Бизнис ИНФО, број 355

Page 1

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

Број 355 345

БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

1

FS 549642

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 01.06.2018

КОМПАНИИТЕ СО БАРАЊЕ ДА СЕ ОДЛОЖИ ПРИМЕНАТА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИФТОВИТЕ СЕ` ДО НОСЕЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ ПРОЦЕДУРИ

КАКОВ РАЗВОЕН МОДЕЛ И` Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА?


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

3

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА

МАКЕДОНИЈА ЈА ДОБИ ПРВАТА ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА МОНОКРИСТАЛНИ И ПОЛИКРИСТАЛНИ ФОТОВОЛТАИЧНИ СОЛАРНИ МОДУЛИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ТЕРМАЛНИ МОДУЛИ На 23.5.2018 година, во присуство на голем број гости, владини претставници и голем број стопанственици, во кругот на фабриката „Раде Кончар“ започна со производство фирмата „ПИКСЕЛЛ ГРУП“, која ќе произведува монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули и фотоволтаични термални модули. Ова е прва фабрика отворена од ваков тип во Македонија и во регионот, со производствен капацитет од 20 MW монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули годишно. Преку партнерство со водечки добавувачи на опрема, „ПИКСЕЛЛ ГРУП“ разви интегриран бизнис модел базиран на најсовремена технологија и производствени машини.

Производството од ќелија до финален соларен модул и` овозможува на компанијата да ги примени највисоките стандарди и најновите методи на работа заради производство и испорака на висококвалитетни производи со гарантирани перформанси и конкурентни цени. Најсовремената комплетно автоматизирана производствена линија, знаењето и соработката со експерти и институции од областа на соларната енергија овозможува постојано унапредување на производствениот процес и воведување нови производи во производното портфолио на фирмата.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА Фирмата ќе произведува фотоволтаични соларни модули од PiK-серијата, која ги задоволува потребите на клиентите и тоа: • поликристални модули: o 270 W + 3% позитивна толеранција; o 320 W + 3% позитивна толеранција; • монокристални модули: o 280 W + 3% позитивна толеранција; o 350 W + 3% позитивна толеранција.

Во соработка со компанијата „СОЛАР-ЕТ“, лидер во производството и иновацијата на термални сончеви колектори, „ПИКСЕЛЛ ГРУП“ ќе произведува најсовремени фотоволтаични термални модули, кои покрај примарната цел - греење вода на сончева енергија, истите ќе произведуваат и електрична енергија, што овозможува исклучителна ефикасност во искористувањето на сончевата енергија. Перо Авакумовски


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА

КОМПАНИИТЕ СО БАРАЊЕ ДА СЕ ОДЛОЖИ ПРИМЕНАТА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИФТОВИТЕ СЕ` ДО НОСЕЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ ПРОЦЕДУРИ Групацијата за лифтови и Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија, бараат повторно да се одложи примената на Правилникот за користење на лифтовите се` до носење на техничките процедури. Компаниите не можат да ги исполнат условите од Правилникот за лифтови кои предвидуваат вградување дополнителни уреди вредни минимум 5.000 евра и технички се речиси неизводливи. Поради тоа, членките на двете групации бараат средба со Владата на РМ за повторно одложување на Правилникот, информираше на денешната прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Условите што ги наметнува Правилникот важат за сите лифтови без исклучок и за новите и за постојните вградени пред повеќе децении. Тоа е всушност и најголемиот проблем бидејќи кај постарите лифтови има проблем од техничка неможност да се имплементираат одредени барања од постојниот Правилник како што е ставката од членот 68 од Правилникот согласно која се бара поставување уред за заштита од неконтролирани движења на кабината нагоре. Вака дефинираната регулатива, иако базирана на европските стандарди, не се почитува во целост и во дел од земјитечленки на Европската унија.


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА АРБИТРАЖА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ Ако оваа обврска се примени, ќе значи голема инвестиција или трошок од минимум 5.000 евра што ќе биде на товар на станарите, односно сопствениците на лифтови, посочи Димче Поповски, претседател на Групацијата за лифтови при Комората, потенцирајќи дека ако, се изземе оваа ставка од Правилникот и не се примени, нема да дојде до нарушување на функционалноста и безбедноста на лифтовите. Поповски информираше дека Правилникот треба да се одложи и да се работи на негова измена бидејќи во изминатите 9 години колку што е во функција, детектирани се и други пропусти, како и слабости во повеќе сегменти, вклучувајќи го и сервисирањето. До 2019 година сите лифтови треба да се адаптирани на Правилникот, што е невозможно, бидејќи инвестициите за примена на членовите од истиот чинат од најмалку 5.000 до 10.000 евра, без кои секако функционалноста и безбедноста на лифтовите нема да се наруши, напомена Поповски. Групацијата за лифтови од 2009 година бара и лиценцирање на компаниите за лифтови, но досега, нема исход од ваквото барање. Во исто време, Правилникот за користење на лифтовите им прави проблеми во функционирањето и на лиценцираните управители, бидејќи тие во своето работење мора да почитуваат два спротивни закона - Законот за домување и Законот за техничка инспекција кои еден со друг се некомпатибилни, посочи Васе Самараков, претседател на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија. Тие секојдневно, во комуникација со граѓаните - корисници и сопственици на лифтовите, се соочуваат со предизвик од аспект на потребата за вложување во техничката исправност на лифтовите согласно законските прописи. За граѓаните е проблем спроведување на законските услови во целост, пред се` во услови кога станува збор за функционални лифтови, а притоа се прават инвестиции со кои треба да се задоволи регулативата која предвидува високи стандарди согласно ЕУ-прописите. Даниела Михајловска Василевска


