Бизнис ИНФО, број 338

Page 1

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

Број 338

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

02.02.2018

АЗЕСКИ ВО ТРСТ: ЗАЕДНИЧКАТА СОРАБОТКА МОЖЕ ДА НИ ДОНЕСЕ ПОГОЛЕМ РАСТ

СОСТОЈБИТЕ ВО РУДАРСТВОТО И ВЛИЈАНИЕТО НА ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ


2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА РУДАРСТВОТО (МАР) - СОСТОЈБИТЕ ВО РУДАРСТВОТО И ВЛИЈАНИЕТО НА ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ Претседателот на Македонската асоцијација на рударството (МАР), Николајчо Николов, на прес-конференцијата одржана на 29.01.2018 година, говореше за одредбите кои се вградени во Предлогот за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, поднесен од група пратеници во Собранието на Република Македонија. Тој истакна дека искуството зборува секогаш кога имаме набрзина донесување на измени и дополнувања на Законот за минерални суровини, секогаш имало лоши последици во неговата имплементација. Во овој текст на Законот се вградени одредби кои придонесуваат за ограничување на примена на хемиски реагенси во рударството. Впечаток е дека како да се врши организирано влијание врз рударскиот сектор, со што ќе се придонесе рударскиот сектор да работи полошо во наредниот период.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Индустриското производство во секторот рударство и вадење камен за периодот јануари – ноември 2017 година има намалување од 2,2% споредено со истиот период од 2016 година. Ако ги разгледаме податоците одделно, кај вадењето руди на метал има опаѓање од 3,8%, а додека кај вадењето други руди и камен има мало зголемување од 1,3%. Кај производството на други неметални минерални производи има зголемување на 12,7%, што како податок говори дека експлоатацијата на минералните суровини има голем придонес во производството. Во вкупната структурата на индустриското производство, учеството на рударството изнесува околу 9,14% и преработувачкиот сектор изнесува околу 5,4%, или вкупно близу 15%. Производство на руди на метали и други неметални минерални производи

Извоз – увоз


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Меѓу другото, Николов го истакна и следното: -Рударството е една од најзначајните индустриски гранки во Република Македонија. Има значаен удел во структурата на индустриското производство (околу 10%) и е еден од најголемите нето извозници (над 180 милиони САД долари годишно). -Во целокупната домашна рударска индустрија заедно со преработката на неметалите, вработени се 12.6500 лица, а просечната нето-плата во секторот вадење руди на метал надминува и над 30.000 денари, што е за 25% повисока од просечно исплатената плата во стопанството. -Покрај за државата, рудниците се значајни и за локалниот економски развој, затоа што над 3/4 од средствата од концесискиот надоместок што го плаќаат рудниците се наменети за општините каде се наоѓаат. Може да се каже дека функционирањето на одредени општини, па дури и региони во земјава е зависно од работата на рудниците на нивна територија и уплатата на концесискиот надоместок. -Државата досега има доделено 13 концесии за експлоатација на метали. Вкупната површината на овие концесии учествува само со 0,52% во вкупната површина на нашата земја. Останатите доделени 313 концесии се за неметални минерални суровини, а 49 концесии се за води. -Согласно важечката законска регулатива, ниту еден од постојните и новопроектираните рудници не можат да функционираат доколку не поседуваат соодветна еколошка дозвола, најчесто А – интегрирана дозвола. На таков начин, тие се обврзани да ги почитуваат најстрогите норми за заштита на животната средина кои ги предвидува домашното законодавство, но и на Европската унија и подлежат на ригорозни контроли од страна на надлежните институции. Покрај домашната регулатива која гарантира постојан мониторинг и работење согласно највисоките стандарди за заштита на животната средина, рударската индустрија во Македонија во своето работење имплементира највисоки светски стандарди, со што обезбедува ефикасност, заштита на животната средина и здравје и безбедност на своите вработени. Работењето на рудниците е под постојан мониторинг на независни акредитирани лаборатории кои гарантираат за високите стандарди што се применуваат во Македонија, со што рударската индустрија од земјава воопшто не заостанува зад светските трендови. Истовремено, рударската индустрија во Македонија и нејзината дејност се темели на наука базирана на факти и докази, а примената на сите методи и


