Бизнис ИНФО, број 385

Page 1

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

Број 385 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 01.3.2019

Одржана првата информативна сесија за 2019 година во рамките на ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

КРЕАТИВНИТЕ ИДЕИ ДА ДОБИЈАТ АПЛИКАТИВНА ПРИМЕНА – ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА СТУДЕНТИТЕ ВО ФОКУСОТ НА НАТПРЕВАРОТ „CODE APP LEVEL UP“

Иницијативата за поттикнување на претприемачкиот дух на македонските студенти, изразена на натпреварот „Code App Level Up“ беше презентирана на пресконференцијата на Стопанската комора на Македонија, одржана на 25.02.2019 година. Стопанската комора на Македонија оваа година се приклучува како поддржувач на студентската иницијатива - натпреварот „Code App Level Up“, кој во организација на ЕЕСТЕК Локален комитет Скопје – Здружение на студенти по електротехника, ќе се одржи по петти пат. Во фокусот на натпреварот ќе биде поттикнувањето на претприемачкото размислување кај студентите, во насока на создавање сопствени продукти, кои ќе донесат поголема додадена вредност. Неспорно е дека Македонија располага со иновативен и креативен потенцијал, но не секогаш тој потенцијал го наоѓа своето место на пазарот. Имено, од аспект на технологијата, Македонија е солидно позиционирана


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА на мапата за аутсорсинг на технолошки решенија, но често изостануваат оригинални апликативни решенија. Оттука, македонскиот талент за технолошки иновации треба подобро да се подготви и потоа да се искористи за развој на оригинални производи и решенија – и токму тоа ќе биде главниот предизвик за студентите кои ќе земат учество на годинешниот натпревар – не само да изработат софтверско решение, туку истовремено и да подготват реален и спроведлив бизнис-план, кој ќе овозможи нивната замисла да има апликативна примена во што е можно покус рок. - За време на траењето на натпреварот, од 15 до 21 април 2019 година, токму тука во просториите на Стопанската комора на Македонија, како најстара и најголема куќа на бизнисот, ќе работат тимовите кои ќе учествуваат на натпреварот, проследено со предавања, работилници и менторска работа. Повикот за пријавување е веќе во тек, а ќе трае до 25 март, па ги повикуваме сите студенти кои имаат не само креативна идеја, туку и визија таа идеја да ја имплементираат во пракса, да се пријават на повикот, - посочи д-р Татјана Штерјова од Стопанската комора на Македонија. Форматот на „Code App Level Up 5“ е базиран концептуално на стартапите. Имено, студентите ќе се пријавуваат во тимови од 3 или 4 члена, при што на натпреварот учество ќе земат 8 тима или максимум 32 учесници. Секој тим во својот состав треба да има најмалку по еден член кој ќе биде одговорен за програмирање, за дизајн и за претприемништво, а за членовите на тимовите во текот на неделата ќе бидат организирани работилници и предавања, согласно нивната потесна специјалност. - Со тимовите ќе работи екипа на искусни ментори. Се надеваме дека осумте компании коишто ќе бидат избрани да бидат дел од овој прекрасен настан, ќе научат многу, ќе ги развијат своите идеи, ќе добијат елан, ќе регистрираат компании, а следната година некој од нив ќе седи на столчето до нас, ќе ни раскажува за нивните искуства и ќе ја води понатаму штафетата, - посочи Илија Лалковски, претседател на ЕЕСТЕК Локален комитет Скопје - Здружение на студенти по електротехника Скопје.


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Притоа, Лалковски информираше дека победниците на натпреварот ќе одат на светски натпревари - ќе имаат можност да присуствуваат на водечките ИТ-конференции на Балканот, тоа се „Digitalk“ во Бугарија и „SparkMe“ во Црна Гора, како и да учествуваат на глобалното финале на „Get In The Ring“. - Со глобалното финале на „Get In The Ring“, македонските стартапи ќе добијат врска со една голема мрежа на компании во којашто ќе може да остварат многу контакти и ќе можат понатаму многу поедноставно да ги развијат своите идеи и да ги пласираат. „Get In The Ring“ претставува своевидно семејство, тие оваа година започнуваат иницијатива и за отворање универзитет во Холандија посветен на стартапи. Така што, се работи за еден од најголемите и најамбициозните проекти во стартап сферата во Европа, а поврзувањето со нив ни претставува особена чест, посочи Лалковски. Стефан Митевски, поранешен член на Здружението и поранешен учесник на натпреварот, кој годинава ќе биде еден од менторите на тимовите кои ќе учествуваат, посочи дека Македонија полека станува еден од стартап центрите во Македонија, но дека е потребно да се работи на поттикнување на претприемачкиот дух кај студентите, кој ќе резултира со креирање практични и применливи апликативни решенија. Во таа насока, тој посочи дека од голема вредност е поврзувањето со Стопанската комора на Македонија, во насока на обезбедување врска помеѓу младите и иновативни претприемачи со етаблираните компании, од која можат да произлезат заемна корист за двете страни. Натпреварот „Code App Level Up“ ќе се одржи од 15-21.4.2019 година, а повеќе информации за условите за пријавување се достапни на следниот линк: https://calu. mk/. д-р Татјана Штерјова