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС ЗДРУЖЕНИЈА НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ИКАПАЦИТЕТ ГРУПАЦИИ НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА АРМАТУРНИ МРЕЖИ ВО ОБИД ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ СО НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, Секторската работна група, составена од фирми - производители на арматурни мрежи, одржа работен состанок со претставници на Царинската управа на Македонија и Државниот пазарен инспекторат. Целта на состанокот е надминување на проблемите во работењето во овој сектор и спречување на нелојалната конкуренција. Претседателот на Секторската работна група за арматурни мрежи, Игор Манчески, го истакна проблемот со увозот на неквалитетна арматурна мрежа од Косово, која на македонскиот пазар се продава по дампинг цени , со што македонските фирми трпат загуби и се принудени фирмите да ги стават во мирување или минимално да произведуваат. Надминувањето на проблемот го гледаат во подобрување на постапката за царинење, каде ќе се земат предвид

регионалните цени на репроматеријалите, со што ќе се изврши поправедно царинење, низ транспарентна царинска постапка која нема да го наруши пазарниот принцип, а при тоа ќе го зголеми квалитетот на производите кои се користат во Р. Македонија. Претставникот на Царинската управа истакна дека процедурата која се спроведува при царинење на овој производ е транспарентна и користи податоци од светски берзи, каде се проверува веродостојноста на паричните износи наведени во фактурите. Производите што се увезуваат се проследени со разни сертификати за квалитет кои се издадени од акредитирани тела.


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ Државниот пазарен инспекторат постапувајќи по барањето, веќе неколку дена е на терен, и извештаите говорат дека увезената стока ги има сите потребни сертификати за квалитет и безбедност, кои се неопходни за употреба на производите во Р. Македонија.

Присутните се согласија дека Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат треба да спроведат координирани акции, при што ќе се воочат пропустите при увозот на овој производ на нашиот пазар, со што би го решиле овој голем проблем за домашните производители. Перо Авакумовски


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

9

СТАВ

КАКОВ РАЗВОЕН МОДЕЛ И` Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА? Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија Во состојба каде апсорпциониот капацитет на националните економии е лимитиран првенствено од малиот број жители, како и од степенот на економски развој, подобрувањето на економската состојба на земјата треба да се темели на континуирано зголемување на извозот. Зголемениот извоз непосредно има позитивно влијание врз намалување на невработеноста, а преку тоа влијае и на намалување на социјалните тензии во земјата. Сепак, во регионален контекст на отворени економии, извозот зависи од конкурентноста и понудата на производи и услуги. Користењето на новите технолошки достигнувања во производствениот процес дополнително ја зголемуваат конкурентноста на економијата и ја подобруваат трговската позиција на земјата. Македонската економија е зависна од увозот и од штедењето, со висока изложеност на надворешни фактори на ризик и без значајни конкурентски предности. Според рангирањето на Светскиот економски форум, Македонија и скоро три децении по осамостојувањето е рангирана на долната скала од земјите со повисок среден доход, односно во групата на земји кои имаат БДП по жител од 4.036 САД долари до 12.236 САД долари. Постигнатиот економски раст, со неговата структура, односно со структурните дисбаланси кои ги има, не ги обезбедува основните претпоставки за забрзан и стабилен одржлив развој. Една од причините е негативната просечна годишна стапка на БДП од - 0,8% во деценискиот период од 1990-2000 година, како и недоволно динамичниот економски раст со стапка од 2,9% во следните 16 години, во периодот од 2000 до 2016 година, посебно поради заостанувањето во текот на деведесеттите години и