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ефектите од истите се јасно и прецизно дефинирани. Соработката на сите рудници во Македонија со Рударско-металуршкиот факултет од Штип, којшто има повеќе од 50-годишна традиција, се одвива во континуитет. Експерти од Факултетот, како и од другите научни институции во земјава и странство, се постојано вклучени во изготвувањето на различни студии во насока на натамошно унапредување на стандардите и примена на најновите научни достигнувања од областа. Решенијата во новиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, предложени во Собранието на Република Македонија, од група пратеници, во скратена постапка и без консултации со експертите и индустријата, не само што ќе значат мораториум за отворање нови рудници, туку со сигурност ќе доведат до затворање на сите постојни рудници во земјава и ќе предизвикаат долгорочна криза со несогледливи последици за целата домашна индустрија. Господинот Максим Прохоров, од Рудникот„Саса“ од Македонска Каменица, истакна дека од решенијата предложени во текстот на овој закон произлегуваат неколку факти, и тоа: - со предложените законски измени, меѓу другото, се предвидува забрана за „примена на цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанции во текот на геолошки истражувања, експлоатација и преработка на минерални суровини“. Во текот на технолошкиот процес во сите рудници во светот, па и во Македонија, се применуваат одреден број материјали кои согласно регулативата и во А - интегрираните еколошки дозволи се категоризираат во групата „опасни супстанции“. На пример, во оваа група спаѓаат и моторното масло и други масла за подмачкување на машините. Доколку сите вакви „опасни супстанции“ бидат забранети за употреба во рударската индустрија, како што се предлага со овие измени и дополнувања, тогаш тоа ќе значи целосна блокада на работењето на сите рудници, вклучувајќи ги и оние, на пример, за јаглен кои се неопходни во производство на електрична енергија. - Освен тоа, во предложените измени на Законот не се земени предвид фактите за користење на цијаниди и сулфурна киселина во многу други индустриски гранки, вклучувајќи ги прехранбената индустрија, металургијата, фармацијата, хемиската индустрија, како и во земјоделството и сточарството во Македонија. Имено, цијанидите наоѓаат примена во процесот на галванизација на металите; при производство на нитропрусидни соли и витамин Б12 во фармакологијата; при


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА производство на најлон (хемиската индустрија); за додатоци во храната Е5З5, Е5З6, Е5З8, антикалцинирани додатоци во солта за јадење (прехранбената индустрија); како средство (пестициди) за заштита на растенијата во земјоделството и др. Сулфурната киселина се применува во производство на минерално ѓубриво во земјоделството); како електролит во акумулаторите од олово (автомобилската индустрија); за добивање различни минерални киселини и соли; во прехранбената индустрија - регистрирана е како додаток во храната Е513 емулгатор; за да се обнови смолата во филтрите при производство на дестилирана вода; во производство на хемиски влакна, бои, димни и експлозивни материи; во нафтената, металната, текстилната, кожната и други гранки од индустријата и др. Во светот се произведува и се употребува околу 200 милиони тони сулфурна киселина годишно. Ако се земе предвид намерата за забрана на сите„опасни супстанции“ во рударската индустрија, а како такви се и многуте општо употребувани масла и подмачкувачи, нафтени деривати и сл., тогаш логично е оваа забрана да важи и за останатите стопански гранки во Македонија за да се избегне дискриминација на правата на определена група на субјекти која е забранета со Уставот на Република Македонија. Ако се озакони забраната за употреба на т.н.„опасни супстанции“, предвидени со овој предлог-закон, тоа во рударската индустрија ќе придонесе да не може да се произведе конечен производ. Во таков случај, преземените взаемни обврски на страните во концесискиот договор нема да бидат испочитувани и таквиот договор треба да се раскине, а тоа ќе придонесе за затворање на рудникот, прекин на извозот, укинување на работните места и плаќањата кон државниот буџет. Во таков случај концесионерите ќе имаат право на надомест за загубите, кои во овој момент може да се проценат во износ од една до три милијарди американски долари. На тој начин, тврдењето дека донесувањето на предложениот предог-закон нема да има никакви финансиски последици за државата е сосема неточно. Сите законски решенија што се носат во Македонија во оваа област треба да овозможат натамошен развој на рударската индустрија, модернизација и нови инвестиции, што ќе значи нови работни места, зголемен извоз и подобрување на домашната економија. Марија Петроска