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

АЗЕСКИ-КОМШИЌ: ИМА ПЕРСПЕКТИВИ РАЗМЕНАТА ПОМЕЃУ ДРЖАВИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ДВОЈНО ВО СЛЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески оствари работна средба со Н.Е. Жељко Комшиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, на 26.02.2019 година. Претседателот Азески се осврна на воспоставената одлична соработка на Стопанската комора на Македонија со Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина во рамките на Коморскиот инвестициски форум, во насока на унапредување на регионалната економска соработка во насока на воспоставување на регионалната економска област. Азески накратко ги презентираше активностите кои Коморскиот инвестициски форум ги реализира во областа на унапредување на регионалната економска соработка, зголемување на извозните капацитети на компаниите од регионот, воведување на системот на дуалното образование и спроведување на процесот на дигиталната трансформација за компаниите од регионот. При тоа, претседателот Азески посочи дека единствено со заеднички активности можат да се постигне развој и зголемување на стапката на раст во сите држави од регионот на Западен Балкан, при што посочи неколку конкретни иницијативи на Коморскиот инвестициски форум во таа насока – вклучувајќи го воведувањето на авионската линија Скопје-Подгорица-Сараево, инвестиции за подобрување на меѓусебната инфраструктурна поврзаност помеѓу државите од регионот на Западен Балкан, формирање на заеднички институции на нивото на целиот регион на Западен Балкан (вклучувајќи единствен арбитражен центар за решавање на спорови кои ќе произлезат од меѓусебните деловните односи на компаниите од регионот, и единствено кредитно биро, од кое ќе можат на едно место да се добијат податоци за субјекти од било која од шесте држави на Западен Балкан). Истовремено, ја изложи иницијативата на Коморскиот инвестициски форум за формирање на посебни министерства за регионална соработка во рамките на Владите во секоја од шесте држави од Западен Балкан, како мерка која


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

7

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА може значително да придонесе да се зајакне меѓусебната соработка. Посочи дека доколку бидат реализирани предложените мерки, постојат перспективи меѓусебната размена помеѓу државите од регионот на Западен Балкан да биде зголемена двојно во следните пет години. Претседателот Азески најави дека во насока на зацврстување на добрата деловна соработка помеѓу компаниите од двете земји, делегации на Стопанската комора на Македонија во идниот период ќе земат учество на конференцијата – „Дигитализација на општеството во Босна и Херцеговина“ и на Бизнис Форумот во Сараево. Н.Е. Жељко Комшиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина посочи дека главната цел на активностите како на бизнис-асоцијациите, така и на државните органи треба да биде унапредувањето на опкружувањето како во Босна и Херцеговина, така и во Република Македонија, но и во останатите држави од регионот на Западен Балкан, за луѓето кои се во бизнисот, кои се занимаваат со конкретни работи да ја почувствуваат предноста на тоа што коморите и државните органи го работат. Посочи дека државните органи треба да ги поддржат сите иницијативи на бизнис-заедницата кои можат да донесат поголем просперитет во регионот, вклучувајќи го и предлогот за воведување на авионската линија Скопје-Подгорица-Сараево, која иако самата по себе нема економска исплатливост, значително ќе придонесе за унапредување на соработката помеѓу трите држави, поради што државите треба безрезервно да се заложат што побрзо таа идеја да биде спроведена. Вкупната трговска размена помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина во 2018 година изнесува 162,2 милиони САД $, со раст од 2,43% споредено со 2017 година. Извозот изнесува 93,3 милиони САД $, со зголемување од 10,4%, додека увозното салдо изнесува 68,9 милиони САД $, со намалување од 6,7% во однос на 2017 година. На македонска страна остварен е суфицит од 24,46 милиони САД $, кој во однос на 2017 година е зголемен за 129,5%. При тоа, во структурата на извозот во 2018 година, најмногу се застапени производи од фармацевтската индустрија, металургијата, прехранбената индустрија и вина. д-р Татјана Штерјова


