Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095
Украина Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар. UA00000041963
Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно
Украина Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
БИЗНИС ИНФО
37
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000041950 Украина Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно. UA00000041951 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947
Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000037834
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1432
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Кина Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041923
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 15 декември 2017, Бр. 333
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088