Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
Број 334
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
22.12.2017
Завршна конференција на Центарот за вработување лица со хендикеп
ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА БИЗНИС-СЕКТОРОТ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП ВО РАБОТНИОТ ПРОЦЕС - ПРЕКУ ПРОГРАМИ ДА ПРОДОЛЖИ ПОДГОТОВКАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Одржана седница на Здружението на трговијата
БАРАЊЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И ДЕФИНИРАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА СТОКА НА ПОТЕСНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
2 2
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОДВЛЕЧЕНО
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАпеток, 17 февруари 2017, Бр. 295
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ДОМУВАЊЕТО, ПРЕКУ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ, предложи Групацијата за домување до министерот за транспорт и врски Горан Сугарески Членките на групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија на состанокот, одржан на 18.12.2017 година, на кој беше присутен и министерот за транспорт и врски м-р Горан Сугареси, разговараа за актуелните состојби во секторот, проблемите во домувањето, при што доставија и конкретни предлози за надминување на проблемите во работењето во оваа дејност. Како интервентни проблеми на кои треба да се работи, групацијата ги посочува: - дефинирање на одговорноста за одржување на лифтовите како заеднички
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ простории со покренување иницијатива за измени на Правилникот за лифтови; - усогласување на Законот за домување со законската регулатива која го уредува работењето на компаниите од комуналните дејности (за електрична енергија, вода, топлинска енергија и сл.); - воведување построги мерки и критериуми при одземање на лиценците на управителите кои работат спротивно на Законот; - непостоење соодветна инспекциска служба за домување на државно ниво со цел доследна примена на Законот од повеќе аспекти; - измени на Законот за домување; - доставување и обработка на соодветни податоци на физичките лица; - еднаков третман на лиценцираните управители и заедницата на станари. Пред присутните на состанокот, освен министерот за траснпорт и врски, учествуваа и претставници од Секторот за домување при Министерството за транспорт и врски, од Регулаторната комисија за домување, од Министерството за економија и од државниот технички инспекторат - надлежни за лифтовите.
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
Во рамки на дискусијата министерот Сугарески посочи дека изнесените проблеми јасно укажуваат дека има потреба од одредени корекции на Законот за домување, а за дел од проблемите да се разговара и решение да се бара во доследната примена на законските прописи. За таа цел беше договорено дека министерството за транспорт и врски ќе иницира формирање работна група од сите засегнати страни, за да се разговара за проблемите и да се понудат предлози за измени и дополнувања. Согласно последниот извештај од регулаторната комисија за домување, од вкупно 62 правни лица во моментов во регистарот кој што го води комисијата активни се 50 правни лица регистрирани во 11 градови низ земјата, во кои директно се вработени преку 400 лица, а индиректно преку договори за услуги од делокругот на управувањето (одржување хигиена, занаетчиски работи и слично) се обезбедува работа и за голем број вработените во правните субјекти кои нудат услуги од ваков тип. За сите нив, лиценцираните управители како правни субјекти редовно ги плаќаат обврските кон државата, придонеси даноци и други видови давачки. Даниела Михајловска Василевска
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
Македонска асоцијација на рударството (МАР)
Македонска асоцијација на рударството (МАР) - НЕОПХОДНА Е СТРУЧНА РАСПРАВА ЗА РУДАРСТВОTO ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАДАТА Македонската асоцијација на рударството (МАР), на седницата што се одржа на 21.12.2017 година, расправаше за актуелните состојби во рударството. На седницата присуствуваа и претставници од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и од Министерството за економија, додека претставниците од невладиниот сектор не дојдоа на оваа седница. Во обемната дискусија беше нагласено дека, подолго време, од страна на невладини организации во јавноста се презентираат неточни и паушални информации и податоци околу работењето на рудниците во Македонија, а со тоа се создава и забуна кај населението, посебно во југоисточниот дел на државата.