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

АЗЕСКИ - РУКИЧИ: ИНФРАСТРУКТУРАТА КАКО ОСНОВА ЗА ЗГОЛЕМЕНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО Претседателите на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и на Стопанската комора на Косово, Берат Рукичи, одржаа работна средба, на која разговараа за перспективите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, но и за зајакнување на меѓукоморската соработка, која е на исклучително високо ниво во изминатите години.

Азески и Рукичи разговараа за тековните проектни активности во рамките на Коморскиот инвестициски форум во насока на обезбедување предуслови за забрзан економски раст за државите од регионот на Западен Балкан, преку нивна зајакната соработка. Потребно е сите земји од Западен Балкан да се стремат кон креирање позитивна бизнис клима, преку континуирана работа на заеднички проекти за подобрување на инфраструктурната поврзаност, индустријализацијата и зголемување и поттикнување на извозните капацитети и активности, дигитализацијата и дуалното образование. Со детектирање на овие клучни точки, беше формиран Коморскиот инвестициски форум, преку кој регионот на Западен Балкан се промовира како единствена регионална економска област. Во насока на промоција на регионот како таков, Коморскиот инвестициски форум работи на бројни проекти преку кои се креираат активности за


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

9

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА надминување на постојните отворени прашања меѓу економиите на земјите од регионот, зајакнување на соработката и промовирање на економскиот потенцијал на регионот како целина. Преку Коморскиот инвестициски форум во наредниот период и двете комори ќе продолжат со работа на воспоставување на регионална економска област и креирање на заеднички производи, како и заеднички настап на државите од регионот на трети пазари. Како претпоставка за остварување на овие цели, беше потенцирана важноста од што побрзо комплетирање на проектот за автопатско поврзување на Македонија со Косово, кој се актуелизираше во последните години, откако претходно, повеќе од една деценија беше ставен во мирување. Претседателот на Стопанската комората на Косово, Берат Рукичи, истакна дека патот од косовската страна е во финална фаза и се очекува истиот да биде завршен до јуни 2019 година, што треба да претставува поттик за посериозен пристап и започнување на градежните работи и од македонска страна порано од планираното. Од македонска страна, патниот правец е со вкупна должина од 13 километри, чија проценета вредност изнесува 63 милиони евра и претставува дел од главната рута од Скопје до Приштина. Според планираното, изградбата на автопатот Скопје - Блаце треба да започне во втората половина на 2019 година и да заврши до крајот на 2022 година. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово за 2018 година изнесува 300,6 милиони САД$ и во однос на 2017 година бележи раст од 14,4%. Извозот изнесува 265,8 милиони САД$, кој бележи зголемување од 17,8%, додека увозот изнесува 34,75 милиони САД$, кој бележи намалување од 6,8% во споредба со 2017 година. При тоа, во трговската размена остварен е суфицит на македонска страна од 231,1 милион САД$ кој бележи зголемување од 22,73% во споредба со суфицитот реализиран во 2017 година. За 2018 година, Република Косово е 16-ти надворешнотрговски партнер на Р. Македонија. м-р Сања Николова


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ Управниот одбор на Советот на странски инвеститори на 27.02.2019 година одржа седница на којашто од страна на Агенцијата за вработување на РСМ беше презентиран Оперативниот план за активните мерки и програми за вработување, со цел поблиско запознавање на работодавачите со новите мерки и програми за вработување, но и взаемна размена на искуства за можностите за подобрување на истиот, а сето тоа во функција на обезбедување кадар во согласност со потребите на странските инвеститори во земјава. Имајќи предвид дека недостигот на стручни квалификации и вештини претставува своевидно критично ограничување на конкурентноста во Македонија, една од активностите на Советот на странски инвеститори е и активноста за подобрување на состојбата на пазарот на трудот и обезбедување кадри токму онакви какви што им се потребни на работодавачите. Презентацијата на Оперативниот план беше реализирана од страна на директорката на АВРСМ Билјана Јовановска и нејзините соработници, по што следеше и дискусија околу определени мерки и програми, а беше изразена и подготвеност за ревидирање на Планот со нови програми и мерки по предлог на странските инвеститори, доколку за тоа постојат оправдани предлози што би произлегле во наредниот период. Клучните препораки објавени во „Белата книга“ од 2018 година, што беа предмет на работа на Работната група од областа на безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина и Работната група за даноци и финансии, беа презентирани на седницата на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори. Работните групи и понатаму продолжуваат да ја следат имплементацијата на утврдените препораки, со цел утврдување на степенот на реализација на истите и преземање натамошни чекори


