Бизнис ИНФО, број 309

Page 1

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

Број 309

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

01.6.017

ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ОБЕМНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА РАЗВОЈНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ И МОЖНОСТИТЕ ЗА ИЗВОЗНА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА МЕТАЛНАТА, МАШИНСКАТА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈАТА


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ОБЕМНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА РАЗВОЈНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ И МОЖНОСТИТЕ ЗА ИЗВОЗНА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА МЕТАЛНАТА, МАШИНСКАТА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈАТА „Анализа на развојниот производствен потенцијал и можности за извозна диверзификација на металната, машинската и електроиндустријата“, од авторите д-р Дарко Лазаров и д-р Митко Кочовски е изработена на иницијатива на Здружението на металургија согласно определбата на Стопанската комора на Македонија за делување базирано на издржани научно-истражувачки анализи со нивна нагласена апликативност и настапување пред надлежните институции со барања поткрепени со научни студии и анализи.


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Проектот, којшто претставува продолжување на претходната опсежна студија која имаше за цел да ја проучи улогата на металната индустрија во производната структура на македонската економија преку квантифицирање на нејзиното директно, и уште повеќе индиректно учество во основните економски параметри (креирање на БДП на земјата, извозот, вработеноста) ги согледува и ги анализира развојните можности на металната и металопреработувачката индустрија во насока на динамизирање на извозната диверзификација на земјата и структурни промени (насочување на економијата од производство и извоз на производи со понизок степен на финализација кон производи со повисока додадена вредност), истакна претседателот на Здружението на металургија и еден од авторите на анализата д-р Митко Кочовски. Според современата економска наука, токму извозната диверзификација и промените во производната и извозната структура се фундаментални процеси за забрзување на економскиот раст во мала отворена економија, како што е тоа случај со Република Македонија, посочи Д-р Дарко Лазаров во презентацијата на оваа научно апликативна анализа. Следствено на тоа, може да констатираме дека лошите економски резултати и ниските стапки на економски раст што македонската економија ги бележи во целиот изминат период во голема мера се детерминирани од лошите извозни перформанси гледано низ призмата на извозната структура на земјата. Постојат три причини кои го објаснуваат овој неповолен тренд: прво, неповолната наследена производна структура на економијата; второ, недостигот на претприемачки способности на реалниот сектор; и трето, отсуство на развојна економска стратегија на земјата и недоволен институционален капацитет во спроведување на индустриски политики кои ќе бидат насочени кон поттикнување на извозната конкуретност и поддршка на оние индустрии кои имаат реални можности за градење на компаративни предности во услови на


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА глобалната конкуренција. Како што истакнаа авторите во својата презентација, најпрвин беа анализирани извозните перформанси и извозната структура на македонската економија со посебен фокус на металната, машинската и електро-индустријата како значајни индустрии за нашата економија. Резултатите укажуваат дека и покрај значителниот пораст на вредноста на извозот од 1.56 милијарди долари во 1995 година, на 5.22 милијарди долари во 2015 година (или во релативен износ како учество во БДП од 33% во 1996 година на 48.5% во 2015 година), бројот на производи што земјата ги извезува со компаративна предност е намален од 696 производи во 1995 на 460 во 2015 година. Истражувањата покажуваат дека металната и електроиндустријата согласно постојната производна структура имаат реален потенцијал да изградат компаративни предности за извозна диверзификација во производи кои се карактеризираат со средно ниво на технолошка софистицираност. Студијата не само што е научно поддржана, туку има и значајна апликативна димензија и истата нуди сет на индустриски политики во насока на редифинирање на курсот на досегашните економски политики, посебно во делот на вертикалните индустриски политики, истакна д-р Митко Кочовски. Во следниот период се планира да се отвори една стручна расправа и дебата со цел истите да се конкретизираат и потоа институционално да се канализираат до креаторите на економските политики во Република Македонија. На крај, тој ја истакна и регионалната димензија на Анализата, која е оценета како доста податлива од аспект на дефинирање на мерките и политиките за реиндустријализацијата, како особено важна и актуелна тема во Регионот. Зорица Мешкова