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
7
Македонска асоцијација на рударството (МАР)
Концесиите било за геолошки истражувања, било за експлоатација на минерални суровини се издадени согласно сите позитивни законски прописи во нашата земја. До сега се издадени 376 концесии за експлоатација на минерални суровини, од кои 306 се за неметалични, 15 за металични минерални суровини, 47 за води и 6 за јаглен. Исто така, доделени се и 34 концесии за детални геолошки истражувања, од кои 13 се за металични, 15 за неметалични минерални суровини и по 3 за јаглен и за води. Како концесионери се јавуваат и странски инвеститори, а реакцијата од страна на невладините организации, праќа лоша порака за нашата земја. Во дискусијата беше нагласено дека во активните рудници, („Бучим“, „Саса“, „Тораница“ и „Злетово“), нема професионални заболени вработени, што претставува и еден од аргументите дека рудниците не се, како што ги нарекуваат невладините организации, „рудници на смртта“. Исто така, мерењата што ги прави „Бучим“ за ПМ10 честичките се по 10 мерни единици. Поголема дискусија се отвори зошто концесионерите се инертни и не настапуваат „поагресивно“ како и претставниците на невладините организации. Почитувањето на сите законски решенија, исполнувањето на сите критериуми за добивање на позитивни мислења и ревизии за рестартирање или отворање на нови рудници, примената на нови технологии, како во експлоатацијата, така и во преработката на рудата, се аргументи за работењето на рудниците и за натамошниот развој на рударството. Немањето стратегија за минералните суровини, за која Македонската асоцијација на рударството (МАР) подолго време реагира, сигурно е и една од причините што
БИЗНИС ИНФО
8
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
Македонска асоцијација на рударството (МАР) придонесе за презентирање на паушални и неточни информации во јавноста околу минералните суровини и развојот на рударството. За таа цел, на седницата се заклучи да се побара од Владата на РМ, да се организира средба, на која ќе бидат поканети експерти од областа на екологијата, рударството, од преработката на рудите, концесионери, како и претставници од невладиниот сектор, каде што детално со аргументи за и против ќе се разговара за рударството во нашата земја. Исто така, се заклучи Македонската асоцијација на рударството (МАР), да започне во јавноста да настапува поорганизирано и поагресивно, се’ со цел да се презентираат податоци и информации за влијанието на рударството врз животната средина, врз економскиот развој на општините и на земјата. Марија Петроска
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
9
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ЃОРЃЕ ВОЈНОВИЌ ОД „ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ“ АД - СКОПЈЕ, НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ОСИГУРУВАЊЕТО Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија, на својата 47-ма седница, што ja одржа на 19.12.2017 година во Стопанската комора на Македонија, го избра Ѓорѓе Војновиќ од „Триглав осигурување“ АД - Скопје за претседател во следниот мандатен период од две години. За заменик-претседател на Здружението на осигурувањето е избрана Елена Наумова од „Евроинс осигурување“ АД - Скопје. Воедно, на седницата се донесе Одлука за изменување и дополнување на Правилата за организацијата и начинот на работа на Здружението на осигурувањето. Со овие промени Здружението на осигурувањето прави чекор за подобра организација на работата, со цел реализирање на поставените цели и задачи. м-р Милена Перчинкова
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ПРОЕКТИ
Завршна конференција на Центарот за вработување лица со хендикеп - ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА БИЗНИС-СЕКТОРОТ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП ВО РАБОТНИОТ ПРОЦЕС - ПРЕКУ ПРОГРАМИ ДА ПРОДОЛЖИ ПОДГОТОВКАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ завршија со реализација на заедничкиот Проект „Центар за вработување лица со хендикеп“. Овој проект е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година – ИПА. Главна цел на Проектот беше вклучување на лицата со хендикеп на пазарот на трудот преку подобрување на нивните вештини, образование и квалификации кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството.