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

11

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

за подобрување на деловното опкружување во овие области. Работата на останатите работни групи, чии препораки се дел од „Белата книга“ ќе биде презентирана на следната седница на Управниот одбор, заради нивно следење и имплементација на препораките. Управниот одбор на Советот на странски инвеститори го утврди и начелниот план на активности за 2019 година, каде се предвидени повеќе значајни настани што ќе бидат реализирани, односно стручни презентации на теми од интерес за странските инвеститори, како што се економските проекции на НБРМ, извештаите на Светска банка, организација на Светскиот пикник, активности околу имплементација на препораките од „Белата книга“, како и организација на настани на регионална основа, во соработка со асоцијациите на странски инвеститори од земјите од опкружувањето. Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија се` повеќе станува препознатлива асоцијација по своите активности, поради што голем број други асоцијации и организации изразуваат интерес за соработка. На последната седница на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори своја презентација имаа и претставници на Клубот на млади инженери при Инженерската асоцијација на Македонија, како и организациониот одбор на Конференцијата „Women in energy“, а сето тоа во насока на поврзување на активностите, спроведување заеднички проектни и други активности, што секако придонесува и за своевидно поврзување на понудата и побарувачката на работна сила, актуелизирање на прашањата за полова еднаквост во различни професии и дејности и други значајни прашања, кои за своја крајна цел имаат обезбедување подобри услови, можности и перспективи за работа во земјава. м-р Елена Милевска Штрбевска


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ

ПОДОБРУВАЊЕ НА ИЗВОЗНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕКУ АКТИВНОСТИ НА КЛУБОТ НА ИЗВОЗНИЦИ

EXPORTERS’ CLUB ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA ©

Извозниците компании - членки на Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија ќе имаат можност преку проектни активности во Комората да земат учество во креирањето на извозната диверзификација на македонската економија. За таа цел, на седницата одржаната во Комората, членките на Клубот беа информирани за чекорите кои е потребно да се направат за да се согледа фактичката состојба на извозниот потенцијал, но и можностите како да се зголеми бројот на извозни производи, компании кои извезуваат и да се зголеми бројот на земји каде се извезуваат македонски производи. Во таа насока, д-р Дарко Лазаров, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, го презентираше планот на активности на Стопанската комора на Македонија преку кој треба да се идентификуваат развојните потенцијали и можности за извозна диверзификација, да се дијагностицира и да се изработи план за подобрување на извозната конкурентност на селектирани компании и да се промовираат пред извозните компании предлог- политики за нивна системска поддршка. Професор Лазаров направи и споредба со потенцијалот и капацитетот на македонската економија со економијата на Словенија како земји со слична големина и капацитет. При тоа, беше посочено дека со добри системски политики, економијата на Словенија има до 5 пати подобри економски перформанси од нашата економија.


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

13

КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ

За таа цел, беше истакнато дека преку Клубот на извозници при Комората во следниот период ќе бидат преземени чекори да се направи анализа на изворите на растот на македонската економија, анализа на индустриските и извозните перформанси на земјата согласно кои ќе бидат дефинирани и следните активности за извозна диверзификација. На состанокот на Клубот на извозници беше разговарано и за начините и можностите за системска поддршка на домашните компании за саемското претставување во светот. За таа цел, беше договорено клучните извозни сектори (прехранбениот, електро и металниот сектор, текстилот) во следниот период да дефинираат по неколку саеми кои сметаат дека се од големо значење за поттикнување на извозната активност и да се бара поддршка за настап на македонските компании на светски влијателните саемски манифестации. Членките на Клубот на извозници беа информирани и за правилата и процедурите кои се потребни при извоз по промена на уставното име на земјата, со цел непречено одвивање на извозните активности. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

ПРОЕКТИ

Одржана првата информативна сесија за 2019 година во рамките на ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“