БИЗНИС ИНФО

6

СОРАБОТКА

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПРЕЗЕНТИРАНА ШВАЈЦАРСКАТА СТРАТЕГИЈАТА ЗА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ 2017-2020 ГОДИНА На приемот организиран на 31.5.2017 година од Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија, а по повод 25-годишнината од интензивната соработка помеѓу двете земји, беше презентирана Стратегијата за соработка со Македонија за периодот 2017-2020 година. Главна цел во наведениот период е поддршката на Македонија во процесот на реформите и во исполнувањето на европските стандарди со цел да изгради социјална инклузивна демократија и пазарна економија, истовремено обезбедувајќи ефикасно управување со природните ресурси. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески со поранешниот и со актуелниот министер за финансии, Кирил Миноски и Драган Тевдовски Од 1992 година Швајцарија ги поддржува процесите на политичката, социјалната и економската транзиција во Македонија. Оваа соработка се темели врз швајцарската традиција на солидарност и одговорност и ја отсликува важноста што им ја посветува


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

7

СОРАБОТКА Швајцарија на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан. Денес, Швајцарија е меѓу најголемите билатерални партнери во соработката со Македонија.

Стопанската комора на Македонија во наредниот период интензивно ќе соработува со Амбасадата на Швајцарија во делот на профилирање на кадри согласно барањата на бизнис секторот, подобрување на образовните програми, особено во средното стручно образование, како и воведување на дуалниот модел на образование во Македонија. Швајцарската Стратегија за соработка со Македонија во периодот 2017-2020 година е фокусирана на следните приоритетни области: - демократско владеење; - вработување и економски развој; - инфраструктура и животна средина. За реализација на Стратегијата за соработка со Македонија од Владата на Швајцарија за наведениот период се одобрени 76 милиони швајцарски франци. Одделение за информирање


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

ПОСТИГНУВАЊАТА И ПЕРСПЕКТИВИТЕ ВО РАМКИТЕ НА БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС - САМИТОТ ВО ТРСТ – МОЖНОСТ ЗА ПОГОЛЕМА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Во рамките на редовните активности на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ ЗБ), Стопанската комора на Србија беше домаќин на Регионалната тркалезна маса: „Берлински процес – постигнувања и перспективи“, на којашто главниот фокус беше ставен на потребата за зголемување на регионалната соработка, поврзување на деловните заедници и постепено придвижување во процесот на европска интеграција на целиот регион (30 мај 2017 година). На Тркалезната маса учествуваше и висока бизнис делегација од Македонија, предводена од Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. -Не поминува ниту една недела без да биде организирана барем една заедничка активност на коморите, дали е тоа форум, саем, деловни средби, конференции или други форми на средби кои се во насока на поврзување на компаниите од регионот, истакна претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, презентирајќи ги досегашните активности на коморите- членки на Коморскиот инвестициски форум


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

9

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

(стопанските комори на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Хрватска, Македонија, Србија и Словенија) кој е еден од проектите на Берлинскиот процес. Од почетокот на работата на КИФ покренати се голем број иницијативи, предложени се проекти со кои ќе се подобри бизнис климата, како што е Дигиталната платформа на коморите, која ќе ги обедини сите информации и услуги од коморите, потоа интернационализација на КИФ со чија помош малите и средни претпријатија полесно ќе зачекорат на странските пазари, потоа Иновациската и истражувачка развојна платформа, која ќе послужи за поврзување на науката и бизнисот, како и Проектот за дуално образование, со кој во земјите од регионот би се разрешил проблемот на неусогласеност меѓу образовниот систем и пазарот на трудот. Како што наведе претседателот Чадеж, се очекува на претстојниот Самит за Западен Балкан во Трст, заедничките активности на коморите да се заокружат со отворање на канцеларија на постојан секретаријат на КИФ, кој ќе биде главна поддршка на бизнис заедницата во регионот, а канцеларијата ќе биде задолжена за реализација на заеднички проекти. -Самитот во Трст кој ќе се одвива во рамките на Берлинскиот процес треба да донесе напредок во јакнење на регионалната соработка, посебно во областа на транспортната инфраструктура и поврзување со Европската унија, потенцираше заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, господинот