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
11
ПРОЕКТИ
Стопанската комора на Македонија во соработка со „Полио Плус – движење против хендикеп“, преку активностите на Проектот: „Центар за вработување лица со хендикеп“, креираа алатки кои им помогнаа на лицата со хендикеп активно да се вклучат во пазарот на трудот, како и нивна интеграција во општеството. На конференцијата, што се одржа на 22.12.2017 година во Скопје, м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, истакна дека Стопанската комора на Македонија, во заедничка соработка со компаниите и во партнерство со „Полио Плус“, директно беа вклучени во имплементацијата на активностите на Проектот и преку креирање на разни анализи и конкретни обуки придонесоа барем во дел да се подобрат вештините, образованието и квалификациите на лицата со хендикеп кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството, но и соодветни информации и обуки на компаниите кои ќе им помогнат во донесувањето одлуки при следните вработувања на лицата со хендикеп. - Во текот на оваа година беа одржани 8 обуки со компаниите, 6 обуки со лицата со хендикеп, 9 лица како практиканти кои имаа можност да работат директно во компании и во Стопанската комора на Македонија, а паралелно се правеа анализи и се изготвуваа документи и брошури кои треба да послужат и во следниот период како водичи и за компаниите и за лицата со хендикеп, - посочи м-р Елена Милевска Штрбевска. Душан Томшиќ, советник во Кабинетот на министерката за труд и социјална политика, нагласи дека Министерството за труд и социјална политика ја поддржува иницијативата Центарот за вработување лица со хендикеп да продолжи со работа, но
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ПРОЕКТИ
треба да се најдат начини со цел да функционира во иднина. Воедно, Министерството за труд и социјална политика ќе воведе и професионална рехабилитација на лицата со хендикеп. Билјана Јовановска, в.д. директор на Агенцијата за вработување на РМ, истакна дека АВРМ издвојува средства за инклузија на лицата со хендикеп. Така, во изминатиот период се вработени 230 лица со средства од Посебниот фонд и 70 лица од Оперативната програма на лицата со инвалидитет. Елена Кочоска, програмски раководител на „Полио Плус“, партнер-организација на овој проект, истакна дека Република Македонија издвојува средства за вработување на лицата со хендикеп и дека сите се ангажираат тоа да се случи, а креатори на тие иницијативи треба да се токму лицата со хендикеп. Начинот на кој ќе бидат вклучени, според Кочоска, е договор помеѓу бизнис заедницата и хендикепираните, а улогата на државата е да даде поддршка и да биде гарант дека тој договор ќе биде остварен токму преку овој Центар за вработување лица со хендикеп и треба да има услови за негова одржливост со помош на Министерството за труд и социјална политика, а не само со помош на проекти. Модератор на настанот беше Јадранка Аризанковска, проект менаџер при Стопанската комора на Македонија, која го објасни процесот на подготовка на компаниите при вработување на лицата со хендикеп со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси.
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
13