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА: ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“ На 30 јануари 2018 година во Стопанската комора на Македонија, реномираната групација „ГГЕ“ од Словенија, одржа презентација на тема: Проекти за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на оперативните трошоци по моделот на „ESCO“. Групацијата „ГГЕ“ е водечка компанија во регионот во делот на енергетиката, којашто на компаниите им служи како бизнис партнер и консултант во делот на имплементацијата и изведувањето проекти за енергетика со намалени трошоци. Пристапот на „ГГЕ“ вклучува проценка на потенцијалните заштеди, дизајнирање енергетски решенија и реализација и финансирање на овие инвестиции, чиј краен ефект е намалување на потрошувачката на енергија и на трошоците за истата. Групацијата„ГГЕ“ нуди широк спектар на решенија со иновативен модел на соработка


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕЗЕНТАЦИИ со таканаречениот „ESCO“ модел (Energy Service Company), којшто нуди решенија за имплементација и финансирање на проект за енергетска ефикасност. Партнерството помеѓу клиентот и компанијата „ГГЕ“ којашто го користи „ЕSCO“ моделот му овозможува на клиентот да ја подобри енергетската ефикасност на објектите и постројките без да ги троши сопствените средства или да користи кредитни поволности. Моделот „ESCO“ значи испорака на енергетски услуги со загарантиран исход, односно: 1. компанијата „ГГЕ“ целосно врши енергетска контрола на капацитетите на компаниите, предлага решенија, имплементира, работи и одржува, но што е најважно, обезбедува финансирање за да можат компаниите да се фокусираат на својата основна дејност; 2. „ГГЕ“ во целост го презема развојот, имплементацијата и финансирањето на инвестицијата. На клиентот не му е потребен сопствен фонд за да инвестира во зголемување на енергетската ефикасност; сите активности при инвестирањето се финансираат од остварените заштеди на компанијата којашто го имплементира моделот; и 3. заштедите на енергија и оперативните трошоци постепено се вршат врз основа на гаранциите утврдени во договорот. Сите ризици од имплементацијата се пренесуваат на „ГГЕ“. На презентацијата присуствуваа повеќе од 40-тина претставници од 30 македонски компании од хемиската, кондиторската, млечната, конзервната индустрија, како и претставници на хотели и сместувачки капацитети и бањи. м-р Сања Николова


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС СРЕДБИ

АЗЕСКИ ВО ТРСТ: ЗАЕДНИЧКАТА СОРАБОТКА МОЖЕ ДА НИ ДОНЕСЕ ПОГОЛЕМ РАСТ Можноста да се искористат економските предности на заедничкиот пат кон ЕУ на државите од Западен Балкан ќе биде една од стратешките определби на Коморскиот инвестициски форум (КИФ). Ова беше дел од заклучоците од состанокот на КИФ, кој се одржува во просториите на Генералниот секретаријат на КИФ во Трст (29 - 30 јануари 2018 година). Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и член на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) посочи дека значаен потенцијал за зголемување на ефикасноста лежи во подоброто вмрежување на локалните индустрии, со цел произведување на поконкурентни производи за локалните, но и за европските пазари. За да се ослободи овој потенцијал, економиите на Западен Балкан треба да го скратат времето и да ги намалат трошоците за функционирање во прекуграничните синџири на снабдување. Ако тоа се постигне, компаниите од Западен Балкан ќе имаат повеќе прилики меѓусебно да се поврзуваат и да создаваат конкурентни синџири на снабдување кои ќе создаваат поконкурентни производи. Оваа зајакната економска поврзаност може да биде конститутивен елемент на идното интегрирање на економиите на државите од Западен Балкан на европските пазари.


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС СРЕДБИ

БИЗНИС ИНФО

11

СОРАБОТКА

- Тоа треба да биде една од главните цели која треба да се постигне во Регионалната економска област. Резултатите ќе се мерат по конкретните ефекти што ќе се постигнат, што директно ќе влијаат на нашите фирми - скратување на времето што го поминуваат на граница нашите камиони кога извезуваат во странство, намалување на бројот на документи што им се потребни при тоа, проширување на бројот на мали или средни претпријатија кои станале дел од синџирот на снабдување на големите мултинационални компании- само таквите ефекти може да придонесат за поголем раст, - истакна Азески.