БИЗНИС ИНФО

10

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ Ивица Дачиќ. -Економскиот потенцијал во регионот се’ уште не е целосно искористен, стопанствата не се во доволна мера поврзани и интегрирани на глобалните пазари и ако на Берлинскиот процес може да се гледа како на германски производ кој има австриска доработка, француско пакување, со Самитот во Трст треба да се очекува да добие и убав италијански вкус, кој ќе донесе конкретни економски ефекти и проекти од кои бенефит ќе имаат стопанствата во целиот регион, подвлече Дачиќ. -За Германија и натаму е стратешко прашањето за натамошно интегрирање на регионот во ЕУ, но не само од политички туку уште повеќе од економски аспект. Германија е најзначаен надворешно-трговски партнер на земјите од Западен Балкан и еден од позначајните инвеститори во регионот. Но не е доволно да се развива и унапредува соработката со партнерите само во Унијата, потребни се поголеми ангажмани за развој на партнерствата и во самиот регион. Затоа исклучително важно е вклучувањето во проекти кои ќе овозможат поголема поврзаност во регионот, а воедно и во насока на подигнување на нивото на инвестиции, конкурентност, слободно движење на работната сила, што како проекти би добиле поддршка од Регионалниот совет за соработка и Европската комисија, истакна германскиот амбасадор во Србија, Аксел Дитман. -Во Трст ќе се усвои пакет на инфраструктурни проекти од областа на транспортот и енергетиката, а приоритет ќе се даде и на деловниот форум кој италијанските домаќини ќе го организираат за бројни компании, посебно за малите и средни компании кои се кичмата на регионот, се надоврза италијанскиот амбасадор Ѓузепе Манцо. -За да се дојде до економска интеграција потребни се хармонизирани и унифицирани практики и процедури во регионот. Еден од приоритетите треба да биде и образованието и наместо во привлекувањето на инвеститорите да се фалиме дека имаме евтина работна сила, потребно е да имаме добро образована и квалификувана сила, за што се потребни структурни реформи во целиот регион, заклучи Сафет Ѓерѓалиу, претседател на Стопанската комора на Косово. Претседателите на стопанските комори од регионот, на Тркалезната маса ги дефинираа и ги усогласија заедничките приоритети за настап на Самитот во Трст, што ќе се одржи на 12 јули оваа година. На маргините на оваа тркалезна маса, беше организирана и 3-та германска иницијатива за пронаоѓање добавувачи од Западен Балкан, на која 140 компании од регионот кои работат во областа на металната и електроиндустријата имаа можност да остварат директни средби со 25 потенцијални партнери од Германија. Билјана Пеева-Ѓуриќ


bsi.

FS 549642

те ај

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

11

ар

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ISO 9001

Quality Management

Н

БИЗНИС ИНФО

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


12

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

13


БИЗНИС ИНФО

14

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

6 јуни 2017 година (вторник) 9:30-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

Несомнено е дека со развојот на технологијата се развиваат и разни софтвери кои помагаат

при анализа на разни податоци особено од сферата на финансиите. Но, сепак употребата на Excel како алатка за анализа на разни податоци се` уште е општо прифатлива алатка за сите менаџери на финансии. Поради големите очекувања од финансиските менаџери истите треба да имаат големи аналитички алатки. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 6 јуни 2017 година го организира еднодневниот семинар: ФИНАНСКИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL.

Excel е една од најважните алатки што треба да ја поседува еден финансиски менаџер. Со

доброто познавање на Excel финансиските менаџери ќе бидат во можност да создаваат модели, да го менаџираат ризикот, да ја зголемат тимската работа и комуникацијата во одделот. ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ:

Целта на семинарот е на практичен начин да се развиваат аналитичките вештини на

финансиските менаџери, со што ќе придонесат за донесување на побрзи и поефективни одлуки. Правилното толкување на финансиските извештаи ќе доведе до реални информации за трошоците и нивното влијание во секојдневното работење, што ќе придонесе за планирање и буџетирање на финансиските средства за наредниот период, обезбедување финансиски средства за тековно работење или дополнително инвестирање.

Предавач:

Вејсел Сарач, консултант и тренер од областа на финансии. Дипломиран менаџер на

Факултетот за деловна администрација при Истанбулскиот универзитет. Директор за сметководство во градежната компанија „Лимак“ – Скопје, која е дел од Групацијата „ Limak Holding A.Ş.“ од Турција.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на ДАНОЦИ И ЦАРИНА