ПРОЕКТИ - Оваа цел ќе се постигне преку надградување на вештините, унапредување на образованието и квалификациите на лицата со хендикеп, но и преку развој на социјални сервиси во заедницата кои ќе ја поддржат целосната интеграција на лицата со хендикеп во отворениот пазар на труд и во поширокото општество, -нагласи Аризанковска. Бранкица Димитровска, координатор на Центарот за вработување лица со хендикеп, се осврна на работата на Центарот кој функционира во рамките на Стопанската комора на Македонија и посочи дека Центарот претставува иновативно решение кое цели да ја унапреди и да ја зајакне вработливоста на лицата со хендикеп, како и да ги зголеми нивните капацитети за напредување во професионалната кариера, а служи како мост помеѓу лицата со хендикеп кои сакаат да ја зголемат својата вработливост и компаниите, преку 5 ПРОГРАМИ подготвени согласно индивидуалните потреби, имајќи ги предвид ограничувањата и попреченоста на лицата со хендикеп кои се соочуваат на отворениот пазар на труд. Четири од овие програми се наменети за лицата со хендикеп, а петтата програма е наменета за компаниите: 1. Програма за подготовка за вработување – преку унапредување на знаењето и вештините на лицата со хендикеп се зголемуваат нивните шанси за квалитетно и достоинствено вработување; 2. Програма за поддршка при наоѓање работа – да се зголемат самодовербата, комуникациските и писмените вештини на лицата со хендикеп и да се подобри самопретставувањето на лицата со хендикеп пред потенцијалните работодавачи; 3. Програма за претприемништво - преку развивање на капацитети и поддршка при самовработување на лицата со хендикеп; 4. Програма за волонтерство - со стекнување практични знаења и вештини во партнерските компании, но и во самиот Центар; 5. Со Бизнис програмата се таргетираа компании кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. - Се настојуваше да се отворат сите работни процеси за лицата со хендикеп во заинтересираните компании, затоа што сме свесни дека колку што се битни знаењата и вештините на лицата со хендикеп, толку е битно да се сензибилизираат компаниите и нивните менаџерски тимови за целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп. - Центарот е веќе создаден и функционира како ГОТОВ ПРОИЗВОД и би било штета ваков Центар да престане да работи сега кога завршува и Проектот, а искрено
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ПРОЕКТИ
се надевам дека државата, односно Министерството за труд и социјална политика, заедно или преку АВРМ и останатите чинители ќе најдат начин како финансиски да помогнат со цел да продолжиме да работиме затоа што само така сме корисни за ова општество, - нагласи Бранкица Димитровска. На конференцијата свечено беа доделени сертификати за успешна инволвираност на лицата со хендикеп кои беа вклучени во тренинг обуки, работилници и курсеви по англиски јазик и компјутерски вештини од страна на едукативните професори од „Семос“ и „Летиком плус“. Главната порака на оваа завршна конференција беше дека единствено преку јакнење на капацитетите на бизнис секторот, особено преку зајакнување на капацитетите на високиот и средниот менаџмент во компаниите и преку константна поддршка на компаниите на лицата со хендикеп ќе се овозможи вклучување во работниот процес на лицата со хендикеп. Овој проект е финансиран од Европската комисија, спроведувач е Министерството за финансии - Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), заедно со Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот заедно со „Полио Плус“ - партнер во Проектот и Министерството за труд и социјална политика, како координатор на Програмата за социјална инклузија. м-р Ирена Мојсовска
bsi.