Економската интеграција на регионот, кон која треба да придонесат активностите на Коморскиот инвестициски форум, може да придонесе за значително зголемување на економскиот раст на државите од регионот. Имено, податоците на ММФ и Светската банка покажуваат дека растот во регионот, доколку би се имплементирале мерките за регионална економска интеграција, би изнесувал над 4% годишно, во периодот 20182022 година, што би резултирало со поголем номинален БДП регионално, за 15-17 милијарди евра, со тенденција за раст и по 2022 година. Во рамките на состанокот беше одржана и заедничка средба на претставници на компаниите со националните координатори за Регионалната економска област, именувани во кабинетите на премиерите во државите од Западен Балкан. Заедничката средба беше искористена за дискусија околу заедничките предизвици и можности за компаниите за унапредување на соработката, но и за можните решенија кои може да ги применат носителите на политиките, но и бизнис-заедницата.


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС СОРАБОТКА СРЕДБИ На овој дел од состанокот учество зема и г-ѓа Алма Буниќ, како претставник на „Алкалоид“ АД - Скопје. Претставниците на бизнис-заедницата ги посочија практичните проблеми со кои секојдневно се среќаваат при тргувањето преку граници - примери за производи што престанале да ги извезуваат затоа што камионите на границите стоеле подолго отколку што е рокот на траење на тие производи, или обврската ако се поминуваат четири граници да треба да се вадат различни сертификати или техничка документација за секоја граница одделно. На претставниците од јавниот сектор им беше пренесена пораката дека е потребно да се престане да се зборува за проблемите и да се започне да се работи на нивното надминување, и тоа што побрзо, затоа што на бизнисот му е потребна брзина и прецизност. На состанокот се дискутираше и за подготовката на онлајн инвестициската платформа, која ја подготвува КИФ, која ќе има за цел да го промовира регионот како инвестициска дестинација, како и сите поволности кои се нудат. Инвестициската платформа ќе биде официјално промовирана на Самитот за Западен Балкан на ЕБРД, кој ќе се одржи следниот месец во Лондон. д-р Татјана Штерјова


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

УНИКАТНА БИЗНИС МОЖНОСТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ОБЛАСТА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА

Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 31.01.2018 година, расправаше за претстојниот Дигитален самит што ќе се одржи во Скопје, на 18 и 19 април 2018 година. Ова ќе биде Самит на кој ќе се сретнат политичарите и бизнис заедницата од регионот на Западен Балкан, со цел да се разговара за процесот на дигитализација во регионот, како и за поставување на целите во иднина, а од кои влијае и целокупниот економски развиток.


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Во рамките на Самитот ќе стане збор за досегашното ниво на дигитализација во стопанството во рамките на регионот, а ќе се предложат и нови идеи со цел зголемување на дигитализацијата во секој апсект од општествениот живот, кои ќе вродат со зголемено темпо на усогласување со барањата на новото дигитално време, а со тоа ќе се услови зголемување на продуктивноста, поголема додадена вредност и развој на целокупната економија во земјите од Западен Балкан. Покрај редовните бизнис средби, ќе бидат претставени и идеи за вложување и развој на дигиталните вештини.

На седницата стана збор и за потребата од поголеми инвестиции во софтверски решенија, како и други опции за дигитализација, со што ќе се надминат одредени поодминати методи во економиите на Западен Балкан и ќе се заменат со најсовремени практични вештини каде истите ќе бидат од корист на регионалното стопанство. Игор Тасевски


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

15

КОНФЕРЕНЦИЈА

ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РАЗМЕНА НА ПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧЕЊЕ ЗА ОДРЖЛИВОСТ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА На 31 јануари 2018 година, во хотелот „Александар Палас“, во организација на Македонско-бугарската стопанска комора, се одржа Конференција на тема: „Иницијатива за размена на претприемничко учење за одржливост на угостителските мали и средни претпријатија“ (“The Entrepreneurial Learning Exchange Initiative for Sustainable Hospitality SMEs in the Balkan-Mediterranean Region (HELIX)”. Оваа иницијатива е покрената од 6 организации од Балканско-медитеранскиот регион и е насочена кон развој на балканско-медитеранската област (Балкан-мед).