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

ИНВЕСТИЦИИ СТАВ изгубениот потенцијален БДП во периодот од 1990-2000 година. Друга причина е структурата на растот. Просечната стапка на раст на бруто-додадената вредност на услугите, односно 1,65% просечен годишен раст во период 1990 – 2016, условија учеството на бруто-додадената вредност на услугите во формирањето на БДП континуирано да расте, за во 2016 година да достигне 38,4% од бруто-додадената вредност во БДП. Од наведените податоци може да се заклучи тренд на деиндустријализација на економијата, односно промена на пазарната состојба од производствена кон услужна дејност изразена како процент од БДП. Освен тоа, дополнителен податок кон оваа теза е и фактот дека учеството на бруто-додадената вредност на реалниот сектор во формирањето на БДП од над 27% во 1990 година, се намали на 17,3% во 2000 година, за дополнително да се намали на 12,9% во 2016 година. Со други зборови, услугите беа главните компоненти на економскиот раст во услови кога заостанувањето на растот на производството и на бруто додадената вредност на разменливите добра, го ограничи растот на извозот и супституираше дел од домашната понуда на внатрешниот пазар со понудата од увоз. Имајќи ја предвид претходно наведената ситуација, неминовни се промени во моделот на развој преточени преку конкретни економски политики. Зголемувањето на конкурентноста на македонските компании, несомнено е главниот предизвик и приоритет на економската политика, при што растот на конкурентноста на приватниот сектор треба да се бара во рамките на друг развоен модел на малите економии. Развојната политика мора да се концентрира на решавање на темелните структурни проблеми, во кои основен приоритет е индустријализацијата. Во однос на македонскиот модел во наредниот период земјата мора да се насочи кон развојот на реалната економија, да се врати на моделот на индустриско стопанство, со пристап кој подразбира динамичен раст на инвестициите, раст на обемот на индустриското производство и на продуктивноста. Потребно е да се обезбеди и висока стапка на раст на извозот на стоки и вработување во индустриските капацитети. На таков начин ќе се создаде многу поатрактивен инвестиционен амбиент за вложувања во преработувачката индустрија. Сепак, за вакви структурни реформи неопходен е подолг временски период, но краткорочно, потребно е да се преземат мерки кои ќе го запрат падот на економските активности и ќе создадат предуслови за неодложни структурни и системски реформи, со цел обезбедување на макроекономската стабилност.

Покрај останатите мерки, приоритетно е решавањето на неликвидноста на економските оператори, зајакнување на финансиската дисциплина, создавање услови за посилна


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС кредитна активност кон стопанството, зголемување на инвестициите во инфраструктурата и во производството наменето за извоз, намалување на трошоците на стопанисување преку укинување на непотребни административни процедури, укинување или намалување на одредени неданочни и парафискални давачки, елиминирање на „сивата“ економија и евидентирање на средствата во легалните текови, како и зголемување на транспарентноста и ефикасноста на јавните набавки. Долгорочната цел треба да биде постигнување на годишната стапка на раст проценета околу 4,5%, во услови на макроекономска стабилност, односно ниска и стабилна инфлација, одржливост на фискалната и платнобилансната позиција, стабилност на финансискиот пазар и на пазарот на трудот. За остварување на оваа цел, неопходна е консолидација на јавните финансии, односно намалување на јавната потрошувачка на ниво од околу 35% од БДП, како и промени на структурата на јавните расходи. Освен тоа, нужна е реформа на јавниот сектор, а особено во пензискиот систем, системот за здравствено осигурување, како и деполитизација и професионално управување во јавните претпријатија. Од особена важност е комплементирање на регулативата и изградба на инфраструктура за јавно-приватно партнерство и концесии, со оглед на ниската ефикасност, застарена и неразвиена инфраструктура, ниската продуктивност на јавните претпријатија и јавните комунални претпријатија, а со цел да се создадат услови за ефикасно инвестирање во јавниот сектор. И, секако, неизбежна е реформа на пазарот на труд, преку реформа на образованието и негово ставање во функција на потребите на работодавачите.


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА

СВЕЧЕНО ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ЦАРИНСКИОТ ТЕРМИНАЛ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ На 30.5.2018 година, на пригодна свеченост, во присуство на претставници на Владата на Република Македонија, на бизнис заедницата и претставници на меѓународни институции во земјата, официјално е пуштен во употреба царинскиот терминал на граничниот премин Табановце, финансиран со Проект на Европската унија за инвестиции во транспортната инфраструктура:„EU for YOU Transport Campaign“.

Свое обраќање на настанот имаа Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, Самуел Жбогар, амбасадор, шеф на Делегацијата на Европската унија, Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на РМ и Ѓоко Танасоски, генерален директор на Царинската управа на Република Македонија. Во своето обраќање директорот Танасоски нагласи дека токму овој настан е завршен дел од кампањата на Европската унија за придонесот кон подобрување на транспортот во нашата држава. Од тој аспект, една од целите на мисијата на Царинската унија е олеснување на трговијата помогната преку соодветно подобрување на инфраструктурата на граничните премини, развој на човечките ресурси и ИТ-капацитетите со примена на најсовремени стандарди. Т ој потенцира дека придобивките од овој инфраструктурен