Новиот Закон за јавни набавки да се дополни со подзаконски акти и правилници и успешно да се спроведе се барањата и сугестиите на компаниите истакнати на првата информативна сесија за 2019 година одржана во Скопје во рамките на ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, во Стопанската комора на Македонија се одржа информативна сесија на тема:„МОЖНОСТИ ЗА ДОУРЕДУВАЊЕ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И ПРАШАЊА ОД ИНТЕРЕС НА КОМПАНИИТЕ“ (28.02.2019 година). Меѓу претставниците на компаниите и експертите се отвори дебата за подобрување на регулативата за јавни набавки преку презентирање на клучните новини на законското решение, како и можностите за негово дополнување со подзаконски акти. Во фокусот на новините на Законот се напуштањето на концептот најниска цена и електронска аукција, објавувањето на плановите за јавни набавки, како и можноста за директни плаќања на подизведувачите, а беше поставено прашањето дали тие ќе бидат доволни за надминување на досегашните проблеми. Со оваа инфо-сесија, информациите пласирани на веб-порталот biznisregulativa.mk и следните активности на Стопанската комора на Македонија со партнерите во Проектот, Стопанската комора за информатички


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

15

ПРОЕКТИ технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, на компаниите ќе им се олесни запознавањето со новините на Законот. -За поздравување е одредбата со која се предвидува дека електронските аукции не се користат кај јавните набавки на интелектуалните услуги. Се прифатија и барањата на бизнис заедницата за промена на начинот на пресметување на роковите за жалба, а барањето да се исклучи набавката на услуги преку електронскиот пазар и истиот да се применува само за набавка на стоки и услуги е делумно прифатено на начин што преку електронскиот пазар договорниот орган може да врши набавки на стандардни стоки и услуги, - изјави Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија. - Исто така, за поздравување е тоа што со новиот Закон се напушта концептот на најниска цена и повторно се оди кон економски најповолната понуда, односно се земаат предвид и дополнителни критериуми. За поздравување е и тоа што од електронската аукции се изземени интелектуалните услуги со оглед дека тука одеше до многу ниско спуштање на цените. Зголемена е и транспарентноста. Сепак, делумно е прифатено нашето барање да се врши контрола од надворешно, независно тело при реализацијата на договорите и исполнувањето на обврските. Прифатена е само обврската да се објавуваат реализираните договори на електронскиот систем, но контролата останува во рамките на договорниот орган. Тој ја спроведува контролата, нагласи Павлина Димовска, правен консултант од „Епицентар“.


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

ПРОЕКТИ Новиот Закон за јавни набавки, кој е веќе стапен на сила, а ќе започне да се применува од 1 април 2019 година, предвидува:

- напуштање на концептот на задолжителност на примената на најниската цена како критериумот за избор на најповолна понуда. Како критериум за избор на најповолна понуда е економски најповолна понуда (цена или трошоци на животниот век и најдобар однос на цената и квалитетот); - подигање на вредносните прагови и со тоа намалување на оптоварувањето со документација. Така, за набавка од мала вредност наместо од 500 до 5.000 евра, сега е од 1.000 до 10.000/20.000 евра, додека кај поедноставената отворена постапка вредносниот праг е 10.000-70.000 евра за стоки и услуги; - воведена е можност за поднесување на жалба по тендерска документација да течат веднаш по објавување на огласот за јавна набавка; - со новиот Закон електронската аукција може да се користи за да се добијат нови корегирани цени, но таа не е задолжителна; - електронската аукција може да се користи само ако техничките спецификации се прецизно дефинирани, а не може да се користи кај интелектуални услуги; - направено е минимално зголемување на роковите: кај набавките од мала вредност рокот за доставување на понуди е 7 дена од денот на објавување на огласот, додека кај поедноставената отворена постапка рокот за доставување понуди е 15 дена.


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

17

ПРОЕКТИ Предавачи на информативниот настан беа м-р Сабина Факиќ и д-р Герман Филков, истакнати експерти од областа на јавните набавки, кои ги презентираа пред компаниите новините во Законот за јавни набавки и поттикнаа дискусија со присутните. -Според истражувањата спроведени од Центарот за граѓански комуникации во текот на јануари 2018-2019 година, како најголеми проблеми со кои се соочуваат компаниите беа посочени: најниската цена, проблеми во наплатата, задолжително спроведување на е-аукција, кратки рокови за доставување понуди, проблеми со техничките документации и спецификации, - посочи Факиќ. На информативниот настан присуствуваа повеќе од 60-тина претставници од повеќе сектори и тоа: градежниот сектор, трговија, туризам и угостителство, осигурување,