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

КОНФЕРЕНЦИЈА Главна цел на иницијативата е да се зголеми компетентноста за одржлив бизнис и иновации особено меѓу малите и средни претпријатија во угостителскиот сектор на Балканот и Медитеранот, што би се постигнало преку развивање ефективни заедници за учење и пракса, алатки за учење и заеднички образовни понуди со цел зајакнување на секторските вештини за одржливост и усвојување технолошки и менаџерски иновации. Во своето обраќање, министерката без ресор во Владата на РМ, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, посочи дека воспоставувањето и обезбедувањето целосната инфраструктура е важен сегмент за развој на туризмот во регионот. - Приоритет на Владата е завршување на инфраструктурите проекти поврзани со коридорите 10 и 8, што секако ќе има свое влијание и на туристичкоугостителскиот сектор. Важно е да се подобри и образовната рамка преку воведување на дуалното образование кое преку зголемената практика може да има добар ефект врз подобрување на капацитетот на човечките ресурси во угостителството и зголемување на вработеноста, - додаде Апостолска. Таа исто така додаде дека за намалување на невработеноста во Македонија големо влијание ќе имаат и домашните и странските компании коишто во последниот период интензивно се интересираат за влегување на македонскиот пазар, и дека во скоро време ќе следи етаблирање на нови инвеститори со потпишување договори. Воедно, таа истакна дека инвестициската политика што сега ја промовира Владата е транспарентна и ги елиминира преговорите во четири очи и секој инвеститор однапред знае што може да очекува како поддршка од државата доколку исполни определени услови. Во своето излагање, Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, истакна дека политичката криза во Македонија траеше подолг период, што беше и еден од клучните фактори што имаше директно влијание и на економијата. Тој додаде дека, и покрај проблемите со коишто се` уште се соочуваме, македонската економија е исклучително жилава и одржливоста е на задоволително ниво. Тој се надева дека во иднина дуалното и неформалното образование ќе придонесат за зголемување на бројот на стручни и компетентни кадри на пазарот на труд во сите индустриски гранки во Македонија.


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

17

КОНФЕРЕНЦИЈА На тема: „Одржливост на угостителскиот сектор во Македонија“, Соња Бибановска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, истакна дека бизнис заедницата веќе подолг период наназад констатира серија слабости и проблеми во функционирањето на угостителската дејност. -Констатирано е дека угостителската индустрија се соочува со недостиг од кадар, постојниот образовен систем не ги дава очекуваните резултати. Како една од причините може да се идентификува недоволната флексибилност на формалниот образовен систем и неможноста во кратко време да одговори на пазарните потреби. Во состојба во која пазарните промени се чести и постојани, свој придонес во обезбедувањето кадар за туристичко-угостителскиот сектор треба да даде неформалното образование кое и покрај напорите се` уште не е комплетно функционално и недоволно е искористено од приватниот сектор, - додаде Бибановска. Во угостителско-туристичката дејност постои дефицит на стручни, обучени кадри од во секој сектор, не само во Република Македонија, туку и во целиот регион. Бибановска истакна дека современите и нови стандарди на занимања, потребно е во што покус можен рок да се стават во функција, што од друга страна ќе претставува континуиран процес на интегрирање на земјите од Балканот и Медитеранот со најновите европски програми. Во следниот период активностите треба да бидат насочени кон едукација и практична обука на постојниот и потенцијалниот кадар кој треба да ги креира и испорачува услугите во рамки на угостителскиот сектор. На тема: „Образовната понуда во туризмот, во делот на неформалното образование“, Горан Дамчевски, потпретседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, истакна дека неформалното образование со коешто се занимава во последните 10 години, им овозможува на вработените во угостителскиот сектор полесно да се надградат и да бидат компетентни на пазарот на труд. - Придобивките од неформалното образование се добредојдени за сите: државата ќе го намали бројот на невработени лица, со времено и постојано вработени стручни кадри во дадената област; на вработените и идните вработени за кратко време им се нуди можност да станат компетентни во својата област и на пазарот на трудот, а работодавачите ќе можат да ги искористат нивните потенцијали и да ја зголемат својата конкурентност, - истакна Дамчевски. м-р Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ГРУПАЦИИ

НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА - ПРЕДИЗВИК НА ГРУПАЦИЈАТА НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија, на 31.01.2018 година, одржа седница на којашто присуствуваа голем број фирми - инвеститори во обновливи извори на енергија. На седницата, која ја водеше претседателот на Групацијата, Тодор Анѓушев, се расправаше за подобрување на законската регулатива за градба на обновливи извори на енергија, како и за проблемите со кои се среќаваат при градба на истите. Претседателот информираше за активностите кои се преземени од страна на Групацијата по преговорите за измените на Правилникот за утврдување на надомест на штета на дистрибуираните производители на електрична енергија настанати поради намалена испорака или прекин во испорака настанати по вина на операторот на дистрибутивниот систем, кои