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

13

РЕГИОНАЛНА ПРЕС НОВА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА проект, прв од ваков вид реализиран со поддршка од фондовите на ЕУ, кофинансиран од Владата на РМ, во кој како краен корисник учествува и Царинската управа на РМ, се видливи и директно влијаат врз превозот на патници и стоки преку границата и врз квалитетот на регионалната трговија. Во фазата на изготвување на овој проект особено се имаше предвид преку ново просторно решение да се зголеми пропусната моќ на преминот за стоковни пратки со изградба на две нови транспортни ленти за транспорт на стоки на излезната страна на граничниот премин, со што се овозможува забрзан проток на лесно расиплива стока. Се подобруваат услугите и условите за работа на царинските оператори и царинските службеници со изградба на посебна зграда со пропратни содржини, а овозможен е и посебен простор за селективен преглед на возила со едновремен преглед на 5 возила. Тој посебно ги нагласи и другите проекти за подобрување на стандардите во царинското работење, реализирани со поддршка на ЕУ-фондовите, а коишто се значајни за функционирањето на Царинската управа, меѓу кои компјутеризираниот транзитен систем на ЕУ, Проектот за усогласување на законодавството и постапките во врска со акцизите и др. На свеченоста, на амбасадорот Жбогар му беше врачена плакета за досегашната долгогодишна успешна деловна соработка. На крајот на официјалниот дел, беше реализирана обиколка на царинскиот терминал, со истовремено информирање за придобивките, подобрувањата и бонитетот од отворањето на терминалот, за царинскиот персонал и сл. Во името на Стопанската комора на Македонија, на настанот присуствуваше в.д. извршниот директор на Комората, Билјана Пеева-Ѓуриќ, со соработниците. Митко Митевски


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ФОРУМ

УЧЕСТВО НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА НА БИЗНИС ФОРУМОТ: „ФРАНЦИЈА БАЛКАН 2018“

Од 30 мај до 1 јуни 2018 година, десетчлена бизнис делегација од Стопанската комора на Македонија ќе земе учество на тридневниот Бизнис форум: „ФРАНЦИЈА - БАЛКАН 2018“, што ќе се одржи во Белград, Република Србија. Овогодинешниот Бизнис форум се организира во соработка со„Business France“ и со поддршка на Амбасадата на Република Франција во Македонија, со цел продлабочување и интензивирање на досегашната соработка меѓу компаниите од Западен Балкан и Република Франција од областа на агроиндустријата, инфраструктурата, енергетиката, со фокус на обновливите извори на енергија, информатичките технологии и автомобилската индустрија. Главниот фокус на овогодинешниот форум е претставување на можностите и финансиската поддршка коишто Европската унија преку Берлинскиот процес и заедничките фондови ги нуди на земјите од Западен Балкан за поттикнување на економската соработка, како и полесно пробивање и наоѓање партнери за соработка со земјите од Европската унија. На Бизнис форумот, покрај експерти, менаџери на големи светски корпорации, претставници од владиниот сектор и јавни институции, учество ќе земат и сопственици на големи производствени компании од Франција, присутни во земјите од Западен Балкан, како и стопанственици од 12-те земји - партнери на овогодинешниот Бизнис форум: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Хрватска, Македонија, Грција, Косово, Молдавија, Црна Гора, Романија и Србија. На денешната пленарна сесија на Бизнис форумот ќе се одржат панел дискусии на теми значителни за развојот на бизнис климата меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ. Експертите во своите области ќе одржат презентации на успешни бизнис приказни на француски компании на Балканот, а ќе се зборува и за финансиската помош и ресурси достапни за компаниите од регионот.


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА БИЗНИС ФОРУМ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА СЕСИЈА ПРЕС Во текот на утрешниот ден ќе бидат организирани 6 тркалезни маси со посебен акцент на агроиндустријата, автомобилската индустрија, инфраструктурата, енергетиката, информатичките технологии и дигитализацијата и можностите за инвестирање во земјите од Балканскиот регион. Компаниите - учеснички на овогодинешниот Бизнис форум, во наредните три дена ќе имаат можност да остварат билатерални средби со потенцијални бизнис партнери од Франција, од земјите од Западен Балкан и од Кипар. На билатералните средби посебен акцент ќе биде ставен на наоѓањето потенцијални партнери во делот на: дистрибуција на француски технологии/продукти/услуги на домашните пазари; набавка на нова опрема и технологии од Франција за подобрување на домашните капацитети; наоѓање француски партнери за заедничко аплицирање на тендери; наоѓање француски партнери за инвестирање во зголемување и проширување на производствени капацитети на Балканот; наоѓање потенцијални партнери за заеднички настап на трети пазари и др. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Франција за периодот јануари - март 2018 година изнесува 50,3 милиони САД$, што претставува раст од скоро 67,7% во однос на истиот период во 2017 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 15,9 милиони САД $ со раст од 93,4%, додека увозното салдо изнесува 34,36 милиони САД $ со раст од 57,6% споредено со истиот период во 2017 година. Заклучно со март 2018 година, евидентиран е дефицит на македонска страна од 18,4 милиони САД$, зголемен за 35,3% во споредба со истиот период во 2017 година. Вкупната трговска размена на Република Македонија со земјите од Западен Балкан за 2017 година изнесува 1,41 милијарди САД $ и учествува со 10,50 % во вкупниот обем на размената. Извозот на Република Македонија кон земјите од Западен Балкан изнесува вкупно 666,1 милиони САД $ или вкупно учество од 11,75 %. Увозот на Република Македонија од земјите на Западен Балкан изнесува 140,45 милиони САД долари или 9,6%. Во вкупната трговска размена со земјите од Западен Балкан, Република Македонија бележи дефицит од 74,3 милиони САД $ кој се должи главно на дефицитот во трговската размена со Р. Србија од 304,8 милиони САД $. Со останатите земји од Западен Балкан, Република Македонија бележи константен суфицит. Вкупниот дефицит во трговската размена на Република Македонија со земјите од Западен Балкан изнесува 3,63 % од вкупниот трговски дефицит на Република Македонија со светот. м-р Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

ПОСЕТИ

МИНИСТЕРКАТА БЕЗ РЕСОР ВО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЗАДОЛЖЕНА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ, ЗОРИЦА АПОСТОЛСКА, ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА На 30.5.2018 година, министерката без ресор во Владата на Република Македонија, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, ја посети Општина Битола, каде оствари средба со градоначалничката м-р Наташа Петровска, како и со претставници од Регионалната комора со седиште во Битола.