ИТ-сектор, прехранбена индустрија, дистрибуција на електрична енергија, техничко испитување и анализа. Компаниите го поздравуваат Законот за јавни набавки иако во него, како што велат, не се вметнати дел од нивните барања и сугестии и очекуваат со спроведување на новиот Закон за јавни набавки да се надминат досегашните тешкотии при имплементацијата. м-р Ивана Крстевска


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ

„CONTENT MARKETING - КАКО ДА РАЗВИЕТЕ НАЈДОБРА СОДРЖИНА НА FACEBOOK“

Клубот на менаџери-претприемачи на 28.02.2019 година го реализираше петтото едукативно предавање предвидено со Агендата за 2019 година на тема: „Content marketing - како да развиете најдобра содржина на Facebook“, во соработка со предавачот Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација за дигитален маркетинг. Дујак има повеќе од осумгодишно работно искуство како главен оперативен директор во маркетинг агенцијата „Brand Union“. Автор е на наградуваните блогови „This is Not a Social Media Blog“ и „Skopje Casual“. Држи бројни обуки од областите маркетинг и дигитален маркетинг. Терминот „content marketing” е присутен веќе неколку години и вклучува креирање на содржини чија главна цел е да остави впечаток, односно на определена целна група да им се продаде некоја идеја, додека целта на традиционалниот маркетинг е секогаш продажба на самиот производ, кој е крајниот производ од идеите што му претходеле. На тој начин, старите начини на рекламирање веќе не се доволни, бидејќи потенцијалните корисници се презаситени, па нападните реклами веќе не го привлекуваат нивното внимание. Целните групи и модерниот човек денес сакаат смисла, забава, и можеби најважно, квалитетни и корисни информации.


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

19

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ Основни карактеристики на маркетингот на содржина се: детално познавање стигнување до нив; на целната група на потрошувачи и прецизно интегрирана стратегија на комуницирање којашто не е фокусирана на продажба, туку на комуникација со потрошувачите; креирање на квалитетна содржина што може да биде употребувана повеќе пати; континуирана дистрибуција на содржината без временско ограничување на кампањите; активирање на потрошувачите во посакуван момент и можност за прецизно мерење на резултатите. Според Ива Дујак, она што е главна карактеристика на овој вид на маркетинг е неговата ненаметливост и суптилниот начин да се комуницира со потрошувачите, да ги информира и едуцира за да го доближи производот или услугата што ја нуди. Еден од начините на кои може да се спроведе контент маркетингот е преку блогови. Се смета дека текст што го пишува влијателен блогер е многу помоќен за разлика од обичен ПР-текст. Социјалните медиуми претставуваат флексибилна и соодветна алатка за доближување до широк аудиториум, но не се користат да ги убедуваат потрошувачите, туку да изградат канал на комуникација со нив. Исто така, одделот за маркетинг на компаниите може да искористи и други канали преку кои ќе ги информира своите потенцијални клиенти, како што е дневен билтен (newsletter), инфографика, електронски брошури… Сумирано, маркетингот собира податоци за потенцијалните купувачи, ја зголемува видливоста и препознатливоста на брендот, гради кредибилитет и создава конзисентна база на купувачи. Контент маркетинг всушност претставува наједноставен начин да добиете нови потенцијални клиенти кои ќе ги конвертирате во потрошувачи. Доколку сакате да ја постигнете оваа цел, треба да следите неколку правила коишто ќе ви помогнат да ја подобрите содржината која ве претставува на интернет и пред целната публика Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите и др. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контактите на Стопанската комора на Македонија со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска


20

БИЗНИС ИНФО

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

ОБЈАВЕНИ НО


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

ОВИ ПРОПИСИ

21


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

НОВИ ПРОПИСИ

ПРОПИСИ И ИЗВЕСТУВАЊА ОБЈАВЕНИ НА ЕДИНСТВЕНИОТ НАЦИОНАЛЕН ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА ПРОПИСИ (ЕНЕР) • ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ , 01.03.2019 Измените и дополнувањата во Законот за земјоделското земјиште, се во насока на доуредување на постапката за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, воведување на нови поими во законот, заштита на земјоделското земјиште како ограничен ресурс, како и усогласување со Законот за урбанистичко и просторно планирање… • ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, 01.03.2019 Основна цел за донесување на законот е негово усогласување со Секторската спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската Комисија за воспоставување на одредби за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Северна Македонија според инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за земјоделство и рурален развој (ИПАРД), е наведено во Известувањето на Мин ... • ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ , 25.02.2019 Според Известувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, целта на измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште е унапредување на постапките за доделувањена земјоделско земјиште во државна сопственост, како и дорегулирање на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост.