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
те ај ач ар Н
БИЗНИС ИНФО
15
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Одржана седница на Здружението на трговијата
БАРАЊЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И ДЕФИНИРАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА СТОКА НА ПОТЕСНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 22.12.2017 година расправаше за Одлуката на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на потесното градско подрачје со која се забранува доставувањето на стока во периодот од 7:30 наутро до 18:00 часот попладне од 1 декември до 31 март, односно тoа ќе се врши во периодот од 18:00 до 7:30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути. Компаниите-членки на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија изразуваат незадоволство од носење одлуки кои директно го засегаат нивното работење без претходна консултација со бизнис секторот. При тоа, ги истакнаа следните проблеми кои ќе ги предизвикаат измените на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на потесното градско подрачје: - неможност за прием на стоката во ноќните часови со оглед дека не постојат
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
17
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
централни магацини (приемни центри) како во западноевропските држави, а примателите на стоката не работат ноќе или немаат персонал за прием на стока; - во потесното градско подрачје има градинки, училишта, аптеки, здравствени установи и други институции, во кои нема лица за прием на стоката во предвидените часови, а треба да се има предвид и потребата за дистрибуција на свежа храна во определено време (оброци за деца, за болни, кетеринг-услуги и сл.); - дополнителни трошоци со оглед на потребата од ангажирање на работници за работа во ноќна смена за која согласно Законот за работни односи се плаќаат дополнителни надоместоци на плата; - потреба од дополнително ангажирање на работници (продавачи, возачи, магационери), што покрај дополнителните трошоци за компаниите претставува и проблем што на пазарот на труд има недостаток на овие профили на работници поради што компаниите тешко ги обезбедуваат и за работа во прва и втора смена. Ова дотолку повеќе го усложнува проблемот, што всушност ќе треба да се ангажираат работници
18
БИЗНИС ИНФО
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ за определено време – три месеци, односно за периодот за кој важи забраната - од 1 декември до 31 март; - со ваквата одлука се врши дискриминација на деловните субјекти од различни подрачја, бидејќи за едни подрачја може да се врши дистрибуција во текот на денот, а за други само во предвидените часови со што директно се влијае на условите на работењето на деловните субјекти од различни подрачја; - дополнителни административни трошоци за пререгистрација на работното време, со оглед дека овие компании се регистрирани за дневно работно време - работа вон регистрирано работно време претставува прекршок за кој инспекциските органи изрекуваат парични казни. Дистрибутерите се регистрирани за работно време од 7:00 до 15:00 часот или од 8:00 до 16:00 часот; - неможност за истовар на стоката за 15 минути, колку што е дозволено запирањето и паркирањето, имајќи предвид дека истоварот на стоката трае во зависност од видот и повеќе од еден час, кое време дополнително се зголемува ако истовремено има повеќе дистрибутери. Од друга страна, пролонгирањето на времето предизвикува можност за изрекување казни; - во ноќните часови проблем ќе биде пристапот до дистрибутивните места поради паркираните возила на резидентите во тие простори; - загадувањето во ноќните часови е поголемо од дневното време - мерните инструменти бележат поголем број на ПМ честички ноќе и со измените на времето
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
19
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
за доставувањето на стока ќе се влијае повеќе на загадувањето. Овие компании не се загадувачи на животната средина бидејќи инвестираат во транспортни возила кои ги исполнуваат еур 5 и еур 6 стандардите, како и хибридните и електричните возила, кои не треба да бидат дел од оваа мерка. Доколку целта е намалување на загадувањето на воздухот со носење на ваква одлука, потребно е контрола на сите возила (лесни и тешки) за исполнетост на овие стандарди. Од страна на дистрибутерите, во централното градско подрачје секојдневно циркулираат помеѓу 40-50 возила. Овие возила придонесуваат во загадувањето од моторни возила со 0,05%, а во вкупното загадување на воздухот помалку од 0,01%; - зголемување на комуналната хигиена и поголема контрола од страна на инспекциските служби; - постојат компании кои својата дејност и услуга ја базираат на испорака и монтажа (мебел, техничка опрема, опрема за домаќинство и слично...), па се поставува прашањето што ќе се случи со испораката на стоките и услугите за граѓаните во ова централно градско подрачје? Дали ќе треба да се испорачува и монтира (прави врева) во 2 часот наутро? - Со носење на ваква одлука се загрозува и јавниот ред и мир на граѓаните во
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
доцните ноќни часови и поради можни поплаки компаниите можат да подлежат на санкции; - потребна е контрола на издувните гасови на сите возила и нивно маркирање соодветно на степенот на загадувањето со цел исклучување од сообраќај на возилата кои не ги задоволуваат еколошките стандарди, како и креирање на програми за поддршка за набавка на возила кои ги задоволуваат еколошките стандарди. Со оглед на наведеното, се заклучи следното: донесената Одлука е неприменлива и предизвикува сериозни организациски, административни, технички, кадровски, финансиски и други импликации и го доведува во прашање редовното снабдување на граѓаните, поради што е потребно истата веднаш да биде укината. Бизнис-заедницата ја изразува својата подготвеност активно да се вклучи во процесот на креирање на мерки кои ќе придонесат за намалување на загадувањето во Скопје. Љупка И. Самарџиска
БИЗНИС ИНФО
D CE ON IA
M
A
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME
21
22
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
23
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
25.01.2018 година (четврток) 9:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ
Стопанската комора на Македонија во изминатите 4 години во континуитет организираше семинари за совладување на техниките и методите на ‘Risk management’, a согласно барањата во законската регулатива на Република Македонија, (Закон за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“, бр. 188/2013); Законот за заштита и спасување („Службен весник на РМ“, бр. 93/1212) и Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на РМ“, бр. 53 од 11.04.2013) и други). Нашето анализирање на бизнис секторот покажува дека компаниите во Република Македонија се соочуваат со поедини тешкотии при дизајнирање на сопствен, рационален и ефективен - одржлив систем за управување со ризикот како дел од компанискиот менаџмент систем и интегриран сегмент во системот за управување со квалитет. Предавач: д-р Зоран Доревски консултант за безбедност.