На средбата, на која се разговараше за можноста за привлекување странски инвестиции, градоначалничката Петровска ја запозна министерката Апостолска со можностите коишто ги нуди Општина Битола за странските инвеститори, од аспект на градежни парцели и инфраструктура, во Индустриската зона „Жабени”, но и во останатиот дел, во поранешниот индустриски дел на градот. Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, изјави дека поводот за средбата е донесувањето на новиот закон за финансиска поддршка на инвестирања, да се споделат деталите околу можностите за финансирање,


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

17

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСЕТИ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС

финансиските субвенции коишто е подготвена Владата да ги дава, односно да ги субвенционира компаниите и во детали да се даде можност на компаниите за соодветни појаснувања на определени прашања. Тимот на министерката претстави дел од мерките кои ги нуди Владата на Република Македонија пред претставниците и членовите на Регионалната комора со седиште во Битола од првиот и вториот столб за финансиска поддршка на инвестиции, со посебен акцент на соработката на домашните и странските компании. М-р Никола Димковски


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА

Одржана 16-та информативна сесија во Кавадарци за унапредување на регулативата и начинот на спроведување надзор над пазарот - ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, се одржа информативна сесија на тема: „Јавно-приватен дијалог за унапредување на регулативата и начинот на спроведување надзор над пазарот“, на 31.5.2018 година, во Кавадарци.

Пред присутните се обрати м-р Ивана Крстевска од Стопанската комора на Македонија, која ги поздрави присутните и ги претстави активности од Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива во Македонија“ каде пет клучни сектори се детално опфатени преку анализите на законската регулатива и тоа во секторите: земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам. Исто така, таа посочи дека оваа информативна сесија претставува исклучителна можност за малите, микро и средните компании, да ги истакнат проблемите со кои секојдневно се соочуваат и истите детално да продолжат да ги дискутираат и решаваат заедно со компаниите и експертите за да им се помогне на компаниите во решавањето на конкретните прашања поврзани со регулативата.


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

19

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФОРМАТИВНА КОНФЕРЕНЦИЈА СЕСИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ ПРЕС Предавач на овој информативен настан беше м-р Кирил Миноски, консултант со 19-годишно меѓународно искуство во креирање политики, развој на институционалниот капацитет, развој на приватниот сектор, управување со промени и проектен менаџмент. Во првиот дел од сесијата, беше даден краток осврт на тековната состојба на законската рамка којашто го регулира работењето на Државниот пазарен инспекторат, законските надлежности, како и начинот на вршење на инспекциски надзор. Беше даден осврт на постојната состојба во поглед на регулативата којашто го одредува делокругот на работа на Државниот пазарен инспекторат, како еден од носечките инспекциски органи со надлежности во поглед на контролата на трговијата, угостителството и туризмот, безбедноста на производите, заштитата на потрошувачките права и правата од интелектуална сопственост, за подоцна низ дискусија со приватниот сектор и низ процес на јавно приватен дијалог да се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат поефикасна контрола над пазарот и воедно креирање на предвидливо деловно опкружување за компаниите.

Во вториот дел од сесијата експертот даде краток осврт на предлозите и конкретните мерки за подобрување на регулативата и начинот на спроведување на надзорот над пазарот. Свое обраќање имаше и Павлина Димовска, правен консултант од ,„Епицентар“, главен имплементациски партнер на Проектот на УСАИД, која ги поттикна присутните на дискусија со цел компаниите да ги истакнат секојдневните проблеми кои им претставуваат пречка при работење.


20

БИЗНИС ИНФО

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА На настанот присуствуваа околу 20 учесници од повеќе сектори и тоа: трговија, транспорт, производство на вода и пијалоци, угостителство, текстил, едукативен центар, производство на мебел, ланец на супермаркети, винарија, сметководство, производство на цевки, откуп на овошје и од мелничко преработувачката индустрија. Овој информативен настан претставуваше одлична можност да се согледаат проблемите на компаниите за да се направат напори за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во наредните години во кои ќе се спроведува Проектот за да се олесни работењето на микро, малите и средните компании. Исто така, беа отворени и нови теми и прашања, кои ќе бидат дополнително разработени од тимот на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, со цел да се придонесе кон подобрување на законската регулатива во Македонија. Организирањето на овие информативни сесии е веќе започнато и досега беа одржани 15 информативни сесии од вкупно 20 предвидени за 2018 година, на теми поврзани со: животната средина, работни односи, јавни набавки, земјоделие, лиценци за угостителска дејност, пазарна инспекција и даноци и царина. Предавачи на сесиите беа истакнати експерти во наведените области, кои преку презентации ги објаснија законските регулативи на овие теми и поттикнаа дискусии со цел идните конкретни предлози да бидат дополнително разработени од страна на коморите и доставени како предлог-документи до Владата на Република Македонија. Имплементирањето на законите и јакнењето на јавно-приватниот дијалог за донесување подобра бизнис-регулатива ќе бидат главните приоритети на овој четиригодишен Проект предводен од четирите стопански комори во Македонија и тоа: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Тања Мицева