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

23

НОВИ ПРОПИСИ

ЗАКОНИ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА • ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, 01.03.2019 Општа цел на Предлог-законот за инспекциски надзор е надминување на неконзистентноста и детектираните слабости во применувањето на постојниот Закон за инспекциски надзор и воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик и воедначено вршење на инспекцискиот надзор, со што ќе се постигне поголема транспарентност, предвидливост и правна сигурност за субјектите на надзор... • ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА УСЛУГИ, 25.02.2019 Предлог -законот за услуги произлезе од потребата за усогласување со Директивата 2006/123/ЕЗ со што ќе се реализираат предвидените активности утврдени во Националната програма на Република Македонија за усогласување со законодавството на Европската Унија, како и за поттикнување на развојот на трговијата со услуги преку отстранување на пречките за слободата на основање и вршење на услужните дејности…

ПРОПИСИ ОБЈАВЕНИ ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ • „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 46 ОД 26 ФЕВРУАРИ 2019 ГОДИНА, 01.03.2019 - Oдлука за укинување на визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Северна Македонија за странски државјани носители на валидни патни исправи на трети земји, кои имаат регулирано привремен престој во земја членка на Eвропската унија или потписничка на Шенгенскиот договор •„СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ“ БР. 45 ОД 25 ФЕВРУАРИ 2019 ГОДИНА, 27.02.2019 Врз основа на член 5 став 3 од Законот за Царинската тарифа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/03, 69/04, 10/08, 160/08, 35/10, 11/12, 93/13, 44/15, 81/15 и 192/15), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 19.2.2019 година, донесе Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки ...


24

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 1 март 2019, Бр. 385

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 1 март 2019, Бр. 385

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

25


bsi.

26

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

те ај ач ар Н

БИЗНИС ИНФО

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

27

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.03.2019 Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат, Македонија

НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Имајќи предвид дека од 1 април 2019 година стапува на сила новиот Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневен семинар на 12 март 2019 година и истите се наменети за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки. Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение. Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ.

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13.3.2019 година (среда) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат

ЗАКОНСКИ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАЈ НА ДОКУМЕНТИ ЗА НИШТЕЊЕ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на архивското и канцелариското работење, приемот и движењето на документите, распределувањето на документите по организациони единици и доставувањето до одговорните лица за нивно натамошно процесирање во рамките на институциите и пошироко. Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на определување и разграничување на документите и останатата пропратна документација, согласно Законот и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, како и начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување. Целна група за семинарот: -директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење. Предавач: -м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

29

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15.3.2019 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАТИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ (CORPORATE SECURITY MANAGEMENT)

Бизнис организациите се соочуваат со обврски кои произлегуваат од законите и прописите кои се однесуваат на физичка и техничка безбедност, заштитата на деловни тајни и доверливи информации, информации за безбедноста на ИКТ системите, прва помош, противпожарна заштита, безбедност и здравје при работа, заштита од несреќи што може да се случат поради самата активност и слично. Овој семинар има за цел да сподели нови сознанија, методи и алатки за спроведување на ефикасна корпорациска безбедност. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, за владиниот и невладиниот сектор кој е вклучен во процес на менаџирање на безбедносните аспекти при работа, пред се` корпорациска безбедност и ефикасност, заштита на индивидуалната безбедност, заштита на податоци и сл. Знаењата и вештините на менаџерите и вработените треба да бидат на високо ниво со цел да се координираат сите неопходни мерки за време на изготвувањето на потребните документи и нивна соодветна примена во пракса, бидејќи се среќаваат со голем број обврски: • примена на национални и меѓународни стандарди; • изработка на детална документација и нејзино приспособување кон големината и видот на бизнисот; • приспособување на организациската структура и реалните потреби. Последен рок за пријавување: 13.3.2019 година. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 22.3.2019 година (петок) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ДИГИТАЛНИ ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ – КАКО ДА СОЗДАВАМЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ?