Краен рок за пријавување: 22 јануари 2018 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
25-27 јануари 2018 година Солун, Грција
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)
Стопанската комора на Македонија од 25-27 јануари 2018 година , Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози) кое ќе се одржи во во Солун, Грција. Согласно Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15), од јануари 2018 година истите задолжителното - 100% ќе се спроведуваат по електронски пат. На советувањето ќе се разгледаат најчести грешки и проблеми кои настануваат при спроведување на јавните набавки и тоа од подготовка на годишниот план за јавни набавки до објавување на склучените договори, електронските постапки и на што треба да се ВНИМАВА, што е исклучително важно за сите лица инволвирани во јавните набавки. Котизација за советувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ). Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на котизацијата; - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Солун - Скопје (тргнување на 25 јануари 2018 година, во 6:00 часот и враќање на 27 јануари 2018 година во вечерните часови); - 2 ноќевања на база ноќевање со доручек во хотел сo 4 * во Солун; - свечена вечера во традиционален грчки ресторан, таверна „Лададика“; користење конференциска сала; - кафе и освежување за време на паузите на советувањето; - панорамски разглед на Солун: Белата кула, Гаелерисовата арка, црквата Свети Димитрија; - посета на шопинг центарот „Медитеран Космос“ и на „Икеа“. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.12.2017 година (четврток) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ
Стопанската комора на Македонија, на 21 декември 2017 година, организира еднодневен семинар на тема: „Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ, причини и услови за отказ; основи за престанување на важноста и за прекин на договорот за вработување; мирување на правата и обврските од договорот за вработување; плаќање на работата, надоместоци на плата; работно време, скратено работно време, распределба на работното време, прекувремена работа, работа во смени, ноќна работа”. Во рамките на семинарот опфатени се сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предмената проблематика. Предавачи: М-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II Скопје Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II Скопје Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
25-27 јануари 2018 година Солун, Грција
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)
Стопанската комора на Македонија од 25-27 јануари 2018 година , Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози) кое ќе се одржи во во Солун, Грција. Согласно Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15), од јануари 2018 година истите задолжителното - 100% ќе се спроведуваат по електронски пат. На советувањето ќе се разгледаат најчести грешки и проблеми кои настануваат при спроведување на јавните набавки и тоа од подготовка на годишниот план за јавни набавки до објавување на склучените договори, електронските постапки и на што треба да се ВНИМАВА, што е исклучително важно за сите лица инволвирани во јавните набавки. Котизација за советувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ). Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на котизацијата; - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Солун - Скопје (тргнување на 25 јануари 2018 година, во 6:00 часот и враќање на 27 јануари 2018 година во вечерните часови); - 2 ноќевања на база ноќевање со доручек во хотел сo 4 * во Солун; - свечена вечера во традиционален грчки ресторан, таверна „Лададика“; користење конференциска сала; - кафе и освежување за време на паузите на советувањето; - панорамски разглед на Солун: Белата кула, Гаелерисовата арка, црквата Свети Димитрија; - посета на шопинг центарот „Медитеран Космос“ и на „Икеа“. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
8 јануари 2018 - 26 јануари 2018 година.
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018”
Enterprise Europe Network, Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ве информираат дека Стопанската комора на Србија, во соработка со ЕУ Делегацијата во Република Србија, го организира Бизнис настанот, на 31.01.2018 година, под покровителство на Европскиот парламент. ГЛАВНИ ТЕМИ - Аграр; - Дигитализација; - Индустрија 4.0; - Бизнис услуги. ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ? Настанот ќе претставува единствена можност за претпријатијата, со цел: - испитување на бизнис можностите за инвестирање; - испитување на пазарот во Србија и неговите клучни играчи; - воспоставување прекугранични контакти со локални компании; - реализирање состаноци со потенцијални деловни партнери. Учеството е бесплатно. За конференцијата ќе биде обезбеден превод. Регистрација: 11 декември 2017 година - 26 јануари 2018 година, на http://eu-serbia.talkb2b.net/ Селекција на состаноци: 8 јануари 2018 - 26 јануари 2018 година. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 1-2 февруари 2018 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007
Стопанската комора на Македонија на 1-2 февруари 2018 година организира акредитирана дводневна тренинг-обука за интерни проверувачи под PECB (Professional Evaluation and Certification Board) www.pecb.com акредитација, што ќе ја спроведува акредитиран PECB-партнер „TQM KONSALTING“ на тема: „ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007“. На оваа тренинг-обука учесниците имаат можност да полагаат тест со што ќе се стекнат со сертификат којшто ќе им овозможи да се стекнат со CPD (Continuing Professional Development) бодови неопходни за аплицирање за водечки аудитор за систем менаџмент (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001…). Целта на обуката е учесниците да стекнат потребни вештини и знаења за самостојно вршење на интерна проверка во рамките на своите компании. Притоа, обуката ќе им овозможи доволно ниво на самостојност и ефикасност при спроведувањето на проверки на квалитетот на услугите и производите, во насока на зголемување на вкупната ефикасност на работењето на компанијата како и задоволување на побарувачката на пазарот. Под поимот „проверка на квалитет“ се подразбира процес на усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнале одредени цели во рамките на организацијата. Предавач: - Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042035
Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134
Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги. UA00000041975
Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095
Украина Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар. UA00000041963
Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно
Украина Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000041950 Украина Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно. UA00000041951 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947
Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000037834
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1432
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Кина Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041923
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 22 декември 2017, Бр. 334
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088