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

21

ар Н

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ФОРУМ

РЕАЛНИ БИЗНИС ЗДЕЛКИ И МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА НА НИВО НА КОМПАНИИ НО И НА ДРЖАВНО НИВО ЗА МАКЕДОНИЈА, ВЕТУВА ВТОРИОТ ДЕН ОД РЕГИОНАЛНИОТ БИЗНИС ФОРУМ СО ФРАНЦИЈА ВО БЕЛГРАД Под мотото „Запознај го својот иден партнер од Франција и Балканот“, продолжува тридневниот бизнис форум „Франција - Балкан 2018“, кој се одржува во Белград. Активностите во текот на вториот ден се фокусирани на одржување на 6 тркалезни маси на теми од агробизнисот, автомобилскиот сектор, инфраструктурата, енергијата,

дигитализацијата. Во текот на попладневните часови вчера беа претставени можностите и финансиската поддршка коишто ЕУ преку Берлинскиот процес и заедничките фондови ги нуди на земјите од Западен Балкан за поттикнување на економската соработка, како и полесно пробивање и наоѓање партнери за соработка со земјите од Унијата. Од исклучително значење е панел-дискусијата за деловното окружување и потенцијалите на Балканот за зголемување на соработката директно со Франција и индиректно преку Франција со трети земји, каде се дебатира како да се искористат добрите конекции и веќе воспоставената бизнис соработка на Србија и Франција во насока на стимулирање поголема трговска размена и инвестициски вложувања на целиот регион со една од најзначајните европски земји - Франција.


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

23

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА БИЗНИС ФОРУМ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА СЕСИЈА ПРЕС Македонските компании - учесници на Форумот, како дел од четириесетчлената делегација, одржаа серија билатерални средби со потенцијални партнери од регионот и директно со француските компании присутни на настанот, на којшто присуствуваат над 400 компании од 12 држави. Ова е прв ваков голем настан на кој француските компании изразуваат сериозен интерес за соработка во регионот, вклучително и за соработка со компании од Македонија. Покрај Германија, како наш најголем бизнис партнер, економскиот форум претставува одлична можност за потенцијални бизнис активности и со партнери од Франција во делот на дистрибуција на француски технологии, продукти, услуги на домашните пазари, набавка на нова опрема и технологии од Франција за подобрување на капацитетите, наоѓање француски партнери за заедничко аплицирање на тендери, како и за инвестирање во зголемување и проширување на производствените капацитети на Балканот. Се отвора можност и за регионално поврзување и потенцијално партнерство

за заеднички настап на трети пазари. За значењето на Франција како бизнис партнер, пред се` на Србија, но и за регионот, како што истакна Ана Брнабиќ, претседател на Владата на Србија, на отворањето на Бизнис форумот, говори податокот дека француските компании од 2010 година до 2018 година имаат вложено повеќе од 800 милиони евра во Србија, а вработуваат 11.000 лица. Вкупната трговска размена на Србија и Франција во 2017 година е над една милијарда евра со раст од 12 проценти на годишно ниво.


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ФОРУМ За споредба, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Франција за периодот јануари - март 2018 година изнесува 50,3 милиони САД долари, што претставува раст од скоро 67,7% во однос на истиот период во 2017 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 15,9 милиони САД долари со раст од 93,4%, додека увозното салдо изнесува 34,36 милиони САД долари со раст од 57,6% споредено со истиот период во 2017 година. Заклучно со март 2018 година, евидентиран е дефицит на македонска страна од 18,4 милиони САД долари, зголемен за 35,3% во споредба со истиот период во 2017 година. Вкупната трговска размена на Република Македонија со земјите од Западен Балкан за 2017 година изнесува 1,41 милијарди САД долари и учествува со 10,50 % во вкупниот обем на размената. Извозот на Република Македонија

кон земјите од Западен Балкан изнесува вкупно 666,1 милиони САД долари или вкупно учество од 11,75 %. Увозот на Република Македонија од земјите на Западен Балкан изнесува 140,45 милиони САД долари или 9,6%. Во вкупната трговска размена со земјите од Западен Балкан, Република Македонија бележи дефицит од 74,3 милиони САД долари кој се должи главно на дефицитот во трговската размена со Р. Србија од 304,8 милиони САД долари. Со останатите земји од Западен Балкан, Република Македонија бележи константен суфицит. Вкупниот дефицит во трговската размена на Република Македонија со земјите од Западен Балкан изнесува 3,63 % од вкупниот трговски дефицит на Република Македонија со светот. Даниела Михајловска Василевска


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

25

ПОСЕТИ

Амбасадорот на Шри Ланка Н.Е. Карунасена Хетиарачи во посета на Стопанската комора на Македонија На 31 мај 2018 година Стопанската комора на Македонија ја посети амбасадорот на Демократската Социјалистичка Република Шри Ланка со седиште во Сојузна Република Германија, задолжен за Република Македонија, Република Црна Гора и Швајцарската Конфедерација, Н.Е. Карунасена Хетиарачи.