Овој семинар е наменет за претставници од маркетинг и комуникациската индустрија, академија и невладин сектор, како и носители на комуникациски функции од владиниот сектор, кои директно или индиректно се вклучени во процесите на корпоративни и маркетинг комуникации, односи со јавност и управување со социјални мрежи. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко и темелно разбирање за важноста, вредноста и функционалноста на современиот односи со јавност во интеграција со социјалните мрежи, алатките на односите со јавност, механизмите и медиумите, како и моделите за успешни комуникации со таргетираната јавност. Посебно ќе се вкрстат комуникациските механизми со сегментиранатa публика преку моделот на генерациска интелигенција со фокус на краткиот ,,распон на внимание,,. Учесниците ќе спознаат функционални модели за дигиталниот ПР, структура на содржина, визуелни приказни, развој на стратегија и временско усогласување на медиа планот со социјалните мрежи. Воедно, учесниците ќе добијат темплејти за маркетинг планирање, медиа планирање и пристап до сознанија за оптимално комбинирање на традиционални и дигитални медиуми. Предавач e д-р Љупка Наумовска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

31

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.3.2019 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

МЕХАНИЗМИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ ОБВРСКИ И НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ

Стопанската комора на Македонија, на 25 март 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Механизми за исполнување на парични обврски и наплата на побарувања помеѓу правните субјекти“. Правната, но, и економската сигурност во бизнисот во голема мера зависат од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети целособразно, навремено и комплетно. Во насока на обезбедување што поголема правна заштита за правните субјекти, цел на работилницата е да се одговори на секогаш актуелното прашање: Како настанува исполнување на паричните обврски и кој е најдобриот и најсигурниот начин за НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊАТА помеѓу правните субјекти, и тоа како во домашниот, така и во надворешниот промет со странски субјекти. Одговорот на ваквото прашање ќе се обезбеди преку преглед на правната регулатива која ја засегнува темата од интерес, а особено: настанувањето и докажувањето на постоењето на побарување, доброволната, но и присилната наплата на побарување, договорното регулирање на исплаќањето на паричните побарувања, како и облиците на меѓусебно намирување. Посебен осврт ќе биде направен на каматните побарувања и сите аспекти поврзани со казнената камата. При тоа, детално ќе бидат објаснати сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и пресуди, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на исполнувањето и наплатата на паричните обврски. Предавачи: - Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари - Викторија Спасовска, правен консултант и предавач на обуки Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29.3.2019 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВАТА НА РАБОТНОТО МЕСТО (ABSENCE MANAGEMENT)

Студиите покажуваат дека доколку работниците имаат континуирана потреба да отсуствуваат од работното место, време е за организациски промени во системот на организацијата. Овој семинар има за цел да сподели нови сознанија, методи и алатки за намалување на директните трошоци од апсентизмот во компаниите и подобрување на квалитетот на работниот процес. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно се вклучени во процесите на менаџирање на човечките ресурси, но и на заштитата при работа и правните сектори. Исто така, семинарот се препорачува и за сопствениците и менаџерите на малите и средни претпријатија кои немаа јасно разграничена функција на управување со човечките ресурси. Семинарот особено ја потенцира потребата за правна доедукација во односната проблематика, особено поради честите недоразбирања, погрешните толкувања, а со тоа и примена на правната регулатива во контекст на апсентизмот. Последен рок за пријавување: 26.3.2019 година.

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 1 март 2019, Бр. 385

БИЗНИС ИНФО

33

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Хановер, од 1-4 април 2019 година

БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

За време на одржувањето на Саемот во Хановер, СР Германија, ќе се одржат Денови на деловна и технолошка соработка, од 1 до 4 април 2019 година. Целта на организацијата на Enterprise Europe Network Македонија и Стопанската комора на Македонија е да го зголемите Вашиот бизнис со европски проекти за истражување и развој. Овој меѓународен брокерски настан е место каде што иновативните компании за дигитална економија и истражувачките институции можат да најдат партнери за технолошки и истражувачки кооперации или деловни партнерства на однапред организирани средби. Главниот фокус на настанот е: - индустрија 4.0 и Smart Factory решенија; - енергетски ефикасни технологии за производство; - одржлива енергија и мобилност; - алатки за мерење. Редовната цена е 119 евра, а Бесплатно за компаниите кои ќе се регистрираат до 1 март 2019 година. Регистрацијата за состаноците е можна до 17 март 2019 година, а до 24 март 2019 година може да се потврдат барањата за средба. Искористете ја Вашата шанса да иновирате! Стекнете нови можности и конкурентни предности преку истражување и развој и технолошка и деловна соработка.

Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244090 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


34

БИЗНИС ИНФО

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019 Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи Контакт: Белинда Миновска и огради

Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 Компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

35


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 1 март 2019, Бр. 385

T

15

36

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.