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

19

ГРУПАЦИИ се водат во Регулаторната комисија за енергетика. Се разви дискусија во врска со најавените Премиум тарифи за обновливите извори, кои кај членките на Групацијата предизвикуваат забуни, заради тоа што не е пропишан начинот и постапката по која тие премиуми ќе се доделуваат. Присутните ги истакнаа проблемите поврзани со измените во проектната документација, со што се одолговлекува изведувањето на постројките за обновливи извори, заради што треба да поминуваат повторно низ постапки за разни дозволи и сл.

Присутните заклучија дека решавање на проблемите во оваа област дава резултати само преку заеднички организирани настапувања пред институциите преку оваа Групација. Перо Авакумовски


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ПРОЕКТИ

ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ – ОДРЖАНА ТРЕТА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ВО КАВАДАРЦИ Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, на 1.02.2018 година, во хотелот „Фени“ во Кавадарци, се одржа третата информативна сесија на тема: „Законските прописи од областа на животната средина во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите“. Пред присутните се обрати Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, која ги поздрави учесниците и истакна дека целта на овие инфо-сесии е да ја доближат правната регулатива до компаниите на начин кој ќе овозможи размена на информации и простор за дијалог. Таа посочи дека во рамките на Проектот пет клучни сектори: земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива и дека оваа инфо-сесија претставува исклучителна можност да се слушнат проблемите на малите,


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

21

ПРОЕКТИ микро и средните претпријатија во овие области со цел да послужат како материјал за организирање други целни активности во рамките на Проектот . Предавач на информативниот настан беше м-р Славјанка Пејчиновска - Андонова, консултант за животна средина со повеќе од 15 години искуство во областа на животната средина, оценка на влијанието врз животната средина, стратегиска оценка на планови и програми врз животната средина, управување со отпад, води, емисии во воздух и квалитет на воздух, управување со хемикалии и длабински анализи во поглед на управувањето со животната средина, како и подготовка на апликации за ИСКЗ еколошки дозволи и нивни измени и обновување. М-р Пејчиновска - Андонова пред присутните компании ги појасни законските и подзаконските постапки, барања, услови и временски периоди на спроведување на постапките кои произлегуваат од законите за животна средина, за подобро бизнис опкружување. Со тоа ќе се обезбеди и заштита на здравјето на граѓаните, заштита на водите, воздухот, почвата, како и заштита на биодиверзитетот.


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ПРОЕКТИ На настанот присуствуваа околу 30-тина учесници од повеќе сектори и тоа: животна средина, градежништво, текстил, трговија, производство на електрична опрема, тутунска индустрија, кожарска индустрија, винарници, производство на вода и други безалкохолни пијалаци, угостителство, метална индустрија, автомобилска индустрија, трговија со овошје и зеленчук. Организирањето на овие информативни сесии е веќе отпочнато и досега беа одржани 3 информативни сесии од вкупно 20 за оваа година. На информативните сесиите ќе бидат опфатени следните теми: даноци, работни односи, пазарна инспекција, лиценци за угостителска дејност, земјоделство и животна средина. Предавачи ќе бидат истакнати експерти во наведените области, кои ќе ги доближат до учесниците законските регулативи на овие теми и ќе поттикнат дискусија. Предлозите од бизнис заедницата ќе бидат дополнително разработени и доставени до Владата на Република Македонија. Сите проектни активности ги спроведува „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија; Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија. Тања Мицева


bsi.