Работната средба во Стопанската комора на Македонија беше во рамките на неговата тридневната посета на земјава, по повод предавањето на акредитивните писма на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов. За подобрување на економската соработка меѓу двете земји, со гостинот разговараа Јадранка Аризанковска, виш советник и м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија. На состанокот беа разгледани можностите за иницирање соработка меѓу двете земји. На гостинот му беа презентирани поволните услови за инвестирање во земјава во слободните индустриски зони како и можностите за соработка меѓу двете земји во различни сектори и индустрии, како што се: земјоделието, прехранбената, текстилната, фармацевтската, градежната индустрија и во туризмот.


26

БИЗНИС ИНФО

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

ПОСЕТИ Амбасадорот Хетиарачи истакна дека економијата на Шри Ланка е голема и има огромен потенцијал за извозно ориентираните компании од Македонија како и за локалните компании од Шри Ланка кои имаат интерес за инвестирање во Република Македонија, имајќи ја предвид можноста за извоз на производите во земјите од Блискиот исток, МАГРЕБ, Азија со кои Шри Ланка има воспоставено долгогодишна соработка и склучено договори за билатерална соработка во повеќе сектори. Можности за соработка постојат особено за малите и средните македонски фирми и тоа во агро - индустријата и прехранбениот сектор, текстилната индустрија, туризмот, како и формирање на конзорциуми за заедничко аплицирање на државни тендери помеѓу компании од Шри Ланака и Македонија.

Амбасадорот додаде дека во минатото Шри Ланка имала одлични трговски релации со Југославија. Тој смета дека е потребно билатералната соработка повторно да се развие, што ќе донесе позитивни економски резултати и на двете земји. Од тие причини во наредниот период потребно е да се работи на организирање посети на бизнисделегации од двете земји, при што деловните луѓе би имале можност да се запознаат, да разменат искуства и да се договорат за соработка. м-р Сања Николова


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

27

ПОСЕТИ

ПОСЕТА НА АМБАСАДОРКАТА НА ЈАПОНИЈА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА ОД ШТИП И НА КОМПАНИЈАТА БАРГАЛА На 31 мај 2018 година Амбасадорката на Република Јапонија во Република Македонија Н.Е. Кеико Ханеда имаше работен состанок со претседателот на Регионалната комора од Штип при Стопанската комора на Македонија, господин Наум Барзов. На средбата се разговараше за можностите за зголемување на соработката и трговската размена

помеѓу двете земји. Претседателот Барзов истакна дека досега соработката со Јапонија е многу мала, но се надева дека по денешната посета ќе се иницираат бизнис форуми и Б2Б средби помеѓу компании од двете земји, со што трговската размена значително би се зголемила. Исто така, г-ѓа Ханеда изрази добра воља за свој ангажман при вмрежувањето на јапонски со македонски компании, како и посредување за посета и обука на претставници од Регионалната комора од Штип во Јапонија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Јапонија во периодот јануари - март 2018 година достигна вредност од 29,7 милиони САД $, што претставува раст од 38,57% во однос на претходната 2017 година во истиот период.


28

БИЗНИС ИНФО

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

ПОСЕТИ При тоа, остварен е извоз во вредност од 70 илјади САД $ или пад од 47,79%, додека увозното салдо изнесува 29,7 милиони САД $ или зголемување од 39,12% споредено со истиот период од 2017 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговското салдо од 29,6 милиони САД $. Јапонија е 27-ми трговски партнер на Р. Македонија во периодот јануари - март 2018 година. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Јапонија во 2017 година достигна вредност од 104,8 милиони САД $, што претставува раст од 35,84% во однос на 2016 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 639 илјади САД $ или намалување од 8,87%, додека увозното салдо изнесува 104,1 милиони САД $ или раст од 36,26% споредено со 2016 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 103,5 милиони САД $. Јапонија е 26-ти трговски партнер на Република Македонија во 2017 година. Според податоците на Народната банка на Република Македонија во периодот до 2017 година директни странски инвестиции од Јапонија во нашата земја се бележат само во 2016 година од 1,4 милиони евра. По состанокот со претседателот Барзов, Амбасадорката Ханеда ја посети компанијата Баргала од Штип, кадешто беше запознаена со производниот процес и со капацитетите со коишто располага оваа реномирана компанија. Моника Стоичева


БИЗНИС ИНФО

D CE ON IA

M

A

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME

29


30

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

31


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

12-15 јуни 2018 година, Хановер, Германија

МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ИНФОРМАТИЧКОКОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ “CEBIT”

Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија информира дека на Саемот за телекомуникаци, информатичкокомуникациски и интернет услуги “CeBIT”, во Хановер, Германија, ќе се одржат бизнис средби „Future Match 2018“ од 12-15 јуни 2018 година. Во рамките на Саемот ,,CeBIT’’ ќе се организираат: изложба, конференција и фестивал, што опфаќа дигитализација на бизнисот, администрацијата и општеството. Паралелно со изложбата, во организација на Европската мрежа на претпријатија, ќе се случуваат и бизнис разговори „CeBIT 2018“. Повеќе информации на: https://futurematch2018.b2match.io/ Зошто да учествувате на деловните средби? -Запознајте се со најновите информации за ИКТ-трендовите и иновациите. -Промовирајте ги вашите производи, технологија и знаење. -Најдете решенија за вашите ИТ-проблеми. -Најдете нови партнери. -Најдете нови клиенти и креирајте нови партнерства со деловните партнери. -Разговарајте за нови идеи за проекти.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11 јуни 2018 година (понеделник) 15:00ч - 17:00ч Стопанска комора на Македонија

„ТРИЛАТЕРАЛЕН ДИЈАЛОГ ЗА КАНАДСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ОДРЖЛИВО РУДАРСТВО“

Со цел да се пренесат позитивните практики и стандарди за одржливо рударство од развиените земјите, понатамошен развој на рударските проекти за взаемна корист на сите заинтересирани страни и постигнување отворен дијалог во однос на правниот аспект во процесот на донесување одлуки, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Канада во Р. Србија задолжена за Р. Македонија и Македонската асоцијација на рударството (МАР), ве покануваат да земете учество на претстојната Конференција на тема: „Трилатерален дијалог за канадските стандарди за одржливо рударство“. Конференцијата ќе се одржи на 11 јуни 2018 година (понеделник), со почеток во 15:00 часот, во просториите на Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да го пријават своето учество со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 8.6.2018 година.

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

11-15 јуни 2018 година Мадрид, Шпанија

САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

Стопанската комора на Македонија, Ве поканува да земете учество на 19. Меѓународен саем за градско планирање, уредување и градска чистота, кој ќе се одржи во периодот од 11 до 15 јуни 2018 година во Мадрид, Шпанија. Истиот за првпат ги соединува најголемите саеми од секторот и тоа: Форумот за одржливи решенија за животната средина – Меѓународен саем за рециклирање, Меѓународниот саем за урбанизација, градско планирање и животна средина и Трговскиот саем за хигиена и чистота. Во рамките на саемските активности, ќе бидат организирани и работни средби со раководни лица од градски комунални претпријатија од Мадрид со цел размена на искуства и споделување добри практики. За реализација на програмата потребно е минимум 10 лица. Последен рок за пријавување е 30 мај 2018 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19-21.6.2018 ГОДИНА, Сараево, БиХ

Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

Зошто да учествувате? Учеството е бесплатно и вклучува: -персонализиран распоред за состаноци (однапред подготвени 20-минутни состаноци); -информативен пакет обезбеден на денот на настанот; -деловна помош на партнерите на Enterprise Europe Network. Рокови: -18 јуни 2018 година: Онлајн-регистрација на учесниците - внесување на профилот за соработка на веб-страницата за настани: http://www.energa2018.talkb2b.net/ . -18 јуни 2018 година: избирање на интересни профили и резервација на деловни средби на веб-страницата за настани. -19 јуни 2018 година: бизнис средби.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.6.2018 година (вторник) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

Овој семинар е наменет за претставници од бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на корпоративни и маркетинг комуникации, односи со јавност и управување со социјални мрежи. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко и темелно разбирање за важноста, вредноста и функционалноста на современите односи со јавност во интеграција со социјалните мрежи, алатките на односите со јавност, механизмите и медиумите, како и моделите за успешни комуникации со таргетираната јавност. Учесниците ќе спознаат функционални модели за дигиталниот ПР, структура на содржина, визуелни приказни, развој на стратегија и временско усогласување на медиа планот со социјалните мрежи. Воедно, учесниците ќе добијат темплејти за маркетинг планирање, медиа планирање и пристап до сознанија за оптимално комбинирање на традиционални и дигитални медиуми. Предавач: Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односите со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханиби“’ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.6.2018 година (четврток) 9:30 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

На еднодневниот семинар учесниците ќе се стекнат со корисни информации, практики и решенија од современиот транспортен и логистички сектор. Ќе се запознаат со економската улога на транспортната и логистичката дејност, целите за ефективна испорака на транспортните услуги, со логистичките информациски системи (ЛИС), вештачката интелигенција и електронската размена на податоци (ЕДИ), практичните решенија на моделите точно на време (JIT) и точно на место (JIP). Предавачи: -Проф. д-р Ристе Темјановски, редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Транспортната проблематика е постојано во фокусот на неговата академска сфера на истражување. -м-р Влатко Бежоски, управител на филијалата на компанијата „Quehenberger Logistics“ во Скопје.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании

Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.


Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

БИЗНИС ИНФО

39

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 01 Јуни 2018, Бр. 355

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.