12.06.2017 Инфо сесија Хотел “Романтик“ - Велес

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ДАНОЦИ И ЦАРИНА. Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) иЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии воимплементирањето на самите закони. Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на даноци и царини, ќе се одржи на 12 јуни 2017 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Романтик“ – Велес. Предавач на информативниот настан од областа на царинската регулатива ќе биде Ленка Петковска, која работи во областа на царинската законската регулатива од 1990 година, и како правник вработена во Министерството за финансии на Република Македонија, учествувала во изработката и донесувањето на сите акти во областа на законите за царина, правилници и подзаконски акти, почнувајќи од изработка, носење и имплементација на првиот Закон за царина во 1993 година и во изработка и носење на сите следни законски акти. Како претставник на Министерството за финансии, учествува во комисии и меѓуминистерски работни групи во текот на изработка на важечкиот царински закон, Законот за царинска тарифа и други прописи од областа на царинската регулатива. Од областа на даноците предавач ќе биде Славко Лазовски, кој целиот работен стажго поминал работејќи на полето на даноците, започнувајќи како општински даночен инспектор, па републички инспектор, началник на Републичкиот финансиски инспекторат до советник на неколкумина министри за финансии. По пензионирањето, како раководител на Одделението за ДДВ во Министерството за финансии, активно работи во Центарот за даночна политика (еден од основачите) и во Здружението на финансиските работници од локалната самоуправа, каде им стои на располагање на општинските даночни администрации за консултации. Потесни специјалности: ДДВ, даночна постапка и локални даноци. Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 8 јуни 2017 година (четврток), со регистрирање директно на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSftTQcGWLacq R2Hr-aNM8fC1PyjLYcEisuAUH8oKdC8F2BXgw/viewform?usp=sf_link .


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

07.06.2017 Конференција Стопанска комора на Македонија

„АКТУЕЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ОД ОБЛАСТА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА“

Во рамките на Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, беа одржани вкупно 18 информативни настани во 11 градови во Република Македонија, на три клучни теми: 1. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот; 2. Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективните договори 3. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на даночната и царинската политика. Информативните настани имаа за цел да ги информираат микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија и да им дадат насоки за полесно имплементирање на законската регулатива преку детектирање на проблемите и промените кои произлегуваат од соодветните регулативи, како и јакнење на јавно-приватниот дијалог во насока на донесување на подобра бизнис-регулатива. Приоритетни сектори на овој четиригодишен проект се: земјоделие, текстил, градежништво, ИКТтехнологии и туризам. Проектот на УСАИД го реализираат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, консултантска куќа од Скопје како имплементациски партнер на УСАИД-Проектот. Согледувајќи ја моменталната состојба на микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија, проектот на УСАИД организира Конференција на тема: „ АКТУЕЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ОД ОБЛАСТА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА “, што ќе се одржи на 7 јуни 2017 година во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат со почеток од 10:30-14:30 часот. Предавачи на Конференцијата ќе бидат: м-р Славјанка Пејчиновска- Андонова, инж. за животна средина; Снежана Петковска, предавач од областа на работните односи; Славко Лазовски, предавач од областа на даноците и даночната политика и Ленка Петковска, предавач од областа на царините и царинската политика. На настанот е предвидено и присуство на претставници од канцеларијата на УСАИД во Република Македонија, Холандската амбасада, Владата на Република Македонија, ресорните министерства, државните агенции и бироа, инспекциските служби, како и на претставници на организации. Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 6 jуни 2017 година (вторник) на е-адресата: ivana@mchamber.mk, тел: 02/3 244-051


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули (електронски јавни набавки, дигитално потпишување, е-аукции/ конечна цена), тендерско досие, модул на завршени постапки

14 јуни 2017 година (среда) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Согласно задолжителното спроведување на електронските јавни набавки предвидени со Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15) и тоа: - во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и - во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година, како и фактот дека голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) - регистрација, поставување на прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ и слично. Имајќи предвид дека голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување и слично, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: Успешно подготвување на електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули (електронски јавни набавки, дигитално потпишуавање, е-аукции/конечна цена), тендерско досие, модул за завршени постапки. Семинарот ќе се реализира на 14 јуни 2017 година (среда), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. На семинарот за сите учесници ќе биде обезбеден водичот: „Е-ЈАВНИ НАБАВКИ: ПОДГОТВИ СЕ!“ во кој на едноставен начин се објаснети сите модули, чекори и алатки за правилно користење на ЕСЈН (електронски систем за јавни набавки), учеството на електронски јавни набавки, сите предизвици во врска со е-набавките во РМ и најчестите грешки при учество со електронска понуда, електронско потпишување, невалиди сертификати, електронски банкарски гаранции итн. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

18

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

21


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото

Украина Валидно до: 31.07.2017 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

Украина

Украина Валидно до: 31.08.2017 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

Валидно до: 02.06.2017 Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Украина Валидно до: 30.06.2017 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

Пакистан

Украина

Валидно до: 31.10.2017 Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат пресуван под висок притисок и е компанија која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата

Валидно до: 31.05.2017 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

23

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина

Кина

Валидно до: 10.07.2017 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Валидно до: 30.06.2017 Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.

Пакистан Валидно до: 10.07.2017 Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Кина

Кина

Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.

Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 25.06.2017 Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.