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

23

те ај

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач ар Н

БИЗНИС ИНФО

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


24

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

25


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

09.02.2018 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат

CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

Социјалните медиуми заземаат сè поголемо место во маркетинг комуникацијата на брендовите во светот, а вистинскиот пристап е тоа што ги издвојува најдобрите. Повеќе не е доволно еден бренд да е само достапен во електронска верзија (онлајн), денес е неопходно брендовите да имаат активна комуникација приспособена на потребите на пазарот и целната публика. Употребата на content marketing им дава на брендовите можност да ја ангажираат и да ја мотивираат целната публика на начин кој е релевантен за неа, притоа остварувајќи најдобри резултати од електронската комуникацијата. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 9 февруари 2018 година организира интерактивен семинар на тема: „CONTENT MARKETING – како да го добиете најдоброто од дигиталната комуникација?“, којшто се фокусира на теоретско и практично изучување на content marketing како метод на комуникација на дигиталните медиуми. Предавач: - Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација за дигитален маркетинг. Дујак има седумгодишно работно искуство како менаџер на дигитални операции во најголемата дигитална маркетинг агенција во Македонија, „Brand Union“. Краен рок за пријавување: 02 февруари 2018 година. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

14.02.2018 година (среда) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат

Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊАЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

Стопанската комора на Македонија, на ден 14.02.2018 година, во просториите на Комората организира еднодневен семинар нa тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА- ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА, чија цел ќе биде длабинска разработка на реализацијата на регресните побарувања. Притоа, во текот на разработката најпрво ќе дадеме една сублимирана дефиниција поимот регрес односно истиот ќе го извлечеме од сите законски одредби кои истиот го третираат, за да понатаму продолжиме со посочување на сите законски одреби кои го задираат реализирањето на правото на регрес. Имајќи го предвид ограниченото време, во текот на семинарот ќе се задржиме на најчесто присутните побарувања по основ на регрес во праксата на работењето на правните лица (согласно подолу утврдената програма). Притоа, во текот на семинарот ќе биде оставен простор за разработка и на останатите правни ситуации кои го задираат правото на регрес, а за која разработка би пројавиле интерес присутните слушатели Предавач: - М-р Тања Петковска адвокат од Скопје

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27 февруари - 1 март 2018 година Штутгарт, Германија

Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018

Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Германија – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали, што се организираат во рамките на Саемот „R + T 2018“ што ќе се одржи од 27 февруари - 1 март 2018 година, во Штутгарт, СР Германија. „R + T 2018“ е водечки светски саем за ролетни, врати, системи за заштита од сонце, противпожарни врати и опрема за безбедност. Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате најдоцна до 27 февруари 2018 година на следниот линк: https://www.b2match.eu/RT-2018. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија

Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија. Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27.02.2018 година (вторник) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Клучно за овој семинар се: учење, надградување на знаењето, реални примери и интерактивна комуникација на тема: • Управување со конфликти (хоризонтално и вертикално во компанијата); • Мерење перформанси (сектори/процеси) и конкретни совети за реално подобрување на работата; • Врска помеѓу мерењето перформанси и конфликт-менаџментот. Целна група Интерактивната работилница/обука е наменетa за раководители на продажба, на комерција, на набавка, на производство, на финансии, на човечки ресурси, раководител на правна служба, како и вработени во продажба, производство, набавка, финансии, односно сите главни процеси во компанијата, извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање, како и вработени чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на решавање на конфликти и подобрување на перформанси. Предавач: - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант (обука, консалтинг) во 20 земји со 22-годишно искуство и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.02.2018 година (среда) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Менаџерите ги планираат своите барања за човечки ресурси, исто онака како што ги планираат останатите ресурси, тие се обидуваат да се осигураат дека имаат доволен број на лица на вистинско место, во вистинско време во насока на реализација на стратешкиот план на организацијата. Користејќи го тој план, наменет за реализација на нивните цели, а притоа имајќи ги предвид сите финансиски и други пречки, како и промени во средината, систематски ги анализираат барањата за човечки ресурси. Предавач: - д-р Татјана Џокиќ, помошник раководител на сектор за нормативно правни работи во Министерството за транспорт и врски, доктор на науки со посебна специјализација во областа на стратегискиот менаџмент на човечки ресурси во државната администрација, автор на трудовите: „Нови правци во менаџментот на човечки ресурси“ и „Управување со знаењето во менаџментот на човечките ресурси“ – објавен во „Економија и Бизнис“. Во делокругот на своите квалификации, г-ѓа Џокиќ е и сертифициран координатор за управување со ризици ISO 9001:2008, Quality Management System –Requirements and ISO 19011:2011 Guidelines for Auditing Management System – Internal Auditor. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034

Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134 Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095

Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939


Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

БИЗНИС ИНФО

33

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632

Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921

Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 02 Февруари 2018, Бр. 338

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2017

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.